IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Познати жени во историјата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познати жени во историјата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 12:53
Покахонтас




O najranijem životu Pocahontas se relativno malo zna, uključujući točan datum njenog rođenja. Njena majka je bila jedna od mnogih supruga poglavice Wahunsunacocka, koji je vladao plemenom Powhatan i istoimenom konfederacijom podložnih plemena. Nakon što je rodila kćer napustila je Powhatanovo domaćinstvo, što je bio tadašnji običaj među Powhatanima.
Godine 1607., kada je Pocahontas imala 10 ili 12 godina, Engleska je na obalama Virginije počela graditi koloniju zvanu Jamestown. Jedan od ljudi uključenih u taj projekt bio je kapetan John Smith. Njega su zarobili lovci iz plemena Powhatan te ga doveli u naselje Werowocomoco, koje je tada bilo jedno od sjedišta konfederacije. Tamo je Smith, u skladu s običajima, trebao biti pogubljen. U posljednjem trenutku prije pogubljenja se na njegovo tijelo kao živi štit bacila Pocahontas te mu tako spasila život. Njen otac je tada odlučio ne samo Smithu poštediti život, nego ga pustiti da se vrati u svoje naselje.
Motivi i prava priroda ovog događaja nisu poznati, a s obzirom da jedini zapis potječe od samog Smitha, od 1860-ih se među historičarima javljaju sumnje da se on uistinu dogodio.
U svakom slučaju, Pocahontas i Smith su postali dobri prijatelji, a to je prijateljstvo poboljšalo odnose između same kolonije i plemena, te omogućilo Jamestownu da se održi u teškim uvjetima oskudice. Sama Pocahontas je rado dolazila u Jamestown da se igra s tamošnjim dječacima.
Kasnije je Pocahontas otišla živjeti kod plemena Patawomec, koji su bili vazali Powhatana i imali teritorij oko rijeke Potomac. U martu 1613. ju je Japazaws, poglavica Patawomeca, zarobio i predao engleskim kolonistima iz Jamestowna kako bi se preko nje otkupili dva Engleza zarobljena od strane Powhatana. Powhatan je pristao vratiti Engleze, ali ne i njihovo oružje, te su se obje strane pripremale za rat. Sama Pocahontas je odvedena u Henricus u današnjem okrugu Chesterfield. Tamo ju je svećenik Alexander Whitaker podučavao engleskom jeziku i kršćanskom nauku, a poslije je i krštena te dobila ime Rebecca.
Nakon što su u martu 1614. otpočeli oružani sukobi između kolonista i Powhatana, kod naselja Matchot su održani pregovori prilikom kojih su Englezi pokušali isposlovati mir predajom Pocahontas. Međutim, tada je Pocahontas rekla poglavicama Powhatana kako je uvrijeđena time što ju je otac držao manje vrijednom od zaplijenjenog engleskog oružja, te rekla kako više voli živjeti među Englezima.
Za vrijeme boravka u Henricusu, u Pocahontas se zaljubio John Rolfe, uspješni uzgajivač duhana čija je supruga nedavno bila umrla. Rolfe je od guvernera tražio dozvolu da se oženi za nju, a kad ju je dobio, par se vjenčao 5.4. 1614. Njihovo prvo i jedino dijete - sin Thomas - rodio se 30.1. 1615.
Brak između Rolfea i Pocahontas je pridonio smirivanju tenzija između kolonista i domorodaca, a nešto kasnije su vlasti kolonije došli na ideju da Pocahontas iskoriste kako bi privukli nove koloniste. Zbog toga su Rolfe, ona i još 11 pripadnika plemena Powhatan 1616. otputovali u Englesku. Tamo su izazvali veliku senzaciju među javnošću, a jednom prilikom su dovedeni na dvor kralja James I. Tamo se srela i s Johnom Smithom, za koga je pogrešno vjerovala da je bio stradao u brodolomu nekoliko godina ranije.
U martu 1617. su se Rolfe i Pocahontas ukrcali na brod koji ih je trebao vratiti u Virginiu. Međutim, Pocahontas se zbog bolesti iskrcala u Gravesendu. Tamo je i umrla i pokopana, a mjesto danas obilježava spomenik.
(извинете неможев да најдам соодветен превод на македонски)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 23:51

Румена војвода


Румена војвода спаѓа во групата опеаните жени во македонската историја. Таа била водач на една од најпрочуените ајдучки дружини за која, покрај дружината на дедо Иљо Малешевски, се знае нешто повеќе. Румена била под силно влијание на подвизите на Дедо Иљо, војводата Малешевски66 како што впрочем била и родената сестра на Илија Марков Малешевски, Марија Маркова која голем дел од својот живот го поминала во борбените редови на балканските народи против османската власт, рамо до рамо со војводата Малешевски67.

Судбината на Румена Георгиева (татко и се викал Ѓорги) е слична како онаа на многу ајдути, но нејзиниот крај е малку поспецифичен зашто завршува со подло убиство од раката на свој соборец, во едно од крвавите македонски меѓусебни убивања. Родена е во селото Ѓушево (Ѓуешево) според некои податоци во 1826, а според други во 1831 година. "Како убава, снажна и способна девојка" во 1843 година се омажила со својот соселанец Ѓорѓи. Во 1851 година таа родила еден син - Андон, а кога синот имал 4 години, некаде во 1855 година, по една расправа со Османлиите таа заминала во гората со околу 15-тина заколнати ајдути, да се бори против насилниците кои се изживувале врз незаштитеното македонско население.

Уште како девојка Румена била грабната од кривопаланечкиот кајмакам, но селаните од неколку села дале отпор. Четириесет од нив биле врзани како бунтовници, но, на крајот биле ослободени заедно со Румена. Според кажувањата на некои нејзини современици што ги запишал Ефтим Каранов, откако се омажила имала врски со некои сејмени од Кулата на Деве Баир и со некои арамии. Во случај на било какво убиство по патиштата, властите секогаш ја барале Румена. "Ту ја носеле на истрага во Паланка; ту ја мачеле да ја потурчат. Татко и го одвеле во Скопје, го држеле една годика во затвор. Се вратил болен и умрел. Една голема потера пристигнала дури од Нишко за прогонување на Дедо Иљовата чета; ја фатиле Румена и ја тепале на сред село да каже нешто ако знае; кога ја тепале молчела, но кога станала гордо се издигнала и рекла: Има да видите.

Непосредниот повод за одметнувањето на Румена во споменатата 1855 година било нејзиното скарување со некој Турчин и неговото убивање. Тогаш оставајќи аманет до семејството да го чуваат нејзиниот син единец Андон, таа изјавила: "Ајдутин сум, целиот свет пропиштел на мене! Штом е така нека станам ајдутин...". Потоа заедно со ковачот од село К'ркља (Стојан Ковачот или Стојан К'ркљански) си дале клетва за посестримство и побратимство и одлучиле да соберат ајдучка чета, на која војвода ќе биде Румена, а бајрактар Стојан. Дружината била набрзо составена, а биле обезбедени и јатаци.

Во периодот од 1856 до 1860 година (според други податоци од 1858 до 1861 година) дружината на Румена непрекинато ги заплашувала насилниците, а посебно беговите кои, и покрај многу обиди, не можеле да ја фатат. Станала прочуена "Планинска царица". Под вештото раководство на Румена и Стојан, нивната дружина развила богата дејност, ликвидирајќи неколку турски арамиски чети, одделни насилници и др. Против дружината доаѓале многу потери од околните градови, а една и од Битола, но со помошта на бројните јатаци и на селаните, таа секогаш успевала да избега, префрлувајќи се од еден крај во друг. Се тврди дека Румена ги напаѓала и христијаните, особено чорбаџиите, а секако и предавниците и соработниците со османските власти и бегови.

Дружината на Румена дејствувала самостојно, но кога зачестиле потерите се обидела да се поврзе со дружината на Иљо Малешевски. Во истото време војводата Малешевски бил во Србија, а Румена успеала да стигне дел од неговата дружина во областа на Врање. Сепак, во тоа време тешко можело да се прифати жена-ајдутин, така што ајдутите на Иљо Малешевски се однесувале со презир и омаловажување кон неа. Неприфатена, четата на Румена се вратила на својот терен, но под силниот притисок што дотогаш го поднесувала, почнале внатрешни несогласија и сомнеж во побратимството и посестримството помеѓу Румена и Стојан. Ајдутите почнале да веруваат дека причина за неуспесите на дружината било токму распаѓањето на ова побратимството и посестримство.

Еден ден, кога дружината се наоѓала во некои колиби меѓу селата Градец и Габер - Кривопаланечко, се случил еден од ретките трагични настани во македонското ајдутство. Ајдучките другари на Румена и Стојан, Спасе од с.Градец и Милко Патлиџанот од с. Габер го извршиле најлошото. Според Каранов, "Спасе бил физички и морално ниско, црно човече и тој најмногу ги напаѓал Румена и Стојан зашто сакал да стане војвода. Тој велел Не прилега жена да не води!' Бил мошне задоволен кога убедил неколцина од дружината за да ја убијат Румена и тоа под оправдување дека таа го изневерила посестримството". И така Спасе и Милко, наместо да се одделат и да формираат посебна чета, кога Румена и Стојан спиеле во колибата, со дрва ги убиле.

За убиството на Румена и Стојан постојат повеќе верзии, но најприфатлива е онаа што ја запишал Каранов, бидејќи истата му ја раскажал самиот Спасе, кој живеел извесно време во Ќустендил и неколку години пред 1886 година умрел таму. Така, Румена и Стојан биле подло убиени, не од претставниците на османската власт, туку од своите содругари. Мотивот за убиството лежел во преголемите амбиции на едно "физички и морално ниско, црно човече", на нивниот другар Спасе, но, според други кажувања тие биле убиени од свој четник потплатен за таа крвава работа. Каранов наведува дека тоа се случило во 1861 година, но според некои истражувања убиството на Румена и Стојан, како и убиствата на нивните противници, значи и растурањето на дружината, станало во 1862 година.

Веднаш по убиството на Румена и Стојан, дружината го избрала за војвода Спасета и повторно положила заклетва на верност. Но, дружината броела само петмина, зашто другите ја напуштиле. Овие дејствувале неколку месеци. Потоа Милко и Пешо дедо Пејчинов и двајца други ајдути, кои биле сметани за виновни за смртта на Румена и Стојан, на спиење биле убиени во с. Жидилово, Кривопаланечко. Убиството го извршил другарот на убиените, Стоилко од с. Трново, Кривопаланечко, кој по извршената одмазда се предал на властите. Војводата Спасе останал жив, зашто тој ден отсуствувал78. Така братоубиствено завршила дејноста на оваа истакната ајдучка дружина, која развила значајна дејност во заштита на народот, а особено на сиромаштијата од злоделата на грабежите на разните разбојници и од самоволијата на претставниците на османските власти.

Убиството на Румена војвода и на бајрактарот Стојан Ковачот спаѓа меѓу првите вакви забележани убиства за време на османското владеење од поновата историја во низата на македонски жртви од македонски убијци или предавници.



Изменето од Boogie - 21.Октомври.2008 во 23:52
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 21:09
Ilirska kralica Teuta


mala biografija

taa bila edna zgodna zena
bese mnogu intelegentna
taa gi vodese vojnite iliro-rimski
nekade 300 godini pred nasa era

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 21:40
Originally posted by Red`Black Red`Black напиша:

Ilirska kralica Teuta mala biografija taa bila edna zgodna zena bese mnogu intelegentna taa gi vodese vojnite iliro-rimski nekade 300 godini pred nasa era




200 г.п.н,е
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 11:00
Џуди Гарланд



Џуди Гарланд (родена како Франсис Ерал Гам; 10 јуни 1922 – 22 јуни 1969) е американска филмска актерка и пејачка, номинирана за оскар, најпозната по својата улога како Дороти Гејл во филмот Волшебникот од Оз. Гласот на Гарланд останува запаметен поради поседувањето на природно вибрато, способност која таа ја искористува дури и при сосема тивко пеење. Овој ефект, комбиниран со нејзиниот талент, ѝ овозможуваат на Гарланд речиси секогаш да го долови чувството на песната која ја пее, без разлика на тоа дали таа е весела, тажна или комична. Нејзината ќерка од вториот брак - Лајза Минели - е исто така успешна актерка, добитничка на оскар за улогата во Кабаре од 1972 година.
Американскиот Филмски Институт ја прогласува Џуди Гарланд за осма најголема филмска ѕвезда на сите времиња.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 20:07
Баба Гаца

Можеби не направила којзнае што, и повеќето од вас прв пат слушаат за неа,... јас денеска ја запознав и решив да ја запишам во познати жени во историјата... Баба Гаца е единствениот постојан жител на Галичник,... која целиот свој живот го поминала овде... никогаш не се омажила и нема деца... нејзиниот вереник заминал во Бугарија на печалба, и јас заклучив дека таа уште го чека да се врати... замисленост кога ја прашавме колку години има,... само арогантно ни одговори ,,дека не е важно,,... после една друга баба ни шепна дека има околу 75тина години... намигнување
кај баба Гаца се сите поважни клучеви од селото,... и и ја дале најубавата куќа.... за тука да си ги помине последните години... а ова е интересно... кога на бабава и се расипале забите,... специјално за неа донеле камион со стоматолошка ординација внатре смеење и после речете дека не заслужила место овде намигнување

еве и една гушка од мене големо%20гушкање
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 20:54
Штом сме кај бабите,баба Ванѓа Струмичанката.

Ајде сега да ги видам-Ами Баба Ванѓа е Блгарка :)

Изменето од Македон - 08.Јануари.2010 во 13:36
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 19:32
Кралица Викторија



Кралицата Викторија(1837-1900) владеела подолго од сите британски монарси. Владеела на врвот на британската индустриска револуција, во време на развојот на мошне големата колонијална империја.
Велика Британија го достигнала занитот на својата моќ - таа несомнено била првата светска сила. Таа на власт дошла на 18 години а со своите премиери Роберт Пил и Бенџамин Дизарели.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 17:17
Султана Делчева,...  потекнувала од село во близина на Кукуш,... и имала 9 деца... мајка на Гоце Делчев... всушност.... и затоа е позната намигнување
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 22:44
Марија Калас



Марија Калас (англиски: Maria Callas, грчки: Μαρία Κάλλας) (2 декември 1923, Њујорк – 16 септември 1977, Париз) била американско-грчки сопран, една од најпопуларните и најконтроверзните оперски пејачки на сите времиња. Својот успех го должи на неверојатните гласовни можности, моделирани по најсуштествените принципи на белкантото, но и на исклучителните интерпретациски и артистички способности со кои доминира на сцената. Нејзиниот репертоар се протегал од улоги од драмскиот Вагнеров фах, преку комплексните ликови на хероините од оперите на Верди и Џакомо Пучини, па сѐ до исклучителните колоратурни партии од композиторите на белкантото, Винченцо Белини и Гаетано Доницети, чии неколку опери самата лично ги „ископува од правта“ на театарските архиви и ги вцврстува во стандарниот оперски репертоар. Исклучително чудлива личност, полна со испади и скандали; врската со Аристотел Оназис, како и можното ривалство со Рената Тебалди, допринесува медиумите сето тоа да го пренагласат и да влијаат врз текот на нејзиниот живот. Сепак, денеска таа претставува синоним за оперска дива, име кое има оставено неизбришлива трага врз оперската уметност. Умрела од срцев удар во изолација во Париз.

Изменето од DarlinG - 04.Ноември.2008 во 22:50
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 12:35
Марија Кири



Марија Склодовска – Кири (7 ноември 1867 - 4 јули 1934) е полско - француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 03:14
Сите жени кралици биле влијателни од две причини. Првата е слаб крал, емотивен, кој нема сила да ја води државата, па жените лесно ја земале власта. Таква била на пример Катерина Медичи, Изабела од Арагон и други.
Втората причина е емотивната врска со синот престолонаследник. Не случајно Олимпија, жената на Филип Македонски била највлијателната жена и покрај отворената омраза кон Филип. Сепак љубовта на Александар кон неа била огромна, не случајно тој е регент во време кога во Пела беснеат немири зад кои можеби стои неговата мајка. Несогласувањата на Филип и Александар произлегуваат токму од приврзаноста на Александар кон Олимпија, а особено отворениот протест кога татко му зема друга жена и заминувањето со неа од дворецот во Пела. Токму тоа и го искористува Олимпија, па Филип е принуден да ја врати назад. Не случајно таа е највлијателната жена во времето на владеењето на Александар, па и по неговата смрт, таа е еден од најголемите проблеми во Пела.
Друг ваков пример е мајката на францускиот Крал Луј XIII, која отворено владее и покрај неговото полнолетство, се додека кардиналот Ришеље не преземе мерки против неа.
Ваков е случајот и со Евдокија, жената на рускиот Цар Петар Велики, која поради приврзаноста на синот Алексеј кон неа, отворено се врти против Петар Велики ( го мразела уште од почетокот, кога се омажила за него, не му дозволувала никогаш ниту да ја допре, иако тој ја сакал ), а и детето не го сакало поради тоа што мајката не го сакала, а и самиот Петар бил суров родител. Не случајно тој подоцна го убива својот син ( Алексеј го предава Петар, секако, со знаење на мајката ), а кралицата Евдокија ја затвора во манастир, меѓутоа таа таму е под заштитата од Руската Православна Црква,а и зема љубовница која му раѓа деца и владее по неговата смрт. Сепак, Евдокија ги надживува сите негови потомци, па нејзината фамилија повторно се враќа на власт, а самата таа потоа триумфално влегува во главниот град, со сите почести.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 23:30
Еве една од највлијателните жени во историјата, која навистина, своето влијание го црпела од сопствениот карактер, а не од нечии други предиспозиции




Елизабета Прва
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 00:33
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,452 секунди.