IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 32>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 13:21
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2010 во 23:13


„Taksirat“ повторно номиниран за најдобар странски фестивал!

Скопје, 30. септември 2010 


Festival Awards Ltd. заедно со европската фестивалска асоцијација YOUROPE веќе втора година по ред го номинира најголемиот македонскиот музички хепенинг „Taksirat“ во категоријата најдобар странски фестивал.

И оваа година „Taksirat“ е во номинација за престижната фестивалската награда Best Overseas Festival (Најдобар странски фестивал).

Овојпат „Taksirat“ е во конк*ренција со „Amsterdam Dance Event“ (Холандија), „Coachella“ (САД), „EXIT Festival“ (Србија), „Fuji Rock“ (Јапонија), „Lollapalooza“ (САД), „Roskilde Festival“ (Данска), „Sziget Festival“ (Унгарија) и многу други.

Сите обожаватели можат да гласаат на официјалната веб страница на Festival Awards, а годинешните победници ќе бидат прогласени на 18. ноември на главната конференција во лондонскиот British Music Experience, во O2 aрената.

Оваа година „Taksirat“ ќе се одржи од 28. ноември до 4. декември


Кон врв
DEXSO BT Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DEXSO BT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 20:22
Stihovno Vojuvanje go promovirashe svojot vtor video zapis za pesnata Diva Liga prv vo sorabotka so Dream Cast Production od Bitola


http://www.youtube.com/watch?v=3fFAVq7DkAM
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 22:50


Стефановски со соло-свирка на Гитар арт фестивалот

Со својот соло-перформанс, Влатко Стефановски на 9-ти октомври ќе настапи во МКЦ во Скопје, на финалето на Гитар арт фестивал. Фестивалот, кој го носи префиксот Интернационален, во Младинскиот културен центар ќе се одржува од 7-ми до 9-ти октомври 2010-та.

Инаку, Влатко Стефановски деновиве престојува во Сплит, каде, на 3-ти октомври настапи на манифестацијата во чест на хрватскиот композитор Зденко Руњиќ.

И на 7-ми овој месец Влатко ќе настапи пред сплитската публика, но овој пат како гостин на Џибони.

Со своето Трио, Влатко Стефановски на 26-ти ноември 2010-та ќе свири во Софија/ Бугарија, во Sofia Live Club-от.

Кон врв
Phantomlord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ThrasheR

Регистриран: 11.Септември.2008
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Phantomlord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 19:03
Метал масакр во Скопје

Метал масакр во Клуб Хавана, Скопје на 5ти ноември. Настапуваат два бенда од Србија: Mad Goya (thrash metal) и Ashen Epitaph (death/thrash metal). Поддршка ќе им дадат Skullcrush (thrash metal, Битола) и Executor (power/heavy/metalcore од Скопје). Почетокот на свирката е во 20:00 часот, а влезницата е 200 денари.



Изменето од Phantomlord - 17.Октомври.2010 во 19:04
\m/>.<\m/ Thrash' till death \m/>.<\m/
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 14:33
Кајли Миног во Скопје 
 
Австралиската поп-ѕвезда со светска слава Кајли Миног и британскиот џез-фанк бенд "Џемироквај" , идното лето треба да одржат концерти во Скопје. "Вест" дознава дека преговорите на "Авалон" продукција се во завршна фаза, па следното лето, на Арената "Филип втори", една од најголемите женски светски поп ѕвезди на сите времиња Кајли Миног, ќе ја види и скопската публика. Веста ни ја потврди Бобан Милошески, генералниот менаџер на "Авалон продукција".
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 01:30
 

Најпопуларните бендови од 90-тите години ....

Дел од членовите на овие бендови своите почетоци во музиката ги имаат токму со овие бендови, па денес функционираат и сами. Нема потреба од споредба со музиката со која растат денешните деца.....

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 12:43
Се подготвува концерт во чест на Тоше Проески
 

tttttttt

Фановите на најблескавата македонската легенда Тоше Проески може да спијат мирно - традицијата ќе биде продолжена и в година на 25. јануари, по повод датумот на неговиот роденден ќе се одржи меморијален концерт во салата Борис Трајковски.

Како и досега, концертот ќе има хуманитарен предзнак, за да се продолжи уманото дело на Тоше.

Како што дознава МММ концертот ќе биде достоен, многу осмислен и со настап на ѕвезди од Македонија и од Балканот, па и пошироко, кои се достојни за да пеат во чест на таква легенда каква што е нашиот Тоше. Деталите официјално ќе ги знаеме наскоро!

Да се потсетиме, минатата година на меморијалниот концерт под мотото "Тоше, те сакаме сите" настапија многу познати пејачи од Балканот, дури и рок легендата Оливер Мандиќ по долги децении запеа во чест на Тоше, заедно со семејството Тавитјан, Беби Дол и Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк.

Пред две години на концертот за Тоше пееше и евровизиската победничка за 2004 година, Украинката Руслана.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 15:50

Најпродаваното концертно DVD за 2010та...

 

Еве една категорија каде Lady GaGa не е на прво место. Beyonce во 2010та издаде концертно DVD од својата турнеја "I am... Sasha Fierce" под насловот "I am... World Tour DVD".

Ова DVD е најпродаваното концертно DVD за 2010та година. Според податоците, пеачката со 132.000 продадени копии остварила двоен платински тираж.

Delux верзијата од DVD-то содржи снимки од концертите од турнеата, бекстејџ снимки и колекција од 40 необјавени фотографии... па така можеме да кажеме дека истово DVD е интимен документарец за Beyonce.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 06:28

No Doubt со нов албум годинава?!

Музичките магазини уште пред две години на големо пишуваа за повторното собирање на No Doubt, сепак шестиот студиски албум на познатиот бенд од 90-те светлоста на денот ќе ја здогледа дури годинава!

Некогаш популарниот бенд својот последен албум го издаде пред дури 10 години, а во меѓувреме Гвен Стефани ја градеше својата соло кариера. Сепак, гитаристот на бендот Том Дејмонт на својот Twitter профил објави дека No Doubt ја финализира работата на својот нов албум!

- Празниците завршија, 2010-та е завршена. Напишани се 10 нови песни. No Doubt ветување за 2011: снимањето на нашиот нов албум … Почнува сега!”, стои во пораката на Дејмонт.

No Doubt инаку планира и голема светска турнеја по објавувањето на новиот албум, јавуваат таблоидите

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 23:24
 
 
....За  првпат ...  Scream music festival.....
 
За првпат Scream music festival
Прљаво Казалиште 

Хрватските рокери "Прљаво казалиште", српските "Ван гог", и "Негатив", босанците "Дивље јагоде", и македонскиот бенд "Bei the fish" ќе бидат ѕвездите на "Scream music festival", шестчасовен спектакл кој ќе се одржи на 18 февруари во Метрополис Арената во Скопје. 

"Јованов рекордс" и "План Б" продукција за прв пат организираат фестивал на балкански бендови. Велат дека со изборот на изведувачи сакале да го задоволат вкусот на сите генерации. 

Картите се веќе пуштени во продажба во Југотон, Камарад Рамстор, Веро2. 

До 15 јануари чинат 400 денари, од 1 февруари се 500, до 18 февруари се 600 денари, а на вратата на Метрополис Арената пред самиот почеток чинат 800 денари. 

Распоредот за нестап на бендовите ќе биде објавен неколку дена пред настанот, соопштуваат од Јованов рекордс.
 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 23:47

Албумот на Металика и понатаму најпродаваниот албум во последните 20 години

 

Хеви-метал бендот Металика и понатаму го има најпродаваниот албум во последните 20 години во САД, пренесува музичкиот магазин Класик-рок.

 

 

 

 

 

 

 

Петтото студиско остварување на Металика - “The black album”, од 1991 година до денес е продадено во 15.620.000 примерока во САД. Тоа студиско остварување беше на прво место по продаваност и минатата година. 
На второ место е албумот на Шанаја Твен - "Come On Over", продаден во 15.487.000 примерока, а на трето место е Аланис Морисет со албумот "Jagged Little Pill", продаден во 14.642.000 примерока.
Податоците ја пратат продаваноста на албумите од 1991 година, кога е спроведен процесот за пратење на продаваноста на музичките изданија.

 

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 04:56
Естрадата ќе колабира ако умре ФБ!


Инспирирани, а до негде и шокирани од сведоштвото на основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг, во кое вели дека сериозно размислува да ја затвори социјалната мрежа, ВЕЧЕР (надевајќи се не за последен пат) прошета низ профилите на македонските естрадни ѕвезди. Фактот дека секој од нив активно комуницира на Фејсбук, а и го користи за сопствена промоција (преку поставување видеозаписи, песни, фотографии или, пак, објавување датумите за закажените настапи) го наметна прашањето - Како и дали згаснувањето на оваа социјална мрежа би влијаела врз нивната кариера?


Дарко Илиевски
Фејсбук е глобална мрежа која освен за комуникација, реално се користи и за промоција. Според мене дефинитивно е најголем промотер и доколку би се укинал, ќе биде катастрофа. Освен што ќе влијае на нашите кариери, ќе влијае и на цела светска комуникација. Јас не сум зависник од Фејсбук и мислам дека сето тоа нема многу да ме погоди. Од друга страна, пак, доколку оваа социјална мрежа згасне, сигурно ќе најдам замена во некоја друга.

 

Кристина Арнаудова
Ауу, искрено се надевам дека нема да дојде до укинување на Фејсбук. Денес интернетот и социјалните мрежи се основни канали за комуникација со фановите. Тие ја дистрибуираат и пласираат музиката. Доколку го снема Фејсбук, ќе се вратиме на Мајспејс. Жално е што телевизиите не функционираат како што треба и не промовираат доволно. Стравувам од тоа дека доколку го снема Фејсбук, ние јавните личности ќе останеме во сенка.

Драгана Чуприна
Не мислам дека Фејсбук влијае на мојата кариера. Иако на него ставам професионални слики, сепак тезгите ги добивам од сликите што се наоѓаат во мојот бук и од каталозите кои досега ги имам сработено. Реално, за мене Фејсбук не е важен. Знам дека за многумина е и дека секој втор активно го користи, меѓутоа јас не сакам да си го соголувам животот на Фејсбук.

 

Стефан - Некст Тајм
Доколку се случи такво нешто, искрено ќе бидам исплашен. Го велам ова, бидејќи државата нема музички канали кои би ја промовирале македонската музика. Имаме само две забавни емисии кои не се доволно активни, а и кои верувам дека не можат да бидат секогаш на секое место. Токму поради ваквиот факт ние ѕвездите на Фејсбук го објавуваме она што е ново и на тој начин добиваме критики, а и пофалби за сработеното. Згаснувањето на оваа социјална мрежа ќе биде голем минус за македонската музика!

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 17:45

Со љубов од Тоше/ New video!

Меѓународната ФондацијаТоше Проески има чест да Ви го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје.

Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејчезаедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијатаПасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации заТоше.

Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена.

***

Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната сеТути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан).

Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња.

< height=385 =application/x-shockwave-flash width=440 =http://www.youtube.com/v/1TlxgA0PF5s?fs=1&hl=en_US allowfullscreen="true" allowaccess="always">

Голем е интересот од балканските ТВ-станици за пренесување и снимање на оваа музичка манифестација со меѓународна димензија, од која собраните средства ќе бидат наменети хуманитарно.

Организатор на концертот Со љубов од Тоше е Меѓународната ФондацијаТодор Тоше Проески, помагател е ЕВН, техничката поддршка е на Аворд а овозможено од Министерство за култура.

Фановиве со голема радост ја дочекаа и раритетната снимка Can You Feel The Lоve Tonight, која легендарниот пејач пред неколку години ја реализирал во своето домашно студио, а деновиве се врти на радио-станиците.

На Тоше целиот Балкан се потсетува со насмевка на лицата и со радост. Со хуманоста и добрите дела што ги правеше, блескавата музичка кариера и вонсериските музички квалитети тој остави досега незапаметена трага и афирмација на македонската музичка култура. 

Тоше, мисионерот на љубовта, и повеќе од три години од неговото заминување во вечноста ги обединува младите и неговите следбеници, а тие  постојано организираат хумани акции за да се исполни аманетот- да си помагаме во секоја ситуација, да живееме со добрина и човекољубие. Една таква ќе има на денот на роденденот.

....  Извор  Македонска Музичка Мрежа .......
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.