|
Македонски кредитни картички на интернет |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da prijavam deka dosega imam dobro iskustvo so Visa electron na Prokredit Banka. Na google sistemot ja prima bez problem.
|
|
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жителите на ЕУ пазарат од фотелја, ние уште си ги сакаме продавниците
Македонската Влада со поддршка за отворање е-продавници веќе две години го поттикнува он-лајн пазарувањето и кај нас, но старите навики изгледа тешко се искоренуваат. Исто така, пристапот на македонските граѓани до интернет се уште е помал отколку на жителите на ЕУ. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2012 година од вкупниот број домаќинства 64,2% користеле компјутер, а од нив пристап до интернет имале 58,3%, што е за 3,3 процентни поени повеќе отколку во годината пред тоа. Според една анкета, кај нас интернет најмногу се користи за читање весници, а за шопинг, како што кажуваат истражувањата на ДЗС - многу малку. Дури 88,6% од корисниците на интернет никогаш не направиле он-лајн порачка на производ или услуга. Во последните три месеци такви нарачки имале само 4,3%, а во последната година 7,8% од испитаниците. На прашањето дали кога било нарачале нешто преку интернет, позитивно одговориле само 11,4% од анкетираните. Он-лајн шопингот во Македонија најмногу е користен за купување облека и спортска опрема. Вакви набавки направиле 29,8% од лицата кои шопингувале преку компјутер. Следува резервирањето хотелско сместување за летување или друго (19,4%), па набавките на производи за домаќинство (18,4%). Прехранбени и други производи преку интернет порачале само 8,1% од он-лајн купувачите, а книги, списанија и е-книги 17,7%. Повеќе од половината, или 54,8% од таквите набавки се направени од продавачи од Македонија, 36,2% од ЕУ и 24,9% од други земји. Интересен е податокот до кој дошле аналитичарите на ДЗС, според кој 45,5% од македонските домаќинства сметаат дека воопшто немаат потреба од интернет.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во големите метрополи се штеди на време со онлајн купувањето. Ние сеуште ја немаме таа потреба бидејки не живееме во градови од по неколку милиони жители но и целата магија при купувањето е да излезиш од домот и да ја осетиш еуфоријата и радоста на тој чин ... |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако го усвојат ова ќе биде супер.
И онака сега со 90% од картичките може да се купува преку интернет без никаков проблем.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |