IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 56>
Автор
Порака
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 16:57
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Ferrero Rocher бомбици

Состојки:
-100 гр. наполитанки од лешник
-150 гр. лешници

-200 гр. Nutella

-150 гр. чоколада за готвење
-4-5 лажици масло


Подготовка:

Лешниците се потпекуваат и се сецкаат.Наполитанките се кршат на покрупни делчиња,се додаваат лешниците и накрај се додава Nutella . Се меси и е остава во фрижидер (околу 45 мин.) за убаво да се стегне смесата.Потоа се прават бомбици со намастени раце и секоја бомбица со чепкалка се мака во чоколадната глазура.

Чоколадна глазура:

-150гр темна чоколада се топат со 4-5 лажици масло на најниска температура.

Ги обожавам оригиналот, но некој ден мора да ги направам овие дома...чисто за споредбахи, хи...



сум ги правела и навистина се фантастични....дури и не мора да се прелеат со чоколадо затоа што се доволно блачки ионака . наместо тоа може да се наросат со дробен лешник или повторно да се превалкаат во дробени наполитанки голема насмевка

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2012 во 18:18

Панакота со чоколаден сос


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За панакота:

3 листа желатин

250 милилитри слатка павлака

250 милилитри млеко

1 лажичка екстракт од ванила

25 грама шеќер

За сос:

200 грама чоколада

250 милилитри слатка павлака

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За панакота:

Потопете го желатинот во малку ладна вода за да не омекне.

Ставете го млекото, шеќерот, ванилата и павлаката во сад на оган на умерена температура. Варете до вриење.

Исцедете го желатинот и додадете го во садот и продолжете со варење додека желатинот не се стопи.

Поделете ја целата смеса во чашки со големина по Ваша желба  и ставате ги во фрижидер да потстојат 1 час.

Сос:

На пареа загрејте ја павлаката па во неа додадете ги иситнетите чоколада. Загревајте ги заедно со постојано мешање. Пазете смесата да не зоврие.

За послужување, чашките со панакотата превртете ги врз чинија за послужување и околу секоја  распоредете сос. Украсете по желба.

Уживајте во вкусот!!!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 08:49

КРАЛСКА ТОРТА

Потребни состојки:

За кора:

  • 4 јајца
  • 150гр шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • лажица рум
  • 150гр брашно
  • кесичка прашок за пециво

за фил:

  • 300мл слатка павлака
  • 500гр крем сирење
  • 100гр шеќер
  • 2 јајца
  • 200гр бело чоколадо
  • 2 кесички желатин
  • кесичка ванилин шеќер
  • 50гр пржени ливчиња бадеми

за прелив:

  • 250гр малини
  • 100гр шеќер
  • 2 кесички прелив за торта

Начин на подготовка:

Од јајацата, шеќерот, ванилин шеќер, рум и брашно измешано со праок за пециво, замесете тесто. Добро изедначете ја смесата, истурете ја во подмечкан калап. Печете околу 25 минути на 180 степени. Печената кора оладете ја, извадете ја од калапот и пресечете ја на половина.

За фил изматете слатка павлака со шеќер, крем сирење и жолчки. Потоа додадете добро изматени белки и исцеден желатин кој претходно сте го стопиле во вода.Половина од филот рапоредете по долната кора, ставете ја горната кора, па премачкајте со преостантиот фил и од страна.

Преливот подгответе го според упатството и лесно измешајте малини посеани со шеќер. Потоа распоредете ги преку филот и оставете ја тортата добро да се олади во фрижидерот. Пред сервирање, тортата од страна посипете ја со листови од бадеми.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 11:43

Колач со цреши и бадеми



Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

За зрнестата смеса: измешајте ги брашното, двата вида шеќер, циметот, морското оревче и солта.

Исечете го путерот на парчиња. Додадете го путерот во садот со смесата од брашно и со виљушка или со мешалка за тесто мешајте додека да добиете смеса од крупни трошки. Додајте ги сечканите бадеми и промешајте.

За црешите: ставете ги замрзнатите цреши во сад и додајте шеќер, пченкарно брашно и екстракт од бадем. Благо промешајте.

Ставете ја смесата од цреши во тавче за печење. Одозгора истурете ја зрнестата смеса.

Печете 45 минути на 180 степени, или додека одозгора смесата да стане крцкава и златно-кафеава. Ако по 45 минути смесата ви изгледа недопечена, допекувајте ја на интервали од 10 минути, сѐ додека не биде готова.

Колачот служете го топол или на собна температура, одозгора со шлаг или со сладолед од ванила.




Состојки:

За зрнестата смеса:

120 г брашно

100 г бел шеќер

100 г кафеав шеќер

1/2 лажичка цимет

прстофат мелено морско оревче

1/4 лажичка сол

170 г солен путер, сечен на парчиња

60 г сечкани бадеми

За црешите:

350 г замрзнати цреши

100 г бел шеќер

2 лажици пченкарно брашно

2 лажички екстракт од бадеми

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 11:48

Чоколадни бисквити со лешници

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги лешниците на тавче за печење и печете ги околу 10 минути, додека да заруменат.

Измешајте ги брашното, какаото, еспресото, солта, сода бикарбоната и прашокот за печиво и оставете ги настрана.

Изматете ги јајцата. Извадете две лажици од нив, пренесете ги во помал сад и оставете го настрана. Во преостанатите јајца додајте го шеќерот и убаво измешајте ги. Додајте ја смесата од брашно и мешајте додека да добиете меко тесто.

Поделете го тестото на половина и пренесете го едниот дел на набрашнетата работна површина. Со набрашнети раце, формирајте коцка од тестото. Наредете половина од лешниците на тестото и притиснете ги за да влезат во него. Намотајте го тестото како ролат, а потоа притиснете го одозгора, за да се сплеска.

Обложете ја тавата со хартија за печење и ставете го сплесканиот ролат врз неа. Повторете ја постапката со останатото тесто и лешници. Одозгора премачкајте ги ролатите со двете лажици матени јајца.

Печете ги во рерна 15-20 минути, додека да се стврднат. Пренесете ги на штица за сечење, оставете ги 5 минути да се подоладат и исечете ги на парчиња дебели 1-2 см.

Вратете ги парчињата во тавата, легнати на исечените страни, и вратете ги во рерната. Печете ги уште 20 минути, додека да станат крцкави и суви.

Оставете ги целосно да се оладат пред да ги послужите.

Состојки:

150 г цели лешници, лупени

250 г брашно, плус за набрашнување на работната површина

50 г какао во прав

1 лажица еспресо во прав

прстофат сол

половина лажичка сода бикарбона

3/4 лажичка прашок за печиво

4 големи јајца

300 г шеќер

 

 

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:47

Лава торта со црно и бело чоколадо и сос од малини


Потребни состојки:

  • 200гр бело чоколадо
  • 50мл слатка павлака
  • 2 јајца
  • 90гр брашно
  • 50гр шеќер
  • 1 лажица путер
  • 50гр црно чоколадо (70% какао)

За сос:

  • 250гр малини
  • 2-3 лажици шеќер
  • 1 лажица густин

За подмачкување:

  • Путер
  • Брашно

Начин на подготовка:

Помешајте ги малините со шеќер, ставете на силен оган и варете неколку минути. Густинот помешајте го со 3 лажици ладна вода. Додадете го во малината и варете неколку минути. Тргнете од оган иисцедете за да се ослободите од семките. Оладете.

Загрејте ја рерната на 220С.

Помешајте го белото чоколадо, павлаката и путерот и загрејте на пареа за чоколадото да се стопи и смесата да се соедини. Посебно изматете ги јајцата со шеќерот. Во истопеното чоколадо, додадете изматени јајца и просеано брашно. Измешајте се за да нема грутки.

Калапите за суфле или калапи за мафини, добро подмачкајте ги со путер и посипете со брашно. Сипете од смесата, па додадете по коцка или две чоколадо. Печете 11 минути.

Извадете од рерна, оставете да одморат минута – две, па ставете ги на чинија и послужете веднаш со сос од малини.




Изменето од Valerija - 10.Октомври.2012 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:51

Чоко лешник


Потребни состојки:

  • 100гр маргарин
  • 200гр шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 50гр истопено црно чоколадо
  • 200мл млеко
  • 100гр брашно
  • 100гр какао
  • 50гр пудинг од чоколадо
  • половина кесичка прашок за пециво
  • лажица сода бикарбона
  • 2 лажици цимет
  • 70 гр сецкани лешници

Начин на подготовка:

Пенасто изматете го маргаринот со шеќер и ванилин шеќер. Во смесата додадете едно јајце, па кога ќе го измешате, додадете уште едно. Во смесата истурете истопено чоколадо, а потоа наизменично додадете какао, млеко и пудинг во прав со постојано мешање. На крајот додадете претходно помешан прашок за пециво, сода бикарбона и цимет. Во плех за мафини ставете ги хартиените корпици и наполнете ги со подготвената смеса до третина од висината. Посипете со сецкани лешници и печете околу 20 минути на 180 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:57

Портокалов мафин


Потребни состојки:

  • 1 портокал
  • 200мл сок од портокал
  • 1 јајце
  • 125гр путер
  • 150гр брашно
  • лажица прашок за пециво
  • лажица сода бикарбона
  • малку сол
  • 80гр шеќер
  • кесичка шлаг
  • изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Потокалот исечете го на парчиња, извадете ги смеките и изблендајте заедно со сокот. Во тоа измешајте јајца и путер, а потоа и брашно со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и шеќер. Смесата ставете ја во корпици за мафини, украсете со шлаг и кора од портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:58

Капучино топчиња


Потребни состојки:

- 230 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 30 милилитри ликер од кафе
- 30 грама кафе
- 125 грама блага павлака
Начин на подготовка:
На пареа се меша млечната чоколада, слатката павлака и кафето, се додека не се стопат и смесата не с еизедначи.
Потоа се додава ликерот од кафе и путерот.
Добро се меша со миксер.
Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.
Ќе одередите сами колку ќе биде отребно за да се стегне смесата.
Потоа од смесата се прават топчиња.
Секое топче се валка во рендана чоколада.
Топчињата до служење стојат во фрижидер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:58

Пијана торта


Потребни состојки:

За кора:

  • 2 портокали
  • 750гр шеќер
  • 10 јајца
  • 150гр мелени ореви
  • 100гр суво грозје
  • 60гр мелени бисквити
  • 5 лажици рум

За глазура:

  • 4 реда чоколадо
  • 20гр путер

Начин на подготовка:

Корите од два портокали исечете ги на ситни парчиња и сварете ги во вода. Во тава со пет лажици шеќер, додадете ги корите од портокал да се сварат односно да се зашеќерат. Посебно изматете белки со 10 лажици шеќер. Додадете ги жочките и добро измешајте, потоа следуваат мелените ореви, суво грозје, мелени бисквити и зашеќерена кора од портокал. Се добро помешајте, додадете во подмачкан калап за торта и печете на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто оладете го и прелијте го со сируп кој сте го направиле со преостанатиот шеќер и пет лажици рум. Тортата прелијте ја со глазура од чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 00:02

Капучино топчиња

Потребни состојки:

- 230 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 30 милилитри ликер од кафе
- 30 грама кафе
- 125 грама блага павлака
Начин на подготовка:
На пареа се меша млечната чоколада, слатката павлака и кафето, се додека не се стопат и смесата не с еизедначи.
Потоа се додава ликерот од кафе и путерот.
Добро се меша со миксер.
Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.
Ќе одередите сами колку ќе биде отребно за да се стегне смесата.
Потоа од смесата се прават топчиња.
Секое топче се валка во рендана чоколада.
Топчињата до служење стојат во фрижидер.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:47

Брзи и вкусни домашни тулумби

Откако понудивме неколку рецепти за вкусни торти и колачи, дојде време за тулумбата, еден од балканските најдобри и најслатки десерти. Специфичниот сладок вкус е омилен од многумина кои живеат не само на Балканот.

Состојки за тестото:

400 милилитри вода

6 лажици масло

250 грама брашно

5 јајца


Состојки за шербетот:

800 грама шеќер

400 милилитри вода

1 лимон исечен на парчиња

Подготовка:

Во лонец од средна големина загрејте вода. Кога водата ќе зоврие, полека додадете го брашното со постојано мешање, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот. Тргнете го садот од огин и оставете малку смесата да се олади на собна температура. Во изладената смеса додадете едно по едно јајце, а притоа мешајте со раце.

За подготовка на шербетот варете вода и шеќер на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура.

Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги со ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се оладат пред послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2013 во 20:56

Домашна „Нутела“



Зна­еме дека „Нутела“ е едно од оми­ле­ните слатки на секој од нас. Некои би го дале и живо­тот за неа (да, да не пре­те­ру­ваме). Со оглед дека сите толку многу ја љубиме, дене­шниот рецепт ѝ го посве­ту­ваме токму неа.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја лешници
• 350 гр чоко­ладо, сеч­кано
• 2 мали лажици масло од репа или сон­чо­глед
• 3 мали лажици шеќер во прав
• 1 мала лажица какао
• ½ мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на 175℃. Лешни­ците распо­ре­дете ги во сад за печење. Оста­вете ги во рерна околу 12 минути. Лешни­ците се готови кога лушпата ќе започне да се одво­јува. Откако ќе ги излу­пите, оста­вете ги да се изладат.

Чекор 2: во меѓу­време, исто­пете го чоко­ла­дото. Мешајте, за да доби­ете глатка смеса. Оста­вете да се излади.

Чекор 3: измик­си­рајте ги изла­де­ните лешници, сè додека не доби­ете ситен прав. Потоа, дода­дете ги маслото, шеќе­рот, кака­ото, вани­лата и солта. Мик­си­рајте, за да доби­ете хомо­гена смеса. На крај, дода­ете го чоко­ла­дото и про­до­лжете со мешање со миксер.

Оста­вете добро да се излади и ужи­вајте во непов­то­рли­виот вкус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 14:46


Ишлери


СОСТОЈКИ (за 8 лица)

за тесто
● 200 гр бра­шно
● 100 гр путер
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр мелени ореви
● 1 жолчка

за крем
● 2 јајца
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр путер
● 50 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: убаво изме­шајте и изме­сете ги сите состојки во сад. Оста­вете го тестото во наред­ните 30 минути настрана. Потоа, расу­кајте го со дебе­лина од поло­вина сан­ти­ме­тар. Со помош на калап напра­вете ишлери. Распо­ре­дете ги во сад за печење кој прет­ходно сте го покриле со масна хар­тија. Печете 30 минути на темпе­ра­тура од 150 степени.

Чекор 2: за кре­мот, изме­шајте ги јај­цата и шеќе­рот и сва­рете ги на пареа. Во топлиот крем дода­дете го чоко­ла­дото. Малку изла­дете и потоа дода­дете го путе­рот. Откако пече­ните ишлери малку ќе се изла­дат, на поло­вина од нив нане­сте го кремот.

Чекор 3: со дру­гата поло­вина ишлери покријте ги оние на кои сте им ста­виле крем. Вака доби­е­ните ишлери пото­пете ги во топено чоко­ладо или нане­сете гла­зура од топено чоко­ладо врз гор­ниот слој.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.