IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:40
Говедско Строганоф
 
СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 лажици путер
• 2 лажици маслиново масло
• 1 лажица црвен пипер
• 1 кромид, ситно исечкан
• 250 гр печурки, исечкани
• 700 гр говедско филе, исечкано на парчиња
• 2 лажици сенф
• 1½ филџан павлака
• 2 лажици сок од лимон
• 3 лажици сенаменско брашно
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете го путерот во тавче за готвење и кога ќе се стопи додадете го кромидот и пржете додека да добие кафена боја. Кога кромидот ќе биде готов, додадете ги печурките и пржете ги додека да добијат убава златна боја. Кромидот и печурките пренесете ги на чинија.

Измешајте го брашното со солта, биберот и црвениот пипер и извалкајте ги парчињата говедско во него. Испржете го месото на маслиновото масло, додадете го кромидот и печурките, промешајте убаво и намалете ја температурата. Додадете ја павлаката, сенфот и сокот од лимон, промешајте неколку пати и послужете наросено со црвена пиперка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:43
Полнето свинско каре
 
СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1,5 кг свинско каре
• 1 лажица микс од зачини
• сенф
• сол и бибер

за полнење
• 100 гр пилешки џигер
• 100 гр шампињони
• 100 гр праз (само белиот дел)
• 30 гр чадена сланина
• масло за готвење
• 100 гр ориз
• 100 гр тврд кашакавал
• 2 јајца
• магданос

ПОДГОТОВКА

за свинско каре
Одвојте го свинското каре од коската и засечете го по должина, така што ќе направите голем квадратест одрезок. Потоа, истолчете го со чекан за месо, ставете сол и бибер.

Премачкајте ја страната на која ќе ги редите состојките за полнење со сенф, посипете малку зачин и оставете го месото на страна. Откако ќе ја приготвите смесата, наредете ја врз месото, свиткајте го во форма на ролат и заврзете го со кујнски конец.

Ставете го во сад за печење, врз хартија за печење, на која сте ставиле масло. Печете 60 минути на температура од 170℃ со повремено полевање со вода. Сервирајте исечено на тенки кругови.

за полнење
Исечкајте ги шампињоните на листови. Измијте го убаво празот и белиот дел исчекајте го на тркалца. Сланината и пилешките џигерчиња нека бидат ситно исечкани.

Оризот нека биде полу сварен и врз него изрендајте го кашкавалот. Кратко пропржете ги сланината и празот на масло. Потоа, додадете ги шампињоните и џигерчињата. Посолете и кратко пржете. Тргнете од оган.

Откако малку ќе се излади, изматете ги јајцата и додете ги кон смесата. Потоа, ставете магданос и ориз и малку пропржете.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:05

Сочна печена мисирка



Почнува сезоната на празници и слави, а со тоа и постојаната паника во кујната. Годинава можете да го промените малку вообичаеното мени и наместо печено прасе, да направите печена мисирка. Но, она што е најважно е дека со овој рецепт ќе ставите крај на сувите, тврди и невкусни мисирки кои сте ги припремиле досега.

Сочна печена мисиркаОваа е еден начин да добиете совршено мека и сочна мисирка, а со тоа и да се покажете како одлична домаќин/ка.

СОСТОЈКИ
• 1 мисирка од 4–5 кг
• неколку парчиња тенко исецкана димена сланина
• 1 главица кромид
• 1 праз
• малку лук
• сол
• вегета
• 1 дл масло за јадење
• 2–3 дл бело суво вино
• чаша пиво
• 2 ловорови листови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Откако целосно ќе ја одмрзнете мисирката, премачкајте ја со вегета и толчен лук. Направете засеци по нејзината површина со помош на нож и наполнете ги засеците со сланина и лук. Потоа, мисирката ставете ја во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Оставете ја да отстои минимум 4 часа (пожелно е да ја оставите цела вечер) со повремено превртување, за  рамномерно да впие од виното од сите страни.

Внатре во мисирката ставете ја главицата кромид и исецканиот праз. Ставете ја да се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, намалете на 150℃ и оставете да се пече околу 4 часа.

Откако ќе испари целата течност, прелите ја со пиво и печете уште малку, односно додека не зарумени. Откако ќе ја извадите од рерната, пред да ја послужите можете да ги извадите кромидот и празот. Како прилог, најдобро би оделе печени компири

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:10

Палента на црногорски начин

 



Вкусната палента може да претставува одличен почеток на еден ваш ден. Ќе ве направи да се чувствувате повторно како малото детенце, кое го однеле кај баба на чување, а таа со многу љубов и внимание ви подготвила топол, вкусен и здрав појадок.

Палента на црногорски начинОвој појадок ќе ви стопли во студените зимски денови, а воедно и ќе ве расположи.

СОСТОЈКИ
• 2–3 средни компири
• 1,5 чаша пченкарно брашно
• 1 лажица сол
• 800 мл млака вода
• кајмак или сирење (препорачливо кајмак)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и пресечете ги на половина. Потоа, ставете ги во солена вода да се варат. Кога ќе провријат, ставете го пченкарното брашно.

Оставете го да врие уште 10 минути, потоа намалете го огнот и оставете да се крчка уште дваесетина минути.

Потоа, со дрвена лажица убаво промешајте, додека не се соединат компирот и брашното. По 10-тина минути, тргнете го садот од оган и оставете го да се стврдне. Во палентата додадете кајмак или рендано овчо сирење и сервирајте со јогурт или кисело млеко.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:41

Полнети компири со кашкавал и печурки

 


Кога треба да приготвите јадење за повеќе луѓе, многу е тешко да подготвите нешто со кое сите ќе бидат задоволни.

Треба да смислите јадење кое е составено од едноставни состојки, кои ќе бидат прифатени од повеќето гости. Совршена комбинација за такви ситуации се компири и кашкавал. Во таков случај, нема да погрешите.

Полнети компири со кашкавал и печуркиОвој рецепт, кој претставува балканска комбинација од швајцарскиот раклет и лазањи, е вкусна и креативна комбинација, направена од состојки кои се омилени за многумина.

СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста големина
• 200 гр шампињони или вргањ
• 100 гр кашкавал (едамер или друг погоден за топење)
• 1 главица кромид
• магдонос, лук, сол, бибер
• бешамел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омекнати (доволно за да можете да ги издлабите), исечете ги на половинина и на средина издлабете ги со лажица.

Во меѓувреме, исецкајте и издинстајте го кромидот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки.

Посебно направете бешамел сос со маргарин, брашно и млеко, или можете да ставите само хопла за готвење. Дури е уште топол бешамелот, додадете ги сите состојки. Со смесата наполнете ги компирите, зачинете по ваш вкус и ставете ги да се печат во огноотпорен сад.

Печете 20 минути, дури не добијат златеста боја

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 18:17

Сочна печена мисирка




СОСТОЈКИ
• 1 мисирка од 4–5 кг
• неколку парчиња тенко исецкана димена сланина
• 1 главица кромид
• 1 праз
• малку лук
• сол
• вегета
• 1 дл масло за јадење
• 2–3 дл бело суво вино
• чаша пиво
• 2 ловорови листови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Откако целосно ќе ја одмрзнете мисирката, премачкајте ја со вегета и толчен лук. Направете засеци по нејзината површина со помош на нож и наполнете ги засеците со сланина и лук. Потоа, мисирката ставете ја во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Оставете ја да отстои минимум 4 часа (пожелно е да ја оставите цела вечер) со повремено превртување, за  рамномерно да впие од виното од сите страни.

Внатре во мисирката ставете ја главицата кромид и исецканиот праз. Ставете ја да се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, намалете на 150℃ и оставете да се пече околу 4 часа.

Откако ќе испари целата течност, прелите ја со пиво и печете уште малку, односно додека не зарумени. Откако ќе ја извадите од рерната, пред да ја послужите можете да ги извадите кромидот и празот. Како прилог, најдобро би оделе печени компири.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:36

Макарони со туна

Макарони со туна 

Состојки

250g макарони
сол
1 лажица путер
1 лажица обичнo сeнаменско брашно
1/2 чаша Битолско трајно млеко со 3,2% мм
3 јајца
кромид (по вкус)
1/2 лажичка црвен пипер
сок од цеден лимон
250g конзервирана туна
1/4 шолја БиМилк Ајдамер (рендан)
магдонос
пармезан

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на кесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
  3. Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
  4. Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го Битолското трајно млеко, постојано мешајќи додека не се згусне.
  5. Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот Ајдамер.
  6. Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
  7. Печете во рерна околу 20 минути.
  8. Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.


Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:50

Брзи солени колачи од јајца

 
 

Кога за кратко време сакате да приготвите нешто лесно и вкусно, ви предлагаме да направите мини солени колачи од јајца и зеленчуци, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата наредна домашна забава.

Овие колачи можете да ги наречете убаво оформен омлет, совршен и на изглед, и на вкус. Одлични се за детски роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде брокули и други видови зеленчук.

Состојки

3 јајца
3 жолчки од јајца
1/3 шолја шолја млеко (80ml)
1/3 шолја шолја слатка павлака (80ml)
100g брокули
2 моркова
50g пченка и зелена боранија (замрзнати)
1 мал домат
1 кафена лажичка крупна сол
1/2 кафена лажичка црн пипер
100g крупно рендан кашкавал
Масло за готвење или путер

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на температура од 180°C.
  2. Премачкајте калапи за мафини (не хартиени) со масло или путер.
  3. Ставете на оган мало тенџере со вода и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
  4. Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
  5. Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка црн пипер. Добро изматете ја смесата.
  6. Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
  7. Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“ изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од калапите.
  8. Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.

Варијации

Добрата страна на овие колачи е што секогаш можете да ги правите различни, во зависност од вашите желби или состојките кои ги имате во моментот. Освен понудената вегетаријанска варијанта, можете да го збогатите вкусот на солените колачи со свински врат, сланина, колбаси, чаен колбас или кулен.

Вкусни комбинации:

  • Сланина и праз. Наместо зеленчуците, во смесата со јајца ставете ситно исечкани и пржени парчиња сланина и праз.
  • Колбаси и печурки. Испржете колбаси и печурки, исечкајте ги и додајте по малку во секое колаче, наместо зеленчуците.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:50

 



Чаден лосос со мед и бибер

Чаден лосос со мед и бибер

СОСТОЈКИ (за 4 порции)

за леб
• 450 гр брашно
• 225 гр интегрално брашно
• 20 гр сол
• 5 гр прашок за пециво
• 15 гр сода бикарбона
• 165 гр овесни снегулки
• 25 гр мед
• 900 мл матеница
• 50 гр малтодекстрин

за лосос
• 1 кг чаден лосос
• 80 гр мед
• 8 големи лажици сечкан млад кромид (само зелениот дел)

ПОДГОТОВКА

Леб
Загрејте ја рерната на 200℃. Тавата обложете ја со хартија за печење.

Сите состојки (освен медот, малтодекстринот и матеницата) се мешаат во длабок сад. Потоа се додаваат и претходно споменатите три состојки. Притоа, смесата постојано ја мешате со рацете, сѐ додека не добиете влажно тесто.

Со рацете го оформувате тестото, во зависност од тавата за печење. Со остар нож направете крст на средината од лебот. Се пече околу 45 минути. Потоа, се покрива со крпа и се остава да се излади.

Чаден лосос
Лососот се сече по должина, на парчиња со дебелина од 5 мм. Се отстранува кожата. Се сервира на чинија и секоја порција се попрскува со 2 мали лажици мед и малку свежо мелен бибер.

На крај, ставете 1 голема лажица сецкан млад кромид на врвот од јадењето. Сервирајте со две кришки од печеното лепче

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:56

Полнети компири со кашкавал и печурки



Полнети компири со кашкавал и печурки

СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста големина
• 200 гр шампињони или вргањ
• 100 гр кашкавал (едамер или друг погоден за топење)
• 1 главица кромид
• магдонос, лук, сол, бибер
• бешамел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омекнати (доволно за да можете да ги издлабите), исечете ги на половинина и на средина издлабете ги со лажица.

Во меѓувреме, исецкајте и издинстајте го кромидот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки.

Посебно направете бешамел сос со маргарин, брашно и млеко, или можете да ставите само хопла за готвење. Дури е уште топол бешамелот, додадете ги сите состојки. Со смесата наполнете ги компирите, зачинете по ваш вкус и ставете ги да се печат во огноотпорен сад.

Печете 20 минути, дури не добијат златеста боја.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 14:40

Пилешки ролатчиња во сланина

Пилешки ролатчиња во сланина


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Црн пипер
  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку   Сол
  • 150 грама Сланина
  • 400 грама Пилешко
  • 200 милилитри Пилешка супа
  • 100 грама Пармезан
  • 5 милилитри Оцет
  • 100 грама Моцарела
  • 100 грама Кисела павлака
  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.


ПОДГОТОВКА:

Пилешкото филе измијте го, исушете го на кујнска хартија и надолжно исечете го на две тенки парчиња. 

Секое парче зачинете го со сол, црн пипер и мелен црвен пипер. 

На секое ставете по едно парче моцарела сирење и парче пармезан. 

Сета тоа заедно замотајте го во ролат, намотајте со сланина, која ќе ја наботете со чепкалки за да се држи за месото. 

Рерната загрејте ја на 50 степени. 

Најпрво пропржете ги ролатчињата на малку масло од сите страни, па извадете и ставете ги во загреаната рерна. 

На маслото во тавата што ви остана додадете му малку вински оцет, па павлаката за готвење и пилешката супа.

Сосот варете го 5-10 минути, додека почне да се згуснува. 

Ролничките послужете ги топли, прелиени со подготвениот сос.
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:34

Говедско филе во пршута и песто


Говедско филе во пршута и песто

СОСТОЈКИ (за 10 лица)
• 14 тенки парчиња пршута (околу 120 гр)
• 1.5 кг говедско филе
• свежи листови од босилек
• 150 гр песто

ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на 200℃. Наредете 7 парчиња пршута во форма на правоаголник, а потоа и преостанатите парчиња во продолжение, за да можете да го обвиткате филето од говедско месо.

Целото говедско филе премачкајте го со песто и потоа месото ставете го врз пршутата. Превиткајте го со пршутата. Ставете го филето во сад и печете околу 45 минути. Кога ќе се испече, ставете го месото во сад и покријте го со алуминумска фолија. Оставете 10-тина минути. Потоа, сервирајте со листови свеж босилек.

Совет: не го препекувајте месото, затоа што ќе стане суво и тврдо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:42

Таљатели со три вида печурки



Таљатели со три вида печурки

СОСТОЈКИ (за четири лица)
• 500 гр таљатели
• 3/4 чешниња лук
• 500 гр печурки (три вида по избор)
• 1 ½  лажица путер
• свеж магданос
• павлака
• пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во претходно загреан маслинов зејтин ставете го ситно исецканиот лук и пржете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки, претходно зачинети со сол, бибер и лимон по желба.

Садот за пржење треба да е доволно голем за да може сите печурки рамномерно да се распоредат и да не дојде до нивно преклопување. Времето на приготвување да не биде повеќе од 15 мин на силен оган.

Во меѓувреме, сварете ги таљателите, за кои ви се потребни 7–8 минути. Сварените таљатели ставете ги во тавата со печурки, заедно со мала количина од  водата во која се вареле. Промешајте ги добро сите состојки. Потоа, садот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан и сецканиот магдонос. Повторно целата смеса убаво се промешува.

Сервирајте во чинија со малку маслинов зејтин, магдонос и пармезан насечкан на тенки ленти. На крај, додадете павлака по желба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 16:29

Унгарски гулаш

Унгарски гулаш

СОСТОЈКИ
• 100 гр сува сла­нина
• 600 гр јуне­шко месо
• 150 гр кро­мид
• 400 гр пиперки
• 600 гр компири
• 100 мл бело вино

за мари­нада
• 5 големи лажици масло
• 1 мала лажица ким
• сол и бибер
• 1 мала лажица црвен пипер
• 1–2 мали лути пиперки
• 3 чешниња лук
• кора од лимон
• 1 лажица Вегета

ПОДГОТОВКА
Исе­чете го месото на коц­кички и под­го­твете ја мари­на­дата. Изме­шајте го маслото, згме­че­ниот лук, исче­ка­ниот ким (кој прет­ходно малку сте го навла­жниле), изрен­да­ната кора од лимон, меле­ниот црвен пипер, исеч­кана лута пиперка, малку сол и вегета.

Вака под­го­тве­ната мари­нада се меша со месото и се остава да отстои барем еден час. Доко­лку имате услови, нај­до­бро е да се остави да отстои преку цела ноќ.

Исеч­кајте го кро­ми­дот на тенки трка­лца, пипер­ките на пого­леми пар­ченца и излу­пе­ниот компир на кругчиња.

Земете огно­от­по­рен сад и на дното наре­дете тенки пар­чиња сува сла­нина. Потоа, распо­ре­дете дел од компи­рите и пипер­ките, малку посо­лете и ста­вете слој на мари­ни­рано месо. На крај ста­вете го кро­ми­дот. Пов­то­рете ја поста­пката оно­лку пати колку што имате материјал.

На кра­јот може да пре­ли­ете со масло и садот затво­рете го со покло­пец. Ста­вете го гула­шот во загре­ана рерна на 180℃ и печете околу час и половина.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.