![]() |
|
Може ли христијанин да се зачлени во масо |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 12> |
Автор | |||
Templarius ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ma nemoj hahahahahaha |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Оф... да се чуди човек дали да се смее или да плаче од вакви работи...
Филео - нема заклетви кои се недолични. Воопшто! Масоните НЕ веруваат во луцифер. Напротив. Ќе дадам пример - ако сатанист сака да влезе во ложата, со оправдување дека негов "бог" е сатаната - нема да биде примен, затоа што Бог мора да е креатор, создател, Семоќен! Имало ваква дебата во текот на 19-тиот век и многу јасно се разграничени тие правила. НЕ е забрането да членуваат црнци. Не знам од каде го најде ова?!?! Во мојата ложа имам неколку црнци. Сиромашни не можат да членуваат во ложата од проста причина што ако е сиромашен, треба да работи за да заработи за своето семејство и да не троши пари на ништо друго - а не да го поминува времето во филозофски дискусии и да дава пари за членарина и за донации, затоа што тоа е на штета на семејството. Семејството секогаш е пред ложата! Во ложа не се молат луѓето... така да - нема логика ова што го пишуваш за молење во името на Исус. Не е точно дека Исус се третира како филозоф - напротив, секој си го третира онака како што неговата вера му налага. За Христијаните е Бог, за Муслиманите е Пророк, за Будистите е само учител... Масонството воопшто не се занимава со религијата, секој си има своја вера. Последното само по себе е контрадикторно и нема врска со ништо. Делата служат за да не направат подобри луѓе, а тоа не гледам како е во конфликт со Христијанството или со било која религија... Пак ќе кажам - масонството не се занимава со спасението - тоа е оставено на верата на поединецот да го прави. Госпел - ако сакаш, ќе ти дадам линк кон спорната книга на Пајк, и ќе видиш дека нема врска тоа што го зборува господинот Петровиќ. Пајк бил доста посветен Христијанин, а тоа што го вели за Луцифер е всушност цитат од Елиас Леви и е во контекст на кој се начин може да се третира идејата за светлината и како многу пати може да се има погрешна претстава за таа идеја. Така да - тоа што го кажува, е сосема спротивно на она за кое го обвинуваат. Освен тоа - нема такво нешто "најголем" масон на сите времиња - сите се еднакви и сите се рамноправни. Аман со таа 33-та степен - тоа е административна степен, а не ритуална, така што сите муабети за тоа се доста смешни. Највисоката степен во масонството е 3тата (колку и да изгледа нелогично затоа што 33 како број е поголем од 3). Ако имате конкретни прашања во врска со ова - бујрум. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
MA NEMOJ TI DA SE KLESTIS KAKO ZELEN! AKO VEKE NESTO ZNAES, NAPISI, DA VIDIME KOLKU ZNAES... |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Госпел, ти дадов објаснување... ако имаш конкретно прашање - повели. Да се гради мислење, базирано на туѓи претпоставки, е меко кажано - спорно...
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Koga Marko Nicovik, raboti vo srpskata razuznuvacka sluzba i clen vo edna od tajnite drustva, ne mozese da se sprotivstavi na dokazite sto mu gi ponuduva Miroljub Petrovic, vo duelot na srpskata TV spektrum, i za se sto ke kazese Miroljub klimase kako konj so glavata, neznam kako za tebe e meko kazano. Naprotiv, jas mislam deka e tvrdo kazano i dobro obrazlozeno. Seto sto go kazuva na gore navedeniot link sto go priloziv e tocno i vistinito. |
|||
![]() |
|||
misterX ![]() Сениор ![]() Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Зидарски не те разбирам што сакаш да кажеш. Во текстот кј го напишав зборував за неколку точки и незнам за што се однесува ова. Зидарски а дали јас би можел да станам масон? Изменето од misterX - 15.Август.2008 во 01:06 |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Аха...
Да те прашам само... Дали си ја прочитал некогаш "Морал и Догма" на Алберт Пајк (тоа е спорната книга, од каде што е изваден цитатот)? Дали некогаш си разговарал со масон на оваа тема? Дали некогаш си се обидел да се информираш за масонството од самиот извор (кој е многу лесно достапен), или само од трета рака? Уште нешто - тоа што Ницовиќ е член на некое тајно друштво - не значи дека е масон. Има илјадници тајни организации и ден денес и во минатото. Самото тоа што е член на разузнавачка служба, е доволна причина да не биде примен во масонска ложа (заради неморалноста на методите со кои тие служби работат). И за крај - од каде знаеш дека е тоа точно и вистинито? Со што го поткрепуваш ова твое тврдење? |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
МистерХ - за некој да стане масон треба:
1. Да верува во Бог (Создател) 2. Да има високи морални вредности (никогаш да не е осудуван, да е верен и предан на семејството - за изневера, веднаш се лета од братството) 3. Да има 18 години (или 21 - зависи од државата) Тоа се основни услови. Понатаму - треба да биде толерантен кон другите и никогаш да не го узурпира нивното право на слободен избор. Кога е во ложа да не дискутира политика и религија (надвор - со кого сакаш, што сакаш дискутирај). Да може да си дозволи да оддели време за да биде во ложата (барем 2 пати месечно) и се разбира - тоа финансиски да не му претставува проблем. Иако членарините се обично мали, сепак - за човек кој е беден, се е многу и не треба тоа да го одзема од семејниот буџет. Најважно од се - да е човек кој сака да се надградува, да учи, да се образува. Ако си во рамки на ова што го опишав - да, можеш - зависи само од тебе. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Госпел - инаку - ако сакаш, можам да одам едно по едно со видеово и да ти објаснувам точка по точка зошто не е се точно и како човекот кој зборува не разбира за некои најосновни работи во врска со масонството...
За почеток - 33тата степен ја има само во Шкотскиот орден, а не во Јорк. Тоа не го прави попрестижен, напротив, во повеќето земји Јорк е попрестижен и поценет орден. 33-та е административна степен, а не ритуална. Јавно се знае кој е член на таканаречениот Врховен Совет. Тој Врховен Совет се однесува САМО и единствено на Шкотскиот орден, а не на целото масонство. Секоја земја има свој Врховен Орден. Седиштето во Вашингтон е само за орденот во Вашингтон. Во Канада има посебен Врховен Совет, во Бугарија на пример има свој, во Србија свој. Врховниот Совет нема ама БАШ НИКАКВА улога при признавањето на ложите! Ама ич! Затоа што е придружно тело на ложата и е под нејзина јурисдикција, а не обратно. И ложите не добиваат признание од Вашингтон, тоа е глупост. Сакаш понатаму или доволно е ова за да се види дека говорникот не разбира за што зборува? |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
misterX ![]() Сениор ![]() Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сето ова е во ред но јас сум Муслиман. Дали тоа важи и за човек со вакви морални и социјални предиспозиции кој е муслиман |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Единствен услов кој е врзан со религиозноста на човекот е тој да не биде атеист. Се смета дека атеистот нема морална одговорност пред никој друг освен пред самиот себе си и тоа не се смета како доволно (без навреда кон атеистите - секој со својот став).
Оттаму - никој нити ќе ти пререче, нити ќе ти зборува за религија. Заклетвата што се дава - секој ја дава врз својата верска книга, така што муслиманите го прават тоа врз коранот. Кај мене во ложа, бидејќи има христијани, муслимани и евреи - има на располагање Библија, к*ран и Тора. Низ цел свет, во ложите има и муслимани и не е тоа ништо чудно, ниту ново... Еве ти статија (поточно говор) на еден виден исламски учен, член на ложата во Сингапур -Исламот и Масонството. Се надевам дека разбираш англиски доволно добро за да можеш да ја прочиташ. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
misterX ![]() Сениор ![]() Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ок фала. сега читав на еден линк за ложата во македонија и видов дека сте отворени и за други религии. А статијата ќе ја разгледам обавезно. Баш сакам да видам како изгледа муслиман -масон. Ме интересира дали во македонската масонска ложа има муслимани?
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не знам како е во Македонија. Претпоставувам дека има, со оглед на бројот на муслимани во државата. Не сум бил таму, не можам да ти кажам.
Човекот кој ја пишува статијата е Шеик - и е доста почитуван исламски учен. Прави интересна паралела меѓу учењата на к*ранот и вредностите за кои масонството се залага. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Само уште еден поздрав за Госпел во врска со видеото...
Во видеото, говорникот, како одличен познавач го цитира Пајк со најпознатата реплика која му се припишува и од која тргнуваат сите обвинувања во врска со масонството. Значи - господинот од видеото цитира вака: "Луцифер, светлоносецот! Чудно и таинствено име за духот на темнината! Луцифер, син на утрото! Дали тој ја носи светлината? Не се сомневајте во тоа!" Е така... кога човек ќе го прочита ова, си вели - аууу, овие сатантисти, ете, веруваат во Луцифер, страшна работа... сите на клада! Арно ама... ако наместо да му верува на чичкото од видеото, некој направи 2 минути труд и ја отвори оригиналната книга на Пајк, ќе види дека таму го пишува следното: "Луцифер, светлоносецот! Чудно и таинствено име за духот на темнината! Луцифер, син на утрото! Дали тој не носи светлина со чиј непреодолив чар ги заслепува духом слабите, страсните и себичните? Не се сомневајте во тоа!" Односно - зборува за тоа дека човек многу лесно може да се подведе по она што го нуди ѓаволот во форма на нешто убаво, во форма на светлина - и наместо мудрост и создавање (претходно зборува за идејата од Генезисот за "Нека биде Светлина"), да се прелаже и да појде по погрешен пат. И како што вели - на ова се подложни духом слабите, страсните и себичните... Ајде ве молам - кажете ми како е ова во спротивност на она што Библијата го учи?! Дали и Библијата не не предупредува на истото?! Дали Библијата не не предупредува дека многу пати може да мислиме дека правиме нешто добро, а тоа да не е всушност Богоугодно? Многу е лесно кога ќе извадиш по една реченица од секоја страница и ќе ги измешаш - и моето омилено - кога ќе испуштиш клучен дел од реченицата за да одговара на твојата агенда - да направиш нешто да изгледа сатанистички. Ако уште малку се потруди човек, ќе види дека на истата страница, во истиот пасос, реченицата веднаш пред лошо цитираната гласи вака: "Откровенијата (од Библијата се мисли), за оној кој влегува во 19тиот степен, претставуваат апотеоза на врвната вера, која е оддадена само на Бога, и ги презира сите помпезности и дела на Луцифер". И потоа го дава објаснувањето за заслепувањето на слабите... Има смисла, нели? Па ако така тргнеме, и истото го направиме со Библијата, можеме да извадиме доста сатанистичка книга (Прости ми Боже). Најдобар пример ви се брошурките кои вадат цитати и ги поставуваат во погрешен контекст - поучете се од тоа пред да верувате на вакви тезгароши. Та... доволно беше за господинот од видеото или да продолжувам, а Госпел?! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |