|
Баклава |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баклава со кикиритки и вишни Состојки 500 гр готови кори 3 јајца 150 гр мелени потпечени кикиритки 50 гр сусам потпечен 100 гр чоколадо бело рендано 150 гр мелени бисквити 100 мл масло за јадење 7-8 лажици шеќер 1 ванила 300 гр вишни исчистени од семките, свежи или замрзнати 400 мл кисело млеко 100-150 гр ореви сечкани 1 печиво 150 гр маргарин (за полевање на корите) За шербет 300 мл сок од вишни (може исцедениот од замрзнатите ) 650 гр шеќер 1 ванила 1/2 лимон исечен на кругови 1. Бисквитите кикиритките сусамот, шеќерот, ванилата и ренданото чоколадо се промешува се заедно се меша и со него се прскаат корите и со по 1 лажица масло за јадење 2. На секоја кора се прска масло за јадење и по 3 лажици од сувиот фил. На секоја кора се попрскува сечкани ореви. 3. Кога ќе дојдеме на пола од корите, се става филот од кисело млеко, вишни, јајца, гриз и малку шеќер, па две кори една врз друга попрскани и со малку масло за јадење и потоа се попрскува пак со сечкани ореви и пак се продолжува со попрскување на останатата половина од корите со масло за јадење и сувиот фил од кикиритки. 4. Пред печење се порскува со стопен маргарин и се сече на коцки. Откако ќе се испече се досекува 5. Откако ќе се наредат во тава попрскано со малку масло за јадење, се полеваат ролатчињата со растопениот маргарин и се ставаат да се печат околу 20 мин на т од 180 С |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ложена баклава Состојки 500 гр кори за баклава 400 гр ореви фил 1 канче (450-500гр) кисело млеко 1 канче шеќер 1 канче зејтин 4 прашок за пециво шербет 900 гр шеќер 500 мл вода 1/2 лимонОва според мене е најубавата и највкусната баклава, кој пробал знае. Најпрво го подготвуваме филот. Го истураме киселото млеко во еден поголем сад, потоа канчето ни служи за мерка за шеќерот и зејтинот. Ги додаваме сите состојки со прашокот за пециво и мешаме со миксер 1-2 мин, да се добие хомогена смеса. Започнуваме со редење, го подмачуваме плехот со зејтин и ставаме една кора па премачкуваме од филот, па втора кора, па на третата од филот и плус поросуваме од оревите. Оревите малку во сецко да не се мелени туку како кршени на покрупни парчиња. И продолжуваме така да редиме до крај. Кога сме веќе готови ја сечеме на коцки или на триаголници , по ваша желба. Се пече на 180 С околу 25 - 30 мин додека да порумени убаво. Ја оставаме на страна да се одмори и излади и откако е изладена го подготвуваме шербетот. 900 гр шеќер со 500 мл вода и парчиња лимон се оставаат да зовријат. Откако ќе почне да врие чекаме точно 8 мин и шербетот е готов, поливаме убаво и полека врз баклавата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѓул баклава 30 мин – 60 мин Состојки 500гр танки готови кори за премачкување 150мл масло 100мл кисела вода шербет 500гр шеќер 400мл вода сок од половина лимон полнење 1 пудинг од ванила 300мл вода 2 лажици шеќер 150гр мелен орев 150гр мелени бисквити -плазма 1/2 лажиче циметСовршенство од баклава, само толку ќе кажам. На вас останува да ја направите, верувајте нема да зажалите Во еден сад ги ставаме водата и шеќерот. Од кога ќе зоврие, оставме да вари 5 минути. Тргаме од оган и додаваме сок од лимон. Оставаме шербетот потполно да се олади. Во друг сад ги ставаме водата и маслото, да зовријаат само 5 секунди. Тргаме на страна. Во друг сад ставаме 300 мл вода, додаваме шеќер, прашок за пудинг и вариме на тивок оган до згуснување. Тргаме од оган. Одма додавме мелен орев и мелени бисвкити, цимет, соединуваме. Ги броиме корите и ги делиме на 3 дела. Од првиот дел земаме кора, со четка мачкаме од течноста, па втора кора, па премачкуваме, па трета кора, па премачкуваме, па четврта, кора., петта .... па ставаме од подготвениот фил. Постапката е иста со сите кори. Добиените ролати ги ставаме во замрзнувач на 30 минути. Потоа со остар нож ги сечиме на парчиња, одприлика дебели по 3 см. Ги редиме во тава за печење, со пресечената страна на горе. Печиме на 170 с, околу 45 минути. Топлата баклава ја прелеваме со ладниот шербет. Наредниот ден послужуваме од оваа убавина и уживаме во прекрасниот вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАКЛАВА СО АФИОНСКО СЕМЕПотребни продукти: ½ кг кори, 3 јајца 500 грама шеќер 150-200 грама афионско семе 1 пециво 1 ванила 1 шолја (250 мл) зејтин 1 шолја (250 мл) кисело млеко За шербет потребни: 700 грама шеќер (или малку помалку зависи од вкусот) 700 мл вода Подготовка: < width="630" height="60" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="left: 0px; : ; top: 0px; width: 630px; height: 60px;"> Се подмачкува подлабоко правоаголно тавче со зејтин. Се матат јајцата како за торта заедно со шеќерот и се додаваат по ред сите останати продукти. Се мешаат убаво и подготовката може да почне. Секоја кора се сече на половина. Се става првата на дното од тавчето и се мачка со филот што го направивме. Потоа се става втората, па пак се мачка и се така додека не ги потрошиме сите кори. Последната не ја мачкаме со фил. Ги сечеме на коцки или ромбови. Ги ставаме во загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 15 минути, потоа температурата се намалува на 150 степени и се пече уште 30 минути на таа температура. Потоа се вади од рерна. Се посипува со ванилин шеќер и се полева со топол шербет. Шербетот претходно го подготвуваме со 700 грама шеќер (може и помалку зависи од вкусот) и 700 мл вода. Не треба да биде многу густ. Се остава да се олади, а шербетот да ги омекне корите, односно да се впие во баклавата. Најпосле баквата е подготвена за конзумирање. Изменето од Valerija - 13.Мај.2018 во 08:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баклава Копенхген Состојки 1 кг кори Фил 1 150 гр шеќер во прав 250 гр маргарин 2 јајца 1 лажица пециво 150 гр гриз сок од половина лимон 1 ќесичка ванила Фил 2 150 гр шеќер во прав 200 гр мелени ореви 2 јајца кора од еден лимон Шербет 1,5 кг шеќер 1 литар вода 1 ќесичка лимонтус 1-2 ќесички ванилаНајдобро е прво да ги подготвите и двата фила, па потоа само да редите. Фил 1 1. Се делат белките од жолчките и од нив се мати цврст снег. Го оставаме садот настрана. 2. Во посебен сад најпрво се мати маргаринот со шеќерот во прав, а потоа му се додаваат и жолчките. Матиме убаво и постепено ги додаваме лимоновиот сок, ванилата, пецивото и гризот. На крај го ставаме и снегот од белките и матиме се дури смесата да се воедначи. Фил 2 1. Се делат белките од жолчките и од нив се мати цврст снег. Го оставаме садот настрана. 2. Во посебен сад почнуваме да ги матиме жолчките и откако ќе станат пенести почнуваме со постепено додавање на шеќерот во прав. На крај ги ставаме кората од лимон, мелените ореви и снегот од белките и матиме се дури смесата да се воедначи. Редење 1. Корите поделете ги на 3 дела. Не мора прецизно,освен ако сакате така. Јас секогаш ги делам од око,да бидат приближно еднакви делови. 2. Плехот намрсете го со зејтин, на дното и по страните, но не премногу. Почнуваме со редење на тој начин што се ставаат 2-3 кори, па пак намрсуваме со тенок конец зејтин и се така дури да ја потрошите првата третина. На кората врз која се филува не треба да има зејтин. 3. Го нанесуваме првиот фил, па почнуваме со редење на втората третина од корите. Препорачливо е првата кора што ќе ја ставите над филот да ја намрсите. Продолжуваме да редиме на ист начин како и претходно. 4. Кога ќе ја протрошиме и втората третина, го нанесуваме вториот фил, кој е малку полеплив и потежок за размачкување. Над него ја редиме последната третина од корите. Секогаш по неколку наредени кори убаво притиснете. 5. Исечете ја по Ваша желба и намрсете ја убаво најгорната кора. Не ставајте зејтин пред сечење бидејќи ќе ви оди многу потешко и внимавајте да не стискате пресилно, па филот да почне да излегува. Велат мајсторијата на баклавата се познавала во сечењето. Е јас малку како калфа сечев и се вцрвив од што беше дебел слојот. Се пече 1 час во претходно загреана рерна на 175-180 степени Ц. Кога е готова треба горната кора да е заруменета,а кога ќе го протресете плехот напред-назад да „игра„ во него,односно лесно да се одвојува од краевите. За шербетот, ставете ги сите состојки заедно и откако ќе зовријат оставете ги да вријат околу 5-10 минути. Доколку не сакате да ставите лимонтус, може да го замените со сок од еден лимон, но тој не го дава потполниот интензитет на вкусот. Сепак оставам според Ваша желба. На крај оладената баклава се прелива со врелиот шербет или обратно, претходно сварениот и оладен шербет се прелива преку баклавата веднаш штом ја извадите од рерна. Димензиите на плехот можат да варираат, а ништо страшно и ако корите се редат преклопени на две. Ако пак се подолги подвиткајте им ги краевите. Најубаво е баклавата да одстои барем 2 дена пред сервирање, со оглед на тоа што еден од филовите содржи гриз. Бујрум! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѓул баклава Состојки 500гр танки готови кори за премачкување 150мл масло 100мл кисела вода шербет 500гр шеќер 400мл вода сок од половина лимон полнење 1 пудинг од ванила 300мл вода 2 лажици шеќер 150гр мелен орев 150гр мелени бисквити -плазма 1/2 лажиче циметВо еден сад ги ставаме водата и шеќерот. Од кога ќе зоврие, оставме да вари 5 минути. Тргаме од оган и додаваме сок од лимон. Оставаме шербетот потполно да се олади. Во друг сад ги ставаме водата и маслото, да зовријаат само 5 секунди. Тргаме на страна. Во друг сад ставаме 300 мл вода, додаваме шеќер, прашок за пудинг и вариме на тивок оган до згуснување. Тргаме од оган. Одма додавме мелен орев и мелени бисвкити, цимет, соединуваме. Ги броиме корите и ги делиме на 3 дела. Од првиот дел земаме кора, со четка мачкаме од течноста, па втора кора, па премачкуваме, па трета кора, па премачкуваме, па четврта, кора., петта .... па ставаме од подготвениот фил. Постапката е иста со сите кори. Добиените ролати ги ставаме во замрзнувач на 30 минути. Потоа со остар нож ги сечиме на парчиња, одприлика дебели по 3 см. Ги редиме во тава за печење, со пресечената страна на горе. Печиме на 170 с, околу 45 минути. Топлата баклава ја прелеваме со ладниот шербет. Наредниот ден послужуваме од оваа убавина и уживаме во прекрасниот вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баклава која се прави за 20 минути Состојки: - 1 пакување кора за пита - 125 гр. путер - 1 или 1/2 шолја ореви - 3 шолји шеќер - 2 шолји вода Подготовка: Поделете ги корите на 2 еднакви делови. Врз едната половина истурете 1/3 растопен путер и половина од грубо мелените ореви. Завиткајте добро во ролна и повторете ја постапката со другата половина од кората. Исечете ги ролатите на К*ргови со големина од околу 2-3 сантиметри и наредете ги во премачкана тава - вертикално, како чинии. Одозгора истурете го преостанатиот растопен путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна, на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја. Подгответе шеќерен сируп со ванила, оставете го да проврие неколку минути. Откако малку ќе се излади, прелијте го врз изладената баклава. Врз баклавата ставете ореви и сервирајте откако малку ќе отстои. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |