IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 04:25



Liderot vo generalen plasman i osvojuvac na pet F1
trki, Jenson Button ke ucestvuva na triatlonot vo London
ovaa godina za dobrotvorni celi. Anglicanecot od timot
na Braun ke pliva, trca i ke vozi velosiped za "Make a
Wish", fondacijata koja pomaga na deca so teski bolesti.
"Imav zadovolstvo da sretnam mnogu vakvi deca i bi sakal
da im pomognam. Vo poslednite nekolku godini ucestvuvam
na triatlon trki, taka sto nema da bide problem. Duri
uspeav dvajcata moi inzineri Sov i Bono da gi nateram
da bidat so mene", veli Button

Изменето од Iron Man - 17.Мај.2009 во 04:37
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 11:36
"Нема компромис околу правилата!"

Клучниот состанок на ФИА со тимовите заврши без договор во петокот на аеродромот Хитроу во Лондон откако ФИА одби да направи компромис околу плановите за доброволен ограничен буџет. Претседателот на ФИА, Макс Мозли, изјави дека се работело за пријателски разговори со тимовите, но дека ФИА нема планови да се откаже од ограничениот буџет од 40 милиони фунти, ниту од крајниот рок од 29 мај за апликација за Ф1 шампионатот во 2010.

"Се работеше за пријателски состанок, но на крајот се што се случи е тоа што тимовите отидоа да разговараат дали можат да најдат подобра идеја од ограничениот буџет. Објаснивме зошто не можеме да се повлечеме и не смееме да ги ставиме во незавидна состојба новите тимови кои ќе сакаат да аплицираат. Но, подготвени сме да чуеме што имаат да кажат. Во меѓувреме регулативите остануваат какви што се и објаснивме дека сакаме единствени правила, но така што сите тимови ќе се согласат со ограничен буџет. Не гледаме зошто некој не би можел да работи со тој буџет, а во исто време ќе се работи за олеснување на техничките правила, како што бараа сите инжинери. На крајот изборот е меѓу интелектуална слобода и финансиска ограниченост или интелектуална ограниченост и финансиска слобода, како што имавме досега. Мислам дека некои од тимовите се согласуваат, но сега тие треба да одлучат", изјави Мозли по состанокот.

Ферари, Рено, Тојота и Ред Бул тимовите официјално се заканија дека нема да аплицираат за шампионатот следната година според сегашните правила. Претставниците на тимовите веднаш заминаа на посебен состанок да разговараат за предлозите.

Во исто време Ферари ја префрли битката и пред француските судови, каде што поведе барање против предвидените формула 1 правила, призна Мозли.

"Во текот на состанокот беше јасно дека Ферари поставија тужба до францускиот суд за да се спречи воведувањето на правилата", призна Мозли.

Мозли исто така додаде дека преговорите се прошириле на новиот Конкорд договор, кој се уште не е потпишан. Со т.н. Конкорд договор се уредуваат односите меѓу тимовите, ФИА и носителот на комерцијални правила.

"Тие ме прашаа за Конкорд договорот и јас сум подготвен да се продолжи тој од 1998 на уште пет години. Но, нема договор меѓу тимовите и Берни Еклстоун, нешто за што зборуваат веќе две и пол години", додава Мозли.

Од тимовите нема коментар за состанокот, иако претходно Флавио Бриаторе, шефот на Рено, изјави дека мора да се најде некаков компромис.

"Тимовите се формула 1, додека ФИА треба да е судија. Правилата треба да се направат за нас, и не смеат да бидат воведувани од Макс без да разговара со кого било. Така не може да се работи", вели Бриаторе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 05:11
FOTA и FIA не се договорија – тимовите си одат!?




На вчерашниот состанок на организацијата на тимовите и Светската Автомобилистичка организација, не беше постигнат договор околу ограничениот буџет, кој FIA го наметнува за наредната сезона и кој во големо ги фаворизира помалите тимови.

Најгласен на состанокот беше Ферари, кој потоа на прес конференција изјави дека тие сега ќе ја тужат FIA во Франција за да спречат создавање на првенство во кое едни тимови ќе се фаворизираат повеќе, а едни помалку. Скоро сите тимови потсетија и дека доколку остане вака, тие нема да останат во првенството.

Изјава после состанокот имаше и контроверзниот Макс Мозли, кој во врска со откажувањето на тимовите рече: “Ќе бидам изненаден ако навистина го направат тоа, но кога ќе почнат да поставуваат барања, навистина е тешко да се преговара со нив”. Тој потврди и дека Ферари ќе ја турка работата на суд, а кажа и дека ќе ги сослушаат тимовите.
Сепак, претходно, неименувани извори од FIA изјавија дека организацијата нема намера да попушти во врска со донесувањето на новиот закон, што ги става во пат позиција – или ќе ги напуштат овие тимови или тие што требаше да влезат нема да дојдат.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:07



Претседателот на Тојота, Џон Хаует вели дека тимовите сакаат да имаат вистинско водство во формула 1, но посочува дека нивната цел е да се остане во спортот. Тојота, Ферари, Ред Бул и Рено се заканија дека ќе си заминат од формула 1 ако не се сослушаат нивните предлози за ограничувањето на буџетот во 2010. "Мислам дека од Ферари убаво кажаа за сите проблеми кои ги имаме како формула 1 тимови. Сакаме да имаме умно водство во спортот, а да се обезбеди тоа мораме сите да играме по исти правила", вели Хаует.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:04


Нико Розберг вели дека останува "отворен" за неговата иднина во формула 1, откако Германецот призна дека размислува за опциите за 2010. Возачот на Вилијамс пред стартот на сезоната најави дека ако неговиот тим нема добра форма оваа сезона ќе размисли дали да ја побара среќата на друго место. "Ја разгледувам мојата ситуација и се обидувам да видам кои се моите опции за следната година. Факт е дека се чувствувам добро во овој тим, тие ме поддржуваат и растеме заедно и би сакал да имам добро долгорочно решение", вели Розберг.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:01



Фелипе Маса можеби го нема најдобриот старт на сезоната со Ферари, откако Ф60 не може да се снајде против посилните тимови, но 28-годишниот Бразилец ќе добие ново искуство оваа година - ќе стане татко за првпат. Бразилецот призна дека неговата сопруга Рафаела е бремена со машко дете кое треба да се роди во ноември. Маса и Рафаела се во брак од ноември 2007.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 21:59
Шуми имал тежок судар во февруари, но се враќа на мотициклите






Швајцарскиот весник Блик објавува дека Михаел Шумахер бил посериозноп повреден при падот во февруари на тестирањето за германската Супербајк серија на Картахена патеката. Шумахер тогаш тврдеше дека бил во болница само како мерка на претпазливост, но Блик инсистира дека седумкратниот Ф1 шампион имал сериозен потрес на мозокот и две скршени ребра. 40-годишниот Германец беше на трката во Шпанија минатиот викенд и некои приметија дека тој не може целосно да ја сврти главата, што значи дека имал повреда и на рбетот. И покрај ова менаџерот на Шуми, Вили Вебер вели дека тој се враќа на две тркала.

"Михаел ќе почне со тестирањето набргу. Планира да ја стартува сезоната во германскиот Супербајк на 29 мај во Нирбургринг", вели Вебер.

Шефот на неговиот тим, Јенс Холцауер ги отфрли шпекулациите дека Шумахер се враќа предвреме.

"Тој возеше 20 години во формула 1. Ако кажува дека се е во ред, тогаш се е во ред", вели шефот на Холцауер Рејсинг.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 21:46
Мерцедес засега не си оди




Шефот на Мерцедес-Бенц Моторспорт, Норберг Хауг инсистира дека заканите на нивните ривали за повлекување од Ф1 поради контроверзниот предлог за буџетот следната година се реални, но дека засега компанијата од Штутгарт не размислува за таков потег. Мерцедес, кои имаат 40% од тимот на Мекларен засега молчи, можеби бидејќи неодамна избегна голема казна во случајот со лажењето на стјуардите на ФИА.

"Сите тимови се согласуваат дека не може да има формула 1 со два сета правила. Сакаме да ја оствариме заедничката цел и за тоа ќе работиме заедно", вели Хауг.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 12:07
По Ферари и Рено се заканува со повлекување!

Рено се последниот тим кој се закани дека ќе си замине од формула 1 доколку предлозите за воведување на доброволен ограничен буџет од 40 милиони фунти за 2010 останат. Во вторникот, Ферари и официјално најави повлекување од формула 1, како што претходно тоа го направија Тојота и Ред Бул.

"Ако одлуките кои се донесени од ФИА не се ревидираат, немаме избор освен да се повлечеме од Ф1 шампионатот на крајот на 2009", вели Флавио Бриаторе, шефот на Рено.

ФИА со предлогот за ограничен буџет сака да ги привлече новите тимови во спортот, а според планот тие кои ќе го прифатат ограничувањето од 40 милиони фунти ќе добијат далеку поголема техничка слобода во споредба со тие со неограничени буџети. Големите тимови сметаат дека така ефективно ќе се направи формула 1 на два дела. Според шпекулациите само воведувањето на флексибилни крила, кои сега се нелегални, би им донеле на тие со ограничен буџет болид побрз за 2 секунди по круг.

"Рено секогаш сметале дека формула 1 е врвот на мотоспортот и совршено место да се покаже техничката надмоќ. Остануваме посветени кон спортот, но не можеме да бидеме вклучени во шампионат кој работи со поинакви правила и затоа ќе мораме да се повлечеме на крајот на сезоната", вели претседателот на Рено Ф1 тимот, Бернар Реј во известувањето.

Ф1 СВЕТОТ НЕ Е УБЕДЕН ВО ИСКРЕНОСТА НА ФЕРАРИ

ФИА, Берни Еклстоун, експертите, новинарите и фановите не се убедени дека Ферари (и Рено) се сериозни во заканите за повлекувањето од формула 1.

"Јас не сум тој што треба да зборува за совршени бракови, но бракот Ферари-формула 1 е совршен. Толку е едноставно и тоа нема да се смени. Се надевам дека Ферари нема да решат да си одат и дека сите ќе останат смирени и ќе се најде решение", вели Еклстоун.

Техничкиот директор на ФИА, Тони Парнел вели дека ова е нова закана за "Армагедон".

"Секако дека сум оптимист. Кога и да се правеше некаква промена во формула 1, тимовите врескаа армагедон - дали се работеше за замрзнувањето на развојот на моторите, В10 на В8 мотори и така натаму... Секогаш се зборуваше дека Ф1 ќе се распадне. Затоа ние во ФИА не реагираме на хистеријата", вели Парнел.

Според анкетата на Газета Дело Спорт, дури 62.4% од фановите веруваат дека Ферари ќе бидат на стартот на новата сезона, додека британскиот Гвардијан вели дека 49.6% од фановите сметаат дека Ф1 може да преживее без Ферари.

МОЗЛИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ФОТА ОВАА НЕДЕЛА

Портпаролот на ФИА во средата потврди дека претседателот на федерацијата, Макс Мозли се обврзал да се сретне со Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) оваа недела, иако не посочи кога ќе се сретне тоа.

И покрај тоа што многумина не ги сфаќаат заканите на Ферари сериозно, шефот на Италијанскиот Олимписки Комитет (ЦОНИ), Џовани Петручи е зад Скудерија.

"Стоиме зад Ферари и нивните менаџери", вели Петручи.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 04:28



Стефано Доменикали призна дека ќе размисли за својата позиција шеф на тимот ако со тоа италијанскиот тим излезе од криза. И покрај чекорот напред во Барселона, само Вилијамс, Торо Росо и Форс Индија се поспори од актуелните шампиони кај конструкторите, а серијата грешки се повтори и во Барселона.




Изменето од Iron Man - 14.Мај.2009 во 04:29
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 04:26


Сер Френк Вилијамс призна дека тој нема да се приклучи кон заканите за бојкот пред новиот шампионат. Тојота и Ред Бул веќе предупредија дека ќе си заминат, слично како и Ферари и Рено, но помалите тимови како Вилијамс, Браун ГП и Форс Индија, чиј главен бизнис е формула 1 веќе се согласија за ограничен буџет со 40 милиони фунти. "Ние ќе се тркаме. Што друго ми останува?", вели Вилијамс.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 04:25


Себастијан Фетел не е на продажба, велат од неговиот Ред Бул тим. Талентот на 21-годишниот Германец беше забележан и последните две години, но во 20009 тој е трет во генерален пласман со една победа, по што повторно беше поврзуван со Ферари и Мекларен. "Себастијан е многу среќен во нашиот тим и ние сме среќни со него. Тој е член на семејството на Ред Бул долго време и мислам дека г-динот Дитрих Матешиц нема намера да го продава", вели Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 04:23


Кими Раиконен повторно ќе оди на професионалено рели, негово трето оваа година. Светскиот шампион од 2007 влезе на две трки на Финскиот Шампионат во текот на зимата, возејќи Фиат Абарт Пунто подготвен од поранешниот шампион Томи Макинен. Возачот на Ферари, кој сега е 13. во генерален пласман со истиот автомобил ќе вози на Рели Дела Марка во Италија меѓу Монако ГП и Турското ГП



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 04:21


Британија може да биде без ГП трка во 2010 доколку Донингтон Парк не ги заврши работите навреме, предупредува Ф1 шефот Берни Еклстоун. "Ако работата во Донингтон не е завршена на време, тогаш само ќе прескокнеме една година. Не сакам да го загубам Британското ГП, но сигурно нема повторно да одиме во Силверстоун", вели Еклстоун.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.