|
Копа Америка |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аргентинските медиуми огорчени поради ремито
Репрезентативците на Аргентина се разбудија со горк вкус од неуспехот против Боливија. Аргентинските медиуми веќе 'отворија оган', а прстот е вперен кон Меси... Аргентина ремизираше со Боливија, а евентуаелн пораз избегнаа во 76. минута благодарение на погодокот на напаѓачот на Атлетико, Агуеро. Магазинот "Оле" бил најостар кон избраниците на селекторот Батиста. На насловната страна на овој магазин се наоѓа слика од Меси со натпис "Кој си ти?", алудирајќи на тоа дека фудбалерите на Боливија не придавале внимание на големите имиња во аргентинската репрезентација. Исто така, додава дека Аргентина сеуште е зелена и дека имала лош старт пред домашната публика. На другата страна, "Кларин" наведува "Агуеро единствениот херој". Во понатамошниот текст се вели "Тимот на Батиста беше далеку од фудбалската идеја која сака да ја применува идека прикажале лоша игра". Меси беше во центарот на вниманието кај критичарите од новинарската фела, бидејќи беше најголема надеж за "гаучосите", а речиси ништо не покажа на теренот. "Лео, без сомнеж, не беше лидер и далеку од тоа што е во можност да го прикаже" - се наведува во магазинот "Оле". |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВИДЕО: Шок на стартот: Аргентинците едвај до бод со Боливија
Иако пред почетокот на Копа Америка најавуваа атак на титулата, фудбалерите на Аргентина ги разочараа домашните навивачи на стартот на јужноамериканскиот шампионат играјќи нерешено 1-1 со Боливија. Аргентинците не се снајдоа најдобро во првите 45 минути откако во средниот ред Маскерано, Камбијасо и Банега им недостасуваше креативност што го натера Лео Меси се почесто да прииѓа по топката и далеку од голот да ги започне навивачите на "гаучосите". Боливија не правеше грешки, а потоа на стартото на второто полувреме следуваше шок. Едивалдо по корнерот одлично реагираше, а тоа не може да се каже и за Банега кој стоеше на првата статива и успеа топката да му пројде низ нозе. Ромеро се обиде да ја запре топката пред да ја мине линијата, но, безуспешно, Боливија водеше со 1:0. Голманот на Аргентина ја остави екипата во игра во 65. минута кога Марсело Мартинс остана сам очи в очи со него, меѓутоа, не успеа да го заобиколи и да ја погоди мрежата. "Гаучосите" до израмнување стигнаа во 78. минута по феноменалниот волеј удар на Серхио Агуеро кој нешто порано влезе во игра на местото на непрепознатливиот Лавеци. До крајот на мечот немаше промени па избраниците на Батиста мораа да се задоволат со бод и со мислите да се насочат кон следниот натпревар со Колумбија. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меси: Сонувам да ја освоиме Копа Америка
Најдобриот светски фудбалер Лео Меси од првиот ден на јули ќе започне нова мисија. Тој ден, имено, за неговата Аргентина стартува натпреварувањето на Копа Америка, јужно-американското првенство, на кое токму Аргентина е домаќин. Како предводник на Барселона, Меси во кариерата освои апсолутно се, неколку пати, но со репрезентацијата има само еден единствен успех. Пред три години Меси ја предводеше Аргентина до златниот медал на Олимписките игри во Пекинг, но на светските првенства или Копа Америка, Меси сеуште, како Аргентинец, чека некој успех. "Сонувам освојување на Копа Америка. Го посакувам тоа и поради себе, но подеднакво, можеби и повеќе, поради соиграчите, како и нашите навивачи. Време е Аргентина да освои еден голем пехар. Предолго чекаме на тоа." - рекол Меси. Меси во Аргентина не чувствува таква поддршка од навивачите како во Каталонија. Имено, еден дел од Аргентинците му забележуваат и мислат дека во дресот на Барселона игра далеку подобро отколку во репрезентацијата. "Секако дека секогаш го давам својот максимум, како во клубот. така и во националниот тим. Сега е време за нешто големо, бидејќи Аргентина има одлични фудбалери на сите позиции. Ќе го дадеме нашиот максимум за да бидеме шампиони на Јужна Америка. Мораме таква радост да им подариме на нашите навивачи" - завршил Меси. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Голем интерес за КопаСпоред информациите објавени од организаторот на Копа Америка, натпреварување кое летово ќе се одржи во Аргентина постои огромен интерес за едно од најинтересните континентални шампионати во историјата, каде домаќинот очекува освојување на првото место. Во првиот час од продажбата на влезниците, љубителите на фудбалот од Аргентина, резервираа 70.000 билети и веќе е невозможно да се обезбеди место на трибините на мечевите на кои настапува домашниот состав. До почетокот на турнирот има уште неполни два месеци и се очекува скоро сите натпревари на турнирот да се играат пред полни трибини. Фудбалскиот куп на Јужна Америка стартува на 1 јули и тоа со дуелот меѓу Аргентина и Боливија, а средбата ќе се игра на стадионот во Ла Плата. Пет дена подоцна Аргентина игра против Колумбија во Санта Фе, Кордоба е домаќин последниот меч од првата фаза, а натпреварот со Јапонија ќе се одигра на 11 јули. Аргентина последен пат триумфирала на Копа Америка во 1993 година и се очекува Гаучосите, конечно на домашен терен по скоро две децении да му се радуваат на трофејот во ова натпреварување. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) размислува за привремена промена на правилата со цел да и овозможи на репрезентацијата на Јапонија настап на Копа Америка.
Јапонија требаше да настапи на јужноамериканското првенство од 1. до 24. јули во статус на гостин, но го откажа доаѓањето во Аргентина поради ситуацијата во земјата по земјотресот и цунамито кои се случија на 11. март. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпанија на Копа Америка?
Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL) упати службена покана до шпанската фудбалска репрезентација за настап на Copa America. Јужноамериканското фудбалско првенство (Copa America) треба да се одржи од 1 до 24. јули оваа година во Аргентина. Ова континентално натпреварување е единствено на кое со покана може да настапуваат и репрезентации од други континенти. За 43. по ред издание на CONMEBOL, првобитно беше поканета репрезентацијата на Јапонија. Но поради земјотресот и другите неприлики, оваа земја мораше да го откаже учеството. “До 29. април мораме да дознаеме која репрезентација ќе ја замени Јапонија, а наша најголема желба е тоа да биде Шпанија. Ако светскиот првак не ја прифати поканата, на нивно место ќе дојдат или Костарика или Канада ” изјавија преставници на CONMEBOL. Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Angel Maria Villar, изјави дека за оваа покана ќе се расправа на Извршниот одбор на Сојузот. Ако Шпанија прифати, тоа ќе биде нивно прво учество. Костарика и Канада веќе го потврдија евентуалниот настап. На првенството на Јужна Америка ќе настапат 12 фудбалски репрезентации меѓу кои и Аргентина и Бразил. Токму поради овие причини ова првенство, заедно со Европското, се најсилни континентални првенства. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи цар си нема што. Го погоди шампионот, ама во колкот.
|
|
LEGENDA
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 359 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
huh fala
jebiga bolje sto ne gledav toas ... |
|
www.hjspain.com
|
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тевез играше. Аргентина не беше толку тапа, колку што Бразил имаа среќа. Баптиста во 3 минута даде гол, а после Ајала си даде автогол.Првото полувреме заврши 2:0, така да победникот беше решен уште тогаш.
|
|
LEGENDA
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 359 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fala za info
gledase nekoj tolku li se tapa argentina igrase li mojot tevez ? |
|
www.hjspain.com
|
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На ХТВ 2 даваа пренос.
Бразил -Аргентина 3:0
Јас го погодив победникот на Копа Америка уште на почетокот на првенството.
|
|
LEGENDA
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 359 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ke se ubijam nemam prenos
|
|
www.hjspain.com
|
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразил - Аргентина
денеска во 23.05
П.С.
Пожелна е победа на Бразил.
|
|
Професорот
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Локација: Italy Статус: Офлајн Поени: 921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразил - Аргентина во 22.00 недела. 15 07. 2007 г.
|
|
Вера
Морал Родољубие Одговорност |
|
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |