IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - БЕЗ КОМЕНТАР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БЕЗ КОМЕНТАР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 84>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2012 во 22:05

Со жив штит се бранат спомениците од Фрчковски 


голема насмевка 

Фрчковски се резили ама и овие не паѓаат пониско од него ох
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2012 во 20:47
СДСМ го организира АМАН?!
http://kurir.mk/makedonija/vesti/85185-FOTO-SDSM-go-organizira-AMAN

Членови на СДСМ се организатори на протестите на иницијативата АМАН која во јавноста стана позната по противењето на цената на струјата. Тие во повеќе наврати истакнуваа дека се непартиска иницијатива која политички не е организирана, иако одбиваа приклучување и обединување со останати граѓански здруженија и иницијативи.....ма ајде ова нема везе.



Изменето од Pavaroti - 20.Септември.2012 во 20:51
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 14:52
-ne da nema vrska tuku e i epten glupavo!( a i kakvo bi mozelo da bede  drukchie?...hahaa..)
 
...znachi,...sprma nekoi ''bistri'' glavi,...tie ne smeat da  protestiraat,
 
...ushte povekje ,... izgleda deka sakaat da kazat i deka onie   -ovcine od drugoto trlo se (pre)zadovolni od  skapotijata !изненадување
 
Click for a larger view
...glupo ...glupo...da gluplje ,...nimoz' biti !!!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 21:19
Изгледа во редакцијата на КУР-ИР( испуши радосно ) не им e јасно правилото број еден:
Kога парите се одлеваат од џепот нема сентименталност.




Изменето од Alekxandar - 22.Септември.2012 во 21:20
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 23:39

За власта,дежурниот виновник СДСМ секогаш е крив што не гласа за законите во парламентот додека партнерот ДУИ е во бојкот...со крената рачна.

Свашта!...бог да чува.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 04:28
Никола Груевски објави некои бројки вчера.
По основ на ддв само, државата должи 150 милиони евра (прашањето е од каде ли ќе ги најде за да ги врати). Колку ли е само останатиот внатрешен долг. Пола милијарда, милијарда? Нека каже еднаш колку е долгот, нека ги обелодени бројките пред народот, па нели народот му го даде правото да ја води државата.. Нели се колнеа дека на секои 6 месеци ќе даваат отчет за сработеното и потрошеното..
Тие уште за Скопје 2014 не дале отчет зашто забегаа 150 % над предвиденото, а камоли за останатите работи...
За некои работи симнувам капа иако е рано за тоа додека не видам на дело, ама за останатово .....
Кога на сето тоа ќе се додаде и сумата на надворешниот долг државата испаѓа дека е позадолжена од било кога, и дека само со долгот за ддв таа комотно може да се прерангира во средно задолжени земји...
Лоша вест, многу лоша.

Ова е баш за НО КОМЕНТ...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 04:53

Ставрески: До денар Владата ќе го врати долгот кон стопанството

Владата до денар ќе го врати долгот кон стопанството. До средината на ноември ќе бидат исплатени половина или две третини од обврските на државата по основ на поврат на ддв и фактури кон фирмите, вели министерот за финансии Зоран Ставрески.

Ставрески: До денар Владата ќе го врати долгот кон стопанството
Парите се предвидени во буџетот и годинава нема да има ребаланс. Остатокот ќе го добијат во февруари. Тие средства ќе се обезбедат од реномирани странски банки со специјална гаранција од Светската Банка со поволна камата од 4,5%. Државата ќе повлече до 250 милиони евра од јануари.

Владините мерки ќе ги заштитат вработените од откази. Замрзнување на пензиите ќе нема. Повисоките пензии ќе стасаат во март.

Покрај повратот на ддв - то и повисоките пензии, Владата вети реализација на капиталните проекти. За нив дискутираше на седницата на економско социјалниот совет. Изградба на хидроцентралите Бошков мост и Луково поле во средината на идната година, 25 милиони евра за патна инфраструктура, нова термоелектрана или изградба на нови блокови во рек Битола.


Правиме нови долгови за да ги закрпиме старите.. А што е најтрагично новите долгови се надворешен долг и тоа со камата во реномирани банки... Мајко мила...
Само не ми е јасно за догодина што ќе биде.. нов кредит за исплатата на ддв? Или не се мисли за догодина?



Изменето од NRGMKD - 25.Септември.2012 во 05:08
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 05:02

Молчењето на Талат денеска го преведуваше преведувач

Талат Џафери измисли нов начин за комуникација со пратениците но и со јавноста. Молчеше, покажуваше пораки испишани на бели листови, а преведувачот од албански на македонски ги читаше.

Молчењето на Талат денеска го преведуваше преведувач
Уште не донесен Министерството за правда најавува нов изборен законик. Во сегашниот биле вградени само дел, ама во наредниот Министерството ќе ги вметнело сите забелешки на ОБСЕ на кој се повикувала и опозицијата.

Меѓу нив и одвојување на државната од партиската функција, почитување на тајноста на гласот, правила за медиумско покривање на изборните кампањи.

Опозицијата ја повика власта измените да ги донесат со консензус, во спротивно ќе немало фер и демократски избори.

Паралелно со комисијата за политички систем, се одржуваше и онаа за труд и социјала, каде Талат Џафери измисли нов начин за комуникација со пратениците но и со јавноста. Молчеше, покажуваше пораки испишани на бели листови, а преведувачот од албански на македонски ги читаше.

Претседателката Цветанка Иванова побарала мислење од собраниските служби дали молчењето е говор. Одговорот стигна – тие не биле надлежни за тоа.


Коалиционово другарче убаво ги работи... А што е најтрагично па и најавува дека ако се изгласа законот ќе дојде до дестабилизација.. машала машала...
Туку ај ќе имам работа ако ништо друго...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 18:42

Проблеми на скопските градилишта на сплитски „Конструктор“

Градоначалникот Трајановски го преиспитува договорот на Градот Скопје за изградба на катната гаража „Беко“

Билјана Ангеловска


Хрватската градежна компанија „Конструктор“ од Сплит има големи проблеми на македонскиот градежен пазар. Откако пред извесен период и' беше раскинат договорот за реализација на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, сега се најавува ново откажување од нејзините услуги. Деновиве скопскиот градоначалник Коце Трајановски поведе постапка за преиспитување на договорот што го има Град Скопје со оваа хрватска фирма за изградба на катната гаража „Беко“ и не исклучи раскинување и на овој договор. Причина за тоа, според Трајановски, е доцнењето на изградбата. Дали ќе биде раскинат договорот, ќе се знае наскоро, откако стручната комисија ќе утврди дали изведувачот навистина не може да ги заврши работите.

Дали Хрватите си заминаа од Скопје, не се знае. Запрените работи на проектите на кои беа ангажирани работниците од оваа фирма одат во прилог на таквите тврдења. Но, никој од надлежните не сака предвреме да зборува за евентуално пропаѓање на многубројните договори склучени со сплитската фирма. Ниту, пак, од Сплит кажуваат што било. „Утрински весник“ се обиде да стапи во контакт со одговорните во „Конструктор инженеринг“, но од таму не добивме никаков одговор.

Инаку, оваа сплитска компанија до скоро важеше за една од малкуте градежни фирми блиски до македонската Влада. Покрај изградбата на Универзитетот на Плаошник неа и' беа доверени и други објекти. Таа беше дел од проектот „Скопје 2014“, но имаше склучено договори и со некои општини. „Конструктор“ беше дел од грандиозниот владин проект во Скопје во кој беше ангажирана за изградба на пешачкиот мост „Око“ на Вардар, со Општина Центар имаше ангажман за повеќе постаменти на многубројните споменици и спомен-обележја низ центарот на градот, меѓу кои е и постаментот на споменикот на АСНОМ поставен во паркот „Жена-борец“. Со Министерството за култура, пак, го склучи договорот за изградба на Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево. И, кај сите проекти имаше проблеми. Македонските градежници одамна укажуваа дека на градилиштата на оваа хрватска фирма, всушност, работат домашни работници кои таа ги има ангажирано за евтини пари, но надлежните се оглушуваа на тоа.

Прв беше проектот во Крушево, чија реализација доцнеше, но никој официјално не ги обелодени вистинските причини. Иако крушевската чаршија уште во 2009 година зборуваше дека работниците си заминале од градилиштето и оти не се знае кој гради, надлежните убедуваа дека се' се одвива според зацртаната динамика, а објектот ќе биде завршен во предвидениот рок од 15 месеци. Но, како што се покажа, Спомен-куќата на Тоше беше предадена дури во април 2011 година.

„Конструктор инженеринг“ го доби и тендерот за изведувач на градежните работи на Плаошник со најдобра понуда од 9 милиони евра. Но, подоцна беше незадоволна од договорената цена и бараше дополнителни средства за да ги продолжи работите. „Договорот со ’Конструктор‘ е раскинат најмногу поради тоа што многу се одолжуваа работите и поради тоа што компанијата воопшто не достави банкарска гаранција“, рече директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, по раскинувањето на договорот со хрватската фирма, која во Охрид работеше и на реконструкција на поранешниот Дом на АРМ со што објектот беше пренаменет за потребите на Информатичкиот факултет во Охрид.

Инаку, фирмата „Конструктор инженеринг“, всушност, е еден од најголемите даночни должници во Хрватска. Името на оваа градежна компанија се најде на „листата на срамот“ заедно со други фирми и граѓани кои и' должат на хрватската држава големи суми за неплатен данок. Меѓу правните субјекти, „Конструктор“ беше четврторангирана со долг од 10 милиони евра. Оваа сплитска фирма ја следат и други афери. Нејзиниот прв човек, Жељко Ждериќ, неодамна е осуден на шест месеци затворска казна поради злоупотреба на овластувањата и перење пари при купувањето на фирмата. Со пресудата „Конструктор“ ќе мора да ја намири штетата во висина од 2,1 милиони куни.


А КОЛКУ ЛИ САМО ЈА ФОРСИРАА... Прашањето е каде се сега парите исплатени на сметката на оваа фирма? Инаку Конструктор во Македонија одамна е само со 2-3 вработени кои чуваат стража некој "случајно" да не ги однесе машините кои останаа тука.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 18:59

Груевски фрли на маса изборни адути

Настапот на премиерот подгреа сомневањата дека се можни општи избори во март следната година

Александра М. Митевска



Премиерот Никола Груевски ги фрли на маса најсилните карти, во неделата попладне, кога се обиде да ги омекне стопанствениците, најавувајќи дека Владата ќе се задолжи за да го врати долгот кон фирмите, до февруари следната година. Исцрпниот говор на премиерот не им беше наменет само на бизнисмените. Тој зборуваше речиси еден и пол час, посочувајќи конкретни рокови и најавувајќи поволности и за пензионерите, социјално загрозените, за администрацијата... Сите тие ќе можат да ги почувствуваат новите владини чекори за кои зборуваше премиерот во почетокот на следната 2013 година, која во политичкиот календар е запишана како изборна година.

Познавачите на прилики се согласуваат дека ова не е обичен настап на Груевски и дека мерките што ги најави, всушност, се дел од неговите изборни ветувања. Средбата со стопанствениците беше помпезно изведена, а говорот на премиерот директно се пренесуваше преку националната телевизија.

На помалку од шест месеци пред редовните локални избори, македонскиот премиер им вети на стопанствениците враќање на ДДВ и плаќање на фактурите, на пензионерите повисоки пензии, на социјалните случаи зголемување на помошта од државата, а на чиновниците им порача да не стравуваат од отпуштање и намалување на платите.

„И покрај сериозните предизвици со кои се соочуваме, Владата ќе го реализира зголемувањето на пензиите и на социјалната помош од пет отсто, почнувајќи од март, додека зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе се одложи за една година поради кризата. Во 2013 година нема да дозволиме масовни отпуштања од администрацијата, ниту намалување на платите, нема да се зголемат даноци, инфлацијата ќе биде ниска, субвенциите на земјоделците не само што нема да се намалуваат туку и ќе растат, банкарскиот сектор и денарот ќе останат стабилни“, рече Груевски.

Со тоа премиерот ги лоцираше целните групи што сака да ги придобие пред изборите. Станува збор за популација од повеќе стотици илјади гласачи, во која покрај бизнис-заедницата и вработените во приватниот сектор, влегуваат и околу 270 илјади пензионери, неколку десетици илјади социјалци и над 120 илјади адимистративци.

Според опозицискиот СДСМ, Македонија не може да оди напред со премиер и влада кои ја кријат вистинската состојба од народот и само даваат ветувања што не ги исполнуваат. После шест години, велат од СДСМ, народот веќе се умори од едни исти празни ветувања. „Обраќање на премиерот беше задоцнето, контрадикторно и неискрено“, оцени вчера Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Од ВМРО-Народна партија, пак, оценија дека настапот на Груевски бил еуфоричен, и покрај тоа што најавил работи кои се тековна и законска работна обврска. „Владата ќе позајми пари од надвор не за патишта, брани, мостови туку за плати, пензии, долгови. Буквално, ја задолжуваат државата надворешно за да раздолжуваат дел од внатрешниот долг“, велат од партијата на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.

За поранешниот премиер Владо Бучковски, пак, нема дилеми дека Груевски во неделата даде едно од поголемите изборни ветувања. Секој потег на Груевски во изминатите шест години, според Бучковски, е пресметан и премиерот е во постојана кампања.

„Тој секогаш е чекор или два пред опозицијата. Свесен е дека бизнис-заедницата му е лута и дека повратот на ДДВ е голем проблем, па најави негово решавање. Груевски се обраќаше пред бизнис-елитата и сега мора да го исполни ветувањето. Владата ја има под контрола администрација, во постојана љубов е со синдикатите, а сега ќе се обиде да ги придобие и бизнисмените“, вели Бучковски.

Тој посочува дека роковите што ги спомена Груевски се совпаѓаат со локалните избори, но вели дека не се исклучени и предвремени парламентарни избори.

„Груевски можеби праќа порака дека заедно со локалните може да се реализираат и предвремени парламентарни избори, бидејќи ветувањата што ги даде излегуваат од опфатот на локалната власт“, вели Бучковски.

Локалните избори во редовен термин треба да се одржат во март следната година. Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, пак, ја наметнаа можноста за нови предвремени парламентарни избори, како една од опциите за излез од владината криза. Всушност, идејата за локални и предвремени избори во пакет ја наметна опозицијата во почетокот на разногласијата во Владата, посочувајќи дека би било нелогично да има вонредни избори на неколку месеци пред редовните локални.

Во меѓувреме, во Собранието почна расправата за измените во Изборниот законик согласно со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, кои, меѓу другото, советуваат во текот на кампањата партиската функција да се одвои од државната, односно државната функција, во тој период, да се извршува само на техничко ниво.



Хмммммм... интересно нели.. Пари се позајмуваат за да се исплатат пензионерите, платите на административците и да се покријат фирмите како не би настанал општ хаос од масовни отпуштања. Но тоа ми е некако изјаловено.. Зошто не вети премиерот дека пензиите ќе ги покачи во Октомври или Ноември кога всушност давачките на народот се во зенитот? Зошто баш Март?

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 20:21
изненадување

Шик: Македонија до Кина (ФОТО)

Кинесче се вози во метро со маица со сонцето од Кутлеш, на кое пишува „Македонија“.


http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/09/kinesko-makedonce.jpg

Изменето од d4 b3 - 25.Септември.2012 во 20:22
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 21:53
Абе сите ја сакаат Mакедонија, не само бугарите. голема насмевка
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 22:07
да бе

един колега ми сe jви со маица на коjа пишува  I љубов Macedonia

Што ти стана бре? му викам. Ништо ти немаше миналата недела

Па он ми вика дека по потекло бил од Охрид
 
е убу де му викам, нема идеjлни луге, нема потреба да се извинувашѓавол


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2012 во 22:45
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=96842

За Канал 5 од Њујорк Горан Момироски


http://www.time.mk/read/b62c98b5b6/1d1e1b8bd8/index.html

Гаф или непрофесионалност на дел од македонските новинари кои известуваат за посетата на шефот на државата Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски на САД, е информацијата дека Иванов се сретнал со Обама?

изненадување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 84>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.