IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кафе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кафе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 25>
Автор
Порака
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 13:45
Кафето не треба да се консумира повеќе од три пати дневно или околу 2дл. Иако лекарите не се согласни кога станува збор за тоа колку кафето е штетно или полезно за здравјето, во последно време доаѓаат интересни докази дека кафето всушност е многу добро за нас, сеедно дали е со кофеин или без. Но, лекарите советуваат денот никогаш да не се започнува со кафе, туку со појадок, со цел да не се уништи желудникот.

п.с. она подвлеченото е жива вистина...на своја кожа го имам осетено...тага


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 13:46
изненадување... вреди ова да се има на ум...

Кафето го исфрла калциумот не само од телесните течности, туку и го мобилизира и од коските. Така што ако пиете многу кафе подгответе се за остеопороза во возрасно доба.
За да ги неутрализирате штетните ефекти, треба на секоја шолја кафе да пиете по две шолји млеко.



NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 20:31
Жени што пијат варено кафе повеќе од четирипати дневно се изложени на помал ризик да бидат погодени од карцином на дојка, во споредба со жените што пијат кафе поретко од еднаш дневно, покажуваат резултатите од една нова студија изготвена на шведскиот универзитет во Умео.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 20:32

Бенефиции од пиењето кафе

Еве дел од начините на коишто кафето може да му помогне на вашето здравје:
  • Го намалува ризикот од рак на уста и грло. Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи 5139 заболени од рак на глава и врат со 9028 луѓе без рак, италијански научници откриле дека 4 или повеќе кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на уста или грло со 39%.
  • Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените. Американско истражување покажало дека пиењето на 4 или повеќе кафиња дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените со 20%. Кај оние пак кои никогаш не пушеле, ризикот се намалува до 43%.
  • Може да го продолжи животот. Големо истражување на Универзитетот во Мадрид и Универзитетот Харвард довело до интересен заклучок – кафето може да го продолжи животот. За да го докажат тоа, научниците анализирале податоци за 84 214 жени и 41 736 мажи. Ниту еден од нив немал рак или срцеви болести на почетокот на истражувањето. Учесниците биле набљудувани подолго време – мажите 18 години, а жените 24 години. Крајните резултати покажале дека кај оние кои пиеле кафе ризикот од смрт бил помал отколку кај оние кои не пиеле кафе. Основна причина за ваквиот резултат бил намалениот број на случаи со срцеви заболувања кај луѓето што консумирале кафе.
  • Го подобрува памтењето. Кафе паузата после лекции помага полесно да ја складирате информацијата што сте ја научиле.
  • Го намалува ризикот од рак на простатата. Истражување во коешто учествувале 50 000 мажи, а кое траело од 1986 до 2006 година, покажало дека мажите кои пијат многу кафе имаат за 60% помал ризик од појава на рак на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражување на одделот на медицинскиот конзорциум Kaiser Permanente во Калифорнија, покажа дека луѓето коишто редовно консумираат кафе имаат помали шанси да бидат примени во болница заради нерегуларен ритам на срцето. Резултатите од едно од најголемите истражувања во оваа област, кое опфаќало 34 514 учесници, покажале дека умерената консумација на кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.
  • Го намалува ризикот од рак на дојка. Истражување на шведскиот универзитет Умеа покажало дека жените коишто пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените коишто пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.

Но, тоа не е сè. Еве уште некои од многуте бенефиции од кафето:

  • го намалува ризикот од заболување со Паркинсонова болест со 80%;
  • 3 кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на дебело црево со 25%;
  • го намалува и ризикот од појава на цироза на џигерот со 80%;
  • помага во справувањето со астма;
  • го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2;
  • ја намалува или елиминира главоболката;
  • го подобрува расположението;
  • го забрзува метаболизмот;
  • ја подобрува концентрацијата;
  • ја спречува појавата на кариес.

Ризици од пиењето кафе

Сепак, пиењето кафе крие и многу ризици, кои најчесто се појавуваат кај луѓе кои консумираат кафе во големи количини. Некои од тие ризици се:

  • Проблеми со спиењето. Кафето ја зголемува будноста и ја зголемува концентрацијата. Затоа, луѓето кои страдаат од инсомнија или имаат проблеми со спиењето треба да се држат понастрана од кафето.
  • Зголемена анксиозност. Консумирањето кафе во големи количини или пак откажувањето од кафе може да предизвикаат зголемување на анксиозноста и раздразливоста.
  • Флеки на забите. Кафето е познат непријател на белите заби. Иако ја намалува појавата на кариес, кафето го забрзува жолтеењето на забите.
  • Полоши симптоми на ПМС. Жените коишто страдаат од предменструален синдром треба да ја избегнуваат консумацијата на кафе, затоа што кафето може да ги влоши симптомите.
  • Намалена плодност. Кафето има негативен ефект врз плодноста. Затоа, жените кои се обидуваат да зачнат треба да го избегнуваат кафето.
  • Зголемен ризик од остеопороза. Иако консумацијата на кафе не е значаен фактор за појавата на остеопороза, сепак го зголемува ризикот. Кофеинот го забрзува исфрлувањето на калциумот преку урината и со тоа ја намалува цврстината на коските. Но, истражувањата покажаа дека ако жените примаат доволно количество калциум, кафето нема да придонесе за развивање на остеопороза.
  • Дехидратација. Кафето има диуретско дејство и го зголемува мокрењето, па може да предизвика дехидратација. Поради тоа се препорачува секоја шолја кафе да биде проследена со пиење на 2 чаши вода.
  • Зголемен холестерол. На многу луѓе коишто го започнуваат денот со кафе, холестеролот е последното нешто што им паѓа на ум. Но, истражувањата покажале дека консумирањето на големо количество кафе (во просек 6 чаши дневно) го зголемува холестеролот.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 20:37
Хит во Македонија - Цртежи на пена од млеко
Ка фе арт е вид уметност, многу популарна во светот. Иако во Скопје е хит само во две-три кафулиња, веќе е добро позната меѓу сите што обо жа ва ат вакви експерименти.
Во нив подеднакво уживаат и гостите и дечките што го шараат кафето. За да излезат цртежите како што треба, потребно им е само ѓезве со топло мле ко, кое го истураат во филџанот полн со кафе, и за 5 секунди об ли ку ва ат некаква слика. Најчесто креираат на капучино, макијато, марочино и на ла те.
"Во секое време од денот, дури и кога кафулето врие од народ, знаеме да ги почестиме гостите со некаков цртеж. Обично ги правиме најлесните, ка ко лист, срце, елка, јаболко, бидејќи се прават брзо. Кога имаме време, цр та ме и пеперутки, јагоди, животни и разни пораки. За да можеме да ги об ли ку ва ме овие слики, бевме на специјална обука во Италија, и засега сме единс тве ни што ја работиме оваа техника, не само во Скопје туку и на Бал ка нот", вели Кире Илиевски, професионален барист и менаџер во "Кафе ди Рома".
da nadopolnime na gore recenoto, ako se misli na ova?

Изменето од *moon* - 07.Август.2010 во 20:37
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 08:10
Од кога се пие кафе?

Англичанецот George Constant Washington, кој живеел во Гватемала, е заслужен за постоењето на инстант кафето, а швајцарската компанија „Нестле“ е... 

...заслужна за неговото денешно производство.  

Еспресо уредот, кој во 1901 го патентирал Luigi Bezzera, создаде уште еден вид на љубители на кафето. Еспресото е напивка направена со пуштање на пареата под притисок низ кафето. Многу е побогато и поконцентрирано од стандардното филтер кафе. Се користи како основа за капучино или лате.

Љубителите на капучиното треба да го запомнат името на италијаните Ахи и Гаги кои го усовршиле уредот за еспресо и овозможиле производство на капучино.

Капучиното е направено од еспресо и еднаква количина загреано или запенете млеко. Топлото млеко се меша со еспресото, а пената се става на врвот. Најчесто се прави комбинација од 1/3 еспресо, 1/3 загреано млеко и 1/3 пена од млекото.

Лате е направено од еспресо и загреано млеко. Соодносот е 1/3 еспресо и 2/3 загреано млеко. 

Макијатото е направено од еспресо со многу малку загреано млеко или пена од млекото додадена на врвот.

Иако вистинските љубители на кафето со сомнеж ќе гледаат на кафето без кофеин, треба да знаете дека тоа се пие уште од 1903 година.

Тогаш, германскиот трговец Лудвиг Руселиус им поклонил на група научници поголема количина оштетени зрна кафе кои не можел да ги продаде. Тие смислиле начин како да го отстранат кофеинот, а притоа да не го уништат изворниот вкус.



Изменето од емил - 28.Октомври.2010 во 08:11
Кон врв
Phantomlord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ThrasheR

Регистриран: 11.Септември.2008
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Phantomlord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2010 во 14:14
Обожавам кафе. Љубител сум на секакво. И со еден филџан кафе одат одлично 2 - 3 цигари
\m/>.<\m/ Thrash' till death \m/>.<\m/
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2010 во 20:18
Originally posted by Phantomlord Phantomlord напиша:

Обожавам кафе. Љубител сум на секакво. И со еден филџан кафе одат одлично 2 - 3 цигари

да
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 20:15

Зошто не треба да се откажете од кафето?

Скоро 25 години медиумите и нутриционистите полемизираат околу еден од најомилените пијалаци на луѓето, кафето. Додека со чајот ситуацијата е малку појасна, експертите тешко ги ускладуваат предупредувањата и препораките за тоа дали да се пие кафе или не. Поради тоа ви донесуваме неколку позитивните страни кои се манифестираат само доколку кафето го консумирате во умерени количини.

Главната особина на кофеинот е стимулирањето на централниот нервен систем. Тоа значи дека кафето благотворно влијание врз интелектуалната активност, но само кога телото е во состојба на замор или здодевност. Пиењето кафе по ручекот придонесува за зголемување на концентрацијата и будноста.

Работниците кои обработуваат ноќна смена полесно работат под влијание на кофеинот кој ги намалува и сообраќајните незгоди во ноќните часови.

Научните докази потврдуваат и позитивно влијание на кафето во спечување на појавата на рак на дебелото црево. Но концентрацијата на кофеин потребна за достигнување на овие предности е еднаква на четири шолји кафе дневно, што пак неповолно влијае врз другите телесни активности.

Теоретските анализи со сигурност потврдуваат постоење на антиоксиданси кои позитивно делуваат на срцето и  намалувањето на можноста за појава на било кој облик на рак. За сега не постојат медицински потврди за таа теорија.

Поволното влијание на кофеинот е забележано и кај астмата, но да тоа биде видливо потребно е исклучително голема концентрација на кофеин.

Заблудите поврзани дека кафето го зголемува крвниот притисок, се само делумично точни бидејќи тоа е само краткорочно. После тоа вредноста на крвниот притисок опаѓа повеќе отколку што првобитно пораснал, така да може да се каже дека кафето всушност го намалува крвниот притисок.


сподели%20на%20Facebook


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 21:04
edno ako mozeголема%20насмевка
vivi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 22:38

Tемната страна на кофеинот

Сите позитивни ефекти  од кафето ни се јасни и познати. На прашањето зошто најчесто се консумира овој пијалок најверојатно сите љубители би одговориле дека кафето е нивна душевна храна која воедно ги држи будни, додека од медицинска гледна точка се поврзува со стимулирање на централниот нервен систем и интелектуалната активност, како и позитивно влијание врз срцето и намалување на можноста за појава на рак.


Но, како и сè останато, и кофеинот има своја темна страна, која треба да ја запознаете, особено ако кафето ви спаѓа меѓу омилените пијалоци.

Најчест проблем кој се јавува заради поголема консумација на кофеинот е чувството на немир и возбуденост.

Пиењето на една чаша кафе дневно, секако, не е опасно, но консумирањето на големи количини на овој пијалок може да предизвика сериозни здравствени проблеми кои го нарушуваат квалитетот на животот.

Имено, кофеинот е вид на дрога и припаѓа на семејството алкалоиди. Како и повеќето други дроги, кофеинот може да предизвика зависност, па во случај да не биде консумиран редовно, постои можност од појава на апстиненциска криза.

Менталната стимулација што ја предизвикува кофеинот е само краткорочен ефект, а неговото често косумирање може да развие проблеми како оние наведени во продолжение.

Анксиозност, несоница и главоболка

Осетливите личности можат да чувствуваат токсични последици од кофеинот со консумирање на само 100 грама дневно, што на пример претставува една чаша чај. Претераната внесена количина на кофеин може да предизвика анксиозност, возбуденост, несоница, главоболка, црвенило на лицето, честа потреба за уринирање, како и желудочни проблеми.

Голема доза на кофеин може да биде сериозно опасна

Анксиозноста предизвикана од кофеинот во некои случаи може да биде толку силна што може да предизвика хипервентилација (забрзано и продолжено дишење). Оваа појава се нарекува кофеинизам. Со кофеинот се поврзува и непријатниот симптом на уморни нозе. Тој синдром, заедно со несоницата предизвикана од кофеинот, резултираат во хроничен замор бидејќи лицето кое ги има овие проблеми нема да има квалитетен сон.

Оваа појава потоа се рефлектира врз сите останати аспекти на животот и на генерално ниво ја намалува човековата продуктивност.


Сериозни и опасни последици

Хроничната косумација на кофеинот е поврзана и со влошен предменструален синдром, како и со зголемена загуба на калциум, што долгорочно доведува до остеопороза и создавање на камења во бубрезите.

Големите дози на кофеин навистина може да бидат многу опасни. На пример, познато е дека 10 грама земени во една доза можат да предизвикаат психотична состојба на инаку здравите луѓе, а во полош случај доведува до појава на шизофренија. Исто така, големите дози на оваа состојка може да предизвикаат конвулзија, застој на дишењето и во најлош случај, смрт.

Кофеинот е општоприфатена дрога која многу луѓе секојдневно ја консумираат. Со ова не ви предложуваме да се откажете од кафето, туку едноставно да не претерувате со неговата консумација. Запомнете, клучот е во умереноста.

Една чаша кафе на ден ќе ја задоволи вашата желба за кофеин, без притоа да резултира во некои од горенаведените последици кои сериозно го нарушуваат квалитетот на животот.


сподели%20на%20Facebook



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 23:04
Кафе Калипсо

Време на подготовка: 3 минути
Потребни состојки:
30 мл рум
30 мл чоколаден ликер
200 мл црно кафе
Начин на подготовка: Во широка чаша за вино ставете ги румот и чоколадниот ликер. Одозгора додадете го топлото кафе и наполнете скоро до врвот од чашата.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 17:09

Ирско кафе

Ирско%20кафе

По долга прошетка низ снежните улици, еден од најдобрите начини да се затоплите е топол пијалок, а ирското кафе секогаш звучи многу примамливо.

Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус.

Оригиналното ирско кафе за прв пат било направено од Џозеф Шеридан, кој работел на аеродром во западна Ирска. Со цел да ги затопли изморените патници, во една зимска вечер, тој ставил во кафето виски. Кога задоволните патници го прашале дали станува збор за бразилско кафе, тој им одговорил дека пијалокот е всушност ирско кафе.

Состојки

40ml ирско виски
80ml топло црно кафе
30ml слатка павлака
1 лажичка кафеав шеќер

Подготовка

  1. Загрејте ја чашата во која ќе го служите коктелот со помош на топла вода. Ако чашата е ладна, кога ќе го ставите топлото кафе може да се случи да пукне.
  2. Ставете го во чашата шеќерот и додајте ги вискито и топлото кафе. Мешајте со лажичка сè додека шеќерот не се растопи.
  3. Земете мала лажичка, свртете ја и врз задниот дел полека налевајте ја слатката павлака (врвот на лажичката треба да ја допира површината на течноста во чашата). Павлаката треба да остане да „лебди“ на површината. Откако ќе ја додадете павлаката, кафето не треба да се меша.

Ирското кафе се служи топло. За поубав изглед одгоре можете да ставите малку изрендано морско оревче или да украсите со стапчиња цимет. Заедно со кафето можете да послужите и мали колачиња со парчиња чоколадо или кекс.

Совет: Оригиналниот рецепт се прави со слатка павлака којашто не е многу матена, скоро течна.

Ирското кафе е совршено за претстојните празници. Наместо со обично кафе, изненадете ги гостите со „жестоко“ кафе за повеќе насмевки и позабавни разговори.

Варијации

  • Мексиканско кафе – вискито заменете го со Калуа (Kahlúa), т.е. ликер од кафе.
  • Јамајканско кафе – вискито заменете го со темен рум.


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 17:11

Кафето го изострува умот на жените, а го поматува на мажите

Кафето им помага на жените подобро да размислуваат, но кај мажите делува токму спротивно.

Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки.

КафеКафето им помага на жените подобро да размислуваат, но не и на мажите

Научниците стигнале до овој заклучок набљудувајќи како им делува кафето на луѓето кога тие се под стрес. За целта на истражувањето, тие побарале 64 мажи и жени и ги разделиле во парови од ист пол. Секој пар требало да изврши неколку задачи, како преговарање, редење на сложувалки или задачи поврзани со помнењето. Им било кажано и дека секој учесник ќе треба да направи јавна презентација поврзана со нивните задачи.

На едниот од учесниците од секој пар му било дадено обично кафе со кофеин, а на другиот, кафе без кофеин. Истражувачите откриле дека мажите многу потешко се справуваат со задачите за помнење ако претходно испиле кафе со кофеин.

На мажите кои се напиле кафе со кофеин им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги завршат сложувалките, во споредба со мажите кои пиеле кафе без кофеин.

За разлика од мажите, жените ја завршувале задачата за 100 секунди побрзо ако се имале напиено кафе со кофеин.



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 17:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.