IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Кламидија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кламидија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 23:41




1. Што е кламидија/ начин на пренос?

- Тоа е една од најчестите ППИ предизвикана од бактеријата Chlamydia Trachomatis.
- Бактеријата може да се пренесе од една на друга особа преку сексуанни односи или преку орално-генитален контакт.
- Може да се пренесе и преку очи: доколку личноста дојде во контакт со
телесните течности кои ја содржат бактеријата, а потоа се допре за
своите или неговите очи, на тој начин може да се пренесе инфекцијата.
- Кламидијата исто така може да се пренесе од бремена жена на своето бебе за време на раѓањето.
- Не се пренесува преку пешкири, кваки на врати, или од тоалетни нужници.

2. Какви симптоми дава инфекција со Кламидија?

Кај жени:

- Најчесто повеќето девојки немаат никакви симптоми, тоа значи дека особата може да е инфицирана, а притоа да не знае за тоа.
- Кламидијата најпрво го напаѓа грлото на матката-цервиксот, како и
уретрата( каналот за мокрење). Кај некои инфицирани жени може да се
појават следниве симптоми:
- променет вагинален исцедок,
- чувство на печење при мокрење.

- Кога инфекцијата ќе се прошири од грлото на матката на
фалопиевите туби, кај некои жени нема да се појават никакви симптоми,
додека кај оние кај кои ќе се појават се јавуваат следниве:

- болка во долниот дел на стомакот или слабината,
- гадење,
- покачена температура,
- болка за време на сексуалниот однос,
- крварење помеѓу менструаниот циклус.

- Инфицирана бремена жена со вагинална кламидија ќе ја пренесе
инфекцијата на своето бебе за бреме на раѓањето, кое кај новороденчето
во 50% предизвикува коњуктивитис, а во 20% пневмонија.

Кај мажи:
Најчесто и кај мажите не дава никакви симптоми. Кај некои мажи може да се појави:
- исцедок од врвот на пенисот,
- чешање или чувство на горење околу пенисот,
- поретко и оток на тестисите.

Кламидијата може да доведе до појава на проктитис (инфекција на
слузницата која ја обложува слузницата на ректумот), при практикување
на анален секс.

Кламидијата исто така е најдена и во грлото кај мажи и жени кои имале орален секс со инфициран машки партнер.

Доколку се појават симптоми, тие обично се јавуваат 1 до 3 недели по контактот.

3. Како се дијагностицира кламидијата?


Постојат неколку типа на лабораториски теста за дијагностицирање на кламидијата. И тоа:
о Земање на брис од инфицираното место ( цервикс или пенис ), со што директно се докажува кламидијата.
о Друг тест е преку примерок од урина,
о Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).

4. Како се лекува инфекцијата со кламидијата?


- Кламидијата се лекува со антибиотици 1 до 2 недели.
-
Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат
никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
- Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.

5.Какви компликации може да настанат доколку не се лекува кламидијата?

Доколку не се лекува кај мажи
- типично предизвикува уретрална инфекција,
- која може да се прошири и да предизвика епидидимит (цефче кое служи да ја прене спермата од тестисите)
- покачена температура, болак
- СТЕРИЛИТЕТ
Кај жени
- најчесто ги напаѓа клетките на цервиксот,
- не лекувана може да се прошири на матката или на фалопиевите туби (канали кои ја пренесуваат јајце клетката) и
- предизвикува инфекција наречена пелвична воспалителна болест.
Ова се случува кај кај 40% од жените кои не се лекувале.

Пелвичната воспалителна болест може да доведе до:
- оштетување на фалопиевите туби,
- утерусот,
- како и ткивото кое ги опкружува јајчниците Оштетувањето доведува до:
- хронична пелвична болка,
- инфертилитет, како и
- ектопична бременост(бременост надвор од матката).

Кај бремени жени, постојат докази дека кламидијата може да доведе
до прерано породување. Бремените инфицирани жени со кламидијата за
време на пораѓајот ќе ја пренесат инфекцијата на новороденчето
предизвикувајќи пневмонија и коњуктивитис.

6. Како да се превенира инфекција со кламидија?

Апстиненцијата е најефикасен начин на заштита.
Сексуално активните лица треба да почитуваат одредени правила за да се заштитат и тоа:
- Употреба на кондом при секој сексуален однос;
- Намалување на бројот на сексуалните партнери;
- Скрининг тест.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
zagrizena22 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagrizena22 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 13:33
ve molam me interesira da mi kazete edna moja drugarka nemala do sega sekusalni odnosi i nekoj i kazal deka mozi da ima klamidija i so smena na pantoloni dolna obleka ili pak dolniot ves vo masinata peren so vesot na zabolena devojka od klamidija.Isto taka ima i belo pranje koga poveke koga pomalce i i e stram da odi na ginekolog.Jas i vikam deka nema sansa da ima zs nemala seksuaelna odnos.Ve molam da mi vratite najbrzooo falaaaa
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.