|
ЧЕТВРТА ГЛОБАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА HA ОМД |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мето Колоски, лажен патриот по кеш тарифа
Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, освен
набројаните бизниси за квалитетна провизија со израелската компанија
ЕЛБИТ и сопствениците на шпијунскиот софтвер Фин Фишер, има развиено и
бизнис со македонскиот патриотизам. Во дијаспората постои лажната
патриотска организација Обединета Македонска Дијаспора, раководена од
лажниот патриот Мето Колоски. Антонио и Мето измислиле профит преку
наплата на македонски патриотизам по тарифник за кој квалитетно им се
плаќа од доаѓањето на Никола Груевски на власт.
ОМД има одлични односи со МНР и министерот Милошоски. Контактираме повремено преку е-маил и разменуваме мислења за работи поврзани со македонската дијаспора. Имавме слични контакти и со г. Илинка Митрева додека таа беше на истата позиција. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму со министерот Милошоски и во иднина. Според нас, министерот има план како да ја ангажира дијаспората и ние го поддржуваме овој план. Не, ние немаме никаква директна улога. Низ разговор сме одговориле на прашања што мислиме за повеќе организации во Вашингтон од проста причина што ние сме присутни тука, но ние немавме улога ниту пак било какво влијание за тоа кои куќи ќе лобираат за Македонија во Вашингтон. Одлуката ја дознавме од медиумите.
НАПОМЕНУВАМ повторно дека Мето Колоски кога одговара на овие мои прашања и ми ги испраќа по маил, ПОИМ НЕМА ДЕКА ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА ЛАЖЕ т. е. дека го имам проспектот на „Вебер Шендвик„ во кој јасно пишува дека е посредник помеѓу нив и македонската Влада. Во тој момент, а и до сега кога го чита овој текст, Мето Колоски поим нема дека имам негови маил преписки со Антонио Милошоски и директорот на „Вебер Шендвик„, кои до мене ги испрати дел од неговите соработници кои не беа задоволни од неисплата на нивната заработка од сработеното во ОМД. Имено, Мето Колоски милува да лаже и да манипулира, да не ја кажува фактичката состојба и да не прикажува прилив на пари. Поради ова, неговите соработници ми го доставија уште тогаш (јануари 2007.) проспектот на Вебер Шендвик„ кој се однесува на посредништвото на Колоски меѓу „Вебер Шендвик„ и македонската Влада, која е нарачател на „услуги„. Па така, иако мене Колоски ми тврди дека врска нема со оваа работа, сепак од неговата маил комуникација со Милошоски и Роберто Ферињо, директор на оваа лоби куќа, читаме нешто сосема друго. Во оваа маил порака до Ферињо, манипулаторот Колоски му објаснува дека бил во Македонија и се сретнал со Груевски и Милошоски и со тогашниот државен секретар во МНР и дека на Милошоски му препорачал да не објавува тендер за оваа работа и дека е најдобро да се потпише договор со „Вебер и Шендвик„ со непосредна спогодба. Уште згора Колоски нагласува и дека неговата фирма и жиро сметките се подготвени за реализација на финансискиот аранжман. Маил пораката ја имате во прилог на овој текст, како и маил пораката до Антонио Милошоски на оваа тема во која Колоски му дава инструкции на министерот во тоа време како да се однесува и што да прави за бизнисот да успее и тарифата да им донесе кеш... ДОКАЗ ДЕКА СЕТО ОВА Е ВИСТИНА Е ПОДОЦНЕЖНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ ВЛАДАТА И ЛОБИ КУЌИТЕ „ВЕБЕР ШЕНДВИК„ И „КВИН ГИЛЕСПИ„, ПОТПИШАН СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА И БЕЗ ТЕНДЕР!!! Договорите беа потпишани на почеток на 2007. година и за лобирање на овие две лоби куќи им се исплатувани редовно, на месечно ниво, фактури од кои боли глава. На сите исплатени пари од буџетот на РМ, провизија имаат Мето Колоски како посредник и Антонио Милошоски како одобрувач на лоби кампањите како неопходни и крајно корисни... УТРЕ: Писмо од дијаспората - КОЈ Е МЕТО КОЛОСКИ!? УПС ..... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уметник е уметник, научник е научник... и кодош може да биде секој од нив, без обзир дали е од дијаспората или е некој кој не мрднал никогаш надвор од татковината. И уште нешто, уметничките и научните заслуги никому не му дава виза за кодошење и уништување на туѓи животи, ниту му дава амнестија од последиците на неговиот однос. P.S.Коментарот не е соодветен на тематава бидејќи ние во неа говориме за сегашниот придонес на мноштвото луѓе за Макдонија, а не за тоа дали можеби некој од нив некогаш ќе биде лустриран за неговиот некаков однос. Говориме за оноа што Е, а не за оноа што МОЖЕБИ би било со некој од нив. Изменето од Messenger - 20.Јули.2013 во 01:23 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Народот има многу убава поговорка која вели "ќе тресне глупост и ќе остане жив". Ова е нешто најсоодветно што може да се прокоментира за напишанава глупост. И ќе повторам уште еднаш, секој кој сака од прва рака да се запознае со ОМД и нејзината работа сега има шанса да го стори тоа во директен контакт со сите оние луѓе кои ќе дојдат на Конференцијата во Скопје. Така ќе види колку е "лажна оваа организација", колку се "лажни оние кои членуват во неа", колку се "лажни сите оние кои активно ќе партиципираат" со свои дела на Конференцијата и т.н. Не дозволувајте да ве заведуваат негативци од секаков калибар кои тоа го прават од личен, партијски или странски интерес. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ниту сум го напишал, ниту измислил сево ова... човекот го напишал, објавил, а врз тоа објавува и документација... Овој муабет т.е пишуваното со докази, сеуште никој не го оспорил, а премногу брзо се рашири по народот. Така да јас верувам на цврстиот доказ.. конференцијата и не ми е многу веродостојно нешто, тоа ти е исто како да ми речеш дојди на митинг на ве ме ро то, и да слушаш, а знам дека 90 % од кажаните работи на тие митинзи се популистички, пренадувани, измислени и бајки за мали деца, кои некогаш прераснуваат во утопија.
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не реков дека си го измислил оноа што си го пренел, туку реков не им верувај на оние кои однадвор си конструираат свои приказни со цел да омаловажуваат и уриваат македонски организации.
За жал такви имало, има и ќе има. Нам надворешни непријатели не ни требаат, доволни ни се овие внатрешните. Ќе ти повторам уште еднаш, ако НАВИСТИНА сакаш да ја дознаеш вистината дојди личнио и увери се во неа од прва рака, а не од рекла-казала и "документи" од уривачите на македонштината. Ама штом не те интересира вистината... Изменето од Messenger - 21.Јули.2013 во 23:10 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме интересира за КАКВА МАКЕДОНШТИНА ЗБОРУВАШ И КОИ СТЕ ТОА ВИЕ КОИ МИСЛИТЕ ДЕКА ЗБОРУВАТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.
Јас би ти поставил едно праШање,пошто се сметаш за голем патриот со Кољо водачот, Дали ви знаете за оние кои прострадаа за македонија,по затворите ,од 1946-47,па наваму,Дали знаете за нивните семејства,како и сега си поминуваат,како се десеткувани БАШ од НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ТИЕ РЕЖИМИ, Дали знаете на кого се населдници Денешните Властодршци, дали ви е позната УДБА, КОС и други служби, Дали знате зашто Драган Богдановски(ОСНОВАЧОТ на ВМРО-ДПМНЕ),веднаш после неколку месеци си замина од Македонија, Дали знаете за ВРХОВИЗМОТ,не вие не знаете МНОГУ РАБОТИ,НО РАЗВИВАТЕ ГОЛЕМА ПРОПАГАНДА,рамна на ГЕБЕЛСОВАТА,и затоа не зборувајте многу,зашто не СТЕ ГИ ПРАШАЛЕ ВИСТИНСКИТЕ КОИ ПРОСТРАДАЛЕ И КОИ ОСТАНАЛЕ ОВДЕ. Затоа Ви ВЕЛАМ,на вашата КОНВЕНЦИЈА;да му ПОСТАВИТЕ ПРАШАЊЕ НА ГОСТИТЕ ОД СВЕТСКИТЕ СИЛИ,да ГИ ВРАТАТ ДЕЛОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И ДА ГИ ОТВОРАТ СКРИЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ,па ПОСЛЕ ЌЕ СЕДНЕМЕ И ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ;ДАЛИ СТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА,ТОА ДА МУ ГО ПРЕНЕСЕТЕ НА Мето Колоски.
Изменето од Gorazd777 - 21.Јули.2013 во 02:15 |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од дијаспората: Мето Колоски, лик и недело
Би замолил внимателно да го прочиташ оваа писмо, во кое се наведени досега необјавени шокантни факти. Во првиот дел има информации за работењето на Мето Коловски за ДПМНЕ и неговите пљачки по дијаспората (читај молзење пари од тие кои ќе му поверуваат), а во вториот дел има докази кој самиот ги изнесува во интервјуа и написи, во кои се гледа дека работи за американските тајни служби.
Мето Коловски работи за американските служби, за ДПМНЕ и за парите на дијаспората, односно секаде кај што има интерес. Цел на американските служби е да се оствари контрола над македонската дијаспора и да се влијае врз јавното мислење во Македонија. Истиот Мето Коловски во исто време работи и за ДПМНЕ се со цел ДМПНЕ да има сигурен пратеник од Америка. Во исто време Мето Коловски си работи на своја агенда за лично збогатување на грбот на македонските печалбари. Подолу е објаснето сево ова во детали. Мето Коловски уште на претходните парламентарни избори изразил желба
ВМРО ДПМНЕ да го кандидира за пратеник од Америка, но бидејќи немал
македонско држвјанство ВМРО не ни го сфатила сериозно. Но тој упорно им
се нуди, а ВМРО во него виде добар инструмент за контрола на
дијаспората. Најверојатно и затоа постојано е поддржуван од провладините
медиуми како Сител, Нет Прес и Курир, за преку него ВМРО да ги
остварува целите. Пред неполна недела токму Мето Колоски се раскара со
Игор Аврамовски (иден кандидат на Достоинство за пратеник од
Австралија). Чудно е од каде Мето Колоски и ОМД прв пат досега почнаа
„војна“ во македонската дијаспора токму со идниот кандидат на
Достоинство за пратеник. За биде случајот уште почуден, тоа се случи
нецела недела пред датумот за објавување на пресудата помеѓу
Македонските Црковни Општини и Владиката Петар. Дали намерно и пополека
некој подготвува терен против кандидатот на Достоинство Игор Аврамовски
кој може да им земе пратеник на ДПМНЕ? Во секој случај, ова е само
претпоставка. Идол на Колоски му е Срѓан Керим. На нашите Македонци во Америка им организирал средба со неговиот идол, па им барал за секој кој ќе присуствува по 500 УСД од човек! Кога отпосле нашинците од Македонија го прашале како е можно да собира по 500 УСД од човек, тој само кусо им одговорил дека таму хотелите не биле по 50 долари како во Македонија. Истото го направил и за Груевски, Иванов и сличните, но наплатувал по 50-200 долари, иако средбите се одржувале во цркви кај што не се закупува сала и сл. Сите средби на Македонските политичари не одат преку неговата организација, но има добар дел кој ги организира и собира зелени банкноти преку ОМД. На средбите со Македонските политичари се собираат по 200 и повеќе Македонци, а на вечерите што ги приредуваат и преку 500. Ако на 200 наши им зеде по 50 долари за средба во црква со Груевски на пример, тоа се 10.000 долари за него лично, а ако зеде по 200, е тоа се веќе 40.000. На тие средби нема јадење и слично, тоа се средби во црква кај што нема никаков трошок. Мето Коловски е патриот по повик и за кеш. Живее луксузен живот во Вашинтон на грбот на Македонската Дијаспора и се шета низ светот. Си има регистрирано организација со звучно име – Обединета Македонска Дијаспора (која е само една од 700 македонски организации низ светот), името е магнет за многумина иселеници да му донираат пари. Така таа организација собира секоја година минимум 300.000 долари, а се шпекулира дека во последните години се собираат многу повеќе. Мето ги убедува иселениците со трикот демек ако дадат пари за ОМД ќе и помогнат на Македонија, па така Мето Колоски ги убедува да купат членство во ОМД кое изнесува од неколку стотини па се до 10.000 долари!!! Се члениш во ОМД и Македонија оди напред!!! За членарините видете повеќе на нивната веб страна:
За да ги покрие парите, дополнително собираше пари (околу 20.000 долари собраа нашите) за хуманитарни настани во Македонија, за деца без родители и слично. Но тие се пари собрани од страна на иселениците кои Мето ги прикажува како да се од членарината на ОМД, сите пари од ОМД се прикриваат. Досега само ја замајува јавноста со трошките кои ги даваат. Лани во декември повторно ОМД имаше акција, да се соберат 60.000 долари за работењето на ОМД до крајот на годината. Значи ова се дополнителни донации, не од членарини и влезници. Ако за еден месец собра 60.000 долари од донации, колку собира ОМД годишно од донации? Колку од членарина? Колку од влезници? Никој не знае што станува со главнината од парите од ОМД, Мето Колоски тврди дека се трошат за лобирање за Македонија. Има најдено повеќе пребогати Македонци, како милијардерот Мајк Илич, кои дополнително ги молзе за пари и никој не му бара сметка за тие дополнителни пари, ниту пак некој знае колку се вкупно. А на тие малку кои му бараат, им ги покажува неговите лични трошоци за престој во Вашинтон! Има Борд на директори на неговата организација кај што сите што одлучуваат се негови луѓе, а остатокот се ставени само на хартија. Има ставено и звучни имиња како советници за да нема никаков сомнеж каде одат парите. Во врска со неговото лобирање и на Википедиа (иако википедиа не е реална, имаше интересни информации за Колоски) пишуваше за лобирањето на Мето Колоски и неговата организација, но текстот подоцна беше избришан. Како што гледам, има корисник на википедиа со име UnirtedMacedoniaDiaspora кој менува содржина, а има и многу скриени промени, моја претпоставка е дека Мето Колоски лично брише на Википедиа.
http://www.opensecrets.org/pacs/pacgave2.php?cmte=C00432526&cycle=2012
2. Организацијата на Мето Колоски се викала – Македонска Асоцијација
на Студенти и Млади Професионалци, а потоа Колоски си ја преименувал во
Обединета Македонска Дијаспора. ОМД на својата веб страна го потврдува
ова: I gathered about twelve of us and we met near American University. That night, we informally established a group called the Macedonian Association of Students and Young Professionals (MASYP) of Washington, D.C....MASYP made sure there was a Macedonian at every event in Washington, D.C. related to Macedonia and/or the Balkans, a Macedonian voice.
Исто така, треба да се праша како е можно Мето Колоски на само 22 години сам да формира организација ОМД и зошто го избрал баш тоа име, со кое лажно се претставува дека ја обединува дијаспората?
I came to Washington, DC in 2003....In October 2004, a few of us Macedonian-American advocates had a meeting with the U.S. Department of State to discuss U.S.-Macedonia relations, and one of the questions posed to us was “Is there a national organization representing all Macedonian-Americans?” There was no national organization for Macedonian-Americans (we had churches, social organizations, cultural dance groups but no unitary body), thus preventing our community from having a full-time voice in Washington, DC especially for expressing our concerns to the U.S. Department of State and other U.S. agencies and bodies. Our answer was, “No, there isn’t one.” After that conversation, we decided to re-structure MASYP to form the United Macedonian Diaspora with the goal of uniting the worldwide Macedonian Diaspora communities one step at a time.
И уште една потврда од нивниот официјален вебсајт
Then November 4, 2004 came - our dear honorary Macedonian Jason Miko called me at 6:00 a.m. in the morning! “Meto, did you hear President Bush recognized Macedonia?” I will never forget his words! I jumped out of my bed, went to the college library and began writing thank you letters, e-mails, spreading the word! The feeling was great! Finally, the country I call home recognizes my ancestral homeland by its rightful name! A few months passed, we started developing UMD’s agenda and mission statement… a few Americans were already
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ретко тешка папазјанија напишана од некој кој појма нема што се случува и како се работи, кој со текстов ги направи ОМД И Мето Коловски тајни агенти и конспиратори на САД, Бугарија, Грција, Турција и светската хомосексулна организација, а сите македонци од дијаспората, вклучувајќи ги и оние милионерите, глупави, недоквакани и наивни будалетинки.
На крајот го добивме македонскиот Джеjмс Бонд... ма каков Бoнд, вакво способно дете е супергенијалец за супер глупости како што се нема родено до сега на светов. Претходно напишав дека не ни се потребни непријатели од надвор оти доволно ги имаме од внатре. Сега се дополнувам... навистина многу ми e жал што постојат вакви јадни луѓе за кои секакво коментирање е непотребно. Поради ваквите Македонија патела во минатото, а пати и денес. Од приложените текстови едно е повеќе од јасно - некому во Македонија не му одговара обединување и делување на македонската дијаспора за добробит на татковината. Некому му пречат нејзините резултати и с'е поголeмото присуство во Македонија.Писателот на текстот не е ништо друго од платеник кој претставува инструмент во рацете на тој кој има за цел по секоја цена да го оцрни и девалвира организираното делување на македонската дијаспора. Изменето од Messenger - 22.Јули.2013 во 06:54 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Баталете кој што пишува, него едно искрено прашање-Дали навистина се наплаќа за присуствоМеси толку срдечно не канеше, што јас и се двоумев дали некој саат да одвојам да чујам што ќе кажат нашинците, ама 15 000
ttp://umdiaspora.org/index.php/en/get-involved-umd/macedonian-companions
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mamamd, не сакав да коментрам дел по дел од оној текст oти ќе можев да напишaм цела книга ... а не вреди бидејќи е матеница стокменa за негативна пропаганда. Ти се поведе по една од намерно изнесените дезинформации во ток текст, а тоа е:
Да потсетам, ова е Конференција на Обединетата Македонска Дијаспора. Што значи тоа? За кого е наменета? Да потсетам уште нешто, ова е четврта Конференција на која се собира дијаспората од сите континенти. Оваа година дијаспората ќе се собере како и сите претходни, но наместо тоа да биде во САД, Канада, Австралија или во некоја европска земја, тоа ќе се случи во Република Македонија. Конференцијата е за македонци од дијаспората, а не се одбиваат македонци од републиката. Такви доаѓаа и во САД и Канада, а таквите во уште поголем број ќе дојдат и овој пат во Скопје. Се разбира, за нив важат, како што важеле и порано, истите услови за регистрирање како и за секој друг член. Јас кога ја посочив шансата за сите оние кои НАВИСТИНА се интересираат за работењето на ОМД да присуствуваат на Конференцијата сметав дека интересoт ќе биде поважен од цената која што треба да се плати за покривање на трошоцитe за нејзиното организирање, но исто така посоветував дека за оние кои не се во можност да го платат регистрирањето благовремено да се пријават како волонтери. Изменето од Messenger - 22.Јули.2013 во 08:43 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
15000 денари за влез? Па да дојдат 10 луѓе, салата во било кој хотел во Македонија ќе биде исплатена, а остатокот за што ќе оди? За печатење? Ма дај Меси...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Остатокот ќе оди за...
Македонија... од Македонците за Македонија.... преку дијаспората... инаку да не се лажеме... патритизмот кошта... особено лажниот... |
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |