|
Што прави опозицијата?! |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 41> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поточно за жалење е... ... моите пријатели во Македонија се подржувачи на СДСМ. Прекрасни луѓе од секој поглед со кои секогаш ми е мило да се дружам и да разменувам мислења кога сум во татковината. Деновиве се слушам и се допишувам со нив за да разберам какво е расположението меѓу нивното членство... гледам дека се разочарани и се чувствуваат изманипулирани и дoведени во некоја слепа улица. Повеќе не знаат што да веруваат и кому да веруваат. Незадоволни се од насилничкото однесување на Црвенковски и збунети се од контрадикторните изјави на врвните луѓе од партијата. Како што одат работите Црвенковски ќе остане самотник во неговата "револуција" и ако некој експлодира, тога ќе биде тој... како некаква минијатурна ефтина петарда. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Навистина не ми е јасно што прави ова опозицијава....особено не ми е јасно што им прави Бранко на ова вмровците, каква е таа моќ да им влезеш на луѓето во секоја клетка на мозокот.... да се будат со Бранко, да живеат со Бранко цел ден и навечер кога ќе легнат во кревет, пак да се обземени со Бранко....ебати моќта што ја има до толку да се испосрани од Бранко....
баш ме интересира дали ги плашат децата : ако не јадеш, ќе дојде Бранко и ќе те земе.... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
При толу бајачи во Македонија и пошироко не најдоа чаре да им забаат од уплав од ној лидер на опозицијата-вели едена комшика
-Пушти Сител-пола саат од вестите за него зборуваат. Пушти друг канал за да видиш некоја реклама- Пак суратот на лидерот на опозицијата?! Зашто бре плаќаме радиодифузна такса, зашто толку народни пари одат на владини реклами -за него песплатно да го рекламираат До кога бре опозицијата се ќе добива бесплатно? И сега одговор на прашањето- Што прави опозицијата? Па гледа реклами на кој е рекламирана!!!!! |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
100 % сум сигурен дека не знаеш што прават!!!
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...jas bi dodal ...a i nekoi ''Ne''vmrovci...se posraa od cerekanje ,kako shto moze da vidime! p.s...kolku za ilustracija, ...imashe barem ushte duplo povekje od tie shto se na slikata , ...na ulicata shto e megju bolnicata i onoj parkot ,...kako mu beshe novoto ime...aha...''na Glupavi spomenici ''! ...zatoa ne treba da im veruvash na svoite ochi,...ako neshto ne go videle...realno ...t.e...kako shto e , a ne na nekoja si slika ,....iako i tolku pak ne im menjaat nishto na ...naslovnite.
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ма БЦ е страв и трепет,ако они викаат не е страшно.како занимална им е...
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оноа што го мисли дијаспората го мислат и македонските граѓани во Републиката. Еве што зборува најстариот парламентарец во Република Mакедонија во неодамнешното интервју:
На македонската политика и фалат луѓе, за се друго имаме решение Ве поврзуваа и потоа за соработка со Црвенковски иако фактички вие од 1996 година наваму ја спроведувате визијата за самостоен настап на изборите, надвор од коалицијата на СДСМ. Како го коментирате тоа? - Со Црвенковски одржував контакти и кога беше тој претседател на државата. Тој сака така малку да се мангупира, па тие контакти ги усложнуваше и се правеше како недопирлив, меѓутоа тој сам си придонесуваше да слабеат тие врски. Кога ги изгуби изборите во 1998 година, тој се исплаши за својата положба и ме бркаше два месеци да направиме еден договор за вечна коалиција. Тој го срочи договорот, го направивме, го потпишавме удривме и печат, потписи... се регулиравме, меѓутоа подоцна кога му се укажа првата прилика, тој го прекрши договорот и го откажа. Така што таквите прекини на контакти не доаѓаа од моја страна или од партијата, доаѓаа поради егзибициите што човекот сакаше да ги прави во тие периоди. Па, еве и ден денеска тоа така се одразува. За разлика од него, ние сме во коалиција од 2006 година со господинот Груевски. Тој е исто млад човек, меѓутоа тоа што ќе договорите со него, тоа е договорено и нема отстапувања, иако може ќе треба повеќе време за договор. Мене ми одговара таквиот стил на работа и таквите луѓе ги почитувам. Јас сакам луѓе што се од договор, што се од збор, што се еснафи, што чесно се однесуваат. Не сакам мангупарии и мангупски потези. Сега те превари, па мисли дека и утре ќе може тоа да го прави. Со ВМРО-ДПМНЕ и со сегашниот претседател на партијата Никола Груевски соработувате уште од 2000 година, тој ја има вашата силна поддршка од 2001 година. Од 2006 и формално Социјалистичката партија на Македонија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Што е тоа што го има Никола Груевски што ве тера, ви дава мотив, да го поддржувате 12 години без исклучок? - Основна, прва, работа, добро да се запамти, го поддржувам, затоа што тој си ја сака државата, си го сака народот, си ја сака нацијата, затоа што е патриот и затоа што е трудољубив. Ист сум и јас. Таков сум бил, така сум живеел и еве така еден ден нема да ме има. Значи, тоа е нешто што не спојува како луѓе, не само како партии. Најважното што јас го сакам, што посебно го ценам, е што сака да работи, што сака да направи, што сака да створи. Најголемиот дел од своето време го жртвува во работа за резултати, во развојот на својата земја и својата држава на сите полиња. Второ, тој помина низ еден процес за оформување на личноста и работеше во повеќе сектори како што се финансиите, банкарството, трговијата, економијата. Тој е млад човек и дојде во голема мерка како зрела личност. Меѓутоа, она што е најважно, тоа сите веројатно го приметуваат е што тој многу брзо се реформира, многу брзо се менува, а тоа е голема работа. Не е оној истиот Никола Груевски од 2001, од 2005, 2006 и Никола Груевски од 2012 година. Сака да учи, сака да напредува и сака се да направи за народот и за нацијата. Во наредниот период моето влијание, мојот притисок на Никола Груевски, ќе биде уште повеќе да се посвети на економијата, уште повеќе да вложи енергија, тој е млад, може тоа да го направи, сегашните напори треба да ги утростручи. Има ли СДСМ таков политички капацитет за брзо да се реформира како што се реформира ВМРО-ДПМНЕ и како што Никола Груевски успеа да ја стабилизира и да ја издигне партијата на повисоко ниво? - Што се однесува до опозицијата, сега ќе ви кажам што точно мислам. Ние треба да ја поддржиме опозицијата да зајакне. Сега ќе се чудите зошто. Па, ако немаме ние силен партнер визави себе, кој ќе биде јак со идеи, со програми, со визии, ако немаме кој ќе не мотивира, ние ќе почнеме да пропаѓаме. Така пропаднаа сите царства. Значи треба да имаме јака опозиција, а не ваква. Ваква опозиција нас ни отвора фронт. На 6 избори бевме, 6 пати победивме, уште 60 да има, на 60 ќе победиме. Што од тоа ако победиме ако некој не не мобилизира. Според тоа, јас мислам дека опозицијата ќе дојде време кога самата себе ќе мора да се реформира, инаку ваква збирштина прво се растуриле, па се спојуваат, па циганска работа. Што очекувате да се случува во Македонија и со македонската економија во следните пет-шест години? Какви се вашите прогнози? - Да не дојдеше во 2006 година оваа коалиција, каде ќе бевме ние со онаа политика и она темпо и оној начин на работа. Ма каква Грција, ние ќе ја прешишавме и Танганика, ќе бевме на дното денеска. Во една ваква ситуација владата покажа една страотна виталност, енергичност, борбеност да ги сочува состојбите во Македонија, да ја одржи во живот и овде-онде да постигнува и ефекти, резултати. Ние не сме затворен пазар, и голема држава, па да можеш да се затвориш и да ги амортизираш ударите од надвор. Според тоа, како што ќе се оправа ситуацијата во Европа, така и ние многу побрзо отколку други држави од Европа со оваа политика ќе излегуваме од криза. Изменето од Messenger - 03.Јануари.2013 во 20:34 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро бе Меси... ти стварно мислиш дека Зинго е... репрезентативен и релевантен примерок за мислењето на македонските граѓани... Изменето од којсумјас - 03.Јануари.2013 во 22:33 |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зинго е многу долго во политиката, со многу искуство, партијата што ја води има константен број на симпатизери последниве 20 год., секогаш воделе умерена политика без многу трзавици, не се склони кон афери и сл. Партија се што најмалку била во опозиција сиве овие год. А тоа веќе нешто збори за нив, дека и те како се релевантни.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ти бе Зекси... мора да се заебаваш... партијата која најмалку била во опозиција сите овие години... значи дека била со сите... и со никого... Ѕинго е батка олицетворение... на македонските олигарси... и тој е во власта... и Кољо се бори против таквите олигарси... и монополи... и бонови наместо пари... и Ѕинго е батка транзиционен политичар... и Кољо не ги сака транзиционите политичари... кои се нели виновни за состојбата во која ни е државата... и Кољо е во коалција со транзиционен политичар... со Ѕинго... и ти ми кажуваш, он бил релевантен примерок за мислењето на македонскиот народ... и ти Зекси... мора да се заебаваш... или пак си од дијаспората... а...? Изменето од којсумјас - 03.Јануари.2013 во 23:01 |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a ne , Mortusot ne se zaebava , seriozen e kako mrtovec,...takvite kako toj star kratovski lopov mu se primer vo posledno vreme i voopshto sekoj tat shto ne e ortak so negoviot bubuljichast bauk !
...ti mu vikash ''a'' ,a on zapnal ...be pa be! ...a be ,zaedno so onie na ulicata pozadi bolnicata, shto ne gi gledash, ke mozea i 5(pet) kafani ''dupke'' da ti se napunat ! ...
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I zgora na toa, ushte sekoj so po edno shishe rakija ! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОК, Зинго не го бива оти ги кажува своите негативни лични искуства со Бранко, политичките аналитичари појма немаат од политика штом ги критикуваат Бранко & Co, новинарите кои говорат и пишуваат против истава група се платеници на владата, странските набљудувачи кои повикуват на мир и на почитување на редот, Уставот и Законот на државата се корумпирани, дијаспората појма нема што говори бидејќи не живее во Македонија, а македонскиот народ е глуп што гласа шест пати едно по друго за позицијата, па затоа и кога греши демек е во "право"... ... е ајде тогаш посочи, според тебе, некој друг релевантен авторитет што ќе го признаеш и ќе ти биде по воља. Изменето од Messenger - 04.Јануари.2013 во 03:18 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 41> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |