![]() |
|
|
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
Makedonski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Ноември.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() |
" Добро ориентиран по задачите, средствата и организациската структура на ВМРО, тоj уште подобро се подотвува за неjзин апостол, и во текот на април 1901 година заминува со своjа чета со цел да агитира со боевите лозинги на организациjата и да ги збива неjзините редови во борба против турскиот апсолутузам и противдеjствиjа против завоjувачките посегања на големо-бугарскиот шовинизам за слободна, единствена и независна Македониjа во братски врски со сите слободни балкански народи. Од овоj аспект Jане ќе ги определува во иднина своите и на своjата татковина приjатели и неприjатели. ... Во 1899 година тоj ... се запознава Димо Хаџи Димов, родум од Горно Броди, Серско, со школско образование и социjалистичка школовка, со Гоце Делчев, душата на Внатрешната организациjа, со Ѓорче Петров, општопризнатиот "дипломат" на истава организациjа и др.
Од нив, македонските првоапостоли, обдарениот со високоценети револуционерни кавалитети Jане Сандански го добива своето идеолошко просветлување. Од тие смели бoрци, само смртта можеше да го раздели. И четворицата се бореа смело против општите неприjатели, и четворицата умреа од неприjателски к*ршуми. И нивната смрт, покажа дека Кобурзите и Софиjа не беа помали неприjатели на Внатрешната македонцка организациjа од цариградските султани. Гоце умре од турски к*ршум, а Jане, Димо и Ѓорче од к*ршумите на Кобургските наемници." (Павел Делирадев, "Jане Сандански", Македонски научен институт, библиотека "Бележити Македонци", Софиjа, 1946 година, стр. 13) Изменето од Makedonski - 29.Мај.2007 во 03:01 |
|
Makedonija na Makedoncite!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |