IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 30>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 12:00
Linda,recept za ovoj vid na ishrana e so kombinacija na odredeni vidovi sostojki koi ne go sodrzhat glutenot.Veruvam ovaa statija kje ti pomogne:)

Храна без глутен – што е дозволено, а што не е?

Храна без глутен – што е дозволено, а што не е?
Зачестени грчеви во стомакот, но и симптоми како слабост, губење на килограми и алергија, укажуваат на интолеранција на глутен, пченичен протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта, но и во сите производи кои се прават од нив или ги содржат во мали трагови.

Повеќето преработки, конзервирана храна, витамини или лекови, но и детските кашички содржат глутен, освен ако на амбалажата не е стриктно наведено дека се без глутен. Ова се повеќе се истакнува на етикетите на производите, бидејќи бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми предизвикани од глутен е се поголем.

Симптомите на целијакија или неподнесување на глутен можат долго да “тлеат“ без да предзвикаат некои сериозни проблеми, а експертите се сложуваат дека болеста е наследна, но исто така може и да се создаде или појави кај деца доколку тие се учат да јадат житарици како пченицата пред дозволеното време. Ова е навистина важно да се знае, и затоа педијатрите и нутриционистите постојано апелираат до младите родители да се придржуваат до календарот за исхрана на бебиња и мали деца.

Луѓето кои страдаат од целијакија имаат, нормално, најмногу и најизразени проблеми, па единственото нешто што можат да го направат за да водат нормален и здрав живот е потполното лишување од глутенот и сите производи кои го содржат.

Оваа задача и не е премногу тешка, иако на прв поглед може да делува така. Најтешко е, барем во почетокот, запознавањето со безглутенски намирници, и одредување на производите без глутен на полиците во маркетите. Пченицата во принцип се додава во скоро секоја храна, за да и ја зголеми содржајноста. Заради тоа, глутенот може да се најде во готовата храна, во конзервите, кексите и сл.

Кои намирници не содржат глутен?

Во принцип, лицата кои страдаат од целијакија, а и сите оние кои не го поднесуваат глутенот, не мора да се грижат претерано бидејќи повеќето намирници во исхраната се дозволени. Секако, станува збор за сите овошја и зеленчуци, било кое јаткасто овошје, јајца, риба и свежо месо.

Постојат и повеќе видови на житарици кои можат да се конзумираат во било кој облик, како леб, кашички, брашно за колачи, за похување и слично. Такви се хељда, амарант, пченка, соја, ориз, просо и тапиока.Од сите наведени житарици може да се пронајде и купи и брашно, па можат да се искористат за месење на леб, колачи и други работи.

Но, кога сме веќе кај житариците и производите од нив, мора да ве предупредиме дека купечкиот леб ретко не содржи пченица. Дури и пченкарните или ржаните лебови имаат одредено количество на пченично брашно, па затоа внимателно читајте ја декларацијата на лебот, или купувајте го само од проверени места. Секако, ако веќе се соочувате со ваков проблем, можеби е подобро да размислите за набавка на машина  за правење леб. Постапката е повеќе од едноставна, а така секогаш ќе бидете сигурни што точно јадете.

Што треба да се избегнува

Како што веќе рековме, глутенот се наоѓа во пченицата, јачменот, ржта. Ако сте љубител на пиво, секако ќе треба да се откажете од него, а исто така и од гризот, булгур, грахам брашно, различни сосови (готови), помфрит, готови похувани рибји филети и слични, сите преработени морски плодови, слатки. Исто така, внимавајте на кармини за уста кои содржат глутен, пластелин, но и на разни додатоци за храна.

Млекото и млечните производи треба да се конзумираат внимателно – секогаш проверете го составот на декларацијата. Немојте да заборавите и на детали како на пример јадење со истиот прибор кој сте го користеле за производи со глутен, како и подготовка на храната на иста површина или во исти садови. На лицата кои страдаат од целијакија ваквите пропусти можат да им донесат многу штета која потоа тешко се исправува.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 17:52

Брзи солени колачи од јајца


Брзи солени колачи од јајца

Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.

Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.

Состојки

3јајца
3жолчки од јајца
1/3 шолјашолја млеко (80ml)
1/3 шолјашолја слатка павлака (80ml)
100gброкули
2моркова
50gпченка и зелена боранија (замрзнати)
1мал домат
1 кафена лажичкакрупна сол
1/2 кафена лажичкацрн пипер
100gкрупно рендан кашкавал

Масло за готвење или путер

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на температура од 180°C.
  2. Премачкајте калапи за мафини (не хартиени) со масло или путер.
  3. Ставете на оган мало тенџере со вода и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
  4. Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
  5. Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка црн пипер. Добро изматете ја смесата.
  6. Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
  7. Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“ изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од калапите.
  8. Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.

Варијации

Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси, чаен колбас или кулен.

Вкусни комбинации:

  • Сланина и праз. Наместо зеленчуците, во смесата со јајца ставете ситно исечкани и пржени парчиња сланина и праз.
  • Колбаси и печурки. Испржете колбаси и печурки, исечкајте ги и додајте по малку во секое колаче, наместо зеленчуците.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2013 во 10:12
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Originally posted by gazela gazela напиша:

дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експериментисреќа


И мене ми треба рецепт за кус-кус.не знам
Емил, немаш ли бе некој предлог?




Се извинувам чак сега го видов вашиот повик кон мене црвенеење . Ќе ви дадам 2 рецепти со кус-кус


Пилешко со кус-кус

Во тава ставаш исечено на мали коцки пилешко бело месо . Го динсташ во малкучка зејтин . Кога стане почти златисто додаваш кромид на ситно ,и габи  .Динсташ со млку вода или бело вице .Кога вече се готови ставаш внатре сварениот кус-кус и ако сакаш може да додадеш и малку маслинки (поможност исечени на тркалца ) . Зачинуваш гозбата со сол , бибер и кари . Се сервира исто како и рижото .Во купа за супа и го обраќаш во чинија да изгледа како пирамида или могилка





Кус-кус со јајца и пиперки

во тава за печене се става се стават динстаните во малку бутер пиперки ,кромид и домати .Кога се готови им се додава малку лукче и магданос . Кон нив се додава и сварениот кус- кус . Зачинуваш со вегета  . Со дрвена лажица ја израмнуваш гозбата . Врз неа ставаш 3-4 изматени јајца ( зависи колку ти е голема тавата ) и печеш во рерна на 220 градуса додека се запечат јајцта

може да послужиш со сезонска салата



сега видовголема насмевка...инаку си пронајдов како ми се допаѓа најмногу.....слично е на твојот предлог со пилешко...но додадов и краставица.... сецкана на ситни коцкички....прекрасносреќаголемо гушкање
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2013 во 15:52


Ролат со месо од мисирка и праз


СОСТОЈКИ
• 1 паку­вање лиснато тесто
• ½ кило­грам мелено месо од мисирка
• 1 праз
• 1 јајце
• маг­до­нос
• сол

ПОДГОТОВКА
Иеч­кајте го пра­зот и ста­вете го во сад во кој прет­ходно сте зовриле вода. Варете околу 2 минути, потоа про­це­дете. Во месото од мисирка ста­вете јајце, маг­до­нос и сол по желба. Изме­шајте убаво, за да се повр­зат сите состојки.

Ису­кајте го лисна­тото тесто и поде­лете го на поло­вина. На едната поло­вина ста­вете месо, праз и свит­кајте го како ролат. Истото напра­вете го и со дру­гата поло­вина од тестото.

Печете во сад пре­мач­кан со мар­га­рин или на хар­тија за печење, околу 45 минути на темпе­ра­тура од 170℃.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:07

Интересна торта со тиквици: Вкусна и убава на око

Се мислите што да правите денеска за ручек? Еве ви интересна идеја.

Потребни состојки е:
(за тесто):
280 гр меко бело брашно
1 ќесичка прашок за печиво
150 гр кравјо сирење
20 гр шеќер
1 јајце
прстофат сол
прстофат бибер
малку мелено морско оревче

(за фил):
2 тиквици
1 главица кромид
1 чешне лук
400 гр мешано мелено месо
1 лажица мелен црвен пипер
прстофат сол
прстофат бибер

(за прелив):
250 мл павлака
125 мл хопла
3 лажици нишесте
3 јајца
сол и бибер

Подготовка:

- Прво, направете го тестото така што во мултипрактик ќе ги ставите сите состојки кои се дадени по редослед.

- Формирајте тесто кое ќе го премесите на набрашнета работна површина. Со сукало расукајте го во круг и ставете го во тркалезно тавче за печење со димзензии 24 см.

- Тиквиците исечете ги тенко, по должина. Бланширајте ги кратко во врела и солена вода, па оладете ги во ладна вода. Наредете ги на кујнска хартија додека да го направите филот од мелено месо, за да се исцедат.

- Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. Пропржете го ситно сечканиот кромид. Потоа, додадете го ситно сечканото лукче и додадете го меленото месо. Динстајте додека да се зготви месото. На крај, зачинете со сол, бибер и морско оревче.

- Почнете да ја редите тортата – секое парче тиквица замотајте го и ставете го со отворениот дел нагоре.

- Во отворот ставете од филот со мелено месо. Така наредете ја целата торта, притоа оставајќи малку простор од една до друга замотана тиквица.

- Направете го преливот така што ќе ги помешајте сите состојки за него и со преливот прелијте ја тортата.

- Ставете да се пече во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека убаво не се запече.

- Пред да сервирате оставете ја 10 минути во загреана и исклучена рерна.



Изменето од Valerija - 20.Февруари.2013 во 15:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:14

Вкусно: Пилешки ролат со пршута и сирење

Вкусни состојки и брзa подготовка е сè што тре**ме да кажеме за да посакате да го подготвите ова неодоливо и лесно јадење. Можете да го послужите со гарнир по вашиот избор, или пак само салата. Следете ги инструкциите кои ви ги претставуваме и уживајте во овој вкусен ручек.

Состојки:

¼ чаша (2,5 дл) пилешка супа

5 лажици стопен путер

1-но чешне лук, сецкано

½ чаша трошки од леб

1 лажица рендано пармезан сирење

1 лажичка црвен пипер

2 парчиња пилешки гради без кожа и коски

¼ лажичка сол

¼ лажичка оригано

¼ бибер

4 тенки парчиња пршута

¼ чаша рендано моцарела сирење

Подготовка:

Во врелата супа ставете го путерот и лукот. Потоа во плиток сад измешајте ги трошките од лебот, пармезанот и црвениот пипер и оставете го на страна. Парчињата пилешко месо прекријте ги со проѕирна пластична фолија од двете страни и исчукајте ги додека не добијат дебели од еден сантиметар. Двете страни на пилешкото посолете ги со сол, црвен пипер и оригано.

На секое парче пилешко ставете парче пршута и посипете една лажица моцарела. Пилешкото свиткајте го во ролат и многу внимателно потопете го во подготвената супа, а потоа и во лебните трошки. Потоа пилешкото ставете го внимателно во сад за печење и внимавајте ролатот да не ви се растури. Со остатокот од супата прелијте ги ролатите и печете на температура од 180 степени, отприлика половина час додека пилешкото не добие златно кафена боја.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:17

Вкусно и поинакво: Ролат омлет со свински врат

Многумина од нас обожаваат омлет, но едноставно ни има здосадено да го јадеме и во последно време се почесто го избегнуваме. Ние се потрудивме да ви претставиме интересен рецепт за поинаков. Но неверојатно вкусен омлет.

Потребни состојки:

3 јајца

3-4 парчиња свински врат

2 лажици рендан пармезан

Половина лажичка исечкан свеж магдонос

Неколку парчиња тенко сирење

Чајна колбасица исецкана на тенки кругови

Маслиново масло

Сол

Подготовка:

Изматете ги со виљушка јајцата, додадете го ренданиот пармезан, сецканиот магдонос и солта, па потоа сето тоа добро измешајте го.

Во големо тавче сипете малку маслиново масло, добро загрејте го и сипете ја целата количина на смесата со јајца. Испржете една голема кајгана. Префрлете ја на даска и оставете малку да се излади. Целата кајгана покријте ја со парчињата свински врат, сирењето и цајната. Завртете ја кајганата како ролат. Така добиената палачинка исечете ја на три дела и секој дел прицврстете го со чачкалица.

Пријатен апетит.



Изменето од Valerija - 20.Февруари.2013 во 15:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 15:24

Пилешки крилца со кокос



Ова е рецепт кој е инспи­ри­ран од ази­ската кујна и е одли­чен и како пред­ја­дење и како гла­вен оброк. Сосот е сла­док и вку­сен и лесно се под­го­твува. Веру­ваме дека во овој рецепт ќе ужива целото семеј­ство поеднакво.

СОСТОЈКИ

• 3 големи лажици расти­те­лно или масли­ново масло
• 2 големи лажици соја сос
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица кари во прав
• 1.2 мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• ½ мала лажица кора од лимон
• 1 шолја млеко од кокос
• 1.5 кг пиле­шки кри­лца
• 1 шолја кокос во прав

ПОДГОТОВКА

Во голем сад изме­шајте ги заедно маслото, соја сосот, шеќе­рот, кари, сол, бибер и кора од лимон. Потоа дода­дете го и мле­кото од кокос. Сме­сата поде­лете ја на два една­кви дела и ста­вете ја во фрижидер.

Отсе­чете ги врво­вите на кри­лцата, исе­чете ги на поло­вина и ста­вете ги во сад. Потоа пре­мач­кајте ги со мари­на­дата. Затво­рете го садот и оста­вете го во фри­жи­дер нај­ма­лку еден час (нај­до­бро цела ноќ).

Нај­до­бро е кри­лцата да ги пот­пе­чете на скара (8−10 минути од секоја страна). Пре­лијте го месото со мари­нада при секое вртење. Мари­на­дата од вто­риот сад загрејте ја на уме­рен оган.

Пиле­шките кри­лца наре­дете ги на чинија и полијте ги со зато­пле­ната мари­нада. Попр­скајте ги пар­чи­њата месо со кокос во прав. Се слу­жат веднаш.

Совет: Ако ова јадење го под­го­тву­вате како главно јадење тогаш овие состојки се дово­лни за 6 пор­ции. Доко­лку е само пред­ја­дење, тогаш имате 2 порции.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 15:26

Мариниран говедски стек со сино сирење



Ова јадење е одли­чен избор за убав и вку­сен неде­лен ручек. За да под­го­твите 4 пор­ции, ќе ви бидат потребни само 20-тина минути. Ако се решите овој спе­ци­ја­ли­тет да ја краси вашата трпеза, тогаш ќе ви бидат потребни следниве

СОСТОЈКИ
• 500 гр говед­ско месо без коска, исе­чено со дебе­лина од 2.5 цм
• ¼ шолја масли­ново масло
• ¼ шолја црвено вино
• 3 чешниња лук, дро­бени
• 1 мала лажица бибер
• ½ мала лажица сол
• ½ мала лажица сенф
• 2 млади кро­мид­чиња, исеч­кани
• 40 гр сино сирење, изро­нето
• 2 големи лажици крем сирење

ПОДГОТОВКА
Отстра­нете ја маста од месото. Потоа, месото ста­вете го во пла­стична кеса (без да ја затво­рате) и во плитка чинија. За да ја под­го­твите мари­на­дата, изме­шајте ги масли­но­вото масло, бибе­рот, 2-те чешниња лук, црве­ното вино, солта и сен­фот. Исту­рете врз сте­кот. Затво­рете ја пла­стич­ната кеса или фолија. Оста­вете го во фри­жи­дер од 6 до 24 часа и при­тоа повре­мено вртете го стекот.

Исце­дете го сте­кот и отстра­нете ја мари­на­дата. Месото испе­чете го на скара. Во меѓу­време, во мал сад изме­шајте ги мла­диот кро­мид, синото сирење, крем сире­њето и едно чешне лук.

Ста­вете го месото во чинија и попр­скајте го со малку сино сирење. Серви­рајте со мик­сот со сино сирење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2013 во 06:24

Потпечен зеленчук


Со оглед дека сега е сезона во која може да ужи­ваме во нај­ра­злични видови зелен­чук, ви го пре­дла­гаме овој спе­ци­ја­ли­тет. Лесен за под­го­товка, овој оброк изо­би­лува со бои и ароми кои ќе ви доне­сат вистин­ско кули­нар­ско задоволство.

СОСТОЈКИ
• 2 тиквици
• 2 модри патли­џани
• 3 комири
• 4 домати
• 200 гр кашка­вал
• сол и бибер
• боси­лек
• рузма­рин
• масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: секое од пар­чи­њата зелен­чук добро да се изми­јат (може и да се излу­пат ако сакате) и потоа да се насеч­каат на тенки кругови.

Чекор 2: во под­мач­кан сад за печење, наре­дете кру­гови тиквици, модар патли­џан, компири, домати и тенки листови кашка­вал. Кога ќе ги потро­шите сите состојки, посо­лете и ста­вете бибер. На крај, поси­пете со боси­лек и рузма­рин. Ста­вете малку вода и рен­дан каша­ка­вал одо­згора. Печете 20-тина минути на 180℃.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2013 во 18:36

Италијански шпагети со ќофтиња


Можеби, на прв поглед, ком­би­на­ци­јата од тесте­нини и ќоф­тиња ќе ви звучи непо­знато, но веру­вајте, овој спе­ци­ја­ли­тет е неве­ро­јатно вку­сен. Тесте­ни­ните доби­ваат пои­на­ков вкус, а вие ужи­вате со сите сетила.

СОСТОЈКИ

за ќоф­тиња
• 450 гр мелено говед­ско месо
• 1 шолја лебни тро­шки
• 1 лажица сув маг­до­нос
• 1 лажица „БИМИЛК Пеко­рино“, рен­дано (може и „Кај­мак­ча­лан“ овчи кашка­вал)
• 1/4 лажичка мелен црн бибер
• 1/8 лажичка лук во прав
• 1 јајце

за сос
• 3/4 шолја сеч­кан кро­мид
• 5 чешниња лук, мелен
• 1/4 шолја масли­ново масло
• 55 гр домати (од кон­зе­рва, цели и излу­пени)
• 2 лажички сол
• 1 лажичка бел шеќер
• 1 лово­ров лист
• 170 гр доматно пире
• 3/4 лажичка сув боси­лек
• 1/2 лажичка мелен црн бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин, изма­тете го јајцето.

Во друг сад, изме­шајте ги јај­цето и сите други состојки наве­дени за при­го­тву­вање на ќоф­ти­њата. Од сме­сата напра­вете око­лку десе­тина топки, покријте ги и оста­вете ги во фрижидер.

Во пого­лем сад, про­пр­жете ги кро­ми­дот и лукот на средно загре­ано масли­ново масло. Дода­дете ги дома­тите, солта, шеќе­рот и лово­ро­виот лист и добро про­ме­шајте. Нама­лете ја темпе­ра­ту­рата на огнот, покријте ја тавата и оста­вете да се вари 90 минути.

Потоа, изме­шајте ги тесте­ни­ните, боси­ло­кот, бибе­рот и дода­дете ги ќоф­ти­њата. Оста­вете да врие уште 30 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 11:23

Тестенини со сланина и козјо сирење


СОСТОЈКИ (за 4 пор­ции)
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја тесте­нини
• 6 пар­чиња сла­нина, сеч­кана
• 2 млади кро­мит­чиња, ситно сеч­кани
• 2 големи лажици оцет
• масли­ново масло
• ½ шолја козјо сирење, дро­бено
• 1 голема лажица магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во подла­бок сад ста­вете три шолја вода со една лажица сол и оста­вете да зоврие. Ста­вете ги тесте­ни­ните и варете додека не ста­нат „ал денте“, одно­сно 5–8 минути. Про­це­дете и измијте ги со сту­дена вода за да се спречи пона­та­мо­шното варење.

Чекор 2: во друг сад, про­пр­жете ја сла­ни­ната околу 8–10 минути. Дода­дете ги и сеч­ка­ните млади кро­мит­чиња и пржете уште три минути. Откако ќе бидат готови, пре­фрлете ги во садот со тестенини.

Чекор 3: дода­дете 2 лажици оцет и попр­скајте со масли­ново масло. Зачи­нете со маг­да­нос, сол и бибер. Пред серви­рање, на секоја пор­ција дода­дете ѝ дро­бено козјо сирење.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2013 во 23:38

Пинџурот на мајка ми



Пинџурот на мајка ми

Состојки

  • 1кг. благи пиперки
  • 2 средни модри патлиџани
  • 3 домати
  • 2 чешниња лук
  • 100мл. зејтин
  • по вкус сол

Подготовка

Рецептот од мајка ми кој не го менувам за ништо. Лето не е лето ако не се подготви барем еднаш (а кај нас богами многу многу често).
1. На модрите патлиџани отстранете им ги краевите, пресечете ги на половина и заедно со доматите ставете ги во плех и во загреана рерна да се печат.
2. Пиперките по желба може да бидат и лути или мешани, кој како си јаде. И пиперките треба да се испечат. Јас тоа го правам на шпоретот, може во рерна или на оние големи ќумбиња за правење ајвар.
Кога се ќе се испече ставете ги посебно пиперките и модрите патлиџани во кеси да се задушат за полесно да ги излупите.
3. Во сад за толчење прво ставете го лукчето со малку сол и толчете додека се добие смеса налик на паста. Потоа ставете ги пиперките и продолжете со толчење додека добиете убава смеса, не е страшно и да остане некое покрупно парче. На истиот начин истолчете ги и модрите патлиџани и доматите. Потоа измешајте ги сите заедно и посолете по вкус. Зејтинот загрејте го убаво и прелијте го пинџурот. Префрлете во сад и ставете во фрижидер убаво да се излади и да се соединат вкусовите.
Послужете за ручек со домашно топло лепче и уживајте.
Добар апетит.

Дополнителни фотографии



Прочитај 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2013 во 14:04

лепчиња со лук

лепчиња со лук

Состојки

  • 6-8 парчиња стар леб
  • 3-4 чешниња лук
  • 1-2 лажици путер

Подготовка

1. Исечете го лебот на кришки, излупете го лукчето и пресечете го на половина, па премачкајте го лепчето со лукот. Најмногу задржете се на корката. Едно чешне лук е доволно за две лепчиња.
2. Намачкајте ги лепчињата со путер па испечете ги на тостер додека поруменат.
3. На растопениоет путер може да наросите оригано, магдонос, босилок и пармезан


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.