|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 249250251252253 256> |
Автор | |||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам веќе што и да мислам во однос на ова Македон,преку глава ми е од се.
Секојдневно го пратам овај проблеми и веќе почна психички да ме оптоварува верувај а сум на мислење и дека најголемиот број граѓани го мислат истото. Ова веќе се претвори во психолошка војна моментално и ако продолжат вака пола народ ќе побудали. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Фикс брате, тоа е и целта на другите. Да не полудат, да не можеме да издржиме и да потклекнеме. Да не бомбардираат со изјави кои ќе сеат страв, како што е на пример изјавата дека без ЕУ и НАТО Македонија ќе се распадне, ќе ја снема од картата и слично. Со тоа создаваат масовна хистерија, која секако, не може да е од наша полза никако. Не случајно дури и во медиумите честа е изјавата на новинарите: На Грција не и се брза, на Македонија и се брза... И мене ме оптоварува психички, уште повеќе,што имам потекло од таму ( по мајка ), таму имам роднини, имам еден пријатели, Македонци, од таму и слично.. Ако гледаме опортунистички, јас и мојата фамилија можеме многу да извлечеме, ама ми бараат да го сменам и јас името, а и мајка ми ( да додадеме една одредница ОС на крајот од презимето и во графата да стои дека сме Грци по род ). Ден-денес имам право на грчко државјанство ( по мајка ), не случајно дури и документи од амбасадата добивме ( секако, завршија во канта ) а со земање на истото и враќање на имотот, што би значело пет или шестцифрена сума во евра на сметка ( и решавање многу финансиски проблеми ) , кога ќе се додадат сите оние оштети, камати, и слично. Ама ни мртов не би земал ништо од нив. |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така е фикс. Фанариотите (грците) и домашните предавници токму на тоа и одат, да му „прекипе“ на народов и да дигне раце од се, па што ќе биде нека биде. Потоа „победниците“ ќе има да крекаат: „Ете ние кога ви велевме дека ќе се смени, а вие ни’ се спротивставувавте ...“ И порано реков, а еве и сега овде ќе повторам, во Македонија да немаше типови кои веднаш потпаднаа под грчкиот притисок и веднаш прифатија промена на името (за уставот и знамето да не зборуваме), незнам дали така лесно ќе не’ обработуваа надворешниве фактори. Знам, „лесните давачи “ (на името се разбира) на ова ќе речат дека со таа непопусливост само ќе се продолжела агонијата на Македонија и сепак на крај ќе дошло до попуштање од наша страна. Којзнае, можеби, но можеби и немаше! А вака, со вакво скандалозно негирање на сопствената држава секако губиме. Divide et impera! Навистина не ги разбирам луѓево кои така лесно негираат постоење и даваат име на сопствена држава. Абе и да е вистина тоа што го велите, воопшто да сме немале порано држава, и да била само територија* ... зарем не е подобро да се борите да добиете нешто (= држава) од/во таа територија, наместо да го самонегирате тоа што веќе го имате, да деградирате и омаловажувате се што е македонско... * - и Америка е територија, и тоа цел континент, ама една држава го узурпира тоа име „Америка“ ставајќи го во сопственото име. „United States of AMERICA! Дали сите земји на територијата Америка се „соединети“ (United)? Не ми испаѓа од мислите овој пост!
Самиот пост зборува за тоа каков Р.Ѕ. Ееееејјјј чукнете си ја главате. Еден германец се бори за заштита на македонското име, а вие ... уф бре македонче Изменето од Zlatnik - 26.Ноември.2009 во 16:25 |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
ss_derIvat_ss
Сениор Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Цитат од Време, јес да го немам до мене " Под притисок на КПЈ МПЦ прогласи автокефалност" и покрај противењето на свештениците свесни дека прават раскол и неканонски чекор. Сега пак вие може да трерате од дедо Ное но законите се тие. |
|||
|
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Грција да побара над 30 отсто од делот на Преспанското и Дојранското Езеро што и припаѓа на Македонија затоа што оваа површина од двете езера и следува според документите на Обединетите нации. Ова преку писмо до грчкиот премиер и министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу го побарале двајца грчки пратеници од грчката ултрадесничарска партија ЛАОС. Грчките ултрадесничари се обидуваат да го убедат Папандреу покрај спорот околу името, да отвори и спор за езерските води со Македонија. Двајцата пратеници во писмото до Папандреу пишуваат дека документите на ООН предвидуваат оти во случај две соседни држави да се граничат на природно езеро, две третини од езерската вода и припаѓаат на поголемата држава, а една третина за помалата земја. Парламентарците од Грција пишуваат дека Македонија наследила поголем дел од двете езера затоа што границата се исцртувала додека нашата држава била во рамките на Југославија, која била поголема по територија од Грција. Според нив, Грција како поголема држава од Македонија, треба да добие две третини од двете езера, а на Македонија да и остане една третина од Преспанско и Дојранско Езеро. Пратениците од ЛАОС ова прашање го покренале и на последниот брифинг на заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Друцас во грчкиот парламент. Тие го прашале Друцас „дали Владата има намера да побара легална гаранција за суверените права на Грција на езерата“, нагласувајќи оти се плашат дека „Папандреу ќе им го даде грчкото парче во знак на добра волја“. Ваквото барање на грчките пратеници доаѓа неколку дена пред најавената средба на Папандреу и неговиот македонски колега Никола Груевски, токму во Преспа, на грчка територија. Примарна тема на разговор на регионалната средба меѓу премиерите на Македонија, Грција и Албанија ќе биде екологијата во регионот на Преспанско Езеро. Професорите по меѓународно право и по географија оценуваат оти ваквото барање е ситна грчка провокација и политички притисок врз Македонија. Дел од нив барањето го толкуваат како знак за територијални претензии што е спротивно на Привремената спогодба, во која стои дека двете земји меѓусебно ќе го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет. Професорот по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, објаснува дека во Обединетите нации постојат насоки за решавање на граничните прашања на езерски води што немаат обврзувачки карактер затоа што не се официјални документи. - Ваквата поделба на езерата е предвидена во еден вид насоки, препораки на Обединетите нации што не се документи од цврст карактер. Грција нема никаква правна основа да постави такво барање и ова е само еден трик и обид на Грција да ја тревожи Македонија - смета Јанев. Според професорот од Правниот факултет Тони Дескоски, ваквото писмо на грчките пратеници е само ситна провокација. - Границата меѓу двете држави е утврдена со меѓународен договор меѓу Кралството СХС и Грција, а ваквото барање е спротивно на Привремената спогодба - вели Дескоски. Професорот од институтот за географија, Благоја Маркоски објаснува дека граничната линија со Грција е поставена одамна и затоа барањето е нелогично. - Тоа не е логична ситуација затоа што границата постои одамна. Ова прашање е суптилно и чувствително - вели Маркоски. нова македонија мислите дека ќе има крај грчкото уценување |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ss_derIvat_ss
Сениор Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За какви домашни предавници збориш човече. Пази си ја реториката, типично вмровска, Истото го збореа и за Али Ахмети па гледај сега што се дешава. Главна цел на Македонија треба да биде опстанакот, што ќе ти е име кога и оваа територија ќе ја немаш. Можеби Груевски само продолжува каде застана Георгиевски, еден убав зид и правац Бугарија. |
|||
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во ред е derIvat, прашањето за црквата беше спомнато само „уз пат“. На тоа ете и одговори. Но, мислам дека понатамошното објаснување сосема ќе забега од темата. Се надевам ќе се согласиш со ова!
|
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од кога "Време" е критериум за историската вистина? Време може да напише што сака, важни се историските документи. Слушнал некој за собирот на свештениците во Издеглавје во времето на НОБ и истакнувањето на барањето за Своја Црква? Слушнал некој од "Време" за Првиот Црковно-народен собор во Скопје, во 1945 година и масовните протести на народот против СПЦ во тоа време? Слушнал некој за Архиепископот г.г. Михаил и неговиот говор на Соборот, за што УДБА се погрижи да заврши во затвор? Нема што "ние да тераме", кога фактите се јасни. А сигурно тие од "Време", ниту слушнале, ниту знаат дека присуството на СПЦ во Македонија е плод на симонија ( тргување со епархии ), а со самото тоа неканонско... |
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
темата е преговори за името .......... а за цркви и историја има други теми ........ значи , да нема забуни како што гледам дека има по повод еден мој пост од вчера кој како гледам се појави доста цензуриран , ќе го пофторам во оригинална форма како што беше напишан ........
Изменето од МАРШАЛ - 26.Ноември.2009 во 16:51 |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Маршале веке многу повеке државнички звучите,да не кажам како Папандреу
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
... кое не е навредливо, понижувачко како за индивидуи така и за државата во која живееме. Уште еднаш (ма и уште многу пати) ќе речам, несфатливо ми е да има такви |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
а од такви
и каде виде нешто навредливо ? ............. Изменето од МАРШАЛ - 26.Ноември.2009 во 17:03 |
|||
Внеси реплика | страница <1 249250251252253 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |