Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2008 во 15:51 |
ОЛИМПИЗАМ - ПРВИОТ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ ВО ПЕКИНГ ГИ ПОВЛЕЧЕ СТАРИТЕ ПРАШАЊА
Шпанија и велосипедизмот под допинг-лупа
Шпанија во понеделникот вети дека ќе ги "улови" и дури затвори
допинг-престапниците откако шпанската велосипедистка Марија Изабел
Морено стана првиот натпреварувач на Олимпијадата во Пекинг кој падна
на допинг тест.
Морено, подобро позната како Марибел Морено,
беше тестирана дента кога пристигна во Пекинг на 31 јули и резултатите
покажаа дека користела еритропоетин (ЕПО), познато средство за
зголемување на издржливоста, објави ИОЦ.
"Ние ќе ги уловиме тие
бесрамни луѓе кои ни штетат на нашите спортисти. Ќе ја преземеме
најострата можна мерка", вели шпанскиот министер за спорт, Хаиме
Лисавецки.
Морено беше тестирана неколку часа по пристигнувањето
и се врати во Шпанија истата вечер оставајќи го Пекинг во солзи и
велејќи дека имала напад на паника.
"Стана целосно поинаква
откако ја тестираа. Плачеше цело време и инсистираше да се врати дома",
вели Еугенио Бермудез, генералниот секретар на Шпанската велосипедска
федерација.
"КОЈ ВИ ГИ ДАДЕ ДРОГИТЕ?"
Лисавецки
најави истрага против Морено, и посебно одговор на прашањето како
стигнала до недозволеното средство, посебно бидејќи таа беше тестирана
трипати во последните два месеци и шестпати во последните шест месеци
без да биде позитивна.
"Ве прашувам Марибел, директно гледајќи во вашите очи: 'Кој ви ја даде дрогата и од каде ја купивте'", се закани Лисавецки.
ИОЦ
најави дека очекува од 30 до 40 позитивни тестови за време на Игрите, и
ги зголеми бројот на тестовите на Игрите на повеќе од 4.500.
ПРСТОТ ПОКАЖУВА КОН ШПАНИЈА И ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ
Случајот повторно покажа како виновник спорт кој има проблеми со допингот, но и земја која се поврзува често со вакви случаи.
"Ова
е голем удар за велосипедизмот. Покрај тоа, се работи за шпански
велосипедист, што покажува дека имаме проблем во Шпанија. Време е
властите да направат нешто конкретно бидејќи со години слушаме за борба
против допингот, но и многу скандали", вели претседателот на
Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), Патрик Мекквејд.
Самуел
Санчез го освои златниот медал во тешката улична трка во саботата, а
ова беше само еден од успесите на шпанските велосипедисти во последно
време. Карлос Састре победи на Тур де Франс во јули како трет Шпанец по
ред (по Алберто Контадор и Оскар Переиро), а самиот Контадор победи на
Џиро Д'Италија.
Но, двајца од петте велосипедисти кои беа
позитивни на Тур де Франс беа Шпанци: Мануел Белтран и Моисес Дуењас
Невадо. Покрај ова шпанскиот велосипедизам беше цел на
допинг-обвинувања преку операција "Пуерто", допинг-истрага која како
"жртви" ги имаше Хозе Енрике Гутиерез, Оскар Севиља, Франциско Мансебо
и Хозеба Белоки, а сомнеж се пушти и на Алехандро Валверде, еден од
најдобрите Шпанци во последните две години.
ВАДА ги предупредува велосипедизмот и кревањето товар!
Кревањето
товар, велосипедизмот и другите спортови кои имаат историја на
допинг-скандали мораат да се потрудат да се "исчистат" бидејќи во
спротивност им се заканува олимпискиот статус, вели претседателот на
Светската анти-допинг агенција (ВАДА), Џон Фејхи. ВАДА ги надгледува
олимписките спортови за тоа дали го почитуваат глобалниот анти-допинг
код и санкции и препораките ќе бидат издадени во ноември.
"Некои
спортови како кревањето товар имаат многу лоша историја и повторно не
успеваат да излезат од допинг-тињата. Мислам дека тие сфаќаат, исто
како и сите во велосипедизмот дека ризикуваат исфрлање од ОИ", вели
Фејхи.
Целиот 11-член бугарски тим беше суспендиран од ОИ поради
позитивни тестови, како и 11 од 15-те грчки кревачи продолжувајќи со
серијата скандали од ОИ во 2000 и 2004. Велосипедизмот има уште
поголеми проблеми со серија скандали во последните три години.
СТРЕЛАШТВО - ПРВО ИНДИВИДУАЛНО ЗЛАТО ВО ИСТОРИЈАТА НА ИНДИЈА
Златото на Биндра му донесе понуди за брак!
Абхинав Биндра го освои првото индивидуално олимписко злато со
трилер победа во машкото натпреварување на 10 метри воздушна пушка.
Биндра беше само четврти по квалификациите, но имаше одлична конечна
серија за да го помине Финецот Хенри Хакинен, кој освои бронза по
лошиот последен обид. Ова му овозможи на Кинезот Жу Кинан, актуелниот
олимписки шампион да го спаси денот со сребрен медал, но и тоа не беше
доволно за него и тој плачеше неконтролирано при доделувањето на
медалите.
"Бев под неверојатен притисок и се чувствувам многу лошо. Но, барем дадов с$ од себеси", вели Жу.
Од друга страна Индиецот вели дека "не мислел на ништо".
"Не можам да опишам колку сум среќен. Најдоброто нешто во мојот живот, и тешко е да се опише", вели Биндра.
Во
второто финале во стрелаштво Финска сепак дојде до злато откако Сату
Макела-Нумела погоди 21 мета во женското финале во трап поставувајќи
олимписки рекорд. Макела-Нумела ги погоди првите 11 мети во финалето,
пред да утне две по ред, но на крајот и тоа беше доволно за злато.
Словачката
Зузана Штефецкова, која беше израмнета во водство со Макела-Нумела пред
финалето го освои среброто место. Во плеј-офот за бронзата се пласираа
четири стрелци: Даина Гудзиневичиуте од Литванија, Елена Стручаева од
Казахстан и Јапонката Јукие Накајама, кои утнаа, пред Американката Кори
Когдел да погоди и да ја освои бронзата. 21-годишната Американка беше
најмлада натпреварувачка во дисциплината.
РЕЗУЛТАТИ:
10 М ВОЗДУШНА ПУШКА (М)
1.Абхинав Биндра (Инд) 700.5
2.Кинан Жу (Кин) 699.7
3.Хенри Хакинен (Фин) 699.4
ТРАП (Ж)
1.Сату Макела-Нумела (Фин) ОР 91
2.Зузана Штефецкова (Свк) 89
3.Кори Когдел (САД) 86
Индија во транс по олимпиското злато
По
освојувањето на првото индивидуално злато за Индија на едни ОИ самата
мајка на стрелецот Абхинав Биндра, А.С. Биндра, се пошегува дека
олимпискиот триумф го направил "најпожелниот ерген во земјата".
Фановите се зголемија, а на индиските ТВ станици с$ беше ставено во
втор план.
"Абхинав ќе се ожениш ли за мене? Моите родители сега
ќе мораат да купат помалку злато", се вели во една лична порака на
Индиецот.
За земја со речиси милијарда жители Индија има
релативно мали олимписки успеси, освен во хокејот на трева, а сега
поранешните спортисти велат дека златото ќе го натера индискиот тим на
повеќе успеси во Пекинг.
"Тоа е големо остварување. Навистина
сум среќен, посреќен откако ние последен пат го освоивме златото. Сега
е најважно да продолжиме и подобро, не е важно дали во стрелаштво,
стреличарство, бокс или бадминтон", вели Васудеван Баскаран, капитенот
на шампионскиот тим во хокеј на трева од 1980 година. "Нема
спорт за кој можеме да речеме дека е без допинг. Но, некои спортови
имаат лоша историја и мислам дека се создаде култура на допингување",
вели Фејхи.
БЕЗ ГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ЖЕНСКИОТ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
Русинките ги смирија корејските "мачки"
Можеби не беше убаво за око, но селекцијата на Русија ја оствари
целта. Најде решенија за играта на брзите Корејки, кои во Пекинг веќе
ги нарекоа "мачки", на крајот и победи со резултат 77:72.
Изненадувачки
прецизно почнаа Корејките и против големиот фаворит. Како од шега
погодуваа тројки од речиси секоја позиција, а во одбраната го натераа
противникот да згреши дури 23 пати.
Но Игор Грудин, селекторот
на Русија, ја имаше Ирина Осипова, која даде 7 од вкупно 11 поени во
последниот период, а на 29 секунди пред крајот го направи и клучниот
блок со кој му помогна на тимот да ја запише и втората победа.
Изненадувачки,
првиот играч на Русија, Марија Степанова, на паркетот остана нецели
десет минути во кои реализираше само шест поени.
Но и Русија имаше висок процент на реализација, особено за три поени.
Шегољева и Корстин имаа по 13 поени кај Русија, Карпунина даде 12, а руската "Американка" Хемон уште 10.
Чои Јунах со 13 поени ги предводеше Корејките во нападот притоа погодувајќи неколку тројки.
САД "ја прегази" Кина
Не се ни испотија...
И повеќе од обична реприза беше женскиот дуел меѓу селекциите на САД и Кина.
За разлика од машкиот, девојките од земјата домаќин не им беа ниту до колена на големите професионалки од Америка.
Славеа САД со неверојатен плус 45 (108:63) поени разлика.
Не
се ни испотија Американите во овој дуел, веројатно така ќе биде и на
наредните, барем до онаа последна фаза кога ќе наидат на (по)сериозни
противници.
Тина Томпсон го наполни кинескиот кош, за 23
минути во игра постигна 27 поени, Фовлс даде 18, а на десетката беа и
Паркер (12) како и легендарната Лиза Лесли, која даде 10 поени, но
имаше и 10 скокови.
Миао со 16 и Ченг со 14. поени беа најефикасни кај кинеската селекција.
Белорусија - изненадување на денот
Секако победата на Белорусија во дуелот против одличната екипа на Летонија и тоа убедливо (79:57).
Посебно
ако се знае дека во првото коло белорускиот состав доживеа убедлив
пораз против Австралија, а Летонија сериозно ја намачи Русија.
Јелена Леучанка со 22. поени и 4. скока, беше прво име кај победникот.
Добра игра прикажа Троина која даде 17. поени.
Најдобрата
европска кошаркарка за 2007 година, Јекабсоне-Зогота, имаше многу
нереализирани удари. Имаше само 6/21 од поле и 2/7 за слободни фрлања.
Забележа само 12 поени на другата страна каде прв стрелец "излезе"
Баско, која даде 19 поени.
Шпанија и Чешка без проблеми
Шпанија
беше убедлива против Нов Зеланд (85:62). По стартните 18-7 с$ беше
полесно за "црвената фурија", каде блескаа две имиња.
Санчез, која даде 19 поени, и Мотања, со поен помалку.
Тие ги натскокаа своите противнички (38-28), една од причините за убедливиот триумф, секако покрај добрата дефанзива.
Единствениот проблем им го создаваше Џулијан Јермон, која даде 22 поени, а оствари уште и 5 скока и 3 асистенции.
Уште
полесно поминаа Чехинките во дуелот со нејакиот Мали. Победија со
повеќе од убедливи 81:47 и останаа во игра за четвртфиналето.
Го имаа убиственото трио Весела, Мачова Елхотова, кое ги постигна најголемиот број од поените.
Последната победа во второто коло ја постигна селекцијата на Австралија и тоа во дуелот со Бразил (80:65).
До
вториот триумф на турнирот, Лорен Џексон и соиграчките дојдоа со
подобра игра во последната четвртина кога го решија прашањето на
победникот.
Џексон предводеше цела една петорка која ја премина границата од 10. поени, во која Самертон со 18.поени беше најефикасната.
ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
ГРУПА А
Јужна Кореја - Русија 72:77
Летонија - Белорусија 57:80
Австралија - Бразил 80:65
ТАБЕЛА
1. Австралија 2 2 0 163:129 4
2. Русија 2 2 0 139:129 4
3. Белорусија 2 1 1 144:140 3
4. Јужна Кореја 2 1 1 140:139 3
5. Бразил 2 0 2 127:148 2
6. Летонија 2 0 2 114:142 2
ИДНО КОЛО (13. АВГУСТ)
03.00: Белорусија - Русија
10.45: Бразил - Летонија
16.15: Австралија - Јужна Кореја
ГРУПА Б
Нов Зеланд - Шпанија 62:85
Чешка - Мали 81:47
Кина - САД 63:108
ТАБЕЛА
1. САД 2 2 0 215:120 4
2. Шпанија 2 1 1 149:129 3
3. Чешка 2 1 1 138:144 3
4. Нов Зеланд 2 1 1 138:157 3
5. Кина 2 1 1 130:172 3
6. Мали 2 0 2 119:157 2
ИДНО КОЛО (13. АВГУСТ)
03.00: Шпанија - Чешка
05.15: Нов Зеланд - Кина
14.00: Мали - САД СТРЕЛИЧАРСТВО - ПОВТОРНО НИКОЈ НИТУ БЛИСКУ ДО АЗИЈЦИТЕ
Корејците мајстори со лак и стрела
Јужна Кореја го освои златниот медал и во машкото тимско
стреличарство во понеделникот откако во тесно финале кое се одлучуваше
со последната стрела со 227:225 ги совладаа Италијанецот. Со победата
Корејците стигнаа до својата трета едноподруго олимписка титула, а
доаѓа само еден ден откако Корејките стигнаа до шестата титула по ред
во женска конк*ренција.
Светскиот број 1, Им Донг-Хјун, Парк
Кунг-Мо и Ли Ченг-Хван ги совладаа Кинезите во тешкото полуфинале, пред
во финалето од 24 стрели да ги совладаат Италијанците. Корејците почнаа
силно и имаа водство од шест поени на половина од натпреварувањето, но
олимпискиот шампион од Атина, Марко Галиацо, ја врати Италија во игра
со последните 12 стрели. Мауро Несполи имаше шанса да биде
италијанскиот херој, но имаше скор од само 7 во последната рунда
оставајќи шанса за камбек на Корејците.
Кина во натпреварот за третото место ја совлада Украина со 222:219.
РЕЗУЛТАТИ:
1.Јужна Кореја (Им/Ли/Парк)
2.Италија (Ди Буо/Галиацо/Несполи)
3.Кина (Жианг/Ли/Ксуе) ТЕНИС - НАПОРЕН ВТОР ТЕНИСКИ ДЕН НА ОЛИМПИЈАДАТА
Надал и Федерер победија по двапати, Мареј и Кузнецова во "аут"
Рафаел Надал излезе на теренот во 11:30 часот по локално време, а
својот последен удар го упати повеќе од 11 часа подоцна. Првиот ден на
олимписки тенис за Рожер Федерер беше малку пократок, но исто толку
успешен. Двајцата ривали во битката за првите олимписки медали
во кариерата, победија во синг и во двојки во првото коло. На
централниот терен, Надал ги надмина пропуштените грешки со освојување
на последните четири гема за со 6:2/3:6/6:2 да го совлада Италијанецот
Потито Стараче. Првиот носител Федерер еден час подоцна лесно го победи
Дмитри Турсунов со 6:4/6:2, и потоа доби честитки од еден од гледачите,
американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс. Потоа дојдоа
двојките. Федерер заедно со Станислас Вавринка ги совладаа Италијанците
Симоне Болели и Андреас Сепи со 7:5/6:1, по што Надал заеедно со Томи
Робредо со 6:3/6:3 го совладаа шведското дуо Јонас Бјоркман и Робин
Содерлинг. Надал играше двојки, но не и сингл на ОИ во Атина во 2004, и
сега вели дека останува во олимпиското село за да ја почувствува
атмосферата. "Среќен сум што сум тука и се обидувам да уживам 100% од моето искуство. Подоцна ќе се обидам да бидам најдобар", вели Надал. СЕСТРИТЕ СИГУРНИ, МАРЕЈ ИЗЛЕТА
Меѓу
другите кои сигурно го поминаа првото коло се и Венус и Серена
Вилијамс, како и Србинот Новак Ѓоковиќ. Венус го играше првиот меч од
освојувањето на петтата титула од Вимблдон, и со 6:3/6:2 ја совлада
Швајцарката Тимеа Бачински. Нејзината сестра Серена освои четири гема
од прекинатиот меч од неделата за со 6:3/6:1 да ја совлада
Белорусинката Олга Говорцова. Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:4 го
совлада Американецот Роби Џинепри, но излетаа двајца носители, петтиот
Давид Ферер и шестиот Енди Мареј. Шкотланѓанецот Мареј од кого
се очекуваше многу во Пекинг загуби во два сета со 7:6/6:4 од
Тајванецот Јен-Хсун Лу. Светскиот рекет број 6 двапати водеше со еден
брејк во првиот сет пред да направи двојна сервис грешка да го загуби
тај-брејкот. 21-годишниот Мареј ја освои својата прва Мастерс титула во
Синсинати пред турнирот. Шпанецот Давид Ферер исто така загуби во два
сета од Србинот Јанко Типсаревиќ со 7:6/6:2. Домашните фанови ги
воодушеви Ли На, која со 7:6(7:5)/6:4 ја совлада 3. носителка Светлана
Кузнецова, додека добриот ден за домаќините со влез во второто коло го
прославија и полуфиналистката од Вимблдон Женг Жи и ветеранката Пенг
Шуаи. РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО): МАЖИ
(1) Федерер (Шва) - Турсунов (Рус) 6:4/6:2 (2) Надал (Шпа) - Стараче (Ита) 6:2/3:6/6:2 (3) Ѓоковиќ (Срб) - Џинепри (САД) 6:4/6:4 Типсаревиќ (Срб) - (5) Ферер 7:6(10:8)/6:2 Лу (Тпе) - (6) Мареј (Бри) 7:6(7:50/6:4 (7) Налбандиан (Арг) - Зенг (Кин) 6:2/6:1 (9) Вавринка (Шва) - Данчевич (Кан) 4:6/6:3/6:2 (10) Симон (Фра) - Содерлинг (Шве) 6:4/6:4 Монфис (Фра) - (11) Алмагро (Шпа) 6:4/3:6/6:3 (13) Јужни (Рус) - Ванек (Чеш) 6:4/6:1 (15) Кифер (Гер) - Мирни (Блр) 6:3/6:1 Лодра (Фра) - (16) Штепанек (Чеш) 4:6/7:6(7:5)/11:9 Т.Јохансон (Шве) - Ниеминен (Фин) 4:6/6:4/6:4 Сепи (Ита) - Робредо (Шпа) 6:4/4:6/8:6 Матју (Фра) - Лапенти (Екв) 7:6(7:4)/6:2 Ханеску (Ром) - Болели (Ита) 7:5/3:6/6:4 О.Рошу (Бел) - Минар (Чеш) 6:3/3:6/6:3 Андреев (Рус) - Квереј (САД) 6:4/6:4 Хрбати (Свк) - Белучи (Бра) 2:6/6:4/6:2 Чилиќ (Хрв) - Монако (Арг) 6:4/6:7(5:7)/6:3 Каљери (Арг) - Малингс (Бах) 6:1/6:1 Шутлер (Гер) - Нишикори (Јап) 6:4/6:7(5:7)/6:3 Хјуит (Авс) - Бјоркман (Шве) 7:5/7:6(7:2) Масу (Чил) - Дарсис (Бел) 6:4/7:5 Андерсон (ЈАР) - Логло (Тог) 6:3/6:2 Аревало (Сал) - Х.Т.Ли (Кор) 4:6/6:3/6:4 Даниел (Бра) - Мелцер (Авт) ЖЕНИ
(2) Јанковиќ (Срб) - Блек (Зим) 6:3/6:3 Ли (Кин) - (3) Кузнецова (Рус) 7:6(7:5)/6:4 (4) С.Вилијамс (САД) - Говорцова (Блр) 6:3/6:1 (6) Сафина (Рус) - Сантанџело (Ита) 6:3/7:6(7:1) (7) В.Вилијамс (САД) - Бачински (Шва) 6:3/6:2 (8) А.Радванска (Пол) - Чен (Тпе) 6:1/7:6(8:6) (9) Звонарева (Рус) - Јан (Кин) 6:2/6:0 (10) Хантухова (Свк) - Сугијама (Јап) 6:2/7:5 Женг (Кин) - (11) Шавај (Унг) 4:6/6:3/7:5 (13) Шнидер (Шва) - Крејбас (САД) 6:3/6:2 (15) Корне (Фра) - Ваидишова (Чеш) 4:6/6:1/6:4 (16) Цибулкова (Свк) - Парментие (Фра) 6:1/7:5 Пенг (Кин) - Суарез Наваро (Шпа) 7:5/7:6(7:2) Мартинез Санчез (Шпа) - Молик (Авс) 6:1/6:1 Бенешова (Чеш) - Мирза (Инд) 6:1/2:1 пред. Лагостера Вивес (Шпа) - Закопалова (Чеш) 2:6/6:3/7:5 А.Бондаренко (Укр) - Секвера (Вен) 3:6/0:1 пред. Бамер (Авт) - Медина Гаригес (Шпа) 6:2/4:6/6:4 К.Бондаренко (Укр) - Дементиева (Рус) Ани (Ест) - Шафарова (Чеш) Морита (Јап) - Еракович (НЗе) Обцилер (Изр) - Корицева (Укр) Пеер (Изр) - Чирстеа (Ром) Танасугарн (Тај) - Арвидсон (Шве) Перебијнис (Укр) - Азаренка (Блр) Пенета (Ита) - Канепи (Ест) Данилиду (Грц) - Рацано (Фра) Заврши одбраната за Гонзо и Масу
Актуелните
шампиони во двојки, Фернандо Гонзалез и Николас Масу паднаа на првата
пречка на олимпискиот тениски турнир. Чилеанците загубија со 7:6/6:4 од
руската двојка Дмитри Турсунов и Михаил Јужни. Пред четири
години во Атина, тие станаа национални херои откако победија во двојки
за првиот златен медал на Олимпијадите во историјата на Чиле, а потоа
Масу победи и во сингл. Сепак, двајцата остануваат во игра за медал
откако победија во сингл. Масу го совлада
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2008 во 15:53 |
ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОРНИК, 12/08
02.30 Хокеј на трева, 1.коло (ж)
03.00 Ракомет, Бразил-Хрватска (м)
03.00 Кошарка, Иран-Литванија (м)
03.00 Стрелаштво, 50м в.пиштол (м), двоен трап (м)
03.00 Одбојка на плажа, мажи и жени, 1.коло
03.30 Борење, грчко-римски с., 60кг (м), 55кг (м)
03.30 Софтбол, натпревари по групи
03.30 Ватерполо, Канада-Црна Гора (м)
04.00 Одбојка, Русија-Германија (м)
04.00 Стреличарство, жени
04.00 Бадминтон, мажи/жени
04.00 Гимнастика, повеќебој (м) финале
04.00 Мечување, сабја (м) финале
04.00 Кревање товар, 69кг (м) финале
04.15 Пливање, 200 м слободно (м) финале
04.20 Пливање, 100 м грбно (ж) финале
04.30 Пливање, 100 м грбно (м) финале
04.30 Тенис, мажи/жени, 3.коло
04.45 Ракомет, Египет-Русија (м)
04.50 Ватерполо, Шпанија-Австралија (м)
04.45 Пливање, 100 м градно (ж) финале
05.15 Кошарка, Русија-Хрватска (м)
06.00 Џудо, 81кг (м), 63кг (ж) финале
06.00 Одбојка, Египет-Полска (м)
06.10 Ватерполо, Италија-САД (м)
06.30 Одбојка, САД-Италија (м)
07.00 Едрење, 470 (м/ж), РС-Х (м), ласер (м/ж)
07.30 Бокс, мува к./бантам к., 1.коло
08.00 Ракомет, Кина-Франција (м)
08.00 Ватерполо, Грција-Унгарија (м)
08.30 Кошарка, Грција-Германија (м)
08.30 Одбојка, Србија-Бразил (м)
08.30 Скокови во вода, 10 м синх. (ж) финале
09.00 Кану/Кајак на брзи води, Ц1 (м), К1 (м) финале
09.20 Ватерполо, Србија-Хрватска (м)
09.45 Ракомет, Шпанија-Полска (м)
10.00 Веслање, двоец (м/ж) финале
10.40 Ватерполо, Германија-Кина (м)
10.45 Кошарка, Кина-Шпанија (м)
11.00 Фудбал, КОР-ГЕР, НГР-БРА (ж)
12.30 Пливање, квал.
13.00 Ракомет, Ј.Кореја-Данска (м)
13.15 Коњички спорт, скокови финале
13.45 Фудбал, САД-НЗЕ, КИН-АРГ, ШВЕ-КАН, НОР-ЈАП (ж)
14.00 Кошарка, Ангола-САД (м)
14.00 Одбојка, Венецуела-Кина (м)
14.45 Ракомет, Исланд-Германија (м)
16.00 Одбојка, Јапонија-Бугарија (м)
16.15 Кошарка, Аргентина-Австралија (м)
ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА СРЕДА, 13/08
02.30 Хокеј на трева, мажи, 1.коло
03.00 Кошарка, Белорусија-Русија (ж)
03.00 Ракомет, Русија-Бразил (ж)
03.00 Одбојка на плажа, мажи/жени
03.00 Стрелаштво, 25м в.пиштол (ж) финале
03.30 Борење, грчко-римски с., 76кг (м), 66кг (м)
03.30 Софтбол, натпревари по групи
04.00 Пинг-понг, двојки (м/ж)
04.00 Кревање товар, 77кг (м), 69кг (ж) финале
04.00 Бадминтон, жени 1/4 финале
04.00 Одбојка, Италија-Алжир (ж)
04.00 Мечување, флорет (м)
04.00 Стреличарство, мажи
04.10 Пливање, 200 м слободно (ж) финале
04.15 Гимнастика, повеќебој (ж) финале
04.20 Пливање, 200 м пеперутка (м) финале
04.30 Безбол, 1.коло
04.45 Ракомет, Романија-Франција (ж)
05.10 Пливање, 200 м мешано (ж) финале
05.15 Пливање, 4х200 м слободно (м) финале
05.15 Кошарка, Шпанија-Чешка Р. (ж)
05.30 Велосипедизам, трка на хронометар (ж)
06.00 Џудо, 70кг (ж), 90кг (м)
06.00 Одбојка, Венецуела-САД (ж)
06.30 Одбојка, Русија-Казахстан (ж)
07.00 Едрење, мешани двојки, ласер (м/ж), фин (м), инглинг (ж)
07.00 Ватерполо, жени
07.30 Велосипедизам, трка на хронометар (м)
07.30 Бокс, лесна-мува к., тешка к., 1.коло
08.00 Ракомет, Ј.Кореја-Шведска (ж)
08.30 Кошарка, Бразил-Летонија (ж)
08.30 Скокови во вода, 3м синх. (м) финале
08.30 Одбојка, Србија-Бразил (ж)
08.50 Веслање, сингл (м) 1/2 финале
09.00 Кану/Кајак на брзи води, Ц2 (м), К1 (ж) квал.
09.45 Ракомет, Кина-Ангола (ж)
10.00 Тенис, мажи, жени 1/8 финале
10.45 Кошарка, Нов Зеланд-Кина (ж)
11.00 Фудбал, ХОЛ-ЈАП, КОР-ХОН, КАМ-ИТА, НГР-САД (м)
12.30 Пливање, квал.
13.00 Ракомет, Норвешка-Казахстан (ж)
14.00 Одбојка, Куба-Кина (ж)
13.15 Коњички спорт, дресура
13.45 Фудбал, АРГ-СРБ, БСК-АВС, НЗЕ-БЕЛ, КИН-БРА (м)
14.00 Кошарка, Австралија-Ј.Кореја
14.45 Ракомет, Германија-Унгарија (ж)
16.00 Одбојка, Полска-Јапонија (ж)
16.15 Кошарка, Мали-САД (ж)
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2008 во 15:53 |
ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ
ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА ВКУПНО
1.Кина 9 3 2 14
2.Јужна Кореја 4 4 0 8
3.САД 3 4 5 12
4.Италија 3 3 2 8
5.Австралија 2 0 3 5
6.Јапонија 2 0 2 4
7.Велика Британија 2 0 1 3
8.Чешка Република 2 0 0 2
9.Холандија 1 1 1 3
10.Финска 1 0 1 2
11.Шпанија 1 0 1 2
12.Азербејџан 1 0 0 1
13.Индија 1 0 0 1
14.Романија 1 0 0 1
15.Тајланд 1 0 0 1
16.Русија 0 4 2 6
17.Франција 0 3 2 5
18.Северна Кореја 0 3 2 5
19.Куба 0 1 1 2
20.Германија 0 1 1 2
21.Австрија 0 1 0 1
22.Колумбија 0 1 0 1
23.Унгарија 0 1 0 1
24.Норвешка 0 1 0 1
25.Словачка 0 1 0 1
26.Шведска 0 1 0 1
27.Турција 0 1 0 1
29.Зимбабве 0 1 0 1
30.Бразил 0 0 2 2
31.Индонезија 0 0 2 2
32.Алжир 0 0 1 1
33.Аргентина 0 0 1 1
34.Белорусија 0 0 1 1
35.Кинески Тајпеј 0 0 1 1
36.Хрватска 0 0 1 1
37.Грузија 0 0 1 1
38.Швајцарија 0 0 1 1
39.Таџикистан 0 0 1 1
40.Узбекистан 0 0 1 1
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2008 во 15:57 |
РАКОМЕТ - ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ ОД СРЕДБИТЕ ОД 2. КОЛО БРАЗИЛ ИСПУШТИ ПОБЕДА
Томори ја спаси Унгарија
Репрезентативката на Унгарија, Сузана Томори е херојот на денот во
унгарскиот состав бидејќи нејзиниот гол постигнат на една секунда пред
крајот на мечот со Бразил и донесе еден бод на нејзината селекција.
Унгарките
беа далеку подобриот противник во дуелот со "кариоките" во поголемиот
дел од средбата. Почнаа одлично и за само три минути веќе создадоа
позитива од три гола, 3:0. Добриот старт беше причина за одлично
продолжение на средбата во кое одеа чекор по чекор. Иако Бразил
успеваше да намали и да дојде до водство на моменти, сепак, тоа не беше
никаква причина за разочарување и некаде на средина на полувремето
Унгарија одново направи позитива од три гола. Поведе со 10:7 и најави
дека до крајот на првиот дел уште повеќе ќе ја зголеми разликата.
Највисоката
разлика се случи во 26 минута кога на семафорот стоеше резултат од
16:10. Анита Горбич ги предводеше своите до одличен резултат и успеваше
да ја одржува позитивата, па на паузата се замина со водство од 17:12.
Она
што се сработи во првиот дел беше уништено и загубено по само неколку
минути во продолжението од натпреварот. Бразил предводен од Едуарда
Аморим која беше најдобрата на теренот играше с$ подобро. За пет минути
ја анулираше негативата и тоа со серија од 5:0. Тоа најдобро го
покажува резултат од 17:17 во 35 минута по што мечот одново доби
тензија и динамичност, па двете селекции влегоа во продолжението со
многу поголема желба.
До средината на второто полувреме Унгарија
постојано беше во предност, а Бразил успеваше да намали или да израмни.
Така беше с$ до 50 минута, кога следуваа шест минути со многу грешки и
без ниту еден погодок, па Бразилките дојдоа до водство од 26:25. Веднаш
потоа водството беше зголемено и на два гола, а на 30 секунди до крајот
по нерешените 27:27, Аморим ја доведе во водство својата репрезентација
и со тоа и даде шанса за победа. Последниот напад го имаше Унгарија, а
на секунда пред крај Сузана Томори ја имаше решавачката улога.
Одговорноста беше за неа. Успеа да најде простор крај одбраната на
Бразил и "живиот ѕид" кој го направија пред голот на Масон. Топката го
најде вистинското место и се најде во голот за голема радост на
Унгарките бидејќи успеаја да спасат веќе загубен меч.
После ова
коло на табелата во групата "А" с$ е како што се очекуваше. Романија,
Норвешка и Франција имаат по четири бода, додека Ангола, Кина и
Казахстан ќе се борат за последното место кое води во четвртфиналето.
Во другата група само Шведска е без бодови, а дури три екипи се со три
бода, што не им гарантира сигурност за продолжението.
Тежок пораз за Германија
Репрезентативките
на Германија претрпеа тежок пораз на мечот против Кореја бидејќи
конечните 30:20 секако се вистинска катастрофа за Бундес составот. Иако
се очекуваше тежок дуел, сепак, никој не можеше да претпостави дека
Кореја ќе успее да дојде до вака висок триумф.
Противникот на
Македонија на Европското првенство во декември на овој меч немаше
никакви шанси и потполно разочара, така што овој резултат е потполно
реален за случувањата на теренот.
"Имавме многу проблеми во
одбраната. Не успевавме навреме да затвориме и тоа оставаше многу
простор за противничките ракометарки. Корејките знаеја како да го
искористат ова, а ние во нападот одигравме далеку полошо од првиот
дуел, така што на овој меч не можевме повеќе", вели Стефани Мелбек.
Аморим, најдобра на теренот
По
просечниот настап на првиот меч против селекцијата на Германија,
Едуарда Аморим одигра фантастичен дуел против Унгарија и доколку Бразил
победеше на овој меч тогаш таа ќе беше најзаслужната. Аморим беше
најефикасна со вкупно десет погодоци, а најдоброто од с$ е што имаше
само еден нереализиран удар во текот на целиот меч. Секако за
одбележување е и тоа што на теренот мина само 22 минути, а успеа да
постигне десет гола.
ВЕСТИ ОД МАШКИОТ ТУРНИР
Исланд без Гудјон Сигурсон
Покрај
Ивано Балиќ уште еден ракометар се жали на повреда после одигрувањето
на првото коло. Гудјон В. Сигурсон од Исланд најверојатно ќе го
пропушти следниот меч, а причината за тоа е повредата на ногата. Нема
прецизна информација за колку сериозна повреда се работи, така што
засега сигурно е дека ќе го нема во 2. коло против Германија.
Кнудсен "закачи" стомачен вирус
Пикерот
на репрезентацијата на Данска, Михаел Кнудсен има здравствени проблеми
и најверојатно ќе има смалена минутажа на дуелите од 2. и 3. коло.
Информациите говорат дека тој има стомачни проблеми кои го
оневозможуваат да одработи с$ според планот. Поради тоа веројатно
селекторот ќе му дозволи да мирува и ќе игра само доколку за тоа има
вистинска потреба.
СТАТИСТИКА
2. КОЛО
ГРУПА "А"
КАЗАХСТАН 18 (8)
ФРАНЦИЈА 21 (10)
Казахстан: Парфенова (14 одб.), Ајидерскаја 7, Иљукина 4...
Франција: Лејно (9 одб.), Лакраб 6, Бадоуин 3, Кано 3...
АНГОЛА 17 (6)
НОРВЕШКА 31 (14)
Ангола: Педро (5 одб.), Де Алмеида 5, Бенгу 3, Бернардо 3...
Норвешка: Харалдсен (12 одб.), Ригелхут 6, Ларсен 5, Лунде 4...
КИНА 20 (11)
РОМАНИЈА 34 (17)
Кина: Хуанг (4 одб.), Веи 6, Ј. Лиу 4, К. Лиу 4...
Романија: Дину (12 одб.), Амареи 9, Маер 8, Станка 6...
ГРУПА "Б"
БРАЗИЛ 28 (12)
УНГАРИЈА 28 (17)
Бразил: Масон (14 одб.), Аморим 10, Насцименто 6, Оливеира 4...
Унгарија: Палингер (13 одб.), Горбич 8, Сцаморански 6, Ковачич 6...
КОРЕЈА 30 (12)
ГЕРМАНИЈА 20 (9)
Кореја: Лее (19 одб.), Хонг 6, Хух 5, Парк 5...
Германија: Волтеринг (11 одб.), Јурак 4, Лорпер 4, Херинг 3...
ШВЕДСКА 24 (12)
РУСИЈА 28 (14)
Шведска: Грундстром (13 одб.), Фреден 6, Алм 5, Торстенсон 4...
Русија: Суслина (6 одб.), Туреј 6, Поленова 4, Шипилова 4...
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
ЖЕНИ
ГРУПА "А"
1. КОЛО
Франција - Ангола 32:21 (13:14)
Романија - Казахстан 31:19 (13:10)
Норвешка - Кина 30:23 (13:12)
2. КОЛО
Казахстан - Франција 18:21 (8:10)
Ангола - Норвешка 17:31 (6:14)
Кина - Романија 20:34 (11:17)
3. КОЛО (13.08.2008)
04:45 Романија - Франција
09:45 Кина - Ангола
13:00 Норвешка - Казахстан
4. КОЛО (15.08.2008)
03:00 Казахстан - Кина
09:45 Романија - Ангола
13:00 Франција - Норвешка
5. КОЛО (17.08.2008)
04:45 Ангола - Казахстан
08:00 Норвешка - Романија
09:45 Франција - Кина
ТАБЕЛА
1. Романија 2 2 0 0 65:39 4
2. Норвешка 2 2 0 0 61:40 4
3. Франција 2 2 0 0 53:39 4
4. Казахстан 2 0 0 2 37:52 0
5. Кина 2 0 0 2 43:64 0
6. Ангола 2 0 0 2 38:63 0
ГРУПА "Б"
1. КОЛО
Унгарија - Шведска 30:24 (15:14)
Русија - Кореја 29:29 (16:13)
Германија - Бразил 24:22 (11:12)
2. КОЛО
Бразил - Унгарија 28:28 (12:17)
Кореја - Германија 30:20 (12:9)
Шведска - Русија 24:28 (12:14)
3. КОЛО (13.08.2008)
03:00 Русија - Бразил
08:00 Кореја - Шведска
14:45 Германија - Унгарија
4. КОЛО (15.08.2008)
04:45 Бразил - Кореја
08:00 Германија - Шведска
14:45 Унгарија - Русија
5. КОЛО (17.08.2008)
03:00 Шведска - Бразил
13:00 Русија - Германија
14:45 Унгарија - Кореја
ТАБЕЛА
1. Кореја 2 1 1 0 59:49 3
2. Унгарија 2 1 1 0 58:52 3
3. Русија 2 1 1 0 57:53 3
4. Германија 2 1 0 1 44:52 2
5. Бразил 2 0 1 1 50:52 1
6. Шведска 2 0 0 2 48:58 0
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
МАЖИ
ГРУПА "А"
1. КОЛО
Хрватска - Шпанија 31:29 (16:11)
Франција - Бразил 34:26 (19:11)
Полска - Кина 33:19 (21:10)
2. КОЛО (12.08.2008)
03:00 Бразил - Хрватска
08:00 Кина - Франција
09:45 Шпанија - Полска
3. КОЛО (14.08.2008)
04:45 Полска - Бразил
09:45 Кина - Шпанија
14:45 Франција - Хрватска
4. КОЛО (16.08.2008)
03:00 Бразил - Кина
08:00 Франција - Шпанија
13:00 Хрватска - Полска
5. КОЛО (18.08.2008)
04:45 Шпанија - Бразил
09:45 Хрватска - Кина
14:45 Полска - Франција
ГРУПА "Б"
1. КОЛО
Русија - Исланд 31:33 (16:19)
Германија - Кореја 27:23 (10:13)
Данска - Египет 23:23 (11:10)
2. КОЛО (12.08.2008)
04:45 Египет - Русија
13:00 Кореја - Данска
14:45 Исланд - Германија
3. КОЛО (14.08.2008)
03:00 Германија - Египет
08:00 Кореја - Исланд
13:00 Данска - Русија
4. КОЛО (16.08.2008)
04:45 Египет - Кореја
09:45 Русија - Германија
14:45 Данска - Исланд
5. КОЛО (18.08.2008)
03:00 Исланд - Египет
08:00 Русија - Кореја
13:00 Германија - Данска
ОДБОЈКА - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА РУСИЈА СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ НА ВТОРИОТ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН ВО ПЕКИНГ
Вицешампионот декласиран од "караоките"
Актуелниот светски шампион и сребрениот тим од Атина, Русија, го
доживеа вториот пораз во натпреварувањето по групи откако вчера со
максимални 3:0 беше совладана од освојувачот на Светскиот гран при
2008, Бразил. "Караоките" го декласираа рускиот состав, одиграа
беспрекорно и доминираа во секој елемент во полето. "Зборнајата" во
текот на целиот меч се трудеше да ја пронајде својата игра и да му
возврати на противникот, но темпото кое го наметнаа Бразилките беше
недостижно. Руската селекција имаше скромни 14 освоени поени во првите
два сета, односно 16 во последниот.
Останатите две двојки од
групата "Б" завршија со максимални резултати, 3:0 за фаворитите. Србија
имаше лесна задача против аутсајдерот Алжир, прикажувајќи доминантна
игра на мрежата, особено со нападите на средните блокери за кои
одбраната на Алжир немаше одговор. "Аѕурките" дојдоа до втората победа
во мечот против Казахстан. Пичинини со 12 освоени поени ја предводеше
италијанската селекција во новиот триумф со кој Италија се задржа на
третото место во групата веднаш зад лидерот Бразил и Србија.
Разигрувањето
во "А" групата го отворија САД и Куба, дуел во кој Кубанките
неочекувано лесно стигнаа до убедлива победа од 3:0 против
американската репрезентација. Куба со силен сервис ја разниша играта на
противникот, што им овозможи потоа лесно да ја прочитаат тактиката на
Американките и да бидат беспрекорни на мрежата.
Олимпискиот
шампион Кина запиша нова два поена откако ја совлада Полска со 3:1 во
сетови. Полјачките го добија првиот сет со 25:22, но во продолжението
домаќинот го исфрли од игра противникот. По изедначувањето на Кина на
1:1 во сетови, Полска проба да наметне свое темпо, но брзо ја загуби
иницијативата и Кинеските поведоа со 2:1. Полска имаше предност од
22:20 во завршницата на четвртиот сет и можеше да се избори за
продолжение, но минималниот пад на концентрацијата беше доволен Кина да
направи серија од 5:0 и со 25:22 да го добие сетот за конечна победа од
3:1.
Во последниот натпревар од 2. коло кај дамите се сретнаа
Јапонија и Венецуела, меч во кој Јапонките лесно стигнаа до максимална
победа од 3:0 во сетови.
Русинките имаат проблем со пристапот
Според
селекторот на Русија, Џовани Капрара, причината за вториот по ред пораз
на неговата екипа е раниот почеток на натпреварите, како и менталниот
склоп на руските одбојкарки кои ќе мораат да го променат односот
доколку сакаат да дојдат до позитивен резултат во продолжението на
Олимпијадата.
"Почетокот на натпреварите е ран како за нас така
и за нашите противници, но тука се судираме со различен менталитет. За
руските тимови утринските мечеви се тешки бидејќи се соочуваме со
заморот. Вршам голем притисок врз моите играчи за да го надминат овој
проблем и да се подготват за средбите, но засега имам чувство дека се
борам сам. С$ е прашање на однос", изјави по поразот од Италија,
рускиот селекторот Џовани Капрара.
РЕЗУЛТАТИ - 2. КОЛО:
ГРУПА "А":
САД - Куба 0:3
(15:25, 24:26, 17:25)
Кина - Полска 3:1
(22:25, 25:15, 25:20, 25:22)
Јапонија - Венецуела 3:0
(25:12, 25:17, 25:12)
ТАБЕЛА:
1.Кина 2 2 0 6:1 4
2. Куба 2 2 0 6:1 4
3. САД 2 1 1 6:1 3
4. Јапонија 2 0 2 4:3 3
5. Полска 2 0 2 2:6 2
6. Венецуела 2 0 2 0:6 2
ГРУПА "Б":
Алжир - Србија 0:3
(14:25, 13:25, 13:25)
Казахстан - Италија 0:3
(19:25, 15:25, 21:25)
Бразил - Русија 3:0
(25:14, 25:14, 25:16)
ТАБЕЛА:
1. Бразил 2 2 0 6:0 4
2. Србија 2 2 0 6:1 4
3. Италија 2 2 0 6:1 4
4. Русија 2 0 2 1:6 2
5. Казахстан 2 0 2 1:6 2
6. Алжир 2 0 2 0:6 2
ДЕНЕСКА МАЖИТЕ ГО ИГРААТ 2. КОЛО ОД ОЛИМПИСКОТО РАЗИГРУВАЊЕ
Дуел на големите ривали
Натпреварот
меѓу Србија и Бразил ќе привлече најголемо внимание во второто коло од
натпреварувањето по групи во разигрувањето за олимпиското злато. Дуелот
меѓу големите ривали, кои имаа можност своите сили да ги измерат
повеќепати пред настапот на Олимпијадата, претставува нов предизвик и
за двата тима. Бразилците ќе пробаат да ја продолжат победничката
серија, по стартниот триумф над Египет, додека одбојкарите на нашиот
северен сосед ќе ја бараат шансата за поправен бидејќи во 1. коло беа
поразени од Русија со 3:1. Бранителот на златниот медал од Атина без
притисок влегува на денешниот меч.
"Светот повеќе не н$ гледа
како фаворити, што е позитивно бидејќи сме ослободени од притисокот, но
од друга страна тоа им дава поголема самодоверба на нашите противници.
Н$ очекува тежок дуел со Србија, која се најде во завршницата на
Светската лига 2008, каде покажа одлична игра. Двата тима направија
промени во играта по тоа натпреварување, ние ја подобривме одбраната,
што е многу значајно во меч со селекција како Србија која има силен
напад. Мора да ја играме нашата игра, да бидеме трпеливи и да ја
користиме секоја грешка на противникот", изјави селекторот на Бразил,
Бернардо Резенде.
Вицешампионите во Светската лига 2008 се надеваат дека по лошиот старт ќе се вратат во игра и тоа со победа над "кариоките".
Во групата "Б" покрај оваа средба денеска се среќаваат и Русија и Германија, како и Египет и Полска.
Во
групата "А" освојувачот на Светската лига 2008, САД ја пречекува
селекцијата на Италија, а во останатите натпревари домаќинот Кина се
среќава со Венецуела, додека Бугарија ќе оди на нова победа во дуелот
со Јапонија.
Мек Качин со отворено писмо за благодарност
Селекторот
на американската машка репрезентација, Хју Мек Качин и неговата сопруга
Елизабет испратија отворено писмо за благодарност по немилиот настан на
стартот од Игрите, кога родителите на Елизабет беа избодени со нож во
Кулата на тапаните во Пекинг, по што нејзиниот татко почина, додека
мајка и заздравува во пекингшката болница.
"Во овие исклучително
тешки моменти долга е листата на луѓе кои ни ја понудија нивната помош,
убавите зборови и молитви. Ова писмо не може да донесе правда и да ја
изрази љубовта и поддршката која ја почувствувавме. Голема благодарност
до медицинските лица во болницата во Пекинг, кинескиот министер за
внатрешни работи и градоначалникот на Олимпиското село, претседателот
на САД, Буш и американскиот амбасадот во Кина, Ренд, Американската
одбојкарска федерација, Олимпискиот комитет на САД, како и ИОК,
организаторот Кина и на сите други струкрури кои ни прижија финансиска
и морална поддршка", стои во отвореното писмо на Мек Качин.
РАСПОРЕД - 2. КОЛО:
ГРУПА "А":
06:30ч. САД - Италија
14:00ч. Венецуела - Кина
16:00ч. Јапонија - Бугарија
ТАБЕЛА:
1. Италија 1 1 0 3:1 2
2. Бугарија 1 1 0 3:1 2
3. САД 1 1 0 3:2 2
4. Венецуела 1 0 1 2:3 1
5. Кина 1 0 1 1:3 1
6. Јапонија 1 0 1 1:3 1
ГРУПА "Б":
04:00ч. Русија - Германија
06:00ч. Египет - Полска
08:30ч. Србија - Бразил
ТАБЕЛА:
1.Бразил 1 1 0 3:0 2
2.Полска 1 1 0 3:0 2
3.Русија 1 1 0 3:1 2
4.Србија 1 0 1 1:3 1
5.Германија 1 0 1 0:3 1
6.Египет 1 0 1 0:3 1
ОДБОЈКА НА ПЕСОК (Ж)
РЕЗУЛТАТИ - 2. КОЛО:
ГРУПА "А":
Тиан Џиа/Ванг (КИН) - Ван Бредам/Моха (БЕЛ) 2:1
Масеиде/Глеснес (НОР) - Кун/Швер (ШВЕ) 2:0
ГРУПА "Ц":
Ана Паула/Лариса (БРА) - Урјадова/Ширјаева (РУС) 2:1
Барнет/Кук (АВС) - Сака/Ртвело (ГРУ) 2:0
ГРУПА "Е":
Бранаг/Јангс (САД) - Пол/Рау (ГЕР) 2:0
Рибалта/ М. Креспо (КУБ) - Кадик/Морен (ХОЛ) 2:0
РАСПОРЕД (ДЕНЕСКА):
ГРУПА "Б":
03:00ч. Волш- Мај/Тренор (САД) - Грасет/Пераза (КУБ)
06:00ч. Нила/Ингрид (НОР) - Тери Саики/Кусухара (ЈАП)
ГРУПА "Д":
05:00ч. Кутроманиду/Цирциани (ГРЦ) - Аугустидес/Нел (ЈАР)
13:00ч. Ксуе/Жанг Кси (КИН) - Голер/Лудвиг (ГЕР)
ГРУПА "Ф":
08:00ч. Карантасиу/Арванити (ГРЦ) - Канделас/Гарсиа (МЕК)
14:00ч. Талита/Рената (БРА) - Швајгер/Швајгер (АВТ)
ОДБОЈКА НА ПЕСОК (М)
РЕЗУЛТАТИ - 2. КОЛО:
ГРУПА "Б":
Конде/Баракети (АРГ) - Конде/Баракети (АРГ) 2:0
Риџерс/Далхаусер (САД) - Хејер/Хеушер (ШВА) 2:0
ГРУПА "Ц":
Шахт/Слак (АВТ) - Фернандез/Мораиш (АНГ) 2:0
Рикардо/Емануел (БРА) - Геор/Гиа (ГРУ) 2:0
ГРУПА "Е":
Нумердор/Шуил (ХОЛ) - Кемпедур/Скарлунд (НОР) 2:1
Клемперер/Коренг (ГЕР) - Лацига/Шнидер (ШВЕ) 0:2
РАСПОРЕД (ДЕНЕСКА):
ГРУПА "А":
04:00ч. Кси/Ву (КИН) - Каис/Весик (ЕСТ)
17:00ч. Херера/Меса (ШПА) - Гош/Хортс (АВТ)
ГРУПА "Д":
07:00ч. Марцио Араујо/Фабио Луиз (БРА) - Допер/Гертмајер (АВТ)
15:00ч. Барсок/Колодински (РУС) - Лионе/Аморе (ИТА)
ГРУПА "Ф":
12:00ч. Берсма/Ронес (ХОЛ) - Асахи/Ширатори (ЈАП)
16:00ч. Бринк/Дикман (ГЕР) - Гиб/Росентхал (САД)
ПЛИВАЊЕ - ПО ДВА ДЕНА ФИНАЛИЊА, ДУРИ 8 СВЕТСКИ РЕКОРДИ ВО "ВОДЕНАТА КОЦКА"
Лејзак му помогна на Фелпс, Китаџима мајсторски
Бидејќи историјата за малку ќе му пропаднеше, Мајкл Фелпс мораше да
навива за Џејсон Лејзак, кој успеа да го стигне Французинот Алан Бернар
и на САД да им донесе светски рекорд и злато во 4х100 метри штафетата.
На само 25 метри, половина од базенот, Бернар с$ уште беше во водство,
но во трилер завршница САД стигна до победата, а Фелпс го освои второто
од предвидените осум златни медали.
Лејзак, најстариот пливач во
американскиот тим го направи едно од најголемите враќања во олимписката
пливачка историја во трка која избриша два светски рекорда. Малку
натпревари на Олимпијадата досега ги оправдаа очекувањата, но ова беше
повеќе од посакуваното. 32-годишниот Лејзак беше вистински херој.
"Ова
ми се случува цела кариера. Луѓето доаѓаат во мојата линија и ме
вшмукуваат, и сега мислам дека беше мојот ден", вели ветеранот.
Американците
го срушија светскиот рекорд кој го постави нивниот "Б" тим во неделните
квалификации, откако имаа време од 3:08.24, речиси цели 4 секунди од 15
аса старото време од 3:12.23. Фелпс, кој ја пливаше првата замена, беше
пресреќен што остана на пат да го подобри рекордот на Марк Шпиц од 7
злата на една Олимпијада.
"Неверојатно. Џејсон ја заврши трката
далеку подобро од тоа што сите мислевме. Неговите последни 10-15 метри
беа неверојатни", признава Фелпс.
Американците победија во
брзата штафета седум Олимпијади по ред, но минатите две Олимпијади
загубија од Австралијците и Јужноафриканците.
Бернар беше
светскиот рекордер на 100 метри, но освен златото го загуби и тој
рекорд. Австралиецот Имон Саливен го подобри индивидуалниот рекорд
откако првата промена ја исплива 47.24, пред времето од 47.50 на
Бернар. Ова е тежок удар за Французинот, кој најави дека "ќе ги скрши
Американците".
"Искуството беше поважно од талентот", вели Фредерик Буске.
Французите беа втори со 3:08.32, Австралија бронзена со 3-09-91, а всушност првите пет беа под рекордот поставен во неделата.
И КИТАЏИМА СО РЕКОРД ДО ЗЛАТОТО
Ова
беше единственото американско злато во вториот дел финалиња во Водената
коцка, со што помалку го разочараа својот претседател Џорџ Буш, кој
повторно беше на трибините со сопругата Лора и ќерката Барбара.
Јапонскиот
актуелен шампион Косуке Китаџима ја одбрани титулата на 100 метри
градно и тоа со нов светски рекорд. Китаџима исплива 58.91 секунди,
подобрувајќи го претходниот рекорд на својот американски ривал Брендан
Хенсен од 59.13 поставен пред две години. Среброто го освои
Норвежанецот Александер Дале Оен, пред Французинот Иг Дубош, а Хенсен
во својата најдобра дисциплина стигна само до 4. место.
"Навистина
совршено. Се фокусирав на својата трка, и не ги гледав ривалите", вели
Китаџима, кој се врати од третото место по 50 метри.
Хенсен по трката му честиташе на јапонскиот ривал.
"Тоа
беше совршена трка и тој е вистински шампион. Мораш да му честиташ на
некој кој во ваква тешка трка плива така", вели Хенсен.
ЕДЛИНГОН ЈА ШОКИРАШЕ ХОФ
Американката
Кејти Хоф повторно беше поразена за златото откако Британката Ребека
Едлингтон во последните 50 метри ја помина 19-годишната Американка,
која претходно освои брозна на 400 мешано. Едлингтон победи со 4:03.22,
Хоф беше сребрена со 4:03.29, а британскиот триумф го комплетираше Џоен
Џексон со бронзата со 4:03.52. Актуелната шампионка, Французинката Лор
Манаду беше последна осма во финалето.
"Ја видов Кејти и си помислив дека можам да ја стигнам", вели Едлингтон.
Хоф има уште три индивидуални трки во Пекинг и една штафета.
ТРИКЕТ СО ЗЛАТО, КОВЕНТРИ СО РЕКОРД
Австралијката
Либи Трикет, пак, може да се пофали дека конечно е олимписка шампионка
откако на 100 метри пеперутка беше блиску до светски рекорд и победи со
56.73, само 0.12 секунди зад најдоброто светско време. Среброто го
освои Американката Кристин Магнусон (57.10), додека бронзата отиде кај
уште една Австралијка, Џесика Шипер (57.25).
23-годишната
пливачка која претходно беше позната како Либи Лентон беше светска
рекордерка на 100 слободно, но не го помина полуфиналето во Атина пред
4 години.
"Пред трката бев толку нервозна што мислев дека ќе
повратам. Но, кога излеговме, не мислев на ништо друго освен на
златото", вели Трикет.
Кирсти Ковентри од Зимбабве не чекаше до
финалето за да постави светски рекорд на 100 метри грбно, победувајќи
во полуфиналето со 58.77, со што го подобри рекордот од 58.97 на
Американката Натали Кохлин од минатиот месец.
РЕЗУЛТАТИ:
100 М ПЕПЕРУТКА (Ж)
1.Лизбет Трикет (Авс) 56.73
2.Кристин Магнусен (САД) 57.10
3.Џесика Шипер (Авс) 57.25
4.Јафеи Жу (Кин) 57.84
5.Ли Тао (Син) 57.99
100 М ГРАДНО (М)
1.Косуке Китаџима (Јап) СР 58.91
2.Александер Дале Оен (Нор) 59.20
3.Иг Дубош (Фра) 59.37
4.Брендан Хенсен (САД) 59.57
5.Брентон Рикард (Авс) 59.74
400 М СЛОБОДНО (Ж)
1.Ребека Едлингтон (Бри) 4:03.22
2.Кејти Хоф (САД) 4:03.29
3.Џоен Џексон (Бри) 4:03.52
4.Корали Балми (Фра) 4:03.60
5.Федерика Пелегрини (Ита) 4:04.56
4Х100 М СЛОБОДНО (М)
1.САД (Фелпс/Вебер-Гејл/Џонс/Лејзак) СР 3:08.24
2.Франција (Лево/Жило/Буске/Бернар) 3:08.32
3.Австралија (Саливен/Лотерстајн/Келас/Таргет) 3:09.91
4.Италија (Калви/Галенда/Белоти/Мањини) 3:11.48
5.Шведска (Стимне/Фроландер/Нистранд/Персон) 3:11.92
По момчето, Манаду го загуби и светскиот рекорд од Пелегрини
Италијанката
Федерика Пелегрини постави нов светски рекорд во квалификациите на 200
метри слободно во понеделникот, поставувајќи се како главна фаворитка
за златото. Пелегрини во својата група победи со време од 1:55.45
подобрувајќи го претходниот рекорд од 1:55.52 на Французинката Лор
Манаду од март 2007. Тоа беше осми светски рекорд поставен на
пливачките натпреварувања.
Манаду, актуелната светска шампионка,
не се обиде да се квалификува за дисциплината на француското првенство.
Иронично, Федерика Пелегрини сега излегува со италијанскиот пливач Лука
Марин, со кој Манаду имаше драматично раскинување минатата година на
Светското првенство.
Осум злата? Шпиц вели дека и тој го можел тоа
Американската
пливачка легенда Марк Шпиц верува дека Мајкл Фелпс може да го подобри
неговиот рекорд од седум злата од Минхен 1972 година, но вели дека и
тој би можел да има осум доколку работите биле поинакви.
"Јас
освоив седум злата. Да ја имаше и 50 метри слободно тогаш можеби ќе бев
првиот до осум злата. Тој е речиси ист како мене. Светски рекордер,
доминира и многу ме потсетува на мене во младоста", вели Шпиц.
Американецот уште е лут на ИОЦ, ФИНА и американската ТВ мрежа НБЦ поради тоа што не го поканиле во Пекинг.
"Не
добив покана, а на Олимпијада не се оди така. Посебно поради мојот
успех. Нема да седам таму и да го гледам Фелпс анонимно. Тоа е
понижувачки", вели Шпиц.
Јапонските весници со специјално издание за Косуке!
Јапонските
весници побрзаа да издадат специјални изданија за да го прослават
златниот медал на Косуке Китаџима на 100 метри градно. Победата на
Китаџима успеа да го избрише разочарувањето во Јапонија откако нивната
натпреварувачка во џудо, Рјоко Тани, една од најпопуларните спортистки
во земјата освои само бронза по двете злата на предходните Олимпијади.
Луѓето побрзаа да ги купат специјалните изданија на весниците, Јомиури,
Асахи и Спортс Нипон.
"Навистина прекрасно. Тој е човек на кој Јапонија може да биде горда", вели 53-годишниот Шуичи Фукацу.
КРЕВАЊЕ ТОВАР - ВО НОВИТЕ ФИНАЛНИ ДИСЦИПЛИНИ
Две нови злата за Кина
Финалните дисциплини во кревањето товар во третиот ден од
Олимпијадата донесе одличен резултат за домашната селекција бидејќи
стигнаа до две злата со кои го подобрија вкупниот биланс.
Голем
успех постигна Чен Јангјинг од Кина, која дојде до нов олимписки рекорд
откако успеа да крене 244 килограми. Таа е сопственик и на светскиот
рекорд кој е за седум килограми подобар од олимпиското постигнување, а
на овие игри само ги оправда очекувањата бидејќи имаше подобар резултат
од дури 14 килограми во однос на второпласираната Шајнова од Русија.
Олимписка
шампионка во категоријата до 58 килограми со ова го одбрани златото
освоено пред четири години во Атина кога беше исто така убедливо
најдобра. Меѓутоа, по тие игри одлучи да се повлече од активното
натпреварување. Ја немаше две години пред одново да одлучи да се врати
и да продолжи со успешните настапи. За колку квалитетна спортистка се
работи покажуваат нејзините резултати од овие игри со кои покажа дека е
далеку подобра од другите натпреварувачки во оваа категорија.
Кај
мажите до златото стигна нејзиниот сонародник, Ксиангксианг Цанг, кој
успеа да стигне до одличен резултат. Бронзениот од Сиднеј пред осум
години сега беше далеку подобар од Колумбиецот Салазар. Крена товар
поголем за дури 14 килограми од второпласираниот, а до златото стигна
со 319 кренати килограми. Со тоа немаше никакви проблеми да дојде до
првото место бидејќи и третопласираниот Трианто од Индонезија имаше
далеку послаб резултат. Трианто натпреварите ги заврши со кренати 298
килограми, но тоа беше доволно за бронзата.
РЕЗУЛТАТИ
МАЖИ
До 62 кг
1. Ксиангксианг Цанг (Кин) 319 кг
2. Диего Салазар (Кол) 305 кг
3. Триатно (Ино) 298 кг
ЖЕНИ
До 58 кг
1. Чен Јангјинг (Кин) 244 кг (ОР)
2. Марина Шајнова (Рус) 227 кг
3. О Јонг Ае (С. Кор) 226 кг
ЏУДО - ВО БОРБА КОЈА ТРАЕШЕ САМО 23 СЕКУНДИ
Мамадли го "среди" светскиот првак
Претставникот на Азербејџан во категоријата до 73 килограми, Елнур
Мамадли & го донесе првото злато на својата земја на Игрите откако
во финалето го совлада Кореецот Ванг Ки Чун, кој е светски шампион.
Борбата
траеше само 23 секунди. Поточно толку време му беше потребно на новиот
олимписки првак да му нанесе пораз на својот противник.
Тој
тргна од стартот на борбата, решен да стигне до златото. Го дочека
својот противник во невнимание и набрзина дојде до позиција со која по
23 секунди го "матираше", па на судиите не им остана ништо друго освен
да го прогласат Мамадли за победник во борбата и нов олимписки шампион.
Во
борбите за 3. место имаше интересни дуели. Европскиот првак Дирк Ван
Тихелт од Холандија загуби од Бокијев од Таџикистан, а Гуиљеро од
Бразил беше подобар од Али Маломат од Иран.
Во втората финална
дисциплина вчера, која беше во женска конк*ренција, златото &
припадна на Италијанката Квинтавале. Европското финале & припадна
на оваа џудистка која против Гравенстијн од Холандија имаше тешка борба
за да дојде до златото.
Сепак, најголемата работа Квинтавале ја
заврши претходно. Таа имаше борба против Ивон Бениш од Германија коај
ја бранеше титулата од Атина. Меѓутоа, Италијанката успеа да направи
доволно голема предност уште на стартот и до крајот без проблеми издржа
за да дојде до место во финалето.
Во дуелите од репасаж за
бронзата дојдоа Бразилката Квадрос и кинеската репрезентативка Јан.
Квадрос успеа да стигне до победа против бронзената од пред четири
години, Пекли од Австралија, додека Јан се радуваше на триумф во мечот
со Барбара Харел од Франција.
РЕЗУЛТАТИ
МАЖИ
До 73 кг
1. Елнур Мамадли (Азе)
2. Ванг Ки Чун (Кор)
3. Расул Бокијев (Тјк)
3. Леандро Гуиљеро (Бра)
ЖЕНИ
До 57 кг
1. Џулија Квинтавале (Ита)
2. Дебора Гравенстијн (Хол)
3. Кејтлин Квадрос (Бра)
3. Ксу Јан (Кин)
КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ - ПО ВЧЕРАШНИОТ НАСТАП КВАЛИФИКАЦИИ ВО К-1
Николовски остана без полуфинале
Македонија нема да има свој претставник на натпреварите во кајак на
диви води во дисциплината К-1. Атанас Николовски се пласираше на 19.
место од 21 натпреварувач, па остана без пласман меѓу најдобрите 15
така што остана и без место во полуфиналето.
Николовски го
поправи својот пласман во втората трка. По првиот настап тој беше
последен. Излезе со многу желба да се прикаже во одлично издание на
тешката патека која нудеше многу замки и беше максимално брза. Во
горниот дел од патеката почна одлично и не заостануваше многу зад во
тој момент водечкиот Динг од Кина.
Сепак, на средина од патеката
при поминувањето на 11. капија, која беше во спротивен правец од текот
на водата, направи грешка. При завеслаите удри во капијата и тоа
автоматски значеше дополнително време од две секунди на вкупниот
резултат. Иако се обидуваше до целта да направи уште подобро време не
успеваше, па во тој момент се најде на последното, 3. место. До крајот
другите 18 натпреварувачи го поминаа, па првата трка од квалификациите
ја заврши на последната 21. позиција.
И во втората трка
Николовски стартуваше како трет. Меѓутоа, овој пат на патеката беше
далеку повнимателен. Немаше грешки како во првата трка, но одеше за
нијанса побавно. Овој пат ги помина сите капии без допир и немаше
казнено време, а успеа да ги искористи грешките на Американецот Парсонс
и Кинезот Динг, така што на крајот се најде на 19. место од вкупно 21
учесник во трката.
Доколку во првата трка успееше да заврши без
казна, тогаш Николовски сигурно ќе имаше барем уште едно место подобар
пласман. И доколку се случеше тоа ќе ги завршеше натпреварите во
квалификациите бидејќи во полуфиналето имаше место само за најдобрите
15 кајакари кои денеска ќе се најдат во двете завршни трки по што ќе
биде познат олимпискиот шампион. Како најголем фаворит и натаму остана
Словенецот Петер Каузер, кој имаше најдобро време по двете
квалификациски трки.
РЕЗУЛТАТИ
КВАЛИФИКАЦИИ (ПО 2 ТРКИ)
1. Петер Каузер (Сло) 2:46.49
2. Фабиен Лефевр (Фра) 2:48.06
3. Даниеле Молменти (Ита) 2:48.59
4. Александер Грим (Гер) 2:49.26
5. Дариуш Попиела (Пол) 2:51.02
6. Хелмут Облингер (Аут) 2:51.75
.....
18. Казуки Јазава (Јап) 2:59.87
19. Атанас Николовски (Мкд) 3:01.19
20. Скот Парсонс (САД) 3:40.54
21. Фуксуе Динг (Кин) 3:48.39
Несторов последен во квалификациите
Вчера
Олимпијадата заврши за уште еден натпреварувач од Македонија. Сашо
Несторов во стрелаштво, како што можеше да се очекува настапи само во
квалификациите. Тој со 558 круга го постигна најслабиот резултат и се
пласираше на последното 51. место во дисциплината 10 метри воздушна
пушка. Имаше 11 круга помалку од претпоследниот натпреварувач од
Никарагва, Валтер Мартинез.
Во финалето имаше место само за
најдобрите осум стрелци, а зад нив Несторов имаше големо заостанување.
Осмиот кој влезе во финалето имаше резултат од 697 круга во
квалификациите.
Каузер прв фаворит
По
комплетирањето на двете квалификациски трки најдобрите 15 денеска прво
ќе имаат настап во полуфиналето, а за денеска е предвидено и финалето.
Како најголем фаворит се покажа Петер Каузер од Словенија кој имаше
најдобри резултати на вчерашните настапи. Тој има време од дури секунда
ипол подобро од Французинот Лефевр и очекувањата се денеска да успее
само да го потврди добриот настап во текот на квалификациите. Сепак,
денеска е сосема нов ден и нови трки во кои ќе мора одново да се
покажат сите квалитети.
ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОД Ц-1 ВО ВОДСТВО СЛОВАЧКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ
Мартикан со најдобар резултат
По
квалификациите кои се одржаа вчера Словакот Михал Мартикан е во водство
во дисциплината Ц-1 во кану на диви води. Тој беше подобар за само 35
стотинки од Германецот Јан Бенцин додека на третото место се најде
Давид Флоренс од Велика Британија. Место во полуфиналето имаше за 12
натпреварувачи од вкупно 16 колку што се најдоа во вчерашните
квалификации. Испаднаа претставниците на Канада, Јапонија, Хрватска и
Јужна Африка.
РЕЗУЛТАТИ
1. Михал Мартикан (Свк) 2:50.15
2. Јан Бенцин (Гер) 2:50.50
3. Давид Флоренс (В. Бри) 2:51.63
4. Станислав Јецек (Чеш) 2:52.09
5. Андер Елосегуи (Шпа) 2:52.47
6. Тони Естангуе (Фра) 2:56.08
МЕЧУВАЊЕ - ИТАЛИЈАНКАТА СО ИСТОРИСКИ ТРИУМФ
Вецали со трето злато по ред во меч
Италијанката Валентина Вецали стигна до рекордна трета едноподруго
титула во женското мечување-меч откако на 4 секунди пред крајот го
"скрши" ремито да ја совлада Јужнокорејката Нам Хјун-Хи со 6:5. Вецали
губеше со 5:4 на 41 секунда пред крајот и загуби еден предизвик со
прегледување на снимката. 34-годишната Вецали сега има најмногу
олимписки злата во мечување.
"Прво морам да се заблагодарам на
мојот мал син Пјетро, кој ја чека својата мајка. Секогаш сум го давала
срцето и душата за овој спорт", вели Вецали.
Ова е нов
италијански триумф во мечувањето, откако во неделата Матео Таљариол ја
освои титулата во машки меч. Во италијанскиот дуел за третото место,
Маргерита Гранбаси ја совлада шампионката од 1992 година, Џована
Трилини со 15:12. За Трилини ова беше петта Олимпијада.
РЕЗУЛТАТИ:
ЖЕНИ, МЕЧ
1.Валентина Вецали (Ита)
2.Нам Хјун Хи (Кор)
3.Маргерита Гранбаси (Ита)
СКОКОВИ ВО ВОДА - ВТОРО ЗЛАТО ЗА КИНА ВО СКОКОВИ ВО ВОДА
Одлична синхронизација за Лин и Хуо
Кинеските скокачи се совршено синхронизирани со олимписките
очекувања во татковината. Домашната нација стигна до второто злато во
втората дисциплина во еден од најпопуларните спортови во Кина, откако
Лин Хуе и Хуо Лианг стигнаа до златото на 10 метри
платформа-синхронизирано во понеделникот, предводени од илјадниците
фанови во "Водената коцка".
Кинезите водеа од првата серија
освојувајќи го златото со 468.18 поени пред германското дуо Саша Клајн
и Патрик Хауздинг (450.42), додека руските ветерани Глеб Галперин и
Дмитри Доброскок се задоволија со бронзата со 445.26, само 0.42 пред
четвртопласираните Австралијци.
Кина има цел да ги освои сите
осум злата во скоковите, нешто што ниту една нација не го направила, но
засега изгледаат незапирливи. Лин и Хуо го поставија тонот во првата
рунда со скок кој не ја брануваше водата добивајќи една совршена 10 и
серија 9.5 оценки. Во второто коло тие ги добија сите 10-ки за
синхронизација.
"Откако знаев дека постојат Олимписките игри го сакав ова злато", вели 17-годиниот Лин.
Лин и Хуо ја додадоа титулата на таа од СП во 2007.
"Малку сум низок за ова и тоа ми пречи во воздухот. Но, ако внимаваш с$ е можно", вели 18-годишниот Хуо.
Русите
беа на добар пат до златото, с$ додека Доброскок во претпоследната
петта рунда не направи грешка отворајќи шанса за Клајн и Хауздинг.
"Петтиот
скок беше навистина одлучувачки. Се работеше за техничка грешка и
изгледа проработеа нервите", вели ветеранот со "најскокачкото" презиме
на светот Доброскок.
РЕЗУЛАТИ
10 М ПЛАТФОРМА СИНХРОНИЗИРАНО
1.Јуе Лин/Лианг Хуо (Кин) 468.18
2.Патрик Хауздинг/Саша Клајн (Гер) 450.42
3.Глеб Галперин/Дмитри Доброскок (Рус) 445.26
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:13 |
ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА СРЕДА, 13/08
02.30 Хокеј на трева, мажи, 1.коло 03.00 Кошарка, Белорусија-Русија (ж) 03.00 Ракомет, Русија-Бразил (ж) 03.00 Одбојка на плажа, мажи/жени 03.00 Стрелаштво, 25м в.пиштол (ж) финале 03.30 Борење, грчко-римски с., 76кг (м), 66кг (м) 03.30 Софтбол, натпревари по групи 04.00 Пинг-понг, двојки (м/ж) 04.00 Кревање товар, 77кг (м), 69кг (ж) финале 04.00 Бадминтон, жени 1/4 финале 04.00 Одбојка, Италија-Алжир (ж) 04.00 Мечување, флорет (м) 04.00 Стреличарство, мажи 04.10 Пливање, 200 м слободно (ж) финале 04.15 Гимнастика, повеќебој (ж) финале 04.20 Пливање, 200 м пеперутка (м) финале 04.30 Безбол, 1.коло 04.45 Ракомет, Романија-Франција (ж) 05.10 Пливање, 200 м мешано (ж) финале 05.15 Пливање, 4х200 м слободно (м) финале 05.15 Кошарка, Шпанија-Чешка Р. (ж) 05.30 Велосипедизам, трка на хронометар (ж) 06.00 Џудо, 70кг (ж), 90кг (м) 06.00 Одбојка, Венецуела-САД (ж) 06.30 Одбојка, Русија-Казахстан (ж) 07.00 Едрење, мешани двојки, ласер (м/ж), фин (м), инглинг (ж) 07.00 Ватерполо, жени 07.30 Велосипедизам, трка на хронометар (м) 07.30 Бокс, лесна-мува к., тешка к., 1.коло 08.00 Ракомет, Ј.Кореја-Шведска (ж) 08.30 Кошарка, Бразил-Летонија (ж) 08.30 Скокови во вода, 3м синх. (м) финале 08.30 Одбојка, Србија-Бразил (ж) 08.50 Веслање, сингл (м) 1/2 финале 09.00 Кану/Кајак на брзи води, Ц2 (м), К1 (ж) квал. 09.45 Ракомет, Кина-Ангола (ж) 10.00 Тенис, мажи, жени 1/8 финале 10.45 Кошарка, Нов Зеланд-Кина (ж) 11.00 Фудбал, ХОЛ-ЈАП, КОР-ХОН, КАМ-ИТА, НГР-САД (м) 12.30 Пливање, квал. 13.00 Ракомет, Норвешка-Казахстан (ж) 14.00 Одбојка, Куба-Кина (ж) 13.15 Коњички спорт, дресура 13.45 Фудбал, АРГ-СРБ, БСК-АВС, НЗЕ-БЕЛ, КИН-БРА (м) 14.00 Кошарка, Австралија-Ј.Кореја 14.45 Ракомет, Германија-Унгарија (ж) 16.00 Одбојка, Полска-Јапонија (ж) 16.15 Кошарка, Мали-САД (ж) ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА ЧЕТВРТОК, 14/08 02.30 Хокеј на трева (ж) 03.00 Ракомет, Германија-Египет (м) 03.00 Стрелаштво, 50м пушка 3 поз. (ж) 03.00 Стрелаштво, Скит (ж) 03.00 Кошарка, Германија-Шпанија 03.00 Одбојка на плажа, (м/ж) 03.30 Борење, грчко-римски с., 84кг (м) 03.30 Борење, грчко-римски с., 96кг (м) 03.30 Борење, грчко-римски с., 120кг (м) 03.30 Мечување, тимски сабја (ж) 03.30 Софтбол, натпревари по групи 03.30 Ватерполо, Хрватска-Германија (м) 04.00 Пинг-понг, 2.коло 04.00 Бадминтон, 1/4 финалиња 04.00 Пливање, 200 м градно (м) финале 04.00 Одбојка, Италија-Венецуела (м) 04.30 Стрелаштво, (ж) 04.30 Безбол, 1.коло 04.40 Пливање, 200 м пеперутка (ж) финале 04.45 Пливање, 100 м слободно (м) финале 04.45 Ракомет, Полска-Бразил (м) 04.50 Ватерполо, САД-Србија (м) 05.00 Гимнастика, повеќебој (м) финале 05.15 Кошарка, Австралија-Иран (м) 05.30 Пливање, 4х200 м слободно (ж) финале 06.00 Одбојка, Германија-Египет (м) 06.00 Џудо, 100кг (м) 06.00 Џудо, 78кг (ж) 06.10 Ватерполо, Унгарија-Шпанија (м) 06.30 Одбојка, Бразил-Русија (м) 07.00 Едрење, РС-Х (м/ж), ласер (м/ж), фин (м), инглинг (ж) 07.30 Бокс, велтер к., средно-тешка к., 1.коло 08.00 Ракомет, Ј.Кореја-Исланд (м) 08.00 Ватерполо, Црна Гора-Грција (м) 08.10 Веслање, сингл скул (м/ж) 08.30 Кошарка, Ангола-Кина (м) 08.30 Одбојка, Полска-Србија (м) 09.00 Кану/Кајак слалом, Ц2 (м), К1 (ж) финалиња 09.20 Ватерполо, Австралија-Канада (м) 09.45 Ракомет, Кина-Шпанија (м) 10.00 Тенис, 1/4 финалиња (м/ж), двојки 10.40 Ватерполо, Кина-Италија (м) 10.45 Кошарка, Литванија-Русија 12.30 Пливање, квалификации 13.00 Ракомет, Данска-Русија (м) 13.15 Коњички спорт, дресажа финале 14.00 Одбојка, Кина-Јапонија (м) 14.00 Кошарка, САД-Грција (м) 14.45 Ракомет, Франција-Хрватска (м) 16.00 Одбојка, Бугарија-САД (м) 16.15 Кошарка, Аргентина-Хрватска (м)
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:13 |
ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ
ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА ВКУПНО1.Кина 13 3 4 20 2.САД 7 7 8 22 3.Јужна Кореја 5 6 1 12 4.Германија 4 1 1 6 5.Италија 3 4 2 9 6.Австралија 3 2 5 10 7.Јапонија 3 1 2 6 8.Русија 2 4 3 9 9.Велика Британија 2 1 3 6 10.Чешка Република 2 0 0 2 11.Северна Кореја 1 2 4 7 12.Азербејџан 1 2 0 3 13.Холандија 1 1 2 4 14.Словачка 1 1 0 2 15.Финска 1 0 1 2 16.Романија 1 0 1 2 17.Шпанија 1 0 1 2 18.Индија 1 0 0 1 19.Тајланд 1 0 0 1 20.Франција 0 7 2 9 21.Зимбабве 0 2 0 2 22.Австрија 0 1 1 2 23.Куба 0 1 1 2 24.Казахстан 0 1 1 2 25.Колумбија 0 1 0 1 26.Унгарија 0 1 0 1 27.Норвешка 0 1 0 1 28.Шведска 0 1 0 1 29.Турција 0 1 0 1 30.Виетнам 0 1 0 1 31.Бразил 0 0 3 3 32.Ерменија 0 0 2 2 33.Кинески Тајпеј 0 0 2 2 34.Индонезија 0 0 2 2 35.Алжир 0 0 1 1 36.Аргентина 0 0 1 1 37.Белорусија 0 0 1 1 38.Хрватска 0 0 1 1 39.Грузија 0 0 1 1 40.Киргистан 0 0 1 1 41.Мексико 0 0 1 1 42.Швајцарија 0 0 1 1 43.Таџикистан 0 0 1 1 44.Того 0 0 1 1 45.Украина 0 0 1 1 46.Узбекистан 0 0 1 1
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:14 |
ОЛИМПИЗАМ - ОРГАНИЗАТОРИТЕ ИСКРЕНО ГИ ПРЕНЕСОА СВОИТЕ НАДЕЖИ
Олимпијадата е голем хит во цела Кина
Олимписките Игри во Пекинг не се работат само за Пекинг. И надвор од
кинеската престолнина, Олимпијадата се одвива, а фановите и спортистите
велат дека се забавуваат добро и покрај тоа што се со километри надвор
од срцето на Игрите. Да, тие не го имаат задоволството да се прошетаат
на Гнездото или во Водената Коцка, но олимпиското искуство е тука. Коњичките
спортови, едрењето, веслањето, и натпреварите во фудбал ја пренесоа
Олимпијадата на седум други места: Хонг Конг, Кингдао, Беиксиаојинг,
Шенјанг, Тианџин, Шангај и Кинхуангдао. Коњичките спортови се пренесени
во Кина поради рестрикциите за карантин во Пекинг, додека фудбалските
мечеви се распределени низ земјата за да се ослободат доволно стадиони,
а натпреварувањата во едрење и веслање едноставно бараа специјални
услови. "Олимпискиот дух е ист и тука. Не сме во Пекинг, но
можеме да забележиме дека сите се внесени во Олимпијадата. Имаше повеќе
од 90.000 фанови на фудбал за само два дена и тоа покажува колку има
интерес", вели тренерот на бразилскиот фудбалски тим Дунга, зборувајќи
за Шенјанг, еден од четирите реновирани стадиони за турнирот. Само
фудбалот привлече скоро 500.000 гледачи во првите четири дена
натпреварување, кога 28 натпревари се одиграа на 4 стадиони. Во
Кинхуангдао, на 300 километри североисточно од Пекинг, членовите на
американскиот фудбалски тим исто така не се жалеа. "Мислам дека
има доволно добра атмосфера и луѓето се навистина гостопримливи,а на
стадионите има многу луѓе", вели одбранбената фудбалерка, Хедер Митс. Веслачите во Беиксиаојинг, на 30 километри од Пекинг, како да не приметиле дека се надвор од Пекинг. "Кога
дојдов тука и од горе погледнав колку има фанови и луѓе околу
трибините, нормално дека се чувствувам дека сум на Олимпијада, исто
така како тие што се натпреваруваат во центарот на Пекинг", вели
19-годишниот Американец Бен Фрејкер, кој првите две недели ги помина во
олимпиското село. ПОСЕБНИ ОТВОРАЊА, ИСТИ ФАНОВИ
За
да се обидат да им помогнат на спортистите кои се чувствуваат како
аутсајдери, дел од спортските објекти имаа локални церемонии на Свечено
отворање за тие кои не можеа да стигнат во Пекинг за големото отворање
во петокот. Церемонијата во Кингдао, пристаништето на 480
километри од Пекинг, каде што се оддржуваат натпреварите во едрење,
привлече илјадници гледачи, вклучувајќи спортисти од 62-те нации кои се
натпреваруваат таму. Во Хонг Конг, на скоро 2.000 километри од
Пекинг, во прославата имаше вклучено парада на нациите и дури палење на
огнот истовремено со тој во Пекинг. Повеќето од спортистите надвор од
Пекинг не можеа да одат на отварањето, поради далечинаста на патот. Во
Шенјанг, олимписката атмосфера е толку слична со таа во Пекинг, што
дури и загадувањето е тука. Индустрискиот град на 800 километри на свер
од Пекинг има слични проблеми со квалитето на воздухот. Исто така има и
протести во Хонг Конг, слично како во Пекинг. Без разлика на се, фановите се задоволни што Олимпијадата се "рашири" низ цела Кина. "Знаете
превозот не е толку едноставен тука. Не сите имаат време или пари да
одат до Пекинг. Затоа со тоа што ни донесоа некои спортисти поблиску,
можеме и ние да учествуваме во забавата. Сега цела Кина е дел од
Олимпијадата во Пекинг, вели 59-годишниот Бразилец Сиксто Бареиро, кој
подолго време живее во Кина. Може да се навива и од надвор
Автомеханичарот
Лиу Чун се обиде да купи билети за Свеченото Отворање на интернет и не
успеа. 35-годишниот Лиу ќе беше задоволен и со билети за одбојка,
пинг-понг, кошарка и скокови во вода, но и тие се распродадени. Сепак,
тој е задоволен и го понесе своето семејство до оградата која го
опкружува олимпискиот парк за да се воодушевува на фантастичните
објекти. "Пекинг е повозбудлив и поубав од обично. Како да е невеста", вели Лиу. Сите
6.8 милиони билети беа бргу продадени од обичните фанови, а
обезбедувањето е толку големо што поминувањето во олимписките зони е
вистински предизвик. Но, повеќето од граѓаните на Пекинг се задоволни
да навиваат за Олимпијадата и од надвор. "Тука сме да уживаме во
атмосферата. Убаво е да се биде дел од ова", вели 30-годишниот Ванг
Хонгјанг, кој дојде од северниот град Чангчун за да биде на Олимпјадата. Но,
и покрај сите распродадени билети, на некои натпреварувања има празни
седишта, но тоа не е вина на Кинезите. Корпоративните спознори како
Џенерал Електрик, Адидас и Самсунг (кои плаќаат на ИОЦ по десетици
милиони долари) се пожалија дека нивните павиљони на 1.150 хектари
големиот олимписки парк се празни, по што ИОЦ мораше да реагира кај
организаторите да побара повеќе луѓе да бидат пуштени во паркот. Организаторите ветија дека со поминувањето на дождот, се ќе биде во ред во следните денови.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:22 |
Поповска претпоследна во Пекинг на 100м слободно
Македонската пливачка Елена Поповска го освои претпоследното место денешните квалификации на 100 метри слободно на Олимписките игри во Пекинг.
Со време од 59 секунди и 93 стотинки, Поповска трката на 100 метри слободно ја заврши на 47 место од 48 натпреварувачки. Послабо постигнување од неа имаше само Олга Хачатурјан од Казахстан.
Поповска е четвртиот спортист од седумчлениот македонски тим кој излезе на олимписките борилишта.
Претходните тројца - пливачот Михајло Ристовски на 200 метри слободно, стрелецот Сашо Несторов во стрелање со воздушна пушка од 10 метри и Атанас Николовски во кајак - слалом на диви води постигнаа симболични резултати и не ги минаа квалификациите.
На 16-ти август атлетичарката Ивана Рожман ќе трча во спринтот на 100 метри, а Реџеп Селман на 18-ти ќе се појави во преднатпреварите во трискок.
Последен ќе настапи борачот во слободен стил Мурад Рамазанов, на 19 август, во категоријата до 60 килограми.
|
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:27 |
имаме веке 1 медал много слабо годинава
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:35 |
pa dobro e sto i tolku imate nie bez ic ke ostaneme
|
|
|
da be
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Август.2008 во 17:42 |
ни го банираха целиот одбор по дигане тежести поради допинг - ова беха 5-6 медала
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2008 во 17:10 |
Федерер му се одмазди на Бердих
Можеби Рожер Федерер, сепак, не е толку долу. Покажувајќи крај на неговата лоша серија, Федерер се одмазди за олимпискиот пораз од пред четири години совладувајќи го Чехот Томаш Бердих со 6:3/7:6(7:4) за пласман во 1/4 финалето. Ова е најголема победа на Федерер откако загуби во епското финале на Вимблдон минатиот месец.
Федерер плачеше откако загуби од Бердих во второто коло во Атина во 2004 година, така што овој пат беше пресреќен откако со ас го совлада Чехот. Откако загуби од него во 2004, Федерер има седум победи по ред против Чехот и само еден загубен сет.
"Тој е секогаш опасен. Се обидов да играм остро и компактно и да не му дадам многу простор", вели Федерер.
Рафаел Надал исто така е во 1/4 финалето откако со 6:4/6:2 го совлада Русинот Игор Андреев, додека сестрите Венус и Серена Вилијамс имаа лесни победи за да се на добар пат до пресметка во финалето во саботата.
Надал и Федерер можат да се сретнат во дуелот за златен медал в недела. Без разлика на овој турнир, Надал ќе го замени Федерер на првото место на АТП листата следниот понеделник завршувајќи го 4 и пол годишното владеење на Швајцарецот.
Федерер сега ќе игра со 8. носител, Џејмс Блејк, кој со 6:4/6:2 го совлада 10. носител, Французинот Жил Симон. Блејк, единствениот американски претставник кај мажите има 0-8 скор против Федерер и само еден освоен сет во 22 одиграни.
"Ако е предобар за мене, тогаш е предобар за мене. На почетокот на секој меч против него, искрено мислев дека можам да го победам", вели Блејк.
Третиот носител, Новак Ѓоковиќ, кој може да игра со Надал во полуфиналето, го совлада 13. носител, Русинот Михаил Јужни со 7:6(7:3)/6:3.
Светската тенисерка број 4, Серена Вилијамс искрши еден рекет во слабиот прв сет, но потоа се врати посилна и со 3:6/6:3/6:4 ја совлада 18-годишната Ализе Корне. Инцидентот на Вилијамс дојде кога губеше со 5:1 во првиот сет, но откако направи брејк во првиот гем од вториот сет беше подобра и направи серија од пет гема по ред да ја освои победата. Нејзината постара сестра, Венус, која игра првпат откако ја освои титулата на Вимблдон по петти пат, имаше далеку полесна работа и со 6:3/6:2 ја совлада Викторија Азаренка од Белорусија.
Јелена Јанковиќ од Србија, која оваа недела стана светска тенисерка број 1 првпат во кариерата, со 7:5/6:1 ја совлада незгодната Словачка Доминика Цибулкова со 7:5/6:1. Следна противничка за Јанковиќ е шестата носителка, Русинката Динара Сафина, која е во серија од 13 победи по ред, и го издржа притисокот на публиката за со 6:4/6:3 да ја совлада Кинеската Женг Жи.
|
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2008 во 17:10 |
Рекорден триумф за Аргентина
Со победата над Србија од 2:0 репрезентативците на Аргентина обезбедија пласман во четвртфиналето со максимален број бодови, но дојдоа и до рекордна победа бидејќи на шесте од претходната олимпијада додоа уште три и сега имаат девет победи во серија.
Аргентинците се запишаа во историјата, а имаат можност бројката уште повеќе да ја зголемат доколку победат и на уште некој од следните средби на патот кон новото злато. Оваа селекција е фаворит за златото и доколку с$ оди според планот за очекување е дека ќе успее во тоа да има уште три победи до крајот.
На вчерашниот последен дуел од разигрувањето немаше никаков проблем против селекцијата на Србија бидејќи многу рано беше отворена средбата. Аргентина поведе уште во 13. минута и тоа со пенал, па потоа се играше сосема мирно. Селекторот на Аргентинците одлучи да го зачува Леонел Меси за следниот дуел, но и без него другите успеаја да ја заверат победата во финишот. Откако прво промашија пенал, Буенаноте во 84. минута со прекрасно изведен слободен удар донесе победа од 2:0, што значеше прво место во групата. Вториот дуел од "А" групата заврши со победа за Брегот на Слоновата Коска од 1:0 и тоа со погодок во финишот.
Репрезентативците на САД беа најмалерозни во последното коло бидејќи пред одигрувањето беа сигурни на првата позиција. Загубија од Нигерија со 2:1, а поради тоа што и Холандија победи Американците останаа покуси за бод и мораа да се простат од шансата за злато на игрите.
Бразил и Белгија ги добија своите натпревари во групата "Ц" така што немаше проблеми за нив да си го потврдат пласманот во следната рунда. Бразил одигра мирен меч со Кина и го доби со 3:0, што е само најава за одлично продолжение на Олимписките игри.
Последната група не донесе ништо ново бидејќи во водечките Италија и Камерун ремизираа. Одиграа натпревар без бозбудувања и со 0:0 обезбедија место понатаму, така што Јужна Кореја залудно дојде до победа бидејќи не се најде меѓу најдобрите осум.
Натпреварите во фудбал кај мажите продолжуваат по два дена. Следува кус одмор за репрезентациите пред за влезат во завршницата, а веќе се знае и кој против кого ќе разигрува до крајот.
Две селекции максимално
Покрај Аргентина и репрезентацијата на Бразил успеа првиот круг на игрите да го заврши со максимален број на бодови. Бразилците без проблеми ги добија сите средби, а првата фаза ја завршија со девет постигнати и ниту еден примен гол.
За разлика од Бразил, Аргентина имаше еден примен гол на трите средби.
|
|
|
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2008 во 18:06 |
|
|
|