|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 55> |
Автор | ||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НЕ СЕКОГАШ Е НАЈВАЖНА
Алонсо ги засени и Хамилтон и Маса И покрај тоа што Луис Хамилтон и Фелипе Маса ја водеа борбата за шампионската титула до последните метри од сезоната, за "Газета дело спорт" Фернандо Алонсо е најдобриот Ф-1 возач за 2008 година. Шпанецот го зазеде петтото место во годинашново првенс
И покрај тоа што Луис Хамилтон и Фелипе Маса ја водеа борбата за
шампионската титула до последните метри од сезоната, за "Газета дело
спорт" Фернандо Алонсо е најдобриот Ф-1 возач за 2008 година. Шпанецот
го зазеде петтото место во годинашново првенство и тоа му беше доволно
на италијанскиот спортски весник за да му го додели своето
традиционално признание. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ф1 се подготвува за новата ера
Ферари ќе го промовираат својот нов Ф2009 болид во Мугело денес, додека нивните главни ривали Мекларен Мерцедес ќе го претстават својот болид четири дена подоцна во седиштето во Вокинг. Снегот и ниските температури го принудија Ферари да го смени местото на промоцијата од Фиораново Мугело, но уште посериозно е влијанието на финансиската криза на двата најголеми формула 1 тимови. Минатата недела, Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) едногласно одлучи да постави нови мерки за намалување на трошоците оваа сезона за 30%, со што ќе се заштедат околу 1 милијарда евра. Иницијативата дојде од Светската автомобилистичка федерација (ФИА) во декември со идеите за мотори кои траат подолго и ограничување на аеродинамичкиот развој. Покрај ова ФОТА направи нови планови за 2010. Дури и Рон Денис, шефот на Мекларен, кој обично е "конзервативен" околу овие прашања признава дека нешто мора да се направи. "За нашиот бизнис, бидејќи сакаме да преживееме и бидејќи сакаме формула 1 да е посилен спорт, ова е добро за нас. За неколку дена ќе ги добиеме резултатите на испитувањето на јавноста околу формула 1. Публиката ќе го каже своето. Од нивните одговори ќе зависи квалификацискиот формат и други работи. Јас не сакам менување на работите, но мораме да го сочуваме спортот и интересот на фановите", вели 61-годишниот Денис. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Маса прв седна во Ф 60
Новиот болид е прилагоден според новиот правилник, а на неговото претставување присуствуваше и клупскиот другар Раиконен Актуелниот шампион во Формула 1, кај конструктори, Ферари прв го претстави болидот за новата сезона. Поради лошите временски услови промоцијата на тимот не е одржана во Фјорано, туку во Мугело. Моделот Ф 60, кој е прилагоден на новиот правилник, прв го испроба второпласираниот возач од минатогодишниот шампионат, Фелипе Маса. Покрај Бразилецот на свеченоста присуствуваше и неговиот клупски другар, Финецот Кими Раиконен, како и тандемот тест-возачи Лука Бадоер и Марк Жене. Тимот на Ферари го предводеа претседателот Лука ди Монтецемоло и шефот Стефано Доменикали. |
||
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ферари го претставија Ф60 болидот за 2009
Ферари го презентираа својот болид за новата сезона со радикален изглед, по што шефот на тимот, Стефано Доменикали, веднаш предупреди дека новите регулативи во спортот ќе направат одбраната на титулата кај конструктори да биде потешка. "Влегуваме во сезона за која ништо не знаеме. Другите тимови можеби имаат понапреден болид и затоа е добро да се биде внимателен. Но, мислиме дека ќе бидеме конк*рентни од стартот", смета Италијанецот. Новиот болид ја носи ознаката Ф60, според бројот на Ф1 шампионати во кој Ферари се натпреварувал и веднаш на прв поглед се забележуваат разликите - пошироко предно крило од минатото и потесно и повисоко задно крило. Формула 1 оваа сезона ја отвора сезоната со многу променети правила, вклучувајќи ги мазните гуми и промени во аеродинамиката, а покрај тоа тука се мерките за намалување на трошоците како забрана на тестирање во текот на сезоната. "Ова е целосно нов болид. Има многу позитивност во тимот, но знаеме дека 2009 ќе биде многу посебна сезона. Денес е важен датум поради првиот тест со новите системи. Може да има проблеми и ќе мораме бргу да ги решаваме", додава Доменикали. Ферари ја освојува титулата кај конструктори 8 пати во последните 10 години, но оваа година треба да се врати откако нивниот Фелипе Маса ја загуби титулата за еден поен од возачот на Мекларен, Луис Хамилтон. Бразилецот во тимот и оваа сезона ќе вози покрај светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен и покрај тоа што шпекулациите велат дека тимот има "таен" договор со Фернандо Алонсо од 2011. Токму Маса, кој минатата сезона победи на шест трки, го имаше првото деби со болидот на патеката Мугело на северот на Фиренца, почнувајќи од 10:30 часот наутро. Промоцијата се пресели во Мугело поради лошите временски услови во тест-патеката на тимот во Фиорано. Маса вели дека се чувствува многу посилен по се што се случи во сезоната 2008 и подготвен е повторно да се бори за титулата во 2009. "Секоја година се чувствувам посилен и мислам дека со целото искуство, посебно од минатата сезона имам право да се чувствувам многу подготвен за новата сезона. Очекуваме Мекларен да бидат многу конк*рентни, а можеби и БМВ бидејќи лани имаа доста голем прогрес. Можеби и Рено може да се таму, но тешко е да се оцени сега. Очекував Ф60 да биде голем болид како од пред 10 години, но добивме компактен болид кој добро изгледа. Се надевам дека е брз колку што изгледа!", вели Маса. Кими Раиконен, пак, вели дека е подготвен тешката 2008 да ја остави зад себе и да се врати во форма со која во 2007 во деби сезоната со Ферари ја освои титулата. "Лани работите не одеа како што се надевам, но тоа е во минатото и сега има нов предизвик за мене. Прво треба да видиме колку болидот е добар бидејќи имаше многу промени на правилата. Во следните неколку недели ќе се споредиме со останатите, но целта останува иста - да се освојат двете титули", вели Финецот. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Noviot Bolid na Toyota za 2009-TF109.
Изменето од blueprayer - 13.Јануари.2009 во 11:45 |
||
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој ќе вози во новата сезона? Швајцарецот Себастијан Буеми, возачот на екипата на Торо Росо е единственото ново лице меѓу пилотите кои се пријавени за новата сезона од светското првенство во Формула 1. На листата на пилоти која ја објави Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на првото место се наоѓа светскиот шампион Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес), втор е неговиот клупски колега Финецот Хејки Ковалаинен, а потоа следат пилотите на Ферари Финецот Кими Раиконен и Бразилецот Фелипе Маса. Буеми зад воланот на Торо Росо го замени Себастијан Ветел, кој се пресели во Ред Бул на местото на пензионираниот Дејвид Кулхард. Веќе традиционално бројот 13 не е поделен. Хонда која најави повлекување од Формула 1 поради финансиската криза ги задржа двете места, па имињата на возачите се непознати. Не е познато името ниту на вториот пилот на Торо Росо. ЛИСТА НА ВОЗАЧИТЕ: 1. Луис Хамилтон (ВБ/МекЛарен-Мерцедес) 2. Хејки Ковалаинен (Фин/МекЛарен-Мерцедес) 3. Кими Раиконен (Фин/Ферари) 4. Фелипе Маса (Бра/Ферари) 5. Роберт Кубица (Пол/БМВ Заубер) 6. Ник Хајдфилд (Гер/БМВ Заубер) 7. Фернандо Алонсо (Шпа/Рено) 8. Нелсон Пике (Бра/Рено) 9. Јарно Трули (Ита/Тојота) 10. Тимо Глок (Герм/Тојота) 11. Себастиен Буеми (Швај/Торо Росо-Ферари) 12. Непознат (Торо Росо-Ферари) 14. Марк Вебер (Авс/Ред Бул-Рено) 15. Себастијан Ветел (Гер/Ред Бул-Рено) 16. Нико Розберг (Гер/Вилијамс-Тојота) 17. Казуки Накајима (Јап/Вилијамс-Тојота) 18. Непознат (Хонда) 19. Непознат (Хонда) 20. Адриан Сутил (Гер/Форс Индија-Мерцедес) 21. Џанкарло Физикела (Ита/Форс Индија-Мерцедес). |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Новото Ферари е нелегално!"
Ферари започнаа со контроверзите дури и пред стартот на формула 1 шампионатот, откако три од нивните ривали се прашуваат за легалноста на новиот Ф60 болид. Се шпекулира дека новата машина, која беше промовирана во Мугело минатата недела и тестира на истата патека, има дизајн на задниот ауспух со крилца кои се косат со новите технички регулативи во формула 1. Прво загриженост изрази потпретседателот на Мерцедес Бенц, Норберт Хауг, а потоа и новиот генерален менаџер на БМВ Заубер, Валтер Ридл, а сега директорот за шасии на Тојота, Паскал Васелон јавно вели дека тој болид не е легален. "Ферарито има неколку нелегални делови, како издвоениот ауспух. Очекуваме дека таква промена е надвор од регулативите. Но, прерано е да се обвинува, бидејќи ќе има многу промени во дизајнот на болидите следните неколку недели", вели Васелон. Во исто време Берни Еклстоун повторно со контроверзна изјава околу Ферари. "Можеби е лошо да го кажам ова, но единствен тим кој би ни недостасувал во Ф1 е Ферари. Иако не би сакал да ги загубам Мекларен и Вилијамс", вели Еклстоун. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
zaguben
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3387 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
MBW KE BIUDE SAMPION OVAA GODNINA
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ферари и Мекларен одеднаш најдобри пријатели
Мекларен и Ферари, едно време најлутите формула 1 ривали имаат се поголеми врски надвор од патеката откако тимовите се сложија да формираат обединет фронт пред ФИА и ФОТА. Портпаролот на Ферари, Лука Колајани помина еден ден во фабриката на Мекларен во Вокинг, каде што се сретна со шефот на тимот Рон Денис и останати високи членови на тимот. "Ако само пред една година ми кажевте дека ќе бидам тука немаше да ви верувам", изјави Колајани на вечерата за медиумите организирана од двата тима. Мекларен беа казнети рекордни 100 милиони $ во 2007 и им беа одземени сите поени во пласман на конструктори за вмешаноста во шпиунскиот скандал околу добивање на технички информации во Ферари, а Скудерија исто така поднесе тужба против тимот, по што италијанската полиција го испрашуваше Денис и други членови на тимот. Случајот за врши кога Мекларен се извини. Но, оттогаш се е променето. Жан Тод му направи место на Стефано Доменикали како шеф во Ферари, додека Денис најави дека на 1 март своите обврски ги префрла на Мартин Витмарш. Минатиот јули беше основна Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), чиј претседател е Лука Ди Монтеѕемоло од Ферари, но Витмарш има клучна улога. ФОТА договори намалување на трошоците заедно со ФИА, а сега е во "битка" со носителот на комерцијалните права Берни Еклстоун за добивање на поголем процент од сегашните 50% од парите во спортот. Самиот Монтеѕемоло неодамна го опиша Денис како "првокласна личност од првокласен тим". Денис вели дека Мекларен и Ферари "работат заедно" и дека сега ќе се посвети на активностите на ФОТА. "Резултатите на нашата соработка, заедно со другите тимови веќе се гледаат. Мерките за намалување на трошоците кои ги предложивме беа прифатени од ФОТА, и сега ќе оствариме поголеми работи во следните месеци и години. Работиме заедно за доброто на формула 1", вели Денис. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали има проблеми со брзината на Р29?
Но, според швајцарскиот весник Моторспорт Актуел, првиот тест на болидот на Рено за 2009 не помина како што беше планирано. Иако тестот на новата патека во Портимао, Португалија беше одбележан со силните дождови се шпекулира дека Рено се мачеше со перформансите на новиот болид. Проблемот наводно е уникатната аеродинамика на болидот, кој наводно исто така се уште не го поминал тестот на удари на ФИА, а на крајот на единствениот сув ден тестирање во Португалија, Алонсо беше најспор во четирите нови болиди. Покрај ова Моторспорт Актуел вели дека шпанскиот печат неколку пати пренел изјави дека Алонсо се жали околу слабата контрола при ниски брзини на болидот. "Главната работа е дека немаме технички проблеми, времињата не се важни", вели Алонсо за Марка. Шпанскиот весник додава дека Алонсо ќе се фокусира на перформансите на последните два теста пред стартот на сезоната. "Се надеваме дека ќе направиме добар прогрес таму", додава Алонсо. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
zaguben
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3387 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
BMW POWER - ke bidat sampioni ovaa godina
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МИНАТОГОДИШНИОТ ВИЦЕ-ШАМПИОН ИСПЛАШЕН ОД ЕКС ТИМОТ НА ХОНДА
Маса вели дека Ферари се побавни од Браун ГП! Шокираниот Фелипе Маса признава дека Ферари се зад новиот Браун ГП тим и дека "пребојадисаниот" тим на Хонда го имаат најбрзиот болид во формула 1 во моментов. Иако останува да се види дали Браун ГП ќе имаат и доволно постојаност покрај неверојатната брзина која ја покажаа на тестирањето во Барселона кога ќе почне сезоната, Маса признава дека Ферари во моментов не можат да се држат со Џенсон Батон и Рубенс Баричело без разлика на нивото на горивото. "Не, не можевме да ги стигнеме и мислам дека сега никој не може да ги стигне. Многу болиди возеа со малку гориво, не само тие. Мислам дека нивните времиња се едноставно побрзи од времињата на другите. Новиот Браун ги изненади сите. Пред Барселона ние бевме еден од најбрзите тимови, но сега сме зад нив", вели Маса. Тимот на Браун ГП во моментов вози без новиот систем за поврат на кинетичката енергија (КЕРС) и една теорија (оптимистичка за останатите тимови) вели дека болидот вози без баласт. Маса не верува во тоа. "Прво јас не сум инжинер, второ не сум го разгледал болидот на Браун и не можам да кажам дали имаат баласт. Верувам дека имаат бидејќи нема смисла да си на тестирањето и да бидеш брз, а потоа да си спор на трките. Но, и да немаат баласт сега, ќе бидат брзи во Мелбурн. Тие се вистинско изненадување. Ако го одземете нивниот болид, ние сме навистина конк*рентни", вели Маса. Но, сепак има мала утеха за фановите на Ферари - слабата форма на Мекларен. "Да бидам искрен, никогаш не сум видел Мекларен да заостанува толку многу како во Барселона. Во толку години како возач не сум го видел тоа", додава Маса. Букмејкерите драматично ги зголемија шансите на Браун ГП тимот да ја освои титулата оваа година, по супер-брзиот тест во Барселона кој предизвика бран на обложувања на стариот тим на Хонда. Скај Бет обложувалницата објаснува дека се случило најголемо обложување во пред-сезона на Ф1 на тимот на Браун и на Џенсон Батон и на Рубенс Баричело. Браун беа оценети како 150-1 аутсајдери, а сега по тестот во Барселона се на 10-1, веднаш зад Ферари, Мекларен и БМВ. Џенсон Батон има 10-1 шанси да биде шампион, а неговиот колега Рубенс Баричело 20-1, а пред една недела беа на 100-1. Во меѓувреме Мекларен падна од 2-1 фаворити за тимската титула на 9-4, иако Луис Хамилтон останува 3-1 за индивидуалната титула. Ф1 ФЛЕШ Со крајот на тест-програмата на тимот на БМВ Заубер, Роберт Кубица не верува во тврдењата дека е еден од фаворитите за титулата во 2009. Браун ГП беа јасно најбрзи во Барселона, но веднаш зад нив се БМВ, Тојота и Ферари по брзината на тестирањето. "Не би рекол дека ние сме фаворити. На овој тест сите се обидуваа да добијат идеја за тоа каков ќе биде распоредот, но не знаеме што прават другите тимови. Во Барселона сигурно имаше посилни тимови од нас", вели 24-годишниот Полјак. Разговорите за договорот на Михаел Шумахер со Ферари ќе се одржат во текот на летото, вели неговиот дологодишен агент Вили Вебер. Откако се пензионираше како возач во 2006, седумкратниот шампион остана во Маранело како тест-возач и "советник" во тимот. Според германскиот Билд, договорот вреден 5 милиони евра годишно завршува оваа година. "Не се брзаме", вели Вебер. 40-годишниот Шуми беше на тестирањето во Барселона и интересно кога Луис Хамилтон го искрши својот МП4/24 Мекларен оваа недела, тој веднаш дојде до болидот и го разгледуваше одвнатре. Хеики Ковалаинен е еден од возачите кој не го следеше трендот на намалување на килограмите оваа година. Додека неговите ривали беа на диета, возачот на Мекларен вели дека сега е потежок за 5 килограми од пред една година, во обид да добие повеќе мускули преку крос-кантри скијање. "Сега имам 4.5 килограми повеќе од минатата година и се чувствувам многу подобро", вели Ковалаинен, кој сега има 65 килограми. Тимот на Мекларен сериозно го сфаќа проблемот со нивните перформанси, откако во четвртокот имаше итен "кризен" состанок во седиштето во Вокинг. На состанокот биле новиот шеф на тимот Мартин Витмарш, целиот технички тим како и двајцата возачи Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен. Алонсо очекува тесна сезона Според двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо, три или четири формула 1 тимови се пред останатите, така што новата сезона нема да биде битка помеѓу Ферари и Мекларен. Р29 болидот на Рено, кој ќе го возат Алонсо и неговиот колега Нелсон Пике Јуниор заостануваше на почетокот на тестирањето, но на последните тестови брзината е подобра, иако Рено заостанува зад најдобрите. Бидејќи за една недела ќе започне забраната за тестирање која ќе трае цела сезона, сегашните перформанси на тимовите можат да бидат клучни за првите трки од сезоната, стартувајќи со Австралиското ГП во Мелбурн на 29 март. Но, Алонсо верува дека францускиот тим може да ја сврти сезоната дури и да имаат слаба трка во Австралија. "Времињата кои ги поставуваат Ферари, Браун или БМВ засега се недостижни за нас. Морате да сфатите дека петто најдобро место тука на тестирањето, претставува 10. место во трката. Има три или четири тима кои се еден чекор пред нас. Но, не се работи само за победа на првата трка, бидејќи шампионатот е многу долг. Има многу промени оваа сезона, така што нема да видиме само затворена трка помеѓу Ферари и Мекларен", вели шампионот од 2005 и 2006. Мекларен, со светскиот шампион Луис Хамилтон, се далеку според времињата на тестирањето, додека поранешниот тим на Хонда, кој сега е преименуван во Браун ГП е импресивен во текот на целата недела. Алонсо, кој помина една сезона во Мекларен во 2007 по што се врати во Рено, вели дека е тешко да се знае што се случува. "Мекларен имаа денови без прогрес и беа оставени на страна. Тестираа со своите возачи и не беше добро за нив. Браун од друга страна мораа да бидат брзи. Имаат болид кој Хонда почна да го работи во 2007 и според дизајнот не би требало да бидат толку брзи", додава Алонсо. Алонсо, кој лани стигна до две победи во финишот на сезоната по лошиот старт, предупреди дека не треба да има многу оптимизам за шансите на неговиот тим, иако се во далеку подобра ситуација од пред една година. "Сега сум поголем оптимист од минатата година. Во 2008 не верував дека можеме да бидеме добри и по првите две-три трки мислев дека остатокот од шампионатот ќе бидам само турист во сите држави во кои бевме. Вистината е дека не сме толку далеку од останатите. Неколку десеттинки од лидерите и ситуацијата е подобра од лани", смета Алонсо. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Возачот со најмногу победи ќе биде шампион оваа сезона
|
||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Големите тимови незадоволни од предлозите на ФИА
Помеѓу формула 1 тимовите почна да се појавува нетрпение откако Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) реши да воведе ограничување на буџетот за сезоната 2010 и го смени системот на одредување на шампионот, кој сега ќе биде возачот со најмногу победи. Во исто време ФИА ги одби предлозите на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) за зголемувањето на бројот на поени за победа од 10 на 12, а уште поконтроверзно најави одредување на незадолжително ограничување на буџетот од 30 милиони фунти за 2010. Иако тимовите не мораат да се ограничени со буџетот, со новите правила тимовите кои ќе се согласат со условите на ФИА ќе добијат комплетна слобода да ги дизајнираат своите болиди и да користат мотори без ограничувања. Со ова скептиците велат дека се воведува формула 1 на две нивоа, и дека е можно потегот да ја уништи неочекуваната сложност помеѓу сите тимови во последните месеци. ФОТА преку Лука Ди Монтеѕемоло, шеф на Ферари изјави дека е разочарана и "загрижена" за одлуките кои биле донесени еднострано. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
Внеси реплика | страница <1 2324252627 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |