|
Разговори за науката - општа и слободна дискусија. |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | ||||
Dr. Cullen
Група Регистриран: 19.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I got questions:
1. Која е причината поради која старее човечкиот организам и може ли да се прекине процесот на стареење (теоретски)? 2. Нешто повеќе за Chaos Theory и Butterfly effect ако може некој да објасни? |
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
1. Овде само Rita.MD ти е спасот, таа ги знае овие комплицирани прашања, инаку и јас би се обидел да ти помогнам. Со намалување на внесувањето калории може да се забави процесот на стареење и да се намали ризикот од појава на заболувања, заклучуваат научниците. А тоа, според нив, е клучот за долговечност. По спроведеното долгогодишно истражување, научниците откриле дека намаленото внесување калории за околу 30 проценти го намалува ризикот од срцеви заболувања, а за речиси 50 проценти се намалува ризикот од појава на тумори. Екстремната диета кај луѓето би можела да резултира со 25 дополнителни години живот. Меѓутоа, долговечноста има и своја цена “ секој би морал да се придржува до начинот на исхрана што ќе му одговара токму нему, а таа би вклучувала млеко, протеини и пченка. Тој начин на исхрана опасно би го доближил човечкиот организам до граница на недохранетост, па тие луѓе би морале да консумираат и витамини и минерали што не би ги добивале при редовната исхрана. Малку застрашувачки резултати биле добиени од 20-годишно истражување спроведено со мајмуни, при кое било забележано дека кај резус мајмуните кои не биле ставени под рестрикции во врска со исхраната, смртноста била поголема трипати, од животните кои добивале помали количества калории. Се верува дека слични ефекти би биле постигнати и кај луѓето. - Покажавме дека намаленото внесување калории во организмот го забавува процесот на стареењето кај мајмуните, кои ни се најблиски роднини, па веруваме дека таквиот начин на прехрана би можел да влијае и на луѓето “ велат експертите кои работат на овој проект. Сепак, тие предупредуваат дека драстичната диета, сепак, мора да е точно одредена и да содржи одредена нутритивна вредност. Предисториските луѓе токму поради тоа не живееле долго. Малку јаделе, но продукти со мала хранливост. Значи само со строга диета може да се ублажи овој процес, но не и да се искорени од корен, затоа што оној кој се родил мора да доживее се, а подобро да умреме како стари луѓе, отколку вечно млади, па да загаземе како млади во некоја сообраќајна несреќа или не дај Боже нешто слично. 2. http://en.wikipedia.org/wiki/Chaos_theory |
||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Wow DDarko, фала за довербата. 1. Пред се, поради процесот на оксидација настанува стареењето на организмот. Со стареењето се намалува работиот капацитет на нашите клетки, ткива, органи, се јавуваат проблеми при нивното фунционирање. Започнуваат дегенегативни процеси. Слободните радикали (нестабилни молекули во телото) се резултат на метаболизмот на клетките и тие се една од причините за стареење (затоа е многу важно да внесуваме доволно количество на антиоксиданси). Голема улога имаат и факторите од околината кои штетно влијаат на организмот и ја пореметуваат работата на клеточните системи. Сепак, сите старееме со различна стапка, во зависност од нашата наследна состијба (гените), исхраната, животниот стил, грижата за нашето тело и секако-животната средина (околината). Исто така, и Сонцето игра голема улога. Имено, некои од УВ зраците ги оштетуваат нуклеинските киселини (ДНА И РНА), и при процесите на нивно поправање можат да настанат грешки кои ќе резултираат со разни заболувања, како на пример канцер на кожата. Со прекумерно изложување на сонце, настанува предвремено стареење на кожата, се губи еластичното ткиви, таа станува набрана и сува, функцијата на потните и лојните жлезди се намалува. 2. Мислам дека има луѓе кои се покомпетенти до мене да го објаснат ова. |
||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Rita.MD срам ме е да ја прашувам професорката по физиологија, оти мислам дека некогаш кажала, а не сум ја слушнал, па ќе те прашам тебе. Ќе можеш ли да ми ја објасниш местоположвата на топчестиот, цилиндричниот, седлестиот, елипсовидниот зглоб, т.е да ми кажеш кој каде се навага овака општо, на пример: на лактот ваму таму... И то. Благодарам од напред. Инаку во кој да имам доверба освен во човек со кој имам заедничко, т.е Христијанство и медицина. И духовно и материјално бе ееј, голема привилегија.
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А и уште нешто, каква взаемна улога имаат белодробните алвеоли и крвните капилари? Дали само функциски се поврзани?
|
||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Рамениот зглоб и колкот се единствените топчести зглобови. Кај нив се присутни најмногу видови движења (во најмногу рамнини): флексија-свиткување, екстензија-испружување, надворешна и внатрешна ротација, циркумдукција, елевација-подигање, депресија, задна елевација-спуштање, абдукција-оддалечување и аддукција-приближување. Се додека не се активира лопатката е флексија, а потоа е веќе елевација-јас така ова го знам, но некои сметаат дека нема флексија и екстензија, туку само елевација и депресија. Цилиндрични се лактот, коленото и интерфалангеалните зглобови. Кај нив има само флексија и екстензија. Во радиоулнарниот (помеѓу двете подлактни коски) има супинација и пронација. Седлест е зглобот на палецот. Кај него има флексија, абдукција, аддукција, циркумдукција, опозиција (спојување на палец и мал прст) и репозиција (враќање во првобитната положба). Елипсовидни се рачниот зглоб (дорзална и палмарна флексија, улнарна и радијална девијација) и зглобовите помеѓу коските на шаката и прстите. Тука има флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција. Ротациски е тој помеѓу прв и втор вратен пршлен. Тука има ретрофлексија, антефлексија, латерофлексија и ротација (може и циркумдукција). Кажи ако треба уште. И после овие ќе ни викаат наука и религија не иделе заедно. Пих! Може да знам кој смер (образовен профил) си? |
||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Медицински техничар ( брат/сестра )... Благодарам за одговорот доволно е инаку мислев дека топчестиот зглоб е на лактот онака по некоја логика ама ете не е. Наука и религија не оделе заедно? Алберт Ајнштајн: " Сакам да ги знам Божјите мисли, се друго се само детали". Поздрав! Ајде сега да видам нека размислува некој дека не иделе заедно тие работи, доказ за тоа е и темата допирни точки помегу религија и физика. Имајте добра ноќ. |
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
http://www.wfu.edu/physics/demolabs/demos/avimov/bychptr/bychptr.htm
Еве уште еден линк за физичарите низ кој практичните примери се прикажани преку видео. |
||||
sasebt
Сениор Регистриран: 10.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
koj rece deka se stesnuva? spored merenjata, se shiri, i toa se shiri se pobrzo i pobrzo (dark energy). a za toa so ima posle krajot, to ti e isto ko da prasvas, so e povisoko od najvisokiot vrv .... |
||||
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Постои и таква теорија, но постои и теорија дека полека полека ќе се стеснува.
А прашањето ми беше, што има надвор од вселената? Сликата како изгледа како пример ја постирав некаде понапред. |
||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Хммм... објасни ми што точно те интересира. Да, фукнциски се поврзани. Кога притисокот во белите дробови е со помала вредност од надворешниот (од атмосферскиот притисок), односно при вдишување, воздухот навлегува во алвеолите. Сепак, парцијалниот притисок на О2 во алвеолите е повисок од оној во артерискиот дел од белодробните капилари и затоа тој навлегува (дифундира) во нив (б. капилари). Поради истите причини и СО2 ги напушта венските капилари. А инаку според Теоријата на Биг Бенг, вселената во еден момент од минатото била толку мала, како зрно ориз или врв на шпенадла, сингуларитет. Тогаш настанала Големата Експлозија (никој не знае кој или што ја предизвикало) и се создал универзумот. Од тој момент па наваму, вселената постојано се шири, за наша среќа, скоро со критична стапка која не и дозволува да колапсира наназад. Има еден проблем; доколку почне да се собира, некои веруваат дека и времето ќе почне да се враќа наназад, со оглед на тоа дека ние живееме во четиридимензионално простор-време. Значи, што просторот се собира тоа некако ќе влијае на времето. А надвор од вселената... јас верувам дека постои Бог. |
||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тоа за алвеолите заборави, помина таа тема преска бев испрашан поминав одлично. Туку за ова за вселената, каде може да настанала таа Голема Експлозија ако не постоел универзумот? Хмм... Ова е за ццц, прашање во прашање, ќе се пронајде ли некогаш вистинскиот одговор. Тоа дека таму се наога Бог и Божјото Царство мислам и јас од порано ми довагале такви мисли, но, не знам... Едноставно е необјасливо! |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Гледам се спомнува времето. Но, дали тоа навистина постои? Да, малку е чудно но ... За ова пишував во темата „Патување низ времето“, но за да не се мачите да барате, еве овде го пастирам истиот текст:
Веднаш после мојот пост, едно паметно момче го даде следново негово размислување во врска со времето:
За ова веќе дискутиравме на „Вероисповед“ и не би имало смисла истата дискусија да ја започнеме и овде. Единствено што би дал една забелешка на прашањето на Даре е што тој, поставувајќи го прашањето што има после вселената, претставена како коцка, го наметнува самиот одговор, односно тој (свесно или не) самиот ја определува вселената со некакви граници. Со самото определување на некакви „граници“се сака да се намете една претпоставка (тврдење) дека, нормално, позади тие граници е бог. Значи, зошто за вселената се ставаат граници, а за бог не? Сакате да кажете дека бог е безграничен? Даре, ај обиди се да ја избришеш коцката која (според твое теолошко сфаќање) ја претставува вселената и тогаш кажи ми каде е нејзиниот крај, а каде е бог! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zlatnik времето како димензија нема да постои ако не постои човекот да го реализира или дефинира. Бог рекол: " Да создадеме човек според Нашиот лик" што значи Бог е Дух кој наликува на созданието. Вселената има крај како што посочив на коцката, надвор од неа можеби се наога Божјото царство, не знам, такво некое трвдење не сум прочитал во ниту една книга или да сум гледал некаде по ТВ. Но како и да е тоа е вселената, смеса од се што е материјално, а Rita.MD не сакаше да каже дека таму е Бог како целина, туку таму се простира неговиот Дух Свети кој е насекаде освен таму каде што има гордост. Ако ја избришам коцката тогаш ништо нема да постои како пред Бог да создаде се, Бог ќе биде на било кое место, како Бог Отец, а Неговиот Свети Дух ќе биде насекаде и ќе знае што се се случува во ништото! Уште нешто, создавањето на се околу нас дури и на крајот на вселената, е Божја волја која ние не можеме да ја менуваме.
|
||||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |