![]() |
|
Мисирков |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 39> |
Автор | ||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Очекував повеќе од тебе. Зарем негледаш каков е стилот на кој пишува? Зарем негледаш дека зборува за пропаганда, гчка, српска и бугарска? Зарем можно е едно село да биде бугарско, а друго српско, а да зборуваат на ист јазик? Зарем негледаш дека прави анализа на состојбата, не дава констатација? Нели можеш да прочиташ меѓѕ редови дека Македонија станува цел на спротивставените пропаганди, а жртва на истите се Македонците. Јас сметам дек ти си жртва на бугарската пропагнада. Ако ти тоа неможеш да го видиш, тогаш неможам да ти помогнам. Сведок за ова е една моја прабаба. Кога стигнала да оди на училиште, ја прашале, какво училиште сака да посетува српско или бугарска, таа посакала македонско. На родителите им било кажано дека такво нема. По сила на приликите се запишала во бугарско. Дали според тебе таа била Бугарка? Јас знам таа што била и како се чувстувала. Точно знам што мислела за Бугарите, а бездруго знам што се и нејзините наследници. Ајде погоди! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Те разбрав многу добро, ама некогаш непотребното ширење на темите доведува до нејзинот уништување, а да не говорам дека севплеткува и дневна политика ( иако за ова има соодветен подфорум и слободно можам веднаш да интервенирам во постот ), крајно непотребно, а потоа кога интервенирам, некогаш и на барање на оние кои ја отвориле темата, веднаш некој негодува. Да не набројувам примери сега, најнов пример е темата за социјализмот, меѓутоа нема да дозволам да се претвори во философска тема, како што и оваа тема нема да дозволам да се претвори во дневнополитичка анализа. Овој пост е само констатација на она кое гледам дека се случува деновиве и постојано ми се префрла... |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За Русите не пишува ништо такво, значи твојата теорија не му е позната. Напротив пишува дека на Русија и` се блиски И СРПСКИТЕ интереси. Дураново, Лемански, Јастребов, Ростковски и целосно руската дипломатија се застапувале за српските интереси. Во руските кругови имало и просрпско и пробугарско течение. Драганов, а по него и Мисирков и Чуповски биле промотори на ново течение, кое било компромисно - МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ не биле ниту Бугари, ниту Срби, а посебна нација, различна и од Бугарите и од Србите. До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиiо догоор истапиiа со своите претенциiи на Македониiа србите. Србите во течеiн'е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеiцкото обшчествено мнеiн'е убедеiн'е, оти во Македониiа имат и срби. Праи ли сет они, или не, не iет важно за дипломатите. Ако селцкото населеiн'е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по прег'е, и зборуат одред низ цела Македониiа само на iеден словенцки iазик, - во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназиiи и основни сколиiи, на секаде ке наiме и србцки. Iедни села имаат србцки, друзи бугарцки скол.иiи. Едни сел'ани со нивните учители и попои признаваат патриархiата и сет под покроителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкиiо екзарх и слушаат бугарцкиiо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатиiата, коiа шчо имат да се броiит со деiствителноста, а не со теориiата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар iет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До рускотурцката воiна имаше само iедна теориiа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите. Привржениците на таiа теориiа пак се подраздел'уат: 1, на коiи шчо кажуваат, оти тоа стредно iет iеднакво далеко и от србите и од бугарите; 2. оти оно iет по блиско до србите; 3, отиiет по блиско до бугарите; оти част iет по блиска до србите, част - до бугарите. Не iет важно за дипломатите, каде iет истината. Важен iет факто, оти во Македонцкото прашаiн'е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србиiа iет не по малку заинтересуана во судбите на Македониiа. |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мислам дека постот е наместо. Кометарот се оденсува на цитатите на Мисирков, а кои се извадени од контекст. Македонците се велел Бугари. Кои се тие кои се велел Бугари и колку биле на број? Охрид е даден како компарација само, а со цел да се укаже дека она што им се сервира во Бугарија нема никаква врска со реалноста. Пописот кој мго споменува се однесув на онај од 1878 година во кнежевството, а не од 2002. Повоторно се однесува на оние луѓе кои се се велел Бугари. Прашањето е кои се стие што се велел Бугари. Некогаш кога се анализраат работите треба да се гледаат и од подруг агол, а не буквално збор по збор. Доколку се прави тоа така тогаш постои голема веројатност да на рботите гледаме еднодимензионално. Бугарите тоа многу добро го прават. Јас веќе повеќе пати имам напишано, кога се анлизираат работите треба тоа да се прави објективно, да се пронајдат мотивите на авторот и по можност да бидеме растоварени од некој национл-шовинистички роматизам. Со други зборови, меѓуредови постојат противаргументи, преку кои на еднодимензионалните и се сугерира да погледаат малку пошироко на нештата па и на цитатите на Мисирков. Изменето од Platenik - 04.Јануари.2010 во 17:36 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Темата е Мисирков, Платеник, не е Охрид, ниту пописот од 2002 година, ниту пак Каснакоски и другите.
Пишувате се и сешто во еден пост, потоа се жалите дека сме тирани.... |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ова е нов момент за мене. Не сум знаел дека Калников има изјавено такво нешто. Сосема е логично да постојат и такви личности. Меѓутоа кога зборуваме за руската политика и нејзините интерси за Блакнот, мислам дека нема недоразбирање. Руските интерси и политика се јасно дефинирани. Тоа е процес кој започнува пред 1878 година. Степендирањето на македонски студенти, па Ванелин, па Игнатиев, па руската политика за бугаризација на Македонија сите тие се фрагменти кои ќе одиграат силно влијание при формирањето на бугарската самосвест во Бугарија и кај одреден дел од македонското население. Велам одреден број. Не случајно Русија ангажира огромни воени ресурси и ја формира Бугарија во 1878 година. Тоа е само епилог на повеќе децениската стратегија на Русија да излезе на топлите мориња, зачинето со пансловенизмот. Познавајќи ја етничката структура на Бугарското кенжевство (според првиот попис) нормално е да се запрашаме кој е тој главен носител кој подоцна ќе постане основа на словенска Бугарија? Турскот население или македонското население кое по сила на приликтие политчки ќе се бугаризира? Јас Мисирков го читам кака автор кој прави една историска ретроспектива, анализа на настаните во рамките на политичкото опкружување во кое живее и твори. Човекот има јасно видување на нештата по однос на потеклото на Бугарите, политчки наметнатото име (од други, било Грци, било Руси, било Византијци) и парви јасно разграничување меѓу Македонците и Бугарите. Прав си, нема простор за полемика, доколку се вадат сегменти од неговите реченици, без да се сака да се разбере целокупниот контекст во кој истите се напишани. Зарем не е лудост да се тврди дека Охрид е најбугарскиот град? Градот и околината има 54000 жители, од кои 47000 илјади се декларирани Македонци. Точно се знае во градот кои луѓе се на пробугарска позиција и колку се на број. Еден грст. Па се прашувам кои се тие, да го цитрам Мисирков, кои се “велеле“ Бугари? Ќе ми простата нашите источни соседи, ама нациналната свест не се гради со декрет или преку ноќ. Зарем нели е нормално да си ја опевуваш сопствената земја?! Јас незнам некој во Македонија да ја има опеано Бугарија, а апсурдот да биде поголем тоа не го прават ниту бугарофилите. Дали ќе се најде некој кој ќе ми објасни, зошто Бугарија и нејзините граѓани се толку опседнати со Македонија? Изменето од Platenik - 04.Јануари.2010 во 17:15 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За Адам Калмиков ли се работи? Разјасни малку.
Модераторот ќе го префрли на соодветната тема. |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа се работи од општа култура , за некој кој сака да говори на оваа тема .
Калников , русинот , наредува стриктно да се користи името Македонија , Македонски , Македонец во 1878 година и завршува во наредбата со познатата реченица “ македонското име нема да загине “ . И сега што правиме ? Мисирков не бил во право а вие полемизирате зашто за Русите Македонците биле Бугари и така евидентирани . Неможам , едностано неможам да се уфрлам во темата , не ме разбирате ![]() |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Те разбирам целосно eptendosadno, и за Црквата и за Пулевски, ама бидејќи некои се бунат дека се разводнува темата и сакаат темите да имаат свој тек, а и навистина за се има теми на форумот, мора да се реагира, да се држиме до темата, сепак има за теми на подфорумот.
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Занам дека ќе бидам цензуриран , бидејки не го разбираат значењето на мојот пишан збор , но сепак , Пулевски е еден од учесниците и соработнците на руската војска - политика ....... Прочитајте ги писмата , ... на Македонското Востание - Кресна , наредбите на Калников и че дознаете дали бил Мисирков во право . Ако не бил во право , зашто ги користите тие цитати ? Е стварно нема амбиент за полемика ![]() |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Некои, Коснакоски, некои! Тие што поделгнале на рускиот морков. Голем предизвик било да се ослободиш од турско, но сепак бугарското име било и е фалшива монета во Македонија. Никако да расчистиме што значи поимот Бугарин или словенски Бугарин? Ако тоа го сториме тогаш поленсо ќе го разбереме и Мисрков. Не ми одговори, зошто си толку опседнат да читаш за македоските работи?! Зошто не се агнажираш околу бугарските работи, можеби тоа ќе те наведе на прав пат?! Изменето од Platenik - 04.Јануари.2010 во 14:37 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Значи, тоа го правеле поради ослободување од грчкиот Патријарх. Ама не забележува Мисирков дека многу Егзархиски села повторно се враќаат под Патријаршијата... |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...а наi главно по тоа, шчо македонците, за своiето ослободуаiн'е од грцкиiот патрик и от Турцко, работеа до последната руско турцка воiна заiедно со бугарите под името бугари Значи такво нешто тврди и Мисирков. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Како немало ?! ![]() Сосема си грешка, српска пропаганда имало, па и Српската Црква била присутна на терен, да не говорам дека до вчера половина овде скокаа и велеа Митрополитот Теодосиј Гологанов бил под влијание на српската пропаганда. Значи, ништо не сум одрекол, провери си ги фактите повторно, види што кажал Мисирков за српската пропаганда. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |