IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 55>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 10:41
Ситуацијата во Ферари е "неприфатлива"

Актуелните шампиони кај конструкторите, Ферари, бараат брз одговор откако двата болида завршија надвор од поени на скратеното Малезиско ГП, една недела откако имаа нула поени и на првата трка од сезоната во Австралија. Тропската бура во Сепанг ја прекрати втората трка од сезоната донесувајќи втора победа по ред на Џенсон Батон во Браун, додека Фелипе Маса и Кими Раиконен не беа во ниту еден момент фактор во трката.

Откако погрешната проценка околу неговото постигнато време му ја уништи квалификациската сесија и мораше да стартува како 16., Фелипе Маса смета дека италијанскиот тим мора да почне од почеток пред Кинеското ГП во Шангај следниот викенд.

"Се работеше за нов лош резултат и повторно почнуваме од нула. Треба да видиме како можеме да ги подобриме работите, да ги отстраниме грешките и да работиме на нашата стратегија. За толку кратко време не сме паднале на дното, иако лани имавме подобар болид. Мораме да работиме многу бргу", вели Маса.

Шефот на тимот, Стефано Доменикали, се согласува и вели дека е потребна брза реакција.

"Ова е втор лош викенд едноподруго и мораме да реагираме навистина бргу. Работите не одат како што треба, а нашите перформанси не се прифатливи и не можеме да продолжиме така. Мораме да ги решиме техничките проблеми со болидот и да ги намалиме грешките со стратегијата", вели Италијанецот.

Под притисок на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, Доменикали објаснува дека тимот мора да има подобри резултати веќе на следното гран при во Шангај на 19 април.

"Околу перформансите, мораме да работиме на аеродинамиката на болидот и на надолната сила. Мораме да го подобриме ова и да видиме зошто болидот е конк*рентен на тренинзите и на стартот на трката, но се мачи на квалификациите. Болидите сега се многу чувствителни на нивото на гориво и тоа мора да се поправи", вели Доменикали.

Според германските медиуми, пак, Михаел Шумахер можеби имал клучна улога во лошата одлука во неделата Кими Раиконен да излезе на сувата патека во Сепанг со гуми за дожд. Според прогнозите на метеоролозите, Раиконен влезе во боксот на се уште сувата патека со гуми за дожд, и дури обичните гледачи проценија дека се работи за вистинско коцкање. Според Билд, Доменикали одбил да коментира на прашањето дали советникот на тимот Михаел Шумахер ја направил таа одлука.

"Не би сакал да одговорам на тоа бидејќи се работи за внатрешно прашање", додава Доменикали.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 16:08
Батон се скарал со спонзорот поради девојка му

Џенсон Батон се скарал со Ричард Брансон, богатиот нов спонзор на тимот Браун ГП, поради наводен флерт на бизнисменот со неговата девојка Џесика Мичибата. Победникот на воведните две трки од овогодинешната сезона во Формула 1, не можел да се смири откако забележал дека 56-годишниот Брансон флертува со неговата девојка, тврдат британските таблоиди.

Ричард Брнасон, богат индустријалец, сопственик на мултинационалната компанија "Вирџин", вечерта откако објавил дека ќе го спонзорира Браун ГП тимот во еден ресторан во Мелбурн се скарал со Џејсон Батон, тврдат британските медиуми.

"Ричард беше под дејство на алкохол и и' фрли око на Џесика. Дојде до недоразбирање, а Џенсон страшно се налути" - изјавил неизменуван извор за таблоидот "" и додал:

Батон и Брансон

"Ситуацијата беше сериозна, двајцата беа бесни: Ричард затоа што Џенсон преувеличува."

Интересно, 56-годишниот Брансон е оженет, но тоа не го запрело да фрли око на 24-годишната Мичибата.

Сепак, таблоидот исто така наведува дека веќе следниот ден, ситуацијата се поправила и расправиите се заборавени.

Изменето од blueprayer - 13.Април.2009 во 16:08
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 08:07
Лута битка за дифузерите во Париз

Рос Браун е опишан како "личност со крајна арогантност" на почетокот на сослушувањето за дифузерите пред Интернационалниот Апелационен Суд на ФИА. Ферари, Рено, Ред Бул Рејсинг и БМВ Заубер ги однесоа на суд Браун ГП, Тојота и Вилијамс во случај кој може да има огромно влијание на шампионатот.

Во срцето на проблемот е концептуалниот дизајн на дифузерите, аеродинамичкиот дел од болид от кој дава подобри перформанси и кој се наоѓа на задниот дел на болидите на трите тима. Во седиштето на ФИА, над Плас Де Ла Конкорд во Париз, Браун и ФИА беа издвоени како главни виновници за контроверзите.

Водечки во критиките беше легалниот претставник на Ферари, Најџел Тоци, кој успешно го претставуваше тимот во шпиунскиот скандал со Мекларен во 2007. Тој одговори на емоционалната изјава на Браун, кој поднесе голем број на документи кои треба да ги разгледаат петте судии. Во написот Браун вели дека жалбата е "одмаздувачка" и дека доаѓа од "луѓето кои се премногу спори". Тоци на ова одговори дека "само личност со огромна ароганција може да каже дека е во право, кога толку негови колеги не се согласуваат".

Браун ГП, Тојота и Вилијамс имаат т.н. "двоен дифузер", кој се состои од два дела со кои се зголемува проодноста на воздухот, се зголемува надолната сила и се зголемува брзината. Ривалите инсистираат дека не постои ништо во правилата што дозволува такви "дупки" во долниот дел на болидот.

"Сите со добро знаење на англискиот јазик ќе ви објаснат дека се работи за дупка во болидот, за која некој се прави умен и се обидува да го изврти јазикот. Жалбата не е поради тоа што ние не сме ја искористиле можноста, туку бидејќи Браун, Тојота и Вилијамс не работат според регулативите", додаде Тоци.

Под оган се најдоа и ФИА, и посебно техничкиот директор Чарли Вајтинг, кого Тоци го обвини дека "не ја сфатил поентата". Легалниот претставник на Рено, Ендру Форд забележа дека ФИА и Вајтинг минатата сезона прогласиле нелегален дизајн на францускиот производител кој е сличен со тој што сега го користи Тојота.

"Не се работи дека Рено не ја искористиле шансата и 'го пропуштиле бродот', како што кажа Браун, туку за нелегална одлука на ФИА. Во тој момент Рено го напушти развојот на дифузерот", додава Форд.

Тој потврди дека Рено веќе имаат прототип на дифузерот подготвен за трката во Кина овој викенд, доколку жалбата биде одбиена.

Браун ГП победи на првите две трки од новата сезона и резултатот од сослушувањето, кој ќе биде познат денес, може целосно да ја смени ситуацијата во шампионатот. Ако се одлучи дека дифузерите се легални, британскиот тим скоро сигурно ќе остане на врвот се додека ривалите не го "ископираат" дизајнот, а доколку дифузерите се нелегално, тогаш Џенсон Батон може да ги загуби двете победи.

"Не можете да бидете 100% самоуверени, но верувам дека ќе победи здравиот разум и дека судот ќе одлучи дека има механизам кој ние го почитувавме. За да можеме да ја продолжиме сезоната како што треба", изјави Браун.

Поради големината на случајот, покрај 5 судии, има 38 луѓе присутни на сослушувањето, дел адвокати, членови на тимовите и официјални лица на ФИА.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 10:58
"Ако сакате да гледате идната недела бидете на А1,не немој да бидете на А1"Миленко
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 23:14
Lewis Hamilton (6th):
“It was almost too difficult to drive at the beginning of the race. But I found a good pace and had some fun in the opening laps, but unfortunately I destroyed my tyres quite early on. I made a few too many mistakes today. It was very slippery and my front-left tyre was finished long before the end but I still gave it my best. This afternoon was a real struggle but I’m glad I got some points for the team.”

Хм во изјавава не гледам баш жар и желби за победа,
мило му било за бодовите


Ferrari
Kimi Raikkonen (10th):
"In the early stages, it wasn't too bad but then, after my stop, I lost grip from the tyres and I was no longer able to push as hard as I wanted, because it meant the car was sliding a lot. A few times, the engine seemed to lose power, especially when I found myself close behind other cars, but then the problem went away on its own. Clearly the championship situation looks very difficult. We have made mistakes and we are not quick enough. In Barcelona, when we will have new aero parts, we should be able to pick up some of the grip we are lacking now. I am sure we can be competitive enough to win again but this work will take time. The team is motivated, I'm sure of that and we will all do our bit. Now it is easy to criticize, but we know how to turn things round."

Well...Clearly, и има што да се критикува иако
кога е Ферари во прашање и не мора да брзат да влезат во ритам
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 13:45
Еден два победа на Ред Бул

Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул победи на трката за Големата награда на Кина во Формула 1, во натпреварување кое го одбележа дожд и тешки услови на патеката. Второпласиран беше неговиот клупски колега, Марк Вебер со 11 секунди доцнење, а трет пилотот на Браун ГП, Џенсон Батон со 45 секунди доцнење зад победникот.

Поради големата количина на вода на стазата, трката почна зад безбедносното возило. "Летечкиот старт" проследи во осмиот круг кога безбедносното возило излезе од стазата, а недолго потоа започнаа и инциденти.

На стазата која беше под вода најдобро се снајде Фетел, кој, освен кога влегуваше во боксот, водеше практично од самиот почеток.

Вториот возач на Браун Мерцедес, Рубенс Баричело беше четврти, а најдобар пласман сезонава освоија возачите на Мекларен Мерцедес Ковалаинен и актуелниот шампион Хамилтон кои ги завзедоа петтото и шестото место во Кина.

Тие направија и најголем пробив во однос на стартната позиција на оваа трка.

Бодови за Тојота освои Тимо Глок, а бод заслужи и "шпанската" верзија на Ред Бул, Буеми беше осми во Торо Росо.

Фернандо Алонсо со Рено беше деветти, а Ферари повторно остана без бодови, Раиконен беше десетти, а Маса не ја заврши трката.

Без добар пласман повторно остана и Роберт Кубица од БМВ Заубер, завршувајќи на "баксузното" 13 место.

Пласман кај возачите

Џенсон Батон, Браун ГП 21

Рубенс Барикело, Браун ГП 15

Себастијан Фетел, Ред Бул Рено 10

Тимо Глок, Тојота 10

Марк Вебер, Ред Бул Рено 9,5

Јарно Трули, Тојота 8,5

Ник Хајдфелд, БМВ Заубер 4

Феднандо Алонсо, Рено 4

Хеики Ковалаинен, Мекларен-Мерцедес 4

Луис Хамилтон, Мекларен-Мерцедес 4

Нико Розберг, Вилијамс-Тојота 3,5

Себастијен Буеми, Торо Росо (СТР-Ферари) 3

Себастијен Бурде, Торо Росо (СТР-Ферари) 1

Пласман кај конструкторите

Браун ГП 36

Ред бул-Рено (РБР Рено) 19,5

Тојота 18,5

Мекларен-Мерцедес 8

БМВ Заубер 4

Рено 4

СТР-Ферари (Торо Росо) 4

Вилијамс-Тојота 3,5.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 10:15
Ферари, Мекларен и БМВ во потрага по брзината

Ако Мекларен не се во позиција да победата ГП трка оваа сезона, тоа нема да е вина на партнерот и снабдувач со мотори, Мерцедес-Бенц. Тоа е пораката која потпретседателот на германскиот производител, Норберт Хауг ја даде откако светскиот шампион Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен собраа само 4 поени од првите три трки во сезоната 2009.

"Ако се работи на начинот на кој работи нашиот КЕРС систем и моторот, тогаш сигурно ќе се бориме за титулата", вели Хауг.

Тој додава дека овој коментар не е критика за тимот на Мекларен, и покрај фактот што се освен моторот и КЕРС се произведува во фабриката на тимот во Вокинг.

"На полето на аеродинамиката можевме да завршиме далеку подобра работа", признава Хауг.

Мерцедес-Бенц снабдува 6 од 20 болиди во формула 1 со мотори оваа сезона, но само болидите на Мекларен го носат брендот на компанијата од Штутгарт, додека Браун ГП и Форс Индија исто така ги користат моторите. Додека Браун е на врвот во формула 1, Мекларен се мачи со МП4/24 болидот.

"Луѓето од Мекларен ни кажаа да им дадеме шанса и верувам дека во следните пет шест трки ќе се потрудат на ист начин како што лани ја освоија титулата", смета Хауг.

Дека ќе бидат потребни барем уште неколку трки за да се врата на врвот, признава и самиот Хамилтон.

"Имаме солидна насока во тимот, сите подобрувања носеа и подобри резултати и тоа покажува колку силен тим сме. Но, се уште сме на неколку трки од вистинска конк*рентност. Во Бахреин ќе видиме каде се нашите ривали", смета Хамилтон.

ФЕРАРИ ГИ МАЧАТ "МАЛИ И ГЛУПАВИ" ГРЕШКИ

Доколку Мекларен имаат барем неколку поени, Ферари се наоѓаат во најлошиот старт на сезоната од 1981 без поени за Фелипе Маса и за Кими Раиконен. Бразилецот Маса вели дека тимот има лоша среќа со "многу мал и глупав проблем" поради кој се откажа на Кинеското ГП.

"Во фабриката работиме да ги надминеме овие проблеми со постојаноста. Проблемот кој го имав со електрониката во Кина беше нешто што го гледаме по првпат. Мора да се признае дека среќата не е на наша страна и страдаме од мали и глупави проблеми", признава Маса.

Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, кој освои пет од своите седум светски титули со Скудерија, вели дека е прерано да се отпишат Ферари.

"Ја сфаќаме нашата ситуација, но не се откажуваме. Ферари никогаш не се откажувале и во минатото, и затоа не треба да се отпишуваат уште сега. Тоа е доброто во формула 1, нема време за фрустрации и мораш да гледаш напред. Секако, ситуацијата засега не изгледа добро, но разликата не е толку голема како што изгледа. Рос Браун има многу знаење и тој е голем човек. Неверојатно е како направи трансфер од мотори на Хонда на тие на Мерцедес. Тоа е една од најневеројатните работи во Ф1 оваа година", смета Шуми.

ТАЈЗЕН: "НОВИОТ ПОРЕДОК Е ДОБАР ЗА Ф1"

Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен пак вели дека менувањето на распоредот во формула 1 оваа сезона е добро за спортот, иако неговиот тим е еден од тие кои не покажаа најмногу во првите три трки. Германецот не се согласува со коментарите на шефот на Рено Флавио Бриаторе, кој вели дека кредибилитетот на спортот е нарушен бидејќи независните тимови ги победуваат производителите.

"Освежувачки е да се види нов распоред во формула 1, иако ние не добивме ништо. Има неколку ефекти кои ги немаше предходните сезони. Ако се види сега разликата од првиот до последниот е 1.5 секунда, а пред неколку години беше 5 или 7 секунди. За фановите е навистина забавно. Но, се согласувам со Бриаторе за тоа што вели дека ќе се потрошат многу пари додека се стигнат тимовите со дифузерите. Тоа не е добро за нас, ниту за спортот", смета Тајзен.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 17:40
Мекларен ќе се откаже од Ф1 ако спонзорите заминат!

Мекларен може да биде принуден да се повлече од формула 1 доколку тимот добие суспензија и "нереално висока" казна за нарушувањето на угледот на спорот на сослушувањето на ФИА во Париз на 29 април. Според британскиот Дејли Телеграф, агентите на главните спонзори на британскиот тим се сретнале со ФИА и Формула 1 менаџментот (ФОМ) на Берни Еклстоун да им ја соопштат сериозноста на ситуацијата доколку Мекларен се суспендирани на сослушувањето во средата.

Мекларен ќе одговараат за пет обвиненија дека лажеле пред стјуардите на трката во Австралија и Малезија, поради што на Јарно Трули и Тојота им беше одземено третото место од трката во Мекларен. Покрај ова тие се обвинети дека побарале од светскиот шампион Луис Хамилтон да ја поддржи лагата. За ова тимот веќе доби дисквалификација од Австралиското ГП и ги загуби поените од трката, додека спортскиот директор Дејв Рајан, на кого падна целата вина, е отпуштен.

Рон Денис, извршниот директор на Мекларен Аутомотив, исто така се повлече од спортот во обид да се удоволи на ФИА, со кои тој имаше тешки односи. Но, ФИА продолжуваат со истрагата за случајот поради кој Луис Хамилтон се извинуваше јавно на патеката Сепанг пред три недели.

"Можам да кажам дека ако има непропорционално голема казна за Мекларен, спонзорите ќе си заминат. Мислам дека главната цел беше ФИА да се ослободи од Рон Денис. ФИА дозволи ситуацијата да ескалира и така нема добро за никого, за Мекларен, за ФИА и за спортот. Спонзорите ќе размислат за влегување во спортот", вели еден анонимен член на Мекларен.

Суспензија од две трки каква што тимот на БАР Хонда доби во 2005 би значела Мекларен да не настапи на трките во Барселона и Монако. Шпанија е клучен пазар на Банко де Сантандер, еден од главните спонзори на тимот, додека Монако е најважната трка од сезоната од гледна точка на спонзорите. Со суспензија од четири трки би се вклучило и Британското ГП во Силверстоун.

Ако се оцени дека Мекларен се виновни според членот 151Ц од спортските правила, тоа ќе биде вторпат во три години да добијат ваква казна. Последниот пат во 2007 поради поседување на нелегални документи на Ферари добија 100 милиони е казна. Ако ова е случај, тогаш клаузулите во договорите на главните спонзори, како Водафон и Диагео (сопсвеникот на Џони Вокер) дозволуваат тие да си заминат, со што еден од најголемите тимови во Ф1 ќе остане без спонзори во ситуација на глобална рецесија.

Според шпекулациите, 10-годишниот договор на Водафон со Мекларен потпишан во 2007 со опција за раскинување по пет години вреди околу 800 милиони е, додека договорот на Диагео е околу 45 милиони е годишно. Ексон Мобил и Банко де Сантандер се вторите два големи спонзори на тимот. Мекларен вработува околу 600 луѓе.

На овие песимистички најави се надоврза и Хелмут Ленсе, кој се наоѓа во бордот на Дајлмер, татковската компанија на Мерцедес, кој призна дека формула 1 учеството не е воопшто сигурно. Мерцедес страда во економската криза и Ленсе смета дека парите може да се потрошат на подобар начин. Мерцедес има 40% акции во Мекларен.

"Дајмлер мора да има цел во зелената технологија. Дали тука се вклучува и формула 1? Место да се грижиме за формула 1, можеби треба да се концентрираме на еколошките технологии", смета Ленсе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 15:55
Momentalna Tabela vo F1 2009

1.     Jenson Button 21
2.     Rubens Barrichello 15
3.     Sebastian Vettel 10
4.     Timo Glock 10
5.     Mark Webber 9,5
6.     Jarno Trulli 8,5
7.     Nick Heidfeld 4
8.     Fernando Alonso 4
9.     Heikki Kovalainen 4
10.     Lewis Hamilton 4

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 16:25
Џенсон Батон трет пат победи сезонава

Британецот Џенсон Батон победи денес на Големата награда на Бахреин и така ја забележа третата победа во четвртата трка во Формула 1 сезоната.

Германецот Себастијан Фетел беше втор, а Италијанецот Јарно Трули заврши на третото место и не ја искористи пол позицијата освоена на вчерашните квалификации..

Батон води во шампионатот во Формула 1 со 31 поен, Бразилецот Рубенс Барикело кој денес заврши на петтото место е втор со 19, а Фетел трет со 18 поени.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 16:52
Батон ја "уништи" конк*ренцијата во Бахреин

Џенсон Батон го зголеми водството во генерален пласман во формула 1 во неделата кога со Браун ГП стигна до својата трета победа во четири трки оваа сезона. Британецот победи со солидни 7 секунди предност пред победникот од Шангај, Себастијан Фетел во Ред Бул, додека Јарно Трули во Тојота, кој стартуваше од пол-позицијата, мораше да се задоволи со третото место.

Батон, кој сега има 4 победи во кариерата, има 31 поен во генерален пласман, далеку пред својот тимски колега Рубенс Баричело со 19 и Фетел со 18. Шампионите кај конструктори, Ферари конечно ги освоија своите први поени оваа сезона, откако светскиот шампион од 2007 Кими Раиконен заврши како шести.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон во Мекларен, кој може да добие остра казна на сослушувањето во Париз во среда за лажењето на стјуардите на Австралиското ГП, беше четврти по одличниот старт, додека Баричело беше петти пред Раиконен. Последните поени на жешкото попладне ги освоија Тимо Глок на 7. место и двократниот светски шампион Ферандо Алонсо во Рено.

Глок полесен од неговиот колега Трули имаше побрз старт и водеше во првите 10. кругови пред да влезе во боксот. Батон го презеде водството во 13. круг, и потоа само им дозволи на кратко на Фетел и Раиконен да бидат на првото место кога беше во боксот. Тој посебно беше во контрола во последната третина од трката.

"Одиме во Европа со добри поени. Сакам да го повториме ова во Барселона. Ова беше тежок викенд и немавме предност како на првите трки, бидејќи некои тимови веќе не поминаа. Првиот круг беше клучен денес, бидејќи знаев дека Фетел има доста гориво, но добро беше што на крајот на тој круг бев трет. Ова беше најдобрата победа оваа година бидејќи немавме доминација", вели Батон.

Јапонскиот гигант Тојота се надеваше на првата победа во историјата на тимот откако имаа 1-2 на квалификациите, но различната стратегија за гумите не се покажа како успешна. Тие избраа поспорите "средни" гуми да ги искористат во средината на трката и побрзите супер-меки во последниот дел од трката бидејќи не беа сигурни дека тие ќе издржат долго. Останатите решија да одат со "средни" до последниот обид, а брзината на Мекларен покажа дека тоа беше подобра тактика. Иако Трули беше побрз во последните 16 круга од Фетел, не можеше да го помине Германецот.

"Разочаран сум бидејќи ја чекавме оваа прва победа за Тојота толку долго. На стартот имав проблеми со маслото и потоа беше тешка трка. Не бевме многу брзи на потврдите гуми и Себастијан успеа да го искористи тоа", вели Трули.

Луис Хамилтон од друга страна беше презадоволен од 4. место.

"Секако дека сум пресреќен. Стартував како петти, но имав добар старт. Но, Ред Бул, Тојота и Браун се пребрзи на кривините. Не можев да останам со нив. Имаме многу работа пред нас. Долга трка на оваа жештина", коментира Хамилтон.

Поради стратегијата на Тојота, Кими Раиконен мораше да се бори во финишот на трката за да го остави Глок зад него, но успеа со умно користење на КЕРС копчето да ги освои првите поени за Ферари.

Вистинска катастрофа доживеа тимот на БМВ, кои откако лани се бореа за победи, овојпат беа заковани на последните две места на трката.

РЕЗУЛТАТИ (БАХРЕИН ГП)

1.Џенсон Батон (Браун) 1:31:48.182 10

2.Себастијан Фетел (Ред Бул) +7.187 8

3.Јарно Трули (Тојота) +9.170 6

4.Луис Хамилтон (Мекларен) +22.096 5

5.Рубенс Баричело (Браун) +37.779 4

6.Кими Раиконен (Ферари) +42.052 3

7.Тимо Глок (Тојота) +42.880 2

8.Фернандо Алонсо (Рено) +52.775 1

9.Нико Розберг (Вилијамс) +58.198

10.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1:05.149

11.Марк Вебер (Ред Бул) +1:07.641

12.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +1:17.824

13.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1:18.805

14.Фелипе Маса (Ферари) +1 круг

15.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг

16.Адријан Зутил (Форс Индија) +1 круг

17.Себастиен Буеми (Торо Росо) +1 круг

18.Роберт Кубица (БМВ) +1 круг

19.Ник Хајдфелд (БМВ) +1 круг

НЕ ЗАВРШИ

20.Казуки Накаџима (Вилијамс) +9 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ


1.Џенсон Батон (Браун) 31

2.Рубенс Баричело (Браун) 19

3.Себастијан Фетел (Ред Бул) 18

4.Јарно Трули (Тојота) 14.5

5.Тимо Глок (Тојота) 12

6.Марк Вебер (Ред Бул) 9.5

7.Луис Хамилтон (Мекларен) 9

8.Фернандо Алонсо (Рено) 5

9.Ник Хајдфелд (БМВ) 4

9.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 4

11.Нико Розберг (Вилијамс) 3.5

12.Кими Раиконен (Ферари) 3

12.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3

14.Себастиен Бурде (Торо Росо) 1

КОНСТРУКТОРИ

1.Браун ГП Мерцедес 50

2.Ред Бул Рејсинг Рено 27.5

3.Тојота Панасоник 26.5

4.Мекларен Мерцедес 13

5.Рено Ф1 5

6.БМВ Заубер 4

6.Скудерија Торо Росо Ферари 4

8.Вилијамс Ф1 Тојота 3.5

9.Скудерија Ферари 3

-.Форс Индија Ф1 Мерцедес 0
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 17:13
Што е тајната на задните дифузори на Браун, Тојота и Вилијамс
Задните дифузори кои ги имаат тимовите на Браун, Тојота и Вилијамс, според многумина се “виновни” за добрите перформанси на овие тимови, а според другите тимови тие беа нелегални. После прогласувањето на легалноста, ние ќе ја откриеме “тајната” на подните спојлери.



На приложената слика, која е пример од дифузорот на тимот на Тојота, може да се види дека спорниот дел има неправилен облик, односно средниот дел е повисок од страничните, кои се во дозволената висина од пропишаните 175 mm. Сепак, според правилата дозволени се зафати токму во спорниот централен дел и тоа 150 mm од средината (надолжната оска). На инженерите на трите спорни тимови им текнало дека тој централен дел (кој не е ограничен висински), можат да го спојат со дифузорот и така да добијат поголем проток на воздух и подобар downforce. Тука законот не е изигран, бидејќи самиот дифузор е висок 175 mm, а додатниот отвор пак ја задоволува побараната ширина од 150 mm. Интелигентниот потег на Браун и Тојота им донесе прво и трето место во генералниот пласман по првите три трки и видливо добри перформанси на тимот на Вилијамс.



На примерот на дифузорот од тимот на Мекларен, јасно се гледа дека таков централен дел не постои, односно дека е присутен само дифузорот. На оваа слика може да се види и дека таквиот дифузор овозможува многу помал проток на воздух, што го намалува прилепувањето на подлогата, а со самото тоа и перформансите во побрзите свиоци.

Токму поради погоре напишаното, овие дифузори беа прогласени за легални. Впрочем, трите тимови кои ги користат, за цело време на зимските тестирања ја консултирале FIA и добивале позитивни одговори. Се очекува после доаѓањето во Европа и другите тимови да почнат да ги вградуваат спорните дифузори на своите болиди.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:40
Свинскиот грип ја откажува трката во Барселона?!

Откако поради можно ширење на заразниот свински грип беа откажани одделни фудбалски случувања во земјата од каде доаѓа болеста, Мексико, сега таа му се закани и на елитното автомобилистичко натпреварување, Формула 1.

Следната трка во Формула 1, петта овосезонска, за Големата награда на Шпанија, на програмата е на 10 мај на стазата "Циркуит де Каталуња", во близина на Барселона, а за истата веќе се продадени 60 илјади карти.

Токму Каталонија е подрачјето во кое досега се забележани најмногу случаи на заразниот свински грип во цела Европа, поради што, пишуваат некои шпански медиуми би можело да биде загрозено одржувањето на трката.

Светската здравствена организација прогласи четврти степен на узбуна од епидемија на свинскиот грип од кој засега во Мексико смртно настрадаа повеќе од сто луѓе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:41
Ajdeee!!! Mnogu panika se kreva za nisto! A sega duri i F1 ke se otkazuva radi ova

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.