IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - МПЦ го купи хотел “Изгрев“ за 1.500.000 евра???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МПЦ го купи хотел “Изгрев“ за 1.500.000 евра???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:34
 
Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!


МПЦ и поглаварот г.г. Стефан јавно тврдеа дека хотел Изгрев не е загубен, дека е нивна сопственост. Но, пред некој ден, тие за еден и пол милон евра го купија хотел Изгрев во Струга! Кој го продал хотелот ако е сопственик МПЦ, како што тврдеше г.г. Стефан?! МПЦ нема на сметка еден ипол милион евра свои пари за да го купи назад сопствениот хотел, чии пари се тогаш во трансферот?! Дури и да имала пари, МПЦ нема одлука на Синодот еден така голем износ да се потроши за купување на хотел кој е претходно веќе загубен заради сомнителни трансакции токму од МПЦ.

По правосилно судско решение, и завршена управна постапка за сопственици запишани во Катастар, извршителот Марјан Деребан го ставил хотелот на лицитација, откако добил известување дека жалбата на германската ЛХБ банка како доверител е одбиена. И, сосема неочекувано за пошироката јавност, на лицитацијата се пријавила само МПЦ, и за хотелот Изгрев понудила 1,5 милион евра. 

Хотелот Изгрев не е сопственост на МПЦ туку, со сомнителни трансакции, Црквата го загубила хотелот заради долг кон Банки и лица од Струга. Доверители, покрај германската ЛХБ банка, беа Тутунска банка од Скопје и една приватна фирма на македонски Албанец од Велешта, Струга. Извршителот Деребан вели дека со овие 1,5 милион ќе бидат вратени главните долгови за кредитите кон Тутунска банка и кон фирмата Авел ДООЕЛ од Велешта, без да прецизира детали како и зошто само МПЦ се јавила на лицитацијата за хотелот. Немаше ни детали за потеклото на парите, дури еден и пол милион евра на МПЦ за овој трансфер.

Шокантно е тоа што никој во МПЦ од членовите на Синодот не знае, ниту дека МПЦ повторно го купила хотелот Изгрев, ниту пак е јасно од каде на МПЦ толкава сума пари. Според досегашните изјави на г.г. Стефан, МПЦ сега сама си го купила сопствениот хотел, а милион и пол евра црковни пари (што значи наши, заеднички пари на сите верници) за ништо отишле во нечии раце. Владиците на МПЦ велат дека ваква точка на дневен ред на Синодот воопшто не била ставена и дека архиепископот самоволно во координација со својот финансиски советник Димитар Белчовски, поддржан од браќата Миладинови, влегле во оваа идеја за повторно купување на хотелот Изгрев. 
МПЦ е сопственик на “Изгрев“ од 2001 година. Набргу потоа, повторно без знаење на Синодот и без јавно објавен тендер “Изгрев“ е даден на управување на браќата Миладинови, заедно со хотелот Бисер, кој го доби како денационализација. Вечер пред две години прв ги објави скандалозните хипотекарни договори во кои, со црковен имот како залог од неколку банки беа подигнати кеш пари, неколку милиони евра, за кои никој во Синодот на МПЦ, до ден-денеска, не објасни каде завршија. ГГ Стефан ги негираше овие трансакции, тврдејќи дека се клевети.

Откако доверителите ја активираа хипотеката Тутунска банка од Скопје за еден милион евра кредит и Авел ДООЕЛ од Велешта за 1,2 милион евра исто така побарување хотелот беше ставен на лицитација. Набргу потоа лицитацијата беше стопирана бидејќи германската ЛХБ банка тврдеше дека МПЦ и Миладинови и од неа имаат земено кредит од 4 милиони евра, но некој во катастарот во Струга успеал да ги избрише од имотниот лист на доверители.  Најголем дел од владиците на МПЦ се шокирани и ќе бараат архиепископот да им образложи од каде нашол толкава сума пари? Владиците тврдат дека никогаш, на сметката на МПЦ, немало 1.500.000 евра. Особено не пари кои се слободни за купување хотели, во време кога МПЦ се соочува со низа финансиски проблеми за кои пари нема.
Бизнис партнерите на МПЦ уверуваат дека до 2009 ќе биде завршена реконструкцијата на хотелот, а кредитите ќе се отплаќаат до 2013. Сепак, не можат да потврдат која ќе биде идната функција на хотелот. Нивната намера е да се гради центар за рехабилитација.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Каков матен бизнис е ова: на МПЦ или приватен на дедо Стефан?
Од каде му толкави пари на поглаварот, и тоа за купување хотел?...збунетост
 
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.