IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Кој ја присвојува историјата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој ја присвојува историјата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 147>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:19
NEJKAM DA ZNAM STO SE KE IZLEZE OD POD ZEMJATA, TOA STO BILO DO SEGA VADENO MOZE GO UNISTUVALE, ONAA STO OSTANALO PODZEMJATA NE USPEALE.
RESPEKT ZA VLADATA STO GI FINANSIRA ARHEOLOZITE.

ЕКИПИТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЗАМИНАТ НА АРХЕОЛОШКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ
За капиталните истражувања годинава поголем буџет

Археолозите ќе работат во сите краишта на земјава, ќе ги откриваат тајните на минатото, скриени во почвата во Охрид, Тетово, Скопје, Виница

Македонија годинава ќе биде едно големо археолошко наоѓалиште, вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Археолозите ќе работат во сите краиште на земјава. Ќе ги откриваат тајните на минатото, скриени во почвата во Охрид, Тетово, Скопје, Виница. На овие подрачја некаде ќе почне, некаде ќе продолжи работата на капиталните проекти што ги финансира Владата. Иако ќе има ископувања на повеќе локалитети, што ќе ги спроведат локалните музеи (преку годишната програма за култура), капиталните истражувања ќе бидат реализирани со многу поголем буџет.Археолозите веќе почнаа да истражуваат на Плаошник во Охрид. Тие интензивно ќе работат на просторот меѓу црквата и поликонхалната ранохристијанска базилика, каде што наесен ќе бидат поставени темелите на Светиклиментовиот универзитет. Сите останати проекти ќе почнат за десетина дена.Веќе решивме каде да го поставиме Светиклиментовиот универзитет, според археолошките показатели. Објектот ќе има форма на лак. Зад него, во ист ред ќе бидат клоновите на светските универзитети „Кембриџ“, „Принстон“, „Болоња“ и други - објаснува Кузман.Во април ќе продолжат ланските ископувањата на Плаошник, на подрачјата што останаа недоистражени. Екипа веќе работи и на калето кај кампот Градиште, на Охридско Езеро. Ископувањата се концентрирани на римската населба која треба да биде поврзана со реконструираната неолитска населба на вода.Годинава еден од најголемите истражувачки терени е ископувањето на Тетовското кале. За тоа се одвоени 40 милиони денари.

- Тоа не е мал зафат, особено ако локалитетот првпат се „фаќа“. Планираме истражувања, конзервација и реставрација на делови од тврдината, која е многу моќна. Висока е 10-15 метри. Во неа има огромни простори, сарај и уште триста други чуда. Местото е многу податливо за работа и лесно може да прерасне во туристичка дестинација, што на Тетово сигурно ќе му биде потребно - вели Кузман. За десетина дена почнуваат истражувањата на Скупи и на Виничко кале. За активностите на скопскиот антички град се издвоени 9 милиони денари. Ископувањата ќе бидат најжестоки околу главната улица и на деловите од бедемите на локалитетот.

- Инсистирав да се истражат бедемите. Кога ќе бидат откриени, ќе може да се види границата на Скупи. Така сите ќе може да ја осознаат големината на локалитетот. На откриените делови веројатно ќе направиме интервентнтна конзервација за да може објектите да бидат заштитени - вели Кузман.Виничкото кале ќе биде финансирано со 10 милиони денари. Ископувањата ќе почнат со 2 милиона денари, а останатите 8 милиони ќе бидат обезбедени со ребалансот на буџетот. Целта е целосно да се открие и конзервира локалитетот на кој се пронајдени познатите теракотни икони. За да прерасне Виница во привлечна туристичка дестинација, во градот ќе биде изграден музеј во кој ќе бидат изложени иконите. На Калето во Скопје годинава најмногу ќе се работи на конзервација на ѕидините и објектите што беа откриени лани. До крајот на месецов треба да биде распишан јавен повик за проектот. Кратки археолошки ископувања ќе има кон крајот на годинава, некаде во октомври, колку да се одржи континуитетот. Годинава ќе се врши конзервација и реставрација на југозападниот бедем и на кулите и ќе биде реставрирана црквата што беше откриена лани. Во минатата недела беше распишан повик за уште еден капитален проект што ќе биде финансиран со 14 милиони денари - конзервација на Зградата на албанската азбука во Битола. Прво ќе се прави фасадата на куќата, а во меѓувреме ќе биде подготвен проект за ентериерно уредување.

- Целта е таа зграда да се дотера и да прерасне во музеј на албанската азбука. За овој проект досега немало отпор ниту од Македонците ниту од другите заедници во земјава. Но, ќе треба да решиме некои имотно-правни работи, бидејќи двата ката припаѓаат на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Со одлука на Владата, просториите ќе бидат дадени во владение на надлежната институција, Заводот и музеј од Битола - објаснува Кузман.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:39
OVA OPASNO MI SE DOPAGA.
BRAVO BITOLCANI

Синоќа битолчани за првпат по 1.000 години ја славеа Ксантика, празникот на пролетта и љубовта од времето на древните Македонци.

„Битола прославува Ксантика. Тоа е празник на убавината, на љубовта, на пролетта. Ова е земја на љубов, на убавина и на сите добри нешта коишто можат да се случат во животот“, рече Илче Димовски, член на организационен одбор.

Младите битолчани со факел в рака, придружувани од своите фаланги, прошетаа низ „Широк сокак“ до плоштадот „Магнолија“. Тука им се придружија фолклорните групи и естрадни уметници.

„Чест ми е и гордост овде на „Широк сокак“ јас од Пајонија да дојдам овде во Пелагонија и да бидам присутен на оваа свечена, прекрасна манифестација, во која го оживуваме аманетот на нашите предци, дека ние пред Христа бевме народ и после Христа сме истиот народ“, вели Канго, рокер.

Ксантика во времето на Филип и Александар бил синоним на македонскиот идентитет, а битолчани сакаат повторно да заживее во цела Македонија по 2.000 години.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:41
аплауз Браво за нив само не треба само битолчани туку сите нели
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:43
...Во минатата недела беше распишан повик за уште еден капитален проект што ќе биде финансиран со 14 милиони денари - конзервација на Зградата на албанската азбука во Битола...

Каква е таа Зграда?
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:52
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

аплауз Браво за нив само не треба само битолчани туку сите нели


Pa toa i vika vo tekstot ovaa godina vo Bitola a ponatamu cela MAKEDONIJA.

Ova e dobro ke go razbudi ANTICKIOT DUH vo MAKEDONIJA, a na onie sto si go prodale identitetot ke im stane jasno sto napravile.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:56
Originally posted by дуле дуле напиша:

...Во минатата недела беше распишан повик за уште еден капитален проект што ќе биде финансиран со 14 милиони денари - конзервација на Зградата на албанската азбука во Битола...

Каква е таа Зграда?


Drugarce nie sme civiliziran narod za razlika od vas "evropejcite" , nie podrzuvame se sto ima vrska so kulturno nasledstvo.
Ako neznaes na nasita 100denarka ima pogled od albanska kuka; i na nikoj ne mu smeta toa.

Nas ni smetaat drugi raboti kaj albancite , megutoa i tie problemi ke gi sredime koga togas
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:58
пази го моментот...европејците смеење
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 11:59
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

пази го моментот...европејците смеење


ova im e glaven vic na forumot

"nie evropejcite"
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:02
а да кажат прво како им е откако се европејци? каков е процентот на НЕвработеност и какви им се платите а какви цените? или ја треба да кажам? голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ntg2003 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 483
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ntg2003 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:04
6.5 процента безработни
плати нема
цени - европски
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:04
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

а да кажат прво како им е откако се европејци? каков е процентот на НЕвработеност и какви им се платите а какви цените? или ја треба да кажам? голема%20насмевка


70 leva zima medicinska sestra.

i posle se sto ni se slucuva, site pritisoci negiranja; i opstrukcii; se uste sme za niv AMERIKA, im tecat ligite koga ke go slusnat zborot MAKEDONIJA.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:13
смеење видела жаба коњ се кова па и таа кренала нога...голема%20насмевка џабе плетат!
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:13
Ксантика - Ksantika - ПРАЗНИК НА ПРОЛЕТТА

Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот.

Ксантика Македонците ја празнувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет. Се чини дека Ксантика е оставена на заборавот на времето, да изгасне со природна смрт. Може и затоа што таа е чист македонски феномен, никој од нашите соседи не се осмелил да ја присвои и прикаже како дел од своето културно наследство.

Првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. Многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и к*ртиј Руф.

Тие во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци. Од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури. Празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители. Македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови.

Современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посе*ен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви. Тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила.

Вреди да се нагласи дека и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник - Ксантика.

Што значи "Ксантика" и зошто Македонците го празнувале овој празник спонтано со невиден занес, гордост и љубов?

Неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: "Орфеј - Горпеј", ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј).

Според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите. Во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија.

Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика.

Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија).

Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец.
Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот.
Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија".

Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.

Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила.
Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес.
Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите.
Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите.
Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите.
Децата ги носеа како белегзии на рацете.
На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено.

Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко.

Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит.

Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност.

Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг).

Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното).

Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите.

Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 12:15
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

смеење видела жаба коњ се кова па и таа кренала нога...голема%20насмевка џабе плетат!


TATARSKA I ROMANIJA SE NAJDOBRITE EU VICEVI OD NEJZINO FORMIRANJE.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 147>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.