IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 55>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 11:19
ШУМАХЕР

Време е за нови трки

Михаел Шумахер откако се повлече од Формула 1 се посвети на тестирањата автомобили, но го прошири својот интерес и за мотоцикли. По неколку обиди, викендов тој ќе настапува и на една трка од светското првенство под капата на ФИМ, каде што ќе се вози трка на издржливост од 8 часа! Германкиот пилот (39) пролетва првпат се обиде да извозе една мото трка, но повеќе пати излета од патеката. Иако тестираше со Дукати, Шумахер ќе вози Хонда за екипата Холцхауер.

АЛОНСО
Мора да докажам дека сум најдобар

Фернандо Алонсо во последното интервју за Ф1 рејсинг тврди дека ќе продолжи да се бори за подиуми, кои оваа година ги нема, за да докаже дека е најобар пилот. Шпанецот беше критикуван дека не му честитал на Пике за трофејот на Хокенхајм кога тој беше втор, бидејќи се чувствувал како поразен бидејќи Бразилецот прв освоил подиум со индиспонираниот болид на Рено.
- Сепак и оваа ситуација е предизвик за мене и ми ја одржува мотивацијата на високо ниво - тврди Алонсо, тврдејќи дека има долга иднина за него во Ф1 и дека ќе освои уште многу победи и и титули.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 18:14
Кими се крсти во Хеики?
Кими Раиконен изјави дека му честитал на Хеики Ковалаинен за победата во Унгарија и дека го однел на забава во текот на летната пауза за да го прослават неговиот успех. Откако Мекларен во неколку наврати потврди дека Ковалаинен нема да биде возач бр.2 во екипата зад Хамилтон, а згора на тоа веќе му го продолжи договорот на Хеики за 2009 година, се чини на Кими Раиконен само натамошните успеси на сонародникот му се во прилог, додека тој се бори за титулата со црномурестиот пилот.



- Ферари е водечки во шампионатот на конструкторите веќе неколку трки со ред. Тоа покажува дека имаме подобар болид и повеќе потенцијал. Валенсија е нова патека, а јас сакам да ги откривам таквите. Уште како дете кога возев КАРТ секогаш брзо учев како да возам на непознатите патеки. Знам дека и таму ќе биде жешко како во Будимпешта, што му одговара на нашиот болид бидејќи лесно се адаптира на таквите услови, - тврди шампионот и покрај фактот дека моторот на Маса откажа во Будимпешта на 3 круга пред крајот поради прегревање.

- За време на паузата ќе учествувам на една картинг трка во родниот Суомосалми, која што се организира веќе пет-шест години по ред. Сега тоа ќе биде специјален настан за мене откако победив во Будимпешта, а другиот дел од одморот ќе го минам релаксирајќи се со семејството. Потоа, се враќам на секојдневниот бизнис, - опуштено вели Ковалаинен.

Луис Хамилтон води на табелата со пет поени пред Раиконен и осум пред Маса, а до крајот на првенството има уште седум трки, од кои три се во Европа, а последните четири на Далечниот Исток и Јужна Америка.

Мексико подготвен за 2010?

Хозе Абед, потпретседател на ФИА изјави дека очекува Берни Еклстоун во календарот за 2010 да внесе повеќе нови имиња како организатори на трките. Неговата родна земја Мексико дури и потпиша договор со Берни Еклстоун кој требаше да започне да се реализира во 2006, но поради промената на локалната власт во туристичкиот центар Канкун, тој обид пропадна. Абед тврди дека промени секако ќе има, што се толкува како официјализирање на желбата на Еклстоун за 20 до 25 трки по сезона. Веќе се знае дека во 2010 домаќин на една трка ќе биде Јужна Кореја, а исто така и Индија притиска за таква шанса.
- Промените ќе се случат во 2010 и тогаш и Мексико ќе мора да работи на случајот за да има солидна патека. Но, сето тоа ќе зависи од одлуката на Берни дали да се вклучи и нашата земја,- изјавил Абед за "Спортсиа", потврдувајќи дека интерес за изградба на патека со вредност од преку 50 милиони долари има во Канкун, Тихуана и Пуебла.
Во минатото Мексико беше познат како домаќин на Ф1 меѓу 1986 и 1992 година со автодромот "Браќата Родригез" крај Мексико Сити.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:12

ФОРМУЛА 1 - ГЕРМАНЕЦОТ ПРИЗНАВА ДЕКА Е РАЗОЧАРАН, НО ВЕРУВА ВО СВОЈОТ ТИМ

Розберг засега останува во Вилијамс

Нико Розберг вели дека планира да го испочитува својот сегашен договор со тимот на Вилијамс и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во поглемите тимови, додавајќи дека с$ уште верува дека тимот од Гроув може да биде конк*рент на најдобрите Ф1 тимови.

Германецот, кој е син на поранешниот Ф1 шампион Кеке Розберг, потпиша договор за да остане во Вилијамс до крајот на сезоната 2009, но и покрај тоа беше во центарот на шпекулациите кои го поврзуваа со други тимови. Додека Мекларен беше заинтересиран на крајот на минатата сезона пред да го донесе Хеики Ковалаинен во тимот, сега се појавуваат "експерти" кои велат дека неговото останување во Вилијамс само ќе штети на неговиот прогрес.

23-годишниот Розберг инсистира дека е подготвен да почека велејќи дека е задоволен да остане со тимот на сер Френк Вилијамс бидејќи тимот може да се извлече од слабата форма. Розберг го освои првиот подиум во кариерата на првата трка во Мелбурн, но од тогаш тие паднаа на 7. место во генерален пласман.

"Подиумот во Австралија беше одличен, но јасно е дека тоа не беше вистинската слика за нашата сила. Од почетокот на сезоната едноставно ја немаме потребната брзина и го знаеме тоа дури од Малезија. Но, се чувствувам удобно во тимот, тука сум долго време и се согласувам добро со шефовите. Сите сфаќаат дека тимот е тркачки тим, и сите го даваат својот максимум. Сите сакаат да победат, но оваа година тоа не е возможно", вели Розберг.

Прашан дали верува дека може да ја оствари амбицијата да стане светски шампион со Вилијамс, Германецот одби да одговори јасно, само потврдувајќи дека ќе биде во тимот во 2009.

"Имаме други работи за кои треба да се грижиме. Можеме да бидеме подобри следената година посебно по промените на правилата. Тоа е добра шанса за нас. Моите планови? Иднината е тука. Барем следната година, а потоа ќе видиме", вели Розберг.

Маса: "Талентот не е доволен за титула"

Откако ја загуби победата во Унгарија во последните три кругови поради откажување на моторот, возачот на Ферари, Фелипе Маса коментира дека на возачите им е потребно нешто повеќе од талент и добар болид за титулата - малку среќа.

"Да се биде шампион мораш да бидеш брз, да бидеш постојан, да работиш напорно и добро со тимот, но и да не заборавиме да бидеш среќен. Без среќа не можеш да си најдобар", вели Бразилецот.

Рекорден број фанови на Хунгароринг

Унгарското ГП оваа година е најдобро посетено во 22-годишната историја на трката во Хунгароринг, објави портпаролот на унгарската влада Давид Дарочи. Во 1986 година многумина се чудеа што Берни Еклстоун реши да оди во источна Европа, но тоа се покажа како вистински успех со 200.000 гледачи првата година. Но, во 2008 година имало дури 10% повеќе луѓе од минатата година бидејќи покрај "традиционалните" Финци, трката ја сметаат за домашна и фановите од Полска, кои дојдоа да го видат Роберт Кубица. Според медиумите, Унгарија добива најмалку 16 милиони $ годишно од трката.

Физи работи напорно за следната година

Џанкарло Физикела е многу блиску до зголемување на платата ако биде задржан од Форс Индија тимот втора година по ред во 2009. Според германскиот магазин Ауто Мотор Унд спорт, италијанскиот ветеран кој дојде во Форс Индија откако го загуби местото во Рено, во 2008 вози бесплатно, но во 2009 би барал 1.5 милиони $.

Мекларен ќе почне со ротација на вработените

Шефот на Мекларен, Рон Денис, вели дека следната година неговите вработени ќе "ротираат" на трките кои се надвор од Европа. Според Денис со проширувањето на календарот и отсуството на тринеделната летна пауза следната година, ќе биде премногу да се очекува членовите на тимот да патуваат на секоја трка.

"Паузата е неопходна за тие кои патуваат цело време. Ако немаш доволно време со своето семејство, тогаш станува неиздржливо", вели Денис.

ТЕНИС РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

ЛЕГ МЕЈСОН КЛАСИК - ВАШИНГТОН, 508.000$

(4) Хас - Де Фест 6:4/4:6/6:1

Рејнолдс - (7) Жиквел 7:6(7:2)/3:6/6:4

Изнер - (8) Гранољерс 6:3/6:7(5:7)/7:6(7:1)

Села - Спадеа 7:6(8:6)/6:3

Деварман - Дент 7:6(7:3)/2:6/6:1

Сера - Игњатик 7:6(7:3)/6:3

Јанг - Хорна 6:3/6:1

ВЕСТЕРН & САУТЕРН ОПЕН - СИНСИНАТИ, 175.000$

(3) Кириленко - Хсиех 6:2/7:5

(4) Среботник - Финк 6:3/6:3

Пен - (7) Макарова 6:2/6:0

Четковска - (8) Пашек 4:6/6:3/4:1 пред.

Лисицки - Татишвили 5:7/7:5/6:0

Деши - Санчез 6:2/6:2

Дити - Менг 2:6/6:1/6:4

Дубоа - Родина 6:2/7:6(7:3)

Остерлох - Кеотавонг 7:6(7:3)/4:6/6:4

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:31
Reflektori vo F1 газење%20од%20смеење.........ako da se nasmeeme...a farovi ke mestat li na bolidite голема%20насмевка
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:32
леееј утка место во фудбал  голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Изменето од blueprayer - 13.Август.2008 во 17:33
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:04
Грешката на Ферари е во возачите и во шефовите?


Коренот на проблемите на Ферари во денешницата се наоѓа во боксот и седи во кок-питот на Ф2008 болидот, вели поранешниот шеф на италијанскиот тим. Чезаре Фиорио, кој беше претходник на екстремно успешната ера на Жан Тод во тимот од Маранело, дури вели дека иако болидот му откажа на три круга пред победата во Унгарија, самиот Фелипе Маса е одговорен за тоа.

"Мислам дека Ферари с$ уште го имаат најдобриот болид во формула 1, но тоа се расипува од грешките во командната структура и од грешките на возачите", вели Фиорио.

69-годишниот Фиорио, кој последен пат беше во формула 1 со Минарди во 2000, има и друг совет за тимот кој го водеше на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите.

"Ферари мораат да решат на кого ќе се обложат - на Маса или на Раиконен", смета Италијанецот.

Поставувањето на возач број 1 за останатите седум трки во 2008 е многу тешка одлука за Ферари бидејќи Кими Раиконен има само 3 поени повеќе од Фелипе Маса. Во анкета за италијанскиот Газета Дело Спорт 56% од читателите сметаат дека Ферари мораат да го поддржат Финецот Раиконен. Но, актуелниот светски шампион во моментов се мачи со управувањето на Ф2008, посебно на квалификациите.

"Кими ги има истите проблеми како Хајдфелд во БМВ - не може да го постави болидот за брз круг", вели Марк Зутер, поранешен ГП возач и сега коментатор во Швајцарија.

Зутер мисли дека мотивацијата е голем проблем за 28-годишниот Раиконен.

"Тој веќе стана шампион. Понекогаш изгледа дека повеќе би сакал да ја гледа трката отколку да учествува во неа", коментира Швајцарецот.

Бразилецот Маса, пак, во меѓувреме оценува дека Раиконен понекогаш успева да го подеси болидот за еден круг.

"Четири пати од пет обиди јас можам да ги подесам гумите на вистинска температура. Со Кими тоа е како еднаш во пет обиди. Но, кога ќе го направи тоа, тогаш е навистина брз", вели Маса.

Во исто време, Ферари првпат по подолго време удри на партнерот за пневматици Бриџстоун. Јапонскиот производител беше вистински сојузник на Скудерија во времето кога во Ф1 немаше монопол на гуми и со нив стигнаа до серијата титули од 1999 до 2005. Техничкиот директор на тимот, Алдо Костра вели дека изборот на две состојки на гумите е "прелошо за некои патеки".





Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 15:58

ФОРМУЛА 1 - ОТКАКО ФЕРАРИ ПОКАЖАА ИМПРЕСИВНА БРЗИНА НА УНГАРСКОТО ГП

Хамилтон вели дека Мекларен мораат да одговорат

Луис Хамилтон вели дека враќањето на Ферари во борбата за победите на Унгарското ГП треба да биде вистинско предупредување за неговиот тим Мекларен да работат уште понапорно. Откако доминираше на Британското и Германското ГП, Хамилтон во Хунгароринг дојде на лидерското место и полн со самодоверба, но бргу беше "соборен" од Фелипе Маса во Ферари, кој го претекна уште во првиот круг.

Бразилецот беше блиску до победа, која ќе му дадеше водство во генерален пласман, но на три круга пред крајот му откажа моторот. Откажувањето беше добра вест за Хамилтон, кој го зголеми своето водство во генерален пласман на 5 поени пред Кими Раиконен. Но, на седум трки пред крајот, Хамилтон вели дека Мекларен мораат да одговорат на предизвикот на Ферари.

"На некој начин резултатот во Унгарија беше многу важна лекција за тимот - ни покажа дека не можеме да дозволиме да бидеме смирени и дека мораме да работиме напорно во текот на летната пауза за да се вратиме силно во Валенсија. Никогаш не смее да се потцени тим како Ферари, и верувам дека и во Маранело ќе работат напорно да стигнат до предност. Да имавме полесна трка во Унгарија можеби ќе бевме поопуштени и тоа ќе ни се вратеше како бумеранг подоцна во сезоната. Знам дека сите во Вокинг, Штутгарт и Бриксворт ќе работат 24 часа дневно за да стигнеме до титулите", вели Хамилтон.

Кими ќе биде претставен на поштенска марка

Кими Раиконен наскоро ќе добие место во финската историја откако неговата татковина ќе издаде колекција на поштенски марки со кои се одбележува неговата титула од минатата година. На 5 септември оваа година 11 нови фински марки ќе се издадат во 4 изданија, а едно од изданијата ќе биде со ликот на Раиконен.

Според извештаите, на марките ќе го има ликот на Кими, неговиот шампионски Ф2007 болид, како и неговиот тим Ферари. Презентацијата ќе биде извршена еден ден пред изданието во Спа Франкоршамп каде што Кими ќе го вози Белгиското ГП.

Ф1 ФЛЕШ

БМВ мораат да се потрудат да го заменат Ник Хајдфелд со двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во 2009, вели Ханс-Јоаким Штук, поранешниот Ф1 возач кој сега ја води тркачката дивизија на Фолскваген, а претходно работеше за БМВ. "Немам ништо против Ник, но за разлика од Кубица тој е возач кој не може да стигне до титулата. Ако можат да го осигураат Алонсо на долги патеки, тогаш не смеат да пропуштат таква шанса", вели Штук.

Шефот на тимот на Торо Росо, Герхард Бергер, кој прогнозираше дека Кими Раиконен ќе ја одбрани титулата, сега се предомисли. "Искрено сега би се обложил на Луис Хамилтон. Ме разочара тоа што Кими ја загуби мотивацијата. Но, грешката е во Ферари и требаа да имаат поголема хиерархија на почетокот на сезоната. Сега е предоцна", вели поранешниот Ф1 возач.

25-годишниот Американец Скот Спид вели дека е задоволен од неговата Ф1 кариера, иако во 28 ГП трки за Торо Росо не освои поен, пред да влезе во конфликт со својот тим и да биде заменет со Себастијан Фетел. Тој сега настапува во малите НАСКАР трки. "Формула 1 секогаш беше мојот сон, секогаш пред НАСКАР. Според мене јас го остварив сонот. Не направив ништо во формула 1, но тоа е како да сум бил на моторспорт колеџ", вели Спид.

БЕЗБОЛ РЕЗУЛТАТИ

Минесота - Њујорк Јенкис 4:2

Атланта - Чикаго Кабс 2:10

Кливленд - Балтимор 1:6

Бостон - Тексас 8:4

Питсбург - Синсинати 5:2

Детроит - Торонто 3:4

Вашингтон - Њујорк Метс 0:12

Флорида - Сент Луис 4:6

Хјустон - Сан Франциско 6:2

Чикаго Вајт Сокс - Канзас Сити 4:0

Колорадо - Аризона 6:5

Сан Диего - Милвоки 1:7

Л.А.Енџелс - Сиетл 7:10 во 12 ин.

Оукленд - Темпа Беј 2:3

Л.А.Доџерс - Филаделфија 7:6

ТЕНИС РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО):

ЛЕГ МЕЈСОН КЛАСИК - ВАШИНГТОН, 508.000$

(2) Дел Потро - Села 6:0/5:7/6:2

(4) Хас - Махут 7:6(7:4)/6:3

Фаља - Сера 7:6(7:2)/7:6(13:11)

Изнер - Јанг 6:4/7:6(7:4)

ВЕСТЕРН & САУТЕРН ОПЕН - СИНСИНАТИ, 175.000$

(2) Петрова - Дити 6:1/6:1

(3) Кириленко - Дубоа 1:6/6:2/7:5

Деши - (4) Среботнмик 7:5/2:6/7:6(7:1)

Лисицки - Пен 6:3/6:4

Остерлох - Четковска 6:4/6:1

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 19:53
Раиконен: "Победувањето останува најважно"

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен ги отфрли тврдењата дека ја загубил желбата за победување. Покрај шпекулациите дека асот на Ферари планира да се повлече на крајот на сегашниот договор (на крајот на 2009), се вели дека Финецот ја загубил желбата за возење и дека тоа е причината за слабата форма во последните трки, но сега 28-годишниот возач на Ферари вели дека с$ уште сака успеси во спортот.

"С$ уште сум истиот човек. Ако сум во трка, тогаш сакам да ја освојам. Никогаш не е забавно да си петти или шести и искрено ниту третото место не е толку добро како порано. Сакам само да победувам", вели Раиконен.

Тој додава дека тие кои мислат дека тој е задоволен по титулата во 2007, грешат.

"Секако дека сакам повеќе, не сум уморен ниту задоволен. Ако не ги освоиме двете титули на крајот на сезоната, тогаш ќе бидам незадоволен", објаснува Раиконен.

Култхард сака Ф1 кариера за синот

Ф1 ветеранот Дејвид Култхард планира подарок од соништата за неговиот син на неговиот 20. роденден - договор со Ферари. 37-годишниот Шкотланѓанец кој ќе си замине од Ф1 на крајот на сезоната вели дека неговата бремена свршеница Карен Миние очекува син.

"Тој ќе има договор со Ферари во 2028 година!", вели Култхард.







Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:58

ФОРМУЛА 1 - ОВОЈ ВИКЕНД ВОЗАЧИТЕ СЕ ВРАЌААТ ОД "ЛЕТНИОТ РАСПУСТ"

По августовската пауза предизвикот во Валенсија

По две недели без тестирање или тркање на Ф1 календарот, возачите се подготвуваат за враќање во своите болиди и тоа на новата улична патека во Валенсија овој викенд. 20-те возачи во формула 1 го поминаа "летниот распуст" на различни начини - од лежење на луксузните јахти до менување на формата на тркање.

Свеж по подиумот во Унгарија на пример, Тимо Глок од Тојота отпатува на познатата американска патека Лагуна Сека во Калифорнија, каде што победи на "Трката на легендите" против имиња како Џони Херберт, Патрик Тамбе и шампионот од 1980 Алан Џонс. Ф1 ветеранот Дејвид Култхард тркачката атмосфера ја промени со посета на Брно, каде што се возеше Мото ГП трката.

На другата страна на работите, лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон, ги полнеше батериите со прошетка во својот авион со девојката Никол Шерцингер. Тој беше "фатен" заедно со останатите членови на бендот Пусикет Долс на аеродромот во Лос Анџелес, но и во Шпанија и Лондон. Летниот одмор Хамилтон го помина во Шпанија, но атмосферата ја расипаа крадците кои му украдоа еден куфер.

Колегата на Хамилтон од Мекларен, Хеики Ковалаинен имаше помирно лето организирајќи картинг трка, но во исто време одејќи во својот дом во родниот Суомусалми .

"Ова беше првпат да одам дома по подолго време", призна Ковалаинен.

Фелипе Маса исто така замина одома во Сао Пауло, додека асот на Форс Индија, Џанкарло Физикела уживаше на својата јахта со семејството.

Возачот на Вилијамс, Нико Розберг, во меѓувреме тренираше напорно на Швајцарските Алпи. Тој поминуваше часови на маунтбајк, пред да плива во алпските езера.

Сега време е сите да помислат на Ф1 и на пристаништето во Валенсија.

"Мислам дека сите во формула 1 се возбудени за оваа трка", вели Џенсон Батон од Хонда.

РЕЛИ

Гронхолм одби ВРЦ кам-бек

Двократниот светски шампион Маркус Гронхолм одби понуда да вози за Стобарт Форд на Релито Нов Зеланд следната недела. Шефот на Форд, Малколм Вилсон, побара од Финецот да го замени Џиџи Гали по неговиот инцидент на Германското рели, но Финецот вели дека нема потреба за таква понуда.

"Јас сум пензиониран и не ми се допаѓаат такви идеи. Не се работи за тоа што ќе возам автомобил од 2007 бидејќи третото место на Франсоа Дувал во Германија покажа дека тој е конк*рентен. Доста ми е од рели трки", вели Гронхолм, кој се пензионираше на крајот на минатата сезона.

БЕЗБОЛ МЛБ РЕЗУЛТАТИ:

Питсбург - Њујорк Метс 5:2

Атланта - Сан Франциско 0:5

Балтимор - Бостон 3:6

Темпа Беј - Л.А.Енџелс 6:4

Тексас - Детроит 7:8

Милвоки - Хјустон 9:3

Минесота - Оукленд 2:3

Чикаго Вајт Сокс - Сиетл 13:5

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:17

ФОРМУЛА 1 - И ПОКРАЈ ИНЦИДЕНТОТ ВО БОКСОТ, БРАЗИЛЕЦОТ ЌЕ ОСТАНЕ ПОБЕДНИК

Маса ја сочува победата во Валенсија

Фелипе Маса се одмазди за несреќата во Унгарија победувајќи на првото Европско ГП во Валенсија, совладувајќи го лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон во Мекларен. Но, победата на Маса можеше да биде одземена откако стјуардите мораа да изведат истрага во контроверзниот инцидент во боксот, кога Бразилецот се удри со Адријан Зутил во Форс Индија во второто влегување во боксот. Ова беше втор драматичен инцидент за Ферари во боксот, откако Кими Раиконен излезе предвреме во неговото второ влегување и удри член на тимот, кој беше однесен во медицинскиот центар.

Сепак, Бразилецот беше само опоменат за инцидентот од стјуардите на трката и ја задржа победата. Како резулат на инцидентот Ферари добија казна од 10.000 евра.

"Запрев зад него кога тргнавме заедно. Кога ме поминуваше бевме страна до страна. Јас бев лидер, а тој заостануваше еден круг. Не сакав да ризикувам", вели Маса.

Маса на крајот беше пресреќен од доминантната победа по катастрофата во Унгарија. Бразилецот загуби сигурна победа во Будимпешта, кога на три круга пред крајот му откажа моторот.

"Мислам дека ова е фантастично за мене и за Ферари. По толку лош резултат, дојдовме на нова трка, која не ја познававме. Тимот заврши фантастична работа и не можеме да посакаме ништо повеќе. Но, мораме да работиме на новиот проблем кој го имаше Кими. Има многу важни трки пред нас", вели Маса, кој исто така стартуваше од пол-позицијата и го постави најбрзиот круг на трката.

Со резултатот Маса се пресели на второто место во генерален пласман, претекнувајќи го Кими Раиконен, кој се откажа поради проблеми со моторот. Ова е втор инцидент со моторите за Ферари во две трки.

"Мораме да видиме во што е проблемот за следните трки. Постојаноста ни е проблем, посебно оваа година", додава Маса.

ЛУИС ЗАДОВОЛЕН СО ВТОРОТО МЕСТО

Луис Хамилтон, пак, вели дека е задоволен и со второто место во Валенсија бидејќи со него остана на шест поени пред Маса, и 13 пред Кими Раиконен. Возачот на Мекларен призна дека немале доволно брзина да го победат Маса на шпанската жештина, додавајќи дека се чувствувал како да е во сауна.

"Не можам да се пожалам со второто место. Имавме доста силен викенд на нова патека и добри поени. Не бев толку брз како Фелипе, а Роберт Кубица туркаше силно во првите неколку круга. Тешко беше да се претекнува тука. Трката не беше тешка, но беше многу жешко и немавме доволно вода во болидот. Како да возевме во сауна", вели Хамилтон.

Роберт Кубица и БМВ како да ги решија проблемите од последните неколку трки, откако Полјакот успеа да го задржи третото место пред вториот возач на Мекларен, Хеики Ковалаинен, додека одлични беа Тојота, кои беа петти со Јарно Трули и седми со Тимо Глок со што стигнаа до 10 поени предност на четвртото место во генерален пласман.

Најразочараниот човек во Валенсија секако беше Фернандо Алонсо, кој ниту втората трка во Шпанија не успеа да ја заврши. Алонсо виде малку од трката откако во првиот круг беше удрен од Казуки Накаџима во Вилијамс.

"Две трки во Шпанија, две откажувања, едно поради моторот во Барселона и сега поради инцидент со Накаџима. Нормално дека сум разочаран. Сега одиме во Спа и да се надеваме дека среќата ќе се промени", вели асот на Рено.

РЕЗУЛТАТИ (ЕВРОПСКО ГП):

1.Фелипе Маса (Ферари) 1:35:32.399 10

2.Луис Хамилтон (Мекларен) +5.600 8

3.Роберт Кубица (БМВ) +37.300 6

4.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +39.700 5

5.Јарно Трули (Тојота) +50.600 4

6.Себастијан Фетел (Торо Росо) +52.600 3

7.Тимо Глок (Тојота) +1:07.900 2

8.Нико Розберг (Вилијамс) +1:11.400 1

9.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:22.100

10.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1:29.700

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1:32.700

12.Марк Вебер (Ред Бул) +1 круг

13.Џенсон Батон (Хонда) +1 круг

14.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг

16.Рубенс Баричело (Хонда) +1 круг

17.Дејвид Култхард (Ред Бул) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

18.Кими Раиконен (Ферари) +12 кругови

19.Адријан Зутил (Форс Индија) +16 кругови

20.Фернандо Алонсо (Рено) +56 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 70

2.Фелипе Маса (Ферари) 64

3.Кими Раиконен (Ферари) 57

4.Роберт Кубица (БМВ) 55

5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 43

6.Ник Хајдфелд (БМВ) 41

7.Јарно Трули (Тојота) 26

8.Фернандо Алонсо (Рено) 18

9.Марк Вебер (Ред Бул) 18

10.Тимо Глок (Тојота) 15

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13

12.Рубенс Баричело (Хонда) 11

13.Нико Розберг (Вилијамс) 9

14.Себастијан Фетел (Торо Росо) 9

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

16.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

17.Џенсон Батон (Хонда) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 121

2.Мекларен Мерцедес 113

3.БМВ Заубер 96

4.Тојота Панасоник 41

5.Рено Ф1 31

6.Ред Бул Рејсинг Рено 24

7.Вилијамс Ф1 Тојота 17

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 11

10.Форс Индија Ферари 0

КРУГ ПО КРУГ НА ЕВРОПСКОТО ГП

Фелипе Маса победи на првото Европско ГП во Валенсија на доминантен начин, со 5.6 секунди пред Луис Хамилтон (Мекларен) и 37.3 секунди пред Роберт Кубица (БМВ). Ова е 4. победа оваа сезона за Маса и деветта во кариерата.

- Пред стартот на трката Баричело и Зутил стартуваа од боксот, а Розберг беше единствениот на меки гуми.

- На стартот Маса водеше пред Хамилтон и Кубица, Ковалаинен го помина Раиконен за 4. место, додека Култхард се изврте, но продолжи. Накаџима се удри во Алонсо, и шпанскиот херој мора да се повлече.

- До 10. круг Маса води пред Хамилтон со 3.6 секунди. Следуваат Кубица (12.0), Ковалаинен (13.0), Раиконен (13.6), Фетел (15.6), Трули (16.8), Розберг (23.0), Хајдфелд (26.6) и Глок (29.1).

- Во 15. круг Маса е прв од лидерите кој влегува во бокс враќајќи се на 4. место пред Раиконен, додека Хамилтон напред поставува најбрз круг.

- Во 16. круг Хамилтон влегува во бокс и излегува зад Раиконен. Кубица води еден круг, но влегува во бокс заедно со Раиконен и Бурде.

- Во 23. круг Маса води пред Хамилтон со 4.4 секунди.

- Во 31. круг Маса го зголемува водството на 8.4 секунди.

- Во 36. круг Маса влегува по вторпат во бокс, се враќа на второто место, но за малку се удира со Зутил во боксот. Инцидентот е под истрага.

- Во 38. круг Хамилтон влегува во бокс и се враќан на второто место зад Маса.

- Во 43. круг Зутил влегува во една кривина, се удира и го губи предното крило.

- Во 43. круг Ковалаинен и Раиконен во битка за 4. место влегуваат во бокс. Раиконен се обидува да излезе додека цревото за гориво е закачено, го удира механичарот со задното тркало, и се враќа на 6. место. Механичарот има мали проблеми.

- Во 50. круг Маса води со 7.4 секунди пред Хамилтон.

Ф1 ФЛЕШ

Од Ферари признаа дека би биле многу изненадени доколку Фелипе Маса добиеше казна за инцидентот во боксот со Адријан Роблес. "Ако ги разгледаме последните трки, имаше многу слични инциденти во боксот, и ниту еден возач не доби казна. Зутил ја држеше својата линија, но истото го правеше и Фелипе", вели портпаролот на тимот, Лука Колајани.

Рон Денис повторно мораше да ги демантира шпекулациите во шпанскиот печат дека ќе се тргне од местото шеф на Мекларен. Според Ел Паис, Денис неодамна изјавил дека размислува за откажување, најмногу поради разочарувањата од минатата година со шпионскиот скандал и казната од 100 милиони $ и несогласувањата со Фернандо Алонсо. Но, Денис вели дека не разговарал со весникот. "Три недели не сум разговарал со ниту еден новинар. Тоа е целосно измислено интервју. Не знам од каде дојде приказната, но сигурно не од мене", вели Денис.

Шефот на Хонда, Рос Браун, признава дека поранешниот двократен светски шампион Фернандо Алонсо го има клучот за "пазарот на возачи" за следната година. Тој не сакаше да коментира за "потерата" по Алонсо која ја организира Хонда. "Кога Фернандо ќе ја направи одлуката, многу работи ќе бидат појасни. Неговиот договор со Рено зависи од резултатите, кои не се остварени и сите го знаат тоа", вели Браун, кој додава дека не верува дека Кими Раиконен мисли на пензија велејќи дека "нема таков впечаток".

Иако Бруно Сена се смета за фаворит да го добие местото во Скудерија Торо Росо во 2009, од Ред Бул бараат Герхард Бергер да размисли за ГП2 возачот, 19-годишниот Швајцарец Себастиен Буеми, кој е втор во серијата. Себастијан Фетел следната година ќе вози за Ред Бул, а нема гаранции дека Себастиен Бурде ќе остане во Ф1, Буеми е еден од фаворитите покрај Бруно Сена и Карун Чандок, но и Такума Сато. "Буеми веќе има договор со нас, и не брзаме за тимот во 2009. Ако Торо Росо го сакаат, тогаш тој е тука. Нема многу слободни возачи на пазарот", вели советникот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:20
Кими: "Можам до титулата!"

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен повторно се покажа надвор од форма на Европското ГП низ улиците на Валенсија, но ѕвездата на Ферари инсистира дека може да се поправи и дека шампионатот уште не е загубен.

Раиконен признава дека може (и мора) подобро од последните неколку трки за да остане во битка за титулата, посебно во квалификациите, каде што во последните три трки е победен од својот тимски колега Фелипе Маса и нема победа од Барселона во април и само три пласмани на подиумот на следните осум трки.

"Мислам дека можам подобро од последната трка. Сигурен сум дека можам да ги подобрам моите квалификации и моите резултати. Има уште многу до крајот на сезоната и да почекаме да видиме што ќе се случи. Ова не беше викенд за кој се надевав, но во тркањето се случуваат и такви работи. Не сум премногу загрижен. Не верувам дека и покрај негативниот резултат излегов од трката за титулата. Има шест трки и 60 поени за освојување, а работите се менуваат бргу во овој спорт", вели Раиконен.

Финецот има само 28 освоени поени по победата во Барселона во споредба со 46, 50 и 36 на ривалите за титулата, Маса, Луис Хамилтон и Роберт Кубица. Помеѓу "проблемите" кои го следеа, покрај квалификациите, се и постојаноста на болидот, откако на 13 круга пред крајот моторот му откажа, откако трката веќе му беше уништена со проблемите во второто влегување во боксот, кога прегази еден свој механичар.

"Направив грешка при влегувањето во боксот и го прегазив човекот кој ми полнеше гориво. За среќа, Пјетро Тимпини не е сериозно повреден", признава Раиконен.

МЕДИУМИТЕ КОНТРА ФИНЕЦОТ

Ферари по трката Валенсија би требало да се на чекор поблиску до одредување на возач број 1 оваа сезона, тврдат италијанските медиуми. "Ла Ферари е Фелипе Маса" (Ферари е Фелипе Маса), стоеше на насловната страница на италијанскиот дневен весник Ла Стампа.

Ниту поранешниот шампион на Ферари и коментатор Ники Лауда не е импресиониран од 28-годишниот Финец.

"Фелипе изгледа целосно фокусиран и мотивиран, додека Кими како да не е тука. Светскиот шампионат сега е дуел само на Хамилтон и Маса", вели Австриецот.

Но, Раиконен може да се утеши со ситуацијата во 2007, кога надополни предност од 17 поени од Хамилтон во само три трки, а сега заостанува само 13 поени.

МАСА: "ТОА НЕ Е ОДЛУКА КОЈА ЈАС НА НОСАМ"

Фелипе Маса одби да ги отфрли тврдењата дека Ферари треба целосно да се фокусираат на неговите шампионски амбиции и да го стави Кими Раиконен во позиција на возач број 2.

"Јас немам никаква врска со тоа. Само ќе го дадам својот максимум. Ако некој треба да ја направи таа одлука, тоа не сум јас", вели Бразилецот.

Тој сигурно не се чувствува како број 1.

"Не, се е исто. Сакам да победам кој било возач на патеката. Не е важно дали тој е мој тимски колега или не, така што ништо не се менува", вели Маса.

Хамилтон размислувал да не вози во Валенсија

Лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон за малку нема да настапел на Европското ГП во неделата откако имал "здравствени проблеми" во текот на викендот. Ова го открива самиот возач на Мекларен откако заврши како втор на трката зад Фелипе Маса. Според него не само што имал "грип и треска", туку се разбудил и со силни болки во вратот.

"Имав доста мизерен викенд. За малку немаше да возам, а Педро Де Ла Роса беше подготвен да ме замени", вели Хамилтон.

Британецот вели дека најмногу му помогнал физиотерапевтот.

"Беше толку лошо што едвај стоев на нозе и морав да добијам инјекции во вратот и доста апчиња против болка", додава 23-годишниот Британец.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:23
Маса казнет со 10.000 евра!

Бразилецот ја задржува победата од Валенсија

За инцидентот при вториот пит-стоп, кога Маса беше пуштен да стартува од своите механичари, додека на лентата за излез од пит-стопот се наоѓаше Адријан Зутил, стјуардите на трката соопштија дека инцидентот ќе го разгледуваат на крајот, со што победата на Бразилецот беше провизорна. Меѓу можните опции беа казните како временска казна и одземање на победата, или казна во поглед на стартното место за идната трка (како што беше казнет Хамилтон за инцидентот во Канада), но на крајот стјуардите одлучија да удрат по џебот на Маса. Викендов тие го казнија и Хамилтон со 5.000 евра за доцнење на прес конференција, Алонсо со 10.000 евра за сечење на линијата при влез во бокс на петочните тренинзи, и на крајот завршија со Фелипе Маса кој сега се издвои со Хамилтон како фавоприт за титулата.
Портпаролот на Ферари, Лука Колајани изјави дека Бразилецот не требало да биде казнет бидејќи Зутил не претрпел никаква штета од тој маневар. Маса, пак, за време на прес-конференцијата го критикуваше германскиот возач дека требало да го пропушти бидејќи тој бил лидер во трката.
- Сметам дека тоа не беше мудро од Адриајн, јас бев лидер во трката, а тој беше обиколен за цел круг. Ме виде дека излегувам, требаше да ме пушти, но јас бев тој што се повлече и изгуби многу време во ситуацијата - рече победникот.
Тимот на Ферари престана да употребува механичар кој стои пред болидот со рампа за да му сигнализира старт на возачот, па затоа употребува електроника, односно главниот механичар со копче му дава зелено светлоо кое светнува во неговиот кокпит. Овој систем се покажа проблематичен во текот на гран при викендот бидејќи Маса ќе се судреше со Зутил, а Кими повлече еден од механичарите кои долеваа гориво. Повредениот механичар е оценет како "подобар, отколку што тоа може да се претпостави по таков инцидент".
Во меѓувреме, Ферари објави и дека е можно маса да го искористи џокерот за предвремена смена на моторот која е дозволена еднаш во сезоната, откако во Валенсија експлодираше и моторот на Кими, на идентичен начин како што тоа беше случај со него во Унгарија. Тимот проценува дека во Спа црвениот болид би требало да однесе сигурна победа, додека во Монца фаворит би бил Мекларен Мерцедес, кој се проценува дека е посилен за 25 КС.

Малку недостигаше да не стартувам

Лидерот во првенството, Луис Хамилтон, страдал од треска и грип за време на гран при викендот во Валенсија, поради што во екипата биле подготвени да го пуштат третиот возач Педро де ла Роса на негово место.
- Беше мошне тешко бидејќи едвај стоев, по што ми ставија инјекции во вратот и пиев апчиња против болки - рече 23-годишниот возач по трката.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 18:37
Хонда наместо Ферари во 2009?

Има ли заткулисни игри во тоа што Такума Сато ќе тестира за Торо Росо и може да го заземе седиштето на Фетел?

Екипата на Торо Росо треба да се преструктурира во независен конструктор кој нема да ги користи шасиите од Ред Бул, а ќе има и сопствен мотор. Иако и сега тие имаат различни снабдувачи во ликот на Ферари и Рено, со објавата дека Такума Сато ќе тестира за Торо Росо на патеката Херез на 18 септември, започнаа и шпекулациите дека зад овој потег стои интересот за набавка на мотори од Хонда.

Швајцарскиот весник Моторспорт актуел потсетува дека комплетната кариера на Сато досега била во екипите поддржани од Хонда, прво во Џордан, потоа во БАР и на крајот во Супер Агури. Имајќи предвид дека се уште Дитрих Матешиц е сопственик на 50% од Торо Росо, се шпекулира и со можноста Сато да вози во таа екипа, но моторите како спонзорство да ги лапне првата Ред Бул екипа. На последнава шпекулација дури и повеќе и се верува, имајќи ги предвид последните перформанси на Торо Росо со Ферари, како и разочарувањата на Ред Бул со Рено.

Ова го потврди и Дејвид Култхард, откако во Валенсија Торо Росо го фрли во сенка "постариот брат", при што Шкотланѓанецот во својата колумна напиша дека Рено заостанува зад Ферари во одредени својства како возливоста, но и во силата. Од друга страна, тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, за лошиот ден во Валенсија ги обвини пневматиците. Кон него се приклучи и Себастијан Фетел, кој тврди дека разликата од 30 коњски сили е премногу лесно објаснување, како и дека се е до начинот на штелување на болидот.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 16:34
Алонсо: Казната на Хамилтон покажува дека системот работи

Фернандо Алонсо вели дека одлуката да му се даде 25-секундна казна на Луис Хамилтон на Белгиското ГП, со што ја загуби победата во Спа и заврши на третото место, покажува дека од ФИА биле во право да го сменат системот на стјуарди за 2008.

Според многумина во формула 1, како екс-шампионите Ники Лауда и Џеки Стјуарт, казната за сечењето на шиканата на Хамилтон беше доказ на неспособноста на ФИА, или во уште полош случај, фаворизирање на Ферари. Но, поранешниот колега на Хамилтон во Мекларен, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо верува дека првпат во историјата вистинските прекршоци во формула 1 се казнуваат.

"ФИА реши да го промени системот по неколку големи скандали во последните сезони. Оваа година, ако направиш нешто погрешно, ќе платиш за тоа. Јас допрев до линија во Валенсија и добив 10.000 евра казна. Одлуката да се промени системот беше направена одлично бидејќи во последните четири-пет години секогаш имаше изненадувања. Никогаш не знаеше што стјуардите ќе направат", вели Алонсо.

Возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој доби најмногу од казната на Хамилтон, ги отфрла шпекулациите дека овој инцидент ќе ги натера возачите да не размислуваат на претекнување.

"Вистина е дека за добра трка се потребни претекнувања. Но, имаш претекнувања, и оние другите претекнувања. Луис едноставно немаше доволно трпение да почека на нова кривина и да се обиде повторно, и правилата велат дека тој мора да биде казнет", смета Маса.

СИМОНДС ВЕЛИ ДЕКА КАЗНАТА МОЖЕ ДА ИМА ПОСЛЕДИЦИ

Од друга страна, директорот на инжинернинг на Рено, Пет Симондс, вели дека одлуката на стјуардите може да има далекусежни последици во формула 1. Британецот вели дека казната може да има негативно влијание на возачите, кои би внимавале на сигурноста повеќе отколку на претекнувањето.

"Кога се случи тоа, ние во боксот разговаравме дека Луис мора да го врати местото. Но, потоа никој не беше изненаден што стјуардите го испитуваа тоа. Откако повторно ги погледнав снимките, многу ми е жал за Луис бидејќи мислам дека доби престрога казна. Со ова се повлекуваат многу интересни прашања, и тоа не за пристрасноста кон Ферари. Мораме да веруваме дека се независни, но вака се става под прашалник филозофијата на спортот бидејќи сите цело време зборуваат дека ни треба повеќе претекнување во формула 1 и повеќе интересни личности. Зошто некој би ризикувал?", се прашува Симондс.

ЛУИС: "НЕ НАПРАВИВ НИШТО ПОГРЕШНО"

Жалбата на Мекларен против одлуката, најверојатно, ќе се донесе пред крајот на овој месец, пред Сингапур ГП во септември. 23-годишниот Хамилтон, пак, го имаше првото појавување пред јавноста по контроверзната трка. Тој с$ уште вели дека не направил ништо погрешно.

"Ако направев нешто лошо, тогаш јас прв ќе го признаев тоа. Како спортист, тоа е многу важно за мене. Не се чувствувам виновен и немам што да размислувам за одлуката. Ќе беше поинаку да го разочарав мојот тим, но тоа не е случај. Мислам дека заслужувам 10 место 6 поени, но можеа да бидат и нула ако го оштетив болидот при тие тешки услови.

Малја потсетува дека тој е шеф на Форс Индија

Сопственикот на Форс Индија, Виџај Малја, ги предупреди групите во неговиот формула 1 тим, дека тој ги плаќа сметките и ги носи одлуките. Една година по купувањето на Спајкер тимот, индискиот милијардер вели дека не се работи за вистински несогласувања помеѓу главните луѓе на тимот, и дека останува во спортот на долги патеки.

"За несреќа во формула 1 боксот секогаш има шпекулации и гласини. Да, има различни мислења, но овие разлики почнаа пред јас да го преземам тимот. Несогласувањата понекогаш се здрави. Ако нема различни мислења, тогаш нема да одиме напред. Но, сите знаат дека јас сум шефот и дека јас ги правам одлуките", вели Малја.

Форс Индија, првиот индиски Ф1 тим нема поен оваа сезона и речиси сигурно нема да освојат ниту во Монца в недела. Тие не влегоа во втората фаза на квалификациите и има големи шпекулации за судар меѓу техничкиот оддел предводен од Мајк Гаскојн и менаџментот на Колин Колс. Надежите за следната година се огромни бидејќи со драстичното менување на правилата ќе донесе поизрамнети битки.

Рангиран меѓу најбогатите луѓе на светот, Малја беше на повеќе трки оваа сезона и вели дека држи око на својата инвестиција. По се изгледа фокусот се префрла на Колин Колс, поранешниот забар роден во Романија, кој дојде во тимот откако Мидланд го купи Џордан, тимот кој подоцна стана Спајкер.

"Функцијата шеф на тимот е доста општа. Шефот на тимот нема слобода да прави големи одлуки во тимот. Јас сум во основа шефот на тимот. Колин го прави тоа што јас ќе му го дадам и одговара пред мене. Конечните одлуки ги носам јас. Не е вистина дека фокусот ни е на забавите и на градењето на имиџот во тимот. Мојата компанија Кингфишер е во Ф1 веќе 12 години. Бев спонзор на Тојота, знам колкав е нивниот буџет, а претходно работев и со Бенетон. Во овој проект влегов добро запознат. Немаше да влезам доколку не знаев во што влегувам", додава Малја.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.