IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Kaрпошевото востание
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Kaрпошевото востание

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 19:32
Според турски документи, месното население во Мариово се побунило уште пред заземањето на Ниш од страна на австриската војска во септември 1689 година. Насекаде ајдуците биле раздвижени и ги здружувале силите со општото востание. Самото востание избувнало кон средината на октомври 1689 година во северноисточниот дел на Македонија, центарот бил на подрачјето на Кратово и Крива Паланка. Селаните биле предводени од занаетчии, свештеници, рудари и ајдуци на чело со ајдутскиот арамбаша Карпош. Востаниците притоа им пружале и логистичка подршка на австриските сили. Набрзо востаниците ги ослободиле Кратово, Крива Паланка и Качачкиот премин кон Србија.

Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт.

Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош, но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот Карпош, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија.


Главно упориште на слободната востаничка територија била Крива Паланка, која и пред тоа претставувала најсолидно турско утврдување во областа. Востаниците изградиле и едно сосем ново утврдување крај Куманово. Незадоволувајќи се со здобиените позиции, востаниците имале за цел да ја прошират слободната територија, подготвувајќи се за поход во правец на Ќустендил. Најверојатно тие дејствувале заедно со австриските одреди, особено во времето на нивните акции во Македонија. Исто така веројатно е дека биле превземени извесни чекори и во правец на надворешното признавање и афирмирање на слободната востаничка територија како независна и суверена. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како “Крал на Куманово”, титула која подоцна и била призната од Царот Леополд I (1640-1705). Воедно и според австриски документи, кога Пиколомини влегол во Приштина во 1689 година, бил пречекан од 5.000 востаници, меѓу кои најголемата единица била токму таа на Карпош. Според истите извори, во тој момент веќе се прогласил за “Крал на Куманово”. Како чин на признавање од страна на Австрискиот цар, Карпош добил од него калпак, грб, декорација и плус империјален патент, т.е. сертификат, со кое му се признава власта врз териториите под негова контрола. Исто така му бил доделен и чинот на генерал.

Меѓутоа набрзо дошло до пресврт во воено-политичката состојба на Балканот, што крајно негативно се одразило врз понатамошниот тек на востанието. Кон крајот на октомври Османлиите презеле серија мерки со цел консолидацијата на своите воени редови. Прво бил назначен нов голем везирм, Мустафа-паша Ќуприли-зеде. Една од првите негови мерки била одлуката за укинување на низа извонредни давачки. Напоредно со овие мерки, започнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди, кои ќе бидат ударна сила во престојните судири со востаниците. Прв на удар била Крива Паланка, во која се наоѓале неколку илјади востаници, кои се спремале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќ на непријателот, востаниците ја запалиле и напуштиле Крива Паланка, повлеувајќи се кон Куманово. Веќе следниот ден турските и татарските одреди се појавиле пред градот. Востаниците се решиле да го пречекаат непријателот надвор од новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош со голем број свои борци. Последен отпор востаниците давале од тврдината, која била преземена на јуриш а нејзините бранители биле погубени. Османлиската војска сега се упатила кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Скопје тогаш се наоѓало под контрола на ајдути, веројатно Карпошеви луѓе, но кога чуле за поразот кај Куманово и за приближувањето на османлиските војски, тие се разбегале.

Во Скопје, крај камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случувало најдоцна во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош воедно го означува и крајот на востанието. По ова османлиската војска тргнала во поход на север против австриската војска и во јануари 1690 година ја поразиле во битката на Косово поле. Во август 1690 година австриската војска го напуштила Ниш и Османлиската империја во целина.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,080 секунди.