|
Астрономија |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
eve eden interesen podatok
Нов рецепт за џуџести галаксии: започнете со преостанатиот гас…
Очигледно, џуџестите галаксии можат да се појават “од никаде”. Со Истражувачот на галактичка еволуција (Galaxy Evolution Explorer – GALEX) на НАСА неочекувано се забележани нови галаксии во содѕвездието Лав за чие формирање, се чини, не било потребно ништо повеќе од чист гас, за кој се мисли дека е преостанат од периодот на раната Вселена. Гасот не содржи темна материја и метали, за кои претходно се мислеше дека се основните елементи при формирањето на една галаксија.
Џуџестите галаксии се релативно мали групи на ѕвезди кои често орбитираат околу поголемите галаксии, како што е нашиот Млечен пат. За овој нов вид на џуџести галаксии се смета дека се многу почеста појава во далечната и рана вселена, каде чистиот гас преовладува во многу поголеми количества. Ново-опишаните галаксии се наоѓаат во огромен облак од водород и хелиум кој личи на испрекинат прстен околу две масивни галаксии во соѕвездието Лав. За облакот се верува дека е исконски објект, одн. антички остаток од материјал кој опстојал релативно непроменет од најраните денови на Вселената. Овој прстен, кој е откриен пред околу 25 години во радио спектарот, не е дел од видливата светлина. Научниците велат дека никогаш порано не биле забележани ѕвезди во гасовитите предели на прстенот, но GALEX, кој е особено осетлив на ултравиолетова светлина, им открива мал но доволен доказ за неодамнешната формација на масивни ѕвезди. Тие велат дека детекцијата на формирање на галаксии од исконски гас е огромно изненадување. Нашата локална Вселена содржи две големи галаксии, Млечниот пат и Андромеда. Секоја од овие галаксии е дом на стотици милијарди ѕвезди. Тука е и галаксија Триангулум која брои неколку десетици милијарди ѕвезди. Нашата локална Вселена исто така содржи и над 40 многу помали џуџести галаксии, кои имаат само по неколку милијарди ѕвезди. Невидливата темна материја, пак, која може да се детектира преку нејзиното гравитационо влијание, е составен дел и на гигантските и на џуџестите галаксии. Исклучок од ова правило, меѓутоа, се плимните џуџести галаксии. Овие галаксии се кондензираат од рециклираниот гас од други галаксии и се одделени од најголемиот дел од темната материја со која првично биле поврзани. Тие се создаваат кога галаксиите се судираат и нивните гравитациони маси взаемнодејствуваат. Во суровоста на взаемодејството, гејзери од галактички материјал се отргнуваат од родителот-галаксија заедно со прстен од темна материја кој ја опкружувал таа иста галаксија. Поради тоа што кај нив недостасува темна материја, новите галаксии видени во прстенот од соѕвездието Лав наликуваат на плимни џуџести галаксии. Во својата основата, меѓутоа, тие се разликуваат од нив. Гасовитиот материјал, од кој се состојат плимните џуџиња, веќе има кружено во самата галаксија при што се има збогатено со метали одн. елементи потешки од хелиумот, кои настануваат како што ѕвездите еволуираат. Џуџињата од прстенот во Лав, пак, се изградени од многу почист материјал кој не содржи метали.
Ова откритие е од големо значење, бидејќи им овозможува на научниците да го проучуваат формирањето на ѕвездите во сè уште необогатен гас. |
|||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ќе ми дозволите да го искористам форумов и да се пофалам дека на републичкиот натпревар по астрономија, кој во организација на македонското астрономско друштво се одржа на 28-ми Март на ПМФ, мојот син (VIII одделение) го освои второто место и, тоа во конк*ренција од триесетина средношколци од цела Македонија! Ем мал, ем умен => малоумен на тато!
|
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
veruvam deka i skromen ke bide,...na tatko mu!
|
|||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Zlatnice aj sto e pameten i mnogu ubav bil... i toa na tato? Vo sekoj slucaj cestitki, decata pokazaa izvonredni znaenja |
|||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||
traktorce
Сениор Brm Brmm Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
100 часа астрономија (2-5 април)
Добредојдовте во деновите кога во целиот свет се одвива проектот 100
часа астрономија. Еден глобален настан, кој има за цел да им ја доближи
многу повеќе астрономијата на обичните граѓани, да им се покажат
убавините на ноќното небо и да се запознаеме како работат
професионалните опсерватории низ светот. Во овие 4 дена, било да е со
правење на некоја активност само неколку часа или, пак, 100 часа
маратонски настан, важно е учеството и желбата да се биде дел од оваа
глобална активност која ги поврзува сите астрономи и жители на нашата
планета.
Кои се настаните кои покрај илјадниците настани низ целиот свет ќе се оджат на едно глобално ниво: - Свеченото отворање ќе се одржи во Френклин институтот во Филаделфија и таму ќе биде прикажан еден од првите телескопи што ги користел Галилео. - Вебкаст во живо од научни центри, каде што ќе има дискусии на одредени теми на 2-ри април. Набљудувања во живо и други најразновидн програми. - Околу светот со 80 телескопи. 24 часовна програма во живо од најпознатите опсерватории во светот. Професионалните астрономи ќе ве поведат на една прошетка низ нивните опсерватории во текот на 24 часа на 3-ти април. - 24 часовна глобална астро журка. 24 часа телескопи низ целиот свет ќе им бидат достапни на граѓаните за да ги погледнат низ нив планетите и Месечината. Целта е што повеќе луѓе во еден ден да погледнат низ телескоп. - Ден на Сонцето. На 5-ти април ќе биде организиран денот на Сонцето од посбната група за сончева физика. Ќе се слави денот на нашиот најблизок ѕвезден придружник со негово набљудување и со најразновидни предавања на тема Сонце. - 100 часа далечинска астрономија, каде од 2-5 април неколку опсерватории во светот ќе дозволат бесплатно користење на нивните телескопи. Може да се пријавите и да превземете контрола од некој од тие телескопи неколку часа. Астрономско предзнаење не е потребно. - 100 часа астрономија џуниор - ова е соработка помеѓу двата проетки на МГА, 100 часа астрономија и проектот Познавање на Универзумот. Овој дел ќе биде насочен кон најмладите.
Настани на локално ниво ќе се одржуваат низ целиот свет: набљудувања со телескоп, предавања, астрономски изложби, специјални емисии и многу други работи, а доколку сакате можете и да го снимате вашиот настан за време на 100 часа астрономија и да го пратите на следниот линк http://www.youtube.com/group/starparties, каде што ќе бидат објавени сите пријавени настани за време на 100 часа астрономија кои ќе испратат видео од самото случување. Видете што се случувало низ светот. На официјалниот сајт можете да ги пронајдете сите потребни линкови и да ги гледате снимките во живо од целиот свет. А посетете го и форумот, до кој што модерораат членови на нашето друштво, и таму може да се прочитаат многу интересни настани.
Скопското астрономско друштво со своите телескопи ќе биде на плоштадот Македонија на 4-ти април (сабота) од 19 часот, па се додека има заинтересирани граѓани со цел да им овозможиме на граѓаните на Скопје и Македонија да земат учество во овој глобален настан. Со телескопите ќе може да ги погледнете планетата Сатурн и најблиското тело до Земјата, нашата Месечина. На сите кои што ќе набљудуваат ќе им бидат поделени и налепници со објектот кои што го погледнале низ телескопите. Ве покануваме да дојдете на плоштатод во Скопје и сите заедно да уживаме и учествуваме во овој прекрасен настан. Телескопите ќе бидат ставени на располагање на сите без никаков надоместок. 100-те часа веќе започнаа, приклучете се и вие. Откријте ја Вселената Изменето од traktorce - 02.Април.2009 во 03:14 |
|||||||||
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
|
|||||||||
traktorce
Сениор Brm Brmm Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Sunny i ti ke sedis so kolegite od drustvoto na plostad (Ti vo ova drustvo bese, neli?)
|
|||||||||
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
|
|||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Samo da ne vrnit i tamu ke mojs da me najs |
|||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Е штом е така, идеме и ние!
Ако не Врнит, разбира се! |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Не... никаде ги нема |
|||||||||
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|||||||||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ако кафената боја не е боја, каква боја се кафените џуџиња?
31.05.2009 Во астрономските кругови се зборува за кафените
џуџиња со години. Тие се т.н. „пропаднати“ ѕвезди: објекти со мала
маса, недоволна да се покрене нуклеарна фузија во нивното јадро.
Наместо да светат со црвена, жолта или бела светлина, тие се загреани
од гравитацискиот колапс на материјата од која се составени. И затоа се
наречени кафени џуџиња, иако може да се изненадите кога ќе дознаете
дека тие и не се така кафени. Всушност, невозможно е да се добие кафена
светлина! Па, тогаш каква боја се тие?
Поимот „кафено џуџе“ бил првично воведен од Џил Тартер (Jill Tarter) во 1975 година, со цел да се опишат овие објекти. Имало и други предлози за имиња, како на пример планетар или субѕвезда, но сепак се задржал поимот „кафено џуџе“. Но, кафената не е боја? НЕ за астрономите. Кога тие расправаат за бојата на некоја ѕвезда, тие всушност зборуваат за брановата должина на светлината која ја зрачат ѕвездата. Ѕвездите зрачат светлина на различи бранови должини и оние фотони кои најмногу се зрачат се оние кои ги гледаме. Жолтите ѕвезди зрачат претежно жолти фотони, црвените претежно црвени фотони и.т.н. Но, не е можно една ѕвезда да зрачи кафени фотони, бидејќи кафената „боја“ е всушност незаситена жолта боја. Не е можно кафените џуџиња да бидат кафени, бидејќи е невозможно да се емитираат кафени фотони. Па, тогаш која боја се тие?
Др. Кенет Бречер (Dr. Kenneth Brecher) е професор на универзитетот во Бостон и главен истражувач за проектот LITE. Ова е експеримент кој треба да открие како луѓето ги гледаат боите. Сигурно имате сретнато доста од оние оптички илузии на интернет, каде црно-бели тркала кога се вртат брзо всушност создаваат различни бои во нашиот мозок. Бречер направил презентација пред членовите на Американското астрономско друштво на која ја претставил вистинската боја на кафените џуџиња, која е всушност темно-портокалова. Нема шанси да ја забележите оваа боја на кафените џуџиња, освен ако фотоните не ве погодат право во очите. RGB вредностите за оваа боја се R-235, G-75 и B-37. *** превземено од сајтот на Македонското Астрономско Друштво |
|||||||||
sasebt
Сениор Регистриран: 10.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
decki, jas najdov eden mnogu dobar softver, bez pari e, + open source (ako na nekoj mu znaci toa nesto)
go simnav, i odvaj cekam da go isprobam nekoja vecer (od obvrski). posto se zanimavam i amaterski so fotografija, mnogu mi e interesna i astrofotografijata, ali za toa treba da si stargazer. se nadevam linkot ke vi pomozi. http://www.stellarium.org/ |
|||||||||
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
|||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Vikendov vo Ohrid ke pristigne Astronomskiot karavan , pa ako ste vo mozhnost ne bi bilo losho da go posetite
|
|||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||||||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Многу ме интересира астрономијата и истражувам на оваа тема веќе 3 месеци. Ако може некој да постира нешто за астронијата и сите кои се љубители на астрономијата ќе разменуваме мислења тука
Поздрав |
|||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Не сум многу по астрономија, но пред се еве вовед.
Астрономија од грчкиот збор Астрос, што значи ѕвезда и Номос што значи право е наука која ги проучува небесните тела и феномени кој потекнуваат надвор од атмосверата на планетата Земја. Таа се занимава со еволуцијата, движењето и формирањето на елементите од универзумот. Астрономијата е една од најстарите науки. Уште од минатото луѓето се занимавале со проучување на она што е околу нив, а далеку од нив преку гледање на методско гледање на небото ноќе. Пред да се развие модерната наука како астрономија неопходно било пронаоѓањето на телескопот. Еве нешто за ВАЖНА. Астрономи аматери, придонеле многу важни астрономски откритија, и астрономијата е една од малкуте науки каде што аматерите можат да играат активна улога особено во откривањето и следењето на привремените феномени. П.С. ВАЖНА си одбрала прекрасна наука која ќе ја истражуваш и никогаш нема да бидеш заситена од истраженото, бидејќи вселената е бесконечна, така и знаењето не е ограничено за нејзе. Можеш да сметаш на мене како соговорник на оваа тема. Изменето од DDarko - 16.Ноември.2009 во 06:46 |
|||||||||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |