IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - За градинките
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За градинките

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 13:42

Никогаш не сум одела во градинка........и ми беше криво затоа што сите другарчиња ми одеа во градинка, а мене баба ми ме чуваше........

Сестра ми од градинка научи повеќе песнички од мене, научи букви, броеви, разни игри.....и ми ги прераскажуваше па јас ги учев од неа........

Но за жал се наполни со вошки, фати сипаници, настинуваше често........

Тоа е........си има и предности и недостатоци одењето во градинка..........
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 13:48
Градинка е многу битен елемент во раното детство на секој човек за правилен развој.
Таму децата учат, се социјализираат и се забавуваат.
Искрено јас не се забавував до толку кога одев во градинка. Се нервирав што морам да спијам во 2 попладне со еден куп мрсулави другарчиња до мене кои ми дишеа во фаца и ни даваа само по едно ќофте а ја сакав две Што да правам ми се јадеше, такво буцко бев.
Се на се интересно искуство беше за мене иако ја удавив мајка ми да ме извади од таму на времето. Имаше и некои хорор воспитачки на кои и денес денес кога ќе им се сетам на бојата на гласот се ежам.
И една мнгу интересна работа што ја споменаа другите членови дека децата многу повеќе научиле во градинка, тоа може да изгледа така, зошто помалите деца како и бебињата имаат енормна способност да впиваат информации и учат нови работи многу повеќе отѕколку повозрасните и кога малите ќе ги изнаучат сите букви, бројки и слични работи се воодушевуваме бидејќи се соочуваат за прв пат со нова материја во животот.
Понатамошната едукација отпаѓа на други работи која не се занимава веќе со основите како описменување на прво место и можеби затоа луѓето мислат дека се забавува процесот на учење на нови нешта.
Човечкиот ум е така дизајниран да постојано учи и усвојува нови нешта во различни доба од животот.
Додуше не знам што учат 3 одд и 4 одделенците денска, валда исто тоа што и мојата генерација го учеше пред 20 год.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 15:12
I moeto dete odese vo gradinka, ama jas ja utnav vospituvackata, taa trebalo da ti bidi prijatelka
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2009 во 18:14
И додека немилосрдно се трошат народните пари на службени возила, на разни кампањи, реклами , и се одвлекува вниманието на народецот од реалноста на децата  детството им минува онака како што не треба...
ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ДЕЦА ПРЕПОЛНИ
Во градинка како на стадион

Секое утро со страв го оставам детето во градинка затоа што во групата има триесетина деца. За нив се грижат само две негувателки, кои, реално, не можат да постигнат сите да ги измијат, а не, пак, да ги нахранат или да ги легнат да спијат, реагира еден родител, чиешто дете оди во градинка во скопската населба Аеродром. Речиси сите градинки во земјава се преполни со деца, а родителите се загрижени дали негувателките и учителките можат да им ја дадат потребната нега. Според нив, најчесто децата се враќаат дома изгладнети, извалкани и ненаспани иако редовно ги плаќаат сметките за нега и за храна. Дел од родителите реагираат и на тоа што децата иако во градинка се запишани од септември, минатата година, воопшто не кажуваат песнички или некој нов научен збор. - Во детската градинка каде што ја носам ќерка ми во групата има 30 деца. Кога ја запишував во градинката ни рекоа дека во групата во која ќе престојува ќе нема повеќе од 15 деца, а за нив ќе се грижат една воспитувачка и две негувателки. Воспитувачката работи до 13 часот, а негувателките не можат да направат ред на толкава група. Кога ја земам од градинка во просторијата е хасо, врева и метеж - објаснува Силвана, мајка на петгодишно девојче. Педијатрите се едногласни дека идеални услови за грижа во градинките се групи од 12 деца со две негувателки и со една воспитувачка. - Според светските стандарди, а за децата да ги имаат сите услови за правилен раст и развој, групите мора да се помали за да можат негувателките и учителките еднакво и квалитетно да им посветат време на децата. Градинката не е само помош на родителите за згрижување, туку таму се развива и моториката и социјализацијата на децата - вели Марија Стојановска, педијатар. Неретко родителите по неколку месечен престој во градинка ги отпишуваат своите деца и најмуваат луѓе што ги чуваат децата. - Кога се навикна на градинката син ми се разболе, па не го носевме неколку недели додека не оздрави. Откако почна да оди во градинка за само две недели повторно се разболе. Знам дека тоа е „нормално“, но се прашуваме дали, можеби, преголемиот број деца е дополнителна причина за ширењето на болестите. Доколку има повеќе од две негувателки во групата на син ми во која има 27 деца, можеби, грижата за хигиената ќе биде многу подобра - вели Игор. Од Министерството за труд и социјала потврдуваат дека во градинките има поголем број деца од предвиденото. Според нив, контролите што ги прават покажуваат дека еден дел не доаѓаат редовно во градинка затоа што се разболуваат, па со тоа бројот на децата во групите станува оптимален. - Со Програмата за развој на детската заштита за 2009 година, предвидуваме можност градинката дел од својата дејност да ја врши во други просторни услови. Ова дава можност да се отворат групи во училиште, месна заедница, или таму каде што има услови за тоа. Со тоа може да дојде до намалување на бројот на децата во градинките, а поради нивната близина тие ќе се префрлат во новите групи - информираат од Министерството и додаваат дека вакви дисперзирани центри се веќе отворени. Оттаму објаснуваат дека Секторот за заштита на децата ги има лоцирано местата каде што има проблеми и откако ќе добијат податоци за потребата од нови градинки во зависност од можностите на Општината ќе ги преземат сите мерки за надминување на состојбата.



Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2009 во 10:35
Какви две негователки, кај живеете вие?
Во градинка има една учителка која си оди во 12 30
а негователката е таму од 8 до 16 00 и толку.А деца во групите има по 25-30.Ама тоа ти е , во државните градинки за 1 500 денари, ако не ви чини имате и приватни ама 4-5 пати поскапо е!
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 09:39
Пред некое време воведоа ново правило: Да се донесе резултат од брис после секое боледување(како доказ дека нема присуство на некоја бактерија)И како се кај нас, секое чудо за 3 дена, после месец, два се е по старо , а таман здивнавме од тие бактерии.
Апелирам до сите родители , да се свестат и да ги проверуваат редовно децата, и да не ги праќаат болни во градинка, бидејќи , меѓудругото тоа е и за нивно добро.Вака само се пренесуваат бактериите од едно на друго дете и се се врти во круг.
Ако сакате да имате чиста совест, почитувајте ги правилата!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 10:56
Вчера слушам за предлогот на Лилјана Поповска од ДОМ за воведување втора смена во градинките и училиштата со целодневна настава односно продолжување на времетраењето на престојот на децата во овие институции.
Оправаност на предлогот се бара во презапосленоста на жената-мајка и неможноста за грижа за детето заради ангажманот и во попладневните часови.
Убав предлог од аспект на политичар, од институцијата затоа што ќе се  зголеми бројот на вработени дипломирани лица од оваа област.
Но ајде да и погледнеме на вистината во лице.
Без јасно прецизирани правила на однесување на згрижувачите и обврски на опремување на ентериерот,без точна определена бројка на деца во група/паралелка, без точно определена програма за работа и забава на децата,  без точно определо времетраење на престојот на детето во овие институции и без точно нагласени казни за отстапувањата на чинителите....ќе се случи она што е наведено во претходниот пост...СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА... Ќе почне...
...оставање на децата во градинка/училиште по 12...14...часа под оправдување на презафатеност на работното место и носење на детето дома само за спиење.
...носење на болни деца...за кои мора да има изолациони соби и нормално вработени лекари...сестри а не да се препуштаат на воспитно-образовниот персонал и во иста просторија со условно здравите деца
... Ќе продолжи праксата на отстапување од законски регулираната бројка... па на една воспитачка/негувателка во група ќе се оставаат по 20...30 и кусур деца...
Евала да сум грешка...изненадување



Изменето од mamamd - 10.Март.2009 во 10:58
Кон врв
marija-delcevo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marija-delcevo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 19:10
vaka iskreno ne sum ni znaela deka postoi ovoj forum
OK e i se nadevam deka taka ke prodolzi
Кон врв
marija-delcevo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marija-delcevo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 19:21

Jas sum diplomiran profesor po preduclisno vospituvanje veke 2godini, sega ucam i za profesor po oddelenska nastava i nemam nitu eden den rabotno iskustvo. Ja cenam ovaa rabota, no sto da pravime nie koga ziveeme vo takvo opstestvo.
Drugo sto sakav da istaknam:
Vo pravo ste za predlogot na Liljana Popovska, no za ovoj predlog mislam deka moze da se poglednat rabotite i od drug agol.
Dokolku ima dovolen broj na deca, ima dovolen broj na nastaven kadar,i kade sto uslovite baraat da se vovede vtora smena vo gradinkite, zosto da ne.
Koga vo odredeni slucaevi se frlaat nepotrebni sredstva. Ovde se ministerstvata koi se zadolzeni za toa, ovde se lokalnite samoupravi neka se angaziraat i mislam deka ovaa moze uspesno da se sprovede.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 20:35
Во Македонија воспитно-образовно-згрижувачката дејност е унифицирана и е на терет на државата. Во Скопје има неколку приватни градинки во кои се згрижени  деца на побогатите за сума која е 5 пати поголема од државните градинки.
Во државните заради социјален мир децата се згрижуваат за сума од 30 евра месечно. Тука за таа сума се децата од сите социјални категории, за иста сума  богатите, средно богатите,  сиромашните и социјалните случаи.
Ослободување од плаќање нема ни за социјалните случаи.
Предлогот за втора смена е прифатлив но не за истата сума бидејки сега веќе градинките се во колапс.
И најтрагичното е што токму оние кои можат да платат пак нема да плаќаат, со нив ќе оди повуци-потегни а ќе гледаат да ги оставаат децата цел ден за да ги искористат и појадокот, ручекот, ужинитеголема%20насмевка

Многу треба за  да се средат работите.
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 12:22
"Топ­ли­фи­ка­ци­ја" ќе ги исклучи школите и градинките????
www.vest.com.mk
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 13:03
Па ако може приватните корисни за неплатени 3 сметки да бидат исклучени зошто не и државните институции? Ово ј башибузук што тече  во нашава држава мора еднаш да заврши. Сите училишта кои се приклучени на Топлификација не се ни трудат да заштедат на енергија која непотребно се троши. По завршувањето на наставата до 21 часот училиштата се затоплени и се троши енергија затоа што никој паметен не се секира што се троши непотребна енергија па де са исклучат подстаниците. Хаусмајсторите во училиштата се за тоа платени. 
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 09:42
Па тоа не е наш проблем, ако не платиле нека ги исклучат, ама ние нема сигурно децата да ги оставиме да седат по 8 саати таму *без парно*!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 14:26
За да имаме здрави деца мора да се обезбедат услови за нивно згрижување додека родителите се на работа. Во денешно Време има интересна анализа за условите во нашите градинки.
РЕТКО КОЈА ДЕТСКА УСТАНОВА РАБОТИ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ
Во градинка како на крстосница

Без дворови, покрај улици, меѓу високи згради или сместени во станови на неколку ката се условите во кои работат повеќето градинки во земјава. Според правилникот за детски установи, пак, секое дете треба да има најмалку по 15 квадратни метри простор од дворот, а објектите да се изградени на локации заштитена од врева и од издувни гасови. Просториите за играње треба да бидат свртени кон сончевата страна и на секое дете мора да му се овозможи слободен простор од четири квадратни метри. Вакви стандарди пропишува новиот правилник за дејноста на детската градинка, кој го изработи Министерството за труд и социјална политика, а стапи во сила овој месец. Покрај другото, и во игралиштето на објектот за секое дете треба да има доволно простор за играње. Во новиот документ се пропишани правила и за најмалиот детаљ, од тоа со какви материјали да се изработуваат играчките, каква опрема да има во кујните, со што да се поплочат патеките во дворот и колку да бидат загреани просториите за играње. Пропишано е писоарите во градинките да работат на сензори, а градинките треба да воведат системи со кои ќе се заштити прелевање на миризбата од кујните и од тоалетите во другите простории. Родителите, пак, во практика се соочуваат со сосема поинаква слика од пропишаното. Тие што живеат во центарот на поголемите градови најчесто се жалат дека во градинките нема двор каде што децата можат да се истрчаат слободно, а и групите секогаш се поголеми од законски пропишаните. - Градинката во која го носам детето е во зграда, нема двор, а нема ниту парк или зелен простор во близината, па децата не можат да си играат надвор. Поголемите, на возраст од две и повеќе години, пак, мораат секој ден да се качуваат по скали затоа што нивната просторија за играње се наоѓаат на вториот кат, што, исто така, не е во ред. Градинките не треба да се отвораат во згради и“8211; раскажува родител кој го запишал својот син во една градинка во центарот на Скопје. Во ресорното министерство велат дека досега се градело по стандарди кои биле донесени во 1987 година, а единствената нова градинка која во моментот се гради е таа во Ѓорче Петров, која е според најновите нормативи. - Со оглед на фактот дека постојната мрежа на јавни установи за деца е изградена до 1991 година, при изградбата се почитувале важечките стандарди за тој период. Затоа постојните градинки немаат обврска да се приспособуваат според новиот правилник, освен во делот на кадарот бидејќи има потреба од усогласување на бројот на вработените и“8211; велат од Министерството.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.