IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 55>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 11:05
Алонсо и Хамилтон против системот, се јави и Шуми!

Новите правила за одредување на титулата во формула 1, одобрени од ФИА оваа недела не се пречекани најдобро меѓу формула 1 возачите. Актуелниот шампион Луис Хамилтон за германскиот Билд изјавува кратко "не ми се допаѓа", додека со него се согласи и неговиот поранешен клупски колега, двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој сега вози за Рено.

Прво се појави идејата на Берни Еклстоун наместо поени да се доделуваат медали за првите три места на секоја трка, а ФИА наместо да го послуша советот од Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), за 12-8-6 систем на бодување, го остави стариот 10-8-6 систем, но титулата сигурно оди кај возачот кој ќе има најмногу победи.

"Не ја сфаќам потребата постојано да се менуваат правилата на нашиот спорт. Мислам дека ваквите одлуки само ќе ги збунат фановите. Формула 1 се развива во последните 50 години поради тимовите, спонзорите, возачите, но пред се поради фановите низ целиот свет - и ФИА не ги слуша нив. Загрижен сум не само поради одлуките кои ќе влијаат на новата сезона, туку и за тие правила кои ќе го сменат спортот следните неколку години", вели Алонсо.

И ШУМАХЕР ШОКИРАН ОД ФИА

Се јави и седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, кој новите правила на ФИА ги нарече "неверојатни". Шуми се повлече од Ф1 по крајот на сезоната 2006 со неверојатни 91 ГП победи и седум светски титули.

"Не можам да замислам како овие промени ќе и помогнат на формула 1, посебно со новиот систем по кој треба да се пронајде шампионот. Каква смисла има на крајот да има шампион со помалку поени од второпласираниот,  и покрај тоа што сметам дека победите треба да важат повеќе. Формула 1 мора да остане врвот на мотоспортот, да се покаже натпреварувачкиот дух и највисоката технологија. Патот на кој сме тргнале не е добар", вели Шумахер.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 22:57
ФИА попушти, останува стариот систем на бодување

ФИА попусти, останува стариот систем на бодување

Во новата сезона во Формула 1, која почнува на 29. март со трката за Големата награда на Австралија, ќе важат старите правила на бодување.

Бидејќи новиот систем, по кој беше предвидено да титулата ја освои возачот со најмногу победи, наиде на жестоки критики од возачите, тимовите и јавноста.

Светската автомобилска федерација (ФИА), одлучил да попушти. ФИА денес соопшти дека во новата сезона ќе важат досегашните правила, а новиот систем ќе стапи на сила 2010. година.


Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 20:09

Останува стариот ситем на бодување, сепак

fia-0321Во новата сезона во Формула 1, која почнува на 29. март со трката за Големата награда на Австралија, сепак ќе важат старите правила на бодување.

Бидејќи новиот систем, по кој беше предвидено да титулата ја освои возачот со најмногу победи, наиде на жестоки критики од возачите, тимовите и јавноста. Светската автомобилска федерација (ФИА), одлучил да попушти. ФИА денес соопшти дека во новата сезона ќе важат досегашните правила, а новиот систем ќе стапи на сила 2010. година.

Предлогот на ФОТА ( здружение на возачите) за промена на системот на бодување, наместо 10 победникот на трката да добие 12 поени, вториот 9 место 8, а на третопласираниот да му се додели 7 месо 6 бодови не е прифтен. Бодувањето ќе се врши по стариот систем што ќе го одреди пласманот во конк*ренција на конструктори.

Најпрвин беше решено е за титулата да се бројат победите, а доколку двајца возачи имаат ист број на победи, победникот ќе го даде табелата со поените. Ова правило ќе ги натера пилотите да дадат се од себе на сите трки во сезоната, изјаи Еклстон.

Возачите воопшто не беа одушевени од новото правило кое ќе го даде новиот првак во Формула 1, две недели пред почетокот на сезоната.

"Можеби е добро победник да биде возачот со најмногу победи, но мене не ми се допаѓа новиот систем. Едноставно повеќе ми се допаѓа стариот начин на бодување. Не се возат само една или две трки во сезоната, туку седумнаесет", изјави пилотот на БМВ Заубер, Ники Хајфелд.

"Мислам дека новото првило на ФИА е навистина глупаво. Основата за сите треба да биде иста", изјави Розберг.

Сепак, новото првило наиде и на разбирања кај некои од пилотите, како Џенсон Батон кој во новата сезона ќе вози за тимот на Браун ГП, наследник на Хонда.

"Ја разбирам логиката која стои зад ова правило и морам да признам дека е интересна. Ова правило овозможува по девет трки веќе да го знаеме победникот", изјави Батон.

Новата сезона во најбрзиот циркус на денешницата, Формула 1, стартува со ГП на Австралија, во Мелбурн, на 27 март.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
ayritonsenna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ayritonsenna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 07:09
DALI ZNAE NEKOJ DALI NA KANAL 5 KE IMA OVAA GODINA PRENOS OD FORMULA 1
"RACING IS IN MY BLOOD" Ayrton Senna
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 08:21
Jasno kako i sekoja godina.







"Не сум арогантен"

Луис Хамилтон вели дека е подготвен да почне ново поглавје во неговата кариера, откако лани драматично ја освои титулата. Откако круната му избега за еден поен во дебитантската сезона, возачот на Мекларен се врати да ја освои титулата со само еден поен предност пред Фелипе Маса во Ферари, откако на последната трка, во последниот круг, на последната кривина успеа да стигне до потребното петто место. 24-годишниот Британец признава дека сега е далеку поопуштен, но дека мисли на 2009.

"Се чувствувам како огромна тежина да ми е крената од моите рамења, а сега сакам да освојам нови титули, да бидам попостојан иако во 2007 имав 9 подиуми во првите 9 трки, што беше навистина посебно. Задоволен сум од тоа што го направив, но сега почнуваме нешто ново. Веќе сум подобар од лани, физички, ментално и во смисла на баланс во мојот живот", вели Хамилтон.

Англичанецот признава дека може да биде потешко да се освои овогодишната титула откако неговиот МП4/24 болид беше меѓу побавните за време на тестирањето.

"Сфаќам дека минатата година имав голема шанса, со одличен болид и одличен тим зад себе. Знам дека тоа не може да го имаш секоја сезона. Некои освојуваат една, некои две или три титули. Не знам колку јас ќе освојам, но самодовербата не ми недостасува. Возењето на болидите ќе биде потешко оваа година со новото крило и КЕРС контролите, но притисокот од страна ќе биде помал", додава Хамилтон.

ЈАС НЕ СУМ АРОГАНТЕН

Хамилтон често е обвинуван дека е арогантен од своите колеги во формула 1. Дури и ривалот за титулата од лани, Фелипе Маса изјави дека сите возачи навивале за него во Интерлагос бидејќи тој ги "почитува сите". Британецот иако признава дека "сите правиме грешки", инсистира дека не е арогантен.

"Не сакам никогаш повеќе да слушнам такво нешто. Мислам дека новинарите знаат дека не сум арогантен. Знам каде сум и што можам да направам. Но, јас ќе ги преземам критиките и ќе сфатам зошто се вели тоа. Сите правиме грешки и можеби имало моменти кога сум звучел арогантен. Морам да го прифатам тоа. Морам да го корегирам", вели Хамилтон.

Неговите критичари се исто толку гласни како неговите фанови, но Хамилтон вели дека е задоволен.

"Не добивам стрес од кого било. Работите се добри, спознорите се задоволни, шефовите се задоволни. Ја сакам оваа работа и многу е кул", вели Хамилтон.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ayritonsenna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ayritonsenna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 17:30
samo da ne e Milenko komentator:))
"RACING IS IN MY BLOOD" Ayrton Senna
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 19:02
Originally posted by ayritonsenna ayritonsenna напиша:

samo da ne e Milenko komentator:))
nemozam da go slusamкубење%20косаболенгубитник
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 17:52
Алонсо подготвен за тешка сезона

Возачот на тимот од Рено во Формула 1, Фернандо Алонсо е подготвен за тежок почеток на новата сезона, која почнува викендов во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.

Шпанецот добро ја заврши минатата сезона, со победи во Сингапур и Јапонија и второ место во Бразил, со што ги заснова темелите за можен поход на титулата оваа година.

Неговите надежи дека добро ќе ја започне оваа сезона избледеа, по првиот тренинг, на кој беше 10. и 12.

„Мислам дека сум среќен, но би можел да бидам уште посреќен. Тешко е да се разбере ритамот. Се разбира дека не сме во најдобра позиција да зборуваме за победи и подиуми“, рече Алонсо.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 08:57
Триумф на Батон на трката за ГН на Австралија

Џејсон Батон возачот на Браун ГП е победник на првата трка во новата сезона во формула 1 што се возеше на патеката во Мелбурн парк. Батон од самиот старт водеше и стигна до првото место на подиумот.


Одличниот викенд за дебитантскиот тим на Браун ГП го надоплни Рубенс Баричело со втората позиција. До оваа позиција дојде откако Роберт Кубица и Себастијан Фетел имаа судар на три круга до крајот.

Трет на подиумот се искачи Јарно Трули од Тојота. Светскиот шампион Луис Хамилтон стигна до четвртото место, а разочараа возачите на Ферари Филипе Маса остана без пласман, а Кими Раиконен заостана три круга.

Следната трка се вози на 5 април во Сепанг за ГН на Малезија.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 11:21
Мекларен и Ферари во потера по Браун

Двата најмоќни формула 1 тимови, Мекларен и Ферари, признаа дека ќе бидат потребни недели пред да ја достигнат брзината на болидите на Браун ГП. Од минатогодишните најдобри три, Луис Хамилтон, Фелипе Маса и Кими Раиконен, само Финецот беше во половина од секундата на победникот на Австралиското ГП, Џенсон Батон во Браун, додека Хамилтон и Маса беа цела секунда зад него.

Браун имаат јасна разлика на стартот на сезоната иако се влезени како нов тим, тоа е стариот тим на Хонда, кој се откажа рано во минатогодишниот шампионат и реши да го сврти фокусот на овогодишниот болид. Тоа се покажа во неделата попладне кога Браун стигна до 1-2 победа во Австралија, со Батон пред Рубенс Баричело.

"Искрено ќе бидат потребни неколку недели да се стигне тој болид на Браун, кој е последица на 16 месеци инвестиции на Хонда за нов болид. Имаме многу работа за да ги стигнеме", вели новиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш.

Тој не е единствениот во Мекларен кој верува дека ги очекува уште потешка трка во Малезија овој викенд.

"Во Сепанг разликата ќе биде поголема, и ние ќе заостануваме повеќе. Тоа е патека на која резултатите зависат од аеродинамиката, така што ќе немаме многу шанси", вели Луис Хамилтон.

АЛАРМ ВО ФЕРАРИ ПО ФИЈАСКОТО

Неговиот главен ривал од минатата сезона, Маса исто така очекува лош период пред нив.

"Мораме многу бргу да го подобриме нашиот болид, но според моето искуство болид со секунда предност не се стигнува толку бргу. Но, само што почнавме и во Ф1 работите бргу се менуваат", вели Маса.

Ферари самите реагираа со голема доза на самокритики по разочарувачкиот старт во 2009, откако во Мелбурн двајцата возачи не ја завршија трката.

"Како и да се погледне, ова не е старт вреден за Ферари. Ден за заборавање. Во ниту еден момент не бевме доволно брзи, а ниту стратегијата не ни успеа", вели Стефано Доменикали, шефот на тимот.

"Црвен аларм - каков нокаут", стоеше на насловната страница на Газета Дело Спорт по најлошиот старт на Ферари по 17 години.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 16:41
"Нема да се предадам до крај!"

Светскиот шампион Луис Хамилтон вели дека неговиот скок од 18. место на стартот во Мелбурн до пласман на подиумот го научил значајна лекција - никогаш да не се предава. Британецот заврши четврти со својот Мекларен во трка во која Браун ГП тимот доминираше, но потоа го доби третото место откако Италијанецот Јарно Трули во Тојота беше дисквалификуван поради претекнување под сигурносно возило.

"Јас сум борец и не сум се предал предвреме во ниту еден дел од мојата кариера - надвор и на патеките. Минатиот викенд беше исто. Одев до максимум во секој круг, секогаш ја гледав разликата и работев со тимот преку радиото обидувајќи се да најдеме начин да бидеме побрзи. Ова беше фантастичен резултат за мене, но и одлично завршена работа од страна на тимот - стратегијата беше совршена, информациите од боксот секогаш точни и се одеше како што треба", вели Хамилтон.

Прашан што научил од Австралиското ГП, Британецот вели дека лекцијата е јасна - никогаш да не се откаже.

"Научив, никогаш, никогаш, никогаш да не се предаваш. Во Бразил минатата година покажавме дека ќе се бориме до крај и повторно го покажавме тоа во Мелбурн. Јас никогаш не се предавам кога сум во боксот и сакам да бидам што е можно понапред. Во Мелбурн дознавме кои тимови завршија најдобра работа во текот на зимата. Морам да признаам дека ги почитувам Рос Браун и сите членови на неговиот тим", вели Хамилтон.

Како и сите коментатори, и Хамилтон признава дека болидот на Мекларен беше бавен во Австралија, но останува оптимист дека Мекларен лесно можат да се вратат во игра.

"Не сме заборавиле како да победуваме. Ние сме првокласен тим и иако се уште не сме ми најдобрите, се што имаме во Мекларен технолошкиот центар ни овозможува да се надеваме многу бргу на вистински кам-бек. Сите од тие кои ја прават стратегијата, до механичарите знаат што е потребно да се победи на една трка и во шампионатот", вели Хамилтон.

ВИТМАРШ: "ВАКА СЕ ГРАДИ КАРАКТЕРОТ"

Новиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, пак, го исфали Хамилтон велејќи дека во Австралија покажал зошто е светски шампион. Дури и Трули да биде вратен на третото место, нема сомнеж дека Британецот беше во форма на Алберт Парк.

"Навистина е тешко кога доаѓаш на трка како светски шампион и си во ситуација да не си доволно конк*рентен. Имавме проблеми со откажувањето на менувачот и затоа Луис стартуваше од последното место, но имаше одличен старт, што е неверојатно бидејќи тој не е навикнат да стартува од дното. Исто така не верувам дека е навикнат на таблите на кои пишува 15. или 14. место. За да успее во тоа што го направи е потребна огромна дисциплина. Очекувавме дека можеме да одиме напред ако има излегување на сигурносното возило или инциденти", вели Витмарш.

Витмарш, кој го замени Рон Денис на позицијата шеф на Мекларен од 1 март, вели дека во тимот не е се така црно.

"Од позиција во која бевме пред неколку недели во Барселона ќе бевме пресреќни ако освоевме и еден поен овој викенд, така што третото место е навистина добро. Тимот се фокусираше и направи прогрес, но не доволно за победа. Но, ова е градење карактер за Луис и шанса да покаже што умее", вели Витмарш.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 20:45
Производителите можат да го стигнат Браун

Поранешниот двократен светски шампион Фернандо Алонсо е убеден дека формула 1 тимовите поддржани од големите производители на автомобили ќе можат да одговорат на фантастичната брзина која ја покажа новиот Браун ГП тим. Најновиот Ф1 тим Браун направи вистински шок на Австралиското ГП со 1-2 победа, додека големите тимови како Ферари, Мекларен-Мерцедес и Рено се мачеа со брзината.

Иако се очекува Браун да бидат најбрзи во првиот дел од сезоната, Алонсо е сигурен дека големите имиња во спортот ќе можат да ја надополнат разликата.

"Не верувам дека распоредот во Мелбурн ќе остане до крајот на сезоната. Ферари, Мекларен, БМВ и Рено не се на врвот, но тоа се најдобрите тимови во формула 1 и никој не смее да не потцени. Ова е само една трка од сезоната, како да се работи за првиот меч од шпанското првенство. Дури и Барселона и Реал Мадрид да загубат во првиот меч, сите знаеме дека на крајот тие ќе се борат за титулата", проценува Алонсо.

Неговиот став го дели и шефот на Браун ГП, Рос Браун, кој смета дека неговиот тим го очекува огромен предизвик за да останат на врвот.

"Сигурен сум дека ќе има забрзан прогрес во другите тимови. Сега сите ги видовме болидите од другите тимови и сфаќаме што прават тие. И ние ќе се обидеме да одиме напред. Имаме подобрување за во Барселона кое изгледа доста добро, но искрено мораме да почнеме на работата на болидите за 2010 многу бргу поради сите промени. Нема да биде лесно", признава Браун.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 08:10
Поради обилните врнежи прекината трката во Малезија, Батон победник

Поради лошите временски услови и обилните врнежи трката за Големата награда на Малезија е прекината 24 круга пред крајот. Џенсон Батон кој беше водечки е прогласен за победник, но ќе добие само пола бодови.

Условите на стазата во Сепанг не дозволија трката за Големата награда на Малезија да заврши. 24 круга пред крајот на трката, истата е прекината поради обилните дождови, кои до толку ја намалија видливоста да беше неможно да се продолжи со натпреварувањето.

Во моментите на прекинот во водство беше Џенсон Батон од Браун ГП, пред Ник Хајдфил од БМВ Заубер и Тимо Глок од Тојота. Таков е и конечниот пласман.

Бидејќи не е извозено 75 отсто од трката, на возачите ќе им бидат доделени половина од предвидените бодови. Така Батон наместо 10 ќе добие пет бода, Хајдфил наместо осум четири бода, а Глок наместо шест - три. Денеска бодови уште освоија и Јарно Трули (Тојота) - 2,5 бода, Рубенс Барикело (Браун ГП) - 2 бода, Марк Вебер (Ред Бул) - 1,5 бод, Луис Хамилтон (Мекларен) - 1 бод и Нико Розберг (Вилијамс) - 0,5 бода.

До моментите на прекинот, трката беше многу интересна од причина што дождот ги натера возачите повеќе пати да влезат во бокс, така до израз дојде подобрата снаодливост на екипата. Интересно е дека Ферари повторно остана без бодови, додека Мекалрен освои само еден бод.

За Батон ова е втора победа сезонава, славеше и на отворањето на трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Така, по две трки од новата сезона во Формула 1 шампионатот во генералниот пласман лидер е Џенсон Батон (Браун ГП) со 15 бодови, втор е неговиот клупски колега Рубенс Баричело со 10 бода, а трет Јарно Трули (Тојота) со 8,5 бода. Тимо Глок (Тојота) е четврти со 8 бода, досега по 4 бода освоија Ник Хајдфилд (БМВ Заубер) и Фернандо Алонсо (Рено). Актуелниот шампион Луис Хамитон (Мекларен Мерцедес) со 1 освоен бод е на 10-та позиција во генералниот пласман, додека пилотите на Ферари (Раиконен и Маса) сеуште немаат освоено бодови.

Следната трка од Ф1 шампионатот на програмата е на 19 април, а ќе се вози за Големата награда на Кина.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 10:40
Хамилтон си заминува, Витмарш пред отказ?

Мекларен ги отфрли тврдењата дека нивниот светски шампион Луис Хамилтон се заканил со заминување од формула 1 по последната контроверза околу лажењето на стјуардите. Според британскиот Сандеј Тајмс, 24-годишниот Хамилтон контактирал со претседателот на Интернационалната Автомобилистичка Федерација (ФИА), Макс Мозли за да "ги искаже своите фрустрации откако бил заведен од својот тим". Се продолжува дека Британецот бил толку разочаран што размислувал да си замине од Мекларен Мерцедес и од спортот, а од тоа го разубедил токму Мозли.

Хамилтон претходно го загуби третото место кое му беше доделено на Австралиското ГП минатиот викенд откако стјуардите го казнија Јарно Трули од Тојота поради претекнување под сигурносно возило. Новото сослушување во Малезија откри дека Британецот и неговиот спортски директор Дејв Рајан ги лажеле стјуардите за тоа дали му било кажано на Хамилтон да го пропушти Трули. Рајан е суспендиран од тимот, а шефот на тимот Мартин Витмарш вели дека разговарал со таткото и менаџерот на Хамилтон, Ентони и дека извештајот во Сандеј Тајмс е невистинит.

"Прво го дознав тоа во недела наутро и го прашавме Ентони дали тоа е вистина. Тој вели дека Луис не разговарал со Макс. Посветеноста на Луис кон тимот не е променета и не верувам на вакви извештаи. Направивме грешки треба да научиме од нив", вели Витмарш.

За Дејли Мејл, поранешниот шеф на тим Еди Џордан вели дека се отворил јаз помеѓу Хамилтон и Мекларен и дека "Луис сака да си замине од тимот", а поранешниот возач на Мекларен, Дејвид Култхард вели дека е "сигурен дека Луис размислува за односите во тимот".

Витмарш, кој го презеде местото од Рон Денис на 1 март исто така е под притисок и вели дека неговата иднина ќе биде одлучена од страна на акционерите.

"Не давам оставка сега. На долги патеки, акционерите на овој тим ќе одлучат што е најдобро", вели Витмарш.

40% од Мекларен е во рацете на Мерцедес, а дополнителни 30% во Мумталакат холдинг компанијата во сопственост на кралското семејство на Бахреин. По 15% од акциите имаат Рон Денис и неговиот саудиски бизнис-партнер Мансур Оџех.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.