IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Свети Кирил и Методиј
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свети Кирил и Методиј

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 24>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:08
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Разобличени нанај.

Убаво си пишува во документите дека врски имало. Со толкување не може да се разобличува. Измислуваш дека Методиј го напишал овој ЗСЛ за Брегалничката мисија и разобличуваш. Како така разобличуваш кога си измислуваш нешто без потврдување од никој документ и врз основа на твоите измислици, кои веќе ги прифаќаш како самата вистина разобличуваш.


Во кои документи Каснакоски? Оние составени 300 години по настаните?! Документи во кои врски имало, додека Императорката водела војни со Бугарите? Во желбата да докажеш постојана врска со Македонија, веќе теориите почнуваат да ти се граничат со безумие...

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Тоа што сестрата на Борис учела во Цариград е толку добро документирано, што нема шанси да го разобличиш на никој начин.


Да, учела со децата на непријателите, додека братот и нејзината заштитничка војуавле. Може и некој "верува" во тоа.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Житието на Климент Охридски како го разобличуваш? Било од покасно време. Арно, ама Теофилакт не си измислувал, туку препишувал од словенско житие. Доказ сакаш?


Житието на Теофилакт не ме интересира, мене ме интересираат документите од местото на настанот.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Македоне, не покажа ниту еден доказ за ништо, а разобличуваш.
Како викаше ти, да се смее ли човек, да плаче ли или како беше?


Ти каков доказ покажа? Мене ми се доволен доказ Панонските легенди и војните кои се воделе. Тоа се факти, а ти навлегувај во "документи" пишувани векови подоцна.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 16:50
Твојот проблем е што не можеш да ги ситуираш настаните во времето.
Каде има Брегалничка мисија во Панонските легенди?
Кога ја напишале азбуката според Панонските легенди?
Како е името на мајката на Кирил и Методиј според Панонските легенди?

Што се однесува до Теофилакт - од каде се знае што правил Климент во Кутмичевица? Колку ученици имал? Како ги облагородувал овошките? Од каде се знае дека станал епископ и т.н.
Ако не ти текнува - се што се знае за Климент е од неговото житие, препишано од Теофилакт од некој словенски првообраз.

Нај ми е интересно да те читам за сестрата која учела при непријателката Теодора. Кој кажал дека токму кога била во Цариград борисовата сестра, Теодора била непријателка?

Поедноставно кажано, историјата треба да се толкува, а не да и робува на фактите. (д-р Милан Бошкоски, историчар)
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 17:03
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Твојот проблем е што не можеш да ги ситуираш настаните во времето.
Каде има Брегалничка мисија во Панонските легенди?
Кога ја напишале азбуката според Панонските легенди?
Како е името на мајката на Кирил и Методиј според Панонските легенди?



Твојот проблем е што теоријата (ако може и да се нарече теорија нешто со толку многу недоследности) "един народ" си ја применуваш каде стигнеш, па и во антиката. Брегалничката мисија не е потврдена целосно, но токму со тоа што се смета дека Законот за судење на луѓето е од тој период, тоа е теорија на историчари на правото, се семта дека се случила тогаш.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Што се однесува до Теофилакт - од каде се знае што правил Климент во Кутмичевица? Колку ученици имал? Како ги облагородувал овошките? Од каде се знае дека станал епископ и т.н.

Ако не ти текнува - се што се знае за Климент е од неговото житие, препишано од Теофилакт од некој словенски првообраз.


До вчера се сметаше и дека св.Климент ја измислил кирилицата, ама денес е јасно дека измислена е во Преслав. Сето тоа кое се знаеше вчера, денес веќе е променето.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Нај ми е интересно да те читам за сестрата која учела при непријателката Теодора. Кој кажал дека токму кога била во Цариград борисовата сестра, Теодора била непријателка?

Поедноставно кажано, историјата треба да се толкува, а не да и робува на фактите. (д-р Милан Бошкоски, историчар)


Oчигледно го заборави ти и фактот дека Teoфил бил истотака донекаде непријател, а и дека св.Теодора се поргижила само правоверни да останат во близина на царскиот двор. Ако сестрата на св.Борис била паганка, не верувам дека св.Теодора ќе ја оставела да се доближи до Цариград, а не пак да остане кај неа.

Мене најинтересна, а секако и најсмешна ми е теоријата дека таа била вереничката на св.Кирил, а и дека учела со Михаил III.

Таму нема толкување, туку напуштање на разумот.

Изменето од Македон - 05.Октомври.2010 во 17:04
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 17:20
Напуштање на разумот е кога тврдиш нешто, а не го потврдуваш со ништо. А сестрата на Борис била христијанка.

Ете и од домашен извор.


Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 17:26
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Напуштање на разумот е кога тврдиш нешто, а не го потврдуваш со ништо. А сестрата на Борис била христијанка.

Ете и од домашен извор.




Значи Царот Теофил ја пуштил сестрата назад? Тоа значи дека кога Императорката Теодора го заземала престолот, сестрата веќе била во Бугарија.

Ако мислиш дела е тоа Михаил III, кажи, па јас да си го кажам мислењето.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 17:49
Sigurno e Mihail.

A ete go pak logotetot od Panonskite legendi se javuva i vo kratkoto zhitie.


Shto imame?
1. Sestrata na Boris uchila kniga vo Carigrad.
2. Konstantin uchil so sestrichishte carja Mihaila
3. Logotetot mu ja predlaga svojata duhovna kerka od blagoroden proishod za zhena na Konstantin /toa e od Panonskite legendi/

....

Zoshto spored tebe ne e vozmozhno da se raboti za edna lichnost?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2010 во 23:45
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Sigurno e Mihail.

A ete go pak logotetot od Panonskite legendi se javuva i vo kratkoto zhitie.


Shto imame?
1. Sestrata na Boris uchila kniga vo Carigrad.
2. Konstantin uchil so sestrichishte carja Mihaila
3. Logotetot mu ja predlaga svojata duhovna kerka od blagoroden proishod za zhena na Konstantin /toa e od Panonskite legendi/

....

Zoshto spored tebe ne e vozmozhno da se raboti za edna lichnost?


Aко тоа е Михаил III, кој поради мировниот договор ја пуштил сестрата назад во Бугарија, а очигледно така е според документот, бидејќи пуштањето било пред покрстувањето, како ќе го објасниш нејзиното присуство во Цариград во време на војната со Императорката?

1. Во време на војната со св. Борис. Секако дека непријателката не учела со децата на Царицата Теодора.
2. Да, Панонските легенди говорат дека учел со Михаил III, а не со сестрата на Борис. Теофил и Теодора имале многу ќерки, па несомнено ако учел со Царот, учел и со сестрите на Михаил III.
3. Ти објаснив дека духовна ќерка на лице кое не е свештеник е посвоена ќерка или ќерка на жената. Не случајно некаде пишува дека Јустинијан имал ќерка, иако немал.

Поради сите овие причини нема можност да се работи за една личност.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 13:31
Originally posted by Македон Македон напиша:


2. Да, Панонските легенди говорат дека учел со Михаил III, а не со сестрата на Борис.


Daj citat da vidime dali ima takvo neshto vo Panonskite legendi.

Koga uchel so Mihail? Neli Mihail bil mnogu pomlad, roden 840? Treba da uchel so chichkovcite.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 13:41
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


2. Да, Панонските легенди говорат дека учел со Михаил III, а не со сестрата на Борис.


Daj citat da vidime dali ima takvo neshto vo Panonskite legendi.

Koga uchel so Mihail? Neli Mihail bil mnogu pomlad, roden 840? Treba da uchel so chichkovcite.




„Момче, не мачи се. Заречен сум веќе никого да не учам во животот мој.“ А момчето пак му се клањаше и го молеше со солзи: „Земи го сиот мој дел што ми паѓа од куќата на татко ми, само научи ми.“ Бидејќи овој не сакаше ни да го чуе, момчето отиде дома и усрдно се молеше да му се исполни желбата на срцето негово.
Господ набргу ја исполни желбата на оние што се плашат од него. За неговата убавина, бистрина и прилежност во учењето, беше дочул царскиот управител, нарелен логотет, па испрати по него за да учи заедно со царот. Момчето кога чу, радосно тргна на пат...

Панонски легенди

Во ова јас искрено, се сомневам. Се смета дека Михаил III не бил многу умен, затоа што и не било посветено големо внимание на неговото образование, па затоа и подоцна никакви забележителни успеси нема од страна на Михаил, се што било постигнато, било постигнато од Теодора.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 14:37
Дај да ги сравниме преводите на македонски и на бугарски, ама мене ми се чини дека да учи со царот Михаил е невозможно, поради возраста.


Dali nema greshka vo prevodot i namesto so carot da bilo pri carot?


Изменето од Каснакоски - 06.Октомври.2010 во 14:37
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 14:47
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Дај да ги сравниме преводите на македонски и на бугарски, ама мене ми се чини дека да учи со царот Михаил е невозможно, поради возраста.


Dali nema greshka vo prevodot i namesto so carot da bilo pri carot?


Не е само возраста во прашање, истотака и степенот на образование.

Дадена ми е книгата, таму има прекрасен превод, ќе проверам штом можам.
Доколку е при царот, најверојатно учел со сестрите на Михаил. Доколку е така, тогаш е можно да учел со некоја од ќерките на Теофил и Теодора.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 15:19
Кирил бил на 15 години кога заминал за Цариград, Михаил бил на 2-3. Како ќе учат заедно? Невозможна работа. Константин и Михаил учат философија и геометрија.....
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 15:40
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Кирил бил на 15 години кога заминал за Цариград, Михаил бил на 2-3. Како ќе учат заедно? Невозможна работа. Константин и Михаил учат философија и геометрија.....


Ниту Теофил, затоа што бил доста постар од св.Кирил. Ќерките на Теофил и св.Теодора биле на речиси иста возраст со св.Кирил. Очигледно св.Кирил учел со некоја од нивните ќерки.

Има и уште нешто кое во Панонските легенди треба да биде проверено, а кое чинам исто не е правилно пренесено, ама ја немам книгата, па засега тоа ќе си го зачувам за себе.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2010 во 16:02

Некоj говореше што буквата "ю" (YU) е од руската граганска редакциjа на кириличното писмо.
На овоj крст сопсвеност на бугарскиот цар Георги Тертер убаво се види истата буква "Ю" во центарот на крстот во изразот "любов"
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 24>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.