IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кoja кујна???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кoja кујна???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Прашање: ви е омилена?
Одговор Гласови Статистика
16 [44,44%]
4 [11,11%]
6 [16,67%]
2 [5,56%]
6 [16,67%]
2 [5,56%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:50
Уууффффммммммммм........ми отвори апетит во овие доцни часови големо%20гушкање....ама ќе се воздржам до утресреќа
Иначе БРАВО за постовиве!голема%20насмевка
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 23:28
јооој навистина сонце? леле ако е така баш ми е драго-верувај дека е much better for your body големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
nikita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 23:23
blue ti bese edna od pricinite sto me nateraa da stanam vegan t.e. laktovegan
She sells seashells by the seashore...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 22:57
големо%20гушкањема сите ги сакам. што не содржат месо.....сепак макробиотиката ми е на прво место.
П.С. намерно ја скокнав грчката кујна намигнувањенамигнувањенамигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
nikita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 22:53
Bravo blue za postovive...podobri objasnuvanja ne si mozela da dades od spomenative kujni mislam deka najzdrava e mediteranskata,a najvkusni makedonskata i italijanskata...ne znam sto bi pravela bez spagetite,tortelinite i lazanjite
She sells seashells by the seashore...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:17
Американска Кујна

Најсликовит израз, кој најдобро ги опишува жителите на Соединетите Амери­кански Држави е “Мелтинг Пот” - “лонец во кој се стопуваат и се мешаат различни луѓе, обичаи, култури, раси, религии, па така и гастрономијата од сите делови на светот”. Американската кујна е многу разновидна и не може строго да се дефинира.
Тоа на што денес сите помислуваме кога ќе ја споменеме американската кујна пред се е брзата храна: хамбургери, помфрит, печено пилешко, хот-дог, салата од компири, пита од јаболка и традиционални јадења кои се јадат  за одредени пригоди, како полнета мисирка и сладок компир. Врежано е мислењето дека голем дел од популацијата живее на брза храна. Тоа навистина е така, а дома приготвената храна е вистинска реткост, иако не значи дека не постои.

Регионални кујни
Доселениците во САД, со себе ги донеле и специјалитетите од земјите од кои дошле, а времето покажало кои јадења се прифатени.
Североисточниот дел на САД, познат како Нењ Енгланд, познат е по силните јадења кои се приго­твуваат според рецептите на британските колонизатори, како и по јадењата од морски плодови.
Германците, Скандинавците, Источноевропејците, Русите, Британците и Италијаните и сите нивни кујни учествувале во создавањето на единствената кујна на средишниот дел на Северна Америка. Традицијата на Европа и локалните производи ја достигнале врвната убавина во комбинација со индијанската умешност на приготвување на храната, која е едноставна, но хранлива. Питите со месо, различните видови на леб, колачи, палачинки, морски риби, варива, закиселен зеленчук, па дури и сарма се најпознатите јадења од овој дел на САД.
Германците го донеле пивото, колбасите и саламите, како и разните видови на леб, Скандинавците ги донеле јадењата од риба, лебот од компири и месните топчиња, Унгарците го донеле гулашот, Италијаните начинот на подготвување на сирењето. Поради долгите и ладни зими во овој регион месото се суши, зеленчукот се кисели, а овошјето се конзервира.
Југоисточната кујна не е за оние со осетлив желудник. Таа е настаната според желбата на фармерите на кои за добра работа и издржливост им била неопходна обилна и хранлива кујна. Да споменеме само дека главно се темели на храна пржена во многу масло, со масни сосови и многу слатки десерти. Јужњаците покажуваат и голема наклонетост кон скарата. На скарата најчесто има поголемо свинско парче, особено маринирани свински ребра, кои полека се печат. Со јадењата од скара се служи свеж зеленчук, грашок и леб од пченка.
Жителите од француско- канадско потекло кои живеат западно и јужно од Нењ Орлеанс претпочитаат едноставна храна, полна со арома, во која доминантни се зачините од пиперки, лук и целер. Нењ Орлеанс се гордее со оригиналната кујна со доза на европски шмек. Тука има мешавина од шпанска и француска култура, како и културата на африканските досеелници. Тоа е складна мешавина од лесна креолска и француска кујна, со интензивни африкански и западноевропски зачини.
На кујната на југозападните држави најмногу влијаеле Индијанците, како и раните шпански доселеници од Мексико. Локалните производи и мексиканските зачини ја создале кујната на овој регион, чија варијанта Теџ-Меџ, е популарна во Тексас и долж мексиканската граница.
Скара и чили, типично каубојската храна е толку омилена, така што се одржуваат и годишни чили фестивали.
Калифорниската кујна се темели на многу свеж зеленчук, овошје и морски плодови, така да може да зборуваме за поздрава и полесна кујна. Разновидниот состав на населението има донесено делови од националните кујни и во спој со изобилството на плодови од природата се формирала калифорниската кујна.
Свежите производи се зачинуваат со необични зачини и затоа немојте да се изненадите доколку зелената салата, сервирана со авокадо и портокали, биде
зачинета со лут азиски сос со кикиритки. Многу се конзумира риба печена на скара, која се сервира со зеленчук на кинески начин и леб пржен на индијански начин.
САД се најголеми произво­дители и извозници на храна во светот. Затоа нема да згрешите доколку пробате било која од регионалните кујни, но најдобро ќе биде сепак да се одлучите за онаа кујна што е најприфатлива за вашиот вкус.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:16
Чешка Кујна

Територијата на денешна Чешка ја населиле Словените во шестиот век. И покрај тоа што одгледувале житарици, во нивната исхрана доминирало месото, а особено рибата и дивечот (срни, диви свињи, фазани...).
Подоцна Големоморавската држава ја завзеле  Унгарците и ги донеле своите традиционални јадења, меѓу кои и  гулашот. Гулашот во Чешка се подготвува од говедско месо, без зеленчук и не е така многу зачинет како унгарскиот гулаш. Гулашот во Чешка се подготвува и од дивеч и од пилешко месо.
Еден од најстарите производи кои Чесите често го  користат во исхраната е леќата, но и просото, кои заедно со циметот и  ѓумбирот во Европа ги донеле арапските трговци. Ѓумбирот на јадењата им дава луткаст вкус и има прочистувачко и стимулирачко дејство, додека кимот се користи во многу јадења, особено со свинското месо.
За времето на владеењето на Хабсурговците, кои се Чешка владееле скоро четири века - од 1526- та  до 1918 - та година, доаѓа до поврзување на чешката и австриската кујна.

КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЧЕШКИ ЈАДЕЊА
Халушки се вкусни мали парчиња тесто, кои во чешката кујна се навлезени од Словачка, со која Чешка делела голем дел од својата историја.  Се јадат во комбинација со кисело зеље или со кремасто овчо сирење. Дали благодарејќи на Германците или Австријците, што и не е многу важно во Чешка е обичај да се додава шеќер во јадењата, а особено во салатите.
Чешка изобилува со реки и езера па и застапеноста на рибата во чешката кујна е голема. По крапот, втора по застапеност риба е пастрмката. Рибата се подготвува на повеќе начини: варена, печена, пржена.
Задолжителен дел од чешката кујна е лебот во облик на банана, кој се служи со главните јадења. Чесите го конзумираат со меко сирење или со сосови, го мачкаат со паштета или го јадат во хот-дог варијанта.
Меките кнедли се главен додаток во многуте јадења со сос. Се подготвуваат на разни начини, со леб, компир или сланина, а се полнат и со овошје најчесто со сливи.
Чесите често за ужина или како лесен ручек со пиво, леб и лук јадат мали парчиња сирење карактеристични по силната арома.
Свечената  трпеза  е незамислива без свински котлети, кнедли и кисело зеље. Благото похувано сирење во многу потсетува на пржените стапчиња моцарела. Се служи со помфрит и тартар сос.
Кога доаѓате во Чешка не заборавајте да го пробате доброто чешко пиво и киселкастите сушени кобасици, кои се служат со лук.
Голем минус ќе ви биде доколку не го пробате пивското сирење, кое се потопува во пиво додека не омекне. Вкусот најдобро ќе му го почуствувате во комбинација со црн леб и со ситно сечкан лук.
Во чешките месарници покрај познатата прашка шунка  и кобасици, се продаваат и прекрасни  салати со печурки, риба,...
Чесите никогаш нема да ви простат доколку не ја посетите легендарната староградска пивница ,, Златен тигар, во која времето го минувал и писателот Бохумил Храбал, кој тука ги запишувал приказните што ги слушал. Постојаните гости на оваа пивница ни малку не се збуниле која Вацлав Хавел тука го донел Бил Клинтон на кригла од најдобриот ,, Пилснер Урљуел.
Нема да погрешите доколку во било која пивница или вински подрум ја пробата одличната чешка кујна во која не недостигаат месо, компири и кнедли. Сепак најточниот коментар за оваа кујна  ќе ви го дадат самите Чеси во стилот на добриот војник Швејк: ,, Тешка е, напорна е, но е толку фина. 


Изменето од blueprayer - 21.Август.2008 во 17:16
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:15
Канадска Кујна


Староседелците, Индија­н­ците и Ескимите ги создавале основите на канадската кујна: пеммицан (мешавина од суво месо), месото од бивол, дивата репка и дивиот ориз сеуште не се заборавени. Денешната кујна се развила под влијание на народите кои живеат во Канада, а денес тоа се етноси од речиси сите делови на светот.

Квебек
Вината, одгледувањето на јаболка, крушки и сливи, одгледувањето на шатки, јагнешкото месо, јаболковиот сок, печурките се само некои од производите кои се конзумираат во Квебек. Тука навистина добро се јаде. Жителите се мајстори во подготвување на морски плодови, риби и школки. Некои од класичните рецепти се вброени во оваа кујна, а заштитен знак е питата со морски плодови.
Онтарио
Специфичноста на микроклимата, посебно во деловите покрај езерата, влијае врз богатството и разновидноста на пло­довите од земјата и езерата. Најголем род даваат јаболката, а во јужниот дел на Онтарио се одгледуваат и праски, сливи и грозје.
Во овој регион се произведува и познатото слатко “ледено виноАриал (ице њине). Грозјето се собира замрзнато, на темпе-ратура од околу -10 степени, најчесто за време на ладните ноќи во февруари, кога на знак на сирената се будат винарите кои заминуваат на берба. Британска  Колумбија
Најпознатиот кана­дски регион, кој граничи со Пацификот, познат е и како предел богат со лососи. Ле­т­ниот улов се суши, замрзнува, чади или конзервира и се јаде во текот на целата година.
Градот Ванкувер, стар само стотина години, нема долга кулинарска традиција и е подложен на многу влијанија: лесните вкусови од западното крајбрежје се мешаат со азиската гастрономска култура на бројните заедници на доселеници. Благата клима создала идеални услови за природен начин на  одгледување на зеленчукот и овошјето, така да староседелците немале потреба да се занимаваат со агрокултура.
Лососот и морските плодови најчесто завршуваат како јадења на скара.Њуфаундланд и Лабрадор
Најисточниот регион први го откриле Викинзите пред 1000 години, а подоцна и француските и португалските рибари во потрага по бакалар. Исхраната се темели на риби и школки: варени, печени, или на скара, а десертите се подготвуваат од вкусните диви бобинки.
Летото е време на фестивали, кога се слават и сите локални производи: октопод, јагоди, боровинки, а ниту една свеченост не поминува без силниот рум, по кој овој регион е познат.

Нова Скотија
Топлиот јастог со растопен путер, топлата пита со боровинки, густата крем-супа со морски плодови се дел од гастрономските изненадувања во Нова Скотија каде се забележливи влијанијата на француската, англиската, германската и шкотската кујна.
Школките, рибите сабјарки, скушите, лососот, раковите и бакаларот од Нова Скотија се познати во целиот свет.
Во традиционалните јадења спаѓаат питата со пилешко и рендано сирење, јадењата пржени на тава, паштетата од зајак, колбасите. Десертите се подготвуваат од бобинки, шумско овошје и јаболки.

Алберта
Алберта е синоним за одгледување на добиток, посебно на говеда и бизони. Печениот грав, јадењата на скара, дивиот ориз и јачмен се дел од гастрономската традиција на овој регион.
Праирие Оѕстер (коктел од свежи јајца, Њорцестерсхире сос, посолен и попарен) исто така е еден од симболите на овој регион, а тој се користи и како лек против мамурлукот.

Манитоба
Традиционалната исхрана, која вклучува бизони, дивеч, риба, диво овошје и житарки, сеуште е присутна на менито. Трговците со крзна го донеле сплесканиот леб печен над оган, на кој понекогаш му се додава суво овошје или бобинки, а се одржала и традицијата на чадена риба и месо.
Со текот на времето во Манитоба се населиле доселеници од целиот свет и нормално со себе ги донеле и дел од своите гастрономски обичаи.
Винипег е денес мултикултурен град во кој е подедакво лесно да се најде јапонско суши како и италијански “џелато”.
Во францускиот дел на градот може да се пробаат хранливи француско-канадски јадења како супа од грашок и слатки пити, див ориз, или десерти со боровинки.
Доколку претстојувате во овој регион секако треба да ги пробате топчињата полнети со компир и сирење, кои се служат со кисела павлака, густите чорби, тестенините и колбасите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:13
Австриска Кујна

Покрај бројните сличности со германската кујна, австриската содржи и влијанија од различните етнички групи, кои во долгото владеење на Австро-Унгарската монархија, за време на кое границите се менувале, го менувале и начинот на подготвување на храната.
Така во австриската кујна може да се препознаат влијанија од германската, швајцарската, унгарската, турската, словенечката, хрватската, француската, шпанската, италијанската, хрватската и еврејската кујна.
Типичните австриски специјалитети се разликуваат во зависност од покраината и историското влијание, како и од производите кои во тој регион доминираат.
На пример, во кујната на Градишка забележливо е влијанието на традиционалната кујна на градишките Хрвати, како и на унгарската кујна. Изобилството на свежо овошје и зеленчук и одгледувањето на живина ги поттикнало жителите на овој регион да подготвуваат јадења како Гускин црн дроб со кромид или десерти со јагоди.
Во покраините Карнтен и Штаермарк присутна е медите-ранската кујна, со силно влијание на италијанската и унгарската кујна, како и на кујните од државите на поранешна Југославија. Во овие подрачја омилена е шунката и овошјето и зеленчукот, кои успеваат во поблага клима. Специјалитет на овој регион е Пиле полнето со зачински растенија.
Во регионот на Долна Австрија се забележува долгогодишната историска поврзаност со Средниот исток. Во оваа кујна базирана на ориентот, ќе ви ги понудат специјалитетите како Варени топчиња прелиени со сос од рен или ролат од јаболки.
Во Горна Австрија и во подрачјето покрај границата со Германија и Чешка доминира гастрономската класика, како Линцер торта или Целувки со ванилин шеќер.
Во специјалитетите на Тирол (студена и покраина богата со шума) се вбројуваат производи карактеристични за тоа подрачје, кои вклучуваат и традиционален увоз на производи од Италија и Швајцарија. Најпознати јадења во овој регион се Говедски црн дроб со кромид, капари, бело вино и лимонов сок сервирани со палента и Тестенини полнети со спанаќ и прелиени со растопен путер и пармезан.
Благодарејќи на богатата и динамична историја, виенската кујна е приказна за себе. Долгогодишните владетели, Хабсбурговците, го ширеле своето царство во државите со различни култури, но од таму прифаќале разновидни производи и начини на подготвување на јадењата. Виенската кујна е најпозната по Виенската шницла.
Најславното австриско јадење впрочем е многу нетипично за австриската кујна: во Италија ваквата похувана шницла се нарекува Цотолетта алла Миланесе. Но како и да е, оваа сочна шницла е прифатена во целиот свет, а освен на традиционалниот начин со печени компири, може да се сервира и со компир-салата.  Од останатите познати јадење на Виенската кујна ќе ги споменеме Супата со кнедли од пармезан, Гулашот многу сличен на унгарскиот и секако прочуената Сахер тортата.
Типичниот австриски оброк подразбира од 2 до 7 следувања, во зависност од поводот. Најчесто се започнува со предјадење, потоа следува супа, па главното јадење со неколку прилози, а се завршува со десерт- колач или торта.
Со доброто јадење Австријците претпочитаат да се напијат пиво или вино.
Традицијата на конзумирање кафе во Австрија е многу долга, па уште во 1730-тата година тогашниот Беч имал триесетина кафеани. Во кафето Австријците најчесто додаваат млеко, шлаг, шеќер, чоколада или разни видови на алкохол.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:12
Француска Кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела  готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била сомнителна кон гастрономската култура на францускиот двор, затоа што на почетокот на 16 век, таа била катастрофална.
Особено популарни биле егзотичните, скапи производи, додека свежите локални производи се сметале за помалку вредни. Катерина успева тешките бокали да бидат  заменети со елегантни чаши од венецијанско стакло, се започнува со употреба на емајлирани садови и вилушки, што за Французите дотогаш била непознаница.  Голема популарност добиваат тестенините, зеленчукот и ароматичните растенија.

Француската кујна денес
Смислата за подготвување на добра храна кај Французите е природна. Едноставни луѓе кои за храната зборуваат со посебен жар и при тоа изненадувачки е знаењето кое го покажуваат. Со таквиот  начин на вреднување Французите развиле рафиниран вкус за подготвување извонредни специјалитети. Јадењето кај Французите не претставува само  конзумирање на храна, туку и време за дружење и релаксација. Ручекот најчесто се состои од три, а неретко и четири јадења: предјадење, главно јадење, сирење и десерт.Реномето на француската кујна е засновано на големиот број сирења, преработки од месо, шампањ, коњак, вино и др.  За време на јадењето се пие вино, кое има статус на прехрамбен производ. Денес не постои француски винар кој ќе ви предложи одредено вино, а да не ве посоветува со кое јадење највеќе одговара.

СУПИ
Секое традиционално мени започнува со супа. Супата е за јадењето, тоа што е убавиот двор за куќата. Најпознати француски супи се супа од лук, супа од грав, кремаста супа од тиква и познатата авињонска супа.

СИРЕЊЕ
Франција е земја во која се произведуваат повеќе од 370 видови на сирење. Секој вид на сирење говори за регионот во кој е произведен и  е резултат на посебната клима, вегетација, фауната и традиционалниот начин на подготовка.
Се разбира дека за време на  оброкот сирењето не смее да недостасува.

КРОАСАН
Кроасан, што во превод значи полимесец е омилено печиво кај Французите, а потекнува од Унгарија.

СЕНФ
Уште од времето на Карло Велики, селаните знаеле да подготвуваат сенф, што набрзо се проширило низ цела Франција. Во тоа време во 1300- та година во Париз имало 10 производители на сенф, а во 1650- та година 600.
Сенфот се смета за универзален зачин. Тој го засилува вкусот, а посебно е добар за преливите за салата, месо и риба.

ВИНО
Во француските вина се соединуваат многу карактеристики на регионот од кој потекнува: структурата на земјата и нејзиниот состав, положбата и косината на земјиштето, бројот на сончеви денови, количеството на врнежи, мразот и ветрот.
Виното говори за човекот кој го произведува. Тоа го отсликува неговиот карактер, неговото културно и историско наследство, неговата филозофија и етика. Најпознати региони на вино во Франција се Бордо,  Божоле, Кот ди Рон и Прованса.

ШАМПАЊ
Шампањот  е заштитно име на природното пенливо вино, кое се произведува од грозје и вино по посебна постапка.  Секоја прослава е незамислива без Шампањ. Отворањето на ова шише претставува прослава само по себе. Постојат многу причини кои влијаат на вкусот на шампањот. Вкусот може да биде лесен, овошен, цветен, свеж, зрел, едноставен или комплексен. Шампањот може да се служи како аперитив, со главното јадење или со десертот. Одговара за сите пригоди само треба да биде избран оној вистинскиот.

КОЊАК
Коњакот е алкохолен пијалок кој се добива со двојна дестилација на виното произведено во истоимената област во Франција. Производството на коњак започнало во 17 век, а самото име се појавува во 1783-тата година. Карактеристичната арома на коњакот се постигнува со чување во дабови буриња. Коњакот стар до 5 години е светло жолт со вкус на ванила, коњакот стар помеѓу 5 и 10 години има потемна боја и поизразен вкус. Дури по 30 години доаѓа до мало намалување на процентот на алкохол, а по 50 години коњакот има 40% алкохол и може да се користи како пијалок. Но концентрацијата на алкохол може да се корегира и со дестилирана вода.
Сепак и покрај се што прочитавте, француската кујна најдобро ќе ја запознаете, доколку  ја дегустирате.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:10
Турска Кујна

Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност.
Основа на турската кујна се смета тестото од пченично брашно за неизбежниот бел леб (екмек), пиде (лепињи), симит, манти (тесто) и јуфка (лиснато тесто).
Покрај лебот значајно место во турската кујна зазема пилавот од ориз. Се подготвува во многу варијанти, се служи топол или ладен, а може да биде и додаток на месото, а и главно јадење.
Месото по правило се користи во помали количини. Со името кебап се нарекуваат сите   јадења од месо, а за Турција е карактеристичен како и бурекот. Меѓу попознатите се шиш кебапот и донер кебапот. Карактери-стичниот вкус потекнува од квалитетното јагнешко и телешко месо и природните услови во кои се одгледуваат.
Зеленчукот се подготвува на тој начин што на тивок оган се вари во сопствениот сок, при што му се додаваат домати и лук и растително масло за јадење или путер. Најразлични  зеленчуци се печат на маслиново масло и се служат како додаток на главното јадење. Кога станува збор за зеленчукот модриот патлиџан има водечка улога во турската кујна. Долма е заедничко име за полнетиот зеленчук. Главно се подготвуваат две врсти на долми. Долмите полнети со ориз се приготвуваат со маслиново масло и се јадат ладни, а долмите полнети со месо се главно јадење и се јадат најчесто со јогурт. Сите видови на зеленчук кои може да се полнат, или да се виткаат во листови се користат за подготовка на долми. Пиперката полнета со ориз се смета за кралица на долмите.
Турција е земја со 4 мориња, а луѓето кои живеат таму мајстор-ски знаат да ја подготвуваат ри-бата и морските плодови. Најпозната турска риба е црноморската         сардела хамси. Рибата се служи со сезонски зеленчук и салати.
Турската кујна претставува вистинско богатство од десерти. Најпознати се локумот и баклавата. Мухалебите исто така спаѓаат во омилените тур-ски десерти. Тоа се разни пудинзи од скробно брашно или ориз ароматизирани со лимон или портокал. Секако не смееме да ја заборавиме ниту алвата. Слатките со тенки кори кои спаѓаат во редот на баклавите се посебно обележје на турската кујна. Сепак најомилен турски десерт е свежото овошје. Земјата која во текот на годината има 300 сончеви денови изобилова со најразлични видови на овошје и обично има две до три берби.
Можеби за многумина ќе биде разочарување но турското кафе не е јако туку густо и се пие во мали голтки, а најчесто  се користи како повод за муабет. Традиционален турски пијалок е црниот  чај, кој се пие во секое време и со кој му се искажува добредојде  на гостинот. Во текот на жешките летни денови Турците уживаат во ајранот, вид на посолен јогурт разреден со вода, кој делува освежувачки и го регулира крвниот притисок.
Од алкохолните пијалоци Турците се посебно горди на својата.
,, Јени раки,, која ја нарекуваат млеко од лав, бидејќи како и кај нашата мастика со додавањето на вода добива бела боја.
Зачините во турската кујна се користат во многу мали количини, бидејќи се смета дека тие не треба да го ,,убијат,, мирисот на главното јадење. Најчесто се користат копарот, магдоносот, кимот и лукот. За десертите не се користи никаков зачин за да дојде до полн израз аромата на природното овошје.
Конзумирањето храна во Турција, како и многу други работи  претставува уживање. Се смета дека три пати во денот треба да се јаде и тоа седејќи никако набрзина или од нога и никако сам. Менито се состои од три или повеќе јадења кои се служат во низа. Добро е да се знае дека поговорката ,, не е важно што, важно е да може да се јаде нема место во турската кујна,,. Покрај податоците за турската кујна добро е да знаете дека ценкањето во Турција претставува национален спорт, а русокосите жени слабост. Комплиментот ќе биде упатен до мажот бидејќи според Турците  тој е среќен човек.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:10
Унгарска Кујна


Унгарците се народ со богата култура и начин на живеење и токму тука може најубаво да се забележи колку гастронимијата е значаен дел од културата. Од најразновидните производи со кои изобилува оваа  богата земја настанале вистински специјалитети, кои унгарската кујна ја вбројуваат меѓу најдобрите светски кујни.
Главна карактеристика на ,, огнената,,  унгарска кујна е обилното додавање на пиперката во многу јадења. Понатаму многу се користи маст (главно свинска), разни зачини, павлака или кајмак, а во последно време и печурки. Од унгарските јадења секоја домаќинка знае да подготви разни лути гулаши, паприкаши и чорби од риба, но се разбира дека изборот на вкусни јадења од оваа земја е многу поголем и поразновиден. Интересно е дека во Унгарија главно се служат разни топли чорби со додатоци на почетокот на оброкот, додека предјадењата се слабо застапени. Унгарците не робуваат исклучиво на своите лути јадења, туку  прифатиле и многу особини од кујните на другите  народи (најчесто од австриската и чешката кујна).
Најпознатото унгарски јадење гулаш, води потекло од унгарските пусти (тревнати степи, а  името го добило по тамошните чувари на стока), а преку Беч станало познато во целиот свет. Во многу земји под гулаш се подразбираат сите јадења зачинети со пиперка, но добрите познавачи на унгарската кујна разликуваат четири јадења во кои пиперката има важна улога. Тоа се: гулаш, перкелт, токањ и паприкаш, а има доста варијации од овие четири основни видови на јадење. Гулашот е густа, мрсна чорба со многу кромид и пиперки, со додаток од ситно сечкани компири и мали теста. Перкелт е јадење со многу кромид и со густ сос, а месото се динста. Токањ е јадење слично на претходното, но месото е поситно исечкано и има помалку кромид и пиперки ( кои може да се заменат и со црн пипер) ,а се додава павлака, печурки, грашок и друг зеленчук.
Паприкашот  наликува на перкелт, но му се додава повеќе павлака. За паприкаш се погодни разните светли меса ( пилешко, телешко, јагнешко, риба), додека темните меса  ( говедско, овчо, дивеч) и мрсното месо ( свинско, од гуска или патка) се погодни за перкелт или токањ. Гулашот најчесто се подготвува од говедско и пилешко месо, но може и од свинско и овчо месо. Познати се унгарските јадења од риба (особено паприкаш), кои се посебно вкусни ако се подготвени со смуѓ од езерото Балатон, или ако се стават неколку поквалитетни видови на слатководни риби. Од јадењата кои може да се чуваат подолго време би ги издвоиле тархоњ (ситно сушено тесто), и разните месни преработки. Колењето на свињите за  Унгарците  претставува вистинско доживување. Од десертите напознати се тортите, крофните, кремовите и палачинките.
Многу често може да слушнете дека Унгарците ја ставаат пиперката (свежа, кисела, мелена) во сите јадења освен во колачите, па да спонеме неколку податоци за овој зеленчук толку значаен за унгарската кујна. Пиперката во Унгаија е дојдена од Америка и се произведува во големи количини и со многу внимание.
Со специјалитетите на унгарската кујна одлично се вклопуваат познатите унгарски вина. Секоја покраина во Унгарија има вина со спечифичен вкус и мирис, а за најдобро се смета токајското вино ( од околината на градот Токај), кое навистина е нешто посебно. Ова вино наречено ,, вино на кралевите и крал на вината, може да биде суво или слатко, но нема да згрешите од било кое да се напиете. Многу познато е и црвеното вино егри бикавер од околината на градот Егер.
Повеќето унгарски вина се квалитетни и специфични, како и унгарските јадења  со кои одлично се вклопуваат и кои  вистинските гурмани задолжително треба да ги пробаат и да уживаат во нив.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:09
Португалска Кујна

На враќање од своите големи истражувачки патувања од Далечниот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка португалските морепловци носеле најразлични зачини, кои ги проширили низ Европа ( црн пипер, ѓумбир, чили и цимет),  кои ги употребувале да го збогатат вкусот на храната. Тие носеле и бројни егзотични производи кои набрзо станале дел од европското секојдневие, како што се чајот и оризот од Далечниот Исток, доматите и компирите од Јужна Америка.
Поради тоа, но и поради многуте други причини португалската кујна претставува вистинско уживање во најразлични вкусови.
Секако голем придонес за богатата португалска кујна има домашното производство на пченка, компир и ориз, како и богатството на маслинови стебла, лозовите насади, дрва со портокали, смокви и бадеми со кои изобилува територијата на Португалија.Карактеристики на португалската кујнаДоброто јадење во Португалија започнува со супа. Најпозната супа е цалдо верде, густа супа од сечкани колбаси и компири.  Најчесто се приготвува со маслиново масло. Нема да згрешите ни доколку ја пробате ,, супата од камен сопу да педра, за која постои интересна легенда. Според неа оваа супа ја измислил некој свештеник кој сакал да направи супа, но единствено ншто што имал било каменот. Така одејќи од врата до врата молел луѓето да му дадат само уште еден производ за супата и на својот пат собрал доволно производи и погодувате ја направил сопу да педра.
Во регионот Алантејо позната е супата направена од леб и риба, како израз на сиромаштијата на тој регион и бујната фантазија на локалното население. Лебот е основен производ на луѓето од овој регион, а со додавањето на ароматизирани растенија се добива одлична супа.
Најтрадиционално португалско јадење е Цозидо а португуеса ( гулаш од телешко и свинско месо, зеленчук и разни колбаси).
Многу е тешко од големата понуда на јадења со месо да се направи избор. Цабрито ассадо но фурно (јарешко печено во фурна), се приготвува за Велигден.
Цханфана (јарешко варено во црвен кромид) е познат португалски специјалитет, а говедскиот кебап на скара претставува вистински избор.
Меѓу Португалците најомилено јадење е битољуе (бифтек со печени јајца). Чаденото месо, особено пресунто (пршута) и разните видови на колбаси заземаат посебно место во португалската кујна со својот квалитет.
Морето претставува посебна инспирација за кулинарските виртуози. Цалдеирадас ( динстано месо од рани видови на риба) е совршен пример за фузијата на морето и кулинарството, како и сардинха ассада (сардини на скара) кои се и главно обележје на популарните фестивали од северот до југот на Португалија.
Национално јадење е сушен и солен балалар, за кое Португалците велат дека го подготвуваат на 1001 начин. Бакаларот задолжително мора да го има и на Божиќната трпеза. Сирења, десерти, винаСирењата во португалската кујна се застапени под ,, мора. Сирење број еден е  Љуеијо да Серра, кое се произведува во планинскиот регион Серра да Естрела, и тоа од овчо млеко. Извонрено овчо сирење е и Љуеијо Рабацал. Во Португалија се произведуваат и сирења од козјо и кравјо млеко.
При подготвување на десерти најчесто користени производи се јајца, шеќер и фантазија. Слатките специјалитети из­во­рно се подготвувале во манастирите, за што говорат и нивните имиња: Небо, Појасот на опатицата, Опатовото уво ... Не помалку живописни се и слатките специјалитети направени од јајца, млеко и цимет, колачите со крем од јајца и млеко, невообичаените колачи направени од сирење и грав, пудингот од ориз со цимет, малите колачи од марципан со крем од бадеми... Има уште многу вакви десерти и верувајте секој е повкусен од претходниот.
Вината претставуваат гордост на Португалците. Климата, различните видови на грозје и педигрето на винарите ги вбројуваат португалските вина меѓу најпознатите во светот. Вината во Португалија можат да се поделат во две основни категории: винхо верде и винхо мадуро. Винхос мадурос се направени за зреење во шише. Во покраината Минхо се произведуваат карактеристи­чните винхос вердес (црвени и бели), чија пенливост варира од староста, техниката и начинот на чување на виното.
Ќе наброиме само некои од шампионите на винарските визби: Порто, слатка и сочна Малвазија, сув Серциал, полусуво и темно вино Верделхо, Боал виното со карактеристично буке. Распонот на вината се протега од лесни, преку кисели млади вина, слатки овошни до вина со интензивна арома.
Португалскиот оброк нема да биде целосен доколку на крај не го зачините со багацом или со локалните ликери како амарљуинха, направени од горки бадеми.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:08
Италијанска Кујна

Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат  италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна  храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.
Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје.
Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во
приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки.
Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија.
Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.

КАФЕ
Во Италија еспресото се пие за појадок, но и во текот на целиот ден. Доброто еспресо мора да се пие топло од загрена чаша и обично со многу шеќер. Светлокафеавата боја на пената е знак дека апаратот за кафе е наместен на оптимална температура и притисок.


ДОМАТ
Доматот е омилениот зеленчук на Италијаните  и се јаде секој ден, независно од годишното време. Тој може да биде составен дел на сосот за тестенини, една од состојките на салатата, полнет или печен- италијанските готвачи секогаш ќе смислат нешто ново.

ПИЦА
Пицата влече корени уште од времето на старите Римјани. Но најголема популарност добива во 19- иот век кога италијанските емигранти и ја претставуваат на американската јавност. Во шеесетите години на 20 - иот век пицата станува популарна и во Европа, додека во Италија сеуште е непозната освен на територијата околу Неапол. Дури во 80-ите години на 20- иот век пицата станува популарна во Италија.

ТЕСТЕНИНИ
Секој регион во Италија има своја приказна за тестенините. Иако има повеќе верзии од кога потекнуваат тестенините и кој ги донел во Италија, едно е сигурно: денес тестенините се јавуваат во повеќе од 300 форми и се едно од најомилените јадења.

ПАРМЕЗАН
Пармезанот е сирење кое се произведува од обрано кравјо млеко. Парме­занот е жолт со грануласта структура и има пикантен вкус. Познат е во Парма уште во 13- иот век, иако потекнува од Тоскана во 11- иот век. Од 14- иот век се користи за наросување на тестенините. За да не се изгуби вкусот на пармезанот, треба да се изренда непосредно пред употребувањето.

ОРИЗ
За појавувањето на оризот во Италија постојат ралични теории. Едни тврдат дека за оризот знаеле и старите Римјани, додека други сметаат дека оризот на Сицилија го донеле Арапите. Одгледувањето на ориз во долината на реката По датира од 15- иот век.

ТИРАМИСУ
Тирамису што во превод значи ,,земи ме има статус на култен колач во Италија. Главни состојки се пишкотите  натопени со црно кафе, (во кои може да се додаде малку коњак, или рум) и сирење маскарпне кое на колачот му дава кремаста структура.
Храната во Италија претставува вистинско уживање кое секој­дневно се слави како гозба за сите сетила: во друштво на семеј­ството или пријателите, дома или во добар ресторан.
Секогаш кога е тоа можно храната во Италија се јаде во друштво.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.