IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 32>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 13:20
Ламбе на меѓународниот „Балтик сонг фестивал“ во Шведска

Ексклузивецот на М2 Продукција Ламбе Алабаковски од денеска до 24 јули ќе учествува на меѓународниот „Балтик сонг фестивал“ во Карлсхам, Шведска.

Фестивалот се одржува традиционално секоја година во јули. Годинава ќе учествуваат пејачи и групи од Шведска, Полска, Италија, Русија, Исланд, Летонија, Ирска и Шпанија, соопштуваат од М2 Продукција.



Ламбе е единствениот пејач што доаѓа од балканските земји, а на фестивалот ќе отпее две песни од неговиот репертоар, специјално препеани на англиски јазик - „Да не те љубев“ и „Носете ме времиња“.

Минатата година на овој фестивал учествуваше ексклузивката на М2 Продукција Елена Ристеска.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 15:26

„Спајс Грлс“ повторно заедно

 
Извор: Мондо

Иако критичарите ја избришаа од речник најпопуларната женска група на 90-тите  "Spice girls",  девојките храбро го објавија нивното повторно собирање за филмот „Spice World“.

Викторија Бекам, Ема Бантон, Мелани Чизхолм, Мелани Браун и Гери Халивел најавија дека ќе се појават повторно заедно на големиот екран.

"Spiceworld" филмот, во кој најпопуларната женска група се бори против вонземјани, духови и многу други противници, додека се подготвува за концерт, беше комерцијален успех на благајните, но критичарите го оценија како вистинска катастрофа.

"Ние планиравме веднаш да снимаме и продолжение, но Гери ја напушти групата и сите планови беа оставени во мирување", откри "Бејби Спајс", Ема Бонтон.

Не е познато за што ќе се работи во продолжението на филмот,  но ќе бидат вклучени 14-те најголеми хитови на „Spice Girls“, во режија од Џуди Крамер, позната по мјузиклот, "Мама миа".

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 00:56
Трудна или полна со алкохол?

Британските медиуми на големо шпекулираат дека проблематичната Ејми Вајнхаус е бремена, но истовремено јавуваат и за нејзините бурни ноќи. Ваквите информации дефинитивно создаваат впечаток дека пејачката не е подготвена да стане мајка.

Сепак, веројатно не треба воопшто да се грижите за бебето на Ејми, затоа што тоа не е ни направено, барем така тврди нејзиниот портпарол кој ги демантираше гласините за бременоста на Вајнхаус.

Дваесет и шестгодишната пејачка, која се забавува со 33-годишниот режисер Рег Травис неделава беше фотографирана со „трудничко стомаче“.

Сепак нејзиниот портпарол вели дека шпекулациите се комплетно невистинити. Очигледно во стомачето на Ејми не се криело бебе, туку многу алкохол.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 00:59
ovaa e steta sto go dise vozduhot, a ne MAJKA DA BIDE?!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 12:54
Аца Лукас доаѓа во Охрид


По куса пауза сопственикот на најсрцепарателните турбо-фолк рефрени Аца Лукас повторно во Македонија. Журката со Аца Лукас е закажана в петок на плажата Корали. Свирката стартува во 22, а предвидено е истата да трае до 1 часот по полноќ. Билетите веќе се пуштени во продажба и освен на плажата и низ Охрид може да се купат и во Скопје.

Лукас и покрај тоа што е тазе женет напорно работи и постојано негде настапува, а периодов освен заради музиката и женачката во јавноста го имаше и поради војната со колегата Милош Бојаниќ. Поради обвинувањата упатени на негова сметка дека е наркоман, Лукас најави тужба и отштета од 100.000 евра. Средствата, како што изјави во неколку наврати, нема да ги задржел за себе, туку ќе ги искористел во борба против наркоманијата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2010 во 07:03
Се разведува Шако Полумента

Српскиот фолк пејач Шако Полумента одлучи со спогодба да стави крај на 15-годишниот брак со сопругата Весна, со која има две деца.

Еве, машки те губам и верувај, ќе бидам како порано, зарем не... пее Шако Полумента во песната „Ispovest“, која најдобро ја опишува неговата сегашна брачна состојба.

Црногорскиот фолкер и неговата сопруга одлучиле со спогодба да се разведат, а судското рочиште е закажано за денеска.

- Веќе подолго време постојат проблеми во нивниот брак, но одлуката за развод ја донесоа неодамна. Причината за окончување на брачната заедница е неговото често отсуство од домот, што Весна веќе не можеше да го трпи. Со текот на времето почнаа да се оддалечуваат и сфатија дека е најдобро да се разведат. Синот и ќерката најверојатно ќе останат со мајката, а тој како татко редовно ќе ги посетува, како и тие него, вели извор близок до пејачот.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 01:05
Кој е па овој изненадување  и за него ли да се секираме?  не%20слушам
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 11:22


Dizzee Rascal и Corinne Bailey Rae водат во номинациите за овогодинешните Barclaycard Mercury Prize. Rascal пред седум години ја освои наградата за најдобар нов изведувач а Corinne Bailey Rae уште не освоила ни  Mercury. Кој ќе ја освои престижната награда ќе дознаеме на 7 ми септември на церемонија која ќе ја води  Jools Holland.

  Christina Aguilera има причини за грижа. Нејзиниот актуелен  'Bionic', во кој се внесени милион долари на продукција и промоција е продаден само во безначајни 200,000 копии. Албумот дебитираше на прво место на Британската листа но сепак  'Bionic' влегува во историјата како најмалку продаван U.K. No.1.
The Beach Boys во 2011 ќе прослават 50 годишнина од своето постоење. Легендарниот бенд својот последен настап го имаше во  2006 кога славеа 40 години од постоењето. Концертот кој планираат да го одржат најверојатно ќе биде бесплатен. Се уште не се знае местото на одржување на овој спектакл.
 

Популарната кантавторка  Џош Стоун на петок 13 ќе одржи концерт во Пулската арена. Друштво на сцена ќе и прави соул мајсторот Solomon Burke. Настапот во Арена го потврди и нејзиниот менаџмент ,пренесува  RTL. Концертот ќе почне во  21.30 и ќе трае два часа. 

Бритни Спирс и Мел Гибсон се многу добри пријатели и тие постојано комуницираат, особено во вечерните часови. Наводно таа му се јавува секој ден за да го праша дали има нешто ново во врска со неговата девојка Оксана Григориева. Причината поради која го подржува глумецот е бидејќи тој и помогна во 2008 година кога пејачката имаше нервен испад.Мел е еден од ретките луѓе кој и помогна на Бритни кога и беше најтешко и затоа го смета за прекрасен човек.

2005, Концертот на Queen од  1985 Live Aid беше изгласан за најдобар концерт со над  7,000 UK Sony Ericsson музички фанови.


1966, Frank Sinatra дојде на прво место на Американската листа на албуми со 'Strangers In The Night'.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 00:38
Girls Aloud без Nadine?

Компанијата на Girls Aloud ги демантираше написите дека групата планира да се реобедини без Nadine Coyle. Нивниот претставник за печат тврди дека потпишале договор за снимање на шестиот студиски албум како петорка, но дека датумот на неговото издавање се уште не е определен.

Претходно, британскиот таблоид Сан објави дека женскиот бенд Girls Aloud ќе се врати идната година, но дека во новата постава нема да има место за  Nadine Coyle.

Наводно, Sarah Harding, Nicola Roberts, Kimberly Walsh и Chеryl Cole веќе започнале да работат на идеите околу нивниот камбек, а Coyle не се вклопува во нивните планови. Наводно, девојките чувствуваат дека се оттуѓиле од неа.

“Одлуката беше тешка за Sarah, Nicola, Kimberly и Chеryl. Но, тие сметаат дека иднината на Girls Aloud e без Nadine. Односите меѓу Nadine и останатите девојки се заладија откако групата е на пауза . Тензиите меѓу нив всушност се појавија уште пред разделбата,“ се вели во изјавата на извор близок до девојките, објавена во таблоидот.

Girls Aloud беа формирани во 2002 година, преку шоуто за таленти “Popstars: The Rivals”. После 7 успешни, но и напорни години, девојките решија да направат пауза во 2009 година. Тие издадоа 21 синглови и 5 студиски албуми.

По разделбата Nicola лансираше успешен козметички бренд, Cheryl се посвети на својата соло музичка кариера, а стекна популарност и како судија во X Factor, Sarah отвори ноќен клуб, додека Kimberly стана ТВ презентер.

Nadine ги залади односите со бендот кога одлучи да се пресели во САД во 2006 година, откако започна врска со ѕвездата на серијата “Очајни домаќинки”, Jesse Metcalfe. Оттогаш живее таму, а отвори и свој бар во близина на Л.А.

Таа дополнително ги налути останатите девојки кога одби да учествува во ТВ проектот “The Passions Of Girls Aloud” од 2008. Наводно, работи и на соло албум.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 00:04
На жал нечија...моја среќа...Пинк телевизија го раскина договорот со Гранд продукција...раат некој период од трубо па и фолк
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2010 во 09:25
 
 

Британскиот пејач Роби Вилијамс и глумицата Ејда Филд денеска ќе се венчаат на свечена церемонија, која ќе се одржи на островот Санта Каролина во Калифорнија...

Триесет и шестгодишниот Роби и 31-годишната Ејда пред една недела своите планови им ги открија на пријателите и на нивните семејства. Џонатан Вилкс е најдобар пријател на Роби Вилијамс, па затоа токму тој ќе му биде кум на познатиот пејач, наведува весникот „Дејли мејл“.

Гостите што се поканети да присуствуваат на венчавката добија инструкции да се соберат во мало пристаниште, од каде што ќе испловат на островот Санта Каролина, каде што ќе се случи гламурозната венчавка на познатата двојка. Островот е оддалечен околу 35 километри од Лос Анџелес и го опишуваат како рај со кристално чиста вода. 

По церемонијата, двојката ќе го мине медениот месец во САД, пред да се врати во Велика Британија, каде што Роби ќе ја промовира новата песна „Схаме“, која ја сними во соработка со својата некогашна група „Тејк дет“.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 22:36

MAROON 5 СО НОВ АЛБУМ

По тригодишна пауза, Maroon 5 повторно се враќаат на музичката сцена со нов албум и добро препознатливиот звук.

Иако музичката критика не им е наклонета по откривањето на првата песна "Misery" од албумот кој ќе го носи називот "Hands All Over", фановите немаат замерки и имаат само пофални зборови за видео записот.
 
 
Албумот ќе излезе во продажба на 21 септември, а ќе има 11 песни со бонус од уште 4 песни за Делукс изданието.
 
До септември, нам ни преостанува да уживаме во синглот "Misery" и спотот, особено поради неговата интересна содржина.......голема%20насмевка
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 02:33
По деценија Кајли Миног има супер хит

Спотот само за гледање, инаку од ова да стане супер хит...глупчо

Get Outta My Way





Изменето од Анастеа - 05.Септември.2010 во 02:34
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 08:50
....среќа...... Еве една  вест .... и за еден наш  Бисер .......голема%20насмевка.......
 

ФОЛК ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА ОТВОРИ СВОЈА ПРОДУКЦИЈА

Јас сум Цеца во Македонија

           
Фолк пејачката Елена Велевска,водена од примерот на својата колешка од соседството, Цеца отвори својата продукција, наречена ЕВ Продукција. Но освен аудио, за разлика од Цеца, Елена има и видео продукција во склопот на своето студио, и ќе се работи на снимање на спотови, реклами, емисии, фотосесии. ЕВ Продукција е со седиште во Охрид, а низ градот веќе се шират шпекулации околу цената на современата опрема во студиото на Елена, па се спомнуваат и суми од над стотина илјади евра.
"Вложив многу труд и средства во ЕВ Продукција и имам големи планови. Ќе и понудам на македонската јавност спотови, емисии и реклами со првокласен квалитет, нешто што досега го гледавме само кај соседството. Знам дека ќе има секакви коментари, особено затоа што јас сум жена, но ќе морам да потсетам на Драгана Мирковиќ и нејзината ДМ Сат, Лепа Брена и Гранд Продукција, Цеца и нејзината аудио продукција, Сека која што има своја емисија. Можам да се пофалам дека на некој начин сум подобра од Цеца, бидејќи таа има само аудио, а јас имам и видео продукција,  изјави Велевска. 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.