|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 2627282930 55> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ne bi rekla deka e za nisto, ama ne mi e jasno sepak zasto da ja otkazat trkata.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Условна казна за Мекларен
Екипата на Мекларен е условно казнета со забрана за учество на три трки од шампионатот на Формула-1 циклусот. Оваа казна ја одлучи автомобилската федерација на состанокот во Париз. Казната и изречена поради познатите случувања на квалификациите за големата награда на Малезија. Меѓутоа, доколку екипата упати официјално извинување и ја признае вината дека пробала да го измами судијата на трката за Малезија, казната ќе стапи на сила само ако се повтори прекршокот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лауда и Баричело имаат билет за Вирџин Галактик
Сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, откри дека Ники Лауда посетува тренинг за астронаут со идеја да го вози шатлот со кој ќе се превезуваат патници во вселената, што е отелотворување на идејата која неговата фирма ја нуди како хедонистичко задоволство од највисок туристички ранг. Меѓу патниците ќе биде и Рубенс Баричело, актуелниот возач на Браун Мерцедес. - Рубенс купи билет за вселената, а Ники тренира да биде астронаут,- откри Бренсон во Бахреин. - Сум бил пилот долги години, летав со Боинг и со Ер-бас, па мојот единствен сон е да пилотирам со вселенски брод. Отсекогаш сум го сакал тоа, но беше невозможно, бидејќи само Американците го прават тоа. Кога го видов овој проект, бев првиот што тропна на вратата,- откри Лауда, кој по трите титули во Формула 1 ја лансираше компанијата за прекуокеански летови, Лауда Ер, што подоцна беше купена од Аустриан Ерлајнс. - За мене е задоволство да бидам инволвиран во Вирџин Галактик, бидејќи од дете имав јасни чувства дека сакам да одам во вселената. Станав тркачки возач, што значи дека возам брзи коли, но сакам да видам како е таму горе. Кога го видов ова, прашав дали можам да бидам дел од него, па Ричард ми овозможи да бидам онаку каде што многумина сакаат да бидат,- изјави Рубенс Баричело. Инаку, компанијата Вирџин во Бахреин настапуваше токму со логоата на нивната фирма која нуди вселенски услуги. Сопственикот Бренсон, изјави дека дале понуда Вирџин да биде и насловен спонзор на тимот, но бидејќи преговарале и други екипи, зделката се уште не е сигурна, а тие би се повлекле истиот момент кога би дошол некој друг и би понудил многу пари за тој брендинг. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Берни им го „изеде“ мастилото на тркачите
Спортските медиуми во различни вести го имаат промотерот на Формула 1, Берни Еклстоун, како главен соговорник на различни теми. Тој во одделни интервјуа се осврнува и на економската проблематика, и на евентуалниот трансфер на Алонсо во Ферари, но и на тоа како да се подигне популарноста на спортот. Иако на Формула 1 и се случува еден од најнеочекуваните почетоци на сезоната, какви што ретко имало во историјата, медиумите очигледно не се многу посветени на трките, туку предност им даваат на содржините надвор од патеката. Правејќи споредба со фудбалот, Берни вели дека иако е гламурозна и префинета, Формула 1 во моментов нема ѕвезда како што се тоа одредени играчи, кои прераснаа и во модни и рекламни икони. - Во Формула 1 немаме некој како Меси. Или Бекам, тој би бил идеален,- изјави 78-годишниот менаџер за Ел Мундо, кој со Флавио Бриаторе е косопственик на екипата Квинс Парк Ренџерс. Иако пред година-две прокоментира дека Даника Патрик не би се снашла во Формула 1 и дека е подобро да остане во кујна покрај тенџерињата, сега Еклстоун на шега додал дека идеално за спортот би била да имаат жена возач. - Во идеални услови, таа би била Еврејка, но и црна,- гласи рецептот на Берни. Наспроти очекувањата тој да ги потрвди гласините за наводниот трансфер на Алонсо во Ферари, како што и самиот изјавил претходно, седокосиот милијардер сега вели дека од тоа нема ништо. - Тој нема потпишан договор со Ферари. Ми кажаа дека сум згрешил. Пред многу време разговарав со Емилио Ботин (директор на Банко Сантандер – з.а.), па јас му го реков тоа што е логично, дека нивното лого е црвено, исто како бојата на Ферари. Но сега знам дека ако Алонсо отиде таму, тоа ќе биде затоа што тие мислат дека може да биде шампион, а не поради спонзорот,- тврди Берни. Од друга страна, Берни Еклстоун е цитиран од Фајненшал тајмс дека желбите на тимовите да бидат плаќани повеќе не кореспондираат со реалната состојба. Договорот со кој се регулираат правата и обврските меѓу организаторот и екипите истече во 2007 година, по што постои само „меморандум за разбирање“ кој не е обврзувачки. - Тие сакаат да бидат плаќани на идентичен начин како кога беа посветени со договор на пет години, но сега не сакаат да се обврзат. Тие не треба да ги добијат парите од наградите, бидејќи сега работиме по принципот „кеш по завршена работа“. Ако сакаат да бидат платени целосно, треба да потпишат договор. Треба да се вратиме на стариот систем каде што екипите меѓу себе делеа 47% од парите за продажба на ТВ правата. Би требало да им плаќаме помалку на тимовите, а за возврат да бараме помали лиценци од автодромите,- изјавува Берни за овој финансиски журнал. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОРМУЛА 1 - ВОЈНАТА СКУДЕРИЈА-ФИА НА НОВО НИВО МОЗЛИ: "ФОРМУЛА 1 МОЖЕ И БЕЗ ФЕРАРИ" Формула 1 може да преживее и без Ферари, доколку најстариот, најуспешниот и најпознатиот формула 1 тим си замине поради воведувањето на ограничување на буџетот, вели претседателот на ФИА, Макс Мозли. Во саботното интервју за Финеншл Тајмс, Мозли признава дека е вклучен во борба за моќ која планира да ја добие. Тој јасно кажува дека нема да се откаже од тоа во 2010 да им дозволи на тимовите да се натпреваруваат со изборен ограничен буџет од 40 милиони фунти, во замена за поголема техничка слобода во однос на тимовите за неограничен буџет. Овој потег, кој Мозли го опишува како "најголем развој во моето време во спортот", беше пречекан со оптимизам од можните нови независни тимови, но претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, прати писмо до Мозли во кое предупредува дека формула 1 на две нивоа ќе биде "не-фер". Монтеѕемоло дури предупреди дека постојаното учество на Ферари во Ф1 не може да биде гарантирано. "Јас лично имам многу страст и Ферари имаат многу страст, но ова не е приказна без крај", објаснува Монтеѕемоло. Ферари се во Ф1 од првата трка во 1950 година, и заедно со Монако ГП се "симболот" на спортот. Тие беа шампиони осум пати во последните 10 години. Но, за Мозли тоа не е проблем. "Спортот може да преживее без Ферари. Ќе биде многу, многу тажно да ги загубиме Ферари бидејќи тоа е италијанскиот национален тим", вели Мозли. Тој додава дека има "елементи во сегашните тимови", кои сметаат дека треба да го водат спортот место ФИА или Берни Еклстоун, кој го претставува носителот на комеријалните права ЦВЦ. "Последно нешто што сакаат е да има нови тимови кои ќе бидат еднакви со нив. Тоа се работи во позадината. Има елементи кои го водат спортот и јас би сакал да осигурам тоа да бидам јас", вели Мозли. Британецот додава дека влогот е преголем за да се шпекулира со "колапс на Ф1" поради желбите на најмоќниот формула 1 тим, но смета дека Лука ди Монтеѕемоло едноставно не ги знае фактите. "Се надевам дека с$ ќе се смени. Тој ќе оди пред својот борд и ќе каже дека сака да оди во војна со ФИА бидејќи сака да троши 100 милиони фунти повеќе од ограничувањето. Тогаш бордот ќе одговори: 'зошто ти не можеш да трошиш 40 милиони фунти како другите'", оценува Мозли. Според него пораката која ја добива од бордовите на два-три големи производители е дека тие ќе се обврзат на долгорочна иднина на спортот ако се намалат трошоците. "Кризата с$ уште го нема погодено спортот. Очигледно ја загубивме Хонда, но вистинските проблеми ќе дојдат кога ќе завршат сегашните спонзорски договори. Во моментов тука се ИНГ, РБС, Алианц и другите големи спонзори кои ќе се повлечеа оваа година да немаа обврзувачки договори. Верувам дека Формула 1 Менаџментот (ФОМ) на Берни Еклстоун нема да може да им даде многу пари на тимовите по оваа сезона", додава Мозли. Од Ферари, пак, сакаа да ги отфрлат шпекулациите дека се пред откажување од спортот по писмото на Монтеѕемоло. "Ние веруваме дека спортот мора да ги задржи своите принципи и да остане на врвот за развојот и спортот да биде и техничко натпреварување", велат од Скудерија. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХАМИЛТОН СЕ ОТКАЖАЛ ОД РОН ДЕНИС?
Според британските медиуми, Рон Денис бил "отфрлен" од Луис Хамилтон откако возачот на Мекларен одбил да каже добар збор за човекот кој му беше ментор на доделувањето на Наградите на спортската индустрија во Британија. Денис, кој доби награда за животно дело за 40-годишното учество во мотоспортот, зборуваше блескаво за Мекларен само две недели пред да ја добие наградата. "Кога се зборува за Мекларен, зборот тим не е доволен. Мене повеќе ми се допаѓа името семејство", изјави Денис. Но, ниту еден член на "семејството" Мекларен не беше присутен на доделувањето на наградата на Денис, освен двата поранешни возачи на тимот, Мика Хакинен и Алан Прост. Според британскиот Дејли Мејл Хамилтон неколкупати ги одбивал предлозите да биде присутен на доделувањето, а одбил и да прати мала изјава за поддршка. Мекларен не пратиле ниту еден претставник и масата со 10 резервирани места за тимот била празна. Според британскиот тим, поканата пристигнала предоцна. Денис се откажа од сите Ф1 активности оваа година и го препушти тимот на Мартин Витмарш. Многумина сметаа дека ова откажување дојде по барање на ФИА, кои само условно го казнија тимот поради "лажењето" на стјуардите на Австралиското ГП. Хамилтон инаку дојде во Мекларен откако од својата 10. година ја имаше поддршката на Мекларен и посебно на Рон Денис. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целосно преуредениот Ф60 болид на Ферари дебитираше на патеката Ваирано во петокот. Новиот пакет е 15 килограми полесен од оригиналната верзија и тестираше брзина на рамнина со Марк Хене зад воланот. Со намалената тежина, Ферари ќе можат да го користат Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС), и би добиле неколку десетинки по круг. Италијанскиот им веќе потврди дека новиот аеродинамички пакет ќе вклучува и ткн. "двоен дифузер".
* Рон Денис веќе не е дел од Ф1 тимот на Мекларен, но, сепак, сака да види неговиот тим да биде конк*рентен оваа сезона по проблематичниот старт на сезоната. "Луис секогаш бил одличен возач и секогаш ќе биде, но Мекларен мора да му дадат опрема за да победува. Сите инженери, дизајнери и механичари работат на тоа. Сега ги гледам Ф1 трките од далечина, но се надевам дека тимот ќе биде далеку подобар во следните трки", вели Денис. * БМВ Заубер тимот признава дека стартот на 2009 не задоволува, но шефот на тимот, Марио Тајзен, вели дека со подобрувањата за Шпанското ГП ќе се намали разликата. "Шпанското ГП го одбележува стартот на европската сезона по 4 трки на страна и е старт на вториот дел од шампионатот. Болидот не е доволно брз и имаме само еден подиум на Ник Хајдфелд во Малезија, и затоа сега е потребно да се направи нешто повеќе во Барселона", вели Хајдфелд. * Марк Вебер вели дека е изненаден што последниот пад на Михаел Шумахер не го натерал Германецот да се откаже од трките на мотоцикли. Иако немаше сериозни повреди, седумкратниот Ф1 шампион Шумахер падна толку силно на тестирањето во февруари, што го откажа учеството на првата трка на Германскиот Супербајк Шампионат. Како и Шуми, и возачот на Ред Бул, Вебер е добар пријател со петкратниот 500сс шампион Мик Дуан. "Тие машини се неверојатни, но не би сакал да се тркам на нив. Мик ме предупреди дека додека не го погодиш вистинското, паѓаш најмалку 10 пати. Ако си млад и тоа е дел од работата го прифаќам, но кога си постар тоа не е препорачано. Михаел би требало да послуша", вели Вебер. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОРБАТА ЗА МОЌ ВО ФОРМУЛА 1 НЕ ПРЕСТАНУВА
Еклстоун нема да дозволи Мозли да го "уништи" Ферари! Берни Еклстоун вети дека ќе спречи "тепачката" меѓу претседателот на ФИА, Макс Мозли, и претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, да се претвори во "вистинска војна". Откако Ди Монтеѕемоло лут на планот на Мозли за ограничување на буџетот најави дека најпознатиот формула 1 тим би се повлекол од Ф1, Мозли одговори дека спортот може да преживее и без нив. Сега според британскиот Тајмс, во Ферари се добива впечаток дека Мозли сака да го "уништи" Монтеѕемоло. Еклстоун вели дека тоа нема да се случи. "Јас нема да дозволам тоа да се случи. Проблемот со Макс е што тој не е способен, како во минатото, да ги запакува работите убаво. Тој сака работите да ги врзе во стара картонска кутија со обичен конец", вели 78-годишниот Еклстоун. Но, Британецот вели дека за несогласувањата еднаква вина има и Монтеѕемоло. "Проблемот на Лука пак е во тоа што не треба да дозволи да се најде во ситуација во која со Макс треба да дебатираш или да се расправаш. Тој е доста умен и не можеш да победиш во таква ситуација", додава Еклстоун. БУЏЕТОТ ЌЕ РАСТЕ ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 40 МИЛИОНИ ФУНТИ Еклстоун исто така верува дека предвидената сума од 40 милиони фунти со која треба да се ограничи буџетот кај тие кои ќе сакаат во 2010, може да се зголеми во следните месеци за да се "натераат" и големите тимови да ја прифатат иницијативата. "По се изгледа сите се согласуваат со ограничувањето на буџетот, вклучувајќи ги и Ферари, но само ако ги натераме да се согласат. Има загриженост околу сумата на која сега е ограничен буџетот и со можноста да има 'двојно ниво' на натпреварување во формула 1. Тие се проблемите, но не се толку големи за да не можат да се решат", вели Еклстоун. Системот би функционирал на двојно ниво бидејќи тие кои би го прифатиле ограничувањето на буџетот би добиле техничка слобода, додека другите би можеле да продолжат со буџет кој им се допаѓа, но би биле под ограничени правила. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФИА реши повторно да го актуелизира проблемот со одлучувањето на шампионатот. Иако предсезонското воведување на новото правило и неговото повлекување за само неколку дена се претвори во фијаско, федерацајата не се откажува од примена на истото. Воведувањето на правилото ќе значи дека победата на една трка ќе има многу поголемо значење кога е во прашање одлуката за титулата кај возачите, односно шампион би бил тој што има највеќе победи во сезоната. Иако за мнозинството инсајдери и вљубеници во споротот ова е “нонсенс”, ФИА брза да го примени правилото од 2010, откако овогодинешниот обид помина катастрофално кај натпреварувачите. Во комбинација не влегуваат и алтернативните решенија, како што се зголемување на бодовната вредност на победата или намалување на истата за второто и третото место, поради фактот што предлогот со најмногу победи е фаворит на Берни Еклстоун.
Сепак, неутрална забелешка во моментов е дека во оваа фаза од шампионатот, многу поинтересно е да се бројат победите, 3:1 за Џенсон Батон во дуелот со Себастијан Фетел, наспроти бодовната состојба во генералниот пласман, која е 31-18 во корист на Британецот. За потсетување, Рубенс Баричело е второпласиран на табелата со 19 бода, но без победа. Уште една забелешка од страна на ФИА е дека, поради забраната за долевање гориво догодина, возачите што ќе се квалификуваат за третата сесија, ќе можат да возат празни, но да долеат гориво во Парк Ферме пред почетокот на трката, што би резултирало со поголема и потесна борба за пол-позицијата. Во моментов нема официјален став од ФОТА или пак од било кој тимски шеф. Ставот веројатно ќе биде истакнат по седницата на 6-ти мај. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ветеранот од Бразил, Рубенс Баричело не ги задоволува своите апетити со фактот што годинава може да ја достигне цифрата од 288 настапи во Формула 1, па најавува дека можно е да си даде уште неколку шанси за освојување на титулата, односно да остане во спортот уште две-три сезони. Во моментов “Рубињо” има 275 настапи, а во Шпанија ќе го има 276-от старт. - Кој знае, можеби ќе возам уште две, три години. Во животот секогаш сум мислел позитивно и убеден сум дека овој став е тоа што ме донесе каде што сум сега. Трките не се како тенис. Не е исто како да сте во третиот сет, а сте изгубиле два сета со 6:0. Од претходните три години знам дека можам да бидам брз како Батон - оптимист е Баричело за Ауто мотор унд шпорт. Лани Баричело го сруши рекордот на Италијанецот Рикардо Патрезе, кој броеше 257 настапи во Формула 1. Сегашниот рекордер, кој е континуирано активен во спортот од 1993 година е без титула, а за него е врзан и фактот што е возач кој најмногу чекал за својата прва победа, која ја остварил во 128-от настап, на патекатаа Хокенхајмринг во 2000 година. к*риозитет е податокот, што ако Бразилецот биде на стартот на сезона 2011, ќе го достигне Патрезе во тој поглед, што ќе биде во болидот во барем една сезона од три последователни децении, постигнување кое го има само Италијанецот (1977 - 1993). Интересно е што во годината кога заврши кариерата на Патрезе, започна одисејата на Баричело. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БРАУН НЕМА ДА ГИ ДОБИЕ ПАРИТЕ НА ХОНДА Тимот на Браун нема да добие пари од комерцијалните права кои Еклстоун и ФОМ треба да ги исплати на Хонда за 2008, потврди Еклстоун. Прв за овој проблем се јави шефот на Рено, Флавио Бриаторе, кој исто така е на чело на "комерцијалниот дел" на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), кој изјави дека парите кои треба да ги добие Хонда треба да се поделат кај другите тимови бидејќи Браун е сосема нов тим. Според Индепендент се работи за сума од околу 20 милиони фунти. На новите Ф1 тимови не им се достапни парите од комерцијалните права веднаш, но пред да се договори откупот на тимот од Рос Браун, се известуваше дека сегашните тимови се согласуваат новите сопственици на Хонда да ги добијат парите. Но, ФИА оцени дека Браун не е само преименуван тим, туку целосно нов натпреварувач. "Парите на Хонда нема да бидат платени на Браун, а можеби нема да бидат платени воопшто. Ние можеме да си ги задржиме ако другите не се согласат", вели Еклстоун и додава дека тој бил против менувањето на името на тимот во Браун ГП бидејќи "тоа не е добро име и не значи ништо на публиката". |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НОЌНИТЕ ТРКИ ОСТАНУВААТ Критикуваните трки во самрак во Австралија и Малезија ќе останат дел од формула 1 календарот, барем за следната сезона. И покрај критиките на фановите и на возачите, Еклстоун вели дека "експериментот" успеал и дека ТВ гледаноста во Европа е зголемена. Сонцето кое заоѓаше во Мелбурн и силниот дожд во Сепанг беа проблематични, но Еклстоун останува на своето. "Сите бројки за ТВ гледаноста пораснаа за 300%. Добивме повеќе од 50% од гледаноста во некои земји. Зошто би се менувало за 2010?", се прашува Еклстоун. Изменето од Iron Man - 05.Мај.2009 во 19:58 |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Батон знае дека сега почнува "вистинската битка" Џенсон Батон признава дека стартот на европската сезона носи поголем предзивик отколку првите четири трки од сезоната надвор од Европа. Англичанецот моментално води во генерален пласман со 12 поени разлика откако победи на три трки, а на четвртата беше трет, но сега знае дека Браун ГП ќе мора да направи нешто посебно да остане во битката и во Шпанија овој викенд. Браун ГП тимот се враќа на добро место за нив откако доминираа на тестирањето пред стартот на сезоната во Барселона. "Иако тимот комплетираше само четири дена тестирање во март оваа година, знаеме с$ за патеката и се чувствуваме удобно пред стартот на европската сезона. За тука ти треба болид со добра надолна сила и имаме среќа што имаме таков болид. Ова може да биде тешка патека за претекнување, така што мораме да бидеме добри на квалификациите и на првиот круг. Минатата недела бевме на мала прослава во фабриката и видов колку сите напорно работат на развојот на болидот. Знам дека во Барселона ќе н$ очекува вистинска битка", вели Батон. Со 31 поен од можни 35, првите четири трки од сезоната беа речиси совршени за Батон, додека неговиот колега Рубенс Баричело е втор во генерален пласман, а тимот на Браун ГП води со 22.5 поени во пласман на конструктори. Но, Рос Браун не се опушта. "Тимот направи неверојатен подвиг со тоа што воопшто имавме болиди на првата трка во Мелбурн, а успехот кој го остваривме е вистинска награда за сите. Кратката пауза ни дозволи да работиме напорно бидејќи знаеме дека конк*ренцијата сега е посилна од таа трка во Австралија", вели Браун. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БМВ пред многу тешка сезона? За тимовите кои се мачат со својата аеродинамика, патеката Каталуња во Барселона овој викенд нема да понуди шанса за подобрување. Тоа е лоша вест за БМВ Заубер, откако швајцарско-германскиот тим најави голем број подобрувања за трката. "Барселона е патека на која безмилосно се гледа секоја аеродинамичка слабост. Се плашам дека проблемите на БМВ ќе бидат уште поголеми таму и дека ќе бидат уште поспори. Од таа ситуација нема да можат да излезат подолго време. Мораат да го развиваат болидот двојно побргу од другите тимови. Мекларен и Ферари го имаат истиот проблем - мораат да направат два чекори, додека тие на врвот само еден. Ако во БМВ не можат да го направат тоа, тогаш сезоната за нив е завршена", оценува Ники Лауда, трикратниот светски шампион. По овие предупредувања доаѓа и информацијата дека БМВ не се сигурни дали овој викенд во Шпанија ќе можат да го подготват "двојниот дифузер", кој беше прогласен за легален. Возачот Роберт Кубица не е оптимист. "Ќе одиме напред во Барселона, но не сум сигурен колку напред. Ќе биде невозможно да ги стигнеме останатите", оценува Кубица |
|
Внеси реплика | страница <1 2627282930 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |