IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 58>
Автор
Порака
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2008 во 03:21
Не те љубам, знај, јас тебе, мила,
од онаа вистинската блед си само сјај,
а со мене само таа била,
чии очи се синеат без крај.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2008 во 03:36
Фросина,
Помина многу време од таа топла августовска вечер, 2002 година. Таа вечер не можев да заспијам од возбуда и среќа. Но набргу се` се смени. Испаднав многу наивен и глупав. Секогаш ќе ме јаде совеста. Секогаш ќе се сеќавам на тебе. Има една убава мисла: Оној што ќе се откаже од онаа што најмногу му значи, после ќе трча по оние што најмалку му значат.

Ти се обраќам и тебе, Еми.
Многу време помина од летото 2000 г. Не можам да си објаснав како можев да бидам толку глупав...Прости ми.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2008 во 14:13
мојата душа,.... моментално е еден куп од многу измешани чувства, љубов, нервоза, каење за некои работи,.... индиферентност, и 70% тага..... важно чувствувам нешто,...... тага
Кон врв
Monuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2128
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Monuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 23:09
Не знам како да ти докажам дека не сум добра личност, дека не сум вредна да се трудиш и да се надеваш. Не знам како да те натерам да сфатиш дека секогаш нивната одлука ќе биде посилна од мојата, дека нивната намера ќе биде извршена до крај, дека јас нема да си дозволам да ги разочарам. Да бев родена на друго место, во друго време, можеби ќе бев посилна, можеби немаше нивните зборови секогаш да ме доведуваат до солзи, можеби ќе бев попаметна и ќе те пуштев да си одиш на време. Да, себична сум, таква сум а ти во таква се заљуби. Тие ми велат јас да отворам очи, а всушност ти не знаеш кого галиш секој ден. Лажга, кукавица, лицемерна, сето тоа сум. Крадев минути од денот за да бидам со тебе, измислував лаги за само уште еден момент, бев фина со твоите а ги слушав моите како ги понижуваат. Ми велат дека ми треба нешто повеќе во животот. Која иронија. Ти си тој што не заслужува на некоја како мене да си го троши животот. Да, јас се надевам, дека еден ден ќе дојдеш и ќе ми кажеш дека не ме сакаш, дека си сретнал друга. Тогаш ќе бидам најсреќна. Во сета моја мизерија и тага, во сите солзи и деновите исполнети со каење, јас ќе бидам среќна. Те молам, остави ме, зошто јас немам храброст да го направам тоа.
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2008 во 23:53
Велат мудроста доаѓа со годините, можеби е тоа вистина, но важно ли е?
Велат љубовта избледува со годините, остануваат само спомени, сеќавања на  чувства што ветриштата на времето тивко ги одвеале со себе.
Велат кога повторно ќе ја сретнеш единствената љубов, ќе знаеш...

Те гледав додека стоеше сама во ноќта, не ме прашувај зошто не можев да ти пријдам.
Не ме прашувај зошто не реков ниту збор.
Не ме прашувај зошто не можев да ги вратам сеништата од минатаото, премногу долго се борев со нив.
Не барај премногу од мене, не можам да ја издржам болката.

Не ме прашувај зошто си отидов тивко, јас сум само сенка што се губи во мракот...
Не ме прашувај,
зошто ќе морам да ти кажам...

Те мразам...
Зошто ми ја зема душата...
Зошто сеуште те сонувам  и се будам среќен..
Зошто денот потоа е празен без тебе...
Зошто секој ден потоа е празен без тебе...
Зошто те чекам долго..премногу....
Зошто боли...
Те мразам...

Зошто само тебе можам да те сакам...






Изменето од којсумјас - 20.Мај.2008 во 23:57
Кон врв
darkangel Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај darkangel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 01:52
Лесна песна

Замисли...
сакав да пишувам...
и по трет пат започнувам.
за Недостигањето,
за Осаменоста,
за Тагата,
за Тебе...колку си ми далечен
и за моето срце
бавно и болно чука

и лесна ја нареков
а толку тешко ја чувствувам
уште еден товар, наместо олеснување
уште една солза, наместо насмевка.
Уште еден ден...црно бел
Без боја и глас
Само Тишината...само Тишината и Јас

...ми недостасуваш
Кон врв
butterfly1436 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterfly1436 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2008 во 09:13
Сонувам дека ке те загубам,дека нема повеке да го гледам твојот незаменлив сјај,дека спомените за тебе ке избледеат,дека тајните сто ти ги казав ке ги исфрлис на површина.Залудно талкам покрај брег пуст.Чуствувам неизлецива тага.Но,ти езеро разбранувано засекогаш ке бидеш во мене,засекогас ке бидеш со мене

Изменето од butterfly1436 - 20.Јуни.2008 во 20:11
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2008 во 01:56
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Не знам како да ти докажам дека не сум добра личност, дека не сум вредна да се трудиш и да се надеваш. Не знам како да те натерам да сфатиш дека секогаш нивната одлука ќе биде посилна од мојата, дека нивната намера ќе биде извршена до крај, дека јас нема да си дозволам да ги разочарам. Да бев родена на друго место, во друго време, можеби ќе бев посилна, можеби немаше нивните зборови секогаш да ме доведуваат до солзи, можеби ќе бев попаметна и ќе те пуштев да си одиш на време. Да, себична сум, таква сум а ти во таква се заљуби. Тие ми велат јас да отворам очи, а всушност ти не знаеш кого галиш секој ден. Лажга, кукавица, лицемерна, сето тоа сум. Крадев минути од денот за да бидам со тебе, измислував лаги за само уште еден момент, бев фина со твоите а ги слушав моите како ги понижуваат. Ми велат дека ми треба нешто повеќе во животот. Која иронија. Ти си тој што не заслужува на некоја како мене да си го троши животот. Да, јас се надевам, дека еден ден ќе дојдеш и ќе ми кажеш дека не ме сакаш, дека си сретнал друга. Тогаш ќе бидам најсреќна. Во сета моја мизерија и тага, во сите солзи и деновите исполнети со каење, јас ќе бидам среќна. Те молам, остави ме, зошто јас немам храброст да го направам тоа.


„не пери се со своите мани, или со советите на другите ако не ме сакаш. ми редиш причини, сопки и пердиња за да не те гледам, ми посакуваш подобра од себе - некоја што не си ти и тоа што го сакам во тебе. ме молиш за храброст да си ја отсечам раката, да си го извадам окото, оти така ќе бидам посреќен. дали се слушаш себе си низ вревата на сите други, кога веќе не ме слушаш мене? може ли за миг да останеме насамо јас и ти на средина на празен стадион без навивачи, па да видиме дали можеме заедно да победиме?“

прости, Монушка, што ти се плеткам во приватноста, ама да бев едно машко, така ќе ти одговорев

Кон врв
Monuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2128
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Monuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2008 во 19:50
Сигурна сум дека навистина така би ми одговорил кога би знаел, среќа што овие мисли ме држеа само една дооолга ноќ
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Кон врв
butterfly1436 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterfly1436 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 00:50
Te sakav,no ti toa ne go svati!
Ednas si otide-i pak mi se vrati.
A dali ne treba ti sega da patis??
I ne mislese deka pak ke mi se vratis??
No sega jas ne sakam kaj mene pak
sakam samo da me sakas i da PATIS!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2008 во 19:39
Погледнува сонливо накај сонцето, шепотот ко да е лут го нема. Веќе не знае на што се да мисли, што се да остави и што се да  заборави. Животот чинејќи и се ко една кула од карти, веќе одамна за неа беше нешто сосема друго. Нешто поцврсто исто како кога две раце се држат, а кои  мораат да останат така и покрај сите можности за разделба. Некаде подалеку од неа слушаше некој гласови. Два од нив веќе и беа добро познати, а еден од нив порано и беше многу битен. И пријателството денес знае да биде многу лажно, а вистината околу тоа толку болна.
Иако беше толку рано беше премногу топло. Како сонцето вжарено да изгреало, веќе во 7 часот беше како 12. Кога последен пат почнал ден а да не беше прва мисла тој!?-се прашуваше тивко во себе знаејќи ако навистина бара одговор, ќе ја врати неколку месеци наназад. Веќе не се ни сеќаваше на правиот одговор на тоа прашање. А и сеедно и беше, кога знае дека сепак го има. На овој или оној начин. Живееше за денот кога срцата заедно ќе им бијат, и беше спремна убав дел од својот живот да даде за само еден таков ден. Иако немаше убав дел од животот се надеваше еден ден ке има и таков. Мислите и пролетуваа низ главата со најголема брзина, а само по некој поглед од страна ќе примеше и повторно продолжуваше. Заситена од идеологијата на човекот и цинизмот на овој свет-само љубовта и преостануваше како мамка за иднината...


Изменето од blueprayer - 03.Јуни.2008 во 19:40
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
butterfly1436 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterfly1436 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 00:17
Sama sum...A zosto??Zosto si zamina??Me ostavi vo solzi ama so ljubov vo srceto.Zosto im veruvase na onie sto bea okolu tebe.Poveruva deka se sakam samo sebesi...a jas veruvaj mi,nikogas nema da prestanam da mislam na tebe.Ti si nesto so ne se zaborava,ti si mojata najgolema ljubov.Ti si mojata sreka,mojot zivot.Tolku mnogu posakuvam da si sega do mene Da mi kazes TI SI MI SE najmila moja
Mrak i tisina... ah kade si??
Ke te vidam li nekogas pak??

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2008 во 23:49
Повторно мрак пред очи....болка во срцето, стегач за душата. Дождот не помага многу. Ги соблече сандалите и ги зеде во едната рака а во другата држеше цигара која веќе беше сета мокра од дождот, само едно мало жарче догоруваше полека....како и нејзиното срце што полека но тивко сакаше да угаси некои стари пламени.  На едната, наместо чадор, и висеше марамата која ветерот ја носеше од нејзините рамена, па се откажа од тоа дека треба да е на нејзините раменици. Тиркизно сина со индиска шара на ивиците, а во средината се посина и посина. Како небото да сакаше да го носи на нејзините раменици. Да можеше и тоа да и падне ќе го сносеше. Сиот тој товар кој ја стегаше нејзината душа ретко кога успеваше да и ја одземе насмевката....но ова попладне успеа. И се споија слагалките и и погледна на реалноста во очи без ни малку оптимизам. Се и стана јасно. Немаше крај. Се повеќе работи се натрупуваа и веќе зборот проблем прејде во множина. Не дека не сваќаше несериозно, само се обидуваше да не ја боли тоа. И успеваше...но имаше моменти кога и не и успеваше. Се предаваше зашто знаеше дека некогаш ќе мора и тоа да го направи. Се присети на 2005. Таа проклета година на која едвај и го чекаше крајот и знаеше дека со самото преоѓање во 2006 ќе биде подобро. Мораше да биде подобро. Гледајќи сега наназад и за 2006...не беше многу подобро ама сепак не беше проклета година. Чекореше на изглед мирно, во очите тажно, а во срцето болно.Постоеше ли пат со знак ИЗЛЕЗ за сите овие работи да останат зад неа? Иако се движеше како и многу пред тоа не виде таков знак. Како во место да стоеше. Исти улици, исти блокови, иста средина. Тага. Но ретко кога доаѓаше во израз. Љубов, далеку е небото....
Најбитни 3 полиња во животот. Кон кое и да се свртеше прво ќе речеше-добро е, постојат. Но кога подобро ќе погледнеше секогаш имаше еден огромен мост на огромна висина, целиот изрушен и претежок за поминување. Секогаш беше кристално јасно-ќе биде или нема да биде. Не се знаеше......и сеуште не е на другата страна од мостот.


Изменето од blueprayer - 05.Јуни.2008 во 00:11
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2008 во 00:00
Те бара...лево...десно...на сите страни...а никој нема. Барем еден глас да чуе, да знае на каде да оди. Барем еден чекор да види да знае на каде да оди. Барем еден знак да види....ќе знае каде да оди. Но нема. Само пусто сивило виснало над облаците, се спрема голем дожд. Дожд преполн со тага во себе, како среќата да ја јаде и ја проголтува длабоко зад облаците...Сеуште те бара. Мисли каде си. А тебе те нема...не знае ни кој си ...како постела рано наместена нејзината среќа одамна е предвидена до која граница ќе оди. Како да сака насмевката да ја калеми на тажното лице. И успева. Одамна е така. Само рој од дождови знаат да го попречат тоа....Застана на мократа трева...како и секогаш боса. Чевлите и беа во раце. Така боса се чуствуваше поискрена од се. Како и земјата да сакаше да ја осети, како и тревата да сакаше да знае дека нема што да крие. Срцето и беше кршено...кршено...кршено....лепено..спојувано....и пак знае да љуби, и пак знае да се насмее од срце, и пак знае да направи грешка поради тоа. Веќе беше на лулашките....можеби од страна гледано морбидно, девојка во фустан се лула, но од нејзина страна убаво, таа девојка секогаш си ја полнеше душата на тие лулашки...капки дожд паѓаа по нејзиното лице, се поосамена се чуствуваше...Пееше тивка песна и со косата за момент одмавнуваше....зар немаше кој да и подаде рака? Зар немаше никој до неа? Не, немаше. Не ни имало во брзо време. А со душа чекаше, а секого одбиваше.....
Стана и полека зачекори кон капијата...го гледаше мракот во дворот а само капките дожд на тревата отсјајуваа....утре е нов ден....


Изменето од blueprayer - 07.Јуни.2008 во 00:03
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.