IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 30>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:41
Прилепските ергени

Прилепските ергени
каде одат и пејат,
по момите гледаат,
да ги видат, ќе свирнат.
И со око ќе намигнат:
- „Леле, леле што се убави“.

Стар бел дедо прислушнал,
бела коса исчешлал
и на баба ѝ вели:
- „Дај мори бабо да те бакнам јас,
и за образ да те штипнам,
леле, леле што си убава“.

Кутра баба не гледа
и на дедо му вели:
- „Де бре старо, будало,
пусти памет ти излегол,
пусти ѓавол ти навлегол,
леле, леле старо, будало“.

- „Пусти ѓавол ми излегол,
пусти мерак ми навлегол,
бабо мори за тебе,
дај мори бабо да те бакнам јас,
и со рака да те штипнам,
леле, леле што си убава,
како солца да те макнам,
леле, леле што си убава“.


Провикнала е Драганка

Провикнала е Драганка леле,
провикнала е Драганка
од врв на Пирин планина леле,
од врв на Пирин планина.

Умирам мајко за вода леле,
умирам мајко за вода,
како босилок за роса леле,
како босилек за роса.

Каршија седит овчарче леле,
каршија седит овчарче
и на Драганка говори леле
и на Драганка говори.

Драганке моме убаво леле,
Драганке моме убаво,
таа вода не е убава леле,
таа вода не е убава.

Сношти минаа ајдуци леле,
сношти минаа ајдуци,
крвави ризи испраа леле,
крвави ризи испраа.

Крвави ризи испраа леле,
крваки ризи испраа,
оштри ножови имија леле,
оштри ножови измиа.

Оштри ножови измија леле,
оштри ножови измија,
три глави внатре фрлија леле,
три глави внатре фрлија.


Проклета да е Австралија

Проклета да е Австралија
што ме раздели од фамилија.
Си ја оставив мојата жена
цвеќе вградина да ми овене.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]

Мојте другари песна ми пеат,
абре Стојане немој не оди.
Кому оставаш, млада невеста,
с' машко детенце и стара мајка.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]

Проклета да е Австралија
ми ја запусти фамилијата,
црна туѓина земја далечна
многу далеку, сам без никого.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 19:42
Проштавај ми мила моја

Проштавај ми мила моја,
јас си одам многу млад,
а срцето не ми дава,
сама да те оставам.

Те оставам со мајка ти,
татко, браќа и сестри,
јас ќе одам со комити,
в' македонски планини.

Јас ќе одам во планини,
со мојата дружина,
Гоце Делчев да го пазам,
а и другите борци.

Плачат жени, пиштат деца,
тесно им е в' градите.
Сакет да исфрлат маки
од петвековното ропство.


Пуста младост

Пуста младост мамо, пуста младост.
Пуста младост милај мамо, не се стига.

Не се стига мамо, не се срешча.
Ни се с' пари, милај мамо, не купува.

Младост тече мамо, младост тече.
Младост тече милај мамо като вода.

Старост дебни мамо, старост дебни.
Старост дебни милај мамо като сенка.

______________________________


Разболе се Ирина мома

Разболе се, ај разболе се
мојата Ирина,
ете станаа три години
откако лежи.
- Кажи Иринке, ај кажи душо,
од што си болна?

- Мојта болест, ах мило либе
не је од Бога,
мојта болест, ах мило либе
од кара севда.

Пратив стројник, ах мило либе
мајка ти те не дава,
оти јас сум, ах мило либе,
многу сиромав.

Зошто мајко ти ме мене
млада зацрни?
Јас да умрам, ах мила мајко,
млада и зелена?
Јас да умрам, ах мила мајко,
од кара севда?


Изменето од Miki_P - 13.Декември.2008 во 19:47
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 18:07
Расцвети верна љубов во народот,

Расцвети верна љубов во народот,
засвети силно в' срца поробени.
Со силен пламен распламти,
со голем оган разгори,
до срца млади и јуначки,
да тргнат во гората.

На ремен танки сабји запашите,
за татковина своја да станите.
Да викниме со глас голем,
да чует Балкан поробен,
големо, мало, станувајте,
оружје земајте.

За наша мила, славна татковина,
за наша мила, слободна држава.
И крвта да си пролејме,
за слободно да живеиме,
од тие неверни тирани,
Турци отоманци.


Решив да се оженам
Решив да се оженам
дури сум уште млад
и тргнав мома да барам,
од род голем богат.

Да биде убавица
да знае да чита,
пијаното да пишти
под нејзини раце.

Не помина многу време
и јас се оженив,
си најдов таква мома
што барав по светот.

Од првин беше ангел,
ангел на овој свет,
од ангел се претвори
вистинска сатана.


Река газит малој моме

Река газит малој моме,
бели му се нози,
в' роци носит кошничица
полна с' љубичица.

Се с'рефије мома и момче,
во тесно сокаче.
Проговара младој моме,
на младо јуначе:

- „Дал' на војска одиш лудо,
ил' од војска идеш?“
- „Ни на војска одам, лудо,
ни од војска идам,
тук' сум било на ат-пазар
коња да си купам“.

Пружи рока, лудој младо,
качи ме на коња.
Качи ме на коња лудо,
однеси ме дома.
Однеси ме дома, лудо,
в' шарена одаја.
В' шарена одаја, лудо,
на мека постела.
Татко вети поменица,
мајке одменица.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2008 во 19:48
Роден, роден крај
Помина ти крај мене
а ми рече два збора
либе одам в туѓина
срцево ми тагува.

Рефрен:
Роден, роден крај
ти си како рај
живот мој си ти [2х]
за тебе пеам јас.

Ќе се вратам в роден крај
кај што цути само мај
да ги видам браќата
како градат мајко рај.

Рефрен


Ружиче бело и црвено

Ружиче бело и црвено,
не оди ситно пред мене,
не дигај магли раови.

Не скоривај моме јадови,
надеа сум само, јадовно.

Деј гиди Страте, море будала,
што жалиш толку за мене,
имаш невеста убава?

Ружиче бело и црвено,
имам невеста убава,
ама е многу мрзлива.

Меракот ми е моме на тебе,
умрев, загинав за тебе.

------
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 18:17
С' каменички фрлат мамо

С' каменички фрлат мамо
на нашите ѓермиди
дејгиди мила мајко мори
на нашите ѓермиди.

Дал' да одам мила мамо
јас да му отворам
дејгиди мила мајко мори
јас да му отворам?

Немој душо немој ќерко
вечера немаме,
оф мори ќерко, ќерко мори
вечера немаме.

Негова вечера мамо
мојте слатки думи,
оф мори мајко, мајко мори
мојте слатки думи.

Немој ќерко, немој душо
постела немаме,
дејгиди мила ќерко мори
постела намаме.

Негова постела мајко
мојта рамна снага,
оф мори, мајко, мајко мори
мојта рамна снага.


Саде ти се чудам Цвето

Саде ти се чудам Цвето
саде ти се чудам,
еј јагне мори Цвето
како сама спиеш? [х2]

Како сама спиеш Цвето
како сама спиеш
еј јагне мори Цвето
в' шарена одаја? [х2]

В' шарена одаја Цвето
на железен кревет.
Еј јагне мори Цвето
на мека постела. [х2]

Ај викни ме Цвето мори
другар да ти бидам
еј јагне мори Цвето
другар да ти бидам
еј јагне мори Цвето
со тебе да спијам.


Садила Јана

Садила Јана леле,
садила Јана,
садила Јана леле,
ран бел босилок.

Кога го садила леле,
кога го садила,
кога го садила леле,
не се вратила.

Ми се вратила леле,
ми се вратила,
ми се вратила леле,
рано в' недела.

Оздола иде леле,
оздола иде,
оздола иде леле,
лудо ем младо.

Прво си трга леле,
прво си трга,
прво си трга леле
в' Јанина бавча.

Скини ми Јано леле,
скини ми душо,
скини ми Јано мори
ран бел босилок.

Ако си ерген лудо,
ако си ерген,
ако си ерген лудо
само скини си.

Ако си женето лудо,
ако си женето
ако си женето лудо
крши си вратот.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 18:23
Сал си одам, сал си питам

Сал си одам, сал си питам,
дека седи Грозда мома,
Грозда мома битолчанка.

Она седи ош' погоре
ош' погоре, Горно Маало.
Нејна порта бележита,
до портата бела чешма.

До портата дафин дрво.
На дрвото славеј пиле,
славеј пиле само пее.

Што се сака не се зема,
што се не'ќе ќе се земи,
ќе се земи, фајде нема.


Само ме гледаш

Само ме гледаш, очи ми пиеш
но ни збор јас не чув
ти да ми го кажеш.
Ах либе, либе ле [х2]
но ни збор јас не чув
ти да ми го кажеш.

Дојди, дојди либе
мојте очи да бидат твој
зошто ко цвет ќе овенат
дојди либе ти.

Срце и соној дамна ти пленив
но ни зборој не чув
колку ти ме љубиш.
Ах либе, либе ле [х2]
но ни зборој јас не чув
колку ти ме љубиш.

Дојди, дојди либе
мојте очи да бидат твој
зошто ко цвет ќе овенат
дојди либе ти.


Саноќ ле Надо

Саноќ ле Надо, саноќ не спијам,
пред порти стојам за да те видам.
Очи ми солзат, срце тагува
сè заради наш'та, ле Надо, пуста разделба.

Излези Надо барем до порта,
за да ти видам белото лице,
белото лице, црните очи
и тие Надо мори гајтан веѓи.

Не можам Ѓорѓи, не можам либе,
не можам на порти да излезам,
порти ми Ѓорѓи мајка затвори,
пенџер ми Ѓорѓи море татко соѕидал.

Татко ти Надо, та и мајка ти
Бог ти ги убил, огин изгорел,
порти ќе турнам, пенџер ќе урнам
и тебе Надо мори ќе земам.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:42
Саноќ ми билбил пропеа

Саноќ ми билбил пропеа
на катиниот трендафил.
Саноќ ми билбил пропеа
на катиниот трендафил.

Стани ми стани Катинке,
стани ми стани девојче.
Стани ми стани Катинке,
либето ти се посврши.

Од тебе бара проштење.
Од мене просто да му е,
од Бога проклет да биде
срцево ми го изгоре.


Саноќ седам Трено

Саноќ седам Трено, саноќ мислам
сите моми Трено ги споминам
кога тебе те споминам
чаша солзи Трено исполнувам.

Чаша солзи Трено наполнувам
ал шамија Трено натопувам
ал шамија натопувам
на гради ја Трено исушувам.

Саноќ седам Трено, саноќ пијам
сите песни Трено ги спејувам
сите песни ги спејувам
сите моми Трено ги споминам.

Кога тебе Трено те споминам
тамбурата Трено искршувам.


Свирете ми свирачи

Денес пејам, се веселам
свадба правам, син женам,
мојата радост е голема,
срце од радост ми плаче.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.

Ајде свате дигни чаша да пиеме
за младите да наздравиме,
чедо ваше, чедо наше, се засакале
штом се земат, среќни ќе бидат.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.

Пријатели и роднини браќа мили
јас сум среќен и пеам
желбата моја се исполни,
во недела ќе пеам.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:44
Свирете ми чалгии

Ај засвирете ми чалгии,
една песна мераклиска,
празник ми е на душава
денес плачам за младоста.

Свирете ми чалгии
свирете ми сѐ од срце,
празник ми е на душава,
денес тажам за младоста.

Ај засвирете ми чалгии
тешка песна како животот,
очи солзи да наполнам,
срце мое да олеснат.

Свирете ми чалгии
свирете ми сѐ од срце,
празник ми е на душата,
денес жалам за младоста.


Сеј со здравје севдо моја

Сеј со здравје, севдо моја
дур' си е ден да си одам.
Сета работа си је оставив,
со тебе да се ?.

Подари ми твојта слатка уста
за да си позборвиме.
Подари ми твојте црни очи
за да се погледаме.

Не вени ми моје лице бело
денеска си го љубело.
Не плачите моји очи црни,
до сега бевте со него.


Се заљубив во девојче убаво

Се заљубив во девојче убаво
во девојче танка снага очи зелени.

Рефрен:
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]

Една вечер јас го сретнав на порти
бре девојче лудо младо со друг стоеше.

Рефрен:
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]

Па си појдов во меана да пијам
да го смирам мојто срце заљубено.

Рефрен:
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]

Пивнав вино, викнав песна да пеам
да си душа од срце тажно развеселам.

Рефрен:
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]

Рефрен:
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]

Изменето од Miki_P - 20.Декември.2008 во 17:45
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:46
Се запали пиле Трено

Се запали пиле Трено одајчето, [х2]
одајчето пиле Трено варосано. [х2]

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, [х2]
тук ми е жал пиле Трено за чекмеџето. [х2]

Внатре беа пиле Трено тапиите, [х2]
тапиите пиле Трено од нивјето,
тапиите пиле Трено од ливаѓето.


Се навали Шар Планина

Се навали, се навали Шар Планина, ајде
се навали, се навали, Шар Планина.

Ми потисна, ми потфати три овчари, ајде
три овчара, три овчара, три чобана.

Први овчар, први овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, ај пушти ме, Шар Планино.

Имам жена, имам жена што ме жали, ајде
имам жена, имам жена, ќе ме жали.

Втори овчар, втори овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, пушти мене, Шар Планино.

Имам сестра, имам сестра, ќе ме жали, ајде
имам сестра, имам сестра, ќе ме жали.

Трети овчар, трети овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, пушти мене, Шар Планино.

Имам мајка, имам мајка, ќе ме жали, ајде
имам мајка, ќе ме жали.

Жена жали, жена жали шест недели, ајде
сестра жали, сестра жали до година,
мајка жали, мајка жали дур' довека, ајде
мајка жали, мајка жали дури до гроба.


Се посврши сербез Донка

Се посврши сербез Донка [x2]
тра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла
сербез Донка на Јаричкови. [x2]

Се собрале комшиите [x2]
тра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла
комшиите, другарките. [x2]

Аирлија, сербес Донке [x2]
тра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла
аирлија свршувачката. [x2]

Не викајте аирлија [x2]
тра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла
тук' речете на мајка ми. [x2]

Што ме даде на далеку [x2]
тра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла
на далеку, преку Вардар. [x2]
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:47
Се расплакал стар бел дедо

Се расплакал стар бел дедо
што остарел и побелел.

Што остарел и побелел,
не бил повеќе за љубење.

Го догледа баба Неда
и на дедо му продума:
молчи дедо, не ми плачи.

Молчи дедо, не ми плачи,
нели бевме ние млади,
се љубевме, се криевме.

Се насмеал стар бел дедо,
си прегрнал баба Неда,
си целувнал баба Неда.


Се свалила Митра долу во градина

Се свалила Митра, се свалила,
аман се свалила Митра,
долу во градина.
Да набере Митра, да набере,
да набере Митра,
ран бел босилок.

Ја фатиле Митра, ја фатиле,
ама ја фатија Митра,
Турци јузбашии.
Ја носиле Митра, ја носиле,
аман ја носиле Митра,
дури во града Солуна.

Ја питале Митра, ја питале,
аман ја питале Митра,
чија вера сака.
Глава дава Митра, глава дава,
аман глава дава Митра,
вера не мењава.


Се скарале, се степале

Се скарале, се степале,
моми тиквешанки, бре, бре,
се скарале, се степале,
бре, бре, моми тиквешанки.

Косите си искубале,
раце искршиле, бре, бре,
косите си искубале,
бре, бре, раци искршиле.

За едно момче, лудо младо,
лудо неженето, бре, бре,
за едно момче лудо младо,
бре, бре, младо неженето.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:48
Се смејат мамо мори

Се смејат мамо мори се смејат
зошто ме мала омажи [х2]
зошто ме млада зацрни.

Мојте другарки мајко ле
уште по сокак играат [х2]
од пепел куќи си прават.

А јас мајко ле мајчице
со едно дете во раце [х2]
и друго мајко на срце.


Се собрале комитите

Се собрале комитите,
ќе ми одат в Суво поле.
Напред оди војводата,
војводата Јордан Пиперка.

Ќе ми фаќат метел изин,
ќе го чекат Алил паша.
Што ја грабил руса Стојна,
руса Стојна от Мало Церско.

Проговара војводата:
ај да слеземе долу в Брезово,
да го венчаме Алил паша
за невеста остра сабја.


Севдалино малој моме

Севдалино малој моме Севде
севдалино малој моме,
дома ли си сама ли си,
ах, што си ме севдисало.

Сите пари ми ги зеде Севде
сите пари ми ги зеде,
500 кара гроша,
ем илјада жолти лири.

Дај ми малку од парите Севде,
дај ми малку од парите,
да си купам коњ дорија
да не одам пеш во село.

Да не одам пеш во село Севде,
да не одам пеш во село,
кучињата да не ме лајат,
а момите да не ми се смејат.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:49
Седенка се збира

Седенка се збира, мама не ме пушта [2х]
мама не ме пушта на седенка да идам. [2х]

На седенка да идам с'либе да се видам [2х]
с'либе да се видам оти војник ќe оди. [2х]

Мама, тате велат ај да вечераме [2х]
сите полегнаа мене сон не фаќа. [2х]

Сите полегнаа мене сон не фаќа [2х]
мен сон не фаќа, на седенка да идам
на седенка да идам с'либе да се видам.


Седна баба да вечера

Седна баба да вечера,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, па се не најала,
па се не напила.

Втора вечер вечера
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Трета вечер вечера
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Четвртата вечер вечера
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Петта вечер вечера
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Шеста вечер вечера
шест камили грбави,
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Седма вечер испила
седум бочки со вино,
шест камили грбави,
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
е пак се натрескала.


Секој што мине помине

Секој што мине помине
крај наш'то порте, пенџере
со една рака мавнува
со око ми намигнува. [x2]

Да знаат мојте другарки
и тие лоши душманки,
на мама, тате ќе кажат
и кавга ќе ми направат. [x2]

Затоа јас и кажувам
и на мој'та сестра помала,
тој што ќе срце засака
јас ќе го љубам довека. [x2]
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:50
Селвие, сен ѓузел

Не спи, не спи, не дреми
ќузум бела Селвие
зар не си се наспало
Јоко мори калешо
три вечери без мене?

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

На четвртата јас дојдов
ќузум бела Селвие
тебе дома не најдов
Јоко мори калешо
тебе дома не најдов.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Тук те најдов в' комшии
ќузум бела Селвие
у нашите душмани
јоко мое калешо
у нашите душмани.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Тебе те најдов зад врата
ќузум бела Селвие
лаф муабет правеше
јоко мое калешо
лаф муабет правеше.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Не ми фрлај ифтири
море мој домаќине
ти си голем мераклија
море мој домаќине
на вино и на лута ракија.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.


Сестра моли брата за вечера

Сестра моли брата за вечера
ајде, ајде брате да вечераме. [x2]
Вечерајте сестро не чекајте ме
јас сум билои сестро у меана. [x2]

Јало пило сестро сум се опило
голем зулум сестро сум направило [x2]
сум заклало еден син на мајка
сега они барат крвнината. [x2]

Ајде , ајде брате да вечераме,
за крвнина брате колај бива. [x2]
Сестра има брате девет сина,
едно сине мајка ќе прежали. [x2]

Цел ноќ седи мајка солзи рони
кое сине мајка да прежали. [x2]
Прежалила мајка најмалото,
најмалото мајка нај убавото. [x2]


Си заљубив едно моме

Си заљубив едно моме
од малечко до големо,
дојде време да го земам, оф аман, аман,
падна моме, се разболе.

Јас отидов да ја видам,
ми побара понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.

Јас отидов во чаршија,
да побарам понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.

Ко се вратив од чаршија,
сретнав моме на носилка,
двесто давам - спуштете ја, оф аман, аман,
тристо давам - да ја видам.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:51
Си поминав покрај Битола

Си поминав си заминав
покрај Битола
трала ла ла ла
покрај Битола. [x2]

Там си најдов, там си најдов
моме калешо
трала ла ла ла
моме калешо. [x2]

Ој ти моме, малој моме
колку те сакам
трала ла ла ла
колку те сакам. [x2]

Пари немам да те земам
сум сиромав јас
трала ла ла ла
сум сиромав јас. [x2]


Си приготвив јас отрова

Си приготвив јас отрова
на градите оштар нож
и на мој живот несреќен
сакав крај да ставам јас.

Ме љубеше тој горкиот
од сѐ срце и душа
душманите направија
да откаже тој од мен'.

Вчера со друга се венчава
нажалено ме гледаше
дигна очи тој кон бога
пролеа солзи за мене.

Ќе облечам црна руба
црна руба до земја
и ќе одам во манастир
калуѓерка да станам.


Сирак се Стојан разболел

Сирак се Стојан разболел
заради нашто комшиче.
Еј, хај, сиромав
името му е Мариче.

Името му е Мариче
со аловото к'враче.
Еј, хај, сиромав
со свиленото шамивче.

Со аловото к'враче
и со белото блузиче.
Еј, хај, сиромав
и со белото блузиче.

Иди ја мамо посакај
за неа да се оженам.
Еј, хај, сиромав
за неа да се оженам.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.