Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Септември.2013 во 20:07 |
Нутела колач
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку Сол
- 100 грама Путер
- 400 грама Нутела крем
- 30 милилитри Млеко
- 200 грама Лешник
- 125 грама Блага павлака
- 6 Јајца/це
- 250 грама Чоколадо
- Време за подготовка: 30 мин.
- Време за готвење: 50 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Нутела колач
ПОДГОТОВКА:
Рерната вклучете ја на 175 степени. Тава намачкајте со путер и покријте ја со хартија за печење.
Одвојте
ги белките од жолчките. Во голем сад изматете ги белките со малку сол.
Во друг сад матете го путерот, додајте ја нутелата и матете заедно
додека не добиете пенаста смеса. Додајте ги млекото, жолчките една по
една, постојано матете и на крај додадете ги мелените лешници. Потоа
убаво измешајте со лажица, полека додавајте го снегот од белките.
Убаво
изедначете ги состојките и истурете во подготвената тава. Печете 40
минути, или додека страните на колачот не почнат да се одвојуваат од
тавата.
Извадете од рерната, оставете неколку минути во тавата па префрлете на кујнска решетка да се олади.
Лешниците испржете ги и исечкајте.
Во
соодветен сад ставете ја слатката павлака со млекото да зоврие. Тргнете
го садот на страна и додајте го искршеното чоколадо па убаво изматете.
Полијте го колачот, нафрлете ги лешници и оставете да се излади.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Септември.2013 во 20:21 |
Чоколадна маркиза
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 170 грама Шеќер во прав
- 120 грама Чоколадо
- 300 грама Путер
- 180 грама Какао
- 6 Жолчка/ки
- 500 грама Блага павлака
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадото се смета за одговорно за стимулирање на
доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот
(хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е тој кога
по некој оброк кај нас предизвикува чувство на пријатност.
По кунсумирањето чоколадо во нашиот организам се ослободуваат ендорфини,
кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, затоа што имаат природно
смирувачко и антидепресивно влијание.
Чоколадото содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин.
ПОДГОТОВКА:
Намачкајте со путер тркалезен калап за печење со обем од 16 см.
Во
помал сад, во кој предходно сте ставиле една лажица вода, растопете го
чоколадото искршено на коцки, а во друг сад растопете 50 гр. шеќер во 50
мл. вода и варете две минути.
На тивок оган измешајте го
омекнатиот путер и какао, додајте го остатокот од шеќерот и растопете
чоколадо и сè додека не добиете светло-жолт пенест крем.
Тргнете од огнот и оставете да се излади, а потоа со брзо мешање додајте ја смесата од растопеното чоколадо, какао и путер.
Кога кремот ќе стане хомоген и сосема ќе се олади, вмешајте ја слатката павлака.
Сипете го кремот во калапот намачкан со путер и ставете во фрижидер да отстои најмалку 3 часа.
Исечете на тенки парчиња.
Изменето од Valerija - 20.Септември.2013 во 20:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Септември.2013 во 08:32 |
Летен овошен колач со праски
Овошниот колач со праски е совршен спој на меко тесто, богат крем и
свежо овошје. Летото е сезона на праските, а ова е еден од најдобрите
начини да ги искористите во неодолив и лесен десерт.
Состојки
2 | готови теста за колач или торта (пандишпан) |
2 кесички | пудинг со вкус по избор |
1l | млеко |
4 големи лажици | шеќер |
200g | шеќер во прав |
2 големи лажици | нишесте (густин) |
½ коцка | маргарин |
1 пакетче | желатин |
3-4 | поголеми праски |
Начин на подготовка
- Измешајте ја содржината од кесичките пудинг со 8 лажици ладно млеко,
4-6 лажици шеќер и 2 големи лажици нишесте. Промешајте за да добиете
изедначена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе
зоврие, тргнете го од огнот. Во зовриеното млеко постепено додавајте ја
смесата со прашокот за пудинг, а притоа постојано мешајте. Вратете ја
добиената смеса на оган и со непрекинато мешање оставете ја уште еднаш
кратко да зоврие. Оставете го пудингот добро да се олади.
- Во подлабок сад добро изматете половина коцка маргарин со 200g шеќер
во прав. Откако ќе добиете изедначена смеса, додајте го пудингот и
повторно матете за целата смеса добро да се соедини.
- Поставете ја првата кора пандишпан во соодветна чинија за
послужување. Готовите теста за торти најчесто се суви, па затоа
внимателно натопете го пандишпанот со неколку лажици млеко, кое
претходно малку сте го затоплиле и засладиле по вкус.
- Премачкајте ја првата кора пандишпан со половина од кремот од
пудинг. Поставете ја втората кора пандишпан и натопете ја со малку
млеко, а потоа премачкајте ја со остатокот од кремот.
- Врз последниот слој крем наредете праски свежо исечени на резанки.
Може да употребите и друго сезонско овошје како малини, капини или
јагоди.
- Подгответе го желатинот според упатството на кесичката. Потоа со
него внимателно посипете го колачот, започнувајќи од средниот дел и
движејќи се кон краевите.
- Добро изладете го колачот пред да го послужите. За уште побогат вкус, сервирајте со топка сладолед.
Изменето од Valerija - 22.Септември.2013 во 08:32
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2013 во 11:16 |
Белата долина
Изменето од Valerija - 23.Септември.2013 во 11:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2013 во 11:21 |
Tорта со мармалад
Состојки:
300гр шеќер
350мл вода
3 лажици мармалад (било каков по вкус се избира)
1 пециво
1 ванили шеќер
1 лажичка сода бикрабона
6 лажици зејтин
400 гр брашно
Фил:
мармалад, 100 гр чоколадо за готвење и мелени ореви.
Подготовка:
Сите овие состојки по редослед се ставаат во длабок сад и се меша додека
не се добие хомогена смеса. Потоа смесата се става во правоаголен плех
претходно премачкан со масло и се пече на температура од 200 степени 30
минути.
Кога ќе се испече и излади, кората се премачкува со мармалад, а врз
мармаладот се истура растопеното чоколадо и се остава да се олади. Потоа
се посипува со мелени ореви.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2013 во 11:25 |
Куглов
Состојки:
3 јајца
3 филџани шеќер
1 филџан зејтин
1 филџан млеко
4 филџани брашно
2 лажици какао
1 пециво
1 ванилин шеќер
2 лажици прав шеќер
Јајцата и шеќерот се матат, откако ќе се изматат се додават другите
состојки зејтинот, млекото, брашното, пецивото и ванилниот шеќер. Се
бркаат со лажица додека смесата не се изедначи. Потоа еден дел од
смесата оделуваме (помалку од половина од смесата) и во тој дел ставаме
две лажици какао така добиваме две смеси едната жолта другата кафеава..
Кугловиот калап го премачкуваме со зејтин и ставаме половина од смесата
од жолтата, потоа ја додаваме другата смеса што е со какао а врз таа ја
ставаме останата жолта смеса. Потоа се става да се пече во загреана
рерна на 150 степени околу 30 минути. Откако ќе се испече се наросува со
прав шеќер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2013 во 11:31 |
Кафе колачиња
Потребни состојки:
- 110 грама кафеав шеќер
- 100 грама шеќер
- 1 јајце
- 10 милилитри екстракт од ванила ( не е задолжително)
- 20 милилитри млеко
- 250 грама брашно
- 5 грама сол
- 1 грам сода
- 1 грам печиво
- 10 грама инстант кафе
Начин на подготовка: Загрејте
ја рерната на температура од 200 Целзиусови степени и обложете ја
тавата со пергаментна хартија. Во голем сад ставете ги кафеавиот и
белиот шеќер, јајцето, екстрактот од ванила и млекото и мешајте додека
смесата не стане пенеста. Во друг сад ставете ги брашното, солта,
печивото и инстант кафето и на крај додадете ја смесата што претходно ја
измешавте. Со миксер мешајте додека не добиете темелна хомогена смеса.
Откако
ќе го направите ова, направете идентични кружни форми или доколку имате
калапи можете да направите различни видови креативни колачиња.
Направените форми наредете ги во тавата и печете 10 минути на
температура од 200 Целзиусови степени, додека колачињата не ја добијат
потребната светло кафеава боја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2013 во 17:37 |
Вкусни обланди
Потребно:
- 2 листа обланди
- 300гр, млеко
- 300 гр. шеќер
- 100гр, чоколадо за кување
- 250гр маргарин (една коцка)
- 700гр, мелени бисквити
- 300гр. ресани
Се варат млекото, шеќерот, маргаринот и чоколадото за готвење, се остава
2-3 минутки да олади, им се додаваат мелените бисквити и филот е готов.
Филот се дели на 2 дела
На првиот лист обланда се става едната половина од филот, па се ставаат
одозгора ресаните, со чоколадниот дел надолу (спрема филот) и се
премачкуваат одозгора со останатата половина од филот.
На крај се става втората обланда, се остава да се стврдне и се сече на коцки, штангли или по ваша желба.
Испробано и ептен вкусно
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 17:34 |
РЕФОРМ КОЦКИ
120 гр. шеќер 120 гр. мед 1 чаша минерална вода 150 гр. мелени ореви 1 кесичка ванилин шеќер малку сода бикарбона брашно
за фил 250 гр шеќер 250 гр мелени ореви 2 штангли чоколадо за готвење 1 маргарин
се
прави тесто како за мрзлива пита. тестото се дели на 4 топчиња и се
расукува со сукало во 4 кори и се печат на превртено тавче. за филот се
шпинува шеќерот па се додава во маргаринот заедно со чоколадото и
оревите. се премачкуваат корите кои ги редиме една врз друга. се сечат
на коцки и се оставаат ден-два да отстојат пред сервирање. (La Ninja)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 19:41 |
Денес ќе готвиме заедно со Клара, готвач член на нашата веб-страница. Клара ќе подготви еден од нејзините рецепти, Шомлои Галушка.
Шомлои Галушка е популарен унгарски десерт, составен од парчиња
пандишпан, ванила крем и пунч – сето тоа прелиено со чоколаден прелив.
Раскошен колач, се согласувате, зарем не?
Преземи го рецептот во PDF
Состојки
За ЖОЛТО ТЕСТО ќе ви треба:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- ½ пакување прашок за печиво
За КАФЕНО ТЕСТО ќе ви треба:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 2 лажици какао
- ½ пакување прашок за печиво
За КРЕМ ќе ви треба:
- 750 мл. млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 8 лажици шеќер
- 250 мл. слатка павлака
За ПУНЧ ќе ви треба:
- 200 грама шеќер
- 2 портокали
- 250 мл. вода
- 10 мл. рум
За ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 150 мл. вода
- 100 грама шеќер
- 200 грама чоколадо
- 10 мл. рум
Ќе ви треба и:
- 100 грама ореви
- Шлаг за декорација
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Фантазија
Округла тава, Делимано Сад со рачки, Делимано Касерола, Делимано Сад за
сос и Делимано Ростер.
Подготовка
Чекор 1: Започнуваме со подготовка на пудингот, за
да има време да се излади кога ќе го правиме кремот. Прашокот за пудинг
измешајте го со шеќерот и малку од млекото и потоа варете го додека се
згусти. Оставете го да се лади покриен со пластична фолија, за да не
фати кора. Подоцна, откако ќе се излади, изматете го со слатката павлака
за да добиете мазен крем.
Чекор 2: За подготовка на жолтото тесто, најпрво
изматете ги одделно белките од јајцата, а во друг сад жолчките заедно со
шеќерот. Прашокот за печиво измешајте го во брашното, и потоа додајте
го во смесата од жолчки и измешајте. На крај, со помош на лажица нежно
измешајте ги изматените белки, со движења само во еден правец. Печете го
во загреана рерна на 160 степени, десетина минути.
Повторете ја постапката и за кафеавото тесто, со тоа што какаото ќе
го додадете во сувите состојки, кај брашното и прашокот за печиво.
Откако ќе се испечат тестата, извадете ги од тавата и оставете ги да се изладат до сервирање.
Чекор 3: За подготовка на пунчот ставете ги водата и
шеќерот на оган да зовријат. Додадете ја ситно ренданата кора од
портокалите и оставете да се вари на тивок оган уште 5 до 7 минути.
Потоа тргнете го од оган да се излади, па додајте го румот.
Чекор 4: Ни остана уште чоколадниот прелив. Најпрво
зовријте ги водата и шеќерот, па додајте го чоколадото искршено на
коцки. Гответе на слаб оган со мешање, додека чоколадото се растопи и
преливот малку да се згусне. Оставете го малку да се излади со повремено
мешање, па додајте го румот.
Во меѓувреме исечкајте ги оревите.
Чекор 5: Време е да ги споиме сите елементи. Иако
тестото изгледа прекрасно и вака, сепак ќе треба да го искинете на ситни
парчиња. Во Ростерот наредете ги парчињата бело тесто, па прелијте ги
со половина од пунчот, па половина од кремот. Следуваат половина од
оревите и од чоколадниот прелив.
Повторете ја постапката и со кафеавото тесто, по истиот редослед.
Чекор 6: Сервирајте во проѕирен сад, за да може да
се види прекрасната текстура на сите елементи. Најгоре украсете со шлаг и
додајте парче портокал за сосема ексклузивен изглед!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Септември.2013 во 18:30 |
Мињони со карамел
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 100 грама Чоколадо за готвење
- 250 грама Ореви
- 40 милилитри Вода
- 100 грама Вишни
- 1 Белка/ки
- 20 грама Џем
- 200 грама Шеќер
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 10 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Мињони со карамел
ПОДГОТОВКА:
Оревите се сецкаат ситно или се блендираат. Истото го правите и со чоколадото. Една
белка добро изматете ја и со оревите, чоколадото и џемот ги ставате во
сад и сето заедно убаво го промешувате го месите и формирате топчиња
(колку пинг понг топче) и во средината додадете вишња без семки, или
некое друго овошје по ваша желба. Во средно големо тенџерче ставате
200 грама шеќер и 2 лажици вода. Го загревата на среден оган а по
потреба и го намалувате да не загори карамелот. Топчињата ги тркалате во карамелот и ги ставате на влажна даска или било каква влажна подлога (за да не се залепи карамелата). Оставате да се оладат некои 3-5 минути и уживајте во вкусот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Септември.2013 во 18:32 |
Карузо коцки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 140 грама Шеќер
- 50 грама Чоколадо за готвење
- 100 грама Чоколадо
- 100 грама Ореви
- 180 грама Маргарин
- 4 Жолчка/ки
- 15 милилитри Вода
- 70 грама Брашно
- 4 Белка/ки
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадата е исклучително богата со фосфор и
магнезиум, а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во
100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум,
300 мг. магнезиум, 280 мг. фосфор, 100 мг. калциум, 12 мг натриум, 3 мг
железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг. кофеин, 54 гр.
јагленихидрати, 30 гр. масти, 9 гр. диетни влакна и 6 гр. белковини.
Освен тоа чоколадото содржи и фолна киселина, бета каротин, лецитин како и витамините Б1, Б2, Б5, Б6 и Е.
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги маргаринот и шеќерот во пенлива смеса.
Додавајте ги жолчките една по една не преќинувајќи го матењето.
Вмешајте ги мелените ореви, чоколадото, брашното, па изедначете ги состојките.
На
крај со лажица вмешајте го цврстиот снег од белките и смесата истурете
ја во правоаглона тава намачкана со маргарин и посипана со брашно.
Коцките печете ги на 170-200 степени.
Изладените коцки полијте ги со глазурата: на ниска температура загрејте ги чоколадото, водата и малку маргарин.
По желба можете да додадете и шеќер.
Изедначете ја глазурата, тргнете од ринглата, уште малку матете со лажица и кога ќе биде млака полијте врз колачот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Септември.2013 во 18:33 |
Колач од чоколадо и бадеми
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 200 грама Шеќер во прав
- 170 грама Чоколадо за готвење
- 120 грама Путер
- 30 грама Брашно
- 115 грама Бадеми
- 4 Јајца/це
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Бадемите се богати со многу минерали, така што, во
100 грама бадеми има: 2,5 милиграма манган, 2,75 милиграма магнезиум,
3,4 милиграма цинк, 4,3 милиграма железо и 2,48 милиграма калциум.
Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.
Докажано е дека бадемите штитат од срцеви напади, и секојдневно
консумирање на 45 гр. бадеми го намалува ризикот од појава на срцеви
болести.
ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад со дебело дно помешајте го чоколадото и маргаринот.
Ставете на тивок оган и мешајте додека не се растопи.
Оставете да се олади.
Посебно помешајте ги шеќерот и жолчката за да добиете светла и густа смеса.
Додадете го растопеното чоколадо, бадемите и брашното, па сè заедно изматете го.
Во друг поголем сад, измиксајте снег од белките.
Во чоколадната мешавина додадете го снегот од изматените белки, па убаво промешајте.
Целата
смеса истурете ја во правоаголен, со маргарин подмачкан огноотпорен
сад, па ставете го во претходно загреана рерна на 170 степени.
Смесата печете ја 30-тина минути.
Оладете 10 минути, па по желба одозгора прелијте со чоколаден прелив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Септември.2013 во 18:34 |
Рум штангли
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 5 Белка/ки
- 200 грама Брашно
- 50 милилитри Вода
- 5 Жолчка/ки
- 5 лажица/ци Какао
- 250 грама Маргарин
- 1 кесичка/ки Прашак за печиво
- 100 милилитри Рум
- 100 грама Чоколадо за готвење
- 400 грама Шеќер
- 2 Шекер лажичка/ки
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Рум штангли
ПОДГОТОВКА:
Шеќерот, водата, маргаринот (растопен), какаото, и
чоколадото се топат. Откако ќе се олади се додаваат 5 матени жолчки.
Една шоља од смесата се остава на страна, во фрижидер а во преостанатата
се додаваат брашното, прашокот за печиво и на крај матените белки со
шеќерот.
Смесата се пече во тавче, а врз тестото се сипува преливот. Прво, печете на 220, па по 10 минути и на 180 степени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|