IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чизкејк
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чизкејк

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 20:30

Чизкејк со ф’стаци


    Пробајте го овој необичен, но супер вкусен рецепт: Чизкејк со ф’стаци.

    Чизкејк со ф’стаци

    Потребни состојки:

    • 130 г брашно
    • 60 г мелени бадеми
    • 50 г шеќер
    • 115 г омекнат путер
    • 700 г крем сирење
    • 200 г кондензирано млеко
    • 4 лажици густин
    • 1 лажица екстракт од ф’стаци
    • 3 јајца

    Начин на подготовка:

    1. Во поголем сад ставете ги брашното, бадемите, путерот и шеќерот и спојте ги состојките со мешање. Ронливата смеса нанесете ја во калап за печење со обрач. Ставете ја кората 30 минути во фрижидер.
    2. Во друг длабок сад ставете го крем сирењето, кондензираното млеко, густинот, екстрактот од ф’стаци и јајцата и изматете ја смесата со миксер. Нанесете ја смесата врз кората во калапот и печете го колачот 90 минути на 180 ᵒС.
    3. Откако колачот ќе се излади исечете парчиња и послужете ги со изматен шлаг и дробени ф’стаци.


    Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:31
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2020 во 11:10

    „Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви

    „Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви

    Потребни состојки:

    За украсување:

    • 250 милилитри шлаг
    • 175 милилитри кондензирано млеко
    • 1 лажичка екстракт од ванила

    За основата:

    • 4 лажици путер
    • 150 г експандиран ориз
    • едно големо пакетче маршмалоу

    За филот:

    • 2 лажици желатин во прав растворен во 175 милилитри ладна вода
    • 250 г крем сирење филаделфија
    • 175 милилитри кондензирано млеко
    • 375 милилитри шлаг
    • 250 г стопено бело чоколадо
    • една лажица екстракт од ванила
    • две капки од различни бои

    Начин на подготовка:

    1. Растопете го путерот и маршмалоу, додајте го експандираниот ориз и притиснете во сад по избор.
    2. Во мал сад растворете го желатинот со водата. Оставете 5 минути, а потоа во микробранова за 30 секунди.
    3. Во блендер измешајте го крем сирењето, кондензираното млеко и шлагот. Потоа додајте го стопеното чоколадо, екстрактот од ванила и желатинот и блендирајте пак.
    4. Разделете ја смесата во 6 различни чинии и додадете различни бои во секоја чинија.
    5. Земете една од обоените смеси и ставете ја врз веќе подготвената основа. Потоа оставете 20 минути во фрижидер. Повторете го истото со сите слоеви. Овој чекор е малку подолг, но ве уверуваме дека вреди!
    6. Кога сите слоеви се готови, оставете во фрижидер за неколку часа.
    7. За украсувањето, блендирајте го шлагот со кондензираното млеко и екстрактот од ванила. Ставете ја смесата во шприц за декорација и украсете по желба!


    Изменето од Valerija - 20.Декември.2020 во 11:10
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.