|
БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ... |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Автор | |
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија и Србија заедно се далеку подобар стратешки и економски партнер од Бугарија, впрочем тоа сите земји од светската трговска организација веќе го увидоа... Како и да, ориентираноста на Македонија кон светските финансиери може само да ја подобри состојбата во државата. Додуша Македонија игра тројна игра но затоа не врти грб никому а тоа ја прави рентабилна со големите, а тоа пак значи добивка за државата а зијан скоро ич.
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЧНУВАМЕ НОВА ЕРА ВО БИЗНИС ОДНОСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ДИЈАСПОРАТАМАЈК ЗАФИРОВСКИ Како организација, Македонија 2025 го гради линкот што треба да ја подобри соработката помеѓу членовите на дијаспората и македонските компании. Инвестицискиот самит во Охрид , како прв од тој вид, веруваме дека ќе биде силна платформа која ќе помогне да се организираат идни настани и да се изградат нови партнерства. Треба време и напори за компаниите да развијат вистинска стратегија за експанзија, а Самитот и Македонија 2025 се тука за да помогнат со својата експертиза, искуство и меѓународни контакти. Еден од најзначајните настани во организација на Македонија 2025 досега е претстојниот Глобален инвестициски самит, што од 18 до 21 октомври годинава ќе се одржи во Охрид. Самитот ќе се одржува под мотото: „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“. Целта на Самитот е да ги зајакне и унапреди врските помеѓу глобалната македонска заедница и бизнисите во Македонија како и да ги презентира македонските инвестициски можности пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори. Изменето од Messenger - 11.Септември.2012 во 16:00 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Скопје сити мол“ се отвора на 4 октомвринаредната луксузна продавница каде граѓаните на Скопје да одат на шопинг
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
прекрасна инвестиција... што ќе ја подобри живеачката на сите... ни требаат уште вакви инвестиции... да... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чија инвестициа е ова ? Ако е приватна тогаш немаме право да кажеме ниту еден збор критика. Приватникот инвестира, тој рескира... A aко е државна инвестиција ќе имаме право да критикуваме доколку времето покажи дека е промашена инвестиција. Оноа што е битно за граѓаните на Скопје е што добиваат најголем Сити Мол на Балканот со кој се отвораат нови 2200 работни места. „Скопје сити мол“, покрај продавници, ќе обезбедува и простор за забава, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено 3Д-кино со девет сали за проекции. Од вкупно 150 брендови-закупци во „Скопје сити мол“, 40 се интернационални, кои прв пат влегуваат во земјава, а останатите мигрираат од другите трговски центри. Трите најголеми закупци на трговскиот центар од 90 милиони евра се интернационалните брендови „Carrefour“, „Inditex“ и „Cineplexx“, а со неговото отварање ќе се овозможат 2200 работни места за македонските граѓани. Изградбата на најголемиот трговски центар на Балканот чини 70 милиони евра. Овој модерен и современ мол, според сите очекувања ќе ја стави Македонија на мапата највозбудливи шопинг-дестинации во регионот. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/84079-Skopje-siti-mol-se-otvora-na-4-oktomvri Изменето од Messenger - 11.Септември.2012 во 21:42 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1.странска или домашна,приватна или не,ВАЖНО премиерот ќе сече лента а вложувањата ќе бидат книжени на контото на странски инвестиции...што е и нормално.Ама за кај нас. 2...ебати бизнисот кога најголеми деловни партнери или врски во стоковата размената Ви(ни) се Косово и Србија. 3.Единствен спас за македонската економија индустрија или стопанството ни е ДИЈАСПОРАТА(ова сега сериозно го мислам). Огромни средства лежат(чекаат)подобри денови или нови услови за инвестиции.Несигурноста во системот сеуште го кочат инвестицискиот бум во РМ.Митото и корумпираноста на одделни моќници ги одвратуваат и онака малкумината нашинци кои би сакале да се "дома".Сепак,Македонија ви праќа едно !. и од мене...разбира се!.(за првите две-три повратнички имаат гратис од мене..) Изменето од zagor - 11.Септември.2012 во 21:43 |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонско -Албанска инвестиција... Не е најголем на Балканот, освен ако за Балкан се смета само Македонија, Албанија и Косово. Поголеми има дури два во Загреб, Софискиот е поголем, Ушќе е поголем. Секако позитивно е тоа што Скопје како вонаби метропола ќе добие еден репрезентативен шопинг центар. |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
24sata.hr: Како Македонија, за разлика од Хрватска, го привлекува странскиот капитал16СЕП 201220:54 Македонија успеа да го привлече странскиот капитал со расчистување на проблемите со катастарот, издава дозволи за еден ден, 22-ра е на местото земји според бројот на инвестиции, имаат најниски даноци и странски долг од само две милијарди евра, пишува хрватскиот портал24 sata.hr. Во кусата споредба со состојбите во Хравтска, порталот пишува дека нема да има ништо од најавите на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ затоа што треба да минат години додека странците ја добијат потребната документација за реализација на проектите. А во Македонија тоа се решава за еден ден. Токму Македонија, иако со најголема стапка на невработеност во регионот, успеа да дотурка до една од најмалку задолжените земји во Европа. Иако Македонците живеат потешко од Хрватите, имаат цела серија макроекономски показатели според кмои се подобри од Хрватска, пишува порталот. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секоја чест за инвестициите, неможам да кажам лош збор... Но кога станува збор околу тоа дали Македонија е ниско задолжена или средно задолжена, знам дека во моментов Македонија според надворешниот долг е рангирана како ниско задолжена земја, но за да може да се види реалната слика околу задолжувањето владата во Македонија мора да објави и колкав е внатрешниот долг.. Се некако си мислам, а богами и читам, дека доколку се објави внатрешниот долг, Македонија од ниско задолжена земја ќе отиде во средно задолжена земја, што многу негативно ќе се одрази врз целокупната слика кај потенцијалните инвеститори...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија не била во минус!или т.з.рецесија!..тоа било,само на минатогодишниот раст бил намален еден процент и толку...што според Латас,можеме и догодина за лапнеме од ланскиот колач.Значи јас не сум постар за една година од овогодишниот роденден,туку само една имам плус на ланската бројка.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CAD80CA4A17677498ED01AD0F73A5590[/URL]
ХЕЦ„Аште“ е најголем објкет од ваков вид изграден во последните 30 години во Албанија.Ќе произведува 240 милиони килват часови електрична енергија годишно, со што со енергија ќе снабдува 100 илјади домаќинства. Изградбата почна во 2010 година,а инвестицијата е вредна 200 милиони евра... Оваа инвестиција е на Австријците од ЕСМ. Изменето од Alekxandar - 19.Септември.2012 во 13:08 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Голем интерес за Самитот на „Македонија 2025“Организацијата „Македонија 2025“ поради големиот интерес за Самитот во Охрид што ќе се одржи од 18 до 21 октомври го продолжува рокот за регистрација до 1 октомври. Од Организацијата соопштуваат дека првпат во Македонија на присутните ќе им се обратат над 30 бизнис лидери, светски експерти од различни области, меѓу кои врвни луѓе на Нокиа Сименс, Блакстоун Груп, Рајфајзен Банк, Кредит Свис и канадската Мобилисиц, кои ќе дискутираат на повеќе теми. - Постојат два многу важни сегмента во економскиот развој. Еден е да се привлечат и да се задржат странските инвеститори, а вториот е да се изгради конкурентска атмосфера на иновации, во која претприемачите ќе бидат способни да напредуваат и да бидат успешни. Наша цел е да помогнеме на двата фронта, вели Џон И. Битов, член на одборот на директори на Македонија 2025 и еден од главните акционери во најголемата канадска еквити компанија „Обелиск“ во интервју за „Граѓански“ магазин. http://ekonomski.mk/2012/09/20/golem-interes-za-samitot-na-makedonija-2025/?utm_source=daily.mk |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
145 милиони евра за иновации и раст на фирмитеМакедонските компании ќе имаат на располагање фонд од 145 милиони евра за иновации и развој. Ова го овозможува платформата на Европската комисија, Европската инвестциска банка и ЕБОР, намената за Западниот Балкан. Парите за стопанството ќе бидат достапни од 2013 за три цели – инвестции во иновации и почнување нов бизнис, за експанзија на веќе етабилирани компании и за гаранции при задолжување. Во рамки на проектот ќе се одвојат и средства за техничка помош на државата со која ќе се спроведат три важни реформи за поттик на иновациите и инвестициите со ризичен капитал. Колку од овие пари ќе се искористат зависи од фирмите. Од слична програма на Европската унија за конкурентност и иновации која тежи 460 милиони евра, македонските компании искористиле помалку од два милиони во седум проекти. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2728293031 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |