IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Како да ги откажеш цигарите?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како да ги откажеш цигарите?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
Автор
Порака
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 19:36
Да ме имате мене дома, бргу ќе ги откажете.трепкање
Го натерав татко ми, сега е на ред мајка ми.голема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 19:42
Ne sum u plan da gi otkazam
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 15:39
Како да се откажете од пушењето
Употребете ги скрените сили и нема да се разочарате

Основниот природен закон гласи: „Силата се развива со напрегнување“. Тој закон важи за мускулите, за силата на волјата и желбата да победите. Обидете се и ќе видите!

Кога ќе ве обземе нагон за пушење по првите неколку дена од воздржувањето, застанете каде и да се наоѓате и речете си се бе си: „Јас нема повеќе да пушам“. Потоа испијте една голтка вода и вдишете длабоко.

Ќе забележите дека желбата се намалува по неколку минути и дека тукушто сте поминале низ криза.

Почитувајте ја наведената програма секој ден, па ќе почувствувате дека ви е подобро дури и ќе помислите дека никогаш не сте се чувствувале толку добро. Ќе бидете во состојба да се соочите со искушенијата бидејќи сами ќе управувате со животот. Кога ќе ви биде најтешко, можеби тогаш сте токму најблиску до победата, а за тоа не сте свесни.

Еден бизнисмен, страствен пушач вака изјавил: „Добив многу позитивни страни од овој план против пушење“. Потоа ги наброја низата фактори како што се поголема подвижност, полесно дишење и силна волја со која ги управува своите навики. Според него, целата програма за одвикнување се исплатила, зашто постигнал добра општа здравствена состојба. На крајот заклучил: „Сите добри рабо ти кои ги почувствував се резултат на тоа што го откажав тутунот“.

Веруваме дека така треба да биде и со вас.

КАКО ДА НЕ ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

Веројатно веќе знаете дека она што го употребувате делува на одреден начин врз вашето здравје и работната активност. Доколку прифатите неколку основни правила кои ќе ги наведеме, не морате да се плашите од зголемување на телесната тежина бидејќи сте престанале да пушите.

Непосредно по оставањето на цигарите ќе забележите две работи. Пред се, метаболизмот ќе ви се подобри што значи дека телото потполно ќе ја искористи храната која ја прима. Второ, храната ќе ви биде повкусна.

Сетилото за вкус, како што рековме, затруено од долготрајното делување на никотинот повторно ќе ви проработи. И така, чувствувајќи се подобро, потребата за јадење ќе ви биде поголема за разлика од порано. Вашата долгогодишна навика постојано да имате нешто во устата, ќе ве доведе до искушение: да јадете и помеѓу оброците.

Кога ќе го сфатите ова, обидете се да усвоите нови правила кои ќе ви овозможат добро здравје и долг живот. Ви донесуваме осум здравствени совети:

1. Земете нормален оброк

2. Не јадете ништо помеѓу оброците

3. Тргнете ги од вашето мени непотребните и одвишни калории

А. Земајте колку што е можно помалку маснотии (масло, маргарин, путер, зачини за салата).

Б. Избегнувајте ги јадењата кои содржат многу шеќери (сладолед, слатки, џемови и желеа) , како и засладени житни каши, овошни сокови и безалкохолни пијалаци. Јадете свежо, а не конзервирано овошје.

В. Земајте неизлупени житарици, кафеав ориз, црн леб... За појадок земајте варени, а не сушени житарици.

Г. Не пијте алкохолни пијалаци.

4. Намалете ја потрошувачката на масти од животинско потекло

А. Не јадете месо (рибата овде е исклучок).

Б. Избегнувајте ги млечните масти.

В. Внимателно избирајте ги намазите за леб и користете ги помалку. Наместо путер и маргарин земајте путер од кикирики.

Г. Избегнувајте пржена храна - таа содржи многу масти и шеќери.

Д. Изедете најмногу 3 јајца неделно.

5. Најдобро е навечер воопшто и да не јадете или да земате овошје во мали количини.

6. Умерено и редовно обавувајте ги телесните вежби.

7. Одморајте се на свеж воздух и на сонце. Пијте обична вода.

8. Одете редовно на лекарски прегледи.

ВОДЕТЕ „НЕПУШАЧКИ ДНЕВНИК“


Уште од првиот ден кога ќе престане те да пушите запишувајте во кој дел од денот чувствувате неодолива желба за цигара или за некој вид храна за да стекнете подобар увид во своите навики и внатрешните влијанија кои ве наведуваат на грев. На пример, во текот на управувањето со автомобил, при телефонирање, на работа, дома. Така поконкретно ќе одредите што ве нервира. Но постојат и фактори на искушение. Добро сте појадувале и ви се јавува желба да запалите цигара или барем да каснете некоја слатка. За да го избегнете тоа, веднаш станете од масата и најдете си некаква забава (ако не одите веднаш на работа), или, прошетајте малку - што всушност треба да практикувате секојдневно. Останете надвор барем половина час.

ПРЕДУПРЕДЕТЕ ГО ИСКУШЕНИЕТО

Ќе ви се случи и неодоливо да посакате да запалите цигара. Тоа често се случува кога сте возбудени, разочарани, тажни или кога ќе се напиете малку повеќе. Тогаш треба посебно да се мобилизирате за да го избегнете искушението.
Но постојат и многу поводи за тоа, но без причина: седите пред малиот екран, а на масата пред вас е пепелникот кој ве предизвикува. Затоа е добро да ги отстрани те сите пепелници од домот .На овој начин можат да се отстранат и други нешта кои ве подмамуваат да за палите цигара.

УПАТСТВО ЗА ИСХРАНА

Не е потребно да држите посебна диета за да не се здебелите, но на почетокот обратете внимание што и колку јадете. Најдобро е да се држите до нормалните оброци, но со помалку калории, на пример по малку продукти со намалена количина масти, свежо овошје и зеленчук. Смирете ја својата глад за слатки, но на здрав начин. Наместо чоколада и бонбони , задоволете се по избор со:

- чаша јогурт со овошје
- еден медењак
- сушени сливи или кајсии
- една помала банана
- малку грозје
- чаша топла супа
- две-три децилитри минерална вода
- чаша некалоричен овошен сок со витамини или
- помала чинија свеж зеленчук со јогурт

НЕ БИДЕТЕ ПРЕМНОГУ СТРОГИ КОН СЕБЕ

Ако и покрај се добиете поголем број килограми, тогаш почнете да јадете свесно. Одделете доволно време за секој оброк и немојте во меѓувреме ништо да јадете. Тоа, сепак не значи дека мора да се придржувате кон некакви строги диети. Дури е доволно што сте се одвикнале од пушењето. Се воздржувате истовремено и од тутунот и од храната која премногу ве оптоварува. Кој ќе се обиде да направи такво нешто се доведува до опасност да почне премногу да јаде.

Следниот викенд читајте:

Уживајте во предностите на непушач
Начин да издржите до крајот
Напитоци кои го поттикнуваат варењето

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 12:33
Најдобар петдневен план за одвикнување од пушењето

Според: Е. Ј. Фолкенберг и др. по медицина Макфарланд од Вашингтон

Вие кои сакате добро здравје и подобар живот, внимателно проучете ги и со полна доверба прифатете ги советите и упатствата што ви ги препорачуваме.

ПРВ ДЕН

Основни упатства за првата вечер

Потрудете се да појдете на спиење порано отколку обично - еве зошто:

1. Доволно да ги одморите нервите. Утре ќе знаете зошто.

2. За да можете одморени да станете малку порано отколку обично.

Пред да појдете на спиење:

1. Прошетајте малку и при тоа дишете длабоко.

2. Искапете се добро, но не во премногу топла вода.

3. Ако имате обичај да испиете нешто топло, како на пример, млеко или лимонада, немојте да се лишите од тоа.

ДРУГИ ПИЈАЛАЦИ ВО КОИ ИМА АЛКОХОЛ НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ. Алкохолните пијалаци во текот на овие пет дена целосно се забранети, зашто ја слабеат силата на волјата.

1. Повеќе пати повторете ја својата одлука: "Од денеска не пушам повеќе!“

Наместете го будилникот да ѕвони половина час порано отколку до сега!

Потребно ви е доволно време да:

1. Се туширате или барем добро да се измиете пред појадок. (Тоа е задолжително).

2. Испијте една или две чаши млака вода пред појадокот.

3. Појадокот треба да се состои од овошје. Во првите дваесет и четири часа овошјето и овошните сокови се ваша единствена храна.

Ваша прва мисла кога ќе се разбудите треба да биде:

"Синоќа одлучив, заради моето здравје и лично добро и доброто на моето семејство, да не пушам повеќе“.

Употребете ја силата на својата волја повторувајќи:

"Одлучив да прекинам со пушењето без оглед на искушенијата.“ Повторувајте го ова повеќе пати и потрудете се тоа навистина да стане ваша желба.

Појдете во кујната!

Испијте чаша млака вода или лимонада, а ако е можно и две.

Трудете се да не се задржувате во близината на ѓезвето за кафе!

Потоа во бањата!

Искапете се добро. Водата ги смирува нервите.

Ако се туширате, на крајот малку разладете ја водата.

Дали сте знаеле дека:

Многу луѓе тешко го победуваат пушењето поради храната што ја употребуваат. Некои намирници делуваат надразително и поттикнуваат желба за пушење.

Треба да избегнувате:

Бибер, мошне зачинета храна, сенф, оцет, пикантни сосови, јаки сирења и сите тешки, богати десерти.

Избегнувајте ги сите алкохолни пијалаци. Тие ја слабеат контролата на разумот над вашето однесување, а со тоа и вашата одлука да прекинете со пушењето.

Јадете доволно: Свежо овошје, овошни сокови богати со Ц витамин (портокали, домати, лимони, јаболка). На тој начин ги ОТСТРАНУВАТЕ ОСТАТОЦИТЕ НА НИКОТИНОТ од своето тело и ја миете секоја клетка, намалувајќи ја при тоа желбата за никотин.

Отстранете го ѓезвето во кое варите чај и кафе!

Зошто не чај и кафе? Затоа што и едното и другото се надразителни средства и можат да ја засилат вашата желба за пушење. Во многу дуќани може да се набави одлично био кафе.

А сега на појадок!

Во првите дваесет и четири часа само овошје и овошни сокови. Ако се чувствувате "изгладнети“, ви ја препорачуваме следната листа на јадења:

Овошен сок

1-2 варени јајца без бибер

Свежо или варено овошје

Црн пченичен леб

Време е да ви кажеме: За неколку дена заборавете на својата тежина. Вашата најважна грижа е да прекинете со пушењето. Контролата на тежината ќе дојде малку подоцна.
Веднаш по појадокот

1. Дишете длабоко и ритмички на свеж воз дух.

2. Ако е можно, прошетајте пет минути. Премногу едноставно, ќе си помислите? Не лажете се. Ова е неопходно по секој оброк.

Еве ве на работа...Внимавајте!

1. Имате многу работа и тоа ве прави нервозни. Напнатоста расте. Одненадеж ве опфаќа желба за пушење, а вие... немате цигара! Се сеќавате ли? Сте прекинале да пушите. Веднаш сторете го следното:

а) Користете ја силата на волјата повторувајќи: "Одлучив да не пушам.“

б) Помошно средство: Можат да ви помогнат малку слатки, ореви, суво овошје и сл. Затоа по малку од нив секогаш треба да имате со себе, бидејќи тие ќе помогнат да се намали желбата за пушење.

2. Пријателот ќе ви подаде кутија: "Дали сте за една цигара?“ Одговорете: "Не, благодарам. Одлучив да прекинам со пушењето!“ На тој начин зацврстете ја својата одлука. Сетете се само на операцијата од рак на белите дробови.

3. Во текот на работата помеѓу 8 и 12 часот испијте три чаши вода или сок.

Течноста ја намалува желбата за пушење.

На пладне: 1. Ако е можно избегнете го за време на ручекот друштвото што пуши.

2. Ако овошјето не ви е доволно како оброк, ви ја препорачуваме следната листа на јадења: Сендвич (Избегнувајте го масното и зачинетото месо), салата, овошје или свеж зеленчук (без јаки зачини), супа, благо зачинета и овошен сок.

Веднаш по ручекот

1. Десет минути прошетка на свеж воз дух. Во текот на прошетката, ако е можно, дишете длабоко.

2. Сосредоточете се на мислата: "Можеби е тешко, но токму сега ја совладувам навиката на пушењето.“

Вашето прво попладне

1. Попладневно земање на течности: Продолжете го чистењето на клетките во својот организам. Пијте вода или овошен сок во редовни интервали и секојпат бележете го тоа заради контрола.

Вие можете да ја намалите желбата за пушење:

1. Ако почнете ритмички да дишете. Кислородот ќе ви помогне да се смирите.

2. Повторете ја својата одлука: "Одлучив да не пушам.“

Сетете се дека:

Пушењето предизвикува рак на бели те дробови и бронхитис. Тоа е тесно поврзано со се поголемиот пораст на заболувања на срцето и крвните садови. Смртноста на пушачите е поголема за околу 80% во однос на непушачите.
Пушењето го намалува вистинското животно задоволство.

Во домот по работа

Избегнувајте го безделничењето (седењето без работа). Тоа сега е мошне опасно. Зафатете се со својот хоби, макар само за неколку минути.

Особено избегнувајте:

1. Столицата или фотелјата во која обично сте пушеле.

2. СИТЕ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ. Малечката чашка алкохол може да ве на веде на пушење.

Денешната вечера се состои од:

Овошје - не заборавете колку е можно повеќе овошје. Но ако навистина тоа не ви е доволно, еве ја листата на јадења што ја пропишал диетичарот: Супа (не многу зачинета), салата (свежо сирење или свеж зеленчук - приготвен или во свежа состојба), црн леб или двопек, млеко или овошен сок.

Немојте да се задржувате долго кај трпезата

Изобилната храна и живиот разговор секогаш ве наведувале на пушење. Користете ја силата на својата волја. Станете и тргнете се од трпезата. Зашто вечерва не би пошле пеш на својот состанок?

А сега вечерва:

Вие имате важен состанок, важен за вас, за вашето семејство, за вашето идно здравје. Не дозволувајте ништо да ве спречи да не присуствувате на овој состанок.

Овој петдневен план е составен од пет алки.

Ако прекинете една, што ќе стане со другите?

Можеби денеска сте испушиле една или повеќе цигари. Што тогаш? Сте загубиле една битка, но тоа се уште не значи дека сте ја загубиле волјата. Што сега? Следете ги уште повнимателно упатствата на овој план. Вечерашниот состанок ќе ја засили вашата волја.

На крајот од денот

По состанокот

1. Прошетајте малку и дишете длабоко.

2. Истуширајте се добро, но не во премногу топла вода.

3. Навијте го будилникот да ве разбуди доволно рано за да имате време, без брзање, да се измиете и на мир да појадете.

Следниот викенд прочитајте го вториот ден од најдобриот петдневен план за одвикнување од пушењето

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 21:57
Како да ги откажам?
Јас штотуку ги стартував...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 01:07
Ти ги стартуваше, а татко ти го натера да ги откаже, а?????


МИР со сите
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 01:08
За тие што ги откажале , секоја чест да
За мене , бар додека не се оженам или сум жив откажување  немит задоволство
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 01:54
немам потреба од откажување
си пушам кога сакам
не ми се толку важни
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 16:53
еве една корисна слика за „дувкачите“

LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 16:55
иначе мислам дека може да се излечиш со таа електронската цигара... така викаат
LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 16:56
еве за оние нормални „дуфкачи“

LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 19:15
Живците ќе попуштат со тек на време при откажувањето, нема толку на психа да удара ама ПАЗЕТЕ на јадењето. Кој ќе се опушти Маф му е работа, додека трепнеш си за 5 кг потежок по откажувањето од цигарињата.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 19:19
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

немам потреба од откажување
си пушам кога сакам
не ми се толку важни

Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 20:44
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Ти ги стартуваше, а татко ти го натера да ги откаже, а?????



Не пушам веќе.
Само 5-6 цигари беа тоа. голема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.