IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 56>
Автор
Порака
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 00:44
де бре? благо со оцет?? дај пиши рецептот,ќе го оправиме овде
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:33
Слика

Сплитска торта

150гр смокви
150гр ореви
150гр суво грозје
3-4лаж брашно
9 белки
9 лаж. шеќер

фил
9 жолчки
9 лаж.шеќер во прав
1 ванилин шеќер
250гр путер

припрема
Смоквите, оревите и сувото грозје ситно се сечкаат , се додава брашното. Настрана се матат белките со шеќерот во цврст снег и се мешаат со сувата смеса.
Се печи во плех 35*40см , 25мин на 180 С.

На пареа се матат жолчките со шеќерот и ванилката, додека да згусни.Откако ќе се олади се матат жолчките со маргаринот.

Кората се дели на 3 дела и се филува...
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:34
Чоколадна торта

фил:
200 ml вода
200 gr шеќер
100 gr какао
1 путер, омекнат
250 gr шеќер во прав
8 жолчки

тесто:
8 белки
200 gr шеќер, или малку помалку
4 лажици презла
3 лажици брашно
прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади.

за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено.

за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време.

кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните.

Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:35
Марс торта


Состојки:

За кора:
200гр. бисквити
300мл. ладно млеко
200гр. млечна карамела

За филот:
5 јајца
100гр. млечно чоколадо
200гр. шеќер
150г. млеко во прав
250гр. маргарин

За глазура:
100гр. чоколадо
50гр. маргарин
1 јајце

Подготовка: Бисквитите натопете ги во ладното млеко и наредете ги на чинија. Карамелата згответе ја во преостанатото млеко и прелејте ја преку бисквитите. Изматете ги петте јајца и шеќерот и гответе ги на пареа. Пред крај, додајте го млечното чоколадо, соединете сè и тргнете го од ринглата. Во топол крем измиксајте го млекото во прав, изладете го, измиксајте го и маргаринот, а потоа нанесете го преку слојот-карамела. Стопете ја чоколадата и маргаринот за глазура, додајте го јајцето и изматете со миксер па прелејте ја тортата со смесата. Изладете ја во фрижидер и уживајте во нејзиниот вкус.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:36
Торта Мандолина
1-лист-
5 јајца
7 лажици шеќер
200 гр кокос
2-лист-
5 јајца
7 лажици шеќер
3-лист-
5 јајца
7лажици шеќер
1 лажица брашно
6 лажици мелени бисквити
Фил 1
2 пудинга од ванила
5 лажици шеќер
5оо гр.млеко
150 гр маргарин
100 гр.прав шеќер
Фил 2
15 жолчки
150 гр шеќер се матат на пареа
кога се олади се додава
150 гр маргарин
Се мешаат двата фила се делат на 3 дела
1-дел се додаваат 250 гр мелени ореви попарени сонеколку лажици врело засладено млеко
2-дел се додава 300 гр стопена чоколада
3 дел останува како што е
Се филува по кој ред сакате, важно е листот од пуслица да е во средина.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:37
Реформ торта


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама Шеќер
50 грама Чоколадо
250 грама Путер
300 грама Ореви
30 грама Кафе
10 Жолчка/ки
30 грама Брашно
10 Белка/ки


Време за подготовка: 30 мин.
Време за готвење: 60 мин.


ПОДГОТОВКА:
Белките матете ги со 300 гр. шеќер во цврст снег, па постепено додавајте ги мелените ореви наизменично со брашното.

Добиената смеса поделете ја на 5 еднакви округли дела, па секој дел испечете го во рерна загреана на 180 степени, 15 минути или додека не добие златна боја, така што ќе добиете 5 кори, па оставете ги да се оладат.

За кремот измешајте ги жолчките со 200 гр. шеќер, додадете ја изренданата чоколада, ставете на пареа и варете додека смесата не почне да се згуснува.

Потоа тргнете го кремот од огнот, додадете го кафето, убаво измешајте, па оставете да се олади.

Потоа, пенесто изматениот путер, вмешајте го во кремот и уште еднаш убаво измешајте.

Испечените и оладени кори премачкајте ги со кремот, наредете ги една врз друга, па тортата целосно повторно премачкајте ја со кремот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:38
Посна торта

За тесто:
- 500гр мелени ореви
- 500гр брашно
- 500гр шеќер
1 кафена лажица сода бикарбона
1 пакетче прашок за пециво
1 пиво
1 ванила

Состојките се мешаат се додека убаво не се соединат, па се остава да отстои тестото 15 минути. Потоа од тоа се дели на две дела и се печат две кори посебно(може и една па потоа да се сече)

за фил:
500гр шеќер
500гр вода
600гр мелени ореви
рендана кора од лимон
2 ванили

шеќерот и водата се остава да зовријат, се додаваат останатите состојки се меша додека се соединат и згуснат.
Предходно оладеното тесто го премачкуваме со топол фил.
На крај се прави глазура од 2 чоколада за готвење со малку масло и малку соино млеко.
Целата торта се премачкува со глазурата и се посипува со дробени ореви

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:48
Сникерс торта
Состојки:

За кората:

10 белки

20 лажици шеќер

5 лажици брашно

1 лажица какао

1 прашок за пециво

200 гр мелени печени кикирики

1 лажица масло



За филот:

1 маргарин

250 гр шеќер во прав

10 жолчки

100мл вода

200гр шеќер

200гр чоколадо

400 гр мелени печени кикирики



Глазура:

100гр чоколадо

10 лажици млеко

6 лажици шеќер

100 гр маргарин



Изматете 10 белки со 20 лажици шеќер, па додадете 5 лажици бражно, 1 лажица какао и прашок за пециво, 200 гр кикирики и лажица масло. Ставете ја смесата во добро намастен и побрашнет плех, и ставете ја за печење.

Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите.

Соединете 100гр чоколадо, 10 лажици млеко, 6 лажици шеќер и 100 гр маргарин, па прелијте ја оваа смеса преку филот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:49
ТОРТА СО МАЛИНИ

Состојки: 10 јајца, 10 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 7 лажички мелени бадеми, 3 ќесички пудинг од малини, 2 ќесички шлаг пена, 100 грама мелени бадеми, 15 грама путер, за декорација – сок од малини, ќесичка желатин, сецкани бадеми.

ПОДГОТОВКА

Направете цврста смеса од белки, додадете шеќер и една по една жолчка од јајце. Матете додека смесата не стане пенеста, па потоа додадете брашно и мелени бадеми. Истурете го во кала за торта подмачкан и попрскан со брашно и ставете го да се пече.

Во меѓувреме, сварете го пудингот, па кога малце ќе се олади, додадете путер и матете го додека пудингот не се олади целосно. Потоа додадете ги шлагот и мелените бадени.

Печената и изладена торта пресечете ја на 3 дела, и филувајте го пудингот. За украсување разматете го желатинот во малце ладна вода, додадете го во вриење сирупот од малини, малце изладете го, па кога желатинот ќе почне да се стега, прелијте ја горната кора. Остатокот украсете го со кремот и бадемите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:50
Кокос торта

Потребно:
-1 обланда
-200 гр. кокос
-6 јајца
-250 гр. мармалад од кајсии
-100 гр. путер
-300 гр. шеќер
-50 мл. вода
-50 гр. какао
Подготовка
- Јајцата се кршат и се делат жолчките од белките.Белките се матат и во нив постепено се додава 200 гр.шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи се додава кокосот и се меша со лажица. Обландата се става во тава за печење и врз неа го нанесуваме филот со кокос.Тавата се става во рерна и се пече 20 минути на 180 степени.
-Во тенџере на оган се става 100 гр. шеќер,50 гр. какао и 50 мл. вода и се промешува. Кога ова ќе зоврие се додава путерот и мешаме.
-Испечената обланда ја вадиме од тавата и ја сечеме на 3 ленти. Првата лента ја премачкуваме со мармалад.Врз неа ја ставаме другата лента и и неа ја премачкуваме со мармалад, на крај ја ставаме и последната лента и целата торта ја мачкаме со мармалад.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:10
ТОРТА – ЈАПОНСКИ ВЕТЕР


Потребни состојки

6 јајца

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

150 грама мелени ораси

1 шлаг од ванила

1 шлаг од чоколадо

1 чоколадо за готвење потребно за глазура

Тесто

6 белки

300 грама шеќер

1 лажица сок од лимон

Изматете ги белките со шеќерот, додадете го сокот од лимон, ставете ја смесата врз хартија за печење и печете на 150 степени саат време. Оладеното тесто поделете го должина на два еднакви дела.

Фил

6 жолтаци

6 лажици шеќер

4 лажици густин

100 милилитри млеко

400 милилитри млеко

125 грама путер

125 грама маргарин

120 грама шеќер

Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете го густинот и 100 милилитри млеко. Останатото млеко (400 мл) ставете го да се обари, па во него ставете ги жолчките и згответе го како пудинг.

Путерот, маргаринот и 120 грама шеќер изматете ги заедно. Кога ќе се олади филот, помешајте го со путерот и маргринот. Составениот и изматен фил, поделете го на два дела. Во едниот фил додадете ги 150 грама ораси. Врз првото тесто ставете го половина фил со орасите, па половина од жилтиот фил. Врз него ставете го другиот дел од тестото, па повторно филот со ораси, па жолтиот фил. Посебно изматете го шлагот од ванила и шлагот од чоколадо и премачкајте преку колачот. По свој вкус можете да го премачкате и со чоколадна глазура.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:11
Москва торта

Тесто: 4 белки, 6 лажици шеќер, 3 лажици сецкани ореви, 1 лажица брашно. Се печат 3 посебни теста, на 225 степени 15 мин, па потоа на 200 степени 20 мин., но сепак зависи од рерната.

Фил: 12 жолчки се матат со 12 лажици шеќер, се додаваат 10 лажици густин и 1 литар млеко и се вари густ крем. Кога ќе се излади се додаваат 250 гр маргарин. Посебно се мати околку 400 мл слатка павлака.

Се става тестото, се мачка од кремот, врз него се редат јагоди, се мачка павлака, па кора, фил, јаготки, павлака, кора и одозгора само филот.
Целата се премачкува со павлака (околу 400 мл) и се декорира по желба со форми од топено чоколадо и овошје.
ете и ролат од јагоди
Потребно:
6 белки
1,5 шолји шеќер
500 мл слатка павлака
500 гр јагоди





Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Добро изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајте го шеќерот и на врвот на ножот сол. Плехчето обложете го со хартија за печење и посипете го со шеќер во прав. Истурете ја изматената белка и измазнете ја. Печете на 170 степени околу 15 мин., а потоа намалете на 150 степени и печете уште 10 минути. Внимавајте да не ја препечете кората, треба однадвор да е крцкава, а внатре мека. Кога кората е испечена ставете ја на чиста кујнска крпа посипена со шеќер во прав. Оставете ја да се олади.

За тоа време, изматете ја слатката павлака, по желба можете да ја засладите. Намачкајте го ролатот по средината со слатката павлака и наредете ги јагодите кои претходно сте ги исекле на пола. Завиткајте ја во вид на ролат. Декорирајте со останатата слатка павлака и јагоди.

Оставете го ролатото добро да се олади и послужете го.
Исто и колач од малини:
Потребно:
300 гр плазма кекс
400 мл слатка павлака
300 гр малини
300 мл млеко
1 ќесичка крем шлаг од ванила
1 ќесичка крем шлаг од чоколадо




Подготовка:

Во тавче или калап наредете ја плазмата претходно потопена во млеко. Крем шлагот од ванила подгответе го според упатството на ќесичката. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте ја со крем шлагот со помош на лажица. Премачкајте ја плазмата со кремот, па одозгора наредете ги малините. Изматете го крем шлагот од чоколадо според упатството на ќесичката и измешајте го со останатата неизматена слатка павлака. Изматете со миксер да се добие цврст шлаг. Намачкајте го шлагот врз малините и ставете го колачот во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќта.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:13
Карамел торта

300 гр. шеќер
750 мл. млеко
2 пуднига од карамел
4 лаж. густин
10 јајца
100 гр. шеќер+10 лаж. шеќер
1/2 маргарин
5 лаж. сецкани ореви + 50 гр. мелени со 50 гр. сецкани ореви
5 лаж. брашно

Фил
Шеќерот се топи на тивко како карамел, внимавајте да не прегори бидејќи ќе горчи, се додава млекото и се остава да зоврие. Пред да започне да врие убаво се додава пудингот и густинот. Филот се остава да се олади, во меѓувреме, 10те жолчки од јајцата се матат со 100те гр. шеќер и се ставаат во ладниот фил од крамел, се додава и изматениот маргарин и 5те лаж. ореви.

Тесто
Преостанатите 10 белки се матат со 10те лаж. шеќер и се додаваат 100те грама комбинирани ореви, сецкани со мелени, мој совет е да пробате со лешници, заменете ги сите ореви со лешници, се додава и брашното и се мати со лажица. Се пече во плех од рерна, се дели на две и се филува. Врз целата торта направете карамел или купете готов карамел и прелијте ја. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 21:13
Фереро торта (со Нутела)

Состојки:
Кора
4 јајца, 100 гр шеќер, 100 гр чоколада за готвење, 110 гр путер, 50 гр потпечени мелени лешници, 100 гр брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво
Фил
300 гр нутела, 200 мл ладно млеко, 250 гр маскарпоне, 2 кесички(80гр) шлаг, 150 гр мелени лешник наполитанки, 100 гр потпечени мелени лешници
За прскање на кората
140 мл млеко, 1 лажица несквик какао
Подготовка
Најпрво подгответе го филот. Шлагот изматете го со млекото во цврст снег, потоа додадете ги маскрапонето, нутелата, наполитанките и лешниците и изматете ги убаво да се изедначи. Филот ставете го во фрижидер и подгответе ја кората. На пареа ставете ги чоколадата и путерот да се стопат. Одделете ги белките и жолчките. Белките со прстофат сол изматете ги и оставете ги на страна. Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса, потоа додадете ги путерот и чоколадата и продолжете со матењето да се соединат. Додадете ги брашното, лешниците и пецивото и со жица измешајте ги. Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех израмнете ја и печете на 180 степени околу 15 мин. Оладената кора исечете ја вертикално на 3 ленти. Се попрскуваат со млекото измешано со несквик и се филоваат со филот. Тортата се украсува по желба, со чоколадо, шлаг, лешници или сл.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.