Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јули.2008 во 17:04 |
ФОРМУЛА 1 - И ПОКРАЈ ТОА ШТО ДИТРИХ МАТЕШИЦ ГИ ПРОДАВА СВОИТЕ 50% ОД ТИМОТ
На Торо Росо им е ветена стабилност за 2009
Спортскиот директор на тимот на Торо Росо, Франц
Тост вели дека не постои загриженост за блиската иднина на тимот, и
покрај тоа што шефот на Ред Бул, Дитрих Матешиц планира да ги продаде
своите 50% од акциите. Матешиц јасно стави на знаење дека сака да го
продаде Торо Росо за да се фокусира на "големиот" Ред Бул Рејсинг Тим.
Торо
Росо од тогаш преговара со повеќе заинтересирани инвеститори,
вклучувајќи го и формула 3 тимот од Британија, Ултимејт. Тост вели дека
и покрај намерите да се продава тимот, Матешиц го гарантирал буџетот на
тимот за во 2009.
"Шпекулациите за продажбата на тимот беа
посилни на почетокот на сезоната, и секако влијаеја на нас, но само
кратко време. Ако има секоја недела приказна за продажба на тим, не е
многу забавно за тие кои работат во него. Пораката која ја добивме од
Матешиц е јасна, дека за 2009 се останува стабилно, не само околу
вработеноста, туку и околу биџетот. Потоа ќе видиме што ќе се случи за
2010. Во моментов ние одиме напред, чекор по чекор", вели Тост.
БУРДЕ И ФЕТЕЛ СЕ ОДЛИЧНИ ВОЗАЧИ
Возачите
на Скудерија Торо Росо, Себастијан Фетел и Себастиен Бурде не треба да
се плашат за нивната позиција во тимот, бидејќи Тост вели дека во тимот
се задоволни од првиот дел од сезоната. Торо Росо се смета за Б тим на
Ред Бул, така што сите очекуваат следната година да го видат младиот
Германец Фетел во Ред Бул, но од Торо Росо велат дека се надеваат дека
тој ќе остане и во 2009.
"Фетел скокна во формула 1 по многу
кратка тркачка кариера. Не можете да дојдете во формула 1 и да им
покажувате на сите како се вози. На млад возач му е се потребни три
години да научи се за формула 1, не само болидот, туку целото
опкружување. Затоа сум задоволен од нашите возачи. Фетел учи се повеќе
и станува подобар, додека Бурде имаше неколку добри трки. Затоа тие се
сигурни", вели Тост.
ДОЦНИОТ СТАРТ Е УМЕН ПОТЕГ
Техничкиот
директор на тимот, Џорџо Асканели пак вели дека не жали за одлуката да
се промовира новиот болид во средина на сезоната. Тимот од Фаенца се
натпреваруваше со минатогодишниот СТР2 на првите пет трки од 2008 пред
да го воведат СТР3 во Монако. Иако ова беше ризичен потег, тимот освои
пен во дебито на новиот болид.
"Одлучивме да стартуваме со
модифицирана верзија на болидот од 2007 и од сегашна перспектива тоа
беше исправно. Сега сме на половина од поените од минатата сезона, така
што мора да сме направиле нешто исправно! СТР3 е далеку подобар болид,
и иако имавме проблеми со деловите, сега се е решено", вели Асканели.
Брандл: "Хамилтон ќе загуби во битката со медиумите"
Овие
денови пред Британското ГП сите имаат совет за Луис Хамилтон.
Поранешниот возач, а сега ТВ водител, Мартин Брандл инсистира дека
младиот возач на Мекларен мора да "престане со војната со медиумите",
бидејќи во спротивност "ќе загуби катастрофално". Хамилтон беше под
лупата на критичарите во 2008 за неговите активности надвор од
патеката, како во неделата кога Њуз оф д Ворлд објави дека поранешната
британска мисица Вивијан Буркхард изјави дека Хамилтон ја напуштил само
два дена пред на Фестивалот во Кан да се појави со Никол Шерцингер од
бендот Пусикет Долс.
По катастрофалната трка во Мањи-к*р,
Хамилтон прво не сакаше да зборува со британските медиуми, по што
Брандл, кој и самиот беше возач на Мекларен го предупреди дека не треба
да води војна со медиумите.
"Тоа е битка која ќе ја загуби и тоа
страшно. Медиумите ќе работат со тебе, но се треба да има реципроцитет,
и подобро е тие да ти се пријатели отколку непријатели. Лут возач
секогаш ќе вози како Луис во Мањи-к*р, со многу грешки. Тој сега треба
да заборави на статусот на мега-ѕвезда и да работи како Ф1 возач",
предупредува 49-годишниот Брандл.
Но Хамилтон веднаш одговори на советите на поранешните британски шампиони Џеки Стјуарт и Дејмон Хил.
"Јас
сум во единствена ситуација и никој не се чувствувал како мене досега.
Единствена личност од која примам совети е мојот татко", вели Хамилтон.
Ф1 ФЛЕШ
Пред Британското ГП
има се поголеми шпекулации дека Дејвид Култхард ќе го објави своето
повлекување од формула 1 токму во Силверстоун. Култхард во кариерата
има 15 победи и скоро 250 ГП трки, а со 37 години е најстариот возач во
Ф1. Следната година на негово место се очекува да дојде Себастијан
Фетел.
Познатиот дизајнер на Ф1 патеки Херман Тилке наводно бил
во посета на Донингтон Парк, како дел од плановите за големо
преуредување на патеката. Донингтон се почесто се споменува како замена
за трката во Силверстоун, чии сопственици се во остар конфликт со Ф1
шефот Берни Еклстоун.
Тојота Ф1 тимот ќе има посебен партнер на
Британското ГП, откако доби поддршка од филмот на Ворнер Брос "Темниот
Витез", кој е последен филм од Бетмен серијата и ќе има премиера на
крајот на овој месец (25 јули). За да се одбележи филмот, болидите на
Тојота ќе бидат освежени со логото на филмот. Покрај ова "вистинскиот"
Бетмобил ќе излезе на патеката во Силверстоун во четврток покрај ТФ108
болидите.
Скоро е сигурно дека Кими Раиконен ќе има нов мотор за
трката во Силверстоун. По инцидентот во Мањи-к*р, каде што Финецот
имаше среќа да заврши на второто место откако десниот ауспух му откажа,
шефот на тимот Стефано Доменикали самиот призна дека скоро е невозможно
да се користи истиот мотор. Според новите правила возачите имаат право
на едно "слободно" менување на моторот во текот на сезоната без казната
од 10 места.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2008 во 16:42 |
ФОРМУЛА 1 - ПО 14 ГОДИНИ ВО ФОРМУЛА 1, ВОЗАЧОТ НА РЕД БУЛ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА
Галантниот Шкотланѓанец Култхард во пензија
Дејвид Култхард ќе стави крај на својата 14-годишна
формула 1 кариера на крајот на оваа сезона. 37-годишниот Шкотланѓанец,
кој има 13 победи во кариерата, го соопшти ова пред Британското ГП во
Силверстоун, која ќе биде негова 237. ГП трка. Култхард возеше за
тимовите на Вилијамс и Мекларен, а сега е во Ред Бул Рејсинг, каде што
од следната година ќе продолжи како консултант.
"Мојата одлука
беше донесена предходно оваа година и е донесена затоа што сакам да
прекинам додека се уште сум конк*рентен. Се уште уживам во
неверојатниот предизвик кој го носи мојата кариера и сакам да најдам
нови предизвици во спортот. Ќе останам активно вклучен во спортот како
консултант на Ред Бул, фокусирајќи се на тестирањето и развојот на
болидот. Останувам подготвен да се натпреварувам во иднината во некој
друг моторспорт, така што кацигата ќе ја зачувам. Очигледно Британија е
местото каде што требаше да го соопштам ова бидејќи имам две победи во
Силверстоун и член сум на Британскиот Тркачки Клуб, кој ја организира
оваа трка. Горд сум на мојот Ред Бул тим и ќе продолжам да давам
максимум се до последниот круг во Бразил", вели Култхард во своето
соопштение.
Најстариот возач во спортот, Култхард јасно изјавува
дека е задоволен од својата кариера и покрај тоа што многумина очекуваа
дека Шкотланѓанецот имаше сили да стане и светски шампион.
"Не
гледам носталгично на деновите кога имав 21 година и излегував со кого
стигнам. Сега се уште станувам наутро подготвен за акција. Само гледам
каде сум сега и сфаќам колку сум среќен. Можев да го загубам животот во
2000 кога падна мојот авион, и можев да загинам на патеката многу пати,
но сега сум тука. Имав одлична кариера - подобро да ме паметат како
некој што за малку успеал, отколку што никогаш не се обидел. Формула 1
е единствен спорт, но погрешно е да се каже дека ништо не може да го
замени тоа", вели Култхард.
Шкотланѓанецот, кој победи на
Британското ГП во 1999 и 2000, ја започна кариерата во 1994 година,
кога беше промовиран од местото тест-возач во тимот на Вилијамс по
смртта на легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Тој стигна до својата прва
победа во Португалија во 1995 година, а во 1996 година замина во тимот
на Мекларен.
Поголемиот дел од својата кариера таму ја помина во
сенка на Мика Хакинен, финскиот двократен светски шампион од 1998 и
1999. Најдобрата сезона во кариерата му беше во 2001 година, кога беше
втор во генерален пласман зад доминантниот Михаел Шумахер во Ферари.
Култхард
останува едно од најпрепознатливите Ф1 лица, и е почитуван поради
својата искреност, чест и смисла за хумор, која не секогаш беше добро
прифатена во јавноста.
Неговиот шеф Кристијан Хорнер изјави дека Култхард е "вистински професионалец".
"Тој
покажа дека е вистински тимски играч, факт што се засилува со тоа што
тој возеше за само уште два Ф1 тима во целата кариера. Тој го освои
нашиот прв поен, прв подиум и беше прв од нашите возачи кој водел во
една трка. Пред се, Дејвид е џентлмен и го сметам како добар пријател.
Неговото пензионирање става крај не само на неговат кариера, туку на
едно поглавје на Ф1 историјата", вели Хорнер.
НЕКОЛКУ РАБОТИ ЗА ДЕЈВИД КУЛТХАРД
-
Дејвид Култхард почна со тркањето како дете, возејќи во Формула Форд во
1989 година. Тој е првиот освојувач на младинската наград ана Мекларен.
Во 1990 тој скрши нога на Спа-Франкоршамп, но следната година победи на
три Формула 3 трки во Цандворт и Макао. Во 1992 и 1993 беше во Формула
3 серијата.
- Во 1993, Култхард стана тест-возач на
Вилијамс-Рено, а следната година ја имаше истата улога, пред трагичната
смрт на Аиртон Сена во Имола, по што од Шпанското ГП возеше покрај
Дејмон Хил. Култхард покажа доволна брзина, но грешките и лошата среќа
му донесоа само еден подиум. На последните три трки од сезоната тој
беше заменет со Најџел Менсел, но следната година доби главно место. Во
1995 тој ја оствари првата победа во Португалија.
- Во 1996
година Култхард потпиша договор со Мекларен, кои тогаш се мачеа со
брзината. Во 1997 тој оствари две победи и заврши на третото место во
генерален пласман (по суспензијата на Михаел Шумахер). Од 1998 Мекларен
беше најбрзиот болид, но Култхард беше втор возач покрај Мика Хакинен.
Во 1999 победи двапати. Од 2002 до 2004 тој беше во сенка на новиот
фински колега Кими Раиконен.
- Ред Бул Рејсинг потпишаа договор
со Култхард во 2005 година, и Шкотланѓанецот како да беше освежен од
овој потег. Во 2007 година во тимот дојде Адријан Њуи, инжинерот со
кого работеше во Мекларен.
- Помеѓу активните Ф1 возачи Култхард
е трет на листата по бројот на победи зад Кими Раиконен и Фернандо
Алонсо. Тој исто така има 533 поени, со што е најдобриот британски
возач. Во Шпаниј во 2006 тој стана само осмиот возач со над 200 ГП трки.
-
Култхард подолго време живее во Монако, а поседува домови во Лондон,
Белгија и Швајцарија. Покрај тоа тој има неколку луксузни хотели во
Британија и Монако.
- На 2 мај 2000 Култхард го изнајми Лирџет
авионот на пријателот Дејвид Мареј, но по дефект на аеродромот во Ница,
авионот падна. Култхард со тогашната девојка Хајди Вичлински и
телохранителот Енди Метјуз преживеаја, додека пилотот Дејвид Сондерс и
ко-пилотот Ден Ворли загинаа.
- Според британските таблоиди
Кутлхард е поврзуван со многу жени. Тој одеше со Хајди Клум, Викторија
Херви, Андреа Мареј, Рут Тејлор, а беше свршен со Хајди Вичлински и
Симоне Абделнур. На 2 јуни 2006 тој се сврши со Карен Миниер, белгиски
ТВ коментатор.
- Во неговото родно село Твинхолм има музеј посветен нему, кој беше воден од неговото семејство.
- Вториот братучед на Култхард, Новозеланѓанецот Фабијан Култхард исто така е тркач.
Ф1 ФЛЕШ
Сер
Френк Вилијамс вели дека не постојат пари кои можат да го купат Нико
Розберг предвреме. Германецот дебитираше за Вилијамс во 2006 година и
има договор со тимот до крајот на 2009. "Нико е клучен за нашиот раст
како тим и имаме договор со него до крајот на 2009. Можеби некој сака
да го купи за 50 милиони $, но договрите се договори. Исто така имаме
поволна финансиска состојба. Роберт Кубица е навистина добар и жал ми е
што кажувам дека пред три години тој беше слободен, но не размислувавме
за него. Наш приоритет беше Нико", вели Вилијамс.
Луис Хамилтон
вели дека сака да го предизвика сонародникот Џенсон Батон за да се
одлучи кој е во подобра физичка форма. 23-годишниот Британец беше
импресиониран што возачот на Хонда, Батон заврши на 117. место од 1.700
натпреварувачи во полупрофесионален триатлон минатиот месец. "Тоа е
добро, но мислам дека сум по-фит од него и морам да го докажам тоа",
вели Хамилтон. Актуелниот шампион Кими Раиконен пак не би бил
заинтересиран за такви работи. "Тренирам кога ми се тренира. Немам
распоред. Мразам планирање", вели Раиконен.
Претседателот на
ФИА, Макс Мозли побара од сите формула 1 тимови да се намалат трошоците
во спортот, велејќи дека спортот станува економски неисплатлив. Во
писмо до сите шефови на тимови, Мозли вели дека не е можно големите
производители да вработуваат повеќе од 1.000 луѓе за да водат тим од
два болиди.
Тојота ќе се трка во 2009 со непроменет состав,
велат шпекулациите. Швајцарскиот Блик тврди дека 33-годишниот Јарно
Трули и неговиот нов тимски колега 26-годишниот Тимо Глок ќе бидат
заддржани и за следната година. Според Блик Трули, кој дојде во Тојота
во 2004 има договор за следната година, додека се очекува јапонскиот
тим да ја искористи опцијата во договорот со Германецот Глок. "Никогаш
не сме имале ваква хармонија во тимот. Конечно двајцата возачи се во
иста насока", вели менаџерот на тимот Ричад Криган.
Ко-сопственикот
на Торо Росо, Герхард Бергер вели дека неговиот тим е заинтересиран за
партнерство со производител на автомобили, кога Ред Бул ќе ги продаде
50% од италијанскиот тим. "Одлично е да се има човек како Дитрих како
партнер. Ако Ред Бул мора да ги продаде акциите, морам да пронајдам
партнер сличен како Ред Бул. Тоа може да биде само производител на
автомобили. Не смееме да заборавиме што Ред Бул направи за овој тим,
кој предходно беше Минарди", вели Бергер.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:39 |
Хамилтон маестрално на дождот!
Луис Хамилтон одговори на своите критичари и ја врати потерата по
светската титула на вистински пат со неверојатна победа на дождливото
Британско ГП. Асот на Мекларен фантастично се снајде на тешката патека,
а неговиот тим ги направи сите можни правилни одлуки, додека неговите
главни ривали имаа ден за заборавање. По неговата победа, Хамилтон се
израмни на врвот во генерален пласман со дуото на Ферари, Кими Раиконен
и Фелипе Маса, кои беа четврти, односно 13. Ник Хајдфелд го освои
второто место за БМВ пред изненадувањето Рубенс Баричело во Хонда, кои
беа единствени возачи во ист круг со Британецот.
Победата на
Хамилтон дојде во можеби најдобрата трка во неговата кратка кариера и
доаѓа во вистинско време откако не успеа да освои поени на предходните
две трки. Пред Силверстоун, Англичанецот беше под притисок и како да го
чувствуваше кога поради грешките на квалификациите беше само четврти на
стартот.
"Дефинитивно најдобрата победа која сум ја имал досега,
но доаѓа една од најтешките трки. Ова ќе се запише како мојата најдобра
трка, не само бидејќи е домашна патека, туку бидејќи навистина возев
добро. Сакам победата да ја посветам на моето семејство, бидејќи сите
имавме проблеми последните недели и беше тешко. Но, како и секогаш
семејството е тука кога е најпотребно", вели Хамилтон.
Дождот му
даде шанса на Хамилтон да го покаже својот талент. Тој имаше импресивен
старт и од четвртото место се доближи до својот колега и освојувач на
пол-позицијата Хеики Ковалаинен, кого го помина во петтиот круг. Тој
веднаш направи предност, но веднаш беше пристигнат од Раиконен кој го
помина Ковалаинен во 10 круг. Одлучувачкиот момент дојде во 21. круг,
кога Хамилтон и Раиконен првпат влегоа во боксот.
Мекларен му
поставија на Хамилтон "средни" гуми, додека Ферари се коцкаа дека ќе
остане суво, ги оставија користените гуми на Раиконен. По еден круг
повторно почна да врне и Раиконен се мачеше да ја заддржи контролата на
болидот. Хамилтон притисна и до 26. круг имаше 21.8 секунди предност
пред Раиконен, кој потоа го загуби третото место за Ковалаинен.
Времето
остана тешко за предвидување, и Мекларен направија нова добра одлука
кога во второто влегување во боксот во 38. круг му поставија "средни"
гуми иако условите беа толку тешки што Хонда се одлучи за гуми за
влажно, што беше на крајот успешна приказна за Баричело.
"Беше
толку екстремно, како во Фуџи лани. Немаше многу дожд, но имав проблеми
со видливоста, посебно од десната страна", вели Хамилтон.
Хајдфелд
веднаш дојде под притисок на Баричело во Хонда, кој го имаше најбрзиот
болид поради гумите за дожд. Бразилецот го помина Хајдфелд за второто
место во 43. круг, но мораше да влезе во бокс во 46. круг поради
проблеми со горивото при второто влегување во боксот. Хајдфелд, кој не
направи ниту една грешки заслужено дојде на второто место, но Баричело,
кој е познат како специјалист за возење на дожд остана како трет.
"Имаше
момент кога за малку ќе удрев во ѕид и решивме да одиме со екстремни
гуми, бидејќи иако имаше само 5 круга, во тие можев да добијам 10
секунди. Тоа се случи зарем не?", вели Баричело.
Раиконен кој
двапати се изврте во трката, во последните кругови се созеде и го
грабна четвртото место победувајќи во импресивната битка со Алонсо.
Шпанецот во своето Рено исто така се обиде да го заддржи Ковалаинен зад
него, но на два круга пред крајот беше поминат.
"Реков дека ако
врне се може да се случи, и тоа се виде денеска. Ги искористив гумите
многу бргу и при крајот на трката како да возев на мазни гуми. И три
поени се доволни", вели Алонсо.
Убедливо најлоша трка оваа
сезона имаше Фелипе Маса, кој по сите проблеми на квалификациите, се
изврте неверојатни пет пати и заврши како 11., последен од болидите кои
финишираа.
РЕЗУЛТАТИ (БРИТАНСКО ГП):
1.Луис Хамилтон (Мекларен) 1:39:09.440 10
2.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:08.500 8
3.Рубенс Баричело (Хонда) +1:22.200 6
4.Кими Раиконен (Ферари) +1 круг 5
5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +1 круг 4
6.Фернандо Алонсо (Рено) +1 круг 3
7.Јарно Трули (Тојота) +1 круг 2
8.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг 1
9.Нико Розберг (Вилијамс) +1 круг
10.Марк Вебер (Ред Бул) +1 круг
11.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1 круг
12.Тимо Глок (Тојота) +1 круг
13.Фелипе Маса (Ферари) +2 круга
НЕ ЗАВРШИЈА
14.Роберт Кубица (БМВ) +21 круг
15.Џенсон Батон (Хонда) +22 круга
16.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +25 круга
17.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +34 круга
18.Адријан Зутил (Форс Индија) +50 круга
19.Себастијан Фетел (Торо Росо) +59 круга
20.Дејвид Култхард (Ред Бул) +59 круга
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Луис Хамилтон (Мекларен) 48
2.Фелипе Маса (Ферари) 48
3.Кими Раиконен (Ферари) 48
4.Роберт Кубица (БМВ) 46
5.Ник Хајдфелд (БМВ) 36
6.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 24
7.Јарно Трули (Тојота) 20
8.Марк Вебер (Ред Бул) 18
9.Фернандо Алонсо (Рено) 13
10.Рубенс Баричело (Хонда) 11
11.Нико Розберг (Вилијамс) 8
12.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8
13.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6
14.Тимо Глок (Тојота) 5
15.Себастијан Фетел (Торо Росо) 5
16.Џенсон Батон (Хонда) 3
17.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 2
18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Скудерија Ферари 96
2.БМВ Заубер 82
3.Мекларен Мерцедес 72
4.Тојота Панасоник 25
5.Ред Бул Рејсинг Рено 24
6.Вилијамс Тојота 16
7.Рено Ф1 15
8.Хонда Ф1 14
9.Скудерија Торо Росо Ферари 7
-.Форс Индија Ферари 0
КРУГ ПО КРУГ НА БРИТАНСКОТО ГП
Луис
Хамилтон стигна до својата најимпресивна победа во кареирата откако во
Силверстоун го совлада Ник Хајдфелд за повеќе од една минута, додека
само уште Рубенс Баричело беше во негов круг.
- Пред стартот
иако немаше дожд, патеката беше влажна и сите 20 возачи стартуваа на
"средни" гуми. На стартот Хамилтон од вториот ред скокнува и го
предизвикува освојувачот на пол-позицијата и колега Ковалаинен пред да
имаат мал контакт со гумите. Пред крајот на првиот круг има многу
извртувања, Марк Вебер од петтото место, но и Култхард, Фетел, Розберг
и слабиот Маса.
- Во 2. круг, Ковалаинен останува прв, Алонсо го
поминува Хајдфелд за 5. место, Накаџима излегува од патеката, а Маса
повторно се извртува.
- Во 5. круг, Хамилтон лесно го поминува својот тимски колега Ковалаинен за првото место на Бекетс кривината.
-
Во 6. круг, Хамилтон има половина секунда предност по круг и направи
2.4 секунди пред Ковалаинен по што следуваат Раиконен (4.0), Алонсо
(6.4), Хајдфелд (14.7), Пике (15.9), Трули (18.0), Кубица (18.8), Глок
(22.9) и Баричело (25.1). Вебер, кој стартуваше како втор е 15., додека
Маса е 18.
- Во 9. круг, Вебер ги поминува Бурде и Зутил за 12. место.
- Во 10. круг, Ковалаинен зе исвртува на Клаб кривината, губејќи шест секунди и второто место на Раиконен.
- Во 12. круг, Зутил губи контрола и излетува.
- Во 14. круг, Раиконен со најбрз круг.
- Во 18 круг, Хамилтон води со 2.3 секунди пред Раиконен, Ковалаинен е трет со 11.7. Маса стигнува до 15. место.
-
Во 21. круг, Хамилтон и Раиконен влегуваат во боксот, само Хамилтон
зема нови гуми, се враќаат на патеката на прво и второ место.
- Во 24. круг, дождот почнува да паѓа, Накаџима се извртува, Хамилтон е по 2 секунди побрз од сите останати.
- Во 26. круг, Алонсо го поминува колегата Пике. Возачите кои не земаа нови гуми како Раиконен и Алонсо се мачат со брзината.
- Во 27. круг, Ковалаинен го поминува Раиконен, но Хајдфелд ги поминува двајцата и е втор. Физикела излетува.
- Во 30. круг, Хамилтон има 25 секунди предност пред Хајдфелд.
-
Во 34. круг, Кубица го зема третото место од Ковалаинен и заостанува 50
секунди. Силниот дожд на патеката значи дека Кубица и Глок излетуваат.
-
Во 38. круг, Хамилтон прави грешка, но останува прв, Маса повторно се
извртува како и Раиконен. Хамилтон влегува за гориво и за нови гуми
(средни).
- Во 41. круг, Хамилтон води пред Хајдфелд (42.6),
Баричело (48.7), Трули (57.3), Алонсо (64.5), Ковалаинен (70.8),
Раиконен (77.8), Глок (98.9), Накаџима (1 круг) и Вебер (1 круг).
- Во 49. круг, Ковалаинен се извртува, губејќи места од Баричело и Алонсо.
- Во 54. круг, упорниот Раиконен конечно го поминува Алонсо.
- Во 59. круг, и Ковалаинен го поминува слабото Рено на Алонсо.
Алонсо не жали што заминал во Рено
Фернандо
Алонсо вели дека не жали што се врати во тимот на Рено за сезоната 2008
иако Марк Вебер во саботата се квалификуваше во првиот ред. Поранешниот
двократен светски шампион по несреќната сезона 2007 со Мекларен, за
малку ќе го избереше токму тимот на Вебер, Ред Бул, но се одлучи за
враќање во тимот каде што освои две титули. Но, иако неговиот тим Рено
не покажува добра форма, Шпанецот вели дека е задоволен.
"Се ми
покажуваше дека Рено е сигурниот и најлогичен избор, иако одлуката не
беше лесна. Понекогаш Тојота и Ред Бул се подобри од нас оваа година,
но ние сме попостојани. Ако би можел сега да избирам за кого да возам и
следната трка, повторно ќе биде Рено. Во теорија можеме да бидеме шести
или седми", вели Алонсо.
Покрај се, Алонсо вели дека е среќен што не останал во Мекларен, тим со кој имаше спектакуларни несогласувања минатата сезона.
"Можеби
немаме најдобри резултати, не сум на прес-конференциите за места на
подиумот, ниту се борам за светската титула. Но, за мене лани беше
многу потешко. На крајот знаев дека нема да можам да победам. Дали ми
недостасува Хамилтон? Не, бидејќи тие дуели таму не беа фер. Немам
добри сеќавања од Мекларен. Оваа година беше тешка околу резултатите,
но од друга страна е навистина за уживање", вели Алонсо.
Ф1 ФЛЕШ
Џенсон
Батон го нарече својот Ф1 ривал и сонародник Луис Хамилтон "многу слаб"
откако се повлече од предизвикот за триатлон трка за добротворни цели.
Откако минатата недела изјави дека физички подобро подготвен од Батон,
Хамилтон доби предизвик да се трка против Батон, кој прво го прифати,
пред неговиот татко и менаџер Ентони половина час подоцна да се повлече
од ова ветување. "Тоа е слабо, многу слабо. Искрено изненаден сум
бидејќи тој е спортист, јас сум спортист и двајцата сакаме предизвик",
вели Батон. Кога Хамилтон ја прифати битката Батон изјави дека ќе
донира 10.000 фунти ако загуби. "Што се случува со парите сега? Се
надевам дека барем ќе ги донира", вели Батон.
Луис Хамилтон е
блиску до инвестиција од неколку милиони долари во Гренада, малиот
карипски остров од каде што доаѓа неговиот татко. Според Дејли
Телеграф, асот на Мекларен е подготвен да даде 20 милиони $ за изградба
на еден хотел и преговарал со премиерот на малата држава Кит Мичел.
Покрај одличното време, Гренада нуди и големи даночни олеснувања.
Дејвид
Култхард вели дека не жали за ништо во својата Ф1 кариера. Пред трката
во Силверстоун, 37-годишниот Шкотланѓанец објави дека на крајот на
својата 15. сезона ќе се пензионира. "Имав долга кариера и многу добри
шанси. Ќе си заминам знаејќи дека сум возел болиди со кои можев да
освојам титула. Нема да мислам дека никогаш немав шанса. Добив шанса,
но не го испорачав резултатот", вели Култхард.
ФИА неправилно ги
казни Мекларен со 100 милиони $ минатата сезона, објавува британскиот
Индипендент. Според анализата, казната со која се заврши Степнигејт
шпиунската сага за поседување на детални планови на болидот на Ферари,
ги прекршила статутите на ФИА. Членот 14 од статутот на ФИА вели дека
без претседателот Макс Мозли, 26. членови на Светскиот Моторспорт Совет
(ВСМЦ) мораат да ги претставуваат националните федерации, што не било
член. На пример, Берни Еклстоун самиот гласаше иако не претставува ниту
една национална федерација.
Берни Еклстоун ги демантираше
шпекулациите дека тој е човекот со пари зад Ф1 договорот со патеката
Донингтон Парк. ФИА објави дека Донингтон ќе го замени Силверстоун како
дом на Британското ГП од 2010 година, но патеката мора да се реновира
да ги достигне стандардите кои ги бараат Еклстоун и ФИА, акција за која
се потребни 100 милиони фунти. Берни Еклстоун ги демантираше
шпекулациите дека тој е зад трката, туку открива дека се работи за еден
(засега анонимен) англиски бизнисмен.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2008 во 16:44 |
ФОРМУЛА 1 - ПО ФАНТАСТИЧНАТА ПОБЕДА НА БРИТАНСКОТО ГП ВО СИЛВЕРСТОУН
Хамилтон ја кажа следната цел - светската титула
Откако го презеде водството во генерален пласман по победата на
неделното Британско ГП, Луис Хамилтон сака да се задржи на тоа место и
да ја освои титулата. Возачот на Мекларен влезе во сезоната со три
цели: да се победи во Монако, да се победи во Британија и да се освои
титулата. По двете остварени цели останува уште најголемата.
По
девет трки 23-годишниот Британец е израмнет со двоецот на Ферари,
Фелипе Маса и Кими Раиконен со 48 поени во шампионатот. Хамилтон,
сепак, е во водство бидејќи иако сите резултати му се еднакви со тие на
Маса, тој има едно 10. место во споредба со незавршена трка на
Бразилецот.
"Сега веднаш се враќам на работа. Имам светска
титула за освојување. Во Монако ја остварив првата цел, во Силверстоун
втората цел и сега треба уште да ја освојам титулата. Тоа беа целите за
мене оваа сезона. Победата во Силверстоун ми даде голема мотивација, се
наоѓам на добро место, но морам да продолжам да освојувам поени. Одиме
трка по трка и сакаме да продолжиме така. Знаеме дека имаме болид за
такво нешто", вели асот на Мекларен, кој веднаш замина во Хокенхајм на
тестирањето пред Германското ГП.
ВИДОВМЕ МНОГУ ПОСИЛЕН ЛУИС
Хамилтон
исто така сега знае дека е стабилен возач откако го помина "оганот" на
британските медиуми по катастрофалното Канадско ГП, кога се удри во
задниот дел на болидот на Кими Раиконен додека излегуваа од боксот.
Покрај тоа тој беше на насловните страници на сите британски таблоиди
поради неговите состаноци со славни имиња.
"Знам дека формула 1
изгледа гламурозно, но овој спорт е неверојатно тежок. Силверстоун беше
еден од најголемите предизвици во мојот живот. Морав да бидам
бестрашен. Трката беше хард-кор и никогаш нема да ја заборавам. Ова
покажа дека имам доволно концентрација и сум најсилен. Лесно е да се
занесеш со ваквиот живот, но мораш да се вратиш на земја. Го покажав
своето педигре и покажав дека нервите ми се силни. Да се вклучиш со
великаните како Џеки Стјуарт и Аиртон Сена, иако јас не го кажувам тоа,
е главната цел на мојата кариера", додава Хамилтон.
И МЕКЛАРЕН ЕКСПЕРИМЕНТИРААТ СО ПОКРИВКАТА НА МОТОРОТ
Обидот
на Мекларен да останат со агресивниот развој на МП4/23 болидот продолжи
и на тестирањето во Хокенхајм, каде што за првпат возеа со т.н.
"наковално" покривка на моторот. Само 48 часа по одличната победа во
Силверстоун, самиот Хамилтон прв го возеше редизајнираниот болид.
Користењето
на покривките за моторот го почнаа Ред Бул Рејсинг, каде што иронично
работи поранешниот дизајнер на Мекларен, Адријан Њуи, а потоа истата
беше ископирана на болидите на Рено и на Форс Индија.
Дождот го
попречи првиот ден тестирање во Хокенхајм, но Мекларен би требало да
имаат доволно време да одлучат дали да го користат подобрувањето на
Германското ГП. Генералниот менаџер на тимот, Мартин Витмарш, верува
дека работата на болидот во последните денови донесе резултати во
битката со Ферари.
"Мислам дека тимот заврши одлична работа со
развојот на болидот. Сега битката за титулата наликува на лани. Во
реалноста, ќе оди напред и назад во зависност од тоа колку добра работа
завршуваме. Работиме, но Ферари се силен тим и ќе продолжат да се
подобруваат", вели Витмарш.
Хамилтон водеше во утринската сесија
во Хокенхајм, со најдобар круг од 1:50.550, половина побрзо од Нико
Розберг во Вилијамс. Адријан Зутил (Форс Индија) беше трет пред Ник
Хајдфелд (БМВ) и Нелсон Пике Јуниор (Рено).
Мозли: "Нема ништо еротско во нацизмот!"
Шефот
на ФИА, Макс Мозли, во понеделникот се појави пред судот во Лондон за
да ги демантира тврдењета на Њуз оф д Ворлд дека имал наци-оргија со
пет проститутки правдајќи се дека "има малку работи кои се толку
не-еротски" како нацизмот. Мозли тврди дека весникот ја нарушил
неговата приватност, иако признава дека имал садомазохистичка сесија со
проститутки.
"Секој обичен човек сака да се почитува приватноста на неговиот сексуален живот", вели неговиот адвокат Џејмс Прајс.
Весникот
тврди дека читателите имаат право да знаат за работите кои ги правел
Мозли, кој инаку е син на Освалд Мозли, познатиот нацистички британски
лидер. Скриените камери го фатија 68-годишниот Мозли со пет жени во
неговиот стан во Лондон во петчасовна оргија, а видеото на страната на
Њуз оф д Ворлд се гледало по 1.4 милиони пати дневно.
Откако се
појави приказната од Мозли беше побарано да даде оставка од местото
претседател на ФИА, но и покрај притисокот тој успеа да добие доволно
гласови да остане до крајот на неговиот четврти мандат во октомври 2009.
На стартот на двонеделното судење, Мозли изјави дека платил 5.000$ за "забавата".
"Немаше
ниту дел од нацистичко однесување. Целиот живот пред мене ги имам моите
родители и нивното однесување, и не сакам да се потсетувам на тоа во
мојот сексуален живот", вели Мозли.
Една од жените кои учествувале во оргијата изјави дека е апсурден начинот на кој таблоидот известувал за скандалот.
"Не
ми се верува дека тие велеа дека имало нацистички работи. Немаше
нацистички слики, униформи и материјали. Јас не сум проститутка, туку
правевме нешто помеѓу пријатели", вели жената "Д".
Вилијамс ќе се фокусира на 2008
Вилијамс
ќе повлечат дел од своите ресурси на болидот за 2009 за развој на
сегашниот ФВ30 болидот во обид да се подобри брзината и резултатите во
вториот дел од сезоната. Тимот од Гроув има целосно непостојана сезона,
во која на некои патеки покажаа одлична форма, но на некои беа целосно
разочарувачки. По две слаби трки во Мањи-к*р и Силверстоун, директорот
на инжинеринг, Патрик Хед, најави промени.
"Посветуваме многу
внимание на сезоната 2009 и нашата аеродинамичка програма се фокусира
на 2009 подолго време. Неодамна се решивме да вратиме малку внимание на
2008 бидејќи дефинитивно мораме да бидеме подобри од сега", вели Хед.
Според
Хед проблемите со болидот се од аеродинамичка природа, иако додаде дека
не се работи само на недостиг на надолна сила. Британецот признава дека
ќе биде тешко тимот да се врати во битката за четвртото место доколку
нешто не се смени драматично.
"Мислам дека тоа е малку тешко
бидејќи треба да бидеме барем еднакви со нашите конк*ренти, а Марк
Вебер и Ред Бул се во добра форма, нели? Ако му дадеме на Нико иста
опрема и тој ќе биде таму. Не смееме да се откажуваме", завршува Хед.
Ф1 ФЛЕШ
Роберт
Кубица с$ уште не открива ништо за тимот со кој ќе ја продолжи
кариерата. 23-годишниот Полјак е еден од најдобрите возачи оваа година
и е на само два поена од лидерството во генерален пласман со неговиот
БМВ Заубер. Се верува дека БМВ има опција за него во 2009 година, но
тимот ќе ги открие своите планови во август. "Ќе видиме, не знам што
носи иднината. Не знам каде ќе се тркам, не знам кој ќе биде силен. Има
толку многу прашања. Дали би возел во Ферари? Не знам, можеби. Можеби
еден ден ќе добијам шанса да го откријам и тоа", вели Кубица.
Претседателот
на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, му соопшти на својот тим дека не смеат
да се повторат грешките од Британското ГП. "Се надевам дека наскоро ќе
стигнеме и до 10 победа. Сигурен сум дека можеме до титулата, но само
ако не ги правиме тие глупави грешки. Секако дека не сум задоволен од
тоа што го видов во Британија, но се надевам дека лекцијата е научена.
Сега сме на половина од сезоната, водиме во пласман на конструктори, но
предадовме многу поени", предупредува Италијанецот.
Се очекува
дека Германското ГП следниот викенд ќе биде распродадено.
Организаторите во Хокенхајм објавија дека продале 65.000 билети и се
надеваат на уште 25.000 нови билети. Хокенхајм оваа година се враќа на
формула 1 календарот, како дел од програмата на делење на Германското
ГП меѓу оваа патека и таа во Нирнбургринг.
Ако се прашува Дејвид
Култхард, следната година во Ред Бул покрај Марк Вебер ќе вози младиот
Германец Себастијан Фетел. Шкотланѓанецот објави дека се пензионира
минатата недела и вели дека возачот на Торо Росо е најдобра опција за
тимот. "За мене Себастијан Фетел има с$ што е потребно за иден победник
во формула 1. Неговата зрелост ми покажува дека е најдобар човек за
работата", вели Култхард.
Шефот на ГП2 тим, Адријан Кампос, е
заинтересиран да ги купи "остатоците" од сега непостоечкиот Супер Агури
тим. Работи од Супер Агури, вклучувајќи болиди и транспортери ќе бидат
продадени на аукција на 31 јули. Често се шпекулира дека Кампос и
неговиот шпански сонародник Алехандро Агаг сакаат да формираат шпански
Ф1 тим, а беа поврзувани и со купување на тимот.
Пласманот на
подиумот на Рубенс Баричело во Британија е "позитивен знак" во неговата
потера за нов договор со Хонда, вели шефот на тимот, Ник Фрај. "За
следната година ќе избереме двајца најдобри возачи. Очигледно оваа трка
беше добра за Рубенс. Не само што возеше добро, туку и навистина беше
среќен, што е добро да се види", вели Фрај.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2008 во 14:17 |
ФОРМУЛА 1 - НЕ ПРЕСТАНУВААТ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ОКОЛУ СЛЕДНИОТ ТИМ НА ДВОКРАТНИОТ ШАМПИОН
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Големите спонзори на Мекларен Мерцедес, шпанската банка Сантандер,
би ја променила страната за 2009 година и би била голем спонзор на
Ферари. Германскиот магазин Спорт Билд тврди дека договорот е вреден 25
милиони евра по сезона и во него речиси сигурно е вклучен и ангажманот
на поранешниот двократен шампион Фернандо Алонсо.
Сантандер
почнаа со спонзорството на Мекларен минатата година, кога 26-годишниот
Алонсо го почна повеќегодишниот договор со британскиот тим. Но,
неговите односи со тимот како што се знае беа никакви поради наводното
преферирање на Луис Хамилтон, и Шпанецот оваа сезона се врати во Рено,
тим со кој ги освои двете титули во 2005 и 2006. Кога тој си замина од
Мекларен, многу шпански спознори како Мутуа Мадрилења го напуштија
тимот, а сега, по с$ изгледа, и Сантандер сака да го направи тоа.
Спорт
Билд вели дека Сантандер-Алонсо-Ферари договорот вклучува реклама на
тркачките костуми и на предното и задното крило, како и 30 милиони евра
годишно "помош" за платата на Алонсо.
Во Силверстоун, Шпанецот
изјави дека ќе почека до септември пред да одлучи каде ќе вози во 2009.
Фасцинантно, Ферари, иако има договор со своите двајца возачи Кими
Раиконен и Фелипе Маса, речиси секогаш го објавува тимот за следната
сезона на трката во Монца, која оваа година се одржува на 14 септември.
Шефот
на Сантандер, Емилио Ботин, беше во Силверстоун за Британското ГП.
Шпанскиот Диарио АС шпекулира дека колега на Алонсо за следната година
ќе биде Кими Раиконен, по катастрофалната трка на Бразилецот Маса во
Силверстоун во која се изврте пет пати.
"Не знам дали тие
шпекулации се точни, но не гледам зошто би било проблем да се има тим
со Кими и Алонсо, или Фелипе и Алонсо", вели тест-возачот на Ферари,
Шпанецот Марк Хене.
АЛОНСО НЕ ОЧАЈУВА ЗА ПОДИУМИ ВО 2008
Фернандо
Алонсо, пак, вели дека се помирил со своето отсуство од подиумите во
сезоната 2008. Шпанецот признава дека некои членови на Рено се очајни
да видат Р28 болид меѓу најдобрите три во формула 1 пред да заврши
сезоната. Но, откако беше шести на дождливото Британско ГП во неделата,
Алонсо изјави дека враќањето на подиумот не е некој голем приоритет.
"За
мене тоа нема посебна важност. Сакам да го стигнеме четвртото место во
генерален пласман на конструктори до крајот на сезоната", вели Шпанецот
за Ел Паис додавајќи дека во моментот се седми, и пред нив се само
Хонда, Торо Росо и Форс Индија.
Во средината на Ф1 оваа година
по три години борење за титулата, Алонсо признава дека може да се случи
пласман на подиумот, но само со среќа.
"Подиумот за Ред Бул во
Канада се случи поради среќа. А во Силверстоун тоа го направија Хонда
по серијата лоши резултати, и сега како да возат ракети. Мораме да
останеме смирени и да продолжиме со освојување поени. Има години во кои
си среќен и други кога не си. Подобро да немам среќа сега кога не се
бориме за титулата", вели Алонсо.
Сепак, Шпанецот додаде дека е задоволен што во Силверстоун "бил еден од ретките" кои не направиле поголема возачка грешка.
Хајдфелд се врати во форма
Ник
Хајдфелд ја врати својата сезона на вистински пат во Силверстоун, смета
шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен. 31-годишниот Германец се мачи да
остане во линија со својот колега Роберт Кубица цела сезона
зголемувајќи ги шпекулациите за неговата иднина во
швајцарско-германскиот тим. Но, тој заврши како втор зад Луис Хамилтон
без ниту една грешка на дождот во Британија, додека Кубица имаше
технички проблеми во квалификациите и потоа излета од трката.
"На
тренинзите тој секогаш беше на исто ниво со Кубица. Сега покажа дека
повторно се чувствува добро во болидот и дека може да оди до крај.
Очекуваме да биде во иста форма и на следната трка. Во Силверстоун
повторно бевме брзи откако само 14 дена претходно во Мањи-к*р почнав да
се сомневам дека ривалите одат побргу од нас", вели Тајзен.
Самиот Хајдфелд призна дека се чувствува одлично откако ги решил проблемите со квалификациите.
"Викендот
беше добар, а посебно квалификациите. Имав доста претекнувања и завршив
како втор, но главен проблем досега беа квалификациите. Ова ми е трет
подиум во сезоната и сега сум петти во генерален пласман со само 12
поени заостанување, што е одлично ако се земат предвид сите проблеми
кои ги имав", вели Хајдфелд.
Мозли: "Секс тајните уништија се!"
Претседателот
на ФИА, Макс Мозли, признава дека никогаш нема да може да ја поправи
штетата која е нанесена на неговото семејство од шокантните извештаи на
Њуз оф д Ворлд за неговиот личен живот. Мозли ова го кажа на судењето
за случајот во Лондон и додаде дека "не можам да кажам ниту да направам
нешто што ќе го поправи тоа".
"Во еден викенд тие уништија с$.
Тешко е да се опише јавното засрамување. Јас го правам ова 45 години и
во ниту еден момент немаше да излезе во јавноста да не беа
подмитувањата и нелегалните акти. Мојата сопруга Џин и јас сме заедно
повеќе од 50 години - се сретнавме како тинејџери. Сега не можам да
направам ништо. За моите двајца синови секако дека не постои ништо
полошо да го видат тоа во весник како Њуз оф д Ворлд", признава Мозли.
Ф1 ФЛЕШ
Дури
и обично националистичкиот шпански печат мораше да го пофали
британскиот возач Луис Хамилтон по неговата победа на Британското ГП во
Силверстоун. 23-годишниот Хамилтон немаше најдобри односи со шпанските
медиуми, посебно поради ривалството со Фернандо Алонсо минатата година
и расистичкиот скандал на тестот во Барселона оваа година. Но, сега
Диарио Ас ги прогласи Хамилтон и Алонсо "најдобри во хаотичната трка",
Ел Паис додаде дека "Хамилтон танцуваше на водата со чиста глава и ги
замолчи критичарите", додека Марка на насловот имаше "Хамилтон
доминираше на трката, без дилеми".
Такума Сато вели дека одбил
понуди надвор од формула 1 по колапсот на Супер Агури тимот во мај.
Како и неговиот колега во сега непостоечкиот тим Ентони Дејвидсон,
31-годишниот Сато беше гостин на Британското ГП. Сато има речиси 100 ГП
трки со Џордан, БАР и Супер Агури и вели дека целта повторно е Ф1.
"Немам ништо конкретно сега, но разговарам со неколку тимови. Одбив
некои понуди за Ле Ман и за американските трки бидејќи мојата иднина е
во формула 1", смета Сато.
Ферари застанаа во одбрана на
светскиот шампион Кими Раиконен откако Финецот турна еден познат
фотограф пред стартот на трката во Силверстоун. Французинот Пол-Анри
Кахие, кој е Ф1 фотограф речиси 40 години, падна на грб откако Раиконен
го турна бидејќи објективот бил преблиску до лицето на Финецот и му
газел на опремата. Кахие издаде соопштение во кое вели дека не ја
допирал неговата опрема и го нарече Раиконен најнепристојниот Ф1
шампион. "Јас целосно ја сфаќам реакцијата на Кими. Тоа беше малку
остро, но мораме да сфатиме што се случуваше", вели портпаролот на
Ферари, Лука Колајани.
Луис Хамилтон ги отфрли шпекулациите дека
размислува за ангажирање на професионален менаџер кој би ја водел
неговата формула 1 кариера. Сегашниот негов менаџер, неговиот татко
Ентони Хамилтон во неделата во Силверстоун беше забележан во друштво со
познатиот менаџер на Ф1 возачи, Џулијан Џакоби, но синот Хамилтон вели
дека нема ништо да се промени. "Не, тоа не е точно. Задоволен сум од
работата на мојот татко и на мојот менаџерски тим", изјави Хамилтон.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 14:27 |
ФОРМУЛА 1 - СВЕТСКИОТ ШАМПИОН БАРА РЕШЕНИЕ НА ПРБЛЕМИТЕ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ТРКИ
Раиконен: Ферари не е во криза
Актуелниот светски првак, Финецот Кими Раиконен им
порача на сите фанови на Ферари дека нема постор за загриженост и дека
тимот не е во криза и покрај двете последни трки, во Британија и
Германија, на кои убедливо побрз од возачите на италијанскиот колектив
беше победникот Луис Хамилтон.
"И покрај послабите резултати,
мислам дека нема никаков простор за паника. Ова дефинитивно не беше
трка каква се надевавме дека ќе имаме. Се мачевме цел викенд, а мораме
да се потрудиме да разбереме зошто. Обично нашиот ритам на патеката е
добар, но вчера тоа не беше случајот, едноставно болидот не беше
компетитивен. Ни претстојат тестирања во Херез, каде ќе се трудиме да
го подобриме болидот, за да можеме да пристигнеме во Будимпешта во што
е можно подобра форма. Ова дефинитивно не е криза, но мораме внимателно
да го проучиме управувањето со возилото, за да разбереме дали сме го
фатиле вистинскиот пат во поглед на развојот", вели 27-годишниот фински
возач, кој стартуваше и заврши како шестопласиран во Хокенхајм, па сега
има заостаток од седум бодови зад Хамилтон.
Покрај фактот што е
намалена нивната предност и во конк*ренција на конструктори, она што
делуваше најстрашно за тимот на Ферари беше начинот на кој Хамилтон
немаше никакви проблеми да го мине Маса во една критична ситуација, што
покажува дека нивниот голем ривал, Мекларен Мерцедес е во далеку
подобар ритам во последно време, со оглед на тоа што славеше на три од
последните пет трки, а Ферари во тој интервал прокнижи само еден
триумф, што е премалку за апетитите на тимот од Маранело.
"Трката
за Големата Награда на Германија не беше добра за нас и нема поента да
го негираме тоа. Нашите ривали беа посилни од нас и мораме тоа да го
сфатиме и да објасниме зошто, а без притоа да навлеземе во небулози и
површни анализи кои не водат никаде. За првпат сезонава на една трка,
нашите болиди го немаа темпото кое се очекуваше од нив. И кај Кими и
кај Фелипе. Мислам дека стратегијата ни беше доста солидна, особено по
излегувањето на безбедносното возило, но болидите не одговорија на
потребите на шоферите и мораме во наредните денови да го смениме сето
тоа во насока на враќање на нивото на кое бевме пред само две трки.
Верувам и дека ќе успееме", изјави Стефано Доменикали, еден од
техничките директори во тимот на Ферари.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јули.2008 во 14:13 |
ФОРМУЛА 1 - ФЕРАРИ И МЕКЛАРЕН СЕ БОРАТ ЗА СЕКОЈА СТОТИНКА ОД СЕКУНДАТА
Време на иновации или за копирање во формула 1?
На последниот ден од тестирањето во Херез, Ферари станаа последниот
тим кој го користи ткн. дизајн на "наковално" на покривката на моторот,
со Фелипе Маса зад воланот на преуредениот Ф2008 во Шпанија. Тимот од
Маранело се надеваше дека ќе се обиде со продолжената покривка за
моторот во четвртокот, но на крајот одделија само едно попладне за
споредба на новиот и стариот дизајн.
Овој потег на Ферари
доаѓа откако нивните главни ривали Мекларен тестираа со слична покривка
пред трката во Хокенхајм, а дизајнот за првпат беше искористен на
болидите на Ред Бул, како дело на познатиот Адријан Њуи, а беа
прифатени и од БМВ и Рено. Иако покривката не создава надолна сила, со
неа има подобар проток на воздухот кон задното крило на болидите.
"Тоа
е уред за средување на протокот на воздухот. При висока брзина, над 200
км/ч, не е можно целиот воздух да влезе во моторот, така што тој
излегува од страната на покривката. Затоа ги гледаме овие
експерименти", вели Гери Андерсон, поранешниот технички гуру на Џордан
и Стјуарт.
Дека во Ферари заканата од Мекларен се сфаќа
сериозно, покажуваат и изјавите на Кими Раиконен, кој предходно
изјавуваше дека е збунет од недостатокот на форма на тимот во
Хокенхајм, но сега вели дека се е решено.
"Обидовме толку многу
работи и сега ги сфаќаме работите подобро. Болидот е подобар од вчера,
но не знаеме како ќе биде на следната трка. Што беше погрешно во
Хокенхајм? Не бевме брзи и моравме да најдеме решение за следната трка.
Не водиме во генерален пласман, но тоа е само една трка. Мекларен беа
силни последните две трки, така што мораме да го средиме болидот и да
победуваме. Има уште многу време", вели Финецот.
МЕКЛАРЕН СО "РОГОВИ" НА НОСОТ
Мекларен
од друга страна размислуваат за радикална промена на нивниот болид пред
Унгарското ГП, преку новиот "рог" на носот на болидот, кој го тестираа
во Херез. Во Мекларен се сигурни дека имаат предност пред Скудерија во
овој дел од сезоната, но очигледно не сакаат да ја загубат таа предност.
Ткн.
"рогови" на носот е иновација на БМВ Заубер, а во последно време ги
користат и Хонда Рејсинг. Дека не се работи само за експеримент потврди
и генералниот менаџер на Мекларен, Мартин Витмарш.
"Гледаме на
неколку можни аеродинамички решенија на последните тестови. Во моментов
имаме напорна програма за развој пред летната пауза", вели Витмарш.
ХАМИЛТОН ЌЕ ВНИМАВА НА ЦРВЕНИТЕ БОЛИДИ
Луис
Хамилтон пред Унгарското ГП следната недела влегува со две победи по
ред во Британија и Германија, но вели дека се уште смета на заканата на
Ферари.
"Не сакам да правам некои предвидувања. Да, бевме силни
последните две трки, но само две трки предходно имавме големи проблеми,
така што е невозможно да се прогнозира. Во моментов болидот е
фантастичен и ни треба само мала дополнителна сила", вели Хамилтон.
Британецот
исто така смета дека нема ризик дека формула 1 нема да биде на врвот на
моторспортот, кога во 2009 година ќе се направат големиот број на
ограничувања - како во аеродинамиката, така и кај моторите.
"ГП2
бргу ја пристигнува формула 1 и мораме да останеме побрзи. Секој пат
кога има нови регулативи, само одиме побргу. Не е вистина дека Мекларен
и Ферари имаат некоја не-фер предност. Сите тимови се блиски. Не се
работи за тоа кој има повеќе пари, туку кој ги троши подобро", вели
Хамилтон.
Дали Макс Мозли сега оди во офанзива?
Охрабрен
со победата пред Врховниот Суд во Лондон, претседателот на ФИА, Макс
Мозли сега размислува за нова легална постапка против британскиот
таблоид Њуз оф д Ворлд, објавува британскиот Тајмс. Тајмс, кој исто
како Њуз оф д Ворлд е во сопственост на Њуз Интернешнл, компанијата на
магнатот Руперт Мурок, тврди дека Мозли ќе бара нов случај.
Првата
победа со која Њуз оф д Ворлд треба да плати 60.000 фунти, беше
базирана на нарушување на приватноста, а следната ќе се фоксуира на
лажните тврдења дека неговиот "состанок" со петте проститутки оваа
година беше "болна наци-оргија".
Иако официјално Њуз оф д Ворлд
треба да плати 60.000 фунти, сумата вистински достигнува вредност од 1
милион фунти. Њуз оф д Ворлд ќе треба да платат 450.000 фунти за
легалната одбрана на Мозли, и 400.000 фунти на својата одбрана.
Дека
Мозли има добри шанси и во вториот случај, добро се гледа од тоа што
жената која ги продаде правата за вклученост во оргијата, ткн. Жена Е
инсистира дека не се работело за нацистичка забава.
"Парите не
се важни. Бев глупава, наивна и сега се каам. Никогаш не кажав дека се
работи за нацистичка оргија, но тие поставија притисок на мене", вели
Жената Е.
Ф1 ФЛЕШ
Себастиен Буеми вели дека може да
направи деби во формула 1 со тимот на Торо Росо веќе во 2009.
19-годишниот Швајцарец, кој настапува во ГП2 серијата и е тест-возач на
Ред Бул, вели дека скоро сигурно Себастијан Фетел ќе оди во Ред Бул, со
што ќе има празно место во Торо Росо. "За мене главната цел е да ја
завршам добро ГП2 сезоната, но вистинската цел се подразбира - место во
Торо Росо во 2009. Ако Ред Бул создава јуниорски тим, тие не го прават
тоа само за забава. Сакаат возачи со кои ќе успеат во формула 1", вели
Буеми.
Основачот и поранешен шеф на Спајкер, Виктор Милер е
казнет со 150.000$ поради "инсајдерско" тргување со акции. Холандската
финансиска полиција АФМ одлучи фека Милер давал информации за Спајкер
(тимот кој го купи Виџај Малја и стана Форс Индија) на една банка,
советувајќи ги да не купуваат акции од тимот.
ФИА ќе изврши
детална инспекција на моторот на Мерцедес-Бенц кој беше во болидот на
Луис Хамилтон на Германското ГП во Хокенхајм. Иако ова е прва ваква
инспекција, од ФИА велат дека се работи за рутинска проверка на
правилото на еден мотор за две трки и "замрзнувањето" на развојот на
технологијата на моторите. Инспекцијата ќе се изврши пред Унгарското ГП
следната недела.
Хеики Ковалаинен вели дека не е исфрустриран од
тоа што се уште нема формула 1 победа. 26-годишниот Финец имаше доста
проблеми со Мекларен оваа година по солидното деби за Рено во 2007, и
нема победа за разлика од четирите победи на колегата Луис Хамилтон.
Покрај тоа, тој на Германското ГП го пушти Хамилтон да го помине за
четвртото место. "Морам да го пронајдам мојот начин, и тоа ќе се случи
наскоро. Треба да ги искористам можностите, но ако треба да чекам до
96. трка за прва победа, како Мика Хакинен, тогаш подготвен сум за
тоа", вели Финецот.
Шансите на Џенсон Батон да стане светски
шампион не постојат, вели поранешниот британски возач Дерек Дејли.
Според Дејли, кој се натпреваруваше во 80-тите, кариерата на Батон
стагнира во Хонда и сега на 28 години е предоцна да мисли за титула.
"Тимот не успеа да му даде вистински болид. Џенсон го загуби чувството
кое го гледаме кај Хамилтон и Кубица и понекогаш тоа не може да се
врати", вели 53-годишниот Дејли.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јули.2008 во 17:12 |
ФОРМУЛА 1 - ОДЛУКАТА НА ФИНЕЦОТ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МНОГУ ПРОМЕНИ ВО ФОРМУЛА 1
Кими сака да стане рели тркач?
Кими Раиконен вели дека не брза да одлучи за својата иднина велејќи
дека иако ќе вози за Скудерија во 2009 година, потоа тој може да се
приклучи на многу свои познати фински сонародници како рели возач.
Иднината на Раиконен во спортот е тема за многу шпекулации во последно
време, откако се појавија шпекулации дека актуелниот светски шампион ќе
си замине од формула 1 на крајот на сезоната, шпекулација подгреана со
тоа што Фернандо Алонсо не ја крие својата намера да си замине од Рено
и да дојде токму во Ферари. Финецот, сепак, повторно вели дека има
договор со Ферари за 2009 и дека целосно ќе го испочитува.
"Имам
доста време за одлучување. Зошто би се брзал? Имам договор за 2009 кој
секако ќе го исполнам и покрај сите шпекулации кои ги слушам. Секогаш
ги почитувам моите договори", вели Раиконен во интервју за германскиот
Ауто Мотор Унд Спорт.
Но, 2009 останува мистерија дури и за
самиот Финец, кој вели дека е можно да си замине од формула 1 за да
направи кариера како рели возач.
"Секако дека нема да ми биде
досадно и по 2009. Кога ќе сопрам со формула 1, имам намера да се
забавувам со натпреварување во други серии. Во некој момент сакам да се
обидам и со рели-трките. Тоа ме интересира - асфалт, земја и мраз",
признава Финецот.
Но, 28-годишниот Раиконен вели дека е тешко да
се верува дека ќе може да направи трансфер во Светскиот шампионат во
Рели (ВРЦ) бидејќи го нема потребното искуство, ниту знае да се
натпреварува на такво ниво.
"Тешко е да се каже бидејќи никогаш
не сум се обврзувал сериозно во рели трките. На асфалт најверојатно би
било ОК, но за возење на земја немам никакво искуство. Мислам дека ќе
биде проблем и тоа што би имал ко-возач. На тоа едноставно не сум
навикнат", признава "Ајсмен".
НЕМАМ СОВЕТ ЗА ДРУГИТЕ
Финецот имаше одговор и за тоа зошто Ферари и Мекларен имаат различни форми оваа сезона.
"Се
зависи од патеките, некои ни одговараат на нас, некои на Мекларен и тоа
многу повеќе од лани. Нивната предност оваа година е што успеваат
побргу да ги загреат своите гуми и да извлечат максимум од нив. Но, за
тоа плаќаат цена бидејќи гумите се трошат повеќе и затоа е израмнето.
Совршено би било да имаш болид кој може да ги направи двете, но тоа не
се случува", вели Раиконен.
Потајно тој кажува и зошто го напуштил Мекларен.
"Во
Ферари имам многу повеќе слободен простор и тоа беше многу важно за
мене. Со сите луѓе во тимот сум во добри односи", вели Раиконен.
Покрај
оваа тема Раиконен во интервјуто кажува и неколку други работи за
неговата кариера, која во првиот дел секако беше спектакуларна.
"Не
помислував на формула 1 с$ додека не наполнив 18 години, кога заминав
во Англија и ги сретнав вистинските луѓе. Во моите денови во картингот
не сонував за такво нешто бидејќи едноставно моето семејство немаше
пари. Јас не сум добар за давање совети на младите возачи. Најважно е
да се биде на вистинското место и да ги имаш вистинските контакти. С$
друго е среќа", вели Раиконен.
Впечатокот на многумина Ф1 фанови
секако е дека на одличниот Финец со неверојатен талент понекогаш му е
досадно да се натпреварува, а тој самиот го потврдува тоа.
"Дали
станува досадно? Само кога сум далеку од врвот, како лани во Мелбурн.
Тогаш само си играв со копчињата на воланот, и во еден момент заборавив
да запрам. За среќа оваа година не е така. Најзабавно сепак беше првата
година бидејќи с$ беше ново за мене. Болидите, патеките, луѓето... Од
лани не се променети многу работи, иако ја нема електрониката и
контролата на триењето. Тоа се забележува на некои кривини, но болидите
станаа подобри", вели Раиконен.
На крајот дојде и прашањето
околу Шевролет Корветата на американската актерка Шерон Стоун која
Раиконен ја купи на добротворна аукција.
"Искрено, с$ уште го
немам автомобилот. Не знам каде е во моментов и дали треба да одам да
ја земам или таа ќе ми ја прати. Тоа не беше купување со желба, туку
само за добротворни цели", вели Раиконен.
Во Рено остануваат реални
Шефот на
инжинеринг на Рено, Пет Симондс, вели дека францускиот тим останува
реален за своите шанси за оваа сезона и покрај пласманот на подиумот во
Германија. Нелсињо Пике го искористи излегувањето на сигурносното
возило на патеката за да заврши како втор, негов најдобар пласман и прв
подиум за Рено во 2008, со што се вратија во борба за четвртото место
во генерален пласман, на само два поена од Тојота.
"Очигледно
дека тој резултат беше добредојден и ни требаа поените. Оваа година
зборуваме за неисполнетите ветувања на болидот, но ова е добар знак.
Добро е што Нелсон по проблематичната прва половина од сезоната станува
с$ подобар. Но, мораме да бидеме реални и да кажеме дека н$ очекува
тешка битка со Тојота и Ред Бул Рејсинг, кои се многу конк*рентни",
вели Симондс.
Ф1 ФЛЕШ
Шпекулациите за трансферот на
Фернандо Алонсо во Ферари во блиска иднина добиваат нов пресврт. Газета
Дело Спорт тврди дека Шпанецот бара да купи куќа во близина на
италијанското седиште на Ферари, Маранело. Според Газета Алонсо бара
куќа во Лугано, регионот на Швајцарија во близина на италијанската
граница, со што би бил на 300 километри од Маранело, за разлика од
сегашните 600 километри од неговиот швајцарски стан во Мон-Сур-Рол.
Елемент
на болидот "пренесен" од Британското ГП беше причината на тешкиот судар
на Тимо Глок во Германија пред две недели, објави тимот на Тојота.
Германецот имаше страшен судар на 36 круг на трката откако неговата
десна суспензија откажа пред стартно-целната рамнина. "По инцидентот на
Тимо Глок направивме целосна истрага и се заклучи дека проблемот е од
Британското ГП, каде што Тимо имаше неколку инциденти", се вели во
соопштението на Тојота.
Поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер стигна
до своите први поени на неделната трка во Нирнбургринг, откако заврши
на осмото место на дожд со својот Мерцедес Ц-класа. "Среќен сум што го
имам овој поен и посебно на дожд", вели Шумахер помладиот.
Возачот
на Ред Бул, Марк Вебер и светскиот шампион во Супербајк, Трој Бејлис ќе
бидат во австралискиот тим за Трката на Шампионите на Вембли во
декември. Тие се приклучуваат на Михаел Шумахер, Џенсон Батон и Енди
Приол, кои веќе го потврдија учеството.
Себастијан Фетел може
да биде подготвен за трансфер по само две години од стартот на
договорот со Ред Бул во 2009 вели неговиот сегашен шеф. 21-годишниот
Германец речиси сигурно ќе оди во Ред Бул на крајот на сезоната, а
неговиот шеф Герхард Бергер вели дека се работи за само двегодишен
договор. "Во 2011 Себастијан Фетел ќе биде интересен за БМВ, но и за
Мерцедес и Ферари", вели Бергер.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Август.2008 во 02:41 |
ФОРМУЛА 1 - ДАЛИ ПОВТОРНО ВО ИГРА ВЛЕГУВА "ВИСОКАТА ПОЛИТИКА" ВО ФОРМУЛА 1
Тимовите со нова "унија", Мозли со свои планови
На состанокот во седиштето на Ферари во Маранело десетте формула 1
тимови се согласија да воспостават нова организација, Асоцијација на
Формула 1 тимови (ФОТА). Во соопштение издадено од Ферари се вели дека
состанокот на кој присуствувале и Берни Еклстоун и Доналд Мекензи од
ЦВЦ, носителите на комерцијалните права, имало "екстремно конструктивна
атмосфера).
"Тимовите едногласно се согласија да се формула ФОТА
и да се работи со регулаторите во ФИА и со комерцијалните носители во
ФОМ за условите кои треба да ги создадеме за да имаме силен и динамичен
спорт", се вели во соопштението.
Според портпаролот на Ферари
нема одлука кој ќе ја води асоцијацијата. Тимовите се уште немаат нов
Конкорд договор, кој претставува комерцијален документ кој треба да
биде потпишан од ФИА, ФОМ и тимовите во милијардерскиот спорт.
На
состанокот претседаваше претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло, а
на него беа и шефовите на Мекларен Рон Денис и Мартин Витмарш со што се
гледа новиот дух во спортот. Ферари и Мекларен беа вклучени во
шпиунскиот скандал минатата година, кој заврши со казна од 100 милиони
$ и одземање на титулата во конструктори за Мекларен.
Помеѓу
шефовите во Маранело беше и Флавио Бриаторе, шефот на Рено, кој
претходно изјави дека на формула 1 & недостасува работа од
претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој беше преокупиран со
секс-скандалот.
"Неговото отсуство се чувствува како немање на проект за формула 1. Тимовите се чувствуваат напуштени", вели Бриаторе.
МОЗЛИ ВЕЛИ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ЗА РАБОТА
Мозли
од друга страна вели дека сега фокусот се враќа на спортот. Тој е под
притисок и од носителите на комерцијалните права ЦВЦ, кои според
шпекулациите дури размислуваат да ги продадат своите 75% акции. Но,
самиот Мозли има право да стави вето на оваа продажба.
"Според
тоа што го слушнав, ЦВЦ не брзаат да ги продадат своите акции во
спортот. Не се откажувам од своето вето бидејќи правата може да ги купи
некој што ќе сака да кажува што ќе се случува на секоја трка. Во
моментов нема никаков проблем меѓу мене и Берни", вели Мозли.
По
неговата победа во судскиот случај против Њуз оф д Ворлд, Мозли вели
дека планот е да се повлече од позицијата на крајот на мандатот.
"Не
сакам повторно да се кандидирам во 2009 бидејќи повеќе не сакам да
работам секој ден. Не се чувствувам старо, но има и други работи во
животот", вели 68-годишниот Мозли.
Ф1 ФЛЕШ
Германската компанија за дизајн на
алати Формтех, која веќе вклучена во формула 1, оваа недела ги купи
деловите и алатките на непостоечкиот Супер Агури тим. Формтех вели дека
базата на тимот кој возеше со помош на Хонда, а се наоѓа во Лифилд,
Британија, ќе биде искористена за отворање на прва компанија во оваа
земја. "Се надеваме на бизнис соработка со сите области на
моторспортот, вклучувајќи го и производството на делови за формула 1
тимови. Ќе вработиме дел од поранешниот тим на Супер Агури", вели
директорот на Формтех, Франц Хилмер.
Двајца поранешни ривали на
неговиот татко не се сигурни дека Нелсон Пике направил доволно во
својата деби сезона за да остане во спортот. Бразилскиот ас стигна до
својот прв подиум во Хокенхајм, но Австралиецот Алан Џонс, шампионот од
1980 година и Британецот Дерек Ворвик не се убедени во неговите
квалитети. "Ако се спореди со успесите на возачите како Раиконен, Маса,
Кубица, Алонсо или Хамилтон, Пике направи премногу малку", вели Ворвик.
Од друга страна Џонс, кој во 1980 ја освои титулата со 13 поени
предност пред Пике Сениор исто така не е импресиониран. "Во првата
сезона на таткото Пике во 1979, тој како колега го имаше Ники Лауда,
двократен шампион и го држеше под контрола", објаснува Џонс.
Топол
и најверојатно сув викенд ја очекува формула 1 на Унгарското ГП во
Будимпешта. Локалните метеоролози предвидоа влажен четврток пред првите
тренинзи, но во петок ќе биде сончево и суво со температури од околу 30
степени. Шансите за дожд во текот на трката се од 5 до 10 проценти.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2008 во 14:59 |
ФОРМУЛА 1 - БРИТАНСКИОТ ГВАРДИЈАН ЈА ОТКРИВА СТРАТЕГИЈАТА НА ШПАНЕЦОТ
Алонсо во Хонда само за 2008, по што оди во Ферари?
Фернандо Алонсо наскоро ќе потпише 15 милиони $ вреден договор со кој ќе стане возач на Хонда покрај Џенсон Батон следната година, но тој престој може да биде краток бидејќи Шпанецот не се откажува од целта да вози за Ферари во 2010, објавува британскиот Гвардијан. Се верува дека една од клучните причини поради која двократниот шампион се решил на заминување од Рено е пристигнувањето на Рос Браун во Хонда оваа сезона. Браун веќе најави дека работите ќе се менуваат следната сезона, признавајќи декаАлонсо би бил совршен за тимот.
Хонда би ризикувале да потпишат со Алонсо на само една година, но следната година би сакале да го убедуваат да остане во тимот кој вели дека нивната долгорочна иднина е на првото место. Иднината на Алонсо во Ферари зависи од тоа дали Кими Раиконен ќе реши да ја продолжи кариерата, бидејќи неговиот договор завршува на крајот на 2009.
Хонда Рејсинг сакаат големо име во 2009, најавувајќи болид кој ќе биде успешен и шампионски. Надежта е дека машината ќе биде доволно да го натера Алонсо да остане во јапонскиот тим повеќе од една година, а искуството на Алонсо во Мекларен, каде што се разделија по само една година и покрај долгиот договор, ги натера Хонда да сфатат дека долгите договори не обезбедуваат сигурност.
"Мислам дека сите тимови би сакале подолги договори, секој возач за една сезона е тежок. Но, ако мора да има едногодишен договор, тогаш добро - тој може да прерасне во поголем договор. Се зависи од тоа колку добри ќе бидете. Сигурен сум дека договорот на Алонсо со Мекларен беше повеќе од една година, но видете колку траеше", признава Рос Браун.
Британецот не сакаше да коментира на тоа колку разговорите со Алонсо се напреднати, ниту не сакаше да прогнозира кога ќе биде договорот.
"Фернандо е еден од најдобрите Ф1 возачи и секој тим освен еден би сакал да го има во тимот. Ние не сме различни, но дали навистина ќе се случи, навистина не знам", додава Браун.
Хонда скоро сигурно ќе го заддржи Џенсон Батон за сезоната 2009, додека иднината на Рубенс Баричело зависи од Шпанецот Алонсо.
За иднината на Шпанецот се "загрижи" дури и познатиот тенор Пласидо Доминго, кој беше во посета на Шпанецот во Унгарија. 67-годишниот Доминго доби кацига со автограм од Алонсо.
"За мене ќе биде неверојатно да заврши во Ферари, бидејќи тоа ќе биде обединување на две големи страсти", објаснува Доминго.
Маса се обиде да остане позитивен
Фелипе Маса се обиде да извлече позитивни работи од Унгарското ГП, откако ја загуби трката на само три круга пред крајот. Асот на Ферари беше блиску до нова победа со која ќе го превземеше водството во генерален пласман, пред да му откаже моторот на само три круга, и да ја предаде победата на Финецот Хеики Ковалаинен во Мекларен.
"Самодовербата е тука. Мислам дека по ваква трка и покрај лошиот резултат, сепак се важи тоа што го направивме. Покажавме добри перформанси и многу добра тимска работа што е добро за следните трки. Секако дека сум незадоволен и дека се чувствувал лошо, но и тоа е дел од спортот. Мораме да мислиме на следната трка, а сега имаме мала пауза што е добро да наполниме енергија пред последните седум трки", вели Маса.
Во исто време италијанскиот печат беше полн со пофалби за Фелипе Маса, но не и за неговиот колега Кими Раиконен. "Што повеќе може да бара Ферари од еден возач?", се запраша Газета Дело Спорт. Но, Раиконен не беше поштеден. "Тој е бледа имитација од возачот од минатото. Овој Раиконен не му треба на Ферари. Тој треба да се запраша дали се уште има желба за возење", коментира Тутоспорт.
Глок ќе остане во Тојота
Тимо Глок ќе остане во Тојота следната година, бидејќи има "повеќегодишен договор" со јапонскиот тим од минатата сезона. Во германските медиуми се шпекулираше дека новиот договор за 2009 е награда за неговата импресивна трка во Унгарија каде што заврши на второто место, но новинската агенција СИД вели дека 26-годишниот ГП2 шампион има договор кој е валиден за 2009 и 2010.
Глок го прослави резултатот со забава во Будимпешта, пред да замине во Лос Анџелес на краток одмор. Но, тој не се занесува по резултатот.
"Цел викенд бев побрз од мојот колега, што покажува дека можам да бидам добар. Но, не треба да се мисли дека сега нон-стоп ќе бидам на подиумот", вели Глок, кој само пред две недели имаше хорор-судар на трката во Хокенхајм.
|
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Август.2008 во 16:24 |
ФОРМУЛА 1 - ВО ХУНГАРОРИНГ СКУДЕРИЈА ПОКАЖА ДЕКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ТАКА ЛЕСНО
Враќањето на Ферари не ги плаши Мекларен
Шефот на Мекларен, Рон Денис вели дека не е загрижен од враќањето на
формата на Ферари на Унгарското ГП, и покрај тоа што Фелипе Маса беше
многу блиску до победа. Маса беше на три круга до импресивен триумф
откако ги помина двајцата возачи на Мекларен на стартот, но му откажа
моторот, предавајќи му ја победата на Хеики Ковалаинен во Мекларен.
"Не
мислам дека Ферари беа посебно добри во Унгарија. Маса имаше добра
трка, но Кими Раиконен не беше доволно силен. Исходот на трката се реши
на првата кривина, но ние тогаш ја сменивме стратегијата за гориво, за
да застанеме по него и да го поминеме при второто влегување. Дупнатата
гума на Луис го спречи да донесе победа", вели Денис.
Брзината на Маса во Унгарија сепак покажа дека битката за приматот во Ф1 помеѓу Ферари и Мекларен не е завршена.
"Самодовербата
е слабост, така што ќе одиме трка по трка. Не мислам дека некој се
сомнева дека ова ќе биде тесна трка помеѓу нас и Ферари. Задоволен сум
од формата", вели Денис.
ЛУИС ПОПРЕТПАЗЛИВ
Неговиот
возач Луис Хамилтон пак го предупреди тимот дека треба да очекуваат
силен противник во Ферари кога Ф1 ќе се врати на програмата на крајот
на август. Ферари беа "уништени" од Хамилтон на дожд во Британија и
Германија, но во Унгарија сликата беше поинаква.
"Тие беа силни,
тоа е сигурно. Да останевме на првите места од стартот ќе беше поинаку,
но во Унгарија се покажа дека имаат силен болид. Не направив некои
грешки, но се случи проблемот со гумата", вели Хамилтон.
КИМИ САКА ДА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
Кими
Раиконен пак вели дека мора да биде далеку подобар на квалификациите
ако сака да има реална шанса да ја одбрани светската титула. Финецот
нема победа во последните седум трки и во Унгарија и Германија не
можеше да ја достигне брзината на колегата Маса. Раиконен двете трки ги
стартуваше од шестата позиција.
"Не можам да демантирам дека на
последните трки нешто не одеше како што треба. Секојпат се случуваше
нешто чудно и не успевавме да го најдеме вистинскиот сет-ап. Тој
проблем мора да се реши пред Валенсија. Квалификациите беа одлучувачки
во Будимпешта за мене. Во вториот обид во последните квалификации не
можев да го заддржам болидот на патека и тоа беше моја вина. Не можам
да очекувам да ја освојам титулата ако стартувам од шестото место. Дури
иако подоцна си една секунда побрз од тие пред тебе, не можеш да ги
претекнеш. Но, ситуацијата во шампионатот не е толку лоша, иако во
Унгарија се беше разочарувачко освен резултатот", оценува Раиконен.
Алонсо не очекува голем скок од Рено во 2009
Фернандо
Алонсо верува дека Рено тешко можат да ги достигнат врвните тимови
следната сезона и покрај новите регулативи кои ќе се воведат.
"Искрено
мислам дека тоа е тешко, бидејќи иако ќе има комплетно нови правила,
никогаш не сум видел болид кој е на дното една година, а следната се
бори за победи. Затоа во Рено мора да се оди чекор по чекор. Тешко е да
се намали разликата, дали се работи за аеродинамиката, моторот или
гумите. Кој и да е проблемот мора да се работи напорно. Ќе биде многу
тешко да се направи подобар болид од тој на ривалите", вели Алонсо.
Рено,
светски шампиони во 2005 и 2006 со Алонсо, не успеаја да направат ништо
позначајно оваа година и имаат само еден подиум во 11 трки. Тие се 80
поени зад лидерите Ферари, а слабата форма ги зголеми шпекулациите дека
Алонсо ќе си замине од тимот, со Хонда како најверојатна дестинација во
2009.
"Од Хонда кажаа многу убави работи за мене и го ценам тоа.
Но, засега јас сум фокусиран на оваа сезона. Нема да се предадам
предвреме. Во секој случај да останев во Мекларен ќе беше полошо.
Немаше да добијам шанса да се борам за титулата, ниту да имам добар
резултат со тој тим", вели Алонсо.
Ф1 ФЛЕШ
Поранешниот
светски шампион Дејмон Хил пред Унгарското ГП веруваше дека неговиот
британски сонародник Луис Хамилтон ќе биде шампион ова сезона, но
откако го виде Унгарското ГП, тој вели дека би се обложил на Кими
Раиконен. "Да ме прашавте пред неделата на кого би се обложил, секако
би кажал на Луис. Но, сега не го сакам тоа. Би рекол дека Ферари
изгледаат доста силно и затоа облогот оди на Раиконен", вели Хил.
24-годишниот
Бруно Сена повторно се поврзува со трансфер во формула 1, откако не
само што е внук на трикратниот легендарен шампион Аиртон Сена, туку е и
се поимпресивен во ГП2 серијата. Шпекулациите сега велат дека
бразилската нафтна компанија Петробрас, која е спонзор на Вилијамс, би
сакала да му помогне на Сена да влезе во Ф1. Слободно место во Ф1 може
да има во Хонда, Вилијамс, но и БМВ Заубер и Тојота. "Ако добар тим ми
понуди место на тест-возач за една година и потоа место во тимот,
секако дека би прифатил. Но, во моментов би преферирал место на возач",
вели Сена Јуниор.
Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен призна дека
неговите двајца возачи "не беа присутни" на трката во Унгарија. По
одличниот старт на сезоната, Ник Хајдфелд беше катастрофален од
квалификациите во Унгарија, а Роберт Кубица освои еден поен само
бидејќи Фелипе Маса се откажа три круга пред крајот. "Унгарија беше
трка во која како да не бевме присутни. Во ниту еден момент нашите
возачи не ги поставија очекуваните времиња", изјави бесниот Тајзен.
Тимот
на Мекларен нема да се трка со ткн. "наковално" покривка на моторот
барем во следните неколку трки, вели генералниот менаџер Мартин
Витмарш. Повеќе тимови решија да го користат "наковалното" во Унгарија,
но Мекларен утврдија дека не се подобруваат перформансите на болидот.
"Ја тестиравме покривката за моторот пред трката во Германија и со неа
требаше да се зголеми чувствителноста на болидот, но таа предност
донесе други проблеми. Мислиме дека нашиот болид е доволно добар и без
овој експеримент", вели Витмарш.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Август.2008 во 17:52 |
Хамилтон главен фаворит за титулата
Букмејкерите го откачија Кими, шансите на Луис се два пати поголеми!
Луис Хамилтон и покрај малерот со експлозијата на предната лева гума успеа да опстои на врвот на табелата на возачите од Ф1 шампионатот, пред се благодарение на откажувањето на моторот на Маса поради прегревање. Сега возачот на Мекларен се потенцира како главен фаворит до крајот, иако има само пет бода повеќе од Кими и осум од Маса. Тука пред се улога треба да има и неговата лидерска позиција за време на летната пауза, како и стабилноста на тимот што Мекларен треба да ја обезбеди со Хеики Ковалаинен кому му растат апетитите откако стана стоти возач кој победил на гран при трка. Од друга страна, Луис лани имаше и поголема предност, но далеку понестабилна ситуација во екипата.
За разлика од лани, кога беше снимен како се забавува на јахтата на ко-сопственикот на Мекларен, Менсур Ојех, на што се надоврза и аферата дека имал нешто" со неговата ќерка, Хамилтон ова лето тврди дека ќе го преседи во вежбална.
- Не ми е потребна пауза,- изјави Хамилтон во Унгарија кога сите останати заминуваа да ги наполнат батерите".
- Со таа изјава Луис потврди дека ќе има интензивен тренинг програм во следните три седмици. Паузата е од есенцијален карактер за механичарите и за останатите луѓе кои патуваат со нас,- прокоментира Рон Денис за Дејли телеграф.
На почетокот од јули, кога на табелата имаше четири возачи со ист број на бодови на првата позиција, Хамилтон беше втора опција на букмејкерите (3,75), додека најсигурен избор беше Раиконен со рејтинг од 2,6. Откако победи на Силверстоун и Хокенхајм, а Маса киксираше во Унгарија, 22-годишниот возач на Мекларен се издвои и кај обложувалниците како фаворит во кој се верува, па сега неговиот рејтинг е 1,77 наспроти Кими со 3,55 и Маса со 7,0. Интересно, за победата на Ковалаинен во Унгарија се нуделе дури и 170:1 во обложувалниците каде што се примаат кладби во текот на трката, односно по вториот пит стоп на Маса кога Бразилецот повторно излезе како лидер.
|
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Август.2008 во 14:11 |
ФОРМУЛА 1 - ОТКАКО ЈА ЗАГУБИ ПОБЕДАТА ВО УНГАРИЈА НА ТРИ КРУГА ПРЕД КРАЈОТ
Маса знае дека Ферари не смее да си дозволи нови грешки
Фелипе Маса вели дека Ферари не смеат да си дозволат да "фрлат" поени како на Унгарското ГП. Бразилецот ја имаше можеби неговата најдобра трка во формула 1, кога на три круга пред крајот страдаше од откажување на моторот кое му ја одзеде сигурната победа во Хунгароринг. Фрустрираниот Маса признава дека не му се верувало.
"Не сакам да го заборавам Унгарското ГП бидејќи на некој начин тоа беше една од најдобрите трки кои сум ги имал во формула 1, но не заврши како што требаше со победа. Вистинска штета бидејќи мислам дека ја заслуживме победата - со совршена трка во вистински момент во шампионатот. Кога откажа моторот имав чудно чувство. Како да бев во кошмар и сакав да се разбудам, но не можев. Неверојатно разочарување. Овој спорт навистина знае да биде суров", вели Маса.
И покрај откажувањето Маса е на само 8 поени зад лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон во Мекларен и вели дека останува смирен, но дека Ферари не смеат да продолжат со грешките.
"Гледајќи на генералниот пласман, можам да бидам смирен бидејќи не победи ниту Луис, но не смееме да фрламе поени вака. Загубивме 10 поени, но барем покажавме дека сме силни. Работевме напорно на болидот, но мораме да решиме некои проблеми - да бидеме конк*рентни како во Будимпешта, но да бидеме и стабилни. Одредени грешки не смееме да ги повториме - немаме веќе изговори", предупредува Маса.
Неговиот тимски колега, Кими Раиконен беше трет на трката во Унгарија, и сега признава дека е добро време за мал одмор пред уличната трка во Валенсија за три недели.
"Кратката пауза доаѓа во вистинско време. Мораме да ги наполниме батериите по шест месеци напорна работа за да бидеме подготвени за последните трки од сезоната. Ситуацијата во шампионатот не е толку лоша како што изгледа", вели Финецот.
Името Вилијамс останува во формула 1
Сер Френк Вилијамс, еден од последните вистински "приватници" во формула 1, вели дека нема план да го продава тимот. Неговиот ривал Рон Денис од тимот на Мекларен продаде голем дел од своите акции на Мерцедес-Бенц и на бизниси од Бахреин, додека повеќето од формула 1 тимови се предводени или од производители на автомобили или од милијардери. И покрај слабата форма во последно време на Вилијамс, сер Френк вели дека нема планови да си замине.
"Во следните неколку години сигурно нема да продаваме", вели Вилијамс.
Шпекулациите велеа дека по одличното партнерство со исландската инвестициска групација Баугур, Вилијамс е подготвен да го предаде тимот.
"Јас и ко-основачот Патрик Хед не стануваме помлади, но нема да продаваме уште акции. Името Вилијамс останува во формула 1.
66-годишниот Англичанец ја отфрли можноста неговиот син Џонатан, кој е вклучен во еден ГП2 тим да го замени него на чело на компанијата бидејќи "Џонатан е премногу добар за Ф1".
Ф1 ФЛЕШ
Поранешниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер ќе се врати во акција со Ферари на групниот тест во Монца овој месец, објавија германските медиуми. "Мислам дека присуството на Михаел во Ферари е комплимент за нас. Добро е да си на иста патека со него", вели лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон.
Себастиен Бурде вели дека не гледа крај на проблемите кои ги искусува зад воланот на новиот болид на Торо Росо. Французинот, кој е четирикратен Чемп Кар шампион од воведувањето на СТР3, се мачи да ја стигне брзината на неговиот помлад колега Себастијан Фетел. "Не се чувствувам добро со овој болид. Нема техничко решение бидејќи се работи за карактеристика на болидот која едноставно не ми одговара", вели 29-годишниот Бурде.
Претседателот на Тојота, Џон Хаует, вели дека неговиот тим конечно ги добива работите кои ги заслужува. Тојота импресионираа на последните трки, а Тимо Глок стигна до второто место во Хунгароринг, а Јарно Трули до третото во Франција, со што тимот се искачи на четвртото место во генерален пласман пред Рено и Ред Бул. "Имавме силен старт на 2005 бидејќи ја жртвувавме 2004 поради промените на правилата. Лани имавме подобра сезона отколку што покажуваа резултатите, но сега сите знаат дека имаме добар тим. Следната година е голем предизвик и голем ризик", вели Хаует.
|
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Август.2008 во 17:14 |
ФОРМУЛА 1 - ДАЛИ ФОРМУЛА 1 СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИЗГЛЕДА ПОИНАКУ?
Денис, сепак, останува во Ф1, Кими доби рели понуда!
Шефот на Мекларен, Рон Денис, во интервју за германскиот Ауто Мотор
Унд Спорт "потајно" најави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната
ако еден од неговите возачи оваа година ја освои светската титула. Луис
Хамилтон води во генерален пласман со 5 поени предност пред шампионот
Кими Раиконен од Ферари, додека вториот возач Хеики Ковалаинен има 24
поени помалку на седум трки од крајот. 61-годишниот Денис нема титула
со Мекларен речиси цела деценија.
"Ако си заминам тогаш би сакал да си одам со титула", вели Британецот.
Магазинот
тврди дека Денис, кој почна да работи како механичар во формула 1 како
тинејџер во 1960-тите години сака да ја врати славата на тимот на
Вокинг и не размислува на промените во Ф1 за следната година.
На ова веднаш реагираше портпаролот на Мекларен велејќи дека Денис нема планови да се повлече.
"Тоа
е извлечено од многу стара изјава. Рон неколкупати јасно кажа дека не
направил одлука за тоа дали ќе се повлече од спортот. Тимот се фокусира
на победите, и тоа се однесува на оваа сезона и на следните сезони",
велат од Мекларен.
КИМИ ДОБИ РЕЛИ ПОНУДА ОД ФОРД
Шефот
на Рели ВРЦ тимот на Форд, Малколм Вилсон, вели дека е подготвен да му
понуди на актуелниот Ф1 шампион Кими Раиконен тест-место за Рели ВРЦ,
но додава дека очекува и британската ѕвезда Луис Хамилтон да дојде во
спортот во иднината. Раиконен неодамна изјави дека би бил заинтересиран
за рели трки по пензионирањето до формула 1, за кое се верува дека ќе
се случи на крајот на 2009.
"Би му понудил тест-место. Тоа ќе
биде голема можност за нас. Задоволен сум што формула 1 возачите сакаат
да возат рели автомобили, како Роберт Кубица и Луис Хамилтон", вели
Вилсон.
Ф1 ФЛЕШ
Рено велат дека ќе
направат истрага околу податоците за влегувањето во боксот на Ферари на
Унгарското ГП бидејќи се сомничави околу тоа како Кими Раиконен го
помина Фернандо Алонсо во трката. Раиконен не можеше да го помине
Алонсо долго време на трката, и на крајот го направи тоа при второто
влегување во боксот. Според шпанските медиуми, Скудерија можеби ги
прекршила правилата за полнење на гориво. "Не знам како го направија
тоа", призна Алонсо.
Себастиен Бурде мора да покаже подобри
перформанси оваа сезона пред да ја обезбеди иднината во тимот на Торо
Росо, вели ко-сопственикот на тимот од Фаенца, Герхард Бергер. Бурде
влезе во Ф1 оваа сезона по целосната доминација во Чемп Кар серијата
каде што освои четири титули по ред. "Тоа што го видовме од него досега
не беше толку лошо. Досега тој имаше период на прилагодување и направи
доволно добри резултати. Но, тој ќе продолжи со нас само ако навистина
го покаже потенцијалот", вели Бергер.
Ханс-Јоаким Штук,
поранешниот Ф1 возач од 70-тите, влезе во пофалби за талентот на Тимо
Глок и коментари кои неговиот предходник во Тојота, Ралф Шумахер нема
да биде задоволен да ги слушне. "Во една реченица - силата на Тимо беше
слабоста на Ралф. Тимо е далеку подобар работник од Ралф. Не се работи
за период од петок до недела, туку тој живее, размислува и сонува
формула 1. Тимо реши да живее во Келн за да биде блиску до тимот", вели
Штук.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |