IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 217218219220221 256>
Автор
Порака
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 13:57
Па луѓе се знае кој го продаде името,тоа беше Киро Глигоров во 1993 год.Сега тој не остави ние да преговараме,а ако се секавате привремената референца беше за употреба само 2 месеци.Јас ке предложам преговорите под итно да прекинат бидејки тоа име го имаме уште пред милион години.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 15:20
Се мобилизираат сите актери за притисок за името
     
Не само странците, туку и невладиниот сектор, дел поранешни претседатели и премиери, албанскиот политички блок и дел медиуми во периодов вршат силен притисок врз Владата да се реши спорот за името до декември


     
     
„Грчката шлаканица од Бук*решт да не ни се повтори во ЕУ.“

„Без решение за името ќе пропуштиме златна шанса.“

„Албанците со и без Македонија ќе влезат во НАТО и ЕУ.“

„Времето за решавање на спорот за името не се мери со секунди, туку со стотинки.“

„Македонија нема маневарски простор за името.“

Ваквите изјави дадени од страна на поранешни високи политичари, невладиниот сектор и албанскиот политички блок покажуваат дека се мобилизираат сите фактори за да се изврши притисок врз Владата за да се реши спорот со Грција до Самитот на министри на ЕУ во декември. Притисокот од евродипломатите што без ракавици бараат од земјава да се реши долгогодишниот спор за да се избегне грчкото вето во ЕУ, е засилен од страна на невладините организации, дел од поранешните претседатели и премиери, партиите на Албанците, опозицијата и медиумите.

Аналитичарите објаснуваат дека меѓународната заедница со помош на овие „фактори“ се обидува да изврши крупен притисок со цел да се реши името.

Љубчо Георгиевски, Киро Глигоров и Васил Тупурковски се дел од екс политичарите што се јавија во јавноста со свој став за спорот со Грција. Поранешниот претседател Глигоров во интервју за грчкиот весник „Прото тема“ неодамна изјави оти за него е смешно што некои македонски историчари тврдат дека овде сме доселени 2.000 години пред Александар Македонски. Глигоров во интервјуто вели дека и двете земји треба да направат отстапки за да се реши спорот. Професорот Тупурковски, пак, деновиве порача дека Македонија нема маневарски простор за името. Екс премиерот Георгиевски иронично забележа дека му е жал што левицата прва сфатила дека промената на името е неминовна.

- Со задоволство ќе гледам како истите тие што велеа дека не смее да се смени името, сега ќе тврдат дека тоа не само што не е лошо, туку е и добро - истакна Георгиевски.

Силен притисок за името се чувствува и од ДУИ која и даде рок на Владата до декември да испорача до меѓународниот фактор и до Грција гаранција дека има подготвеност да се реши спорот. Опозицијата и невладиниот сектор се приклучија кон зачестениот притисок од ЕУ да се реши спорот до декември.

Иван Дамјановски, политиколог од Институтот за демократија, смета дека доаѓа момент кога се мобилизираат сите сили за да се изврши притисок со цел да се избегне грчкото вето во Советот на министри.

- Меѓународната заедница гледа поволен момент за ги мобилизира сите фактори со цел да го постигне решение за името затоа што е јасно дека Грција има право да стави вето. И пред Бук*решт имаше притисок зашто беше јасно дека ќе има блокада - вели Дамјановски.

Поранешниот амбасадор во НАТО и професор Нано Ружин објаснува дека постои цела маса на актери што вршат притисок да се фати возот за ЕУ.

- Постои институционален притисок од страна на еврократите и блиските пријатели на Македонија кои сакаат да не дисциплинираат, но и цела маса на актери каде спаѓаат политичари, невладини организации, политичари и интелектуалци кои размислуваат прогресивно и пофлексибилно и препорачуваат дека Груевски треба да попушти за да добиеме членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ - смета Ружин.

Професорот Назми Маличи смета дека притисокот од дипломатите и интелектуалците е позитивен затоа што покажува дека постои интерес за тоа земјата да продолжи напред со евроинтеграциите.




Што се случуваше пред Бук*решт?

Сликата на секојдневен притисок преку препораките да се реши спорот за името што доаѓаа од меѓународната заедница, но и од домашната политичка и стручна јавност можеше да се види и лани пред самитот на НАТО во Бук*решт. Стејт департментот во неколку наврати апелираше да се најде решение за името за да се избегне грчкото вето во Бук*решт. Тогаш, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн порача дека зачленувањето во НАТО е поважно од името на една земја. Непосредно пред Бук*решт, Владата ја потресе напуштањето на владината коалиција од Мендух Тачи со објаснување дека Груевски одбил да ги прифати шесте барања на ДПА, за кои партискиот лидер објасни оти биле услов за влез во НАТО. Тачи тогаш објасни дека со напуштањето на Владата не сакал да им помогне на Грците во спорот околу името.     

Извор : Нова Македонија

Многу добар текст , мислам дека треба да се прочита затоа што најдобро ја отсликува моменталната состојба каде што освен надворешен имаме силен внатрешен притисок...
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 16:51
Нашиве „пријатели“ од запад на секој начин се обидуваат да најдат начин да го разделат македонскиот народ. Во оваа средина тоа многу лесно и секогаш успева. Никако нашиов народ да сфати дека е жртва на онаа прастарата поговорка: Divide et impera (Раздели па владеј). А кога ќе се дојде до таа фаза кога внатрешните сили меѓусебно ќе се спротивстават, влетуваат и тие наши „пријатели “ од надвор со додатен притисок. Нормално, резултатот неможе да биде поинаков од -  погубен за Македонија!тага
Најстрашното од се е што и оние нај упорните (нај тврдоглавите!) кога ќе се соочат со вистината за сопствениот народ, губат надеж, губат воља. После едни вакви сценарија и лесно потпаѓање под туѓи влијанија (пропаганди), што може човек да помисли за ваков народ? И навистина, има ли смисла човек кој несака да си го продаде името по никоја цена, има ли смисла таков човек да се бори за некакво достоинство, за некакви возвишени идеали ... за кого да се бори? За вакви луѓе?губитник
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:05
Златник, “западот“ да сакаше да ни стори нешто што ние упорно тврдиме, досега ке го стореше без око да им трепне. Земи го примерот, Србија и Косово. План, сценарио, припрема, акција и буумммм....

Нам ни се даде шанса, проблемот е потписот во ООН кој упорно го повторувам и обврската за наоѓање на решение во спорот со името. Зошто едноставно тој дел го одбегнуваме?

Значи, Македонија се ОБВРЗУВА од ООН (институција која и дава ДЕЈУРЕ на државата за да учествува во сите меѓународни институции како легално правна држава) да изнајде решение. И според меѓународните закони, таа одлука е ОБВРЗУВАЧКА.

Тоа што владите во Македонија вметнаа негативна енергија, обидувајки се да се одбегне од таа обврска е друг проблем а не проблем на западните, источните или која било друга страна! Грција е во подобра позиција во секој случај, и ги користи сите дипломатски пријатели за да си обезбеди што подобра позиција за името. Кој нам ни е крив кога од една страна ги обвинуваме сите западни земји а од друга страна сакаме пријателство со нив, влез во НАТО и ЕЗ, па дури и во платформите на сите политички партии стои дека ке се изборат за влез во тие институции.

Зошто тогаш ги гласа народот ако знаат дека во нивните платформи, партиите се залагаат за влез во “непријателските институции“ насочени кон Република Македонија?

Иронично, нели?

П.С. - Дали ние воопшто имаме пријатели? На крајот ке испадне дека цел свет нас не не сака ако погледнеме дека со ниту еден сосед немаме добро-соседски односи. На западот им се “удвараме“ иако они тоа го знаат. Русија не не рецка поради Србија и Грција. Кој нам ни е пријател? КОНГО?

Изменето од Buggyman - 04.Ноември.2009 во 23:12
Homo homini lupus est...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:13
ПАПУЉАС НЕ ОДОБРУВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ЈАЗИК

Грчкиот претседател, Каролос Папуљас, по средбата со генералниот секретар, Бан Ки Мун во Атина изјавил дека добрососедските односи не се градат преку нерешени проблеми.



Папуљас, прв пат директно прашањето за името го поврзал со јазикот и идентитетот.

Прашањето е многу едноставно, географскиот простор на Македонија од средниот век е мултиетнички. Не е татковина на еден народ.

Грешката на Скопје е во тоа што вели дека има право на целиот географски регион иако државата и нацијата се само дел од него. Тие ја нарекуваат својата земја Македонија, а јазикот македонски и се обидуваат да стават хипотека на цела Македонија. Тоа е целта и на нивната реторика за голема и расцепкана македонска нација. Грција не сака да ја крсти соседната земја, но се противи на обидите за узурпација, рекол Папуљас, повторувајќи ја грчката позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот меѓу Скопје и Атина.


СИТЕЛ

Инаку многу е важно луѓето кои упорно ни наметнуват промена на името да размислат за вистинските намери на Гејовите...

Изменето од kultuzin - 04.Ноември.2009 во 23:16
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:22
“Ако немаше сиромаштија, немаше да има херои“... а кај нас на тони ги има! Ако во минатото идентитетот не беше ниту спомнуван, сега дојде редот јазикот и идентитетот да ни се оспорува.... ова веќе ме разгневува

Има една поговорка и вели вака:

Ако планираш за една година- посади ориз, ако планираш за десет години-посади дрво, ако пак, планираш за сто години- образувај го својот народ!

Homo homini lupus est...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:25
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Нашиве „пријатели“ од запад на секој начин се обидуваат да најдат начин да го разделат македонскиот народ. Во оваа средина тоа многу лесно и секогаш успева. Никако нашиов народ да сфати дека е жртва на онаа прастарата поговорка: Divide et impera (Раздели па владеј). А кога ќе се дојде до таа фаза кога внатрешните сили меѓусебно ќе се спротивстават, влетуваат и тие наши „пријатели “ од надвор со додатен притисок. Нормално, резултатот неможе да биде поинаков од -  погубен за Македонија!тага
Најстрашното од се е што и оние нај упорните (нај тврдоглавите!) кога ќе се соочат со вистината за сопствениот народ, губат надеж, губат воља. После едни вакви сценарија и лесно потпаѓање под туѓи влијанија (пропаганди), што може човек да помисли за ваков народ? И навистина, има ли смисла човек кој несака да си го продаде името по никоја цена, има ли смисла таков човек да се бори за некакво достоинство, за некакви возвишени идеали ... за кого да се бори? За вакви луѓе?губитник



Апсолутно се согласувам со Златник!
Пред секоја важна одлука белосветските емисари се тука да ни ги перат мозоците и да вршат притисок, како тоа не било добро за нас, па како не сме смееле да имаме референдум за ова и за она, иако било демократско право во сите цивилизирани земји, ама ете баш за нас не морало да важи... исто како да ти дојде дома гостин и да ти каже кога смееш да одиш во WC а кога не!губитник

Никогаш нема да го заборавам оној британскиот пробисвет кој со пластичниот часовник ни вртеше стрелки де напред, де назад, демек да ни покажел каде ни била иднината а каде минатото, како на некои нецивилизирани мајмуни... беше тоа пред референдумот за територијалната поделба. Кој ли не дојде тогаш во Македонија, и што бидна на крај - референдумот не успеа како што и сакаа, притоа со огромна помош и од домашните “невладини“ на Сорос, и од некои партиски штабови кои со методи на заплашување задржаа огромен процент од народот дома, наместо да излезе на референдумот!

И сега ни се случува истото, по којзнае кој пат.
И како да не се прашува човек дали има смисла борбата за некакво достоинство, за возвишени идеали... кога гледаш дека достоинството во ова општество станало минорна категорија, а на некои им служи и како тема за мајтап?!...


Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:28
Мислам дека треба да го повторам мојот став , дека Македонија треба да излезе од преговорите ...
А вакви изјави како оваа на претседателот на Гејланд е уште една причина повеќе, јасно кажува дека му смета македонскиот народ, македонскиот јазик, а името и така и така , мислам дека повеќе не е потребно...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:29
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

ПАПУЉАС НЕ ОДОБРУВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ЈАЗИК

Грчкиот претседател, Каролос Папуљас, по средбата со генералниот секретар, Бан Ки Мун во Атина изјавил дека добрососедските односи не се градат преку нерешени проблеми.



Папуљас, прв пат директно прашањето за името го поврзал со јазикот и идентитетот.

Прашањето е многу едноставно, географскиот простор на Македонија од средниот век е мултиетнички. Не е татковина на еден народ.

Грешката на Скопје е во тоа што вели дека има право на целиот географски регион иако државата и нацијата се само дел од него. Тие ја нарекуваат својата земја Македонија, а јазикот македонски и се обидуваат да стават хипотека на цела Македонија. Тоа е целта и на нивната реторика за голема и расцепкана македонска нација. Грција не сака да ја крсти соседната земја, но се противи на обидите за узурпација, рекол Папуљас, повторувајќи ја грчката позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот меѓу Скопје и Атина.


СИТЕЛ

Инаку многу е важно луѓето кои упорно ни наметнуват промена на името да размислат за вистинските намери на Гејовите...


Не, туку да размислиме за вистинските намери на поедини групи кој преку политички партии се обидуваат да наметнат култ на надмоќност а впрочем одат на уништување на македонското битие.

Од ова се плашев, промената на името на државата не е исто како допирањето на идентитетот и јазикот. Некој ако тоа не го разбира, и упорно се држи како слепиот за стап, тоа е негов проблем.

Многумина мислат дека на форумот има “луѓе кои упорно ни наметнуват промена на името“, јас би рекол дека има луѓе кој размислуваат многу подалеку без да им каже некој како да размислуваат!
Homo homini lupus est...
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 00:02
Originally posted by real real напиша:

Папуљас не сака да биде кум на Македонија 
 
Нимиц чека на сигнали од Македонија и Грција за да закаже нова рунда преговори – ова денеска го соопшти генералниот секретар на ОН од Атина по средбите со грчкиот државен врв. Бан Ки Мун охрабрува двете страни да ги продолжат преговорите за да се најде решение.

„Се надевам дека специјалниот претставник Метју Нимиц, ќе ја задржи досегашната динамика во разговорите со Поранешната југословенска Република Македонија. Во разговорите со Грција, му реков на Премиерот дека специјалниот претставник стои на располагање за да започнат одново преговорите, што ќе бидат подготени двете страни. Премиерот ми одговори дека Грција е подготвена и целосно ја поддржува координативната улога на мојот специјален претставник, изјави Бан Ки Мун – генерален секретар на ОН.

Во врска со прашањето за името, претседателот Папуљас на генералниот секретар на ОН, му ја повтори грчката позиција - сложено име со географска одредница за сите употреби, и истакна дека проблемот е едноставен.

„Географската област Македонија е мултиетнички регион од средниот век, и не е татковина на еден народ. Ја нарекуваат нивната земја "Македонија" и јазик "македонски", бидејќи преку овие имиња се обидуваат да обезбедат залог од целината Македонија. За да се постигне оваа цел се и реториката за големата поделена македонска татковина. Грција не сака да биде кум на соседната земја. Само се противи на гореспоменатиот обид за узурпација“, изјави Каролос Папуљас – претседател на Грција.

Грчкиот Премиер Папандреу го уверувал генералниот секретар на ОН дека Грција сака решение на спорот.

„Имавме можност да осврнеме и на разговорите за решавање на кипарскиот проблем како и за случувањата во разликите околу името со Поранешната југословенска Република Македонија. Го известив генералниот секретар за последните иницијативи што се преземаат во таа насока, се со цел да се најде решение на промлемот со кипар, но секако и обидите да се реши спорот со името со ФИРОМ, изјави Јоргос Папандреу – претседател на влада на Грција.

Последната средба на медијаторот Нимиц со преговарачите Јолевски и Васликаис беше пред 4 месеци. Се чекаше на изборите во Грција за да биде закажана нова. Но продолжение на преговорите до овој момент нема, а нема и информации – зошто. Пораката на Бан Ки Мун од Атина е двете страни да седнат на заедничка маса што поскоро.

Генералниот секретар на ОН дводневната посета на Атина ја завршува утре. Бан Ки Мун во текот на утрешниот ден ќе го посети Парламентот каде што ќе му биде врачен златен медал за специјалната улога што ја имаат ОН во соработката меѓу земјите и народите. 
 
04.11.2009
 
 
Ovoj saka da kaze deka Makedonija nee tatkovina samo za eden narod tuku za site, normalno e toa site sme tuka i ke bideme tuka. 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 01:49
Хмм, точно, Македонија е мултиетничка држава која ја сочинуваат повеќе етноси.
И како таква, државата пак се идентификува со името Македонија.

Исто како и Грција - држава во која живеат повеќе етноси, иако непризнаени, но по државјанство (или националност) сите се грци.
А државата се вика Грција.
И никој не бара од нив да си го променат името, само затоа што покрај грците таму живеат и други етноси.
Зошто пак тие би барале од нас такво нешто, поткрепено со вакво ступидно “оправдание“?

Ако ми ја сфаќаш поентатанамигнување.... иако Папуљас со изјавата сакаше да каже нешто друго, не ова што ти го потенцираш.

Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 02:31
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Хмм, точно, Македонија е мултиетничка држава која ја сочинуваат повеќе етноси.
И како таква, државата пак се идентификува со името Македонија.

Исто како и Грција - држава во која живеат повеќе етноси, иако непризнаени, но по државјанство (или националност) сите се грци.
А државата се вика Грција.
И никој не бара од нив да си го променат името, само затоа што покрај грците таму живеат и други етноси.
Зошто пак тие би барале од нас такво нешто, поткрепено со вакво ступидно “оправдание“?

Ако ми ја сфаќаш поентатанамигнување.... иако Папуљас со изјавата сакаше да каже нешто друго, не ова што ти го потенцираш.

 
 
tvojata poentata mnogu dobro jas go svakam.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 13:29
kade zastanavme...?
da ne e praznik denes pa politikata ja sjebavme..?
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 13:31
Originally posted by real real напиша:

Хмм, точно, Македонија е мултиетничка држава која ја сочинуваат повеќе етноси.
 
И не само македонија...
Сите наши соседни земји се МУЛТИЕТНИЧКИ..некоја помалку некоја повеќе..но во суштина тоа (нерадо) ..односно не го признаваат.
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 217218219220221 256>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.