IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Декорација на нокти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Декорација на нокти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 87>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 09:16
преливане%20ветрило
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 18:10
edge%20nail%20art
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 18:16
edge
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 20:14

Трендовски лакови и стилови за нокти – есен/зима 2011-2012

Бои на лакови

Драматични, гламурозни и префинети се боите на лакови за нокти кои ќе бидат популарни во сезоната што започна. Заборавете ги дречливите воочливи бои и насочете се кон угаснати, длабоки нијанси на сина, зелена, сива, црвена и виолетова за да го надополните вашиот стил со тренди маникир.

Кралско%20синоСериозно%20зеленоГламурозно%20виолетовоВампирско%20црвеноНеутрално%20бежово%20и%20розовоМодерно%20сиво,%20металик,%20светулки
Страна 1 од 6

Кралско сино

Црпете инспирација од џинсот и сафирот за да ги доловите модерните нијанси на сино. И Шанел и Диор лансираа колекции со сини лакови, зацврстувајќи го нивното место меѓу трендовите.

Страна 1 од 6

Должина и облик на ноктите

Долги или кратки? Овален или правоаголен облик? Модерните темни лакови за нокти комбинирајте ги со кратки нокти. „Кога носите силни бои, најдобро е ноктите да ви бидат кратки и со женствена форма“ – објаснува њујоршкиот експерт Џин Сун Џои.

Правоаголниот облик на врвовите на ноктите ќе му отстапи место на овалниот облик, кој нуди многупати поприроден и поженствен изглед.

Тренди стилови

Колоритен%20француски%20маникирКолоритен француски маникир. Тргнете ги настрана лаковите кои ги користите за класичен француски маникир. Земете интересни лакови чии бои се надополнуваат и направете си колоритен француски маникир. На модните писти видовме комбинации на бордо со златно и сафирно сино со златно. На пример, обојте ги ноктите со лак во боја на бургундец, а врвовите на ноктите акцентирајте ги со златен светликав лак. ПолумесечиниПолумесечини. Премачкајте ги ноктите со еден лак, а потоа со друг направете си мал полукруг кај коренот на ноктите.
Еден%20нокот%20поразличен%20од%20другитеЕден нокот поразличен од другите. Лакирајте ги сите нокти со една боја, а само нокотот на домалиот прст со различна боја. Сите%20нокти%20во%20различна%20бојаСите нокти во различна боја. Зачувајте го веселиот дух со интересен маникир во различни бои. Единствено внимавајте нијансите да бидат земјени и неутрални, односно да му прилегаат на шармот на есента и на хармоничен начин да го разбиваат зимското сивило.

 

 



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 08:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:51

Маникир за новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ е една од оние вечери кога секој сака да изгледа најдобро што може. Најчесто женските поминуваат долги часови во подготовки и одделуваат многу повеќе време за својата шминка и фризура.

Но, колку и да е важна фризурата и шминката сите ќе се согласите дека изгледот на рацете, особено на ноктите, не треба да биде на втор план.

Маникирот во домашна атмосфера за некои може да биде мачење, а за други забавен. Не ви е потребна професионална помош ако сакате да имате убав маникир за новогодишната забава. Еве неколку совети за да започнете сами да ги средувате своите нокти.

Основни правила за добар маникир

  1. Отстранете го стариот лак. Ако не употребувате многу силни бои, користете отстранувачи на лак без ацетон. Доколку не можете со нив целосно да го извадите лакот, тогаш насочете се кон ацетон. Најдобро е да употребувате памучни тампони, а не памук.
  2. Оформете ги ноктите. Непотребната должина скратете ја со грицкалка за да бидете попрецизни. Потоа со помош на турпија за нокти измазнете ги острите рабови и дајте им ја крајната форма на ноктите. Заоблените нокти се поелегантни, но „квадратните“ се помодерни. Каква форма сакате да имате е ваш личен избор.
  3. Потопете ги рацете во вода со сапун. Ако премногу се брзате можете да го прескокнете овој чекор, но ако сакате да ги оформувате кутикулите, тогаш најдобро е рацете да покиснат 5 минути во млака вода измешана со вашиот омилен течен сапун. Не користете премногу топла вода, затоа што може да ја исуши кожата на рацете.
  4. Турнете ги кутикулите наназад. И овој чекор може да го прескокнете, но повеќето жени не сакаат кутикулите да им го расипуваат изгледот на ноктите. Земете заоблено дрвено стапче (може стапче од сладолед) и турнете ги кутикулите кон дното на ноктот. Не се препорачува сами да ги сечете кутикулите, но ако мислите дека сте доволно искусни, може и да пробате. Сепак, бидете особено внимателни.
  5. Отстранете ја мртвата кожа. Искористете пилинг за тело или можете да си направите смеса од маслиново масло со сол или шеќер и со неа да ги протриете рацете. Тоа ќе ја отстрани мртвата кожа од рацете и ќе станат нежни на допир и прекрасни на изглед.
  6. Нахранете ја кожата. За кратко масирајте ги рацете со лосион или крем за раце.
  7. Ослободете се од вишокот на лосион или крем. Воопшто не се препорачува да нанесувате лак над мрсни нокти. Затоа, земете салфетка и отстранете го вишокот од продуктот што претходно го нанесовте.
  8. Користете подлога. Пред да се залетате веднаш по лаковите во боја, многу е важно да ставите подлога. Така маникирот ќе трае подолго и ноктите ќе ви бидат заштитени, особено ако користите лакови во силни и темни бои. Ако имате меки и кршливи нокти, најдобро е да користите подлога за зацврстување на ноктите. Доколку во моментот немате подлога, ставете проѕирен лак.
    Сега веќе сте подготвени да започнете со лакот во боја. Дали ќе изберете да имате едноставен маникир во една боја или ќе се насочите кон создавање на уметност, тоа е ваш избор. Ако ги обојувате ноктите во една боја, продолжете со следните два чекори.
  9. Нанесете два слоја лак. Подобро е да ставите два потенки слоја, отколку еден дебел. Професионалците го нанесуваат лакот во три потези, започнувајќи од едната страна на ноктот кон другата, па можете да се обидете и вие да го направите тоа дома. Веднаш бришете ги сите грешки, пред да се засушат.
  10. Оставете го лакот да се исуши. Бидете трпеливи и почекајте пред да започнете со вториот слој или пред да започнете да правите нешто друго со рацете. Сигурно многупати ви се случило да го уништите маникирот со еден необмислен потег со рацете. Затоа, почекајте барем 5 минути да се исуши лакот.

Совет

Ако лаковите во боја веќе направиле штета на вашите нокти и тие сега се пожолтени или со флеки, можете да ги триете со лимон или со паста за заби. Тоа ќе ви помогне да ги избелите.

Новогодишни трендови

Кратки темни нокти

Веќе неколку години по ред, актуелни се кратките добро оформени нокти, премачкани со темен лак или лак со силно изразена боја.

Доколку не сакате да комплицирате и барате едноставен маникир, искористете лак во темносина, бордо, металик, темнокафеава или црна боја. Темносината боја ќе ви даде посебен гламур.

Бојата што ќе ја изберете треба да биде горе-долу усогласена со бојата на облеката, но за новогодишната вечер не сте задолжени да се придржувате кон тоа правило.

Маникир Маникир Маникир Маникир

Обратен француски маникир

Францускиот маникир можете да го направите попразничен и позабавен ако искористите потемни различни бои, наместо страндардните.

Оваа година особено актуелен е т.н. обратен француски маникир. Можете да си направите една или две полумесечинки (на двата краја на ноктите).

За да си го направите овој маникир инспириран од 20-тите години, следете ги следните чекори:

  1. Премачкајте ги ноктите со бледо розова или бела боја (всушност можете да користите какви бои што сакате, но овие се најупотребувани). Почекајте целосно да се исушат.
  2. Со мала лента покријте го местото во долниот дел на ноктите, кое сакате да ја претставува полумесечинката.
  3. Со два слоја лак премачкајте ги ноктите. Можете да изберете црна, бордо, темносина или темнокафеава боја.
  4. Откако ќе бидете сигурни дека лакот е исушен, тргнете ги лентите внимателно.
  5. Премачкајте ги ноктите со еден слој проѕирен лак за подобар сјај.
Маникир Маникир Маникир Маникир

Совети

  • Ако сте доволно вешти нема да ви биде потребна лента за оформување на полумесечинките.
  • Доколку се одлучите за црна боја, за да не биде контрастот многу голем, наместо бела искористете кремова боја.

Маникир Louboutin

Доста интересен маникир е т.н. Louboutin, инспириран од познатите чевли кои секоја жена посакува да ги има.

За да направите маникир од ваков тип, премачкајте ги ноктите со црн лак, а внатрешноста на ноктите (од другата страна) обојте ја со црвен (третата фотографија во горните слики).

За крај...

Се разбира, ова се само дел од сите интересни маникири кои можете да си ги направите.

Доколку располагате со повеќе слободно време и сте доволно прецизни и вешти, можете да направите на вашите нокти вистинско уметничко дело. Само внимавајте да не претерувате. Иако е Нова Година, паралелно со уникатноста, потребно е да покажете вкус и стил.

Маникир Маникир Маникир Маникир
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:52

Откачени маникири на изложба за нокти

Интересен%20маникир

Јапонките се манијачки кога станува збор за своите нокти. Таканаречената уметност на ноктите е толку популарна, што во Токио секоја година се одржува изложба на различни откачени маникири.

Оваа година изложбата отвори врати за посетителите вчера и се очекува да привлече над 50 000 гости.

Погледнете дел од неверојатните и несекојдневни идеи за украсување на нокти, кои беа дел од несекојдневната изложба.

Галерија

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 00:15
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2011 во 21:31
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 06:14
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 06:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 06:50
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:35
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 05:38
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 87>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.