IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 16:47


Се викаше Вино



Не се изненадив воопшто кога го видов толку рано пред мојата врата.
Ексцентричноста му беше манир. ,,Заминувам, ми рече, дојдов да ти го оставам Кундера. Немам место во торбата,,


Тој беше модерен аскет. Работеше само колку што му беше неопходно за да живее во хотел и да се храни по ресторани.
Имаше едни зимски и едни летни чевли, две-три блузи, лаптоп и кристална чаша за вино.
И многу девојки. За една ноќ.
И' изгради храм на Слободата пред кој се поклонуваше секое попладне кога ќе се вратеше од работа и ќе легнеше гол на мирисниот хотелски чаршав.
,,Голотијата е страшна работа, драга моја, ми велеше, луѓето се плашат од неа како што се плашат од искреноста, лижигазовци!
Во немоќ да ја конзумираат, ја осудуваат. Така им одговара. Поедноставно е.
Куртоазијата ја нарекуваат воспитано однесување, а искреноста – дрскост.
Страв е тоа. Комформизам. Заробени духови. Сакаш уште малку вино?,,


А слободата? го прашав додека слегуваше по скалите.
Ми подвикна преку рамо, ,,Слободата? Слободата ја платив со моите неродени деца. Малку и' беше!,,


Се ожени со првата која рече Да





Изменето од kejt-d-grejt - 23.Јануари.2012 во 16:54
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 21:34

Секој дом мириса на своите сопственици...


...всушност на сопственичката.
На неа мирисаат и мажот и децата,
внатрешноста на плакарите и на креветите, претсобјето и купатилото,
на неа мириса и кујната (а не обратно),
цвеќињата цветаат или не цветаат заради неа, ама секако мирисаат баш како неа.
 
Двете собички на тетка ми мирисаа на нејзиното пијано,
на негувани грациозни дланки и на Златно Славејче.
Мирисаа на Мое.
На Дома. На восхит.
На плашливо туткање во неа и на едно прашање:,, Кого го сакам повеќе, мајка ми или тетка ми?,, - кое мирисаше на страв и неразумност.
И затоа не го кажував никому. Воспитано го измолчував.
Споменот на неа денес, ми мириса по малку на прашања кои не заслужуваат да се одговорат.
На носталгична тага завиткана во замислен поглед и тивка насмевка.
А најмногу од се`, ми мириса некако... на Мене.




се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 21:36
Cek da vdisam dlaboko...
Incredible Blue
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 21:39
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 21:43
se zezam Markoголемо гушкање
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 21:50


Incredible Blue
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 12:44

За возовите, мастиките и модните списанија



(не за мудроста – таа асоцира на старост)



... ,,Драга моја, јас како и ти револтот го почитувам, дури и го практикувам.
Тој е израз на храброст и на слободен дух, шармантен е и секако – возбудлив, но...
кога го немаш правдољубието пред себе како штит, првото јужно ветре ќе те плесне на плеќи.
И место јунак, ќе си петле џиноровче, хахаха...,,
,, Ќе го истерам ова, ти велам. Инает ме фати! А ти си станал премногу сериозен за еден рокер, дрАги!,,
– се водеше разговор во возот. Ги ѕирнав кратко, па продолжив да се преправам дека читам Теа Модерна.

Тој кој го зборуваше ова, беше возрасен рус проќелав мешло со невпечатлива надворешност, нешто како шофер на сканија. Но имаше бистри очи. И со таква едноставност изговараше длабокоумни зборови, што едвај го додржував погледот на статијата ,, Што е во тренд ова лето,,

Девојката беше младичка, дотерана ,, лутка са насловне стране,, и единственото чувство кое ми го побуди беше желбата да ја пратам во Велес по мастика.

И да седнам до шоферот. Да разговараме за револтот дење и ноќе, дури не се исушиме и не умреме за леб и вода.

,, Еден ден ќе престанеш, знаеш. Ќе застанеш на сред пат и ќе седиш долги минути на првата клупа на која ќе наидеш, отпрвин запрепастена, потоа рамнодушна што од се’ околу тебе, само таа - клупата има смисла.
,, Да, да кога ќе бидам стара колку тебе,, го штипна по округлите обравчиња и слатко се засмеа,
убедена дека тоа нејзе нема никогаш да и` се случи.

Возот запишти. Влегувавме во Велес. Ја гледаше заљубено. Не сфаќав во што. Проговори, скоро како за себе, без намера некого да убедува ,,Животот нема поента,,

Ама јас го слушнав. И како да ме боцна игла во задникот, рипнав од седиштето, ,,Има некој мастика???,,


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2012 во 17:41
Замисли торта

...пресечена во тањирче и ставена пред тебе
привлечна за око, мммм.... убавини
жлездите во устата инстинктивно лачат плунка од визуелниот импулс
едвај чекаш да го вкусиш првиот залак
некаде во позадина на потсвеста ја слушаш забраната на двомесечната диета
замолчена од слоганот Дебели и среќни,
слаткиот вкус ти го милува врвот на јазикот
а ти имаш блажена насмевка на лицето
си велиш, Ако
утре ќе имам овошен ден
ова вреди

и наеднаш,
тежок мирис на Кристал маргарин те удира в нос како топовско ѓуле
ах...
се чувствуваш изневерено,
ужаснато,
животот е лажлив,
не постојат вистински вредности
КА
ТАС
ТРО
ФА

Ете така јас го доживеав неговото кратко присуство во мојот живот





Изменето од kejt-d-grejt - 11.Април.2012 во 17:42
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2012 во 23:12
Таман се зареков дека вечерва ништо не отворам од форуми а камо ли да се логирам или не дај боже, да напишам нешто .
Ама пусто срце јуначко не издржа! Ај, си велам, сааамо малце да ѕирнам,... а-ха, кејт била тука! ... сааамо со едно окце да видам набрзинка дали е досетка или сочен коментар, или најдолгото од трите
...
Било најдолгото Па и јако!
ЈА
КО!

И ич не ми е срам (ни перде) што си го погазив зборот
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 01:28

кокошка

КО
КОШ!


бакнеж
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 04:26
Добредојде Анастеа !


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 01:54

Добро ве најдов Меси. големо гушкање

Оваа домаќинкава уште ја нема? размислување
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 13:00
домаќинката е тука, само е во фрка - се спрема за промоција
мда
а мене некој ми вети дека кога ќе издавам книга, да е и на крај на светот ќе ми дојде на промоцијата
значи?
да чувам место во ложа или да рачунам дека некој не е човек од збор?замисленост
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 13:07
е па чуваj

кога и каде трепкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.