|
Индивидуи на изминатите 2 милениуми |
Внеси реплика | страница <1 198199200201202 217> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jok
potpisov ostanuva kako sto bil napisan pred 5 godini pozdrav i se naj naj naj i na drugite dva tamberci isto naj naj naj |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Авторката на книгата "Оркански височини",......
Емили Џејн Бронте е родена на 30 јули 1818 година, во Торнторн, северна Англија. Родена е како петто дете од шесте во семејството на Патрик и Марија Бронте. Татко и бил голем љубител на поезијата, објавил и неколку свои прозни книги и честопати објавувал текстови во локалните весници. Во 1821 година мајката на Емили, Ен, Шарлота и Бранвел, умира и оттогаш децата сакајќи да избегаат од несреќното детство креираат сопствен имагинарен свет, инспириран од "Гуливеровите патувања". По смртта на мајката за семејството се грижела таетката Елизабет Бранвел. Во периодот од 1824 и 1825 година Емили се школува во Коувен Бриџ, заедно со својата сестра Шарлот, а потоа образованието го продолжува дома. Големата библиотека на татко и и овозможила да ги прочита Библијата, Хомер, Вергилиј, Шекспир, Милтон, Бајрон, Скот... и многу други. Истовремено, Емили постојано ги читала и натписите и интелектуалните полемики во весниците. Во 1835 година, Емили заминува во Руе Хед. Носталгујата не и дозволила долго да остане таму и по неколку месеци се враќа дома. Во 1837 година шест месеци е ангажирана во Лоу Хил, во близината на Халифакс. Работела под менторство на госпоѓата Пачет, ка де според нејзината сестра Шарлот "неуморно ги извршувала работните обврски од шест часот наутро до единаесет навечер, со само половина час вежби". Упорни во целта постојано да го надградуваат своето образование, во 1842 година, Емили и Шарлот Бронте заминуваат во Брисел да изучуваат странските јазици и менаџмент. Истата година Емили се враќа дома поради смртта на тетката Бранвел, која дотогаш се грижела за домот и Емили по нејзината смрт ја презема оваа обврска. За разлика од сестра и Шарлот, Емили не можела да се пофали со голем број блиски пријатели. Напишала неколку писма и пројавува интерес за мистицизмот. Нејзиниот прв роман "Оркански височини" е објавен во 1847 година. По неговиот текст е напишано сценарио и филмуван е неколкупати. Особен впечаток освата верзијата во која главните ликови на Кети и Хитклиф ги толкуваат Мерл Оберон и Лоренс Оливие. Емили Бронте умира на 19 декември 1848 година од туберкулоза, откако се разболела на погребот на нејзиниот брат Бранвел, во септември истата година. По појавувањето на романот "Оркански височини", некои скептици тврделе дека романот е дело на Бранвел, задржувајќи се на тоа со образложение дека ниту една жена со биографија, како онаа на Емили Бронте не би можела да напише толку страсна приказна. ...... По смртта на Емили нејзините сестри Ен и Шарлот го посетуваат Џорџ Смит за да го откријат својот идентитет и да помогнат да се стишаат гласините дека зад псевдонимите на нивните дела стои еден автор. По смртта на сестрите, Шарлот ќе објави второ идание на нивните романи кои содржат и објаснување за неточното толкување од страна на критичарите за романот "Оркански височини". .................. Изменето од bijonse1 - 12.Февруари.2010 во 22:44 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jo Luis
e kotle koe bilo prebieno od belec so arievska rasa i za malku mu ja skrsi kicnata no kotleto vezbase vezbase i se navezbal i go docelal hitler jungenovecot sred njujork vo prva runda mu vrati zdravo za gotovo nemase tamu daj mi nati nego samo nati nati na ti na ti nati i od togas postoi izreka go izel kalapot i ne se zakacaj so raperite
44. Tomas Alfa Edison poznati se dve raboti za nego 1 koga se rodil tatkomu go ucel neso grcki no slabo naucil 2 izmislil sijalica – koja denes sveti vo spalnite za da mozat voaeri podobro za dzirkat ili eksibicionistite da im go olesnat vidnoto pole na voaerite Изменето од anakin - 13.Февруари.2010 во 11:26 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕСИ... се враќа дома... Каде и да скита... Леси секогаш се враќа дома... Lassie е всушност измислен лик, кој го игра овчарското куче Pal (1940 – 1958) во филмската екранизација на новелата "Леси се враќа дома".... од 1943 год. Оваа индивидуа денес претставува синоним за оние индивидуи кои секогаш талкаат... талкаат... талкаат.... и на крајот повторно се враќаат дома..... |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овој пост "мора" да се "апдејтира"....!!! Значи она што требаше да биде Burj Dubai... највисоката индивидуа изградена од човечка рака... сега всушност се вика Burj Khalifa ..... и наместо планираните 636 метри, таа е висока 828 метри... Изградбата на овој облакодер започна во септември 2004.... заврши октомври 2009.... а официјално беше пуштена во употреба на 4-ти јануари 2010 год. Ете гледате што прави нафтата.... Затоа, немојте да пиете нафта.... Значи.... највисока индивидуа во светот е Burj Khalifa - 828 метри... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Надија Елена Команечи Најпозната ромаска и светска гимнастичарка за сите времиња. Родена на 12.11.1961 год . во Онешти Романија. Со гимнастика почнала на шест годишна возраст за да 1976 год. стане најславна гинастичарка на свет освојувајки го златото на двовисински разбој како единствена прва оценка 10 добиена на Олимписките Игри во 1976 во Монтреал. На Олимписките Игри во Москва 1980 год повторно триумфира освојувајќи злато на греда и партер//. Во нејзина чест еден елемент на двовисински разбој го доби нејзиното име ,,команечи,, кој може да го изведат само најквалитетните гимнастичарки поради тежината на истиот..... Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 17:36 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа Хелен Келер-синоним на човечката упорност
Хелен Келер е според мене најголемата жена на сите времиња,родена е во Таскумби,Алабама сојузна држава во САД на 27 јуни 1880 година.На две годишна возраста има заболено од Енцефалитис,и од последиците од болеста останува глувонемо-слепа до крајот на својот живот.Целиот понатамошен свој живот го има поминато во сопствената тишина и темнина.До својата седма година живее потполно повлечена самата во себе,само со својата тишина и темнина.На седумгодишна возраст добива негувателка со име Ени Саливен која со неверојатна жртва и упорност почнува да ја учи Хелен на буквите со помош на допири на рацете од своите прсти.Потоа и покрај големите тешкотии кои на моменти биле и непремостливи поради одбивноста од Хелен и нејзината тешка состојба,Ени почнува да ја учи на читање говорот на другите со помош на допирите на усните и грлото.
Преголемата интелигенција на Хелен дошла до израз веќе после еден месц кога веќе знаела околку триесет зборови,додека за една година нејзиниот интлект располагал со околу илјада зборови кои ги научила со помош на рачната азбука.
Многу брзо ја совладала и Брајовата азбука и можела да пишува и писма.
На четиринаесет години почнала со системаско учење по школски систем.
На осумнаесет години Хелен се запишува во редовна гимназија,Ени е постојано со неа и ги пишува забелешките место Хелен и и помага во учењето.На деветнаесет години Хелен се запишува на студии во Редклиф колеџот во Масачусетс за да студира Книжевност и Историја.
Во 1904 година Хелен Келер дипломира и со тоа станува прво лице во светската историја кое завршило високо образование.Знаела да чита и пишува на четири јазици.
Потоа станува активист на правата на глувонемо - слепите лица во САД и добива светска слава и огромно почитување во светот.
Нејзиното влијание и популарност може да го видите на следната фотографија,каде разговара со помош на допири на устата и грлото со Американскиот председател Двајт Ајзенхауер во 1953 година.
Хелен Келер умира 1968 година,на 87 години старост,и до ден денешен се спомнува во светот со најголемо почитување бидејќи цел свој живот го искористила за правата на глувонемо - слепите луѓе.
Хелен Келер е икона на луѓето кои живеат во темнина,и кои ја гледаат единствено неа како своја светлина.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуална индивидуа... (мислам... ова си е "моја" индивидуа)... "ВЕШТАЧКА ГЛАВА" Имагинарна индувидуа произлезена од детската фантазија..... Помнам.... кога бев многу, многу мал.... на ѕидот од една зграда имаше нацртано еден ваков лик ....... Сите деца велеа дека таму живее ВЕШТАЧКАТА ГЛАВА....... Мислам дека никој од нас во тоа време не знаеше што значи зборот ,,вештачка,,... ... но звучеше страшно..... Па кога во градинка си раскажувавме што е најстрашно на светот... и кога едно девојче рече дека - Диносаурусот бил најстрашен... Реков.... “Тоа не е ништо..... најстрашна е Вештачката глава”... И сите се плашеа...!!! Никој од нас не се осудуваше сам да помине покрај ѕидот... Таму живееше страшната индивидуа која ги плашеше малите дечиња... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕНА ВЕКО ........
Дали
се сеќавате??На оваа млада девојка и нејзиното присуство...... КАКО ПРВА МАКЕДОНСКА РАПЕРКА во средината на 90-тите? Ена Веко моментално живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде по раскинувањето на соработката со нејзиниот чичко, авторот на хитовите, Тоше Поп Симонов дошла да студира психологија. Инаку нејзиното вистинско име и презиме е Елена Домазетовска..... Изменето од bijonse1 - 15.Февруари.2010 во 17:41 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KARMEN ELEKTRA
manekenka za goliavi sliki tuka http://zharche.blog.mk/2010/02/16/carmen-elektra/ mozete so mishot da si poigrate so nejzinite kvaliteti i to |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мата Хари фаталната жена......
Фаталната жена Мата Хари била убава танчарка со холандско потекло и к*ртизана... била жртвено јагне на Французите кои ја осудиле за шпионажа и ја погубиле во Првата светска војна за да го кренат националниот морал. На нејзиното судење се тврдело дека таа била одговорна за смртаа на најмалку 50 илјади француски војници зашто пренесувала тајни од Сојузниците на Германците. "Но има силни докази дека таа била невина во однос на шпионажата", вели Шипман, професор по антропологија на Државниот универзитет во Пенсилванија. "Кога ја уапсиле војната не одела во прилог на Французите, а таа била туѓинка, била многу секси, имала афери со секого и живеела во раскош додека жителите на Париз немале леб за јадење. Имало големо непријателско расположение кон неа". Шипман вели дека позицијата на Мата Хари во 1917 година била слична на онаа на Мерилин Монро во 1960-тите години, секаде ја препознавале и ја сметале за најсекси и најпожелна жена во Европа.......... Изменето од bijonse1 - 18.Февруари.2010 во 18:29 |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БУБА МАРА
Индивидуата со црвен грб и црни точкички... Зошто кога ќе се пронајде ова ситно инсектче предизвикува толку убави чувства? Кога дечињата безгрижно си седат или играат во зелената трева... и кога во неа ќе го забележат ова инсектче... ќе го земата на прстето... ќе го остават малку да прошета по нивната дланка... и тогаш ќе замавнат со неа... за таа да полета и ќе запеат... “Лет, лет Буба Маро, доне си ми гости”.... Дали некогаш сте го преброиле бројот на црните точкички на Буба Марата ??? 7 Затоа уште ја нарекуваат и C7 ... или ladybird (госпожа-птица ?!?!?!) Се прашувате, дали можеби Буба Марата навива за ВардАР или за Милан... И кога сме кај фудбалот и Буба Марата..... има уште една индивидуа која е поврзана со овие две имиња..... а тоа е позната фудбалска топка Буба Мара. Во 1970 год. Adidas ја претстави Telstar - кожната топка со 12 црни и 20 бели пентагони... која се користеше на Светските фудбалски првенства Мексико '70 и Германија '74. и беше широко прифатена и кај народните маси... а особено беше популарна кај децата..... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АТИНА БОЈАЏИ
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АМАЗОНКИ дали е мит или вистина ...... Самиот збор иде од грчки а-без, таѕоѕ дојка,) ........ 1. мит во старогрчката митологија жени-воини, учествувале во Тројанската војна, уште во детството им била отсечувана или изгорувана десната дојка за да можат полесно да ракуваат со лак и стрела..... 2. фигуративно означува........ силни и храбри жени ...... Жената - воин е лик присутен во историјата, литературата, филмот и митологијата. Во пресрет на европската историја, семоќната жена-воин се појавува во грчката митологија во ликот на Атина, божица на војната и мудроста. Нејзини знаци се утка и чавка, како и штитот. Преданието вели за разлика од нејзиниот брат Ареја, бог на војната, Атина речиси никогаш не ја губела битката. Причина за тоа било нејзиното извонредно познавање на воените вештини и тактика, па мудрите војсководци често и се обраќале за помош. Интересен е и митот за раѓањето на Атина: Зевс ја проголтал титанката Метиду поради пророштво дека таа ќе му роди син кој ќе го уништи. По тој чин, Зевс го здоболела главата, и со "мала" интервенција на Хефестовиот чекан, од главата на врвниот бог излегла вооружената Атина... Интересен пример е и кралицата на Амазонките, Пентесилеја, која успешно се борела против Грците во Тројанската војна. Во некои верзии дури се тврди дека таа го убила Ахил. . . Сликата на жените - воинки во 21 век е поинаква: денешната воинка користи ново оружје - компјутер, мобилен и разни електронски помагала. Жените се почесто се решаваат за оваа опција, што е и разбирливо: без оглед на машката фантазија, за денешните жени многу е досадно да се биде нежна и беспомошна принцеза. ................ Изменето од bijonse1 - 25.Февруари.2010 во 18:30 |
|
Внеси реплика | страница <1 198199200201202 217> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |