IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 20:33
И покрај сите сомнежи за иднината на Британското ГП, формула 1 трка во оваа земја е сигурна со договор, објавува британскиот Тајмс. Според весникот некои традиционални трки во Европа - Италија, Белгија, Германија, Франција и Британија имаат "заштитен статус" од ФИА. Откако стана неизвесно дали Донингтон Парк ќе биде подготвена за трка во 2010, патеката во Силверстоун очекува дека е единствената можна замена. "Британија е клучна заштитена трка. ФИА мора да разгледа која е најсигурната опција за спортот", вели Дејмон Хил, поранешниот светски шампион и претседател на Британскиот тркачки клуб (БРДЦ), кој ја поседува Силверстоун.

Нелсон Пике Јуниор демантира дека чувствува притисок место поддршка од неговиот тим Рено. Шпекулациите околу иднината на младиот Бразилец се постојани, а неодамна неговиот татко и трикратен светски шампион Нелсон Пике побара од Рено да застанат зад својот возач. "Не верувам дека тимот поставува голем притисок на мене. Јас притисокот го поставувам сам бидејќи сакам да успеам. Немам сомнежи во поддршката на Рено", вели Нелсињо.

Витантонио Лиуци призна дека прифатил улога на тест-возач на Форс Индија во следните две недели само бидејќи верува дека во 2010 ќе има слободно место во тимот. 27-годишниот поранешен возач на Торо Росо вози во А1ГП серијата, но верува дека договорите на Џанкарло Физикела и Адријан Зутил со Форс Индија истекуваат оваа година. "Мојата најдобра шанса е со Форс Индија и затоа решив да се обврзам со тимот следните две години", вели Лиуци.

Организаторите на Шпанското ГП чекаат одобрување од Мекларен пред да продолжат со плановите за церемонија за оддавање почит на Луис Хамилтон. Како што е традиционално на патеката Каталуња, светските шампиони добиваат посебно место во "Авенијата на шампиони" покрај патеката. Според шпанската Марк, Мекларен с$ уште не одобриле присуство на 24-годишниот Хамилтон на церемонијата во петок по двата слободни тренинга.

Изменето од Iron Man - 05.Мај.2009 во 20:34
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 03:29


Рено ќе биде силен во Шпанија


Во пресред на домашната трка, Фернандо Алонсо има оптимистички најави дека неговото Рено ќе биде конк*рентно на патеката. Шпанецот изрази реален оптимизам дека има постепен пораст во перформансите на болидите на францускиот тим, кој не може да се пофали со солидни резултати од Австралиско-азиската турнеа од шампионатот.

- Секогаш е посебно да се натпреваруваш во Шпанија и среќен сум што имам две домашни трки годинава, во Барселона и Валенсија. Подршката на фановите секогаш ми дава сила и се надевам дека ќе ги усреќам со тоа што ќе имам добар викенд. Ќе биде тешка борбата за подиум, но се надевам дека ќе имаме добри квалификации и ќе освоиме многу поени во трката - оптимист е Алонсо.

Двократниот шампион повторно ја спомена борбата за титула, овојпат порачувајќи на тимот дека сеуште е недостижна брзината која ја имаат конк*рентите.

- Сеуште сме послаби во перформансите, но тимот го усоврши болидот и се наоѓаме на вистинскиот пат. Се надевам дека ќе бидеме уште еден чекор понапред претстојниот викенд - додава Шпанецот.

И додека Алосно психички се подготвува за добра домашна трка, неговиот колега од тимот, Нелсињо Пике демантира било какви најави кои говорат дека има постојан притисок од претпоставените во Рено.

- Не мислам дека тимот премногу ме притиска. Самиот јас си создавам притисок бидејќи сум решен да возам добро и да помогнам на тимот. Немам сомнежи кога е во прашање подршката од целиот тим и добро се согласувам со секого - изјави Пике за Јуроспорт.

Младиот Бразилец дели исто мислење со Алонсо кога се во прашања перформансите и напредокот на тимот.

- Се чувствувам многу попозитивно по трката во Бахреин, каде имавме нов дифузер. Дефинитивно има подобрувања на болидот, со прилагодувањето на новиот дифузер. Тимот реагираше брзо и го приспособи болидот. Имавме и подобрување на предното крило во Бахреин и болидот сега е многу полесен за возење, отколку на почетокот на сезоната - вели Пике.

Откако двојните дифузери на триото тимови кои првично ги воведоа беа прогласени за легални, останатите седум тима веднаш се зафатија со редизајнирање на задниот дел од болидот, така што нивната варијанта на двоен дифузер би се вклопила во целиот пакет. Иако генерално се очекува изедначување во перформансите на сите тимови, или барем приближување до водечките тимови, се чини дека Рено се поизразени оптимисти од другите, барем според односот со медиумите. Тимот со седиште во Англија, но со француски корени има освоено само пет поени, притоа сите со Фернандо Алонсо.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 03:32


КЕРС - придобивки или загуби во перформансите?


Тимот на Форс Индија реши за прв пат да го воведе КЕРС во своите болиди. Покрај моторот и менувачот кои ги добива од Мерцедес, индискиот тим планира во пакетот да го вклучи и системот. Сепак, воведувањето нема да следува многу брзо, бидејќи планот на Виџеј Малија е дека КЕРС треба да дебитира дури на средината на јули, на трката во Германија. Индиецот смета дека иако Мекларен, Ферари, Рено и БМВ Заубер го користат речиси постојано, вистинското време за КЕРС е некаде на средина на сезоната.

- Во Германија ќе го воведеме КЕРС, бидејќи болидот може да се адаптира за користење на уредот и имаме контакт со Мерцедес. За ова време КЕРС-от ќе биде приспособен, Мекларен ќе го искористи искуството со системот и тој ќе биде надграден - вели Виџеј Малија.

Спротивно на Форс Индија, тимот на БМВ Заубер се реши да го исфрли уредот од употреба за следните две трки во Шпанија и Монако, со уверување дека неговото отстранување е само привремено. Од тимот сметаат дека, наместо да се добие на перформанси користејќи го КЕРС, се губи брзина и според тоа покорисно би било уредот да не се користи.

- Можеби ќе се вратиме на КЕРС во Турција. Од технички аспект, резултатите се позитивни. Системот работеше беспрекорно до сега - вели Марио Тајсен од БМВ, не давајќи конкретна информација што е вистинската причина за неупотребата на системот.

Иако сеуште никој, ниту тимовите, ниту широкиот аудиториум не ги искусил придобивките кои треба да ги понуди КЕРС, мислењата дали истиот треба да се користи се поделени. За сега, за трката во Шпанија најави има од Ферари, Мекларен и Рено дека нивните болиди ќе бидат поткрепени со КЕРС.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 17:28
Рено, Мекларен и БМВ нема да одат на победа во Барселона

Мекларен заедно со светскиот шампион Луис Хамилтон очекуваат уште еден тежок викенд во Шпанија, вели директорот на Мерцедес Моторспорт, Норберт Хауг. Тимот од Вокинг е само четврти во генерален пласман на конструктори откако Хамилтон и Хеики Ковалаинен остварија само 13 поени во првите четири трки од сезоната.

Но, фановите на Мекларен се надеваа дека по четвртото место на Хамилтон во Бахреин следуваат подобри денови за "Сребрената стрела" и дека тоа е прв чекор на промена на подобро. Хауг не верува во тоа и вели дека работите не изгледаат добро за Барселона.

"Немам впечаток дека има некое драматично подобрување на работите. Ако кажам дека ќе се мачиме, тоа не значи дека сум пророк", вели Хауг за германските медиуми.

Мекларен е еден од ретките тимови кои не воведува голем број промени во Барселона, а имаат и лош скор на патеката во Каталонија победувајќи само еднаш во последните 8 години. Тие исто така потфрлија во тестирањето пред стартот на сезоната, кога Хамилтон и Ковалаинен беа последни на првите два дена тестирање.

БМВ БЕЗ ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ ВО ШПАНИЈА

Уште еден силен тим од лани има лош старт на сезоната. Од БМВ признаваат дека нивната верзија на т.н. "двоен дифузер" нема да биде подготвен за време на Шпанското ГП, и дека решиле да не го воведат како дел од новиот аеродинамички пакет.

"Подготовките за аеродинамичкиот пакет за Барселона траат подолго време, така што воведувањето на двоен дифузер не би помогнало многу", вели шефот на тимот Марио Тајзен.

Откако лани во поголемиот дел од сезоната беа израмнети со Мекларен и Ферари, БМВ во својата четврта сезона како сопственик на тим оствари само еден пласман на подиумот во првите четири трки.

Од БМВ исто така велат дека за првпат оваа сезона двата болида во Шпанија нема да го користат КЕРС системот. На претходните трки Ник Хајдфелд возеше со КЕРС, додека Роберт Кубица поради неговата тежина ја возеше само на трката во Бахреин.

РЕНО СЕ РАЗОЧАРАНИ, НО ВЕРУВААТ ВО ПРОГРЕС

Рено, пак, во финишот на минатата сезона беа во позиција да победуваат на трки и го имаа можеби најбрзиот болид во Ф1, така што и од нив се очекуваше многу во 2009. Но, перформансите на новиот Р29 болид не се покажаа како најдобри и тие имаат само 5 поени во првите четири трки.

"Секако дека сме разочарани од стартот на сезоната. Кога пристигнавме во Мелбурн очекувавме далеку повеќе. Но, тимот веќе реагира и мислам дека ќе можеме да направиме прогрес многу бргу", вели главниот инженер на тимот, Пет Симондс.

Ниту Фернандо Алонсо, со два поена досега, не е голем оптимист пред својата прва домашна трка.

"Ќе биде многу тешко да се бориме за подиумот, но се надевам дека со добри квалификации ќе имаме солидна трка", вели Алонсо.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:15
    
Синот на Макс Мозли пронајден мртов.
 
 
Синот на председателот на Светската Автомобилистичка Асоцијација, Макс Мозили, е пронајден мртов во својот стан во Лондон

 Полицијата ги повикала родителите да го идентификуваат телото, а се сомнева дека 39 годишниот АЛександар Мозли. угледен економист, умрел од предозирање.

Истрагата е сеуште во тек, а точен извештај за смртта ќе се знае по обдукцијата


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:42


            ФИА VS. ТИМОВИ


БМВ Заубер се придружи на Ферари, кои јавно се изјаснија против воведувањето на двоен принцип, кога се во прашање буџетите. Германско-швајцарскиот тим најави можен излез од Формула 1, ако се воведе планот за ограничување на буџетите, со што би се вовел двоен принцип. Двојниот принцип се однесува на две две групи на тимови: помоќните тимови не би имале лимит на буџетот, но технички ограничувања, а додека финансиски послабите тимови би имале лимит на буџетот, но поголема техничка слобода на сметка на претходната група. Тимот од Хинвил себеси се гледа во првата група, па според тоа очекувани се и реакциите. На медумски настан во Минхен, тимскиот шеф ги објави незадоволството на сопствениците на баварскиот гигант.

- Формула 1 со две класи не е атрактивна за БМВ - вели Марио Тајсен, најавувајќи дека техничкиот лимит не е прифатлив за нив.

Дополнително Норберт Хауг од Мерцедес објави дека не ја подржува идејата на ФИА, со која шампионот би бил крунисан според најголемиот број на победи. Германецот очекува да бидат консултирани сите тимови, пред да се донесе конечната одлука.

- За тоа допрва треба да се дискутира. Не верувам дека нешто треба да се промени ако се согласиме дека е добро, во моментов имаме многу добра Формула 1 - вели Хауг во обраќањето за германските медиуми.

Денес ќе се одржи седница на ФОТА во Лондон, на која овие прашања детално ќе бидат анализирани. И ФИА и тимските шефови се максимално ангажирани трошоците да се намалат што е можно повеќе, но проблемот настанува поради различните ставови на двете страни за начинот на кој тоа би било реализирано. Ова доведе и до медиумска расправа меѓу федерацијата и тимовите. Покрај буџетите, речиси сите тимски шефови изразија негодување за начинот на кој е предвидено да се одлучува за титулата. Конечната одлука на ФОТА ќе биде објавена по завршувањето на седницата.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:45
        Враќање на отпишаните?


Поранешниот возач и сопственик на Формула 1 тим, Агури Сузуки најави можност за враќање на неговиот Супер Агури, кој беше активен во периодот од 2005-2008 година во спортот. Агури би се обидел да добие место во поредокот за 2010 година, откако по најновите предлози на ФИА се отвори простор за три нови апликанти за шампионатот во следната година. Kонк*ренти за трите нови тимови, покрај Супер Агури се и Лола и Продрајв, кој веќе има неуспешен обид за влез во спортот.

- Физички е возможно да се вратиме во Формула 1 - изјави Сузуки за јапонскиот весник Санкеи Спортс.

Сепак, дополнителни информации не се поделени со јавноста, па останува нејасно од каде произлегуваат оптимистичките изјави.

Познато е дека поради финансиски проблеми, Супер Агури мораше да ја стопира кампањата по само 4 трки минатата година, на што претходеше најавата за прекин на соработката со Хонда во поглед на моторите. Хонда сега не е во Формула 1, а конк*рентната Тојота е единствениот преостанат јапонски бренд, а притоа веќе има договор со Вилијамс за снабдување со мотори.

Сузуки има 39 трки како тимски шеф на Супер Агури тимот од 2006-2008 година, а претходно има 88 стартови како возач за во периодот од 1988-1995 година, а притоа има забележано еден подиум (3-то место).



Изменето од Iron Man - 07.Мај.2009 во 00:47
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 15:59
Кими подготвен за победа по една година пауза

Иако е можеби тешко да се поверува, помина цела година откако Кими Раиконен последен пат победи во формула 1 шампионатот. Сите очекуваа Финецот да доминира во сезоната 2008 откако како актуелен шампион победи на Шпанското ГП на 27 април за втора победа во новиот шампионат, но за несреќа на неговите фанови и на Ферари од таму се тргна надолу. Тој на крајот ја заврши сезоната на третото место, далеку зад шампионот Луис Хамилтон во Мекларен и неговиот клупски колега од Ферари, Фелипе Маса.

По ова следуваа критиките дека "Ајсмен" едноставно ја загубил жедта за победа, а дури и од Ферари велеа дека "не го познаваат човекот во болидот на Кими". Лошата среќа продолжи и оваа сезона и тој моментално се наоѓа на 12. место во генерален пласман со само 3 поени од првите четири трки од сезоната. Но, по се ова Раиконен инсистира дека не ја загубил "страста за победи".

"Помина повеќе од една година од мојата последна формула 1 победа. Во Барселона во 2008 го имав најдобриот викенд со Ферари - пол-позиција, победа и најбрз круг. Од тогаш неколку пати бев блиску, мислам во Мањи-к*р, Монтреал и Спа, но поради различни причини не успеав. Но, и покрај тоа возачот никогаш не ја губи страста за победа и сакам да го добијам тоа чувство што е можно побргу", вели Раиконен за официјалниот сајт на Ферари.

Ферари ќе воведат неколку клучни подобрувања на својот болид за трката овој викенд откако го имаа најлошиот старт на една сезона по повеќе од 20 години, и Раиконен верува дека со тоа ќе може да добие нов старт.

"Навистина ми се допадна кога слушнав каков нов аеродинамички пакет имаме за Шпанија и првите знаци се позитивни. Ќе биде интересно да се излезе со болидот на петочните први тренинзи. Возевме на патеката во март оваа година, но секогаш е тешко да се сфати кој е навистина силен на тие тренинзи. Од тогаш многу болиди целосно се променија. Ќе имаме далеку поголема надолна сила со новиот пакет во споредба со првите четири трки, но скоро сите ќе се појават со некои подобрување. Сега ќе видиме кој завршил подобра работа", вели Раиконен.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 05:17
Себастијан Фетел е новиот возач во Формула 1 кој ќе го добие признанието Лоренцо Бандини, именувано по трагично загинатиот италијански возач во 1967 година. Според Ла Газета дело Спорт, доделувањето ќе се изврши на 31-ви мај на плоштадот во гратчето Брисигела, близу Имола.

Минатата година Фетел ги имаше својата прва пол-позиција и победа на легендарната Монца, а притоа стана најмладиот со ова постигнување. Тежина на резултатот даде и силниот дожд кој беше присутен во Италија целиот викенд.

- Ги прифаќам работите чекор по чекор и шпекулациите не ми влијаат. Целта ми е да возам во најдобриот болид и да победувам на трките. Во моментов сум среќен каде што сум - вели младиот Фетел за новинската агенција СИД, запрашан за неговиот иден статус.

Од 1992 година, родниот град на Бандини, Брисигела еднаш годишно доделува признание за истакната фигура од светот на моторспортот, а обично ја добива човекот што на било каков начин ја обележал годината, со напомена дека доделениот трофеј во тековната година се однесува на годината претходно. Имиња како Дејвид Култхард, Жак Вилнев, Џанкарло Физикела, Јарно Трули, Џенсон Батон, Хуан Пабло Монтоја, Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Марк Вебер, Фелипе Маса и Роберт Кубица го имаат трофејот во своите витрини. Единствено во 1997 трофејот е доделен на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, додека во другите случаи признанието го добивал возач. Минатата година беше крунисан Роберт Кубица од БМВ Заубер.

Иако претходно беше поврзан со Ферари, Фетел изјави дека земал совети од неговиот пријател од Мекларен, лекарот Аки Хинтса. Германскиот Билд објави дека Финецот, кои исто така е близок пријател со Кими Раиконен, му доделил нов фитнес тренер на младиот возач. Сепак, сеуште е рано за прогнози дали овој чекор на Фетел е подготовка за евентуално идно седиште во Мекларен.

Себастијан Фетел е моментално трет во генералниот пласман, со 19 поени и една победа во четири настапи.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 05:20


Членовите на ФОТА побараа итен состанок со ФИА, во кој ќе се решат сите работи по кои двете страни имаат спротивни мислења. Ова е одлуката по средбата во Хитроу, во Лондон, каде биле присутни претставници од сите тимови во Формула 1. И претходно беше навестен револтот кај тимовите, особено изразен кај финансиски посилните производители, како Ферари и БМВ Заубер. Италијаните и Германците не го криеа разочарувањето, јавно апелирајќи дека не само што се противници на идејата на ФИА, туку е можно да го напуштат спортот.

Покрај споменатите проблеми, тема на разговор бил и Конкорд договорот, кој сам за себе е контроверзен. При тоа, тимовите генерално бараат поголеми пари за самото учество во шампионатот. Бидејќи веќе истекува постоечкиот договор, се шепекулира дека некои тимови ја продолжиле верноста со ФИА и со Формула 1 менаџментот и со тоа се обврзале на подолг рок, додека други очекуваат позитивни промени од новопотпишаниот договор. Асоцијацијата ФОТА доцна синоќа објави соопштение, во кое на конкретен и директен начин е искажан ставот.

- Извршниот одбор на ФОТА се состана во Хитроу со цел да се разгледаат новите правила предложени од ФИА за 2010 година и да се оцени напредокот на преговорите со сопствениците на маркетиншките права за обновување на Конкорд договорот. ФОТА имаше позитивен и конструктивен состанок и постигнат е договор да се продолжи со заедничката работа за дефинирање на понатамошните мерки за намалување на трошоците во 2010 и 2011 година, со што ќе се пробива патот започнат во 2008 година.

Имаме грижи поврзани со одлуката која беше донесена на седницата на светскиот совет за моторспорт на ФИА, а се однесува на правилата за 2010 година и оттаму бараме итен состанок со ФИА - се вели во сооопштението.

Реакцијата на ФОТА следи по минатонеделната објава од страна на ФИА дека се расположени да воведат двоен принцип за распределување на буџетите на тимовите, а дополнително се вжешти атмосферата со враќање на првично отфрлениот систем на одлука на шампионатот - “winner takes all“.

Берни Еклстоун ја критикуваше ФОТА, изјавувајќи дека имаат погрешен став кога е во прашање ограничувањето на буџетите.

- Големите тимови не го сакаат предлогот бидејќи не им е во гените да добиваат пари од Формула 1. Сè што сакаат да прават е да трошат - ироничен е Британецот.

Тој се надоврза и на предлогот на ФИА, со кој од 10 тимови се проширува квотата на 13, но тој смета дека новите натпреварувачи треба да се изберат внимателно.

- Нема да одиме според принципот “прв дошол-прв услужен”. Не треба да се враќаме на времето кога било кој можеше да дојде, да извози неколку трки и да исчезне кога ќе снема пари. Потребни ни се само три тима. Некои од големите играчи не се среќни, но никој не изјавил дека се повлекува - додава Еклстоун.

Во целата бркотница која ја створија и ФОТА и ФИА и Берни Еклстоун, директорот на Мерцедес, Норберт Хауг ја смири ситуацијата со изјавата дека големите производители не размислуваат за излез од Формула 1.
- И Ферари сака да заштеди пари. Можеби се загрижени за условите на ограничување на буџетите и пристапите на ФИА во минатото. Но во моментов, повлекување не е тема на разговор - изјави Германецот за сајтот spox.com

Во секој случај, не се очекува брза реакција од главниот човек на ФИА, Макс Мозли, кој доживеа семејна трагедија, при што го загуби постариот син.

Интересно е што нема официјален коментар за тоа дали Рос Браун ќе продолжи како технички директор на ФОТА, по несогласувањата кои ги имаше со неколку тимски шефови, а претходно беше најавено дека неговата позиција ќе биде разгледана на седницата.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 05:24


Со трката на патеката Каталуња близу Барселона, започнува европската турнеа на Формула 1, на чие тло всушност, се возат најмногу трки во сезоната. Покрај фактот што е прва европска трка за 2009-та, трката ќе биде одбележана и по тоа што треба да разреши неколку мистерии, а тоа е дали големите имиња, пред се Ферари и Мекларен ќе можат да се приближат на неприкосновениот Браун ГП. Тимовите се подготвуваат за вистински старт во Европа, откако некои од најголемите фаворити на хартија доживеаа дебакл во Австралија и Азија. Во погоните се работеше напорно изминатите недели, со што речиси сите имаат нов дизајн на задниот дел од болидот, секако поткрепено со дизајн на фамозниот двоен дифузер. Рено и Мекларен први воведоа почетна верзија на дифузерот, а најава има и од таборот на Ферари дека на оваа трка прв пат ќе го употребат.

И БМВ Заубер ќе настапи со ревидиран болид, во кој главните промени се на предното и задното крило. Иако без двоен дифузер, очекувањата се големи.

КЕРС-от сеуште е непозната за тимовите, откако мислењата се поделени. Најави има само од Ферари, Рено и Мекларен дека ќе го имаат во двата болида, откако БМВ Заубер привремено ја отфрли употребата на уредот.

Во пресред на трката во Шпанија најавени се и неколку нови спонзорски договори. Тимот на Вилијамс договори “дил” со енергетскиот пијалок Хел, додека Браун со компанијата за сигурносни појаси Виланс. Дополнително, на задниот дел од болидот на Браун ќе има реклама за четвртото продолжение на култниот филм Терминатор, кој наскоро ќе излезе во кино салите, под името Спасување на терминаторот.

Во меѓувреме, Хеики Ковалаинен за прв пат се враќа на патеката, откако минатата година имаше страотен судар на свијокот број 9.

- Веќе имав тестирано овде и не се навраќам. Немам сеќавање од овде, немам ни траума - вели Финецот.

Инаку, организаторите најавија дека зоната за излетување, т.е. песокот крај свијокот девет е проширен за 1,5 метри, додека зоната крај третиот лев свијок е асфалтирана, со цел полесно контролирање на болидот при тешко излетување. Исто така, околу целата патека, на површина од речиси 4 км се поставени слоеви на заштитни гуми.

Најуспешен возач на патеката е Михаел Шумахер. Пензионираниот Германец има 6 победи и 7 пол-позиции. Успеси на патеката Каталуња има и поранешниот возач на Мекларен, Мика Хакинен кој има 3 последователни триумфи од 1998-2000 година. Покрај главните фаворити, Кими Раиконен има мотиви за победа на патеката на која досега има остварено две победи, во 2005 година со Мекларен во и лани во болидот на Ферари. Инаку, минатогодишната победа на Кими Раиконен во Шпанија е последна во кариерата на Финецот, барем засега, а ова година шампионот од 2007 влегува со пост од 18 трки без победа.

Иако првичните прогнози за времето говореа дека нема да има услови за дожд, денес метеоролозите излегоа со прогноза за можни врнежи за време на трката, нешто што претходно е видено на Каталуња. Квалификациите се предвидени за 14 часот по средноевропско време.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 14:13
В НЕДЕЛА (14.00) ПОЧНУВА ЕВРОПСКАТА Ф1 СЕЗОНА СО ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ
Во Барселона многу работи ќе станат појасни

Шпанското ГП в недела ќе биде вистински показател колку успеале новите храбри правила на ФИА за подобрување на претекнувањето во формула 1. Мазните гуми, смешните задни крила, преголемите предни крила, сите тие ќе добијат вистински тест на патеката Каталуња овој викенд.

Причина за ова е што Шпанското ГП обично е една од подосадните трки во формула 1. Претходно имаше три вакви досадни патеки: Сан Марино (убава и досадна), Шпанија (ветровита и досадна) и Унгарија (само досадна). Имола си замина, но Барселона и Будимпешта остануваат предизвик за носителите на техничките правила. Ако повторно има трка без многу претекнувања во Шпанија, тогаш целосниот редизајн на болидите под директива на ФИА ќе се смета за неуспех.

Добрите вести се што тимовите не можеа да тестираат пред трката и сè уште има многу работа која треба да се заврши во петокот и во саботата, а сега на неколку болиди ќе има и КЕРС. БМВ засега се откажаа од системот, Мекларен речиси сигурно ќе го носат, додека КЕРС-от на Ферари работи само кога ќе посака, како што дозна Фелипе Маса во Бахреин.

Но, од овие три тима нема да се очекува на првиот ред во Бахреин бидејќи Браун ГП тимот ќе направат ново подобрување на својот најбрз болид, а Ред Бул и Тојота исто така најавија нови делови. Браун исто така откри неколку нови спонзори, откако Берни Еклстоун реши да не им ги даде парите од ТВ правата кои требаа да одат кај Хонда.

Џенсон Батон ќе биде повторно човекот кој ќе мора да се победи откако во Бахреин со сигурно возење стигна до третата победа во четири трки. Рубенс Баричело имаше поинаква стратегија и не успеа да остане на врвот, а ќе биде интересно да се види дали Тојота ќе продолжат со стратегијата на квалификации со малку гориво како во Бахреин со Тимо Глок и Џанкарло Физикела. Во Барселона знае да има доста инциденти на првата кривина, така што ако излезе сигурносното возило, тие со празни болиди нема да бидат во предност. Но, со разлика од 1.5 секунди од најбрзите до најбавните, одлуката за тоа со колку гориво ќе се влезе во последните квалификации е клучна за целиот викенд.

Марк Вебер можеби има најдобра шанса оваа година да стане светски шампион (без Мекларен и Ферари на врвот и со можеби најдобриот болид), но мора да почне да освојува повеќе поени од импресивниот колега во Ред Бул, Себастијан Фетел. Младиот Германец е сè подобар.

На Ферари сè уште им треба добар резултат да се надеваат на нешто оваа сезона и традиционално се брзи во Барселона, а лани Кими Раиконен доминираше во трката. Мекларен повторно влеат дека нема да имаат многу шанси во Шпанија, но барем тие се сигурни во перформансите на својот КЕРС систем.

На Вилијамс им требаат исто така брзи поени за да ја искористат предноста на дифузерите пред сите да имаат солидни верзии, додека БМВ мора да излезе од амбисот во кој падна. Работите немаше да бидат толку проблематични ако останеа во партнерство со Вилијамс како пред пет години. Тимот доби целосно нов болид за Шпанија и тоа навистина им треба.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 14:16
Розберг, пак, најбрз за Вилијамс на стартот

Нико Розберг го предводеше својот тимски колега Казуки Накаџима во 1-2 пласман на вториот тренинг пред Шпанското ГП откако лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон беше најбрз на утринската сесија. Германецот Розберг сега е најбрз на 8 од 14 тренинг сесии до сега во новата сезона без да заврши повисоко од шестото место на трките. Розберг имаше време од 1:21.588 пред својот колега Накаџима со 0.152 секунди поспоро време, додека третото место го освои Фернандо Алонсо во Рено. Батон имаше добар старт со најдобар круг од 1:21.799 во првата тренинг сесија, а во втората сесија беше шести.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 14:19
На Алонсо сега му недостасува Хамилтон?


Фернандо Алонсо зборуваше позитивно за својот поранешен колега и актуелен Ф1 шампион, Луис Хамилтон пред Шпанското ГП, откако и двајцата возачи се мачат да остават впечаток по стартот на сезоната 2009. Добрите зборови за Англичанецот дојдоа кога Алонсо се потсетуваше на дуелот во Мекларен во 2007.

“Имавме добра конк*ренција што на двајцата ни помогна да ги најдеме нашите граници. Можам да кажам дека ми недостасува таа конк*ренција на некој начин бидејќи беше забавно. Секогаш ја кажувам истата работа - имав проблеми со Мекларен и никогаш со Луис”, вели возачот на Рено, Алонсо.

Откако освои две титули во 2005 и 2006 со Рено, Алонсо замина во Мекларен, каде што во контроверзна сезона полна со ривалство со Хамилтон заврши зад него и зад Кими Раиконен во Ферари во борбата за титулата.

“Проблемите кои ги имав во Мекларен со големите шефови и со филозофијата на тимот значеа дека морам да си заминам. Луис секогаш бил голем возач и сега е голем шампион. Се бореше за титулата во првата сезона и ја освои во втората. За да си ја поправи својата оштетена репутација од оваа година треба само да победува. Тоа е најважно”, вели Алонсо.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.