|
Поучни случки |
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BOZJA PROMISLA Rabinot Akiba ziveel spored sloganot: Se' sto pravi BOG e dobro. Se slucilo ednas rabinot da dopatuva vo nekoe selo. Patuval so magare, a so sebe nosel samo eden petel i edna lamba. Bidejki stignal kasno, se' bilo zatvoreno i taka ne mozel da najde soba za da prenokji. Zaradi toa, moral da spie pod vedro nebo. No, preku nokjta se slucile nekoi nepredvideni raboti: magareto mu go raskinalo lav , petelot bil izeden od diva macka , a lambata mu ja izgasil silen veter. Kako i sekogas, rabinot utroto si rekol : Se sto pravi BOG e dobro i ova mora da e Bozja promisla. Utroto navistina pokazalo deka bil vo pravo. Seloto bilo napadnato od razbojnici, povekjeto od zitelite bile ubieni, a nekoi zapleneti kako zarobenici. Navistina imal srekja sto prenokjeval pod vedro nebo. I kolku samo lesno mozelo da go izdade rikanjeto na magareto, kuk*rikanjeto na petelot ili svetloto na lambata. Изменето од KINGDAVID - 02.Јули.2011 во 09:24 |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KAKO DA SE MOLIME ? Eden covek odel na Crkva, za da bide blizu do svojot Bog. Samiot sebesi se narekuval vernik. So svojot nastap vo Crkvata, go privlekuval vnimanieto na drugite vernici. Toj stoel vo Crkvata i Go slavel BOG so rasireni race. So svoite pesni go izdignuval BOG kako pobednik nad site neprijateli. Toj se cuvstvuval blizu do Sevisniot, no vo negovite molitvi se pojavuval cesto zborot " jas " . Angelite bile zagrizeni za ovoj covek i si sepkale:" Koga samo bi go upotrebuval pomalku zborot " jas" ! No, covekot prodolzil da se moli, velejki : " Ti blagodaram Boze, sto jas sum blizok so Tebe.Jas ne sum razbojnik, nitu pak zatajuvam danok. Jas ne primam socijalna pomos, tuku jas cesno zarabotuvam. Jas dvapati nedelno postam i jadam samo malku ovosje i luk. Zatoa jas sum pozdrav od drugite lugje. Od moite primanja, jas davam okolu desetina za dobrotvorni celi i jas ne zemam kredit. Jas sum milostiv i jas sum dobar covek !" Za vremeto na negovata molitva angelite si gi pokrile svoite usi i rekle: " Sega vekje po desetti pat rece jas " ! Angelot Gavril predlozil : "Ovaa molitva nema da ja preneseme do BOG." Eden siromav, isto taka stoel vo crkvata i ja imal samo svojata vnatresna beda. Se setil na nekoi raboti od svojot i edvaj mozel da sepne : " Boze, Tvojata ljubov mi e edinstveniot spas. Pogledni ja mojata beda i smiluvaj mi se mene gresniot ! " Angelite bile soglasni : "Ovaa molitva mora da ja preneseme do Sevisniot BOG." Изменето од KINGDAVID - 02.Август.2011 во 22:30 |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За Јован Кукузел Во големиот град Лирахија имало едно момче, по име Јован, кое немало татко; мајка му, бидејќи била благочестива жена, го дала на учење. Тоа за кратко време научило многу и поради неговиот убав глас, го нарекле ангелогласен.
Во тоа време царот барал добар певец и го нашле Јована, па го дале да учи музика за да стане добар певец. Тој за кусо време ги надминал сите свои соученици, поради што царот сакал да го ожени за некоја богата девојка. Но Јован кога видел дека сите се однесуваат со почит кон него поради царот, а и заради неговиот милозвучен глас, многу се уплашил да не падне во гордост, па да се оддалечи од Бога. Поради тоа барал погодна прилика да ја напушти таа средина. Тогаш се случило во царскиот дворец да дојде игуменот на светогорскиот манастир „Велика Лавра" по некаква работа, па откако ја свршил, си отишол во манастирот. Јован кога го видел ангелскиот живот на игуменот, ја оставил славата и почестите, ја соблекол раскошната дворска облека и си ставил козинена, па зел во раката еден стап и отишол во Света Гора во манастирот „Лавра". Таму кога го видел вратарот на манастирот, го прашал од каде доаѓа и дали има некаков занает? Тој му рекол дека дома бил овчар и доаѓа овде да се замонаши. Вратарот му го кажал тоа на игуменот, кој многу се израдувал, бидејќи немал козар; го примиле и по малку време го замонашиле, па го испратиле во гората да ги пасе козите. Јован сакал да живее во тишина, па со радост ја прифатил таа работа и отишол со козите во гората, каде што непрестајно Му се молел на Бога и пеел духовни песни. Царот многу се натажил поради неговото одење, па испратил луѓе да го бараат насекаде. Кога дошле во Света Гора, го виделе, но не можеле да го познаат онака облечен во козинена облека. Еден ден, кога ги пасел козите, мислејќи дека никој нема да го виде и чуе, почнал да пее духовни песни. Меѓутоа, во близината имало пештера во која живеел еден испосник. Кога го чул тоа слатко пеење, зачуден излегол од пештерата, го видел пастирот кој пеел така убаво, а козите не паселе, но зачудени стоеле и гледале во него и се насладувале од неговиот ангелски глас. Кога го видел тоа испосникот, отишол во манастирот и му кажал на игуменот. Тој испратил да го повикаат и му рекол: „Те заколнувам во живиот Бог да ми кажеш, ти ли си Јован Кукузел, кого царот толку многу го бара?" А тој му се поклонил на игуменот и со плачење го молел, велејќи: „Јас сум грешен и недостоен слуга, Ваше Преподобие, но молам заради Бога, оставете ме да ги пасам козите и да не разбере царот дека сум тука оти ќе ме земе од ова спасително место". Тогаш игуменот му рекол: „Не грижи се за тоа, чедо мое, но само слушај што ќе ти речам: биди во една ќелија, што ќе ти ја дадеме во манастирот, а јас ќе отидам ќај царот да го молам да те остави". И така, игуменот отишол кај царот, паднал на колена и му рекол: „Честити царе! Те молам да ослободиш еден човек заради неговото спасение". Царот прашал кој е тој човек, а игуменот одговорил: „Дури не ми дадеш написмено дека си го ослободил, нема да ти кажам кој е". Тој се согласил и му дал писмо за ослободување. Тогаш игуменот подробно му раскажал за Јована. Царот кога го чул тоа, од жалост се расплакал, но потоа се зарадувал, при помислата дека Јован напуштил толкава световна слава и отишол да си ја спасува душата. Потоа игуменот го поучил и го утешил царот, па се вратил во манастирот и им раскажал на браќата за тој случај. Блажениот Јован се ослободил од царевиот страв и Му слугувал на небесниот Цар. Потоа зел благослов од игуменот и во манастирот си направил мала црква и ќелија, посветена на светите ангели, каде што поминувал шест дена во седмицата, а во неделите и во празниците стоел на десната певница во соборната црква во манастирот и пеел со голема љубов и умиление. Еднаш, во сабота, кога пеел акатистни песни на света Богородица, од умор задремал и ја видел пресвета Богородица, која му рекла: „Радувај се, Мое чедо, Јоване! Ти ми пееш и јас нема да те оставам". Тоа го кажала и му дала една жолтица. Кога се разбудил Јован, жолтицата му била во раката и тогаш со солзи и благодарил на Мајката Божја и оттогаш почнал повеќе да пее и да Го слави Бога. Од долгото стоење на нозе, едната нога му отекла, загноила и испуштала тешка миризба. Но добриот небесен Лекар го излекувал, како и свети Јован Дамаскин. Му се јавила света Богородица и му рекла: „Отсега биди здрав". Во тој час потполно оздравел и и благодарел на пресвета Богородица и до крајот на животот бил здрав. Амин. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали сте вие Бог? Една студена зимска вечер, за време на Божиќните празници, дете од шест или седум години стоело пред излогот пред еден дуќан. Немал чевли, а облеката му била сосема испокината. Една млада жена, која отука поминувала, приметила радозналост во очите на детето. Таа му купила нови чевли и топла облека. Жената му рекла на детето: ,,Сега можеш да се вратиш дома и нека тие среќен празникот,, . Детето ја погледнала жената и ја запрашала: ,,Дали сте вие Бог?,, Таа му се насмевнала и одговорила: ,,Не синко, јас сум само една од неговите деца.,, Детето на тоа одговорило:,,Знаев дека сте во некоја роднинска врска.,, Изменето од Blagoj_s - 12.Октомври.2011 во 10:41 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАЕМ“ НА ГОСПОД „Кој подарува на сиромавиот, му позајмува на Господ“. Изреки Соломонови 19:17. Дали Господ некогаш ти побарал „заем“? Ако те чуди ова прашање, можеби досега не си ја сфатил пораката што се крие во денешниот текст. (Прочитај го внимателно текстот во својата Библија.) Потребите на сиромасите, всушност, се директен повик од Господ за заем, што Тој ветува дека ќе го врати. Еден татко му дал на својот син една мала сума пари и му рекол да ја потроши како што сака. Подоцна, кога го прашал си-нот што направил со парите, тој рекол дека му ги дал некому на-заем. „Сигурен ли си дека ќе ти ги врати парите?“ – прашал тат-кото. – „Да, му ги дадов на човек кој беше многу гладен!“ –„Колку неразумно! Никогаш нема да ти бидат вратени!“ – рекол таткото. – „Но, тато, во саботното училиште учевме дека ако даваме на сиромасите, всушност, Му даваме на заем на Бога“. –рекол синот. Таткото, кој бил христијанин, не знаел како да му одговори. Потоа, потсетувајќи се на текстот од Изреки Соломонови 19:17, ја сфатил едноставноста и чистотата на верата кај својот син. Бркнал во џебот и рекол: „Сине, еве ти исто толку пари колку што си дал“. – „Види, види – рекло детето – знаев дека пак ќе ми бидат вратени, само не мислев дека тоа ќе се случи толку брзо!“ Во Јаков 2 читаме дека е грев да не му помогнеш на човек кој е сиромашен. Вистинската вера се покажува преку добри дела. Господ ќе им оддаде признание на тие кои даваат за сиромашните. Неговото враќање, можеби, нема секогаш да биде финансиско. Но, можеме слободно да се потпреме на ветувањето: „Фрли го својот леб врз водата: ќе го најдеш после долго време.“ (Проповедник 11:1). Давањето на заем на Бог е најсигурно од сите зајму-вања. „КОЈ СКРЖАВО СЕЕ, СКРЖАВО И ЌЕ ЖНЕЕ“. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филџан млеко (вистинска приказна) Еден ден сиромашното момче Ховард Кели, одејќи од врата до врата, ја продавал својата стока за да може да ја плати својата школарина. Во својата торба имал само 10 центи а бил мошне гладен! Затоа одлучил од следната фа-милија да побара нешто за јадење. Кога тропнал на врата-та се појавила една госпоѓа, момчето толку се збунило што наместо да побара храна, тој побарал една чаша вода. Же-ната приметила дека момчето е мошне гладен, па наместо вода таа му донела еден филџан млеко. Момчето полека млекото го испил и потоа ја запра-шал госпоѓата:,,Колку пари должам?,, „Не должиш ништо“, одговорила таа. “Мојата мајка ме учеше да не барам ништо што с дава на браќата од љубов.„ –„Тогаш од срце ви благодарам.„ Кога Ховард Кели излегол од куќата, не само што се чуствувал јак, туку почуствувал дека во него се по-вратила самодовербата и верата во луѓето. Поминало пов-еќе години и таа жена тешко се разболела. Локалните ле-кари биле збунети со нејзината болест. Па затоа одлучиле да ја испратат во главниот град. Го повикале познатиот д-р Ховард Кели за итен совет. Кога слушнал за името и место-тот од каде доаѓа пациенткињата, необично чуство го исполнило неговото срце. Веднаш отишол во собата на пациенткињата и ведн-аш ја препознал старата госпоѓа. Очите му се наполниле со солзи. Одлучил да стори се што може како би и го спасил животот. Од тој миг неговата грижа била оваа жена, сите наредни денови ги посветил во барање на соодветен лек за оваа страшна болест што ја погодила оваа госпоѓа. По-сле долга борба жената потполно оздравела! Кога жената била веќе надвор од животна опасност, д-р Кели ја платил целата сметка за лекување на таа жена. На дното на смет-ката докторот напишал една напомена, и замолил пликот да и го дадат на жената. Госпоѓата кога го добила пликот се плашела да го отвори, бидејќи мислела дека не ќе може да ја плати сметката .Конечно одлучила и го отворила пли-кот. На дното од сметката пишувало: „Платено пред повеќе години со еден филџан млеко!“ |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PRIKAZNA ZA AVTOMOBILITE
Dvajca prijateli odele niz parkingot . Edniot od niv veruval vo BOG i vo sozdavanjeto, a drugiot vo evolucija. Evolucionistot go prasal prijatelot: " Kolku ti e ubav noviot avtomobil ! Od kade go kupi ? " Prijatelot mu odgovoril : " Znaes, otidov eden den vo svojata garaza i vidov kako ima edna lokva od nafta. Ja ostaviv tamu. Posle nekolku nedeli od nea pocna poleka da stanuva Wolksfagen buba. Pocnav da ja vozam nekolku dena , no taa poleka pocna da se pretvora vo Punto i na krajot konecno se razvi vo Honda ! " Evoluicionistot rekol :" Prestani da se seguvas so mene ! Te prasuvam najseriozno od kade ja kupi ! " Prijatelot mu odgovoril : " Prijatele , ti ne veruvas deka mojot avtomobil se razvil od lokva so nafta, bidejki, koga ke vidis avtomobil koj e izgraden po plan i so rabotni sistemi znaes deka zad seto toa stoi nekoj koj toj avtomobil go napravil . Samiot fakt deka site avtomobili imaat trkala, svetla i brisaci ne znaci deka tie nastanale eden od drug. Ford ne evoluiral od Sevrolet, nitu pak ovoj od Krajsler. Tie imaat nekoi zaednicki osobini bidejki postojat i deluvaat vo slicni okolnosti. Na ist nacin postojat slicnosti pomegju lugjeto, majmunite i nekoi drugi sustestva, no toa ne znaci deka evoluirale edni od drugi . " |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво прекрасна приказна.Ем шеговита,ем поучна.
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MNOGU POUCNA...ZAVISI OD CITACOT
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГОЛЕМО ЧУДО НА МАЈКАТА БОЖЈА
Декември 2004 година, Саудио-арабиец, муслиман, се појави пред неколку новинарски агенции, за да ја раскаже следнава неверојатна приказна, која ја доживеал и која го променила неговиот живот (Оваа приказна е пренесена преку ТВ и радио-станици, интернет и е раширена преку сите медиуми ширум цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и се разбира, во сите соседни држави. Пред неколку години овој човек се оженил со многу богата муслиманка, но неплодна. Како што минувале годините, и покрај сите нивни напори и големи медицински трошоци (со многу лекари), тие останале бездетни. Неговите родители го советувале да се ожени со друга жена (бидејќи локалниот закон дозволувал четири брака). Иако изморен од сè, загрижен и скршен тој не го прифатил родителскиот совет, туку со својата жена, отпатувал на одмор во Сирија. Таму изнајмиле автомобил со возач кој воедно бил и водач по местата кои планирале да ги посетат. Како што одминувал одморот, возачот забележал дека парот е полн со горчина, страдање и жалост. Зближувајќи се со нив, тој плашливо ги прашал зошто изгледаат така потиштено – да не е тоа, затоа што се незадоволни од неговата услуга? Парот му се доверил на возачот, дека причина за нивната тага е тоа што не можат да имаат деца. Тогаш возачот им рекол, кој исто така бил муслиман, дека во Сирија православните христијани, имаат манастир на Пресвета Богородица и многу луѓе кои немаат деца наоѓаат прибежиште кај Нејзината чудотворна икона. Тие одат во манастирот и добиваат масло од кандилото кое гори пред чудотворната икона. А потоа „Марија“ им дава на христијаните според нивната вера, сè што тие сакаат. Очигледно возбудени Саудио-арабиецот и неговата жена го замолиле возачот да ги однесе во манастирот „Владичица на христијаните“ во Сајданај и му ветиле: „Ако добиеме дете, потоа ќе се вратиме овде и ќе ти дадеме тебе 20.000 долари, а на манастирот 80.000 долари. Тие отишле во манастирот и направиле како што им било кажано. Подоцна, се вратиле во својата татковина и по некое време, жената останала бремена. Неколку месеци подоцна таа родила прекрасно момче. Тоа е вистинско чудо на нашата Владичица Богородица! Набрзо, бидејќи неговата сопруга се породила, Саудио-арабиецот се вратил во Сирија за да го исполни ветувањето кое го дал. По неговото доаѓање тој му се јавил на истиот возач и го замолил да се најдат на аеродромот во Дамаск. Но, возачот, лукав и расипан, убедил двајца свои пријатели да дојдат со него на аеродромот, да го пречекаат богатиот Саудио-арабиец, да му ги земат парите и да го убијат. Додека го возеле, не знаејќи дека планираат да го убијат, им ветил на пријателите на возачот дека ќе им даде по 10.000 долари. Тие незадоволни од тоа, свртеле од патот кој води до манастирот, отишле на едно пусто место и го убиле Саудио-арабиецот, му ја отсекле главата и ги исекле на парчиња останатите делови од телото (раце и нозе). Заслепени од страв и совладани од ужасниот чин, кој штотуку го извршиле, тие ги ставиле неговите телесни остатоци во багажникот на автомобилот, плашејќи се да ги остават таму. Откако ги зеле неговите пари, часовник, и сè што имал, тие барале уште поосамено место за да го фрлат телото. На главниот пат, среде патување, нивниот автомобил се изгасил. Тројцата мажи излегле да утврдат зошто се изгаснал моторот. Еден поминувач застанал да им помогне, но тие, уплашени да не се открие нивното страшно злосторство, се направиле дека не им треба никаква помош. Поминувачот заминувајќи забележал дека капе крв на задната страна од автомобилот и повикал полиција да провери бидејќи целата таа ситуација, со тројцата мажи, му изгледала многу сомнителна. Пристигнала полицијата и видела крв под автомобилот на патот, и им наредила да го отворат багажникот. Кога го отвориле багажникот, што ќе видат: Саудио-арабиецот излегол надвор, повеќе од очигледно и чудесно, жив и полн со сила и им рекол: „Токму сега, ПРЕСВЕТАТА заврши со шиењето на мојот врат, овде десно (покажувајќи им го местото на своето Адамово јаболко), откако претходно заврши со останатите делови од телото“. Гледајќи го ова, тројцата криминалци веднаш го изгубиле разумот – полуделе. Полицајците ги привеле, а криминалците почнале да пелтечат како е можно Саудио-арабиецот, кого што го убиле, му ја отсекле главата, повторно да биде жив. Саудио-арабиецот дошол на клиника да ги помине испитувањата на лекарите, кои потврдиле и посведочиле дека шевовите кои биле направени се многу совршени и нови, па тоа го потврдило чудесниот настан. Шевовите биле, а и уште се видливи! Кога Саудио-арабиецот излегол од багажникот тој се видел себеси буквално, повторно составен, и тој непрестајно го тврди и исповеда тоа – дека ПРЕСВЕТАТА го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на Нејзиниот Син. Веднаш потоа, ги повикал своите роднини да дојдат во Сирија, и тие отишле заедно во манастирот „Пресвета Сајданајска“ и принеле молитви, пофалби и славословија, и наместо првичниот дар од 80.000 долари (како што ветил), сега дал 800.000 долари на Пресвета Богородица. Денес, кога овој човек зборува во детали за ова огромно чудо, тој ја почнува својата приказна со зборовите: „Кога бев муслиман, ми се случи ова…“ што покажува дека тој веќе не е муслиман, ниту било кој во неговото семејство. Ова чудо го вчудовиди целиот арапско-муслимански свет и целиот Блиски Исток. ОЖИВУВА ГОСПОД НАШИОТ БОГ, И ДАВА СЕКОМУ СПОРЕД НЕГОВАТА ВЕРА! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последното возење Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина. Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив и тропнав. “Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас. Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса. Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети. “Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам. “Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана” “Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот. “Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо. “Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи. “Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува. Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?” Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо. Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”. Возевме во тишина до адресата што ми ја даде. Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша: “Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата. “Ништо” – реков. “Но треба да заработиш за живот” – ме прекори. “Постојат и други патници” – се намевнав. Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто. “Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти. Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот. Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се. Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи! * Вистинита приказна, раскажана од таксистот Kent Nerburn |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистински настан Ова е вистински настан за осмогодишно девојче кое знае-ло дека љубовта може да биде чудна. Нејзиниот мал брат морал да умре поради туморот на мозокот. Родите-лите биле сиромашни, но го заложиле целиот свој имoт се со цел да го спасат. Една вечер таткото и кажал на натажената мјка: „Вака повеќе не може. Мислам дека дојдовме до крајот, него може само чудо да го спаси.“ Девојчето сето тоа го слушало прикриена зад вратата. Потрчала во својата соба, ја скршила својата мала каса и тивко отишла во најблиската аптека,трпеливо чекала, а кога дошла на ред, се издолжила на нејзините прсти и пред аптекарот ги истурила сите ситни пари што ги имала. „Што би ти сакала, душо?“ „Тоа е за мојот брат, господине, многу тешко е болен. Дојдов да купам чудо.“ „Не те разбрав доволно“, рекол аптекарот. „Се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата, тато рече дека е готов, дека може само чудо да го спаси. Јас многу го сакам мојот брат, затоа ги донесов сите пари да купам чудо.“ Аптекарот тажно се насмевнал и рекол: „Но ние не продаваме чуда.“ „Ако немам доволно пари, можам уште да побарам. Колку чини едно чудо?“ Во аптеката се затекнал висок и посебен човек со озбилнио лице кој со интерес го слушал разговорот. Додека аптекарот немоќно ги ширил своите раце, девојчето си ги собирало своите пари. Високиот човек и пришол и ја запрашал: „Зошто плачеш? Што се случило?“ „Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и не сака да ми каже колку чини тоа чудо. Тоа е за мојот брат Андрија, кој е многу тешко болен. Мајка ми вели дека треба да оди на операција, а тато вели дека немаме пари да ја плати операцијата и затоа тој рече дека само може чудо да го спаси брат ми. Јас донесов се што имам.“ „Колку имаш?“ „Еден долар и единаесет центи ... Но знаете“, прозборела тивко, „јас можам да побарам уште...“ Човекот се насмевнал.. „Мис-лам дека нема да треба.Чудото за твојот брат чини точно еден долар и единаесет центи!“ Со едната рака ги собрал ситните пари а со другата рака нежно ја загрлил и ја повеле со себе. „Одведи ме дома кај твоите“, рекол, „сакам да го видам твојот брат и да разговарам со татко ти и мајка ти. Можеби ќе најдеме чудо што им е потребно.“ Девојчето се насмевнало не кажувајќи ништо., таа знаела дека тоа чудо чини еден долар и единаесет центи. Овој човек бил најпознатиот хирург во тоа место. Детето било успешно оперирано. Секако, и љубовта и верата на сестра му на Андрија се засметани во цената... |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МРТОВ ДОКАЗ“ „Умртвете ги своите земни членови, односно пороците... “ (Колос. 3:5) Во Библијата се вели дека христијаните треба да се однесуваат така што ќе покажат „мртви докази“ за својата жива вера. Секојдневно треба да се трудат да ги умртвуваат оние телесни желби и пороци кои го компромитираат името што го носат (христијани). Неодамна се потсетив уште еднаш на тоа дека пороците можат да бидат лоша реклама за Евангелието што го разгласуваме. Патував со еден човек кој веднаш ме праша каква е мојата животна филозофија. Му реков дека јас сум христијанин. На тоа и тој се пофали дека и самиот е христијанин, па дури ми цитираше некои стихови од Библијата. Меѓутоа, проблемот беше во тоа што тој мој сопатник беше мртов пијан! Тоа зборуваше гласно, па можеа да го чујат сите, се изјаснуваше дека е христијанин, ме натера само да се срамам пред луѓето наоколу. Неговото однесување и мирисот на алкохол што се ширеше од целото негово тело, беше најдобрата антиреклама за христијанството. Колку често веродостојноста на христијанството е доведена во прашање поради нашето неуредно живеење и однесување! Немаме право да очекуваме од луѓето да веруваат во пораката што ја разгласуваме, ако со своето однесување ја компромитираме. Секој христијанин треба да се заложи да живее во сообразност со тоа што го проповеда. И да ја користи силата на Светиот Дух која му е ставена на располагање не за сензации, туку за умртвување на своите несвети пороци. Само со такви „мртви докази“ се потврдува живата вера. „ЧОВЕК КОЈ ДАВА ДОБАР СОВЕТ, А ЛОШ ПРИМЕР, Е ИЗГУБАНА ИНВЕСТИЦИЈА!“ |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЈАТА НОВА КУЌА „Животот на човекот не зависи од изобилието на неговиот имот“ Лука 12:15.Тајната на задоволството е да бидеш задоволен таму каде што си и со тоа што го имаш. Самото богатство никогаш не носи среќа. Јаков вели дека Бог „ги избра сиромасите од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството“ (Јаков 2:5). Павле бил среќен човек, бидејќи научил да биде задоволен од сè (Фил. 4:11). Тој, натаму вели: „Голема печалба е да биде човек благочестив и задоволен...“ (1Тим. 6:6). Тој не барал многу, зашто вели: „Кога имаме храна и обле-ка, со тоа да бидеме задоволни“ (1Тим. 6:8). Натаму, во Библијата се вели: „Бидете задоволни со она што го имате“ (Евр. 13:5). Еден свештеник минувал низ сиромашно црнечко предградие и на покривот на една шупа, во која, очигледно, живеело некое семејство, го забележал домакинот како ја чита Библијата. Го прашал која книга ја чита, на што старецот му одговорил: „Добрата книга!“ А на прашањето што чита од „Добрата книга“, старецот одговорил: „Читам за новата куќа што се гради за мене и моето семејство, горе на небото. Господине тоа ќе биде куќа, вистинска куќа!“ Како да сакал да каже дека не се грижи што уште малку време ќе живее во шупа, наскоро го очекува небесна палата во Божјиот Дворец. На лицето на старецот се огледувало задоволство и среќа. Свештеникот раскажува како си заминал засрамен, но и благодарен за оваа необична проповед за задоволство и во најголема сиромаштија. „НЕЗАДОВОЛСТВОТО НЕ ДОАЃА ЗАТОА ШТО МНОГУ НИ ТРЕБА, ТУКУ ЗАТОА ШТО МНОГУ БАРАМЕ“. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |