IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 212223
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 15:26
Се надевам нема да бидам офтопик со приказнава,
но ептен ми се допадна и морав да ја постирам.да

Мудра приказна: Богатство за еден час

Еден човек работел цел живот и многу штедел, па собрал цело богатство, сонувајќи како еден ден кога веќе нема да работи, ќе го потроши на уживање и на размислување како најдобро да ги вложи парите.

Одеднаш, пред него се појавил Ангелот на смртта кој дошол по неговиот живот.

Човекот заплакал, очаен и навел илјада причини за да може барем уште малку да поживее, но Ангелот не попуштал.

Подари ми само уште три дена и ќе ти дадам половина од моето богатство“ – го преколнувал човекот, но ангелот ги игнорирал неговите зборови и го повлекол за раката.

Подари ми само уште еден ден, те молам, и сето она што сум го стекнал со толку многу напор и пот ќе биде твое“.

Но, Ангелот воопшто не обрнал внимание на неговите зборови.

Човекот на крајот успеал да го убеди барем да го остави уште неколку минути за да напише една порака:

Кој и да ја пронајде оваа порака, ако има доволно за живот, нека не губи време на собирање и трупање богатство, туку нека ужива! Јас со сето мое богатство не успеав да купам ниту еден час живот!

Кога ќе умре милионер луѓето прашуваат: „Колку пари оставил?, логичниот одговор е: „Сè“


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 16:19
Амин!

Моментот на смртта е последната шанса за човековото просветлување...

... пред да почине татко ми, осознавајќи ја илузијата на световниот живот во кој тој толку многу веруваше, ми рече - "животов бил лук и вода".

Блажени се оние кои тоа го осознале уште додека се млади.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
alexa_1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај alexa_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2012 во 19:38
Лебот и скапоценостите

Еден крал решил да даде дел од своето богатство за милостина.

Тој посакал да дознае што ќе се случи со неговиот дар. Затоа го повикал кај себе пекарот и му рекол да испече две векни леб. Во едната да стави скапоценостите, а другата да ја направи само од брашно и вода.

Пекарот требал да одбере двајца од своите муштерии и да им ги даде векните. Еден, кој бил добродетел и еден кој бил грешен.

Следното утро во пекарницата дошле двајца муштерии. Едниот бил облечен во дервишка руба и изгледал како вистински добродетел, иако всушност бил вистински грешник. Другиот пак, кој веднаш ги подал своите пари, пекарот воопшто не го сакал.

Пекарот му го дал лебот со скапоцености на дервишот, а обичната векна на другиот муштерија.

Кога ја зел својата векна, лажниот дервиш почувствувал дека таа е потешка од обично. Ја зел во дланките, ја опипал и кога ги почувствувал скапоцените камења помислил дека брашното не е добро замесено. Но кога го погледнал пекарот, неговото сурово лице, решил да не се буни и му се обратил на другиот купувач:

-„Ајде да се замениме со лебовите. Ми изгледа како да си гладен, а мојата векна е поголема од твојата!“

Другиот човек со смирен поглед му го дал својот леб на лажниот дервиш и го зел неговиот.

Кралот ја гледал случката од внатрешната одаја на пекарницата, но навистина не разбрал кој од нив е добродетел, а кој грешник.

Откако ги размениле лебовите, муштериите заминале. Кралот оставил се на Божјата воља.

Вистинскиот добродетел откако ги пронашол скапоценостите во лебот, ги употребил за добри дела.

- „Јас направив како што ми беше кажано!“ – рекол пекарот.

- „Судбината не е во нашите раце!“ – рекол царот.

- „Многу паметно постапив!“ – се радувал лажниот дервиш.
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2012 во 08:59
     Селски   Муабети 
 
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.


Тогаш целото село зборувало „како не му е срам на детето да ги остави родителите кои цел ден работеле уште да си ги мачат нозете!“.

Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“.

Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“.

Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“.

Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“.

Поука извлечете си сами и обидете се барем денес да не коментирате туѓи магариња....!!!

Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 12:14

ОРЕЛОТ И ПИЛИЊАТА

„И така, ако сте воскреснале заедно со Христос,
барајте го она што е горе!“ Кол. 3:1.

Еден селанец еднаш фатил едно младо орле, го врзал
со канап за ногата и го пуштил во својот кокошарник.
Не поминало многу време и орлето почнало да се
однесува како пилињата – научило да прета и да
колве по земјата! Птицата што некогаш владеела на
небото, сега била задоволна со понизниот живот на
една кокошка.

Еден ден, на гости кај селанецот дошол еден овчар
од високите планини, каде што живеат орлите. Кога
го здогледал орелот, овчарот му рекол на селанецот:
„Голема срамота е да ја чуваш оваа птица врзана во
кокошарникот! Зошто не ја пуштиш на слобода?“
Селанецот се согласил и го пресекол канапот. Но,
орелот си продолжил да прета и да колве низ дворот,
како и порано. Овчарот го зел орелот и го поставил
на еден висок ѕид. Првпат, по толку месеци, орелот го
здогледал небесното пространство и сјајното сонце.
Раширувајќи ги своите крилја, се вивнал во спирален
лет кон височините. Најпосле, повторно се однесувал
како орел.
Можеби, и ти си се одомаќил во кокошарникот на овој
свет, заборавајќи на своето небесно место како Божјо
дете. Напушти го својот грев и барај го она што е
горе! Како во случајот со орелот, сè уште не е доцна
повторно да се вивнеш во небесните височини!


„ОД НЕБЕСНИТЕ ВИСОЧИНИ,
ПОГЛЕДОТ КОН СВЕТОТ Е СОСЕМА ПОИНАКОВ!“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2012 во 23:32

                                    ПРИКАЗНА ЗА ПЕПЕРУТКАТА

Еден човек гледал како некоја пеперутка се мачи неколку часови да излезе од својот кожурец .

Не можејќи повеќе да гледа како пеперутката се мачи и се бори, одлучил да и' помогне. 

Земал ножици, го расекол кожурецот и пеперутката конечно излегла.

Човекот бил многу радосен што и' помогнал на пеперутката да излезе и сакал да види како пеперутката ќе почне да лета.

Но, тоа не се случило. Крилјата на пеперутката биле неразвиени, а телото и' било слабо.

Човекот продолжил да ја надгледува пеперутката , очекувајќи дека сепак некако крилата на пеперутката ќе се отворат, зголемат и рашират, и дека некако телото на пеперутката сепак ќе зајакне.

За жал, тоа не се случило.

Пеперутката целиот свој живот го поминала лазејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. 


Тогаш човекот сфатил дека иако имал добра намера, и' одмогнал на пеперутката. 

Тој не знаел дека тешкотиите со кои пеперутката се соочувала додека се мачела да излезе од кожурецот и' биле потребни , затоа што кога таа се борела, крвта од телото и' преминувала во крилјата така да кога ќе се ослободи ќе може да биде способна да лета.


Така е и во животот на луѓето.

 За да можеме да бидеме силни и издржливи во животот, понекогаш ни се потребни тешкотии и борби за да можеме духовно да раснеме и да станеме посилни и поспремни да се соочиме со  сите предизвици кои ни ги донесува животот. 






 



Изменето од KINGDAVID - 03.Септември.2012 во 23:34
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2012 во 17:36

Големо количество злато пронајднено во домот на мртов Американец


Американските власти пронашле златни поголемо количество злато (монети и плочки) во домот на веќе починат Американец.

На крајот на јуни соседите на Волтер Самаско повикале полиција бидејќи од неговиот дом се разнесувал непријатен мирис. Тој бил доста чуден човек, кој живеел сам.
Кога полицијата влегла во домот, се чини дека 69-годишниот Валтер бил мртов повеќе од еден месец. Властите утврдиле дека починал од срцеви проблеми.
Мажот имал официјално 200.000 долари на банкарска сметка.
Властите, мѓу другото сепак нашле кутии со злато во гаражата и почнале со темелно пребарување на домот. Пронашле златни монети, плочи и англиски сувенири од 1840-тата година, доволно за да наполнат две колички. Сето злато е во вредност од 7 милиони долари.
Инаку Самаско и неговата мајка живееле во 3-собната куќа од 1970-та година. Горе-долу во тоа време тие почнале да собираат злато. Самаско бил чуден според мислењето на соседите, многу ја мразел тамошната Влада.




Поука: голи сме дошле и голи ќе си одиме.

Не вреди животот да се потроши во собирање и чување земни богатства.






Изменето од Messenger - 18.Септември.2012 во 17:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2013 во 03:40

                                         ИСУС НАША СУДБИНА ( Вилхелм Буш)

  Во градот Либек има една прекрасна стара црква, Либечката катедрала. Таму се наоѓа една прекрасна слика на распетие што ја насликал сликарот Ханс Мемлинг во 15 век.

Во 1942 г. имало бомбардирање на градот и црквата пламнала, па постоела опасност се' да изгори. Еден непознат војник, ризикувајќи го својот живот, се втурнал во црквата заедно со неколку пријатели и ја спасил сликата.

Набргу по војната јас држев предавања во Либек. Еден ден, директорот на една уметничка галерија ми рече: "Kaj мене во визбата се наоѓа прочуената слика на Мемлинг. Ако сакаш да ја видиш, со задоволство ќе ти ја покажам. 

Јас не сакав да ја пропуштам таа шанса. Заедно со директорот и со уште еден пријател, отидовме во визбата. 

Сликата беше прекрасна: војници на коњи вооружени со копја, војници што фрлаат ждрепка, толпа народ, расплакани жени под крстот, фарисеи како се подбиваат. Над сите се издигаат три крста.

Тогаш забележав нешто чудно: сред таа турканица, под самиот крст имаше една чистинка, едно празно место. 

"Toa e чудно", реков јас, "што бара едно празно место точно под крстот на Исуса. Што сакал сликарот да каже со ова? "

Средновековните сликари, всушност, сакале да пренесат некоја подлабока порака со своите слики. Тие биле на некој начин експресионисти. Тогаш мојот пријател ми појасни: "Мислам дека сликарот сакал да му каже на гледачот: 'Овде, под Исусовиот крст, има едно празно место. Заземи го ти!' "

Често си размислувам за таа слика и се сеќавам на зборовите во песната:

Таму на крстот на Голгота,
Гревот мој вечно е закован!
Крвта на Исус се пролеа, 
Знам, и за мене.

Да, јас се радувам бидејќи под Исусовиот крст има едно слободно место. И за тебе има едно слободно место. Дали твоето место ќе остане засекогаш празно?

Hans Memling_ Crucifixion

Hans Memling - Crucifixion 




Изменето од KINGDAVID - 03.Мај.2013 во 03:44
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 212223
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.