![]() |
|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 57> |
Автор | ||||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?
|
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Беседа изречена од св. Јован Дамаскин Бидејќи некои не прекоруваат што се поклонуваме на иконите и ги почитуваме иконите на Спасителот и Владичицата наша, како и иконите на останатите светители и угодници Христови, нека слушнат дека Бог од почетокот го створил човекот по сопствената икона (слика, образ). Поради што, се поклонуваме еден на друг, ако не затоа што сме создадени по иконата Божја? Како што вели богоносниот и знајниот на божествените работи, Василие, почитувањето упатено на иконата, достигнува до праобразот; „а праобразот (прволик, прототип) е она што на иконата е изобразено, од кое произлегува образот. Поради што Мојсеевиот народ, застанат во круг, се поклонувал на шаторот, кој бил икона и образ на небесните стварности, или на целокупната творба? Господ Бог му вели на Мојсије: „Гледај, па направи го се ова по сликата (образот) која ти е покажана на гората. Зарем, херувимите кои правеле сенка на жртвеникот не се дело од човечката рака? Што ли е прочуениот храм во Ерусалим? Нели е ракотворен и од човечката вештина на нивните раце. Божественото писмо, меѓутоа, ги осудува оние кои се поклонуваат на киповите, но и оние кои принесуваат жртви на демоните. Јелините принесувале жртви, а принесувале жртви и Јудеите; меѓутоа, Јелините жртвите ги принесувале на демоните, а Јудеите на Бога. И беше Јелинското жртвопринесување отфрлено и осудено, а жртвата на праведните прифатена од Бога. Бидејќи Ное принесе жртва и Господ Бог омириса мирис од праведник, зошто прими мирис на добра воља и благодарност упатена Нему. Така, киповите јелински, го преставувале изобразувањето демонско, и биле отфрлени и забранети. Згора на тоа, кој е во состојба да го изобрази невидливиот и безтелесниот, неописивиот и неизобразивиот Бог. Према тоа, изобразувањето на она што е божествено знак е на крајно безумие и бесчестие. Оттука во стариот завет небила вообичена употребата на иконата. Меѓутоа бидејќи Бог поради својата голема милост постанал човек за нашето спасение, и тоа не онака во човешки облик како што се јавил на Авраама или пророците, туку навистина суштински постанал човек живеел на земјата и со луѓето, па чудотворел, страдал, бил распнат, воскреснал, и се вознесол, и сето тоа навистина се случило, и луѓето тоа го виделе, и запишано е тоа, па затоа да се сеќаваме на тоа и поучиме и ние кои тогаш не сме биле присутни, да иако несме виделе поверуваме ќе се удостоиме со блаженствата Господови. Бидејќи сите не се вични на писмото, ниту читаат, затоа светите отци одлучија тоа, како некакви исклучителни дела, да биде на иконите запишано, поради кратки помени. Навистина многу пати немајќи го на ум Христовото страдање, кога ќе го видиме на икона Христовото распнување ни доаѓа во сеќевање спасоносното страдање, и паѓајќи на земја се поклонуваме, не на материјата, туку на оној кој е на иконата изобразен, како што не се поклонуваме на материјата на Евангелието ниту на материјата на крстот, туку на нивниот вообраз. Бидејќи по што се разликува крстот кој на себе го нема образот Господов од оној кој го има? Исто така кога станува збор за Богоматеријата: бидејќи почитувањето кое е кон неа прикажано, го упатуваме кон Оној кој од неа се восплотил. На сличен начин и големите дела кој ги створиле Светителите не потстикнуваат на човечност и ревност и подржување на нивните предности и славата Божја. Бидејќи како што спомнавме, почита која ја укажуваме кон благодарните сослужителите ја покажува благонаклоноста кон заедничкиот Владика, и почитување кон иконата преоѓа на прволикот. Тоа е всушност не запишано предание, како што е поклонувањето кон исток, поклонување на крстот и многу друго слично на тоа. Се кажува и некое предание дека царот Авгар кој владеел во градот Едеса, го испратил сликарот да го изобрази ликот Господов, но тој не бил во состојба поради заслепувачки блесок на Неговото лице. А Господ го приклонил своето лице на едно платно и го изобразил на него својот лик и така му го испратил на Авгар, кој тоа го сакал. А дека апостолите многу тоа незапишано ни го предадоа, за тоа пишува апостол Павле, апостол на народот: „Значи така браќа, застанете цврсто и придржувајте се кон преданијата, на кои сте научени, било преку нашиот збор или преку посланија“. А на Коринтјаните им напишал: „Ве пофалувам, браќа, што се мое паметите и го вршите преданија како што Ви го предадов“. св. Јован Дамаскин Подготви: јеромонах Доситеј (Бигорски манастир) Превземено од премин портал |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ИДОЛИТЕ СЕ ЗА ИДОЛОПОКЛОНИЦИТЕ... ИКОНИТЕ СЕ ЗА ВЕРНИЦИТЕ...
ИСТОРИЈА = РЕАЛНОСТ = ВИСТИНА!!!
![]() ![]() ![]() Изменето од Tetratka - 17.Ноември.2008 во 20:59 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Pentakostalec ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ovaa materija e regulirana so vtorata Bozja zapoved koja kazuva: Ne pravi si idol, nitu kakva i da e slika od ona sto e gore na neboto,ili dolu na zemjata,ili vo vodite pod zemjata! Nemoj da im se klanjas nitu da im sluzis! Zasto jas,Gospod,Bog tvoj, sum Bog lubomoren,koj gi kaznuvam grevovite na tatkovcite-grevovite na onie koi me mrazat-kaj decata do treto i cetvrto koleno,a pokazuvam milost kon iljadnici koi me sakaat i gi drzat moite zapovedi
(2. Mojseeva 20,4-6) omilen izgovor: Nie ne im se klanjame nitu pak gi obozavame slikite,ikonite i skulpturite,tuku svetitelite koi stojat zad niv,a ikonite i skulpturite ne potsetuvaat i ne doblizuvaat do niv i vo nasite crkvi sozdavaat cuvstvo na posebna svetost i crkovna atmosfera. Ubavo! No istoto toa na gospodin Milin bi mu go kazal i eden mnogubozec od vremeto na prorok Ilija,ili od vremeto na prorok Daniel.Da gi cueme i negovite argumenti! I nie,mnoguboscite,koga se klanjame pred kipovite na nasite bozestva,vsusnost ne im se klanjame i ne im sluzime na kipovite, tuku na bozestvata koi stojat zad niv-na Val,na Mitra,na Marduka,na Ozirisa,na Amona... Koga gi gledame kipovite,tie isto taka i nas ne priblizuvaat do niv i niv do nas. Nasite kipovi uste poveke gi razubavuvaat nasite velicestveni hramovi i bogosluzenija, na koi muzikata stapuva vo sprega so niv,so sto se sozdava prekrasen,prijaten ambient koj gi pleni nasite srca.!? Taka gi pravda svoite idoli glasnogovornikot na hristijanstvoto koe pocituva ikoni i kipovi,taka gi pravda svoite idoli glasnogovornikot na starozavetnoto mnogubostvo,so koe Bog i Bozjite proroci postojano imale raspravii. No,i na edniot i na drugiot,Bog im veli: “Vasite argumenti nastrana! Bozjata zapoved kazuva“Ne!” Ziveeme spored vera,a ne spored gledanje” (2. Korincanite 5,7). Bog e Duh,i onie koi mu se poklonuvaat,treba da mu se poklonuvaat vo duh i vistina” (Jovan 4,24). Verata doagja od slusanje,i toa od slusanje na Bozjata rec” (Rimjanite 10,17). Hristijanskite teolozi go napagjale paganskoto idolopoklonstvo:Ako na vasite idoli im se odzeme onaa cudesna ubavina sto im ja dalo dletoto na golemite umetnici,vo niv nema da ostane nisto,osven amorfna materijaв, kazuva Oktavij. Hristijanite gi otfrlaat ovie bogovi,zasto tie se samo kamen,drvo ili metal,a ne vistinski Bogв,zaklucuva Tacijan. Vakvi citati ke najdeme na bezbroj mesta vo Stariot zavet,zasto od svoite pocetoci monoteistickata svest mu se protivstavuva na sekoe idolopoklonstvo.Dolgo crkovnite otci odbivale sekoja pomisla na slika ili skulptura koja bi imala svetost.I za intelektualcite vo helenistickiot i rimskiot svet najgolema precka bila da veruvaat vo sliki i kipovi.Za da se nadmine ovoj problem i idolite da stanat opsto prifatlivi za site,se razvila misticna svest,pri sto sodrzinata se tolkuva simbolicno. Изменето од Pentakostalec - 17.Ноември.2008 во 20:30 |
||||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Црковни канони за иконите
* Иконите не се почитуване на материјалното, во суштина (не се почитува иконата идолопоклонички, како богови, како што верувале иконоборците), туку на темелот од сличноста на претставениот лик со личноста чие име треба да се напиши на иконата. Самото укажување на името на Исус Христос или Светиот, иконата се осветува. Ако се избриши контурата или името на светата личност, иконата ја губи символичката и аналошката вредност, и со тоа се спалува. Ист е случајот и со крстот, кој го прима осветувањето со самиот свој облик; ако се деградира тој облик или неговото дрво, тој се спалува. Према тоа, секое почитување упатено кон иконата припаѓа на насликаната личност (на оригиналот), а не на материјата од која е изработена. * Православната традиција прави разлика помеѓу: 1. Латријата, адорацијата (клањање, богопоштовање) кое припаѓа на самиот Христос како Седржител (и лебот и виното претворени во Тело и Крв Господови, сходно со помесниот собор 1084 г. под патријархот Николај, во време на царот Алексие Комнен), 2. Ипердулијата или надпочитување кое припаѓа на Мајката Божја како Богородица, 3. Венерацијата или почитувањето кое припаѓа на Светиите поради нивната блискост со Христос. * Природата Божја - Света Троица неможе сликовно да се претстави, бидејќи е невидлива и без облик. Сепак, Отецот се представува онака како се јавувал на виденијата на пророците и богојавувањата од Стариот Завет (во облик на момок, во средба со Авраам - Пост.18,1-3). Светиот Дух се претставува во вид на гулаб кој доаѓа во приликата на јавувањето на Троица на Крштението на Исуса Христа во реката Јордан (Матеј 3,16). Виденијата, теофанијата (богојавување) и другите случки од историјата на Спасението, можат да се сликаат и почитуваат. Иконографот треба во се да ги почитува податоците од Светото Писмо. * Во историјата на Црквата, особено во доменот на мисијата на катихизирањето и религиозното поучување, иконите имале одлучувачка улога. Иконата има: 1. Дидактичка функција, бидејќи иконографијата е сметана како катихизис на учените и неуките, 2. Контеплативна функција, бидејќи го сугерира и привлекува духот кон преобразениот свет, 3. Посредничка функција, затоа што ја предава невидливата сила на светоста на живописанието. Од тие причини иконите треба да се бакнуваат и целиваат со најголема побожност. Во Православната историја познати се чудотворни икони, чија тајна останува неоткриена. Било да се насликани од светии, било поради силна вера на оној кој ги почитува, било да се одбрани како орудие во божествената икономија, тие икони се најскапото отечко заветување во Православната побожност. Последниве децении некои неправославни конфесии како и историчарите на уметноста ја разоткрија вистинската вредност на иконата. Така иконата станува симбол на медитацијата и откривението, бидејќи: сведочи за светото и Божественото присуство во времето и просторот, во делон на Овоплотувањето, или Восреснувањето на Неговиот Син, ја соопштува визуелната невидлива божествена стварност која доаѓа како перцепција на чулата, ја наговестува светлоста на Идниот Век, состојбата на обожувањете или точката на средба на историското време со вечноста; го признава човечкото учество во преобразувањето на творбата. Jeромонах Доситеј продолжува... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Иконата во историјата на Црквата
Црковниот став према култот на иконата постетено се искристизирал низ повеќе етапи. Ориген и Тертулијан не зборуваат во прилог на иконата, исто така ниту Јевсевије Кесариски (263-339), кој сепак признава дека видел икони кои ги преставуваат Христос и Апостолите. Многу било популарно во тоа време мислењето дека постоел автентичен лик Христов. Св. Василие Велики ја споредува функцијата на општење кон иконата со функцијата на зборовите: „што е зборот за слушање, тоа е иконата за видот“. Св. Јован Златоуст вели дека иконата е гаранција на стварноста, видливо Овоплотување на Бога. Св.Јован Дамаскин (околу 730-760) ја одредил теологијата на иконата во нејзина класична форма. За него иконата почива на фактот вселување на човековата природа во ипостасот на Логосот. На крај, Седмиот Васеленски Собор (Никеја, Витинија, 788), повикан против иконоборството, со допринос на патријархот Тарасија (784-806) го одредува православното учење за иконографското представување на Христос, Мајката Божја, ангелите и светителите. Јеромонах Доситеј Изменето од Maran Ata - 16.Ноември.2008 во 07:33 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ЗА ИКОНИТЕ
Икона (гр. εικων, лат. imago, икона, лик, слика, представа): Свет лик, света слика, во две димензии, која го преставува Господ Исус Христос, Пресвета Богородица или Светиите, кои можеме да ги насликаме бидејќи имале тело, а на кои се поклонуваме или ги почитуваме по начелото: „честа дадена кон иконата се пренесува на оној кој е насликан на иконата“. Како сликовна претстава, иконата може да има историска, естетска и археолошка карактеристика, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковно богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, табло или фигуративно представување, туку визуелно соопштување на невидливата божја стварност, манифестирани во времето и во просторот. Затоа визуелната контемплација има иста вредност за примање на Тајните Божји откриени во историјата на Спасението како и усмено исповедување или напишана порака. За православната теологија, темелот на иконата или символичното прикажување навистина е вистинско Овоплотување на Синот Божји: „И Логосот постана тело“ (Јован 1,14). Икона е последица на Овоплотувањето, затоа што е Христос „икона на Богот невидлив“ (кол.1,15). Јеромонах Доситеј |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
belichka ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() Vinicko kale ![]() ![]() Изменето од belichka - 14.Ноември.2008 во 23:14 |
||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ИКОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Преку примерот на античкиот град Стоби, кој е релативно најтемелно истражуван, можеме да добиеме извесни сознанија за новонастанатите промени и активности, како на планот на културното градежништво, така и во областа на ликовната и применетата уметност. Притоа, ги користиме сознанијата на еден од најдобрите познавачи на античкиот град Стоби, проф. Ѓорѓе Мано-Зиси. Имено, проучувајќи ги стратиграфијата и урбаниот развој на античкиот град, тој укажува на неколку многу значајни потфати што се од посебен интерес за проучувањето на најстарите траги на христијанската архитектура и уметност. Меѓу другото, тој ги наведува и следниве податоци: “Кон крајот на III век е градена Полихармовата синагога, според натписот на столбот и фреско-декорацијата во рамките на табула-ансата. Уште од тоа време е и портикот со капител и маски во Куќата на псалмите. Почесната плакета со Менорот на Евстатие секако припаѓала веќе кон IV век, кога и синагогата и оваа куќа до неа биле обновени, меѓусебно поврзани и добиле раскошни фрески, штукатура и мозаик. По театарот, дошло до уривање и на синагогата, а со подигањето на христијанска црква над неа и до адаптација на куќата во црковна резиденција. На местото на некогашниот храм на паганските исцелители, најпрвин бил подигнат мартириумот, а потоа Епископската базилика. Покрај театарот, во кој, минувајќи по Виа венеторум, умирале мачениците (слично на оние во термите близу до Св. Димитрие во Солун), се чувале нивните мошти и гробовите на првите епископи: во конфесијата на апсидата и во тремот на криптата, под јужниот кораб од црквата. Од еднокорабен ораториум, и северната базилика е претворена во трокорабна со трибелон и отворен нартекс, во истиот, IV век.“ “Околу средината на V век, Филиповата базилика означува врвен триумф на христијанството во Стоби.“
Со изградбата на нови храмови, создадени се поволни услови за поголема употреба на фреско-сликарството за нивно декорирање. За тоа сведочат зачуваните фрагменти од фрески ос ѕидовите на Епископската базилика и Баптистериумот во Стоби, како и бројните фрагменти од фрески откриени во сакралните објекти на други археолошки локалитети во Македонија. Врз основа на јавно изразените стилски карактеристики, овие фрески се датираат во периодот од IV до VI век. Дали во Македонија во овој ран период имало икони? Со откривањето на теракотните икони на археолошкиот локалитет Виничко кале во Виница, во регионот по средниот тек на реката Брегалница, во 1985 година, и тоа во еден навистина импозантен број - 42 цели и добро зачувани икони, со стотина фрагменти што припаѓале на други икони, може позитивно да се одговори на поставеното прашање, бидејќи откриените теракотни икони ги датираме во периодот од крајот на IV до средината на VI век. Меѓутоа, веднаш треба да се нагласи дека икони работени на дрвена подлогадосега не се откриени. Поцелосен и поубедлив одговор на прашањето зошто мена никакви траги од штафелајно сликарство на почвата на Македонија, од крајот на IV до крајот на IX век, досега не е даден. Наведувани се различни причини сврзани со технолошките својства на иконите работени на дрвена подлога, па со познатите историски настани, меѓу кои на посебно место се наездите на германските и на хунските племиња, а потоа разурнувањата, грабежите и пустошењата од страна на Словените и Аварите. Не се заборавени исто така иконокластичките борби и расправи, како можна причина за непроизведувањето дела на штафелајното сликарство или уништувањето на веќе произведените. Изменето од Tetratka - 14.Ноември.2008 во 21:49 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Православната икона претставува прозор кон вечноста. Таа е светло-живопис на Богочовекот Исус Христос и целокупното Божјо создание. Осветена од Божествената светлина, не поттикнува на очистување и просветлување. Нејзината светлост која е ослободена од природните закони, ги миросува и преобразува лицата и телата на насликаните битија во безвременски и рајски. Токму затоа иконата претставува една необична слика, која што изобразува пејсаж на нашиот свет, не пропадлив како е сега, туку просветлен и прочистен каков што го устроил Бог во вечноста. Таа светлина зрачи и од фрските кои се живописани на ѕидовите на храмовите, чии ликови го манифестираат своето живо присуство на Литургијата заедно во единство со верниот народ. Таа светлост ги надминува природните закони на оптиката изразувајќи ја Божествената слобода. Затоа на иконите и фреските Христос не се претставува како индивидуа, туку на нив се открива тајната Негова, како тајна на целата Христова Црква, каде се собрани светите, односно светлите. Секој свет кој се изобразува на иконата/фреската ги има истите особини на светлоста како и Христос, што значи дека се охристува по Неговата благодат.Тоа осветлување по благодат светиот го изедначува со останатите светии во соборноста на Небесната Црква. Демоните кои се изобразени на иконите и фреските не се претставени како добри и лоши, или убави и грди, туку како битија кои ја порекнуваат и отфрлаат заедницата на несоздадената Светлина и затоа се претставени како мрачни и темни. Бог на сите свои созданија им ја испраќа својата несоздадена сила и енергија (благодат), која не допира до демоните кои себеси се затвориле и изолирале од целокупната Божја љубов. Поради тоа иконата/фреската нé поттикнува на љубов кон Бога, не само низ призмата на нашето индивидуално очистување од нашите страсти, но и преку очистување и измирување на нашите меѓусебни односи со Бога. Конечната цел на иконата и фреската е да ни помогне да го видиме Самиот Господ Исус Христос и светиите преку нашите духовни сетила, како потполно нови битија какви што никој претходно не ги видел и да ја зацврстиме нашата вера во вистинската светлина на Православната Црква, во сите денови на нашиот овоземен живот. м-р Илија Орачки Превземено од св.Спас - Драчево Изменето од Maran Ata - 06.Ноември.2008 во 10:39 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Tetratka, imash opomena, EvAngelos e vo pravo. Sekoe prepostiranje na vekje objaveni komentari i repliki se smeta za spamiranje.
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Tertatka, веќе неколку пати на повеќе теми спамираш самоцитирајќи си ги твоите километарски коментари кои веќе биле пишани на темите. Приметив исто така дека тоа го правиш кога некој добро ќе ви го "спушти" и ќе ве остави без зборови, па за да не ви се види срамот и да се замати дискусијата веднаш спамираш најчесто со самоцитирање километарски коментари.
Замисли како би било доколку и јас сега го посторам повторно мојот воведен километарски коментар на темава? А тоа и ќе го направам доколку модераторите повторно (по стоти пат веќе) замижат на оф-топиците и спамирањата, па да видиме што ќе стане од форумов.
Изменето од EvAngelos - 04.Ноември.2008 во 00:23 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
bratljube ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
kolku tastatura poarceno, za da se prepirate so Bog, zosto gi zabranil ikonite.
ama so Boga ima li prepirka sto moze da ja dobiete? |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |