IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:15
Грчка торта (лош наслов:)
7 белки
11 лажици шеќер
7 лажици мелени ореви
7 лажици мелени бисквити
Лист се пече и се дели на 2 дела

Фил 1-500 мл млеко
2 пудинга од ванила
1 лажица шеќер


Фил 2- 2 путера од 250 гр
250 гр шеќер во прав
1 лажица млеко
се мати да добие бела боја

Фил 3- 7 жолчки
150 гр шеќер во прав се матат пенасто
Бидејќи во оригиналниот рецепт пишува да се стават живи жолчки јас ги изматив на пареа,некако посигурно ми е.

Сите три фила се мешаат и се додава
250 гр сецкани бисквити
300 гр сецкана чоколада
250 гр сецкани ореви
150 гр мелени ореви

Се се меша ,се става едната половина од листот се става филот и се поклопува со втората кора.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:16
Боемска торта

Состојки

За кори
10 белки
260 гр шекер
250 гр печени сомелени лешници
15 гр (1 лажица) какао
За прв фил
1/2 л млеко
250 гр шекер + 1 кесичка ванилин шекер
6 жолчки
2 преполни лажици густин
50 гр путер на собна температура
За втор фил
6 жолчки
250 гр шекер во прав
100 гр чоколадо
200 гр путер на собна температура
За глазура
150 гр чоколадо
150 гр слатка павлака

Подготовка

Се загрева рерната на 180 Ц
На дното на три округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење. Не се масти.
Белките се матат додека да се направи мек снег, а потоа непрестано матејки се додава една по една лажица шекер и се мати додека целиот шекер не се стопи а снегот од белки не стане многу густ, мазен и сјаен. Се распоредува во трите плехчина, се рамни површината и се пече 20-30 мин во загреаната рерна. Се остават корите потполно да се оладат.
За првиот фил жолчките се матат со малку од млекото и со густинот да нема грутчина. Се загрева млекото со шекерот и ванилин шекерот до вриење. Се истураат во зовриеното млеко изматените жолчки непрестано мешајки и се вари на тивок оган да се згусти. Се трга од оган и се додава путерот на собна температора мешајки со жица за матење. Врз горната површина на кремот се лепи транспарентна фолија, (Фолијата треба да се залепи за кремот) и така се остава да се излади за да не се створи коричка.
За вториот фил се матат на пареа жолчките и прах шекерот додека не се згусти. се додава чоколадото искршено на коцкички и се меша да се стопи. Се остава на страна да се олади. Путерот се мати да стане пенест, се додава во него ладниот чоколаден крем и се мати да се изедначи.
На подлогата за торта се става првата кора. Околу теа се поставува метален обрач. Ова може и да не го направите, ама ванила кремот е прилично мек, така да овој чекор го олеснува редењето на тортата. Врз првата кора се нанесува половина од ванила кремот, а врз него скоро половина од чоколадниот крем. Се става втората кора и повторно се премачкува со двата фила по истиот редослед. Одозгора се става последната кора и се остава тортата во фрижидер неколку часа. Се вади обрачот, одоколу се премачкува тортата со малку од чоколадниот фил.
За глазура се загрева слатката павлака скоро до вриење. Во еден мал сад се крши чоколадото на ситни парченца, врз него се истура врелата слатка павлака. Се остава да постои 1 мин, па се меша додека не се добие мазна глазура.
Се прелева тортата, ако сакате дополнително се украсува.
Најдобро е да отстои до наредниот ден.
Некои забелешки – Лажиците густин нека ви бидат навистина преполни за да не испадне ванила кремот многу мек. Тортата сечете ја со многу остар, тенок, жежок нож за да ви испадне убаво парче.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:24

Песок торта

Песок торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Бисквити
  • 4   Ванила пудинг/а
  • 150 грама Кокосово брашно
  • 1000 милилитри Млеко
  • 150 грама Ореви
  • 250 грама Путер
  • 125 грама Шеќер во прав


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Песок торта

ПОДГОТОВКА:


Мле­ко­то се ва­ри со пу­дин­зи­те на ти­вок оган. Ко­га ќе се до­бие гу­ста сме­са, се тр­га од оган и се остава добро да се олади. Откако ќе се олади убаво се додава путерот. Се меша сето тоа убаво. Откако ќе го направите сето ова поделете ја смесата на три еднакви дела. Во пр­ви­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те бис­кви­ти, во вто­ри­от дел се до­да­ва ко­ко­сот, а во тре­ти­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те оре­ви. Во пла­сти­чен сад, кој е об­ви­ткан со фо­ли­ја, пр­во се ста­ва де­лот со бис­кви­ти, по­тоа де­лот со ко­ко­сот и на крај де­лот со оре­ви. По жел­ба мо­же да се фи­лу­ва со шлаг.  Тре­ба да стои во фри­жи­дер три ча­са, пред да се слу­жи. 
Уживајте!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:25

Лешник торта

Лешник торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 60 грама Бисквити
  • 150 грама Лешник
  • 2   Јајца/це
  • 100 грама Шеќер
  • 50 грама Блага павлака
  • 150 грама Чоколадо за готвење
  • малку   Сол
  • 70 грама Путер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лешникот расте уште многу одамна во Европа и Мала Азија. Денес расте и како див лешник.

Лешникот расте на дрво, кое може да биде високо и до 7м, а зрее во средината на август. Јатката е многу вкусна, а е обвиена со кафеава обвивка и дрвена лушпа.

ПОДГОТОВКА:

Во блендер ставете 120гр. лешник, 10гр. шеќер, бисквит и 100гр. издробена чоколадо. Измиксирајте ситно. Во длабока чинија изматете го путерот со останатиот шеќер додека не добиете пенаста маса, потоа додадете ги јајцата и мешајте со дрвена лажица да ја соедините смесата.

На овој крем додадете ги сомелените состојки и малку сол, потоа се внимателно промешајте и ставете во калап за торта ( пречник 18 сантиметри ), обложен со хартија за печење. Печете околу 1 саат на 160 степени.

Направете чоколаден крем од останатото чоколадо. Истопете го на пареа заедно со павлаката. Изладено, ставете го во фрижидер од 15 – 20 минути. Потоа измиксирајте го да добиете воздушен крем, премачкајте ја тортата и украсете ја со преостанатите лешници.  
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:46

Грилијаж торта

Грилијаж торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 500 грама Шеќер
  • 450 грама Ореви
  • 375 грама Маргарин
  • 10   Жолчка/ки
  • 30 грама Брашно
  • 10   Белка/ки
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Грилијаж торта

ПОДГОТОВКА:

Кора: белките изматете ги пенасто со 250 грама шеќер, додајте 250 грама мелени ореви, брашното и на крај 50 грама сецкани ореви. Печете во плех од шпоред обложен со хартија за печење. Ладното тесто исечете го на три ленти.

За грилијажот: Пржете 250 грама шеќер за да добиете карамел, па додајте 150 грама мелени ореви, сè убаво измешајте и сипете во намрсен плех. Кога смесата ќе се олади, истолчете ја во аван и оставете ја настрана.

Фил: жолчките и јајцата изматете ги со 250 грама шеќер, па матете на пареа. Во ладнот крем додајте го пенесто изматениот маргарин. Од филот одвојте 2-3 лажици, а во остатокот вмешајте го подготвениот грлијијаж. Филувајте ја тортата. Со одвоениот фил намачкајте ја тортата и од страните. Украсете со мелени ореви и чоколадни трошки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:48

Брза торта

Брза торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 милилитри Минерална вода
  • 10 парче/чиња Крем банана
  • 800 грама Блага павлака
  • 300 грама Бисквити
  • 200 грама Нутела крем


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Брза торта

ПОДГОТОВКА:

 Во дла­бок сад се ма­ти 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да, во сме­са­та се до­да­ва­ат и ме­ле­ни­те бис­кви­ти. Сме­са­та се изед­на­чу­ва и се ста­ва во ка­лап. По­тоа во 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка се до­да­ва ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да, се ма­ти, а по­тоа се до­да­ва­ат сеч­ка­ни­те крем-ба­на­ни. Отка­ко до­бро ќе се из­ме­ша­ат, се до­да­ва­ат во ка­ла­пот. По­втор­но се ма­тат 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ед­на ча­ша ми­не­рал­на во­да и се до­да­ва 200 г еу­ро­крем, па и тоа се ста­ва во ка­ла­пот. На крај се ма­тат 200 ми­ли­ли­три сла­тка пав­ла­ка со ча­ша ми­не­рал­на во­да и се ста­ва во ка­ла­пот. Тор­та­та пред да се кон­су­ми­ра, тре­ба да стои не­кол­ку ча­са во фри­жи­дер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:48

Кокос торта со малини

Кокос торта со малини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 голема лажица Шеќер во прав
  • 200 грама Шеќер
  • 1   Прашак за пециво
  • 200 грама Малини
  • 50 грама Кокосово брашно
  • 250 грама Брашно
  • 300 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Малините се мошне ценето овошје заради својот пријатен, ароматичен и освежителен вкус и мирис, како десертно овошје и како мошне важна суровина за подготвување на сирупи, овошни сокови, освежителни напивки, слатко, желеа...

Нивната хранливост ја сочинуваат 8% овошни шеќери, 1% белковини и околу 0,6% масти. Заради тоа што содржи лимонска, јаболкова и други овошни киселини, малините имаат диетски и лековити својства.

ПОДГОТОВКА:

Белките изматете ги со 2 лажички шеќер и кокосово брашно.

Жолчките изматете ги со остатокот шеќер, па измешајте ги со брашното и прашокот за печиво.

Смесата која ја добивте со мешање на белките. шеќерот и кокосовото брашно измешајте ја во смесата со жолчки.

Сето тоа сипете го во калап за торта премачкан со масло и печете околу 1 час.

Кога ќе биде готов бисквитот, оставете го да се олади.

Малините поделете ги на две половини, едната половина кратко варете ја со 2 лажички вода и добро исцедете ги со цедилка.

Во нив вмешајте 2 лажички шеќер во прав.

Слатката павлака изматете ја со остатокот шеќер во прав, па со тоа премачкајте го бисквитот.

Потоа сетоа тоа прелијте го со сосот, а тортата по желба украсете ја со малини.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:50

Сахер торта

Сахер торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер
  • 150 грама Чоколадо
  • 280 грама Путер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 100 грама Мармалад
  • 150 грама Брашно
  • 10   Јајца/це
  • 30 грама Шеќер во прав


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сахер тортата (германиски: Sachertorte) е чоколадна торта, која за прв пат била подготвена од австрискиот слаткар Франц Сахер. Тортата се јавува како типичен десерт од виенската кујна и е една од најпопуларните торти во светот.

ПОДГОТОВКА:

Чоколадото за готвење го кршиме на коцки и го топиме.

Ги одделуваме белките од жолчките.

Белките ги ставаме во поголем сад, а жолчките во друг сад и го тргаме на страна.

Путерот и шеќерот ги матиме со миксер додеа не се стопи, па ги додаваме жолчките.

И белките ги матиме со миксер, потоа додаваме шеќер во плехот.

Во садот со жолчките ја додаваме растопената и оладена чоколада. Мешаме.

Потоа во садот ги додаваме изматените белки и мешаме додека смесата не се соедини.

Прашакот за пециво го мешаме со брашно и го сипуваме во садот.

Калапот за печење го премачкуваме со путер.

Во него го сипуваме тестото и ја рамниме површината.

Печеме во рерна 45 минути на 180 степени.

Преостанатите 135 гр. чоколадо за отвење ги топиме на пареа.

Испечениот пандишпан го ладиме и целиот го премачкуваме со мармалад.

Преку мармеладот премачкуваме со растопената чоколада.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:51

Шарлота со портокали

Шарлота со портокали

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 220 грама Шеќер
  • 300 милилитри Цеден Портокал
  • 2   Жолчка/ки
  • малку   Желатин
  • 100 грама Брашно
  • 250 грама Блага павлака
  • 250 грама Џем од портокал
  • 7   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шарлота со портокали

ПОДГОТОВКА:

Тесто: изматете цврст крем од јајцата и шеќерот. Додајте го брашното и измешајте ги состојките. Смесата истурете ја во помал павоаголен плех, намачкан со масло и покриен со хартија. Тестото испечете го на 180 степени. Уште топлото тесто намачкајте го со џемот од портокали и завиткајте го и оставете да се олади.

Јајцата и жолчките пенасто изматете ги со шеќерот и една по една лажица додајте го сокот од портокал. Смесата матејќи варете ја на пареа околу 5-8 минути. Тргнете го садот од водената купка и додајте го желатинот. Продолжете да мешате додека желатинот не се истопи. Потоа садот префрлете го во сад со ледена вода и продолжете да мешате додека кремот не почне да се стврднува. На оладениот крем додајте ја изматената слатка павлака.

Ролатот исечете го на парчиња и со него обложете длабок сад, кој претходно сте го исплакнале со вода. Наполнете го со кремот, израмнете ја површината. Садот префрлете го во фрижидер и оставете неколку часови, но најдобро преку ноќ.

Наредниот ден колачот превртете го на чинија за служење и украсете со кришки портокал и матена слатка павлака. Исечете како торта и послужете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:52

Снежна торта

Снежна торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 150 грама Чоколадо
  • 50 грама Путер
  • 1   Пакување готови пусли
  • малку   Кора од лимон
  • 1   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 75 грама Брашно
  • 600 грама Блага павлака


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Снежна торта

ПОДГОТОВКА:

Тесто: од наведените состојки (без чоколадото) замесете меко и мазно тесто. Расукајте го и ставете да се пече во висок калап за торта, предходно намачкан со путер, Печете 10 минути во рерна на 200 степени. Извадете и оладете па испрскајте со истопено чоколадо.

Изматете ја слатката павлака со шеќерот, но не многу цврсто. Додајте ги оладените (предходно истопените), чоколадото и 8-10 пусли искршени на половина. Потоа лесно се измешува и кремот се нанесува над кората. Подготвената торта префрлете ја на 5 часа во фрижидер (или замрзнувач). Украсете.

Пред сервирањето тортата оставете ја 10 минути на собна температура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:54

Ананас торта

Ананас торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Шлаг
  • 250 грама Шеќер
  • 250 грама Путер
  • 500 милилитри Млеко
  • 100 грама Лешник
  • 100 грама Кекси
  • 1   Жолчка/ки
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 30 грама Брашно
  • 500 грама Ананас


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ананасот е род на билките од родот бромелија (Bromeliaceae). Најпозната врста е Ананасот Comosus. Успева во суптропските краеви на Америка, Африка и Азика.

ПОДГОТОВКА:

1. Слој: 125 путер заедно со 125 гр. шеќер во прав пенасто изматете. Додадете ги мелените и пржени лешници, па додадете ги и мелените кекси. Сето тоа добро промешајте го, залијте го со сок од ананас (од конзервата). Па добиената смеса ставете ја во калап.


2. Слој: Помешајте ги жолчките, 125 гр. шеќер во прав, брашното, ванила пудингот, млекото, па сето тоа убаво изматете го. Таа смеса ставете ја на оган и мешајте неколку минути. Тргнете од огнот, оставете да се олади, па додајте 125 гр. путер, пенасто изматен и убаво измешајте. Добиената смеса ставете ја на првиот слој. Одозгора ставете го исецканиот ананас, па сето тоа прекријте го со шлаг пена. Ставете го во фрижидер добро да се олади. Сечете на парчиња, па по желба прелевајте со течно чоколадо.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 19:55

Естерхази торта

Естерхази торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер во прав
  • 170 грама Шеќер
  • 150 грама Путер
  • 1   Нишесте
  • 250 милилитри Млеко
  • 8   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 8   Белка/ки
  • 200 грама Бадеми


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Екстерхази торта

ПОДГОТОВКА:

 Тесто: белките изматете ги во цврст снег па постепено додавајте ги бадемите и шеќерот. Изедначете ги состојките  и од смесата испечете 6-7 кори во тавче покриено со хартија.

Крем: нишестето измешајте го со малку ладно млеко па додајте го во преостанатото млеко заедно со жолчките, шеќерот и ванилниот шеќер. Смесата убаво изматете ја па варете на пареа постоја матејќи. Изматениот крем оставете го на страна да се олади.

Путерот изматете го во пена и додајте му, не прекунувајќи го матењето од изладениот крем. Филувајте ја тортата а горната кора полијте ја со шеќерна глазура.

Со чоколадната глазура наполнете слаткарски шприц па почнувајќи од средината цртајте кругови, а потоа лакови кои ќе ги направите така што со врвот на нож, ќе повлекувате од средината до крајот. За да имате убава шара употребете топла глазура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 20:03

Кафе торта

Кафе торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 7   Шекер лажичка/ки
  • 250 грама Шеќер во прав
  • 80 грама Ореви
  • 400 милилитри Млеко
  • 4   Кафе филџан/и
  • 100 грама Карамел
  • 3   Жолчка/ки
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 50 грама Брашно
  • 7   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кафе торта

ПОДГОТОВКА:

Седумте јајца и 7 лажици шеќер долго се матат да се добие кремаста маса. Се додаваат мелените ореви и внимателно брашното, при што се меша со лажица. Тестото се пече на два пати во голем плех од шпоретот.

Печените теста се делат на два дела, да се добијат 4 правоаголни кори. За филот, во 4 филџани варено кафе (без талогот) се додава 1 чаша млеко и 6 лажици шеќер. Се става на оган да се загрева.

Пудингот се растопува во филџан мелко да нема грутчиња и постепено се додава кај кафето и мешајќи се вари крем додека да се згусне. Се остава кремот сосема да се олади. Во меѓувреме, путерот пенасто се мати со шеќерот во прав, на што подоцна се додаваат и три жолчки една по една, при што се продолжува со матењето смесата да биде пувкава.

Четирите кори од тестото се премачкуваат со фил, а се премачкува и одозгора. Потоа се посипува со толчена карамел маса и толчени ореви, а по рабовите на тортата се прават купчиња од филот. Тортата се става во фрижидер добро да се олади.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 20:07

Сникерс

Сникерс

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 700 грама Шеќер
  • 2 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 250 грама Ореви
  • 320 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Мед
  • 300 грама Маргарин
  • 1   Кафе филџан/и
  • 2 лажица/ци Какао
  • 5   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 350 грама Брашно
  • 5   Белка/ки
  • 8   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сникерс

ПОДГОТОВКА:

Темно тесто: изматете ги жолчките со шеќерот во густа пена. Додајте ги брашното, печивото и какаото. На крај внимателно и со лажица вмешајте го снегот од белките. Испечете го тестото во плех од шпоред, обложен со хартија за печење, на температура од 180 степени.

Тесто од ореви: изматете ги белките со шеќерот. Кога ќе добиете густа пена, додајте ги останатите состојки и испечете во истиот плех, на ист принцип, но на температура од 150 степени.

Крем: изматете ги жолчките со шеќерот, брашното, ванилниот шеќер и малку млеко. Преостанатото млеко ставете го да зоврие, потоа истурете ја смесата од жолчки и сварете крем. Посебно изматете го маргаринот и поврзете го, матејќи, со изладениот крем. Поделете го кремот на два деа, а во еден додајте го кафето.

Редење: темно тесто - жолт крем (полијте со карамел од истопениот шеќер) - тесто од ореви - темен фил. Целиот колач полијте го со чоколадна глазура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.